тунел Archives - Република https://republika.mk/tema/tunel/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 05:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тунел Archives - Република https://republika.mk/tema/tunel/ 32 32 Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/napravile-tunel-od-sosednata-zgrada-i-kradele-dokazi-od-sudot-vo-podgoritsa/ Tue, 10 Sep 2024 07:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=814775

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината.

Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба.

Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело.

Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.

Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината. Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба. Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело. Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.
Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.

The post Направиле тунел од соседната зграда и краделе докази од судот во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/egipet-negira-deka-ima-operativni-tuneli-preku-negovata-granitsa-do-pojasot-gaza/ Mon, 05 Aug 2024 18:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=803660

Египет негира дека постојат оперативни тунели меѓу неговата граница со Појасот Газа, откако Израел соопшти дека елиминирал десетици од нив, јави ДПА.

Неименуван египетски извор од високо ниво соопшти дека нема оперативни тунели меѓу Египет и Појасот Газа.

За државната телевизија „Ал Каиро“ неименуваниот висок извор вели дека Израел „не доставил доказ за оперативните тунели на границата со Газа“ и дека извештаите за тунелите во израелските медиуми имаат за цел единствено „да ја оправдаат својата континуирана агресија на Појасот“, пренесе ДПА.

Тој додава дека целта е да се шират „лажни тврдења за постигнување политички цели“ и да се прикрие „неуспехот“ во Газа.

Израелската армија неделава објави дека на почетокот на минатата недела бил откриен тунел висок три метри во областа на коридорот Филаделфија, тесен појас што минува долж границата со Египет кај Рафа, од страната на Газа.

The post Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Египет негира дека постојат оперативни тунели меѓу неговата граница со Појасот Газа, откако Израел соопшти дека елиминирал десетици од нив, јави ДПА. Неименуван египетски извор од високо ниво соопшти дека нема оперативни тунели меѓу Египет и Појасот Газа. За државната телевизија „Ал Каиро“ неименуваниот висок извор вели дека Израел „не доставил доказ за оперативните тунели на границата со Газа“ и дека извештаите за тунелите во израелските медиуми имаат за цел единствено „да ја оправдаат својата континуирана агресија на Појасот“, пренесе ДПА. Тој додава дека целта е да се шират „лажни тврдења за постигнување политички цели“ и да се прикрие „неуспехот“ во Газа. Израелската армија неделава објави дека на почетокот на минатата недела бил откриен тунел висок три метри во областа на коридорот Филаделфија, тесен појас што минува долж границата со Египет кај Рафа, од страната на Газа.

The post Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-prethodnata-vlast-se-zadolzhila-550-milioni-evra-od-ebor-za-pruga-koja-zavrshuva-vo-tunel-bez-izlez/ Mon, 22 Jul 2024 18:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=799322

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма се осврна на средствата од Европската Унија кои се предвидуваат за Македонија во планот за раст и истакна дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто кое што претходната власт две години не го направила.

Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, затоа што дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра, истакна премиерот Мицкоски.

„Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата.“, рече Мицкоски и дополни дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.

 

The post Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма се осврна на средствата од Европската Унија кои се предвидуваат за Македонија во планот за раст и истакна дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и Николоски за две недели го имаат завршено досието на државата, нешто кое што претходната власт две години не го направила.
Имавме проблем со некои од обврските за кои знаевме дека не можеме да ги исполниме. Нашето досие е затворено и чекаме сега одобрување од страна на Европската комисија, затоа што дел од проектите кои ги преземала претходната влада, на памет не ми паѓа да продолжам да ги реализирам. На памет не ми паѓа како премиер на оваа влада да потрошам 550 милиони евра за пруга која завршува во слепа улица на половина тунел, без предвидлива иднина како ќе биде понатаму до Црното Море, на основа на црвен фидик, што значи со пенали може да дојде до 750 милиони евра, истакна премиерот Мицкоски.
„Ги замолувам тие пари да ги потрошиме во модернизација на пругата на коридорот 10 и возовите наместо 30 на час да возат 100 на час и наместо три пати да биде намален буџетот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура, да може три пати да биде зголемен и наместо после две години прв пат да имаме една оперативна локомотива, да купиме 5 нови и да имаме повеќе композиции на вагони кои ќе поминуваат во државата.“, рече Мицкоски и дополни дека очекува со вакви средства да се финансира интерконекторот со Грција наместо да се бара ретендерирање или пролонгирање бидејќи тоа може само да ја поскапи цената на чинење.  

The post Мицкоски: Претходната власт се задолжила 550 милиони евра од ЕБОР за пруга која завршува во тунел без излез appeared first on Република.

]]>
Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра https://republika.mk/vesti/balkan/pobrgu-do-albanskite-plazhi-otvoren-za-soobrakaj-golemiot-tunel-logara/ Sat, 06 Jul 2024 10:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=793988

Тунелот Логaра, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај.

Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, има директно влијание врз целата албанска економија.

Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни широки по 1,17 метри, и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.

Тунелот е поврзан и со новиот пат Орикум-Дукат, што овозможува инфраструктурата кон југот на земјата да го скрати растојанието во очекување на рекордни бројки од туризмот годинава. Отворањето на тунелот првично ќе биде етапно за патнички моторни возила и автобуси, а не за тешки товарни возила, објавија медиумите.

Додаваат дека церемонијата на свеченото пуштање била празнична, исполнета со песни и со ора.

Тунелот Логара, едно од историските дела што засекогаш ќе го промени патувањето кон југот, напиша премиерот Еди Рама во објава на Фејсбук.

Вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку, во емисија на „Топ чанел“, ноќеска објасни дека годинава минувањето преку тунелот ќе биде бесплатно, но во наредните години ќе чини околу 5 евра.

https://www.youtube.com/live/TSzdDdIcEbU?si=D-3vB6SC0TZD3Jv6

The post Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра appeared first on Република.

]]>

Тунелот Логaра, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, има директно влијание врз целата албанска економија. Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни широки по 1,17 метри, и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.
Тунелот е поврзан и со новиот пат Орикум-Дукат, што овозможува инфраструктурата кон југот на земјата да го скрати растојанието во очекување на рекордни бројки од туризмот годинава. Отворањето на тунелот првично ќе биде етапно за патнички моторни возила и автобуси, а не за тешки товарни возила, објавија медиумите.
Додаваат дека церемонијата на свеченото пуштање била празнична, исполнета со песни и со ора.
Тунелот Логара, едно од историските дела што засекогаш ќе го промени патувањето кон југот, напиша премиерот Еди Рама во објава на Фејсбук.
Вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку, во емисија на „Топ чанел“, ноќеска објасни дека годинава минувањето преку тунелот ќе биде бесплатно, но во наредните години ќе чини околу 5 евра. https://www.youtube.com/live/TSzdDdIcEbU?si=D-3vB6SC0TZD3Jv6

The post Побргу до албанските плажи: Oтворен за сообраќај големиот тунел Логaра appeared first on Република.

]]>
Израелските сили откриле уште тунели на Хамас во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelskite-sili-otkrile-ushte-tuneli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/ Sun, 12 May 2024 08:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=777174

Израел објави дека открил нови тунели во Појасот Газа, јави ДПА.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека е откриена „подземна рута“ во градот Зејтун во центарот на изолираниот крајбрежен појас. Оттаму Хамас ги планирал нападите против израелските војници.

Голема воена операција е во тек во областа Зејтун. Според Хагари, убиени се околу 30 терористи. Десетици пиштоли се запленети од едно училиште. Откриен е и тунел во источниот дел на Рафа во јужниот дел на појасот.

Во вечерните часови израелски борбени авиони нападнаа цели и во северниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на армијата. Утрото на ова претходеше евакуација на цивилното население.

-Во последните недели се забележани обиди на палестинското исламистичко движење Хамас да ги обнови своите воени објекти. Секаде каде што имаме информации за такви обиди на Хамас, ќе дејствуваме, рече Хагари.

The post Израелските сили откриле уште тунели на Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израел објави дека открил нови тунели во Појасот Газа, јави ДПА. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека е откриена „подземна рута“ во градот Зејтун во центарот на изолираниот крајбрежен појас. Оттаму Хамас ги планирал нападите против израелските војници. Голема воена операција е во тек во областа Зејтун. Според Хагари, убиени се околу 30 терористи. Десетици пиштоли се запленети од едно училиште. Откриен е и тунел во источниот дел на Рафа во јужниот дел на појасот. Во вечерните часови израелски борбени авиони нападнаа цели и во северниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на армијата. Утрото на ова претходеше евакуација на цивилното население. -Во последните недели се забележани обиди на палестинското исламистичко движење Хамас да ги обнови своите воени објекти. Секаде каде што имаме информации за такви обиди на Хамас, ќе дејствуваме, рече Хагари.

The post Израелските сили откриле уште тунели на Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Психолог за убијците на Данка: Размислувале на тунел начин, немаат ниту трошка емпатија https://republika.mk/vesti/balkan/psiholog-za-ubijtsite-na-danka-razmisluvale-na-tunel-nachin-nemaat-nitu-troshka-empatija/ Tue, 09 Apr 2024 10:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=764205

 Психологот Вујиќ Бојовиќ за „Република.рс“ направи психолошки профили на убијците на Данка.

