Уште на самиот почеток беше збунувачки, дури и они кои што инсистираа за тие луѓе да бидат осудени за терористички дела се обидуваа не тоа да го објаснат на начин кој што ќе прикаже дека они направиле некаков терористички чин, туку дека едноставно нема можност во законот поинаку да биде квалификувано дело. Не дека тоа навистина е терористички чин, туку ете нашиот закон не дозволува поинаква квалификација на делото, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Владимир Божиновски во вечерашното гостување во отвореното студио на телевизија Алфа.

Божиновски вели дека овие осуденици се жртвени јагниња и дека власта додека ги осудува нив, други големи криминалци ослободува од затворите со оправдување дека македонските затвори се преполни.

Уште тогаш беше јасно дека за жал овие луѓе беа некакви жртвени јагниња и дека тие пресуди, да кажеме драконски е премал збор, ги направија де факто политички затвореници во оваа држава. Затоа што во истиот момент кога беа осудени на огромни законски казни, други би рекол класични криминалци беа ослободувани од македонските затвори, потенцираше Божиновски.

Еден куп луѓе кои беа осудени беа ослободени со објаснување и оправдување дека нашите затвори биле преполни, а во исто време вие имате пресуди за некаков терористички чин каде што немаше ништо од тоа, рече тој.

Власта сакаше да испрати една порака а тоа е секој може да се бави со криминал, и да биде ослободен но ако е некој против нас тогаш ќе оди во затвор, тоа е недозволиво за една држава, заклучи Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.