свињи Archives - Република https://republika.mk/tema/svinji/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 12:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свињи Archives - Република https://republika.mk/tema/svinji/ 32 32 АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ahv-i-mvr-sprechija-nelegalen-promet-so-svini/ Thu, 11 Jul 2024 13:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=795859

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните.

Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.

The post АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи appeared first on Република.

]]>

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.  

The post АХВ и МВР спречија нелегален промет со свињи appeared first on Република.

]]>
Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи https://republika.mk/vesti/svet/vo-farma-vo-germanija-izgorea-iljadnitsi-svini/ Sun, 14 Apr 2024 09:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=765892

Илјадници животни загинаа во пожар во голем објект за товење свињи во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт во северно-централна Германија.

Пожарникарите првично соопштија дека во пожарот загинале околу 20.000 свињи. Портпаролот на компанијата подоцна изјави дека умреле 1.750 маторици и непознат број прасиња.

Според претставник на областа Салцведел, во регионот Алтмарк, вобичаено на една маторица доаѓале по околу осум прасиња.

Според информациите спасени се 5.200 маторици и 35.000 прасиња.

Во гаснењето на пожарот учестувале вкупно повеќе од 210 пожарникари, соопшти локалната окружна управа.

-Напорите за гаснење на пожарот најверојатно ќе продолжат во текот на викендот, изјави Инга Оте-Соненшајн, шефица на канцеларијата за правни работи.

Во пожарот, појасни таа, уништено е околу една третина од одгледувалиштето за свињи

The post Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи appeared first on Република.

]]>

Илјадници животни загинаа во пожар во голем објект за товење свињи во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт во северно-централна Германија. Пожарникарите првично соопштија дека во пожарот загинале околу 20.000 свињи. Портпаролот на компанијата подоцна изјави дека умреле 1.750 маторици и непознат број прасиња. Според претставник на областа Салцведел, во регионот Алтмарк, вобичаено на една маторица доаѓале по околу осум прасиња. Според информациите спасени се 5.200 маторици и 35.000 прасиња. Во гаснењето на пожарот учестувале вкупно повеќе од 210 пожарникари, соопшти локалната окружна управа. -Напорите за гаснење на пожарот најверојатно ќе продолжат во текот на викендот, изјави Инга Оте-Соненшајн, шефица на канцеларијата за правни работи. Во пожарот, појасни таа, уништено е околу една третина од одгледувалиштето за свињи

The post Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи appeared first on Република.

]]>
Во Албанија увоз на свинско месо од Македонија само со сертификат дека не е заразено со „африканската чума“ https://republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-uvoz-na-svinsko-meso-od-severna-makedonija-samo-so-sertifikat-deka-ne-e-zarazeno-so-afrikanskata-chuma/ Mon, 08 Jan 2024 15:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=730877

Албанија забрани увоз на свињи, месо и нивни производи од Македонија. Тоа е затоа што во соседната земја се откриени случаи на заразени со болеста „африканска чума“, јави Ора њуз.

Но, во случаите во кои со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз.

Одлуката ја донесе Министерството за земјоделство и рурален развој, на неопределено време.

The post Во Албанија увоз на свинско месо од Македонија само со сертификат дека не е заразено со „африканската чума“ appeared first on Република.

]]>

Албанија забрани увоз на свињи, месо и нивни производи од Македонија. Тоа е затоа што во соседната земја се откриени случаи на заразени со болеста „африканска чума“, јави Ора њуз. Но, во случаите во кои со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз. Одлуката ја донесе Министерството за земјоделство и рурален развој, на неопределено време.

The post Во Албанија увоз на свинско месо од Македонија само со сертификат дека не е заразено со „африканската чума“ appeared first on Република.

]]>
Цената на свинското покачена за 40 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-svinskoto-pokachena-za-40-denari/ Wed, 06 Sep 2023 13:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=679353

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна Cрбија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи

The post Цената на свинското покачена за 40 денари appeared first on Република.

]]>

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна Cрбија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.
Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.
Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото. Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи

The post Цената на свинското покачена за 40 денари appeared first on Република.

]]>
Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица https://republika.mk/vesti/ekonomija/potvrden-sluchaj-na-afrikanska-chuma-kaj-domashni-svini-vo-selo-petralitsa/ Tue, 20 Jun 2023 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=653442

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки.

