странски платеници Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-platenici/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 15:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски платеници Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-platenici/ 32 32 Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници https://republika.mk/vesti/svet/teshko-ranet-germanski-platenik-ukrainskite-sili-strelaa-zarobeni-ruski-vojnitsi/ Fri, 05 May 2023 15:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=636873

Тешко ранет платеник од Германија, вратен од Украина, раскажува дека украинските вооружени сили пукале во немоќни руски воени заробеници.

Јонас Кразенберг напиша книга за неговото учество во војната во Украина, во којашто зборува за заробувањето на тројца руски борци и еден цивил, кои подоцна беа застрелани од украинската армија.

„Тоа беше срање“. Од чисто човечка гледна точка, тоа е валкано“, Кразенберг го искажува своето мислење за воените злосторства на украинските сили во интервју за порталот „Т-Онлајн“.

Германецот вели и дека раководните луѓе во „Меѓународната легија“ се однесувале лошо со борците, плаќала малку или воопшто не плаќала пари. Тој зборува и за корупција во редовите на вооружените сили на Украина и вели дека требало порано да ја напушти легијата.

Украинците ги користат странците како топовско месо“, вели Кразенберг.

Платеникот ја напуштил Украина откако бил тешко повреден за време на напад со руски дрон. тој се уште ги чувствува последиците од нападот, со оглед на тѕоа што докторите сè уште не успеале да ги извадат сите шрапнели од неговото тело, вклучително и во главата, рацете и нозете.

The post Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници appeared first on Република.

]]>

Тешко ранет платеник од Германија, вратен од Украина, раскажува дека украинските вооружени сили пукале во немоќни руски воени заробеници. Јонас Кразенберг напиша книга за неговото учество во војната во Украина, во којашто зборува за заробувањето на тројца руски борци и еден цивил, кои подоцна беа застрелани од украинската армија.
„Тоа беше срање“. Од чисто човечка гледна точка, тоа е валкано“, Кразенберг го искажува своето мислење за воените злосторства на украинските сили во интервју за порталот „Т-Онлајн“.
Германецот вели и дека раководните луѓе во „Меѓународната легија“ се однесувале лошо со борците, плаќала малку или воопшто не плаќала пари. Тој зборува и за корупција во редовите на вооружените сили на Украина и вели дека требало порано да ја напушти легијата.
Украинците ги користат странците како топовско месо“, вели Кразенберг.
Платеникот ја напуштил Украина откако бил тешко повреден за време на напад со руски дрон. тој се уште ги чувствува последиците од нападот, со оглед на тѕоа што докторите сè уште не успеале да ги извадат сите шрапнели од неговото тело, вклучително и во главата, рацете и нозете.

The post Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници appeared first on Република.

]]>
Руските сили во Бахмут пронашле обезглавени тела на странски платеници https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-vo-bahmut-pronashle-obezglaveni-tela-na-stranski-platenitsi/ Mon, 30 Jan 2023 10:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=602554

Основачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, објави дека руските сили во Артемовск (украинско име - Бахмут) биле откриени обезглавени тела на странски платеници.

Единиците на „Вагнер“ во Бахмут пронајдоа тела со отсечени глави и раце. Пронајдени се и телефони и други информации дека овие тела припаѓаат на платеници, кои непријателот не можел да ги извлече поради жестоките борби. На овој начин се обиделе да го сокријат нивниот идентитет, но заедно со телата се пронајдени и електронски уреди, кои го овозмужуваат тоа“, информира Пригожин.

Според неговите зборови, „сите органи и други докази наскоро ќе бидат предадени на истражните органи за понатамошно постапување и одлучување“.

The post Руските сили во Бахмут пронашле обезглавени тела на странски платеници appeared first on Република.

Шведска загрижена за своите платеници во Украина: Рускиот амбасадор повикан на разговор во МНР https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-zagrizena-za-svoite-platenici-vo-ukraina-ruskiot-ambasador-povikan-na-razgovor-vo-mnr/ Tue, 02 Aug 2022 17:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=536077

Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, бил повикан на разговор во шведското министерство за надворешни работи.

