возачи Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachi/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 11:43:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возачи Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachi/ 32 32 И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи https://republika.mk/vesti/svet/i-toa-se-setija-politsajtsi-maskirani-vo-kokoshki-gi-lovat-arogantnite-vozachi/ Sat, 28 Sep 2024 12:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=820531

Запирање на автомобил за да можат пешаците да поминат на пешачки премин е дел од културата на возење, но пред сè е обврска регулирана со сообраќајните прописи.

Но, што ако возачите не ги почитуваат правилата и возачката култура не им е позната?

Во Сан Франциско, возачите често не го следат ова правило. Затоа полицијата поведе интересна иницијатива која се одвива на пешачки премини.

Имено, полицијата во Сан Франциско одлучи да ги казни возачите кои не застануваат на пешачки премини со употреба на упадливи костими.

Ако видите џиновска кокошка на пешачки премин и не застанете, ќе добиете парична казна. Затоа што има полицаец во костум на кокошка кој го известува својот колега, кој е малку подалеку од преминот, дека возачот не застанал.


Секако после тоа следи прекршочна пријава.

„Ако возачите не забележат некој облечен во џиновски костум од кокошка, тогаш тие навистина имаат проблем“, вели поручникот Џонатан Озол.

Очигледно, по лансирањето на оваа кампања, возачите сепак возат повнимателно. Ако ништо друго, ќе забават за да видат што прави џиновското шарено пиле на пешачкиот премин.

Казните за непропуштање на пешаците на пешачки одат и до 400 долари.

The post И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи appeared first on Република.

]]>

Запирање на автомобил за да можат пешаците да поминат на пешачки премин е дел од културата на возење, но пред сè е обврска регулирана со сообраќајните прописи. Но, што ако возачите не ги почитуваат правилата и возачката култура не им е позната? Во Сан Франциско, возачите често не го следат ова правило. Затоа полицијата поведе интересна иницијатива која се одвива на пешачки премини. Имено, полицијата во Сан Франциско одлучи да ги казни возачите кои не застануваат на пешачки премини со употреба на упадливи костими. Ако видите џиновска кокошка на пешачки премин и не застанете, ќе добиете парична казна. Затоа што има полицаец во костум на кокошка кој го известува својот колега, кој е малку подалеку од преминот, дека возачот не застанал. Секако после тоа следи прекршочна пријава. „Ако возачите не забележат некој облечен во џиновски костум од кокошка, тогаш тие навистина имаат проблем“, вели поручникот Џонатан Озол. Очигледно, по лансирањето на оваа кампања, возачите сепак возат повнимателно. Ако ништо друго, ќе забават за да видат што прави џиновското шарено пиле на пешачкиот премин. Казните за непропуштање на пешаците на пешачки одат и до 400 долари.

The post И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи appeared first on Република.

]]>
За еден ден казнети 110 возачи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-eden-den-kazneti-110-vozachi/ Wed, 24 Jul 2024 06:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=799708

Вкупно 110 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот. Од нив седум возеле без возачка дозвола, изречени биле седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, а 13 мерки за непочитување на брзината на движење.

Како што информира МВР, девет возачи биле казнети зошто користеле мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР

The post За еден ден казнети 110 возачи appeared first on Република.

]]>

Вкупно 110 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот. Од нив седум возеле без возачка дозвола, изречени биле седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, а 13 мерки за непочитување на брзината на движење. Како што информира МВР, девет возачи биле казнети зошто користеле мобилен телефон при возење... - Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР

The post За еден ден казнети 110 возачи appeared first on Република.

]]>
Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна https://republika.mk/vesti/balkan/vozachi-vnimanie-za-ova-vo-grtsija-se-plaka-i-1-500-evra-kazna/ Fri, 17 May 2024 08:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=779090

Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор.

Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра

Неносење појас – 350 евра
Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра

Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.

А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:

Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ.

Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.

А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија?

Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра
Поминување на црвено светло – 300 евра
Некористење појас – 20 евра
Непрописно паркирање – 45 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
Дневно возење без дневни светла – 35 евра

Во соседна Бугарија казните се следните:

Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра
Поминување на црвено светло – 25 евра
Неносење појас – 25 евра
Непрописно паркирање – до 102 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра

The post Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна appeared first on Република.

]]>

Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор. Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата: Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра Неносење појас – 350 евра Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун. А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:
Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ.
Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас. А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија? Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра Поминување на црвено светло – 300 евра Некористење појас – 20 евра Непрописно паркирање – 45 евра Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра Дневно возење без дневни светла – 35 евра Во соседна Бугарија казните се следните: Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра Поминување на црвено светло – 25 евра Неносење појас – 25 евра Непрописно паркирање – до 102 евра Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра

The post Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна appeared first on Република.

]]>
Казни за 131 возачи во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-131-vozachi-vo-skopje/ Wed, 01 May 2024 10:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=772973

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
МВР

The post Казни за 131 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. МВР

The post Казни за 131 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Казни за 105 возачи во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-105-vozachi-vo-skopje/ Sat, 27 Apr 2024 08:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=771609

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 105 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 105 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-maloletnitsite-zad-volanot-tuku-kazna-ke-dobijat-i-onie-shto-im-go-dale-voziloto-na-vozene/ Wed, 20 Mar 2024 15:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=756697

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, велат од СВР Тетово.

Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит, велат од тетовската полиција.

Според нивните статистики, во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, велат оттаму.

The post Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење appeared first on Република.

]]>

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, велат од СВР Тетово. Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит, велат од тетовската полиција. Според нивните статистики, во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, велат оттаму.

The post Не само малолетниците зад воланот, туку казна ќе добијат и оние што им го дале возилото на возење appeared first on Република.

]]>
Казнети 172 возачи во Скопје, 14 биле без возачка дозвола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-172-vozachi-vo-skopje-14-bile-bez-vozachka-dozvola/ Wed, 20 Mar 2024 07:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=756528

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 172 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што соопшти МВР, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

The post Казнети 172 возачи во Скопје, 14 биле без возачка дозвола appeared first on Република.

]]>

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 172 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје. Како што соопшти МВР, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење... - Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

The post Казнети 172 возачи во Скопје, 14 биле без возачка дозвола appeared first on Република.

]]>
Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши https://republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-120-vozachi-se-na-brzata-lenta-za-izdavane-pasoshi/ Thu, 29 Feb 2024 15:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=749728

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата.

Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола.

Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз.

Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата. Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола. Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз. Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>
Казни за 155 возачи во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-155-vozachi-vo-skopje/ Thu, 22 Feb 2024 08:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=746811

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје, биле изречени вкупно 155 мерки.

-Од изречените мерки, 23 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од МВР.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 155 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје, биле изречени вкупно 155 мерки.
-Од изречените мерки, 23 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од МВР.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 155 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Казни за 171 возач во Скопје, 18 биле под дејство на алкохол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-171-vozach-vo-skopje-18-bile-pod-dejstvo-na-alkohol/ Wed, 21 Feb 2024 08:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=746401

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, соопшти денеска МВР.

Меѓу изречените мерки за возење повеќе од дозволената брзина се 16, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Казни за 171 возач во Скопје, 18 биле под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, соопшти денеска МВР. Меѓу изречените мерки за возење повеќе од дозволената брзина се 16, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за управување под дејство на алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Казни за 171 возач во Скопје, 18 биле под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>
Казнети 205 возачи за брзо возење на територијата на цела држава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-205-vozachi-za-brzo-vozene-na-teritorijata-na-tsela-drzhava/ Tue, 20 Feb 2024 10:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=746034

Вкупно 205 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што информира денеска МВР, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

The post Казнети 205 возачи за брзо возење на територијата на цела држава appeared first on Република.

