Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, бил повикан на разговор во шведското министерство за надворешни работи.

Можеме да потврдиме дека Министерството за надворешни работи го покани амбасадорот на разговор, но деталите од разговорот не можеме да ги коментираме – потврдува за ТАСС извор од Амбасадата.

Весникот „Дагенс Нихетер“ претходно објави дека парламентарните партии побарале амбасадорот да биде викнат во Министерството за надворешни работи во врска со коментарот за смртта на 28-годишниот шведски државјанин кој учествувал во борбите во Украина на страната на украинските сили.

Шведското МНР прво соопшти дека нема такви планови, но потоа потврди дека планира да покани претставник на руската амбасада на разговор.

Во коментарот објавен на Фејсбук на 25 јули, руската амбасада во Шведска изрази жалење што медиумите во Кралството, во своите извештаи, се обидуваат да изградат позитивна и високо морална слика за тој обичен платеник.

Руската амбасада истакна дека фактот што тој како странец се приклучил на украинската армија, која осум години се бори против цивили во Донбас, го прави криминалец според меѓународното право.

Руските дипломати предупредија дека на шведските државјани кои остануваат во украинските вооружени сили најверојатно ќе им се суди во Оњецката и Луганската Народна Република, каде што нема да се двоумат да осудат кој било платеник на долги затворски казни, па дури и смрт.

Медиумите во Шведска на 19 јули објавија дека 28-годишен шведски државјанин, кој претходно служел во кралските воздухопловни сили во Упсала, загинал во близина на Харков.

Според непотврдени извештаи, неколку стотици Швеѓани заминале во Украина за да учествуваат во борбени операции на страна на украинските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.