Од АХЦ соопштија дека е донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.

Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија. Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат, информира АХВ.

Агенцијата најавува и дека ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.

Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар. Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите, наведува АХВ.

Агенцијата апелира, бидејќи е време на летни одмори, граѓаните да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо.

Африканската чума исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, не постои вакцина и може да му нанесе огромни штети во свињарството, потсетува АХВ.

The post Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица appeared first on Република.

]]>

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки. Од АХЦ соопштија дека е донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.
Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија. Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат, информира АХВ.
Агенцијата најавува и дека ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.
Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар. Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите, наведува АХВ.
Агенцијата апелира, бидејќи е време на летни одмори, граѓаните да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо.
Африканската чума исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, не постои вакцина и може да му нанесе огромни штети во свињарството, потсетува АХВ.

The post Потврден случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица appeared first on Република.

]]>
Свињарите на средба со АХВ, бараат решение за мерката за уништување на свињите https://republika.mk/vesti/ekonomija/svinarite-na-sredba-so-ahv-baraat-reshenie-za-merkata-za-unishtuvane-na-svinite/ Wed, 22 Mar 2023 18:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=622586

Производителите на свињи од поширокиот кумановски регион вечерва се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите не отстапуваат од барањата и велат дека нема заболени животни од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во кумановско сè уште важат мерките. Во останатите населени места во источниот дел од државата каде беа регистрирани првите случаи преземени се сите мерки и од страна на сточарите и од Агенцијата сите потребни мерки и таму состојбата е стабилна, мерките се укинати.
Во Кумановско, штом се завршат мерките во две населени места ќе се ослободат сите, изјави директорот на АХВ.

Укинувањето на мерките зависи од сточарите.

И на претходните средби истакнавме дека се работи според закон, добра волја никако на сила, никако со примена на репресивни мерки, вели Бабовски.

Тој кажа дека има добра војла кај сточарите, вети поддршка од Агенцијата, механизација, опрема, обесштетување од државата за одземените животни по пазарни цени. На прашање дали ќе се снабди локалниот пазарот со свинско месо пред Велигден, Бабовски вели дека државава е увозно единствено независна од свежо свинско месо.

Тука учествуваат и помалите производители и големите фарми, изјави Бабовски.

Сточарите, пак, велат дека ниту една свиња во месностите Љубодраг, Ново Село Умин Дол не угинала веќе шест месеци, а во Тромеѓа три месеци.

Претседателот и потпретседателот на Љубодраг и на Тромеѓа, Бобан Лазиќ и Владан Станојковски кажа дека ќе бараат решенијата за уништување на свињи.

Нема долг период ниту една угината свиња, ниту заболена. Немаат ниту соработка со ветеринарен центар. Ако ни се одобрат барањата ништо, но ако продолжат ќе поведе правна постапка против Агенцијата и ќе продолжиме со протести, велат Лазиќ и Станојковски.

Тие се пожалија дека ќе нема свинско месо за Велигден.

Производителите на свињи во неколку наврати ги блокираат регионалните патишта Куманово-Скопје (стар пат) и Куманово-Свети Николе. На средбата присуствуваат и пратениците Лидија Тасевска, Мартин Костовски и Мирослав Јовановиќ.

The post Свињарите на средба со АХВ, бараат решение за мерката за уништување на свињите appeared first on Република.

