владимир божиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-bozinovski/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 20:55:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владимир божиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-bozinovski/ 32 32 Божиновски: Кандидатурата на Ахмети за претседател беше повеќе на ранк на шпекулации, очекувањата беа за Османи! https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-kandidaturata-na-ahmeti-za-pretsedatel-beshe-poveke-na-rank-na-shpekulatsii-ochekuvanata-bea-za-osmani/ Thu, 22 Feb 2024 20:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=747189

Аналитичарот Владимир Божиновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека можната кандидатура на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за претседател било повеќе на ранк на шпекулации или да се загрее малку атмосферата. Според него не е изненадувачки бројот на кандидати на овие претседателски избори.

Има една специфика на овие избори којашто не беше на минатите. А тоа е дека веднаш по првиот круг ќе имаме парламентарни избори. Ова нема да биде борба кој ќе влезе во вториот круг, туку и борба да се види колкав е потенцијалот на политичките партии. Очекував шест кандидати, засега има девет. Секој оној којшто смета дека ќе може да направи некаков резултат кој ќе му донесе пратеници на парламентарните избори, ќе излезе со свој кандидат и тоа се случи. Ниту имињата не се изненадување. Се нагодуваше дека битката ќе биде меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Се очекуваше ЗНАМ и Левица да излезат со свој кандат, како и Ебропскиот Фонд и ДУИ - вели тој.

За кандидатурата на Бујар османи вели

„Очекувањата беа дека токму Бујар Османи ќе биде кандидат“, додава Божиновски.

https://www.youtube.com/watch?v=ngOP9dQ5dfU

The post Божиновски: Кандидатурата на Ахмети за претседател беше повеќе на ранк на шпекулации, очекувањата беа за Османи! appeared first on Република.

]]>

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката Влада, така може да се спречи изборен поткуп https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-vmro-dpmne-treba-da-uchestvuva-vo-tehnichkata-vlada-taka-mozhe-da-se-sprechi-izboren-potkup/ Tue, 12 Dec 2023 12:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=722175

Со цел да не се направат поголеми политички тензии ВМРО-ДПМНЕ треба да ги номинира министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и замениците министри, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

Посочува дека техничката влада е важна за СДСМ, бидејќи преку неа власта сака да го оправда договорот на екс премиерот Зоран Заев и Али Ахмети за поставување на технички премиер од ДУИ.

-Ќе им биде тешко ако немаа техничка влада, да им објаснат на граѓаните зошто поставуваат премиер од ДУИ, наместо премиер од СДСМ, вели Божиновски за Курир.

Божиновски истакнува и дека со учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада може да се влијае во спречување на евентуален изборен поткуп и изборен притисок кој може да го направи власта, што впрочем е и предвидено кога се формираше Пржинската Влада.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ има луѓе внатре во институциите ќе се обиде да спречи доколку дојде до одредени појави или обиди за изборен поткуп. Многу е поважно да се следи целиот изборен процес и да се види кои инструменти може да ги искористи власта со цел да направи одреден изборен притисок. Минатите избори имаше Пржинска влада, но имаше одредени сомневања за обиди за поткуп, преку фондации и делење пакети. Се надевам дека и самата власт, која е свесна дека нема голема поддршка, ќе се воздржи од какви било обиди за поткуп. Најважно е самите граѓани и медиумите да алармираат доколку има некоја ваква појава, вели Божиновски за Курир.

The post Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката Влада, така може да се спречи изборен поткуп appeared first on Република.

]]>

Со цел да не се направат поголеми политички тензии ВМРО-ДПМНЕ треба да ги номинира министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и замениците министри, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

Посочува дека техничката влада е важна за СДСМ, бидејќи преку неа власта сака да го оправда договорот на екс премиерот Зоран Заев и Али Ахмети за поставување на технички премиер од ДУИ. -Ќе им биде тешко ако немаа техничка влада, да им објаснат на граѓаните зошто поставуваат премиер од ДУИ, наместо премиер од СДСМ, вели Божиновски за Курир. Божиновски истакнува и дека со учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада може да се влијае во спречување на евентуален изборен поткуп и изборен притисок кој може да го направи власта, што впрочем е и предвидено кога се формираше Пржинската Влада.
-Доколку ВМРО-ДПМНЕ има луѓе внатре во институциите ќе се обиде да спречи доколку дојде до одредени појави или обиди за изборен поткуп. Многу е поважно да се следи целиот изборен процес и да се види кои инструменти може да ги искористи власта со цел да направи одреден изборен притисок. Минатите избори имаше Пржинска влада, но имаше одредени сомневања за обиди за поткуп, преку фондации и делење пакети. Се надевам дека и самата власт, која е свесна дека нема голема поддршка, ќе се воздржи од какви било обиди за поткуп. Најважно е самите граѓани и медиумите да алармираат доколку има некоја ваква појава, вели Божиновски за Курир.
 