Многу е тешко од позиција на психолог да се објасни однесувањето на личност која не сте ја запознале. Луѓето размислуваа на „тунелски“ начин, не ја гледаа пошироката слика. Не покажаа ни трошка емпатија, го третираа детето како предмет. Тешко е да се ставиш во таа глава. Тоа беа сосема незабележителни ликови, во никој случај не се истакнаа и дека нивната патологија, така да се каже, експлодирала на некој начин, патологија на личноста, на некој начин експлодирала во ситуација кога се чувствувале загрозени - вели Вујиќ. Бојовиќ.

The post Психолог за убијците на Данка: Размислувале на тунел начин, немаат ниту трошка емпатија appeared first on Република.

]]>

 Психологот Вујиќ Бојовиќ за „Република.рс“ направи психолошки профили на убијците на Данка.

Многу е тешко од позиција на психолог да се објасни однесувањето на личност која не сте ја запознале. Луѓето размислуваа на „тунелски“ начин, не ја гледаа пошироката слика. Не покажаа ни трошка емпатија, го третираа детето како предмет. Тешко е да се ставиш во таа глава. Тоа беа сосема незабележителни ликови, во никој случај не се истакнаа и дека нивната патологија, така да се каже, експлодирала на некој начин, патологија на личноста, на некој начин експлодирала во ситуација кога се чувствувале загрозени - вели Вујиќ. Бојовиќ.

The post Психолог за убијците на Данка: Размислувале на тунел начин, немаат ниту трошка емпатија appeared first on Република.

]]>
ИДФ соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/idf-soopshti-deka-go-unishtila-najgolemiot-tunel-na-hamas/ Tue, 05 Mar 2024 13:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=751518

Израелската армија соопшти дека го уништила најголемиот досега откриен тунел на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

Тунелот со неколку краци, што беше пронајден на север од крајбрежната енклава кон средината на декември минатата година, беше уништен во последните недели, соопшти денеска ИДФ, пренесена од германската агенција.

Армијата објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војниците фрлаат бетон на други негови делови.

ДПА наведува дека оваа информација не можеше да добие независна потврда.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија низ тунелот можеле да минуваат возила, а самиот имал должина од четири километри и бил на длабочина од 50 метри.

Тунелскиот систем се наоѓал на 400 метри од граничниот премин Ерез, меѓу Израел и Газа, но не се наоѓаше на израелска територија, соопшти ИДФ.

The post ИДФ соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека го уништила најголемиот досега откриен тунел на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА. Тунелот со неколку краци, што беше пронајден на север од крајбрежната енклава кон средината на декември минатата година, беше уништен во последните недели, соопшти денеска ИДФ, пренесена од германската агенција. Армијата објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војниците фрлаат бетон на други негови делови. ДПА наведува дека оваа информација не можеше да добие независна потврда. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија низ тунелот можеле да минуваат возила, а самиот имал должина од четири километри и бил на длабочина од 50 метри. Тунелскиот систем се наоѓал на 400 метри од граничниот премин Ерез, меѓу Израел и Газа, но не се наоѓаше на израелска територија, соопшти ИДФ.

The post ИДФ соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас appeared first on Република.

]]>
Израелците тврдат дека имаат снимка како лидерот на Хамас со семејството бега низ тунелот https://republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-tvrdat-deka-imaat-snimka-kako-liderot-na-hamas-so-semejstvoto-bega-niz-tunelot/ Wed, 14 Feb 2024 07:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=743837

Војската на Израел објави видео во кое наводно се гледа лидерот на Хамас Јахја Синвар во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. На видеото се и неговата сопруга, децата и братот Ибрахим. Израел јавно го обвини Синвар дека е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Објавувајќи го видеото на својата редовна прес-конференција, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари рече дека видеото е снимено од надзорна камера на Хамас на 10 октомври и дека ИДФ го добила неодамна.

„Така со семејството побегна под земја во еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изгради претходно“, истакна Хагари.

Тој додаде дека видеото е „резултат на ловот“ на Синвар и дека „ловот нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“.

 

Израелската војска го прогласи Синвар за „мртовец кој оди“, кој постојано го нарекуваше Касапот на Кан Јунис, поради неговата наводна улога во планирањето на нападот на 7 октомври. Во декември, израелските сили ја опколија неговата куќа, но не го најдоа.

Уште тогаш се зборуваше дека најверојатно се криел под земја. Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави потоа дека „прашање на време е кога ќе биде фатен“. Сепак, Синвар сè уште е во бегство, и покрај интензивниот израелски напад врз Кан Јунис, неговиот роден град.

Израелците објавија и друга видео снимка за која велат дека ги прикажува нивните сили во делот на тунелите на Хамас каде најверојатно се криел Синвар. На видеото, војникот, чие лице е заматено, вели дека се наоѓаат во „главното скривалиште“ на Синвар и тврди дека лидерот на Хамас бил таму „неодамна“.

