проекција Archives - Република https://republika.mk/tema/proekcija/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 12:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проекција Archives - Република https://republika.mk/tema/proekcija/ 32 32 Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentarniot-film-ohrid-ohrid-ubav-mil-na-ilija-piperkoski-deneska-vo-mladinskiot-tsentar-ohrid/ Mon, 12 Aug 2024 12:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=805839

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерва 12 август, понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.

Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Ова е серијал што ги истражува душевните наративи вградени во македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските мелодии. Оваа серија е визуелно патување во срцето на македонското наследство, додека навлегуваме во универзалниот јазик што ги поврзува генерациите – музиката. Документарниот серијал ‘Раскажи песно’ се обидува да ги разоткрие приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни, претставувајќи го културното богатство на Охрид, град со право наречен музеј и уметничко богатство низ вековите, вели режисерот за својот филм.

Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

The post Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерва 12 август, понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски. Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.
Ова е серијал што ги истражува душевните наративи вградени во македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските мелодии. Оваа серија е визуелно патување во срцето на македонското наследство, додека навлегуваме во универзалниот јазик што ги поврзува генерациите – музиката. Документарниот серијал ‘Раскажи песно’ се обидува да ги разоткрие приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни, претставувајќи го културното богатство на Охрид, град со право наречен музеј и уметничко богатство низ вековите, вели режисерот за својот филм.
Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

The post Проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски денеска во Младинскиот центар Охрид appeared first on Република.

]]>
Вечер на полски филм во Волонтерски Центар Скопје https://republika.mk/scena/film/vecher-na-polski-film-vo-volonterski-tsentar-skopje/ Thu, 08 Aug 2024 07:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=804443

Следно што доаѓа во киното под отворено небо на Волонтерскиот Центар во Скопје е Полска! Во четврток, на 8-ми август, од 19:30 часот, ќе имате можност да погледнете полски филм на големо импровизирано платно во ВЦС. Филмот ќе биде на оригиналниот јазик со превод на англиски.

Најава за филмот: Летни одмори со семејството. Се разбира, ќе има и патување. Како изгледа за обично семејство од Полска, во времето кога полскиот Фиат, наречен „Пегличка“, беше цар на патиштата?

 

Проекцијата е закажана за 19:30 часот.

The post Вечер на полски филм во Волонтерски Центар Скопје appeared first on Република.

]]>

Следно што доаѓа во киното под отворено небо на Волонтерскиот Центар во Скопје е Полска! Во четврток, на 8-ми август, од 19:30 часот, ќе имате можност да погледнете полски филм на големо импровизирано платно во ВЦС. Филмот ќе биде на оригиналниот јазик со превод на англиски. Најава за филмот: Летни одмори со семејството. Се разбира, ќе има и патување. Како изгледа за обично семејство од Полска, во времето кога полскиот Фиат, наречен „Пегличка“, беше цар на патиштата?   Проекцијата е закажана за 19:30 часот.

The post Вечер на полски филм во Волонтерски Центар Скопје appeared first on Република.

]]>
Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ https://republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-filmot-vreme-na-beton-vo-rezhija-na-igor-ivanov-izi-vecherva-vo-laboratorium-pochnuva-skopje-vibrira/ Mon, 22 Jul 2024 13:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=799229

Од 22 јули до 1 август во едукативниот културен центар „Лабораториум“, ќе се одржува настанот „Скопје вибрира”. Програмата ќе започне во 20 часот, со проекција на филмот насловен „Време на бетон, во режија на Игор Иванов Изи. На 23 јули, во 20 часот ќе биде отворена групна излжба и „pop up” базар.

Како што информираат организаторите „Лабораториум” и „Лаб дизајн маркет”, на изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа.

Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.

- „Скопје вибрира” е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум” лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија” и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во соопштението.

Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни”

The post Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ appeared first on Република.