]]>

Производителите на свињи од поширокиот кумановски регион вечерва се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите не отстапуваат од барањата и велат дека нема заболени животни од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во кумановско сè уште важат мерките. Во останатите населени места во источниот дел од државата каде беа регистрирани првите случаи преземени се сите мерки и од страна на сточарите и од Агенцијата сите потребни мерки и таму состојбата е стабилна, мерките се укинати. Во Кумановско, штом се завршат мерките во две населени места ќе се ослободат сите, изјави директорот на АХВ. Укинувањето на мерките зависи од сточарите.
И на претходните средби истакнавме дека се работи според закон, добра волја никако на сила, никако со примена на репресивни мерки, вели Бабовски.
Тој кажа дека има добра војла кај сточарите, вети поддршка од Агенцијата, механизација, опрема, обесштетување од државата за одземените животни по пазарни цени. На прашање дали ќе се снабди локалниот пазарот со свинско месо пред Велигден, Бабовски вели дека државава е увозно единствено независна од свежо свинско месо.
Тука учествуваат и помалите производители и големите фарми, изјави Бабовски.
Сточарите, пак, велат дека ниту една свиња во месностите Љубодраг, Ново Село Умин Дол не угинала веќе шест месеци, а во Тромеѓа три месеци. Претседателот и потпретседателот на Љубодраг и на Тромеѓа, Бобан Лазиќ и Владан Станојковски кажа дека ќе бараат решенијата за уништување на свињи.
Нема долг период ниту една угината свиња, ниту заболена. Немаат ниту соработка со ветеринарен центар. Ако ни се одобрат барањата ништо, но ако продолжат ќе поведе правна постапка против Агенцијата и ќе продолжиме со протести, велат Лазиќ и Станојковски.
Тие се пожалија дека ќе нема свинско месо за Велигден. Производителите на свињи во неколку наврати ги блокираат регионалните патишта Куманово-Скопје (стар пат) и Куманово-Свети Николе. На средбата присуствуваат и пратениците Лидија Тасевска, Мартин Костовски и Мирослав Јовановиќ.

The post Свињарите на средба со АХВ, бараат решение за мерката за уништување на свињите appeared first on Република.

]]>
Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/malite-odgleduvachi-na-svini-vo-kochansko-ne-znaat-koga-povtorno-ke-mozhat-da-chuvaat-zhivotni-poradi-afrikanskata-chuma/ Sun, 26 Feb 2023 16:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=613384

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болеста африканска чума.

Загрижени се што по повеќе од половина година откако беа преземени ветеринарно-санитарните мерки поради неколку заболени животни, во селата во општина Чешиново-Облешево беше направена сериозна депопулација на домашните свињи.

-Живееме на село, а не можеме да произведуваме месо за сопствени потреби, туку мораме да го купуваме во градските месарници и супермаркети. Наместо да произведуваме наша, поевтина храна, не ни е дозволено, а не знаеме зошто иако сега нема епидемија, нема ништо. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сè уште немаме добиено повратна информација дали и кога повторно ќе можеме да чуваме свињи, истакна Здравко Арсов од Облешево.

Одгледувачите стравуваат дека чувањето свињи за сопствени потреби може да стане минато ако продолжат ригорозните здравствени мерки.

-Новите мерки, правени по европски терк, во нашата земја ќе доведат до искоренување на семејното одгледување на една до две свињи. Мислам дека нема да може секој да чува, туку ќе им биде дозволено само на одредени фарми. Ќе бидеме принудени да се откажеме од домашното свињарство и воопшто да не произведуваме свинско месо за свои потреби, истакна Тони Максимов од Облешево.

Сточарите нагласуваат дека скоро 90 отсто од големите и мали одгледувачи на свињи се веќе обештетени, откако заболените и ризичните животни им беа одземени и уништени. Во меѓувреме, затворен остана сточниот пазар во Облешево кој е еден до најголемите во источниот регион на државата.

Африканската свинска чума предизвика сериозни економски штети што допрва треба да се утврдат, а проценките се дека поради ширењето на болеста беа уништени околу 3.500 свињи во целата држава.

The post Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума appeared first on Република.

]]>

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болеста африканска чума. Загрижени се што по повеќе од половина година откако беа преземени ветеринарно-санитарните мерки поради неколку заболени животни, во селата во општина Чешиново-Облешево беше направена сериозна депопулација на домашните свињи. -Живееме на село, а не можеме да произведуваме месо за сопствени потреби, туку мораме да го купуваме во градските месарници и супермаркети. Наместо да произведуваме наша, поевтина храна, не ни е дозволено, а не знаеме зошто иако сега нема епидемија, нема ништо. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сè уште немаме добиено повратна информација дали и кога повторно ќе можеме да чуваме свињи, истакна Здравко Арсов од Облешево. Одгледувачите стравуваат дека чувањето свињи за сопствени потреби може да стане минато ако продолжат ригорозните здравствени мерки. -Новите мерки, правени по европски терк, во нашата земја ќе доведат до искоренување на семејното одгледување на една до две свињи. Мислам дека нема да може секој да чува, туку ќе им биде дозволено само на одредени фарми. Ќе бидеме принудени да се откажеме од домашното свињарство и воопшто да не произведуваме свинско месо за свои потреби, истакна Тони Максимов од Облешево. Сточарите нагласуваат дека скоро 90 отсто од големите и мали одгледувачи на свињи се веќе обештетени, откако заболените и ризичните животни им беа одземени и уништени. Во меѓувреме, затворен остана сточниот пазар во Облешево кој е еден до најголемите во источниот регион на државата. Африканската свинска чума предизвика сериозни економски штети што допрва треба да се утврдат, а проценките се дека поради ширењето на болеста беа уништени околу 3.500 свињи во целата држава.