]]>

Вкупно 205 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Како што информира денеска МВР, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

The post Казнети 205 возачи за брзо возење на територијата на цела држава appeared first on Република.

]]>
172 санкционирани возачи во Скопје, 14 за брзо возење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/172-sanktsionirani-vozachi-vo-skopje-14-za-brzo-vozene/ Sat, 17 Feb 2024 11:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=745100

Во спроведена акциска контрола на територијата на градот Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени 172 мерки, информираат од МВР.

- Од 172 мерки, за брзо возење биле изречени 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.

The post 172 санкционирани возачи во Скопје, 14 за брзо возење appeared first on Република.

]]>

Во спроведена акциска контрола на територијата на градот Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени 172 мерки, информираат од МВР.
- Од 172 мерки, за брзо возење биле изречени 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.

The post 172 санкционирани возачи во Скопје, 14 за брзо возење appeared first on Република.

]]>
Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД https://republika.mk/vesti/makedonija/badijala-graganite-vadea-novi-soobrakajni-dozvoli-grtsija-bara-nmk-i-ne-prima-vozachi-so-dokumenti-mkd/ Mon, 12 Feb 2024 14:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=743278

Граѓани на Македонија кои денеска патувале за Грција се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи, објави „Експрес“.

За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со „Северна“ затоа што на нив се уште стоел кодот МК. Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK.

Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.

 

The post Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД appeared first on Република.

]]>

Граѓани на Македонија кои денеска патувале за Грција се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи, објави „Експрес“. За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со „Северна“ затоа што на нив се уште стоел кодот МК. Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK. Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.  

The post Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД appeared first on Република.

]]>
На вработените во ЈСП повторно им касни плата, најавен бојкот https://republika.mk/vesti/skopje/na-vrabotenite-vo-jsp-povtorno-im-kasni-plata-najaven-bojkot/ Thu, 18 Jan 2024 10:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=734319

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.

- Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата, велат од синдикатите.

Законски рок за исплата на декемврискаа плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

The post На вработените во ЈСП повторно им касни плата, најавен бојкот appeared first on Република.

]]>

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.
- Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата, велат од синдикатите.
Законски рок за исплата на декемврискаа плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

The post На вработените во ЈСП повторно им касни плата, најавен бојкот appeared first on Република.

]]>
Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-nema-da-tolerira-nitu-promil-alkohol-vo-krvta-kaj-vozachite/ Wed, 29 Nov 2023 09:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=717444

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта.

Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи.

Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

 

The post Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта. Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи. Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.  

The post Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите appeared first on Република.

]]>
„Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ https://republika.mk/vesti/skopje/zaminavme-mu-napishaa-na-direktorot-na-jsp-vozachi-koi-otidoa-da-polagaat-za-dozvola-za-vozene-vo-eu/ Thu, 12 Oct 2023 11:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=690527

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија, објави „Плусинфо“.

Како што пишува порталот тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија.

Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје.

Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови.

Целиот текст овде

The post „Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија, објави „Плусинфо“. Како што пишува порталот тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија. Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје. Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови. Целиот текст овде

The post „Заминавме“, му напишаа на директорот на ЈСП возачи кои отидоа да полагаат за дозвола за возење во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Возачите на ЈСП кои ќе заминат на работа во Германија, имаа обука, па ги пакуваат куферите – ќе полагаат во Словенија https://republika.mk/vesti/skopje/vozachite-na-jsp-koi-ke-zaminat-na-rabota-vo-germanija-imaa-obuka-pa-gi-pakuvaat-kuferite-ke-polagaat-vo-slovenija/ Sun, 08 Oct 2023 17:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=689302

Вкупно 37 возачи на автобуси успешно ги завршија тридневните обуки во скопскиот хотел „Континентал“. Веќе в среда тие ќе отпатуваат за Кршко, Словенија, каде ќе полагаат за „КОД 95“, кој им е потребен за да возат во Европската Унија. Германска компанија од Мајнц веќе има договорено 168 возачи на автобуси од Македонија.