Можеме да потврдиме дека Министерството за надворешни работи го покани амбасадорот на разговор, но деталите од разговорот не можеме да ги коментираме - потврдува за ТАСС извор од Амбасадата.

Весникот „Дагенс Нихетер“ претходно објави дека парламентарните партии побарале амбасадорот да биде викнат во Министерството за надворешни работи во врска со коментарот за смртта на 28-годишниот шведски државјанин кој учествувал во борбите во Украина на страната на украинските сили.

Шведското МНР прво соопшти дека нема такви планови, но потоа потврди дека планира да покани претставник на руската амбасада на разговор.

Во коментарот објавен на Фејсбук на 25 јули, руската амбасада во Шведска изрази жалење што медиумите во Кралството, во своите извештаи, се обидуваат да изградат позитивна и високо морална слика за тој обичен платеник.

Руската амбасада истакна дека фактот што тој како странец се приклучил на украинската армија, која осум години се бори против цивили во Донбас, го прави криминалец според меѓународното право.

Руските дипломати предупредија дека на шведските државјани кои остануваат во украинските вооружени сили најверојатно ќе им се суди во Оњецката и Луганската Народна Република, каде што нема да се двоумат да осудат кој било платеник на долги затворски казни, па дури и смрт.

Медиумите во Шведска на 19 јули објавија дека 28-годишен шведски државјанин, кој претходно служел во кралските воздухопловни сили во Упсала, загинал во близина на Харков.

Според непотврдени извештаи, неколку стотици Швеѓани заминале во Украина за да учествуваат во борбени операции на страна на украинските сили.

The post Шведска загрижена за своите платеници во Украина: Рускиот амбасадор повикан на разговор во МНР appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, бил повикан на разговор во шведското министерство за надворешни работи.
Можеме да потврдиме дека Министерството за надворешни работи го покани амбасадорот на разговор, но деталите од разговорот не можеме да ги коментираме - потврдува за ТАСС извор од Амбасадата.
Весникот „Дагенс Нихетер“ претходно објави дека парламентарните партии побарале амбасадорот да биде викнат во Министерството за надворешни работи во врска со коментарот за смртта на 28-годишниот шведски државјанин кој учествувал во борбите во Украина на страната на украинските сили. Шведското МНР прво соопшти дека нема такви планови, но потоа потврди дека планира да покани претставник на руската амбасада на разговор. Во коментарот објавен на Фејсбук на 25 јули, руската амбасада во Шведска изрази жалење што медиумите во Кралството, во своите извештаи, се обидуваат да изградат позитивна и високо морална слика за тој обичен платеник. Руската амбасада истакна дека фактот што тој како странец се приклучил на украинската армија, која осум години се бори против цивили во Донбас, го прави криминалец според меѓународното право. Руските дипломати предупредија дека на шведските државјани кои остануваат во украинските вооружени сили најверојатно ќе им се суди во Оњецката и Луганската Народна Република, каде што нема да се двоумат да осудат кој било платеник на долги затворски казни, па дури и смрт. Медиумите во Шведска на 19 јули објавија дека 28-годишен шведски државјанин, кој претходно служел во кралските воздухопловни сили во Упсала, загинал во близина на Харков. Според непотврдени извештаи, неколку стотици Швеѓани заминале во Украина за да учествуваат во борбени операции на страна на украинските сили.

The post Шведска загрижена за своите платеници во Украина: Рускиот амбасадор повикан на разговор во МНР appeared first on Република.

]]>
Странските платеници во Украина бараат дополнително тешко оружје за борба против руската артилерија https://republika.mk/vesti/svet/stranskite-platenici-vo-ukraina-baraat-dopolnitelno-teshko-oruzje-za-borba-protiv-ruskata-artilerija/ Mon, 11 Jul 2022 18:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=527151

Портпаролот на Украинската меѓународна легија, Демиен Магру, изјави дека руската артилерија ја надминува украинската во однос осум спрема еден, што ја става Украина во подредена положба.

Магру, кој е портпарол на организацијата која обединува странски државјани, на брифинг во Киев изјави дека јазот може да се премости доколку Западот испрати повеќе тешко оружје во Украина.

