ракетен напад Archives - Република https://republika.mk/tema/raketen-napad/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 07:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ракетен напад Archives - Република https://republika.mk/tema/raketen-napad/ 32 32 Голем руски ракетен напад врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/golem-ruski-raketen-napad-vrz-ukraina/ Sat, 01 Jun 2024 07:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=783735

Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку украински региони.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руска воздушна цел, и тоа 30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555, 4 крстосувачки ракети Калибр, една крстосувачка ракета Искандер-К и 46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136.

Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили.

Во нападот се оштетени енергетски објекти во пет региони ширум Украина. Украинскиот национален оператор на мрежа „Укренерго“ соопшти дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на запад.

- Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Од март ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопшти Укренерго.

The post Голем руски ракетен напад врз Украина appeared first on Република.

]]>

Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку украински региони. Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руска воздушна цел, и тоа 30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555, 4 крстосувачки ракети Калибр, една крстосувачка ракета Искандер-К и 46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136. Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили. Во нападот се оштетени енергетски објекти во пет региони ширум Украина. Украинскиот национален оператор на мрежа „Укренерго“ соопшти дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на запад. - Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Од март ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопшти Укренерго.

The post Голем руски ракетен напад врз Украина appeared first on Република.

]]>
Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола https://republika.mk/vesti/svet/shmigal-energetskiot-sistem-na-ukraina-po-ruskiot-raketen-napad-e-pod-kontrola/ Fri, 22 Mar 2024 11:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=757400

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм.

Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи голем број региони со различни видови ракети и беспилотни летала. По нападот, во некои региони моментално има прекини на електрична енергија.

Генерално, ситуацијата во енергетскиот систем на Украина е под контрола, истакна Шмигал.

Според него, нема потреба од воведување распореди за прекин на енергијата низ целата земја, бидејќи енергетските работници веќе работат на брзо враќање на напојувањето со електрична енергија.

По терористичкиот напад на Русија, беше оштетена и цивилна инфраструктура. Има повредени и загинати. Изразувам најдлабоко сочувство, додаде Шмигал.

Премиерот Шмигал нагласи дека на Украина и треба повеќе оружје и системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити цивилите.

Војната мора да стане неподнослив товар за агресорот“, истакна Шмигал.

Украинските сили синоќа соборија 55 руски беспилотни летала „Шахед“ и 37 проектили.

The post Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм. Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи голем број региони со различни видови ракети и беспилотни летала. По нападот, во некои региони моментално има прекини на електрична енергија.
Генерално, ситуацијата во енергетскиот систем на Украина е под контрола, истакна Шмигал.
Според него, нема потреба од воведување распореди за прекин на енергијата низ целата земја, бидејќи енергетските работници веќе работат на брзо враќање на напојувањето со електрична енергија.
По терористичкиот напад на Русија, беше оштетена и цивилна инфраструктура. Има повредени и загинати. Изразувам најдлабоко сочувство, додаде Шмигал.
Премиерот Шмигал нагласи дека на Украина и треба повеќе оружје и системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити цивилите.
Војната мора да стане неподнослив товар за агресорот“, истакна Шмигал.
Украинските сили синоќа соборија 55 руски беспилотни летала „Шахед“ и 37 проектили.  

The post Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола appeared first on Република.

]]>
Хамас ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз Ерусалим https://republika.mk/vesti/svet/hamas-ja-prezede-odgovornosta-za-deneshniot-raketen-napad-vrz-erusalim/ Fri, 15 Dec 2023 17:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=723420

Военото крило на Хамас вечерва ја презеде одговорноста за денешниот попладневен ракетен напад врз Ерусалим. Засега нема информации за повредени во ракетниот напад.

Израелската спасувачка служба соопшти дека била известена за нападите.

Ракетите истрелани во централниот дел на Израел ги активираа сирените за предупредување од ракетен напад низ Ерусалим, претходно јавија американските меидуми.

Засега не е јасно колку ракети биле истрелани, но американски новинари јавуваат дека израелскиот противракетен систем „Железна купола“ попладнево реагирал неколку пати и пресретнал и уништил најмалку три ракети.

Израелските медиуми јавија дека сирените во Ерусалим последен пат беа активирани на 30 октомври.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, ракетните напади се почести врз Тел Авив и областите што граничат со Појасот Газа.

The post Хамас ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Военото крило на Хамас вечерва ја презеде одговорноста за денешниот попладневен ракетен напад врз Ерусалим. Засега нема информации за повредени во ракетниот напад. Израелската спасувачка служба соопшти дека била известена за нападите. Ракетите истрелани во централниот дел на Израел ги активираа сирените за предупредување од ракетен напад низ Ерусалим, претходно јавија американските меидуми. Засега не е јасно колку ракети биле истрелани, но американски новинари јавуваат дека израелскиот противракетен систем „Железна купола“ попладнево реагирал неколку пати и пресретнал и уништил најмалку три ракети. Израелските медиуми јавија дека сирените во Ерусалим последен пат беа активирани на 30 октомври. Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, ракетните напади се почести врз Тел Авив и областите што граничат со Појасот Газа.

The post Хамас ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/devetmina-zaginati-pri-ukrainski-raketen-napad-vrz-donetsk/ Thu, 06 Apr 2023 20:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=628136

Повеќе луѓе загинале во напад во градот Доњецк, што е под контрола од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА.

Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет.

Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.

The post Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк appeared first on Република.

]]>

Повеќе луѓе загинале во напад во градот Доњецк, што е под контрола од Русија, иако точниот број не е јасен, пренесе ДПА. Некои руски медиуми јавуваат дека загинале четири лица, додека други наведуваат дека има девет. Цел на нападот била колона возила и, според руските извештаи, бил изведен со американски ракети Химарс. На интернет се објавени видеа на кои се гледаат оштетени возила и неколку тела.  