]]>

Од 22 јули до 1 август во едукативниот културен центар „Лабораториум“, ќе се одржува настанот „Скопје вибрира”. Програмата ќе започне во 20 часот, со проекција на филмот насловен „Време на бетон, во режија на Игор Иванов Изи. На 23 јули, во 20 часот ќе биде отворена групна излжба и „pop up” базар. Како што информираат организаторите „Лабораториум” и „Лаб дизајн маркет”, на изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за презентација на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности. - „Скопје вибрира” е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум” лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија” и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје, се наведува во соопштението. Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, се додава во соопштението, „организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни”

The post Со проекција на филмот „Време на бетон“, во режија на Игор Иванов Изи вечерва во „Лабораториум“ почнува „Скопје вибрира“ appeared first on Република.

]]>
Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека https://republika.mk/scena/film/makedonskata-istoriska-drama-najdolgiot-pat-vecher-vo-kinoteka/ Wed, 10 Jul 2024 10:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=795293

Во среда, на 10 јули 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе може да го погледнете македонскиот игран филм „Најдолгиот пат“.

НАЈДОЛГИОТ ПАТ

(The Longest Road)

Игран филм, Македонија

1976, 126 мин., колор, 35 мм

Режија: Бранко Гапо

Сценарио: Петре М. Андреевски

Улоги: Ристо Шишков, Данчо Чевревски, Дарко Дамески, Душан Јаниќиевиќ, Мето Јовановски

„Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери.

Режисерот Бранко Гапо успева да создаде автентична и длабоко впечатлива атмосфера преку внимателно осмислената кинематографија и реалистичната приказна. Користењето на природните пејзажи на Македонија, како и деталното внимание на историските и културните елементи, додаваат на автентичноста и емотивната тежина на филмот.

Актерските изведби во „Најдолгиот пат“ се извонредни. Главниот актер, Ристо Шишков дава силна и трогателна изведба, прикажувајќи ги сложените емоции и моралните дилеми со кои се соочува неговиот лик. Неговата хемија со останатите актери е очигледна, што придонесува за длабочината и комплексноста на наративот.

„Најдолгиот пат“ е значаен не само како историска драма, туку и како длабока човечка приказна за борбата, за надежта и за издржливоста. Бранко Гапо успева да создаде филм кој е и интимен и епски, прикажувајќи ги предизвиците и храброста на македонските револуционери на начин кој е истовремено и универзален и специфичен за македонското искуство.

Награди:

1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм

1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера на Киро Билбиловски

1976 ФЈИФ, Пула, Диплома за успешна дебитантска улога на Петар Темелковски

1976 ФФ, Ниш, Награда за најхумана улога за Петар Арсовски

1976 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога за Ристо Шишков

1977 ФЕСТ, Диплома за најдобра камера на Киро Билбиловски

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

The post Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 10 јули 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:30 часот, ќе може да го погледнете македонскиот игран филм „Најдолгиот пат“. НАЈДОЛГИОТ ПАТ (The Longest Road) Игран филм, Македонија 1976, 126 мин., колор, 35 мм Режија: Бранко Гапо Сценарио: Петре М. Андреевски Улоги: Ристо Шишков, Данчо Чевревски, Дарко Дамески, Душан Јаниќиевиќ, Мето Јовановски „Најдолгиот пат“ е четвртиот игран филм на Бранко Гапо, кој е заснован врз вистински настани од почетокот на XX век, објавени во зборникот на Петре М. Андреевски „Темни кажувања“. Речиси целиот филм е снимен во екстериери. Режисерот Бранко Гапо успева да создаде автентична и длабоко впечатлива атмосфера преку внимателно осмислената кинематографија и реалистичната приказна. Користењето на природните пејзажи на Македонија, како и деталното внимание на историските и културните елементи, додаваат на автентичноста и емотивната тежина на филмот. Актерските изведби во „Најдолгиот пат“ се извонредни. Главниот актер, Ристо Шишков дава силна и трогателна изведба, прикажувајќи ги сложените емоции и моралните дилеми со кои се соочува неговиот лик. Неговата хемија со останатите актери е очигледна, што придонесува за длабочината и комплексноста на наративот. „Најдолгиот пат“ е значаен не само како историска драма, туку и како длабока човечка приказна за борбата, за надежта и за издржливоста. Бранко Гапо успева да создаде филм кој е и интимен и епски, прикажувајќи ги предизвиците и храброста на македонските револуционери на начин кој е истовремено и универзален и специфичен за македонското искуство. Награди: 1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм 1976 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за камера на Киро Билбиловски 1976 ФЈИФ, Пула, Диплома за успешна дебитантска улога на Петар Темелковски 1976 ФФ, Ниш, Награда за најхумана улога за Петар Арсовски 1976 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога за Ристо Шишков 1977 ФЕСТ, Диплома за најдобра камера на Киро Билбиловски Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Македонската историска драма „Најдолгиот пат“ вечер во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид https://republika.mk/scena/film/makedonskiot-film-efektot-na-sreka-vecherva-vo-kasarna-ohrid/ Tue, 09 Jul 2024 11:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=794919