Влегуваме во фаза на војната кога силно се чувствува нашата подредена позиција во однос на руските сили во врска со тешкото вооружување - изјави Магру.

Тој додаде дека на бојното поле може да се види ефикасноста на повеќецевните фрлачи M142 ХИМАРС испорачани од САД.

Тој исто така изрази загриженост за судбината на странските борци приведени во Доњецката Народна Република (ДНР) во источна Украина.

Судит во ДНР осуди на смрт тројца заробени странски државјани кои се бореле во украинските вооружени сили.

The post Странските платеници во Украина бараат дополнително тешко оружје за борба против руската артилерија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Украинската меѓународна легија, Демиен Магру, изјави дека руската артилерија ја надминува украинската во однос осум спрема еден, што ја става Украина во подредена положба. Магру, кој е портпарол на организацијата која обединува странски државјани, на брифинг во Киев изјави дека јазот може да се премости доколку Западот испрати повеќе тешко оружје во Украина.
Влегуваме во фаза на војната кога силно се чувствува нашата подредена позиција во однос на руските сили во врска со тешкото вооружување - изјави Магру.
Тој додаде дека на бојното поле може да се види ефикасноста на повеќецевните фрлачи M142 ХИМАРС испорачани од САД. Тој исто така изрази загриженост за судбината на странските борци приведени во Доњецката Народна Република (ДНР) во источна Украина. Судит во ДНР осуди на смрт тројца заробени странски државјани кои се бореле во украинските вооружени сили.

The post Странските платеници во Украина бараат дополнително тешко оружје за борба против руската артилерија appeared first on Република.

]]>
„Би-Би-Си“ влезе во тајна база на странските платеници во Украина: Ги има 20.000 од повеќе од 50 земји https://republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-vleze-vo-tajna-baza-na-stranskite-platenici-vo-ukraina-gi-ima-20-000-od-povekje-od-50-zemji/ Sun, 26 Jun 2022 15:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=519938

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во Украина, објави „Би-Би-Си“.

Извештајот е направен од дописничката на британскиот медиум, Олга Малчевска, која добила пристап до една од тајните бази за обука на Меѓународната легија во источна Украина.

Во извештајот се наведува дека странските борци потпишале официјални договори.

Како што се вели во извештајот, двајца британски војници загинале во конфликтот, но доаѓаат нови борци да се борат на страната на украинските сили.

Новинарката, од разговорот со нив, заклучува дека сите тие имаат различни мотиви да се борат против Русија.

Не е само поради Украина, туку и поради Тајван. Дојдов тука за независност и слобода - вели еден од странските борци.

Деил МекГи престојува во Украина неколку месеци, јавува „Би-би-си“. Пред да се приклучи кон украинската армија, неколку години бил во служба на британската војска.

Работев со татко ми и одеднаш се свртев кон него и му реков: „Тато јас ќе заминам“. Веројатно сите што се тука размислуваат за можноста за смртта. Лично дојдов да помогнам, па ако умрам, тоа е тоа - вели тој.

Руското Министерство за одбрана неодамна објави список на странски платеници кои се борат во Украина.

Според руските информации, во Украина стигнале и 204 „платеници“ од Хрватска, од кои 74 загинале, 167 од БиХ, од кои 51 загинале, 46 си заминале. Од Косово пристигнале 156 лица, од кои загинале 61, а од Албанија 150, од кои 42 загинале.