The post Деветмина загинати при украински ракетен напад врз Доњецк appeared first on Република.

]]>
Голем ракетен напад на Одеса и Дњепар, сирени во Киев https://republika.mk/vesti/svet/golem-raketen-napad-na-odesa-i-dnjepar-sireni-vo-kiev/ Thu, 17 Nov 2022 09:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=574788

Русија утрово изврши голем ракетен напад врз Одеса, јавуваат светските медиуми, а кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Дњепар.

Локални функционери рекоа дека во Киев и Дњепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура.

– Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак“.

– Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме, додаде Јермак.

Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, javi дека Русија утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Дњепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.

The post Голем ракетен напад на Одеса и Дњепар, сирени во Киев appeared first on Република.

]]>

Русија утрово изврши голем ракетен напад врз Одеса, јавуваат светските медиуми, а кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Дњепар. Локални функционери рекоа дека во Киев и Дњепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана. Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура. – Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак“. – Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме, додаде Јермак.
Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, javi дека Русија утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.
Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Дњепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.

The post Голем ракетен напад на Одеса и Дњепар, сирени во Киев appeared first on Република.

]]>
Непознати сили извршиле ракетен напад врз американски војници во Сирија https://republika.mk/vesti/svet/nepoznati-sili-izvrshile-raketen-napad-vrz-amerikanski-vojnici-vo-sirija/ Sun, 09 Oct 2022 08:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=558962

Американската војска соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили. Во соопштението се додава дека немало повредени и нападот не предизвикал штета.

На местото се пронајдени дополнителни проектили - соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток

Од Командата не наведуваат за кого сметаат дека е одговорен за неуспешниот напад.

Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Барак Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили.

Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата.

The post Непознати сили извршиле ракетен напад врз американски војници во Сирија appeared first on Република.

]]>

Американската војска соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили. Во соопштението се додава дека немало повредени и нападот не предизвикал штета.
На местото се пронајдени дополнителни проектили - соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток
Од Командата не наведуваат за кого сметаат дека е одговорен за неуспешниот напад. Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Барак Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили. Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата.

The post Непознати сили извршиле ракетен напад врз американски војници во Сирија appeared first on Република.

]]>
Тримесечно бебе настрада во ракетниот напад на Одеса, за Кулеба Русија шири терор во градот https://republika.mk/vesti/svet/trimesechno-bebe-nastrada-vo-raketniot-napad-na-odesa-za-kuleba-rusija-shiri-teror-vo-gradot/ Sat, 23 Apr 2022 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=492820

Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.

Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот.

На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка.

Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.

The post Тримесечно бебе настрада во ракетниот напад на Одеса, за Кулеба Русија шири терор во градот appeared first on Република.

]]>

Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.
Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот. На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка. Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
„Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.

The post Тримесечно бебе настрада во ракетниот напад на Одеса, за Кулеба Русија шири терор во градот appeared first on Република.

]]>
Немирна ноќ во Украина, повеќепати ракетирани Полтава и Кременчук https://republika.mk/vesti/svet/nemirna-nokj-vo-ukraina-povekjepati-raketirani-poltava-i-kremenchuk/ Sat, 02 Apr 2022 07:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=482215

Руски ракети рано утрово погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, објави лидерот на регионот Полтава, Дмитриј Лунин.

Полтава. Проектил погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот утрово, напиша Лунин во објавата на интернет.

Сместен источно од Киев, градот Полтава е главен град на регионот Полтава, а Кременчук е еден од најголемите градови во регионот.

The post Немирна ноќ во Украина, повеќепати ракетирани Полтава и Кременчук appeared first on Република.

Руски ракети ја погодиле Командата на украинските воздухопловни сили https://republika.mk/vesti/svet/ruski-raketi-ja-pogodile-komandata-na-ukrainskite-vozduhoplovni-sili/ Fri, 25 Mar 2022 19:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=478614

Руските сили извршиле ракетен напад врз Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Винициа.

Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските сили извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Винициа. Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата - објавија од Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.

The post Руски ракети ја погодиле Командата на украинските воздухопловни сили appeared first on Република.

Сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски ракети истрелани врз Дамаск https://republika.mk/vesti/svet/siriskata-protivvozdushna-odbrana-presretnala-izraelski-raketi-istrelani-vrz-damask/ Mon, 31 Jan 2022 09:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=451852

Израелски воени авиони рано утринава извршиле ракетен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск, што предизвикало реакција на а сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала проектилите и соборила дел од нив.

Израелскиот непријател почна воздушна агресија со серија проектили, истрелани источно од Бејрут, со кои се гаѓаа некои точки во близина на Дамаск - соопшти сириската државна агенција, повикувајќи се на воен извор.

Изворот потврдува дека во нападот е причинета материјална штета, не соопштувајќи повеќе детали.

Израелските власти не ги коментираа наводите на сирската армија.

Израел со години ги гаѓа државните сили во Сирија и ретко презема одговорност за нападите.

The post Сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски ракети истрелани врз Дамаск appeared first on Република.

]]>

Израелски воени авиони рано утринава извршиле ракетен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск, што предизвикало реакција на а сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала проектилите и соборила дел од нив.
Израелскиот непријател почна воздушна агресија со серија проектили, истрелани источно од Бејрут, со кои се гаѓаа некои точки во близина на Дамаск - соопшти сириската државна агенција, повикувајќи се на воен извор.
Изворот потврдува дека во нападот е причинета материјална штета, не соопштувајќи повеќе детали. Израелските власти не ги коментираа наводите на сирската армија. Израел со години ги гаѓа државните сили во Сирија и ретко презема одговорност за нападите.

The post Сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски ракети истрелани врз Дамаск appeared first on Република.

]]>