На видеото се гледаат и бањата, кујната и спалните соби, а војникот раскажува како нашле „милиони шекели и долари во сефот“. „Тие побегнаа кога слушнаа дека ИДФ им се приближува. Знаеја дека доаѓаме, па побегнаа“, додава војникот.

Инаку, Синвар беше одговорен за здружување на военото крило на Хамас пред да воспостави важни нови врски со регионалните арапски сили како цивилен и политички лидер на групата. Тој беше избран во главното тело за одлучување на Хамас, Политбирото, во 2017 година за политички лидер на огранокот на Хамас во Газа, пишува Си-Ен-Ен.

Оттогаш тој стана де факто лидер на Политбирото, според истражувањето на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР). Од 2015 година американскиот Стејт департмент го прогласи за глобален терорист, а неодамна е под санкции на Велика Британија и Франција

The post Израелците тврдат дека имаат снимка како лидерот на Хамас со семејството бега низ тунелот appeared first on Република.

]]>

Војската на Израел објави видео во кое наводно се гледа лидерот на Хамас Јахја Синвар во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. На видеото се и неговата сопруга, децата и братот Ибрахим. Израел јавно го обвини Синвар дека е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Објавувајќи го видеото на својата редовна прес-конференција, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари рече дека видеото е снимено од надзорна камера на Хамас на 10 октомври и дека ИДФ го добила неодамна. „Така со семејството побегна под земја во еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изгради претходно“, истакна Хагари. Тој додаде дека видеото е „резултат на ловот“ на Синвар и дека „ловот нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“.   Израелската војска го прогласи Синвар за „мртовец кој оди“, кој постојано го нарекуваше Касапот на Кан Јунис, поради неговата наводна улога во планирањето на нападот на 7 октомври. Во декември, израелските сили ја опколија неговата куќа, но не го најдоа. Уште тогаш се зборуваше дека најверојатно се криел под земја. Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави потоа дека „прашање на време е кога ќе биде фатен“. Сепак, Синвар сè уште е во бегство, и покрај интензивниот израелски напад врз Кан Јунис, неговиот роден град. Израелците објавија и друга видео снимка за која велат дека ги прикажува нивните сили во делот на тунелите на Хамас каде најверојатно се криел Синвар. На видеото, војникот, чие лице е заматено, вели дека се наоѓаат во „главното скривалиште“ на Синвар и тврди дека лидерот на Хамас бил таму „неодамна“. На видеото се гледаат и бањата, кујната и спалните соби, а војникот раскажува како нашле „милиони шекели и долари во сефот“. „Тие побегнаа кога слушнаа дека ИДФ им се приближува. Знаеја дека доаѓаме, па побегнаа“, додава војникот. Инаку, Синвар беше одговорен за здружување на военото крило на Хамас пред да воспостави важни нови врски со регионалните арапски сили како цивилен и политички лидер на групата. Тој беше избран во главното тело за одлучување на Хамас, Политбирото, во 2017 година за политички лидер на огранокот на Хамас во Газа, пишува Си-Ен-Ен. Оттогаш тој стана де факто лидер на Политбирото, според истражувањето на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР). Од 2015 година американскиот Стејт департмент го прогласи за глобален терорист, а неодамна е под санкции на Велика Британија и Франција

The post Израелците тврдат дека имаат снимка како лидерот на Хамас со семејството бега низ тунелот appeared first on Република.

]]>
Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/promena-na-rezhimot-na-soobrakaj-zaradi-zamena-na-osvetluvane-vo-tunelot-strazha-kaj-katlanovo/ Mon, 05 Feb 2024 08:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=740433

Заради замена на осветлувањето во тунелот во „Стража” кај Катланово, на патниот правец А1 делница Велес - Катланово, денеска ќе има промена на режимот на сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ за известувањето се повикуваат на информација добиена од Виадукт Трејд. 

The post Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово appeared first on Република.

]]>

Заради замена на осветлувањето во тунелот во „Стража” кај Катланово, на патниот правец А1 делница Велес - Катланово, денеска ќе има промена на режимот на сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ за известувањето се повикуваат на информација добиена од Виадукт Трејд. 

The post Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово appeared first on Република.

]]>
Израел тврди дека го уништил клучниот тунел на Хамас меѓу јужниот и северниот дел на Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-tvrdi-deka-go-unishtil-kluchniot-tunel-na-hamas-megu-juzhniot-i-severniot-del-na-gaza/ Wed, 17 Jan 2024 08:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=733872

Израелската војска синоќа соопшти дека открила и уништила стратешки тунел на Хамас во Појасот Газа, што бил долг неколку стотици метри, јави ДПА.

Тој бил на длабочина од девет метри под Вади Газа, корито на реката што ги дели северниот и јужниот дел на Газа.

Борците на палестинската милитантна група Хамас го користеле тунелот за незабележено движење низ крајбрежниот појас, се додава во соопштението на израелската армија.