The post „Би-Би-Си“ влезе во тајна база на странските платеници во Украина: Ги има 20.000 од повеќе од 50 земји appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во Украина, објави „Би-Би-Си“. Извештајот е направен од дописничката на британскиот медиум, Олга Малчевска, која добила пристап до една од тајните бази за обука на Меѓународната легија во источна Украина. Во извештајот се наведува дека странските борци потпишале официјални договори. Како што се вели во извештајот, двајца британски војници загинале во конфликтот, но доаѓаат нови борци да се борат на страната на украинските сили. Новинарката, од разговорот со нив, заклучува дека сите тие имаат различни мотиви да се борат против Русија.
Не е само поради Украина, туку и поради Тајван. Дојдов тука за независност и слобода - вели еден од странските борци.
Деил МекГи престојува во Украина неколку месеци, јавува „Би-би-си“. Пред да се приклучи кон украинската армија, неколку години бил во служба на британската војска.
Работев со татко ми и одеднаш се свртев кон него и му реков: „Тато јас ќе заминам“. Веројатно сите што се тука размислуваат за можноста за смртта. Лично дојдов да помогнам, па ако умрам, тоа е тоа - вели тој.
Руското Министерство за одбрана неодамна објави список на странски платеници кои се борат во Украина. Според руските информации, во Украина стигнале и 204 „платеници“ од Хрватска, од кои 74 загинале, 167 од БиХ, од кои 51 загинале, 46 си заминале. Од Косово пристигнале 156 лица, од кои загинале 61, а од Албанија 150, од кои 42 загинале.

The post „Би-Би-Си“ влезе во тајна база на странските платеници во Украина: Ги има 20.000 од повеќе од 50 земји appeared first on Република.

]]>
Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-prvpat-zarobile-dvajca-amerikanski-borci-vo-ukraina/ Wed, 15 Jun 2022 18:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=515700

Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“. Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната.

Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивни соборци.

За потсетување, судот на проруската Доњецка Народна Република неодамна осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец заробени во Мариупол.

„Телеграф“ пишува дека заробувањето на двајцата Американци во Украина ќе биде дипломатски чувствително прашање, затоа што Кремљ би можел да се обиде да го искористи овој настан како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Рускиот претседател, Владимир Путин, најверојатно ќе побара големи отстапки за да ги ослободи, пишува британскиот весник.

Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговарал со „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рекол дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.

Бевме на мисија и одеднаш настана вистинска лудница. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе напаѓаат. Тие дојдоа по патот со два тенка Т-72, повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што ние имавме таму беше нашата единица од околу десетина луѓе.

Зазедовме одбранбена позиција, а Друеке и Хајн истрелаа ракета кон руско возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука граната во нивна насока - посочил соборецот на заробените Американци.

Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Сепак, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека се заробени од руски војници.

Се сомневаме дека биле онесвестени или од противтенковската мина или од истрелот упатен од тенкот во нивна насока. Подоцна неколку пати ги баравме, но не ги најдовме - изјавил нивниот соборец.

„Потоа подигнавме и дронови, но не најдовме ништо. Ако беа погодени од тенковската граната, ќе најдевме остатоци од нивните тела или опрема“, додал тој.

Сомнежите на Украинците подоцна беа потврдени кога на руски канал на „Телеграм“ се појави порака дека двајца Американци се заробени во близина на Харков.

„Би било преголема коинциденција тоа да беше случајно. Тие беа единствените Американци во оваа област“, ​​вели нивниот соборец.

The post Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина appeared first on Република.

]]>

Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“. Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната. Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивни соборци. За потсетување, судот на проруската Доњецка Народна Република неодамна осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец заробени во Мариупол. „Телеграф“ пишува дека заробувањето на двајцата Американци во Украина ќе биде дипломатски чувствително прашање, затоа што Кремљ би можел да се обиде да го искористи овој настан како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Рускиот претседател, Владимир Путин, најверојатно ќе побара големи отстапки за да ги ослободи, пишува британскиот весник. Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговарал со „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рекол дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.
Бевме на мисија и одеднаш настана вистинска лудница. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе напаѓаат. Тие дојдоа по патот со два тенка Т-72, повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што ние имавме таму беше нашата единица од околу десетина луѓе.   Зазедовме одбранбена позиција, а Друеке и Хајн истрелаа ракета кон руско возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука граната во нивна насока - посочил соборецот на заробените Американци.
Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Сепак, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека се заробени од руски војници.
Се сомневаме дека биле онесвестени или од противтенковската мина или од истрелот упатен од тенкот во нивна насока. Подоцна неколку пати ги баравме, но не ги најдовме - изјавил нивниот соборец.
„Потоа подигнавме и дронови, но не најдовме ништо. Ако беа погодени од тенковската граната, ќе најдевме остатоци од нивните тела или опрема“, додал тој. Сомнежите на Украинците подоцна беа потврдени кога на руски канал на „Телеграм“ се појави порака дека двајца Американци се заробени во близина на Харков. „Би било преголема коинциденција тоа да беше случајно. Тие беа единствените Американци во оваа област“, ​​вели нивниот соборец.