The post Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката Влада, така може да се спречи изборен поткуп appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде најмалку 20 пратеници https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-razlikata-megu-vmro-dpmne-i-sdsm-ke-bide-najmalku-20-pratenitsi/ Wed, 01 Nov 2023 11:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=697052

Не е добро за власта кога расположението кај граѓаните е видливо без анкети. Самото расположение кај граѓаните покажува сериозна разочараност во односот на делувањето на актуелната власт како што не паметам досега. Вакво разочарување досега немало, а тоа се одразува и на самите анкети, изјави аналитичарот Владимир Божиновски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Тој истакна дека оваа разлика на последната анкета која е континуирана, се зголемува од локалните избори навака и не остава простор за друга опција, односно сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори.

Според него откако на СДСМ не им успеаја уставните измени, сега не знам како да ги повлечат следните чекори.

-Сега нема промена на Устав, разликата може само да се зголемува, како поминува време така расте довербата дека ВМРО-ДПМНЕ стои на кажаното и ги штити националните интереси, довербата во нив расте. Сега имате влада која од 2020 досега нема ништо направено освен да повторува за евроинтеграции и да не води во ќорсокак. Ќе излезат на избори и што ќе кажат?, вели тој.

Божиновски посочи дека единствен политички ас на СДСМ им беше промена на Устав и друг чекор сега немаат и истакна дека разликата на парламентарни во корист на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најмалку 20 пратеници.

The post Божиновски: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде најмалку 20 пратеници appeared first on Република.

]]>

Не е добро за власта кога расположението кај граѓаните е видливо без анкети. Самото расположение кај граѓаните покажува сериозна разочараност во односот на делувањето на актуелната власт како што не паметам досега. Вакво разочарување досега немало, а тоа се одразува и на самите анкети, изјави аналитичарот Владимир Божиновски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Тој истакна дека оваа разлика на последната анкета која е континуирана, се зголемува од локалните избори навака и не остава простор за друга опција, односно сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори. Според него откако на СДСМ не им успеаја уставните измени, сега не знам како да ги повлечат следните чекори.
-Сега нема промена на Устав, разликата може само да се зголемува, како поминува време така расте довербата дека ВМРО-ДПМНЕ стои на кажаното и ги штити националните интереси, довербата во нив расте. Сега имате влада која од 2020 досега нема ништо направено освен да повторува за евроинтеграции и да не води во ќорсокак. Ќе излезат на избори и што ќе кажат?, вели тој.
Божиновски посочи дека единствен политички ас на СДСМ им беше промена на Устав и друг чекор сега немаат и истакна дека разликата на парламентарни во корист на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најмалку 20 пратеници.

The post Божиновски: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде најмалку 20 пратеници appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Разликата на изборите ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-razlikata-na-izborite-ke-bide-poveke-od-15-20-pratenitsi-vo-korist-na-vmrod-dpmne/ Mon, 16 Oct 2023 09:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=691645

Во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 гостуваше аналитичарот Владимир Божиновски. Тој истакна дека уставните измени нема да поминат, а СДСМ на овие избори ќе изгуби.

„Ние не говориме дека проблемот е суштински во самата промена на Устав за да се внесат Бугарите во него. Проблемот е да се добијат одредени колку што е можно гаранции дека нема од кога ќе се смени Уставот следниот ден да си добиеме ново вето од Бугарија, затоа што однесувањето на Бугарија го најавува тоа за жал. Видовме последно беше официјална Софија преку нивниот Амбасадор реагирала за месецот на македонска култура во Мичиген и тоа е повлечено тогаш за какви добрососедски односи зборуваме и што може не да очекуваме за добрата волја од Бугарија кога ја видовме нивната добра волја во изминатите месеци“, рече Божиновски.

Тој додаде дека сега на овие избори ќе изгуби СДСМ, а Уставните измени нема да поминат.

„Барем околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни, они предложија одредени гестови на добра волја преку што би се добило некаква сигурност со внесот на Бугарите во Уставот ние да не бидеме блокирани со ново вето следниот ден и тука околу тоа малку појасно. Треба да се излезе чесно затоа што видовме она што говореше Заев пред избори буквално за се излажа“, кажа Божиновски.

Тој посочи дека околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни со нивните гестови на добра волја.