Израелските војници пред неколку недели зазедоа позиции долж Вади Газа, во обид да ги спречат борците на Хамас да се движат по копно меѓу двата дела на територијата.

Огромниот лавиринт од тунели изграден од Хамас – што колоквијално е познат како „Метрото во Газа“ – претставува огромен предизвик за израелските вооружени сили, соопшти ДПА.

Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел, на 7 октомври, израелската војска се обидува да ја уништи групата и нејзината инфраструктура.

Израел проценува дека тунелите се протегаат на стотици километри низ малиот и густо населен Појас Газа.

Се верува дека повеќето од над 100-те заложници, кои сè уште ги држи Хамас, се во тунелите. Исто така, се верува дека шефот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, и неговите највисоки команданти се кријат во тунелите јужно од Вади Газа во областа Кан Јунис.

The post Израел тврди дека го уништил клучниот тунел на Хамас меѓу јужниот и северниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската војска синоќа соопшти дека открила и уништила стратешки тунел на Хамас во Појасот Газа, што бил долг неколку стотици метри, јави ДПА. Тој бил на длабочина од девет метри под Вади Газа, корито на реката што ги дели северниот и јужниот дел на Газа. Борците на палестинската милитантна група Хамас го користеле тунелот за незабележено движење низ крајбрежниот појас, се додава во соопштението на израелската армија. Израелските војници пред неколку недели зазедоа позиции долж Вади Газа, во обид да ги спречат борците на Хамас да се движат по копно меѓу двата дела на територијата. Огромниот лавиринт од тунели изграден од Хамас – што колоквијално е познат како „Метрото во Газа“ – претставува огромен предизвик за израелските вооружени сили, соопшти ДПА. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел, на 7 октомври, израелската војска се обидува да ја уништи групата и нејзината инфраструктура. Израел проценува дека тунелите се протегаат на стотици километри низ малиот и густо населен Појас Газа. Се верува дека повеќето од над 100-те заложници, кои сè уште ги држи Хамас, се во тунелите. Исто така, се верува дека шефот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, и неговите највисоки команданти се кријат во тунелите јужно од Вади Газа во областа Кан Јунис.

The post Израел тврди дека го уништил клучниот тунел на Хамас меѓу јужниот и северниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>
Откриени нови тунели на Хамас низ кои може да се разминат возила https://republika.mk/vesti/svet/otkrieni-novi-tuneli-na-hamas-niz-koi-mozhe-da-se-razminat-vozila/ Mon, 18 Dec 2023 14:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=724241

Израелската армија  на својот профил на „Твитер“ објави дека открила еден од најголемите подземни тунели што ги користи Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“. Тунелот се наоѓа во близина на граничниот премин Ерез.

Тунелот е долг околу четири километри, максималната длабочина е околу 50 метри и е доволно простран за да минуваат возила. Тунелот не навлегува на израелска територија.

Еден од влезните окна што беше откриен се наоѓа на само околу 400 метри од граничниот премин Ерез, кој до почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

The post Откриени нови тунели на Хамас низ кои може да се разминат возила appeared first on Република.

]]>

Израелската армија  на својот профил на „Твитер“ објави дека открила еден од најголемите подземни тунели што ги користи Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“. Тунелот се наоѓа во близина на граничниот премин Ерез. Тунелот е долг околу четири километри, максималната длабочина е околу 50 метри и е доволно простран за да минуваат возила. Тунелот не навлегува на израелска територија. Еден од влезните окна што беше откриен се наоѓа на само околу 400 метри од граничниот премин Ерез, кој до почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

The post Откриени нови тунели на Хамас низ кои може да се разминат возила appeared first on Република.

]]>
Пронајден досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/pronajden-dosega-najgolemiot-tunel-shto-go-koristel-hamas-vo-pojasot-gaza/ Sun, 17 Dec 2023 18:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=724034

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади.

Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да поминуваат возила, но не навлегува на израелска територија.

Еден од влезовите во тој тунел е пронајден на само 400 метри од преминот Ерез, преку кој палестинските цивили влегувале во Израел за да работат и да се лекуваат.

Во некои делови биле пронајдени непробојни врати, за кои се вели дека биле поставени за да се спречи влез на израелски војници. Во тунелот е пронајдено оружје што му припаѓа на Хамас.

 

The post Пронајден досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади. Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да поминуваат возила, но не навлегува на израелска територија. Еден од влезовите во тој тунел е пронајден на само 400 метри од преминот Ерез, преку кој палестинските цивили влегувале во Израел за да работат и да се лекуваат. Во некои делови биле пронајдени непробојни врати, за кои се вели дека биле поставени за да се спречи влез на израелски војници. Во тунелот е пронајдено оружје што му припаѓа на Хамас.  