The post Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина appeared first on Република.

]]>
Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници https://republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-vojuvaat-okolu-3-000-britanski-vojnici/ Wed, 15 Jun 2022 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=515394

Грузискиот командант, Мамука Мамулашвили, кој ги надгледува операциите во кои се вклучени странските борци во Украина, вели дека во земјата има околу 20.000 странци кои се борат против руските сили.

Мамуашвили е командант на Грузиската легија, воена единица под украинска команда, која сочинува најголем дел од странските борци во Украина. Британските војници ја сочинуваат втората по големина странска група, додека Американците се на трето место, пишува „Индипендент“.

Мамуашвили, кој ја основаше единицата кога почнаа конфликтите во источна Украина во 2014 година, за „Скај њуз“ вели дека околу 70 до 80 отсто од странските борци во Украина првично минувале низ неговата единица. Но, повеќето се преместуваат во Меѓународната легија бидејќи тој бара повеќе борбено искуство.

Лондон официјално не објави колку Британци се борат во Украина, а не е јасно дали Украина ја евидентира националноста на странските регрути.

Според официјални потврди, во досегашниот тек на војната, двајца британски државјани загинаа во Украина. Џордан Гетли (24) е застрелан во Северодонецк. Кон крајот на април, друг британски државјанин, Скот Сибли, за кого кога пријателите велат дека е „поранешен војник“, беше прогласен за мртов.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/

The post Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници appeared first on Република.

]]>

Грузискиот командант, Мамука Мамулашвили, кој ги надгледува операциите во кои се вклучени странските борци во Украина, вели дека во земјата има околу 20.000 странци кои се борат против руските сили. Мамуашвили е командант на Грузиската легија, воена единица под украинска команда, која сочинува најголем дел од странските борци во Украина. Британските војници ја сочинуваат втората по големина странска група, додека Американците се на трето место, пишува „Индипендент“. Мамуашвили, кој ја основаше единицата кога почнаа конфликтите во источна Украина во 2014 година, за „Скај њуз“ вели дека околу 70 до 80 отсто од странските борци во Украина првично минувале низ неговата единица. Но, повеќето се преместуваат во Меѓународната легија бидејќи тој бара повеќе борбено искуство. Лондон официјално не објави колку Британци се борат во Украина, а не е јасно дали Украина ја евидентира националноста на странските регрути. Според официјални потврди, во досегашниот тек на војната, двајца британски државјани загинаа во Украина. Џордан Гетли (24) е застрелан во Северодонецк. Кон крајот на април, друг британски државјанин, Скот Сибли, за кого кога пријателите велат дека е „поранешен војник“, беше прогласен за мртов. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/  

The post Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници appeared first on Република.

]]>
Четворица странски платеници загинале во Украина https://republika.mk/vesti/svet/chetvorica-stranski-platenici-zaginale-vo-ukraina/ Sun, 05 Jun 2022 13:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=511423

Украинскиот медиум Киев Индипендент потврдува дека во Украина загинале четворица странски борци.

Меѓународната легија за одбрана на Украина на 4 јуни на Фејсбук објави дека загинатите странските војници се од Холандија, Австралија, Германија и Франција - се наведува во објавата.

https://twitter.com/KyivIndependent/status/1533119774565314560?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1533119774565314560%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3947413%2Frat-u-ukrajini-102-dan-krstarecim-raketama-napadnut-kijev-h-101-padao-po-predgradju

The post Четворица странски платеници загинале во Украина appeared first on Република.