„Слушам како некои од власта говорат дека они ќе ги изгубеле изборите но ќе имало концентрациона власт, за каква широка коалиција говориме ако очекувањата се дека разликата ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеника“, изјави Божиновски.

The post Божиновски: Разликата на изборите ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 гостуваше аналитичарот Владимир Божиновски. Тој истакна дека уставните измени нема да поминат, а СДСМ на овие избори ќе изгуби.

„Ние не говориме дека проблемот е суштински во самата промена на Устав за да се внесат Бугарите во него. Проблемот е да се добијат одредени колку што е можно гаранции дека нема од кога ќе се смени Уставот следниот ден да си добиеме ново вето од Бугарија, затоа што однесувањето на Бугарија го најавува тоа за жал. Видовме последно беше официјална Софија преку нивниот Амбасадор реагирала за месецот на македонска култура во Мичиген и тоа е повлечено тогаш за какви добрососедски односи зборуваме и што може не да очекуваме за добрата волја од Бугарија кога ја видовме нивната добра волја во изминатите месеци“, рече Божиновски.
Тој додаде дека сега на овие избори ќе изгуби СДСМ, а Уставните измени нема да поминат.
„Барем околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни, они предложија одредени гестови на добра волја преку што би се добило некаква сигурност со внесот на Бугарите во Уставот ние да не бидеме блокирани со ново вето следниот ден и тука околу тоа малку појасно. Треба да се излезе чесно затоа што видовме она што говореше Заев пред избори буквално за се излажа“, кажа Божиновски.
Тој посочи дека околу бугарскиот или францускиот предлог ВМРО-ДПМНЕ беа појасни со нивните гестови на добра волја. „Слушам како некои од власта говорат дека они ќе ги изгубеле изборите но ќе имало концентрациона власт, за каква широка коалиција говориме ако очекувањата се дека разликата ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеника“, изјави Божиновски.

The post Божиновски: Разликата на изборите ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Не постои начин да натерате пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, власта изгуби легитимитет, избори се најдобра опција https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-ne-postoi-nachin-da-naterate-pratenik-od-vmro-dpmne-da-glasa-za-ustavni-izmeni-vlasta-izgubi-legitimitet-izbori-se-najdobra-optsija/ Thu, 24 Aug 2023 18:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=675531

Јасно беше дека ќе дојдеме до оваа позиција, тоа го предупредувавме сите, би рекол целата јавност но пред се граѓаните со оние протести минатата година, кога му велевме на Ковачевски да не потпишува за кое целиот народ е против и за кое му треба помош. Не може да потпишете нешто и да очекувате друг да прифати без да го консултирате, изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

За посетата на Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, Божиновски вели дека се направи фама дека доаѓа да ја реши ситуацијата и опозицијата ќе потпише, но реалноста е да види дали има можност дали има излез од оваа пат ситуација.

САД секогаш се тука кога и треба помош на Македонија и Ескобар доаѓа да види дали има можност да се излезе од оваа пат позиција. Не е дојден дека на некој ќе му виткал рака, ќе убедувал или веднаш ќе прифати опозицијата. Сега има опција опозицијата да прифати, што е неверојатно, затоа втората опција е да има избори што е поверојатна опција ако сакаме излез и трета опција е ништо да не се смени. Втората опција за предвремени избори има повеќе шанси , затоа што власта го изгуби легитимитетот за носење на крупни одлуки, рече Божиновски.

Тој потенцираше дека ако сакате крупна одлука мора да имате легитимитет за тоа, а граѓаните што мислат по ова прашање видовме, имаше месец дена протести каде илјадници луѓе се собираа и му порачуваа на Ковачевски да не потпишува.

Кога се отвораше седницата за промените во устав немаше протести затоа што граѓаните беа сигурни, ВМРО-ДПМНЕ една година повторува дека нема да дозволи промена на уставот и тоа се виде, потенцираше Божиновски.

Тој нагласи дека ова прашање не го изнеле партиите пред граѓаните на избори и затоа мора да има избори па секој со својот став да излезе.

Тоа прашање мора да се отвори и претстави пред граѓаните. Како планираме да го надминеме овој проблем. На граѓаните им е смачено. Губиме на милион различни фронтови, имаме катастрофа, немаме учебници, растот на економијата последниве години е најлош во регионот, инфлација, рече тој.

Воедно Божиновски нагласи сега нема сега начин на пратеник кој доаѓа од опозиција да го убедите да гласа за уставни измени.

The post Божиновски: Не постои начин да натерате пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, власта изгуби легитимитет, избори се најдобра опција appeared first on Република.

