Американската војска соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили. Во соопштението се додава дека немало повредени и нападот не предизвикал штета.

На местото се пронајдени дополнителни проектили – соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток

Од Командата не наведуваат за кого сметаат дека е одговорен за неуспешниот напад.

Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Барак Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили.

Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.