Руско министерство за одбрана: На украинска страна се борат 6.824 странски платеници од 63 земји https://republika.mk/vesti/svet/rusko-ministerstvo-za-odbrana-na-ukrainska-strana-se-borat-6-824-stranski-platenici-od-63-zemji/ Mon, 18 Apr 2022 12:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=490013

Министерството за одбрана на Русија  објави дека 6.824 странци од 63 земји во светот дошле да се борат во Украина. Според Министерството, досега се елиминирани 1.035 странски платеници, додека неколку илјади останале и се борат на страната на Украина.

Во соопштението на руското министерство се наведува дека 400 странски борци се во Маириупол, каде што националистите и неонацистичките борци одбиваат да се предадат.

Претставникот на руското министерство, генерал Игор Конашенков, наведува дека руската армија им понудила на сите странски платеници, кои се борат во околината на железарницата „Азовстал“ во Мариупол да го положат оружјето и да се предадат, како и дека тоа е последна понуда.

Им беше кажано дека нивните животи се загарантирани доколку се предадат. Но, таа понуда не е бесконечна. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени - изјави генерал Конашенков.

The post Руско министерство за одбрана: На украинска страна се борат 6.824 странски платеници од 63 земји appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија  објави дека 6.824 странци од 63 земји во светот дошле да се борат во Украина. Според Министерството, досега се елиминирани 1.035 странски платеници, додека неколку илјади останале и се борат на страната на Украина. Во соопштението на руското министерство се наведува дека 400 странски борци се во Маириупол, каде што националистите и неонацистичките борци одбиваат да се предадат. Претставникот на руското министерство, генерал Игор Конашенков, наведува дека руската армија им понудила на сите странски платеници, кои се борат во околината на железарницата „Азовстал“ во Мариупол да го положат оружјето и да се предадат, како и дека тоа е последна понуда.
Им беше кажано дека нивните животи се загарантирани доколку се предадат. Но, таа понуда не е бесконечна. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени - изјави генерал Конашенков.

The post Руско министерство за одбрана: На украинска страна се борат 6.824 странски платеници од 63 земји appeared first on Република.

]]>
Повратник од украинската „Легија на странци“: Три дена овде се полоши од месеци во Авганистан, се чувствуваме измамени и заминуваме https://republika.mk/vesti/svet/povratnik-od-ukrainskata-legija-na-stranci-tri-dena-ovde-se-poloshi-od-meseci-vo-avganistan-se-chuvstvuvame-izmameni-i-zaminuvame/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=481817

Во западниот украински град Јаворив имаше база за обука на украински војници и странци кои дојдоа да се борат за Украина во борбата против Русија.

Еден од членовите на украинската Легија на странци, Адам, дошол во базата токму на денот кога се случи жестокиот напад на руската војска, пренесува „Вајс“.

Тоа утро го разбудиле проектили, а кога излегол од шаторот видел пекол.

Лицето му беше изгорено. Немаше раце, двете. Одеше како зомби. Тој те вика да помогнеш, но што можеш да направиш? Не можеш ништо да направиш за него, знаеш дека е веќе мртов, само адреналинот го одржува - вели Адам.

Набргу потоа, тој се вратил во Полска и таму раскажува за тоа низ што минуваат странските платеници во Украина. Тој вели дека иако медиумите ги слават странските платеници кои доаѓаат во Украина, малку се знае за ужасот низ кој минуваат и кој ги остава со сериозни трауми.

Бев изложен на многу повеќе работи во моите први три дена во Украина отколку за време на целото распоредување во Авганистан. Ако некој во моментов ми каже да одам на мисија во Авганистан, би му рекол: „Зошто сакаш да ми дадеш пауза? - вели 35-годишниот Адам, кој служел во таа земја шест месеци во 2012 година.

Потсетувајќи се на неколкучасовниот руски напад на Јаворив, во кој, според соопштение од Кремљ, беа убиени 35 Украинци и до 180 странски платеници, Адам сè уште може да најде поука. Бројот на платеници значително се намалил кога, по експлозијата, украинските офицери им дале можност да се вратат и да ја напуштат земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=F2JeSLGls20

Хју Ли, Американец со виетнамско потекло, дошол во Украина по повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во земјата пристигнал на 9 март, а заминал на 22 март. Служел во Авганистан, а за војната во Украина вели:

Постојат многу поголеми шанси да те погоди куршум во грб отколку луѓето што се борат на твоја страна.