]]>

Јасно беше дека ќе дојдеме до оваа позиција, тоа го предупредувавме сите, би рекол целата јавност но пред се граѓаните со оние протести минатата година, кога му велевме на Ковачевски да не потпишува за кое целиот народ е против и за кое му треба помош. Не може да потпишете нешто и да очекувате друг да прифати без да го консултирате, изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител. За посетата на Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, Божиновски вели дека се направи фама дека доаѓа да ја реши ситуацијата и опозицијата ќе потпише, но реалноста е да види дали има можност дали има излез од оваа пат ситуација.
САД секогаш се тука кога и треба помош на Македонија и Ескобар доаѓа да види дали има можност да се излезе од оваа пат позиција. Не е дојден дека на некој ќе му виткал рака, ќе убедувал или веднаш ќе прифати опозицијата. Сега има опција опозицијата да прифати, што е неверојатно, затоа втората опција е да има избори што е поверојатна опција ако сакаме излез и трета опција е ништо да не се смени. Втората опција за предвремени избори има повеќе шанси , затоа што власта го изгуби легитимитетот за носење на крупни одлуки, рече Божиновски.
Тој потенцираше дека ако сакате крупна одлука мора да имате легитимитет за тоа, а граѓаните што мислат по ова прашање видовме, имаше месец дена протести каде илјадници луѓе се собираа и му порачуваа на Ковачевски да не потпишува.
Кога се отвораше седницата за промените во устав немаше протести затоа што граѓаните беа сигурни, ВМРО-ДПМНЕ една година повторува дека нема да дозволи промена на уставот и тоа се виде, потенцираше Божиновски.
Тој нагласи дека ова прашање не го изнеле партиите пред граѓаните на избори и затоа мора да има избори па секој со својот став да излезе.
Тоа прашање мора да се отвори и претстави пред граѓаните. Како планираме да го надминеме овој проблем. На граѓаните им е смачено. Губиме на милион различни фронтови, имаме катастрофа, немаме учебници, растот на економијата последниве години е најлош во регионот, инфлација, рече тој.
Воедно Божиновски нагласи сега нема сега начин на пратеник кој доаѓа од опозиција да го убедите да гласа за уставни измени.

The post Божиновски: Не постои начин да натерате пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, власта изгуби легитимитет, избори се најдобра опција appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Предлогот за уставни измени со одложено дејствие значи истите да важат откако Македонија ќе стане земја членка на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-predlogot-za-ustavni-izmeni-so-odlozheno-dejstvie-znachi-istite-da-vazhat-otkako-makedonija-ke-stane-zemja-chlenka-na-eu/ Fri, 09 Jun 2023 15:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=649696

Оној наратив кој што се обиде премиерот да го наметна дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав паѓа во вода, со самото тоа што имаме ситуација во која што за да се оствари она кое што го вели Ковачевски треба да биде прифатен оној предуслов кој што го кажа ВМРО-ДПМНЕ, а со кој што ќе се задоволат сите оние барања на повеќето опозициски партии и граѓани, вели Владимир Божиновски, политички аналитичар во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.

Божиновски потенцираше дека она кое што го бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерската средба со Димитар Ковачевски значи дека се додека не се заврши целиот процес односно додека Македонија не го ратификува приемот за членство во Европската унија нема да важат, со што како што рече тој ако сега им се даде се на Бугарија може Македонија повторно да биде оставена на цедило.

Промената на Уставот да важи кога ќе се ратификува приемот на Македонија во ЕУ, така ќе може да се види кој бил во право, бидејќи ако ние сега дадеме се и веднаш повторно ќе бидеме оставени на цедило. А вака и да се изгласани уставни измени кои би важеле по евентуален прием на Македонија в ЕУ, кажа тој.

Прво ова со одложено дејство што го спомена ВМРО-ДПМНЕ значи дека се гласа нешто кое што нема да има ефект се додека не се заврши целиот процес и затоа може да се изгласа уште од сега ако се прифати тоа од СДСМ и нормално ако се прифати тоа и од Европскиот совет, истакна Божиновски.

Божиновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останала на својот став дека овој парламентарен состав нема легитимитет од страна на граѓаните да го менува уставот и дека за уставните измени и за се друго треба да се разговара на по изборите.

Најважно е што ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека овој парламент нема легитимитет да го промени уставот и дека тоа може да се разговара со еден куп други работи по изборите, изјави Божиновски.