The post Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума appeared first on Република.

]]>
Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата https://republika.mk/vesti/svet/najgolemiot-evropski-proizvoditel-na-svinsko-meso-najavuva-masovni-otkazi-poradi-krizata/ Fri, 16 Sep 2022 11:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=551388

Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска.

Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни.

Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.

Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци - појаснуваат од данската компанија.

Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.

Ситуацијата драматично се промени - предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.

The post Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата appeared first on Република.

]]>

Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска. Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни. Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.
Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци - појаснуваат од данската компанија.
Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.
Ситуацијата драматично се промени - предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.

The post Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата appeared first on Република.

]]>
Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/bolesta-ja-ima-vo-vinichko-i-kochansko-odgleduvachi-na-svinji-vo-shtipsko-prezemaat-merki-za-zashtita-od-afrikanskata-chuma/ Wed, 10 Aug 2022 15:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=538809

Случајот со африканска свинска чума во кочанско ги стави на „готовс“ и одгледувачите на свињи во штипско.

Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.

Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство - вели Сарафимов.

Тој посочува дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки со цел вирусот да не влезе во фармите.

Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена - велат одгледувачите на свињи.

Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека

The post Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума appeared first on Република.

]]>

Случајот со африканска свинска чума во кочанско ги стави на „готовс“ и одгледувачите на свињи во штипско. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.
Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство - вели Сарафимов.
Тој посочува дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки со цел вирусот да не влезе во фармите.
Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена - велат одгледувачите на свињи.
Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека

The post Болеста ја има во Виничко и Кочанско: Одгледувачи на свињи во Штипско преземаат мерки за заштита од африканската чума appeared first on Република.

]]>
Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите https://republika.mk/vesti/potvrden-nov-sluchaj-na-bolesta-afrikanska-chuma-kaj-svinjite/ Wed, 27 Jul 2022 07:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=533653

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица.

По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот - вели Николче Бабовски директор на АХВ.

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија ), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Република Македонија. За појавата на ново жариште на болеста африканска чума кај свињите, заклучува Бабовски, АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

The post Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите appeared first on Република.

Ќе се даваат по 1.500 денари по грло за гоеници, субвенција од 3.000 денари по маторица како и оглас за сточари https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-se-davaat-po-1-500-denari-po-grlo-za-goenici-subvencija-od-3-000-denari-po-matorica-kako-i-oglas-za-stochari/ Fri, 04 Mar 2022 15:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=467880

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржа состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи и Асоцијацијата на земјоделци, на којшто се разговараше за потребата од донесување на нови мерки за поддршка на свињарството и за одржување на домашното производство на свинско месо, поради зголемување на цените на добитична храна и падот на цените по заклано грло.

Министерот Николовски изјави дека заеднички со сточарите е договорено преку планираната Програма за интервентен фонд да се обезбеди дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април.

„Оваа мерка е по барање на сточарите и се воведува поради падот на цените по заклано грло и покачување на цената на добиточна храна, а со цел да ги анулираме трошоците на сточарите, и да имаме одржливо производство на домашно свинско месо.  Дополнително, на состанокот се договоривме и за воведување на нова мерка во годинешната Програма за финансиска поддршка, односно нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми. Овие две мерки се дополнителен стимул за развој на свињарството во износ од скоро два милиони евра, со кои  покажуваме вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство“,изјави министерот Николовски.

Претставниците на земјоделските здруженија изразија задоволството од најавените нови мерки и изразија благодарност до министерот Николовски и Владата за грижата што ја покажуваат кон свињарството како сточарска гранка. Благодарение на оваа мерка, изјавија дека нема да има зголемување на цените на свинско месо на домашниот пазар кој целосно се задоволува од домашно производство.

