Случајот со африканска свинска чума во кочанско ги стави на „готовс“ и одгледувачите на свињи во штипско.

Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сaрафимов истакнува дека се преземаат мерки за претпазливост за болеста да не се шири.

Веќе слушаме дека има африканска чума во Виничко, Кочанско. Како велат старите „ако игра мечката во соседи ќе може да заигра и кај нас“. Ние поголемите фарми имаме биосигурносни мерки, мислиме дка ги задоволуваме, внимаваме, па ќе видиме. Ситуацијата ја следи Агенцијата за храна и ветеринарство – вели Сарафимов.

Тој посочува дека сите големи одгледувачи на свињи преземаат дополнителни мерки со цел вирусот да не влезе во фармите.

Доколку не се спречи ширењето на африканската чума ќе бидеме зависни од увоз на свинско месо, а со тоа цената на истото драстично ќе биде зголемена – велат одгледувачите на свињи.

Африканската свинска чума се појави во јануари 2022 година во планинското село Драмче, Општина Делчево, пред неколку дена во селото Моштица во Македонска Каменица, а од вчера и во две одгледувалишта во кочанските села Тркање и Пресека

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.