На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“.

Станува збор за филм од 2019 година, во режија на Борјан Зафировски, додека главните улоги ги играат Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.

Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.

Проекцијата на филмот закажана во 21 часот ќе биде во Касарна Охрид, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.

Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.

The post Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид appeared first on Република.

]]>

На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“. Станува збор за филм од 2019 година, во режија на Борјан Зафировски, додека главните улоги ги играат Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска. Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија. Проекцијата на филмот закажана во 21 часот ќе биде во Касарна Охрид, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување. Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.

The post Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид appeared first on Република.

]]>
НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/nb-natamoshno-zabavuvane-na-inflatsijata-pri-shto-na-sreden-rok-ke-se-vrati-kon-istoriskiot-prosek-od-2-protsenti/ Wed, 15 May 2024 09:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=778205

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска, соопштија од Народната банка.

Во презентацијата било наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4 отсто, коишто се пониски од октомвриските проекции.

Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5 отсто, од 9,4 отсто минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови.

На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2 проценти.

Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ, се вели во соопштението од Народната банка.

Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочила дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6 проценти оваа година и 3,6 проценти во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс.

Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок, се посочува во соопштението.

The post НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска, соопштија од Народната банка. Во презентацијата било наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4 отсто, коишто се пониски од октомвриските проекции. Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5 отсто, од 9,4 отсто минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови. На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2 проценти. Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ, се вели во соопштението од Народната банка. Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочила дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6 проценти оваа година и 3,6 проценти во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс. Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок, се посочува во соопштението.

The post НБ: Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2 проценти appeared first on Република.

]]>
„Мементо“ денеска во Кинотека на Македонија https://republika.mk/scena/film/memento-deneska-vo-kinoteka-na-makedonija/ Tue, 09 Apr 2024 11:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=764233

Денес, со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Мементо“.

МЕМЕНТО ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Венеција. Набргу потоа, филмот се здоби и со награда на фестивалот САНДЕНС, како и со номинации за Оскар. Филмскиот автор Стивен Содерберг, со корени во независното и експериментално кино, ги препозна овие тенденции во МЕМЕНТО и се наметна како еден од главните промотери и подржувачи на филмов во филмските кулоари. И критиката одлично реагираше на втората кино-објава на браќата Нолан, потенцирајќи ја нелинеарната раскажувачка структура, издржаната глума и прецизната, внимателна режија. Во 2017 година, американскиот национален институт го препозна МЕМЕНТО како битен филм од почетокот на новиов милениум, селектирајќи го за кинотечно архивирање во официјалната-конгресна архива.