The post Пронајден досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Израелска војска откри влез во тунел на Хамас под Универзитетот Ел Азхар https://republika.mk/vesti/svet/izraelska-vojska-otkri-vlez-vo-tunel-na-hamas-pod-univerzitetot-el-azhar/ Fri, 08 Dec 2023 12:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=721009

Израелската војска соопшти дека нејзините војници „уништиле згради со инфраструктура на Хамас во Универзитетот Ал Азхар во градот Газа“.

Според извештаите, во универзитетскиот кампус војниците пронашле влез во тунел што води до училиште, оддалечено околу еден километар.

Силите нашле експлозивни направи, ракетни делови, фрлачи и друга опрема во областа.

Исто така, резервисти на 14-та оклопна бригада извршија рација на набљудувачката станица на Хамас во областа Шати, пренесува Тајмс оф Израел.

ИДФ тврди дека војниците пронашле 200 рачни радија, десетици камери, како и тунел и оружје.

The post Израелска војска откри влез во тунел на Хамас под Универзитетот Ел Азхар appeared first on Република.

]]>

Израелската војска соопшти дека нејзините војници „уништиле згради со инфраструктура на Хамас во Универзитетот Ал Азхар во градот Газа“. Според извештаите, во универзитетскиот кампус војниците пронашле влез во тунел што води до училиште, оддалечено околу еден километар. Силите нашле експлозивни направи, ракетни делови, фрлачи и друга опрема во областа. Исто така, резервисти на 14-та оклопна бригада извршија рација на набљудувачката станица на Хамас во областа Шати, пренесува Тајмс оф Израел. ИДФ тврди дека војниците пронашле 200 рачни радија, десетици камери, како и тунел и оружје.

The post Израелска војска откри влез во тунел на Хамас под Универзитетот Ел Азхар appeared first on Република.

]]>
Живи се сите 40 работници заробени во уривањетo на тунел во Индија https://republika.mk/vesti/svet/zhivi-se-site-40-rabotnitsi-zarobeni-vo-urivaneto-na-tunel-vo-indija/ Mon, 13 Nov 2023 07:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=700845

Живи се сите 40 работници кои беа заробени од неделата при уривање на сообраќаен тунел во изградба во северна Индија, соопшти денеска спасувачката екипа.

Им испративме вода и храна, рече претставник на силите за брзо реагирање при катастрофи.

Околу 200 метри од тунелот се урна вчера.

На работниците им се доставува кислород низ отворите на урнатините.

The post Живи се сите 40 работници заробени во уривањетo на тунел во Индија appeared first on Република.

]]>

Живи се сите 40 работници кои беа заробени од неделата при уривање на сообраќаен тунел во изградба во северна Индија, соопшти денеска спасувачката екипа.
Им испративме вода и храна, рече претставник на силите за брзо реагирање при катастрофи.
Околу 200 метри од тунелот се урна вчера. На работниците им се доставува кислород низ отворите на урнатините.

The post Живи се сите 40 работници заробени во уривањетo на тунел во Индија appeared first on Република.

]]>
Израелската војска речиси ги уништи тунелите на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-vojska-rechisi-gi-unishti-tunelite-na-hamas/ Wed, 08 Nov 2023 19:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=699658

Израелската армија соопшти дека од почетокот на војната пред еден месец уништила вкупно 130 тунели на палестинската група Хамас на територијата на Појасот Газа, јави ДПА.

„Залихите на вода и боци со кислород во тунелите се доказ за плановите на групата за подолг престој“, се вели во соопштението.

Израелците тврдат дека има комплексна мрежа од тунели во песочната почва на Појасот Газа, која е долга само околу 45 километри, широка меѓу 6 и 14 километри во неговите различни делови и има население од над два милиона луѓе.

Некои од тунелите се електрифицирани. Во просек, тие се високи два и широки еден метар, но некои се доволно големи за да можат да минуваат возила. Некои одат десетици метри под земја за да го издржат израелското воздушно бомбардирање.

Нивните влезови, како што се наведува, се во станбени згради или џамии

The post Израелската војска речиси ги уништи тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелската армија соопшти дека од почетокот на војната пред еден месец уништила вкупно 130 тунели на палестинската група Хамас на територијата на Појасот Газа, јави ДПА.
„Залихите на вода и боци со кислород во тунелите се доказ за плановите на групата за подолг престој“, се вели во соопштението.
Израелците тврдат дека има комплексна мрежа од тунели во песочната почва на Појасот Газа, која е долга само околу 45 километри, широка меѓу 6 и 14 километри во неговите различни делови и има население од над два милиона луѓе. Некои од тунелите се електрифицирани. Во просек, тие се високи два и широки еден метар, но некои се доволно големи за да можат да минуваат возила. Некои одат десетици метри под земја за да го издржат израелското воздушно бомбардирање. Нивните влезови, како што се наведува, се во станбени згради или џамии

The post Израелската војска речиси ги уништи тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-izraeltsite-pushtija-kuchina-vo-tunelite-na-hamas/ Mon, 06 Nov 2023 08:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=698636

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од Газа.Во него се гледа како куче, поточно германски овчар е пуштено во тунелите под контрола на Хамас и како брка еден од милитантите.