The post Божиновски: Предлогот за уставни измени со одложено дејствие значи истите да важат откако Македонија ќе стане земја членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Оној наратив кој што се обиде премиерот да го наметна дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав паѓа во вода, со самото тоа што имаме ситуација во која што за да се оствари она кое што го вели Ковачевски треба да биде прифатен оној предуслов кој што го кажа ВМРО-ДПМНЕ, а со кој што ќе се задоволат сите оние барања на повеќето опозициски партии и граѓани, вели Владимир Божиновски, политички аналитичар во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24. Божиновски потенцираше дека она кое што го бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерската средба со Димитар Ковачевски значи дека се додека не се заврши целиот процес односно додека Македонија не го ратификува приемот за членство во Европската унија нема да важат, со што како што рече тој ако сега им се даде се на Бугарија може Македонија повторно да биде оставена на цедило.
Промената на Уставот да важи кога ќе се ратификува приемот на Македонија во ЕУ, така ќе може да се види кој бил во право, бидејќи ако ние сега дадеме се и веднаш повторно ќе бидеме оставени на цедило. А вака и да се изгласани уставни измени кои би важеле по евентуален прием на Македонија в ЕУ, кажа тој.
Прво ова со одложено дејство што го спомена ВМРО-ДПМНЕ значи дека се гласа нешто кое што нема да има ефект се додека не се заврши целиот процес и затоа може да се изгласа уште од сега ако се прифати тоа од СДСМ и нормално ако се прифати тоа и од Европскиот совет, истакна Божиновски. Божиновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останала на својот став дека овој парламентарен состав нема легитимитет од страна на граѓаните да го менува уставот и дека за уставните измени и за се друго треба да се разговара на по изборите.
Најважно е што ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека овој парламент нема легитимитет да го промени уставот и дека тоа може да се разговара со еден куп други работи по изборите, изјави Божиновски.

The post Божиновски: Предлогот за уставни измени со одложено дејствие значи истите да важат откако Македонија ќе стане земја членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Гордана Јанкуловска со мало дете уште чмае во затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-gordana-jankulovska-so-malo-dete-ushte-chmae-vo-zatvor/ Thu, 22 Dec 2022 15:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=588891

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е видно револтиран поради судските одлуки во Македонија, и според него треба уште многу да се работи на реформите во правосудството.

„Имаме чудни судски одлуки во Македонија во изминатите неколку години. Гордана Јанкуловска со мало дете уште чмае во затвор. Кога ќе се сменат основите во судството, тогаш можеме да зборуваме за добро функционирање на државата и целото општество“, рече Божиновски во вечерашното гостување во Канал5.

The post Божиновски: Гордана Јанкуловска со мало дете уште чмае во затвор appeared first on Република.

Божиновски: Зимава може да говориме дали ќе има има струја а не дали ќе биде скапа https://republika.mk/vesti/ekonomija/bozinovski-zimava-moze-da-govorime-dali-kje-ima-ima-struja-a-ne-dali-kje-bide-skapa/ Thu, 22 Sep 2022 13:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=552934

Политиколот Владимир Божиновски во интервјуто за „Република“ ја коментира  енергетската криза која ни се заканува во следните месеци.

Најлошото допрва доаѓа.Говориме за скапа струја а зимово може да говориме дали ќе има има струја а не дали ќе биде скапа. Власта нема обезбедено струја после октомври и е многу тешко да се обезбеди.Видовме неуспешни обиди со соседите.Искрено се надевам дека ќе се обезбеди струја колку да функционира државата. Зошто до сега не е обезбедена треба да одговори власта. Проблемот ќе биде не поради скапите енергенти туку дали воопшто ќе имаме енергија и гас-предупредува Божиновски за „Република

The post Божиновски: Зимава може да говориме дали ќе има има струја а не дали ќе биде скапа appeared first on Република.

Божиновски: Веќе не е прашање кој ќе победи на изборите, туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-vekje-ne-e-prashanje-koj-kje-pobedi-na-izborite-tuku-kolkava-kje-bide-razlikata-na-vmro-dpmne/ Thu, 22 Sep 2022 07:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=552931

Власта има два фокуси на нивната политика во моментов а тоа не е развојот на Македонија, туку да имаат 61 пратеник да останат ден повеќе на власт. Целта на владеењето е да се остане на власт. Вториот фокус е доколку е можно да се обезбедат осум  пратеници со цел да поминат уставните измени,нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во интервју за „Република “.

Не верувам дека возможно ниту еден пратеник да обезбедат. Едно е вие да имате уценети пратеници што ќе ги вадете од затвор во моментот  кога се менува власта а друго е кога имате пратеници кои се во опозиција и кога знаат дека нивната опција на следните избори е сигурен победник. Зошто велам осум а не шест пратеници, затоа што и ДОМ и Демократскиот сојуз се изјаснија дека нема да ги поддржат уставните измени а можеби и ЛДП-вели Божиновски.