 

МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, САД
2000, 113 мин, 35 мм
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Џонатан Нолан (Jonathan Nolan)
Улоги: Гај Пирс, Кери Ен-Мос, Џо Пантолиано (Guy Pearce, Carrie-Anne Moss, Joe Pantoliano)
Директор на фотографија: Воли Фистер (Wally Pfister)

Леонард Шелби, поранешен истражител од социјалната служба, страда од тешка форма на амнезија. По преживеаната незгода, животот целосно му се менува. Тој постојано користи забелешки и писма, се опседнува со идејата за одмазда. Започнува и своевидна одмаздичка мисија – трага по човекот за кого верува дека ја убил неговата сопруга. Но дали е сè онака како што тој си претставува? Лавиринтот на сеќавања и случувања, полека но сигурно, започнува да се разоткрива…

 

Комплексниот филмски наратив Мементо е во самата своја суштина нео-ноар филм со елементи на мистерија и психолошка драма. Режисерот Кристофер Нолан го развил сценариото за филмот, адаптирајќи ја кратката новела потпишана од неговиот брат Џонатан Нолан. Главната улога ја толкува актерот Гај Пирс, родум од Австралија. Во филмот се појавуваат и Кери Ен-Мос и Џо Пантолиано, препознатливи во пошироката јавност по нивното учество во култниот филмски серијал МАТРИКС.

The post „Мементо“ денеска во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>

Денес, со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Мементо“. МЕМЕНТО ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Венеција. Набргу потоа, филмот се здоби и со награда на фестивалот САНДЕНС, како и со номинации за Оскар. Филмскиот автор Стивен Содерберг, со корени во независното и експериментално кино, ги препозна овие тенденции во МЕМЕНТО и се наметна како еден од главните промотери и подржувачи на филмов во филмските кулоари. И критиката одлично реагираше на втората кино-објава на браќата Нолан, потенцирајќи ја нелинеарната раскажувачка структура, издржаната глума и прецизната, внимателна режија. Во 2017 година, американскиот национален институт го препозна МЕМЕНТО како битен филм од почетокот на новиов милениум, селектирајќи го за кинотечно архивирање во официјалната-конгресна архива.   МЕМЕНТО (Memento) Игран филм, САД 2000, 113 мин, 35 мм Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan) Сценарио: Џонатан Нолан (Jonathan Nolan) Улоги: Гај Пирс, Кери Ен-Мос, Џо Пантолиано (Guy Pearce, Carrie-Anne Moss, Joe Pantoliano) Директор на фотографија: Воли Фистер (Wally Pfister) Леонард Шелби, поранешен истражител од социјалната служба, страда од тешка форма на амнезија. По преживеаната незгода, животот целосно му се менува. Тој постојано користи забелешки и писма, се опседнува со идејата за одмазда. Започнува и своевидна одмаздичка мисија – трага по човекот за кого верува дека ја убил неговата сопруга. Но дали е сè онака како што тој си претставува? Лавиринтот на сеќавања и случувања, полека но сигурно, започнува да се разоткрива…   Комплексниот филмски наратив Мементо е во самата своја суштина нео-ноар филм со елементи на мистерија и психолошка драма. Режисерот Кристофер Нолан го развил сценариото за филмот, адаптирајќи ја кратката новела потпишана од неговиот брат Џонатан Нолан. Главната улога ја толкува актерот Гај Пирс, родум од Австралија. Во филмот се појавуваат и Кери Ен-Мос и Џо Пантолиано, препознатливи во пошироката јавност по нивното учество во култниот филмски серијал МАТРИКС.

The post „Мементо“ денеска во Кинотека на Македонија appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/proektsii-na-filmovi-po-povod-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki-vvo-kinoteka/ Tue, 05 Mar 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=751310

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.

 

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки. Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.  

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>
Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentarniot-film-tsrnata-umetnost-vo-otsustvo-na-svetlinata-na-sem-poland-vecherva-vo-msu/ Tue, 20 Feb 2024 09:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=746021

Вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје ќе се прикаже документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ (2021) на режисерот Сем Поланд. Филмот го одбележува месецот на ,,црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Прикажувањето на филмот е резултат на соработка меѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Влезот е слободен.