Тој вели дека спецификите на оваа војна покажале дека луѓето кои дошле од земјите на НАТО се разгалени.

Кога се во војна, имаат воздушна поддршка, логистика, медицинска помош... Тука нема такво нешто - вели тој.

Според него, иако на прв поглед групата странски борци изгледала импресивно, тие немале командна структура ни дисциплина.

Тој предупредува дека оние без воено искуство не треба одат во Украина, „бидејќи веројатно ќе се откажат по првиот воздушен напад“.

The post Повратник од украинската „Легија на странци“: Три дена овде се полоши од месеци во Авганистан, се чувствуваме измамени и заминуваме appeared first on Република.

]]>

Во западниот украински град Јаворив имаше база за обука на украински војници и странци кои дојдоа да се борат за Украина во борбата против Русија. Еден од членовите на украинската Легија на странци, Адам, дошол во базата токму на денот кога се случи жестокиот напад на руската војска, пренесува „Вајс“. Тоа утро го разбудиле проектили, а кога излегол од шаторот видел пекол.
Лицето му беше изгорено. Немаше раце, двете. Одеше како зомби. Тој те вика да помогнеш, но што можеш да направиш? Не можеш ништо да направиш за него, знаеш дека е веќе мртов, само адреналинот го одржува - вели Адам.
Набргу потоа, тој се вратил во Полска и таму раскажува за тоа низ што минуваат странските платеници во Украина. Тој вели дека иако медиумите ги слават странските платеници кои доаѓаат во Украина, малку се знае за ужасот низ кој минуваат и кој ги остава со сериозни трауми.
Бев изложен на многу повеќе работи во моите први три дена во Украина отколку за време на целото распоредување во Авганистан. Ако некој во моментов ми каже да одам на мисија во Авганистан, би му рекол: „Зошто сакаш да ми дадеш пауза? - вели 35-годишниот Адам, кој служел во таа земја шест месеци во 2012 година.
Потсетувајќи се на неколкучасовниот руски напад на Јаворив, во кој, според соопштение од Кремљ, беа убиени 35 Украинци и до 180 странски платеници, Адам сè уште може да најде поука. Бројот на платеници значително се намалил кога, по експлозијата, украинските офицери им дале можност да се вратат и да ја напуштат земјата. https://www.youtube.com/watch?v=F2JeSLGls20 Хју Ли, Американец со виетнамско потекло, дошол во Украина по повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во земјата пристигнал на 9 март, а заминал на 22 март. Служел во Авганистан, а за војната во Украина вели:
Постојат многу поголеми шанси да те погоди куршум во грб отколку луѓето што се борат на твоја страна.
Тој вели дека спецификите на оваа војна покажале дека луѓето кои дошле од земјите на НАТО се разгалени.
Кога се во војна, имаат воздушна поддршка, логистика, медицинска помош... Тука нема такво нешто - вели тој.
Според него, иако на прв поглед групата странски борци изгледала импресивно, тие немале командна структура ни дисциплина. Тој предупредува дека оние без воено искуство не треба одат во Украина, „бидејќи веројатно ќе се откажат по првиот воздушен напад“.

The post Повратник од украинската „Легија на странци“: Три дена овде се полоши од месеци во Авганистан, се чувствуваме измамени и заминуваме appeared first on Република.

]]>
Белорусија открила платеници на границата со Украина https://republika.mk/vesti/svet/belorusija-otkrila-platenici-na-granicata-so-ukraina/ Thu, 10 Mar 2022 17:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=470840

Белоруското разузнавање открило група платеници во близината на државната граница со Украина, изјави во четвртокот белорускиот претседател Александр Лукашенко на средбата со првите луѓе на министерството за одбрана.