Екипата на Плусинфо денеска ја посетивла обуката. Предавачот Далибор Млаѓеновиќ, од српската компанијата „КОДА 95“, ил ангажиран да ги обучи возачите за успешно да ги поминат тестовите.

– Мислам дека имавме успешни три дена тука во Скопје. Групата ја подготвуваме за полагањата за „КОД 95“ во Словенија. Секој од возачите ќе има 1,5 часа возење автобус и мислам дека тој дел ќе го поминат без проблем, бидејќи се луѓе со големо искуство. Во обуката посветивме внимание на теоретскиот дел, бидејќи европските регулативи за возачите се посебни и се разликуваат од ие на Балканот. Откако ќе положат, возачите ќе го добијат посакуваниот код и потоа ќе можат да заминат за Германија – изјавил Млаѓеновиќ за Плусинфо.

Тој ни рече дека е изненаден од фактот што германската компанија, чие име на Плусинфо му е познато, успеала одеднаш да договори толку многу возачи на автобуси, бидејќи досега работел со помали групи од 20 до 30 возачи.

Како што објаснил тој, во разговор со кандидатите дознал во каква состојба е во ЈСП „Скопје“ и разбрал 120 до 130 возачи се токму од ова јавно претпријатие.

– Нормално е кога луѓето не се задоволни со условите за работа, да си ја побараат среќата на друго место. Како што ми кажаа некои од возачите, платите им се помали од 500 евра, а и тие им доцнат. Работат дополнителни часови кои треба да им се платат, но бидејќи немало пари, им давале слободни денови, кои потоа не можат да ги искористат, затоа што нема кој да вози. Луѓето се разочарани, треба да мислат на своите семејства. А како што можете да видите и самите, повеќето се сериозни луѓе и се одлучуваат на ваков радикален чекор. Речиси 90 проценти од нив велат дека следниот чекор, доколку успеат да се вклопат во новата средина, е да ги повлечат и своите семејства – додава Млаѓеновиќ


Целиот текст на Плусинфо

The post Возачите на ЈСП кои ќе заминат на работа во Германија, имаа обука, па ги пакуваат куферите – ќе полагаат во Словенија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 37 возачи на автобуси успешно ги завршија тридневните обуки во скопскиот хотел „Континентал“. Веќе в среда тие ќе отпатуваат за Кршко, Словенија, каде ќе полагаат за „КОД 95“, кој им е потребен за да возат во Европската Унија. Германска компанија од Мајнц веќе има договорено 168 возачи на автобуси од Македонија. Екипата на Плусинфо денеска ја посетивла обуката. Предавачот Далибор Млаѓеновиќ, од српската компанијата „КОДА 95“, ил ангажиран да ги обучи возачите за успешно да ги поминат тестовите.
– Мислам дека имавме успешни три дена тука во Скопје. Групата ја подготвуваме за полагањата за „КОД 95“ во Словенија. Секој од возачите ќе има 1,5 часа возење автобус и мислам дека тој дел ќе го поминат без проблем, бидејќи се луѓе со големо искуство. Во обуката посветивме внимание на теоретскиот дел, бидејќи европските регулативи за возачите се посебни и се разликуваат од ие на Балканот. Откако ќе положат, возачите ќе го добијат посакуваниот код и потоа ќе можат да заминат за Германија – изјавил Млаѓеновиќ за Плусинфо.
Тој ни рече дека е изненаден од фактот што германската компанија, чие име на Плусинфо му е познато, успеала одеднаш да договори толку многу возачи на автобуси, бидејќи досега работел со помали групи од 20 до 30 возачи. Како што објаснил тој, во разговор со кандидатите дознал во каква состојба е во ЈСП „Скопје“ и разбрал 120 до 130 возачи се токму од ова јавно претпријатие.
– Нормално е кога луѓето не се задоволни со условите за работа, да си ја побараат среќата на друго место. Како што ми кажаа некои од возачите, платите им се помали од 500 евра, а и тие им доцнат. Работат дополнителни часови кои треба да им се платат, но бидејќи немало пари, им давале слободни денови, кои потоа не можат да ги искористат, затоа што нема кој да вози. Луѓето се разочарани, треба да мислат на своите семејства. А како што можете да видите и самите, повеќето се сериозни луѓе и се одлучуваат на ваков радикален чекор. Речиси 90 проценти од нив велат дека следниот чекор, доколку успеат да се вклопат во новата средина, е да ги повлечат и своите семејства – додава Млаѓеновиќ