The post Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје ќе се прикаже документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ (2021) на режисерот Сем Поланд. Филмот го одбележува месецот на ,,црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Прикажувањето на филмот е резултат на соработка меѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Влезот е слободен.

The post Проекција на документарниот филм „Црната уметност: Во отсуство на светлината“ на Сем Поланд вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>
Агенција за филм закупи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец на Европскиот филмски маркет во Берлин https://republika.mk/scena/film/agentsija-za-film-zakupi-proektsija-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-vo-rezhija-na-dimitar-orovchanets-na-evropskiot-filmski-market-vo-berlin/ Tue, 20 Feb 2024 09:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=745997

Во рамките на Европскиот филмски маркет во Берлин, Агенцијата за филм закупи и проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, соопштуваат од Агенција за филм.

Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

The post Агенција за филм закупи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец на Европскиот филмски маркет во Берлин appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Европскиот филмски маркет во Берлин, Агенцијата за филм закупи и проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, соопштуваат од Агенција за филм.

Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

The post Агенција за филм закупи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец на Европскиот филмски маркет во Берлин appeared first on Република.

]]>
Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zheni-se-stepaa-na-proektsija-na-filmot-barbi/ Thu, 27 Jul 2023 18:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=666033

На социјалните мрежи се шири видео од кино во Бразил на кое две жени се расправаат, а потоа се степале на крајот од прикажувањето на хит филмот Барби.

Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо почнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што втората паднала на седиштата.

Тепачката ја прекинал еден човек додека збунетите посетители стоеја да гледаат што се случува.

The post Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се шири видео од кино во Бразил на кое две жени се расправаат, а потоа се степале на крајот од прикажувањето на хит филмот Барби.

Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо почнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што втората паднала на седиштата. Тепачката ја прекинал еден човек додека збунетите посетители стоеја да гледаат што се случува.

The post Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-proektsija-na-godar-chovekot-film-v-petok-vo-msu/ Tue, 16 May 2023 09:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=641270

Со мала воведна дискусија ќе започне проекцијата на филмот „Годар: Човекот филм“, која ќе се одржи во Музејот на современата уметност (МСУ) во рамки на овогодишното, тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ).

Актуелното издание на ФФФ оваа година е во фокусот на режисерот Жан Лик Годар, под мотото „Сè е филм, во множина“.

Бесплатната проекција ќе се одржи на 19 мај, петок, со почеток во 20 часот, а организаторите на ФФФ потенцираат дека режисерот на филмот „Годар: Човекот филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“.

„Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една прилика ќе рече: ‘секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек кој тргнува од негативното.’ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува“, објаснуваат од ФФФ.

Оттаму дополнуваат дека видео-портретот носи подалеку од клишеата на митот којшто некогаш станува и карикатура, за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својата уметност.

„Годар: човекот-филм“ беше премиерно прикажан во програмата Филмски класици (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година.

Филозофскиот филмски фестивал оваа ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотека. Ќе бидат прикажани 40-тина филмови, 50 настани, а ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Организаторите посочуваат дека мотото е инспирирано од  францускиот филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ appeared first on Република.

]]>

Со мала воведна дискусија ќе започне проекцијата на филмот „Годар: Човекот филм“, која ќе се одржи во Музејот на современата уметност (МСУ) во рамки на овогодишното, тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ). Актуелното издание на ФФФ оваа година е во фокусот на режисерот Жан Лик Годар, под мотото „Сè е филм, во множина“. Бесплатната проекција ќе се одржи на 19 мај, петок, со почеток во 20 часот, а организаторите на ФФФ потенцираат дека режисерот на филмот „Годар: Човекот филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“. „Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една прилика ќе рече: ‘секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек кој тргнува од негативното.’ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува“, објаснуваат од ФФФ. Оттаму дополнуваат дека видео-портретот носи подалеку од клишеата на митот којшто некогаш станува и карикатура, за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својата уметност. „Годар: човекот-филм“ беше премиерно прикажан во програмата Филмски класици (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година. Филозофскиот филмски фестивал оваа ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотека. Ќе бидат прикажани 40-тина филмови, 50 настани, а ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“. Организаторите посочуваат дека мотото е инспирирано од  францускиот филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.