Дополнително министерот Николовски посочи, дека веќе се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари.

The post Ќе се даваат по 1.500 денари по грло за гоеници, субвенција од 3.000 денари по маторица како и оглас за сточари appeared first on Република.

Направи сланина и сомле месо: Орбан на традиционално колење свињи https://republika.mk/vesti/svet/napravi-slanina-i-someli-meso-orban-na-tradicionalno-kolenje-na-svinji/ Tue, 18 Jan 2022 17:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=446471

Унгарскиот премиер Виктор Орбан учествуваше на традиционалниот настан на колење на свињи во селото Етемеш. Традицијата почнува со поздрав со домаќините и наздравување со ракија, по што главниот мајстор Орбан почна да ја подготвува свињата за колење. Како што пишуваат унгарските медиуми, потоа тој професионално ја отстранил косата од животното со плински горилник, по што заедно со месарите започнал со расекување. На крај Орбан бил дел и од процесот на одвојување на сланината и мелењето на месото.

The post Направи сланина и сомле месо: Орбан на традиционално колење свињи appeared first on Република.

Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-neodgovorniosta-na-vlasta-predizvika-izbuvnuvanje-na-svinskata-chuma-vo-makedonija/ Fri, 14 Jan 2022 11:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=444547

Претседателот на Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира дека власта е неодговорна и на ризик го ставила целиот фонд на свињи во Република Македонија.

Трипуновски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ апелира за ризикот од ширењето на Африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо, што доведе до ситуација на ширење на заразата во земјава.

Активно ја следиме ситуацијата со појавата на Африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.

Дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?

АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?

Зошто дозволија во пограничните места да имаме свињи кои се шетаат на отворено и одгледувалишта на свињи со висок степен на ризик и ниски биосигурносни мерки како што е случајот во с. Драмче, делчевско?

Три години од појавата и потврдата на болеста во соседна Бугарија не им беа доволно на ветеринарните власти заедно со Владата соодветно да се подготват. Институциите знаеја дека оваа опасна болест чука на врата и не преземаа ништо.

Еве го односот на власта. Ова позади мене е Николче Бабовски, директор на АХВ, кој зборува ситуацијата е под контрола, а позади него на депонија слободно му се шета свиња.

Ваков неодговорен однос кон свињарство не е забележан повеќе од 30 години во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а се со цел заштита на свињарството.

Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување на свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен. За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија.

Уште еднаш апелираме болеста Африканска чума кај свињите е присутна во Република Македонија, одговорните институции максимално да ги зајакнат своите капацитети, вирусот да го ограничат на веќе зафатените региони, се со цел да ги заштитиме големите свињарски фарми во Република Македонија и воопшто свињарството, кое веќе и во моментов трпи економски штети - вели Трипуновски.

https://www.youtube.com/watch?v=evJOrUpQKkI&feature=youtu.be

The post Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, реагира дека власта е неодговорна и на ризик го ставила целиот фонд на свињи во Република Македонија. Трипуновски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ апелира за ризикот од ширењето на Африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо, што доведе до ситуација на ширење на заразата во земјава.
Активно ја следиме ситуацијата со појавата на Африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.   Дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?   АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?   Зошто дозволија во пограничните места да имаме свињи кои се шетаат на отворено и одгледувалишта на свињи со висок степен на ризик и ниски биосигурносни мерки како што е случајот во с. Драмче, делчевско?   Три години од појавата и потврдата на болеста во соседна Бугарија не им беа доволно на ветеринарните власти заедно со Владата соодветно да се подготват. Институциите знаеја дека оваа опасна болест чука на врата и не преземаа ништо.   Еве го односот на власта. Ова позади мене е Николче Бабовски, директор на АХВ, кој зборува ситуацијата е под контрола, а позади него на депонија слободно му се шета свиња.   Ваков неодговорен однос кон свињарство не е забележан повеќе од 30 години во Република Македонија.   ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а се со цел заштита на свињарството.   Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување на свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен. За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија.   Уште еднаш апелираме болеста Африканска чума кај свињите е присутна во Република Македонија, одговорните институции максимално да ги зајакнат своите капацитети, вирусот да го ограничат на веќе зафатените региони, се со цел да ги заштитиме големите свињарски фарми во Република Македонија и воопшто свињарството, кое веќе и во моментов трпи економски штети - вели Трипуновски.
https://www.youtube.com/watch?v=evJOrUpQKkI&feature=youtu.be