Целиот текст на Плусинфо

The post Возачите на ЈСП кои ќе заминат на работа во Германија, имаа обука, па ги пакуваат куферите – ќе полагаат во Словенија appeared first on Република.

]]>
Изречени казни за 146 возачи на територија на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izrecheni-kazni-za-146-vozachi-na-teritorija-na-skopje/ Sun, 08 Oct 2023 13:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=689208

На територијата на Скопје вчера полицијата изрекла казни за 146 возачи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 53 санкции се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, три санкции за управување под дејство на алкохол.

The post Изречени казни за 146 возачи на територија на Скопје appeared first on Република.

]]>

На територијата на Скопје вчера полицијата изрекла казни за 146 возачи. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 53 санкции се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, три санкции за управување под дејство на алкохол.

The post Изречени казни за 146 возачи на територија на Скопје appeared first on Република.

]]>
ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-skopje-objavi-oglas-se-baraat-vozachi/ Tue, 19 Sep 2023 12:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=683157

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат.

Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ)

Потребни квалификации:

· Минимум завршено средно образование (IV степен);

· Флексибилност за работа во смени;

· Професионално однесување;

· Возачка дозвола Д категорија;

· Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Работно искуство од минимум 2 години.

Работни услови:

· Работно време: 40 часа неделно;

· Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија;

· Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија;

· Со право на бенефициран стаж

Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават:

- Диплома за завршено образование;

- Копија од возачка дозвола Д категорија;

- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год

The post ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи appeared first on Република.

]]>

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат. Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА АВТОБУС (ЈАВЕН ПРЕВОЗ) Потребни квалификации: · Минимум завршено средно образование (IV степен); · Флексибилност за работа во смени; · Професионално однесување; · Возачка дозвола Д категорија; · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; · Работно искуство од минимум 2 години. Работни услови: · Работно време: 40 часа неделно; · Работното време се организира во три, односно четири смени (двосменски и двократно) и директно зависи од возниот ред на соодветната линија; · Пауза во зависност од возниот ред на секоја линија; · Со право на бенефициран стаж Со пријавите на огласот кандидатите треба да достават: - Диплома за завршено образование; - Копија од возачка дозвола Д категорија; - Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност. Потребната документација да се испрати најдоцна до 02.10.2023 год

The post ЈСП – Скопје објави оглас, се бараат возачи appeared first on Република.

]]>
Околу 70 возачи заминуваат од ЈСП од 1 октомври? https://republika.mk/vesti/skopje/okolu-70-vozachi-zaminuvaat-od-jsp-od-1-oktomvri/ Thu, 14 Sep 2023 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=681861

Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава „Плусинфо“.

Според информациите на порталот, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.

Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина, вели извор за порталот кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи.

Друг извор ја потврди истата информација и заминувањето на одреден број шофери од ЈСП „Скопје“.

Повеќе на „Плусинфо“

The post Околу 70 возачи заминуваат од ЈСП од 1 октомври? appeared first on Република.

]]>

Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава „Плусинфо“. Според информациите на порталот, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве. Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина, вели извор за порталот кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи. Друг извор ја потврди истата информација и заминувањето на одреден број шофери од ЈСП „Скопје“. Повеќе на „Плусинфо“

The post Околу 70 возачи заминуваат од ЈСП од 1 октомври? appeared first on Република.

]]>