Според него, невозможно е да се повторат во Собранието сликите како при промената на името.

Ова не е 2017 година. Имаме нов пратенички состав.Ова се пратеници кои се дојдени како  опозиција и кога сте власт и имате притисоци и уцени а знаеме дека дел од пратениците беа носени од затвор за да гласаат-потсетува Божиновски.

Тој е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да ги издржи притисоците кои доаѓаат однадвор.

На медијаторите им е важно само спорот да биде решен а како ќе се реши зависи од страните кои се инволвирани во спорот. Ние имаме власт која е подготвена да прифати се. Нив им е важно да се заврши работата и да се најде договор. Ние не можеме да ги обвинуваме странците е сега што ние имаме страна без никакво национално чувство со луѓето со луѓето кои се против вакво обезличување. Секој партнер посакува ваква власт затоа што може да ги извојува зацртаните цели како во случајот со Бугарија. Прашањето е дали ние тоа ќе го дозволиме или не. Власта презема обврски што не може да ги исполни со цел пред медијаторите да се покажат конструктивни.Ако обезлечувањето на државата е конструктивност тогаш сите ќе ја имаме таа контруктивност.Ако ВМРО-ДПМНЕ кое веќе има лузна со тоа што се случи со тоа што се случи со тие осумтемина, а не дај боже тоа се случи пак тие ќе бидат единствениот губитник иако не по нивна вина-објаснува Божиновски за „Република“.

Божиновски смета дека освен оваа власт никој не би се согласил на она што ни го прави Бугарија.

Не е самото внесување на Бугарите толку проблематично толку што е проблематично она што е тоа проблематично она што го потпиша Ковачевски. Борбата ќе биде да се избоксува проемена на тоа што е потпишано.Со него имаме некаков  сатрап во Софија кој треба да ми каже каква историја ќе учи моето дете. Освен оваа власт јас не верувам која друга власт ќе се согласи на такво нешто.

Тој има објаснување и за т.н Балансер

Во моментов имаме директно кршење на законите од оној кој ги носи и треба да ги спроведува а тоа е владата. Сосема е јасно дека  Балансерот се однесува на правична застапеност во согласност со последниот попис на резидентно население. Толку е јасно тоа толкување што нема можност како поинаку да биде толкувано.

Божиновски ги толкува и последните анкети кои покажуваат сериозно водство на опозицијата и победа на следните избори.

Веќе не се доведува во прашање кој ќе победи на следните избори.Сите истражувања покажуваат дека опозицијата има предност која може само да се зголемува.Власта може само да ја задржи моменталната разлика кој што ј има опозицијата.Воопшто веќе не е прашање кој ќе победи на изборите туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ-убеден е Божиновски.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=1P8etJi8JcA

The post Божиновски: Веќе не е прашање кој ќе победи на изборите, туку колкава ќе биде разликата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Божиновски: Ковачевски и Заев да одговорат зошто го избегнале служењето на воениот рок https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-kovachevski-i-zaev-da-odgovorat-zoshto-go-izbegnale-sluzenjeto-na-voeniot-rok/ Wed, 21 Sep 2022 11:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=552879

Koвачевски треба да одговори кои се причините поради кои го одбегнал служењето на воениот рок. Документот за неспособноста беше потрден и сег да се види кои се причините, бара од премиерот политичкиот аналитичар Владмир Божиновски.

Очигледно е дека има промена во ставот.Она што нас не интересира зошто има промена на ставот односно дека заради факултетот кое е дека е ноторна лага.Во однос на тоа зошто не бил во војска треба да излезе и да објасни.Исто како Заев кои се иста генерација и тој не бил во војска.Тоа се двајцата премиери кои направија најмногу за обезличување на државата-смета Божиновски за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=F18R3Be298A

Целото интервју со Божиновски ќе биде објавено утре.

The post Божиновски: Ковачевски и Заев да одговорат зошто го избегнале служењето на воениот рок appeared first on Република.

]]>

Koвачевски треба да одговори кои се причините поради кои го одбегнал служењето на воениот рок. Документот за неспособноста беше потрден и сег да се види кои се причините, бара од премиерот политичкиот аналитичар Владмир Божиновски.
Очигледно е дека има промена во ставот.Она што нас не интересира зошто има промена на ставот односно дека заради факултетот кое е дека е ноторна лага.Во однос на тоа зошто не бил во војска треба да излезе и да објасни.Исто како Заев кои се иста генерација и тој не бил во војска.Тоа се двајцата премиери кои направија најмногу за обезличување на државата-смета Божиновски за „Република“.
https://www.youtube.com/watch?v=F18R3Be298A Целото интервју со Божиновски ќе биде објавено утре.