„Секогаш стрвувавме од присуството на платеници во соседните држави, особено во Украина. Нашите разузнавачи, покрај уште неколку други извори, открија групи платеници кои не ја минуваат границата со Белорусија туку се движат паралелно со белоруско-украинската граница во правецот на (нуклеарната централа) Чернобил“, го цитира Лукашенко белоруската новинска агенција БелТА.

Лукашенко порачал дека украинските граничари практично не ја заштитуваат границата со Белорусија, па затоа белоруските сили треба да ја зајакнат заштитата на овој дел од државните граници.

„Според сознанија, граничарите од страна на Украина ја напуштаат границата и практично неа ја обезбедуваат во моментов само белоруските граничари. Затоа задачата на граничарите и разузнавањето е да се дознае што точно се случува на територијата на соседната земја, особено во однос на платениците. Во прв ред не смее да им се дозволи на тие луѓе да ја нарушат државната граница. Разбирате за какви луѓе станува збор“, рекол Лукашенко.

Во врска со тоа им наложил на руските безбедносни сили „паралелно да се движат“ со платниците.

„Тие таму се движат во помали групи, што ја комплицира ситуацијата. Сепак, вие мора да ги следите додека се движат, без да ја нарушувате границата со Украина да ги контролирате нивните придвижувања“, рекол Лукашенко и барал да му биде пријавено и „најмалото движење на платениците“.

Лукашенко, исто така, на белоруското министерство за одбрана му поставил задача да спречат евентуални обиди на непријателот да ја нападне руската војска од зад грб и да се обиде да ги пресече линиите за логистика на руските единици во Украина.

The post Белорусија открила платеници на границата со Украина appeared first on Република.

„Кучињата на војната“ се борат на двете страни во Украина https://republika.mk/vesti/svet/kuchinjata-na-vojnata-se-borat-na-dvete-strani-vo-ukraina/ Thu, 10 Mar 2022 11:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=470583

Странските платеници познати како „кучиња на војната“ ги водат главните битки во руско-украинската војна.

Ги има на двете страни. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека очекува околку 20.000 доброволци да се приклучат на нивните сили. Најголем дел доаѓаат од САД, Нигерија, Велика Британија, Хрватска....

Она што е зачудувачки е што во речиси сите земји е забрането учество во странски војски но и покрај тоа платеници секојдневно пристигнуваат во Украина.

Во Украина е пристигнува и грузискиот батаљон „Џохар Дудајев“ составен од Чеченци противници на Разман Кадиров.

И во Македонија има закон против учество на наши државјани во странски војски но и покрај тоа Амбасадата на Украина имаше повик за учество на што реагираше нашето МНР.Засега нема информации дали и колку наши граѓани се пријавиле да војуваат во Украина.

Од друга стрна Русија во Украина може да смета на помошта на единицата на Сириската народна армија. Тие се познати и како „тигрите на Башар Ал Асад“.

Овие „тигри“ имаат големо искуство во војната во Сирија и важат за најобучени војници за улични борби.

The post „Кучињата на војната“ се борат на двете страни во Украина appeared first on Република.

]]>

Странските платеници познати како „кучиња на војната“ ги водат главните битки во руско-украинската војна. Ги има на двете страни. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека очекува околку 20.000 доброволци да се приклучат на нивните сили. Најголем дел доаѓаат од САД, Нигерија, Велика Британија, Хрватска.... Она што е зачудувачки е што во речиси сите земји е забрането учество во странски војски но и покрај тоа платеници секојдневно пристигнуваат во Украина. Во Украина е пристигнува и грузискиот батаљон „Џохар Дудајев“ составен од Чеченци противници на Разман Кадиров. И во Македонија има закон против учество на наши државјани во странски војски но и покрај тоа Амбасадата на Украина имаше повик за учество на што реагираше нашето МНР.Засега нема информации дали и колку наши граѓани се пријавиле да војуваат во Украина. Од друга стрна Русија во Украина може да смета на помошта на единицата на Сириската народна армија. Тие се познати и како „тигрите на Башар Ал Асад“. Овие „тигри“ имаат големо искуство во војната во Сирија и важат за најобучени војници за улични борби.

The post „Кучињата на војната“ се борат на двете страни во Украина appeared first on Република.

]]>