Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за својот трет мандат како претседател на Турција, и втор по транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување.

По пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент, Ердоган најпрво ја поздрави почесната гарда која беше построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото национално собрание на Република Турција, со која претседаваше привремениот претседавач Девлет Бахчели.

Тој на Ердоган му врачи уверение од Врховната изборна комисија со кое се потврдува победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај.

Ердоган потоа свечено положи заклетва зад претседателот на парламентот, со што и официјално започна новиот мандат на претседателот на државата. По полагањето заклетва, во парламентот беше интонирана химната на Република Турција.

По заклетвата во парламентот, Ердоган ќе положи венец во Антиткабир, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа во Претседателската палата ќе започне церемонијата на инаугурација на која ќе присуствува од страна на бројни достоинственици, претседатели, премиери и други високи функционери на многу земји, вклучително и земјите од регионот.

Ердоган за првпат беше избран на функцијата претседател на изборите во 2014 година, а воедно е и првиот директно избран претседател на таа земја.

Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори со 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу 47,82 отсто, покажаа конечните резултати објавени од Врховната изборна комисија на Турција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.