The post Божиновски: Ковачевски и Заев да одговорат зошто го избегнале служењето на воениот рок appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Со потпишување на францускиот предлог Македонија си ги затвора вратите за ЕУ, македонската јавност обединета против Ултиматум https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-so-potpishuvanje-na-francuskiot-predlog-makedonija-si-gi-zatvora-vratite-za-eu-makedonskata-javnost-obedineta-protiv-ultimatum/ Mon, 11 Jul 2022 17:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=527183

Во дипломатијата нема пријатели, има само интерес, така да тоа се потврдува на наш грб уште еднаш. Бевме уверувани пред 4-5 години дека тоа е последната пречка, нели Преспанскиот договор, којашто стои пред нашиот евроинтеграциски пат, па поtoa излезе дека кога Грција го тргна ветото, Франција ни стави вето. Значи не беше веднаш Бугарија, туку Франција ни стави вето, за да сега истата Франција поднесе француски предлог. А, по француското вето, Македонија го доби и бугарското вето - истакна Владимир Божиновски при гостување во емисијата „Само вистина“.

Божиновски потсети дека власта потпишуваше секакви договори каде што се бараше се и сешто од Македонија, работи кои во минатото никогаш не биле ниту дискутирани.

Мора да имаме некаква заштита која што ќе ни гарантира дека ние ќе ги почнеме тие преговори без притоа некој да не условува. Многу беше проѕирно, многу беше јасно дека Бугарија си го чека редот. Мојот став за проблемот Бугарите што го имаат очигледно со нас е дека ние не требаше да преговараме воопшто, а јас година ипол го говорев тоа. Тоа си е работа помеѓу Бугарија и ЕУ, нас ни беше ветено дека ќе почнеме преговори со ЕУ и тоа го чекаме. Во преговарачката рамка досега ниту еднаш за ниту една држава не е ставен билатерален проблем. Сега не само што ние ќе спориме со Бугарија, туку сега ние ќе спориме со ЕУ затоа што сега Бугарија ќе биде сокриена позади ЕУ. Значи сега тоа нема да бидат условувања на Бугарија туку сега тоа ќе бидат барања од ЕУ доколку сакаме да напредуваме. Значи тоа е ужас без крај -  нагласува Божиновски.

Тој посочи дека самото прифаќање на францускиот предлог не значи дека Македонија ќе влезе во ЕУ.

Јас ги слушам некои од владините портпароли, министри и други челници велат дека уште ова да се прифати, добар е предлогот и ние влегуваме во ЕУ. Но, не влегуваме во ЕУ. Како влегуваме во ЕУ? Ние ниту ги почнуваме преговорите. За да ги почнеме треба да го промениме Уставот - појасни Божиновски.

Тој додаде дека со прифаќање на Ултиматумот не се почнуваат преговорите со ЕУ. Тој вели дека Македонија со прифаќање на овој француски предлог не влегува веднаш во ЕУ. Со потпишување на францускиот предлог де факто Македонија си ги затвора вратите на ЕУ.

Имаме огромни протести, досега невидени во Македонија и тоа натпартиски. На протестите имате луѓе од сите партии, имате луѓе што гласаат и што не гласаат. Академската заедница е исто така обединета дека овој предлог не е добар. Од МАНУ повеќе професори излегоа, академици кои велат дека не треба да се потпише овој предлог - заклучи Божиновски.

Тој истакна дека целата македонска јавност се против предлогот. Власта треба да ја послуша јавноста и да го отфрли предлогот.

The post Божиновски: Со потпишување на францускиот предлог Македонија си ги затвора вратите за ЕУ, македонската јавност обединета против Ултиматум appeared first on Република.

Божиновски: Ако бугарските барања навистина влезат во преговорачката рамка се губи смислата на преговорите https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-ako-bugarskite-baranja-navistina-vlezat-vo-pregovorachkata-ramka-se-gubi-smislata-na-pregovorite/ Wed, 01 Jun 2022 14:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=509756

Ако спорот со Бугарија од билатерален стане европски тоа е спротивно од копенхашките криетерими. Со тоа се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ, јасен е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Тој забележува дека пред Бугарија имавме вето од Франција и дека треба да се биде внимателен во следниот период.