Камерата на грбот на кучето го снима моментот кога  го напаѓа милитантот кој се криеше во темнината како лелека.

Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои од нив се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје.

 

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од Газа.Во него се гледа како куче, поточно германски овчар е пуштено во тунелите под контрола на Хамас и како брка еден од милитантите. Камерата на грбот на кучето го снима моментот кога  го напаѓа милитантот кој се криеше во темнината како лелека. Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои од нив се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје.  

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Израелците пуштија кучиња во тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>
Вака изгледа нападот на израелската војска врз тунелите на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/vaka-izgleda-napadot-na-izraelskata-vojska-vrz-tunelite-na-hamas/ Tue, 31 Oct 2023 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=696667

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекуваат војската на земјата, објавија дека нападите врз тунелите на Хамас биле извршени како дел од копнените операции во Појасот Газа.

Во него се наведува дека израелските воздухопловни сили (ИАФ) „погодиле терористички цели и инфраструктура.

- Борбените сили на ИД погодија околу 300 цели, вклучувајќи мети, позиции за лансирање противтенковски ракети, позиции за лансирање ракети и упоришта на терористи во подземните тунели - велат од ИД.

The post Вака изгледа нападот на израелската војска врз тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекуваат војската на земјата, објавија дека нападите врз тунелите на Хамас биле извршени како дел од копнените операции во Појасот Газа. Во него се наведува дека израелските воздухопловни сили (ИАФ) „погодиле терористички цели и инфраструктура.
- Борбените сили на ИД погодија околу 300 цели, вклучувајќи мети, позиции за лансирање противтенковски ракети, позиции за лансирање ракети и упоришта на терористи во подземните тунели - велат од ИД.

The post Вака изгледа нападот на израелската војска врз тунелите на Хамас appeared first on Република.

]]>
Малку воздух многу кривини: Што ги чека Израелците во тунелите под Газа https://republika.mk/vesti/svet/malku-vozduh-mnogu-krivini-shto-gi-cheka-izraeltsite-vo-tunelite-pod-gaza/ Wed, 25 Oct 2023 07:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=694689

Кога се спуштате надолу, брзо губите сметка за насоката и времето, велат експертите за тунелите на Хамас долж Газа. Тие се длабоки 20 метри и долги 1,6 километри.

Воените експерти велат дека мрежата на подземни тунели на Хамас може да биде кошмар за израелските војници и предупредуваат да не се испраќаат во задушувачките, тесни премини, кои се со малку кислород, но полни со пресврти.

Многу од високотехнолошките предности што ги ужива Израел над земја исчезнуваат кога војниците одат под земја.Очилата за ноќно гледање не работат, комуникацијата меѓу борците во тунелите е многу ограничена, а војниците мора да носат свои резерви на кислород, респиратори и хемиски маски.

 

„Тоа е како да сте под вода“, вели пензионираниот американски генерал-полковник Марк Шварц, кој ја предводеше американската безбедносна координација во Израел и Палестина од 2019 до 2021 година.

Експертите велат дека војниците кои влегуваат во тунелите брзо може да се дезориентираат и да се зашеметат, а ходниците можат да станат толку тесни што е речиси невозможно да се сврти.

По должината на северната граница со Либан, Хезболах користеше дупчалки со дијамантски врв за да ги исече премините во карпата.

На јужната граница, каде Израел и Хамас се во војна, тунелите од Газа до Египет долго време се користат за шверц на стоки. Тунелите кон Израел беа користени за напади врз израелските населби.

https://republika.mk/vesti/svet/dali-reshenieto-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-e-dve-drzhavi-za-dva-narodi/

Се верува дека лавиринтот од тунели под Газа е најголемиот, најкомплексен и софистициран, со долги премини кои цик-цак се движат на различни длабочини под земјата под населените центри. Некои ја процениле нивната комбинирана должина на 240 до 480 километри,

Почвата во Газа е идеална за копање бунари што ја прави идеална и за тунели. Тунелите во Газа не се користат за цивили, тие се резервирани за Хамас.

The post Малку воздух многу кривини: Што ги чека Израелците во тунелите под Газа appeared first on Република.