The post Трипуновски: Неодговорноста на власта предизвика избувнување на свинската чума во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-delchevskiot-region-unishteni-195-domashni-svinji-poradi-afrikanska-chuma-vo-opasnost-se-741-zivotno/ Thu, 13 Jan 2022 15:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=444253

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска се уништени вкупно 195 домашни свињи.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, информира дека со таквата акција, на споменатиот простор повеќе нема ниту една жива свиња.

Направена е депопулација, по што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде што се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот - истакна Бабовски.

Тој соопшти дека во наредните денови ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде што не може да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.

Нешто слично како и со Ковид-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход - вели тој.

На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење.

Бабовски додава дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата.

Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање.

Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо вели дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.

Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет - додава Атанасов.

Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурноста.

Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане - изјави Ѓоргиевски.

Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација.

Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

The post Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно appeared first on Република.

]]>

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска се уништени вкупно 195 домашни свињи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, информира дека со таквата акција, на споменатиот простор повеќе нема ниту една жива свиња.
Направена е депопулација, по што лешовите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде што се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот - истакна Бабовски.
Тој соопшти дека во наредните денови ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде што не може да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.
Нешто слично како и со Ковид-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход - вели тој.
На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење. Бабовски додава дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата. Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање. Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо вели дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.
Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет - додава Атанасов.
Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурноста.
Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане - изјави Ѓоргиевски.
Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов се задоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација. Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

The post Во делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи, поради африканска чума во опасност се 741 животно appeared first on Република.

]]>
Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/farmerite-kje-bidat-obeshteteni-za-afrikanskata-svinska-chuma/ Tue, 11 Jan 2022 18:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=443324

Евтаназија и за свињите на 10 километери од утврдените жаришта со афиканска свинска чума. Само за разлика од оние што се наоѓаат во непосредна близина здравите животни нема да завршат во специјално определниот простор на градската депонија во Делчево, туку во кланица.

Таму ќе оди свинскиот фонд од околу 1000 свињи од општините Делчево и Македонска Каменица. Фармерите чии животни ќе завршат на депонија ќе бидат обештетени од државата. Од институциите апелираат тие да бидат совесни за да се запре ширењето на болеста.

Агенцијата за храна и ветринарство се уште ги чека анализите од референтната ЕУ лабараторија за причинтелот на заразата. Сомнежот е дека станува збор за дива свиња, но мора да постои лабараториска потврда бидејќи болеста за прв пат се појавува во државата.

Дивата свиња е најчест преносител на африканската свинска чума, бидејќи овие животни лесно се движат во просторот, а заболувањето иако не во епидемиски размери се уште е присутно кај нашиот источен сосед. Засега само Црна гора од земјите во регионот поради африканската свинска чума забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи од Македонија и некои делови на Србија.

The post Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Евтаназија и за свињите на 10 километери од утврдените жаришта со афиканска свинска чума. Само за разлика од оние што се наоѓаат во непосредна близина здравите животни нема да завршат во специјално определниот простор на градската депонија во Делчево, туку во кланица. Таму ќе оди свинскиот фонд од околу 1000 свињи од општините Делчево и Македонска Каменица. Фармерите чии животни ќе завршат на депонија ќе бидат обештетени од државата. Од институциите апелираат тие да бидат совесни за да се запре ширењето на болеста. Агенцијата за храна и ветринарство се уште ги чека анализите од референтната ЕУ лабараторија за причинтелот на заразата. Сомнежот е дека станува збор за дива свиња, но мора да постои лабараториска потврда бидејќи болеста за прв пат се појавува во државата. Дивата свиња е најчест преносител на африканската свинска чума, бидејќи овие животни лесно се движат во просторот, а заболувањето иако не во епидемиски размери се уште е присутно кај нашиот источен сосед. Засега само Црна гора од земјите во регионот поради африканската свинска чума забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи од Македонија и некои делови на Србија.

The post Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>