Македонското членство во ЕУ имаше најголема национална поддршка.Но, сите  проблеми на Унијата се прекршувааа на  грбот на Македонија.Ова никогаш не барало од некоја  земја и на ваков начин  се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка и се губи смислата на преговорите -анализира Божиновски за „Република“.

Според него, сигнал дека најавата на „БГНЕС“ можеби нема да помине е одлуката на претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е главен кочничар,  да не патува на средбата со Макрон бидејќи немало напредок во преговорите со Македонија. Затоа, во Париз ќе оди само премиерот Петков кој и онака има грижи внатре во коалицијата и влада која лесно може да падне.

https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-sam-kje-sostanchi-so-makron-radev-ne-gleda-napredok-megju-skopje-i-sofija-za-da-odi-vo-francija/

The post Божиновски: Ако бугарските барања навистина влезат во преговорачката рамка се губи смислата на преговорите appeared first on Република.

]]>

Ако спорот со Бугарија од билатерален стане европски тоа е спротивно од копенхашките криетерими. Со тоа се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ, јасен е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски. Тој забележува дека пред Бугарија имавме вето од Франција и дека треба да се биде внимателен во следниот период.
Македонското членство во ЕУ имаше најголема национална поддршка.Но, сите  проблеми на Унијата се прекршувааа на  грбот на Македонија.Ова никогаш не барало од некоја  земја и на ваков начин  се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка и се губи смислата на преговорите -анализира Божиновски за „Република“.
Според него, сигнал дека најавата на „БГНЕС“ можеби нема да помине е одлуката на претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е главен кочничар,  да не патува на средбата со Макрон бидејќи немало напредок во преговорите со Македонија. Затоа, во Париз ќе оди само премиерот Петков кој и онака има грижи внатре во коалицијата и влада која лесно може да падне.   https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-sam-kje-sostanchi-so-makron-radev-ne-gleda-napredok-megju-skopje-i-sofija-za-da-odi-vo-francija/    

The post Божиновски: Ако бугарските барања навистина влезат во преговорачката рамка се губи смислата на преговорите appeared first on Република.

]]>
Осудените за 27 април се само жртвени јагниња, смета Божиновски https://republika.mk/vesti/makedonija/osudenite-za-27-april-se-samo-zrtveni-jagninja-smeta-bozinovski/ Wed, 27 Apr 2022 21:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=494485

Уште на самиот почеток беше збунувачки, дури и они кои што инсистираа за тие луѓе да бидат осудени за терористички дела се обидуваа не тоа да го објаснат на начин кој што ќе прикаже дека они направиле некаков терористички чин, туку дека едноставно нема можност во законот поинаку да биде квалификувано дело. Не дека тоа навистина е терористички чин, туку ете нашиот закон не дозволува поинаква квалификација на делото, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Владимир Божиновски во вечерашното гостување во отвореното студио на телевизија Алфа.

Божиновски вели дека овие осуденици се жртвени јагниња и дека власта додека ги осудува нив, други големи криминалци ослободува од затворите со оправдување дека македонските затвори се преполни.

Уште тогаш беше јасно дека за жал овие луѓе беа некакви жртвени јагниња и дека тие пресуди, да кажеме драконски е премал збор, ги направија де факто политички затвореници во оваа држава. Затоа што во истиот момент кога беа осудени на огромни законски казни, други би рекол класични криминалци беа ослободувани од македонските затвори, потенцираше Божиновски.

Еден куп луѓе кои беа осудени беа ослободени со објаснување и оправдување дека нашите затвори биле преполни, а во исто време вие имате пресуди за некаков терористички чин каде што немаше ништо од тоа, рече тој.

Власта сакаше да испрати една порака а тоа е секој може да се бави со криминал, и да биде ослободен но ако е некој против нас тогаш ќе оди во затвор, тоа е недозволиво за една држава, заклучи Божиновски.

The post Осудените за 27 април се само жртвени јагниња, смета Божиновски appeared first on Република.

]]>

Уште на самиот почеток беше збунувачки, дури и они кои што инсистираа за тие луѓе да бидат осудени за терористички дела се обидуваа не тоа да го објаснат на начин кој што ќе прикаже дека они направиле некаков терористички чин, туку дека едноставно нема можност во законот поинаку да биде квалификувано дело. Не дека тоа навистина е терористички чин, туку ете нашиот закон не дозволува поинаква квалификација на делото, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Владимир Божиновски во вечерашното гостување во отвореното студио на телевизија Алфа. Божиновски вели дека овие осуденици се жртвени јагниња и дека власта додека ги осудува нив, други големи криминалци ослободува од затворите со оправдување дека македонските затвори се преполни.