]]>

Кога се спуштате надолу, брзо губите сметка за насоката и времето, велат експертите за тунелите на Хамас долж Газа. Тие се длабоки 20 метри и долги 1,6 километри. Воените експерти велат дека мрежата на подземни тунели на Хамас може да биде кошмар за израелските војници и предупредуваат да не се испраќаат во задушувачките, тесни премини, кои се со малку кислород, но полни со пресврти. Многу од високотехнолошките предности што ги ужива Израел над земја исчезнуваат кога војниците одат под земја.Очилата за ноќно гледање не работат, комуникацијата меѓу борците во тунелите е многу ограничена, а војниците мора да носат свои резерви на кислород, респиратори и хемиски маски.  
„Тоа е како да сте под вода“, вели пензионираниот американски генерал-полковник Марк Шварц, кој ја предводеше американската безбедносна координација во Израел и Палестина од 2019 до 2021 година.
Експертите велат дека војниците кои влегуваат во тунелите брзо може да се дезориентираат и да се зашеметат, а ходниците можат да станат толку тесни што е речиси невозможно да се сврти. По должината на северната граница со Либан, Хезболах користеше дупчалки со дијамантски врв за да ги исече премините во карпата. На јужната граница, каде Израел и Хамас се во војна, тунелите од Газа до Египет долго време се користат за шверц на стоки. Тунелите кон Израел беа користени за напади врз израелските населби. https://republika.mk/vesti/svet/dali-reshenieto-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-e-dve-drzhavi-za-dva-narodi/ Се верува дека лавиринтот од тунели под Газа е најголемиот, најкомплексен и софистициран, со долги премини кои цик-цак се движат на различни длабочини под земјата под населените центри. Некои ја процениле нивната комбинирана должина на 240 до 480 километри, Почвата во Газа е идеална за копање бунари што ја прави идеална и за тунели. Тунелите во Газа не се користат за цивили, тие се резервирани за Хамас.

The post Малку воздух многу кривини: Што ги чека Израелците во тунелите под Газа appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/krivichna-prijava-protiv-shest-litsa-za-kopane-tunel-do-vishiot-sud-vo-podgoritsa/ Fri, 22 Sep 2023 07:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=683995

Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени шест лица, меѓу кои има и државјани на Србија.

„Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени шест лица - М.М.(53), Ј.Д.(30), М.В.(32), В.Е.(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица“, рече Терзиќ.

Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.

„Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор“, рече Терзиќ.

Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ.

Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку девет лица, меѓу кои и една жена.

Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел.

Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември.

Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.

The post Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени шест лица, меѓу кои има и државјани на Србија.
„Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени шест лица - М.М.(53), Ј.Д.(30), М.В.(32), В.Е.(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица“, рече Терзиќ.
Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.
„Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор“, рече Терзиќ.
Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ. Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку девет лица, меѓу кои и една жена. Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел. Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември. Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.

The post Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Уапсена жената која им го изнајмила станот на копачите на тунелот https://republika.mk/vesti/balkan/uapsena-zhenata-koja-im-go-iznajmila-stanot-na-kopachite-na-tunelot/ Fri, 15 Sep 2023 09:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=682055

Црногорската полиција собира докази за идентификување на шестмина мажи осомничени дека учествувале во копање тунел од изнајмен стан до зградата на Високиот суд, како и за потерниците.

Како што пишуваат црногорските медиуми, бил изнајмен станот во подрумската зграда на улицата Његошева во Подгорица, од која криминалците по кои трага полицијата ископале тунел долг 30 метри што води до депото на Вишиот суд во Подгорица. од жена! Последователно беше утврдено дека на сопственикот на станот му покажала фалсификувани документи и објаснила „дека и треба затоа што сака да отвори салон за венчаници“.

2.800 евра биле однапред дадени за двомесечен закуп на ненаместен стан, во кој има две соби - пренесува порталот Либертас. Од депото на Вишиот суд во Подгорица, според неофицијалните информации на порталот Борба, украдени се три пиштоли кои биле докази во постапката против членови на кавачкиот клан за убиства извршени во 2015, 2016 и 2020 година.

The post Уапсена жената која им го изнајмила станот на копачите на тунелот appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција собира докази за идентификување на шестмина мажи осомничени дека учествувале во копање тунел од изнајмен стан до зградата на Високиот суд, како и за потерниците. Како што пишуваат црногорските медиуми, бил изнајмен станот во подрумската зграда на улицата Његошева во Подгорица, од која криминалците по кои трага полицијата ископале тунел долг 30 метри што води до депото на Вишиот суд во Подгорица. од жена! Последователно беше утврдено дека на сопственикот на станот му покажала фалсификувани документи и објаснила „дека и треба затоа што сака да отвори салон за венчаници“.
2.800 евра биле однапред дадени за двомесечен закуп на ненаместен стан, во кој има две соби - пренесува порталот Либертас. Од депото на Вишиот суд во Подгорица, според неофицијалните информации на порталот Борба, украдени се три пиштоли кои биле докази во постапката против членови на кавачкиот клан за убиства извршени во 2015, 2016 и 2020 година.

The post Уапсена жената која им го изнајмила станот на копачите на тунелот appeared first on Република.

]]>