The post Филозофски филмски фестивал: Проекција на „Годар: човекот филм“ в петок во МСУ appeared first on Република.

]]>
Франкофонијата освен што е јазик, таа е и организација во којашто се споделуваат мирот, правата на човекот и демократијата https://republika.mk/vesti/kultura/frankofonijata-osven-shto-e-jazik-taa-e-i-organizatsija-vo-kojashto-se-spodeluvaat-mirot-pravata-na-chovekot-i-demokratijata/ Sat, 04 Mar 2023 18:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=615912

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата.

Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред започнувањето на филмот рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во којашто се споделуваат вредности како мирот, правата на човекот и демократијата.

- Франкофонијата не е само францускиот јазик туку е повеќе јазичноста и културната разновидност, тоа не е само Франција туку тоа е една заедница на франкофонски земји, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

Тој најави дека во текот на овој месец ќе има бројни активности и манифестации, изложби, дебати, предавања, па дури и уште филмови, а ќе има и омаж на македонскиот поет и писател Ацо Шопов по повод сто годишнината на неговото раѓање, кој според Бомгартнер, бил голем франкофон и многу близок на Франција.

Додека швајцарската амбасадорка во Македонија, Вероник Улман, во својот говор информираше дека Франкофонијата е една заедница којшто обединува повеќе од 300 милиони говорници и говорнички на францускиот јазик во 88 земји.

- Франкофонијата има како мисија да го промовира францускиот јазик, јазичната и културната разновидност и да ги засили правата на човекот, демократијата и мирот. Овие вредности од Франкофонијата прават симбол на јазичната разновидност, и се карактеризираат самите со повеќе јазичност кон мнозинството на граѓаните коишто живеат на нивниот простор, рече Улман.

Филмот е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција, награда за најдобар режисер и за најдобра актерка, 2 награди Цезар 2023 за најдобра монтажа и за најдобра музика.

The post Франкофонијата освен што е јазик, таа е и организација во којашто се споделуваат мирот, правата на човекот и демократијата appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата.

Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред започнувањето на филмот рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во којашто се споделуваат вредности како мирот, правата на човекот и демократијата.

- Франкофонијата не е само францускиот јазик туку е повеќе јазичноста и културната разновидност, тоа не е само Франција туку тоа е една заедница на франкофонски земји, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

Тој најави дека во текот на овој месец ќе има бројни активности и манифестации, изложби, дебати, предавања, па дури и уште филмови, а ќе има и омаж на македонскиот поет и писател Ацо Шопов по повод сто годишнината на неговото раѓање, кој според Бомгартнер, бил голем франкофон и многу близок на Франција.

Додека швајцарската амбасадорка во Македонија, Вероник Улман, во својот говор информираше дека Франкофонијата е една заедница којшто обединува повеќе од 300 милиони говорници и говорнички на францускиот јазик во 88 земји.

- Франкофонијата има како мисија да го промовира францускиот јазик, јазичната и културната разновидност и да ги засили правата на човекот, демократијата и мирот. Овие вредности од Франкофонијата прават симбол на јазичната разновидност, и се карактеризираат самите со повеќе јазичност кон мнозинството на граѓаните коишто живеат на нивниот простор, рече Улман.

Филмот е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција, награда за најдобар режисер и за најдобра актерка, 2 награди Цезар 2023 за најдобра монтажа и за најдобра музика.

The post Франкофонијата освен што е јазик, таа е и организација во којашто се споделуваат мирот, правата на човекот и демократијата appeared first on Република.

]]>
„Авантурите на Принц Ахмед“, кој се смета за прв анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/avanturite-na-prints-ahmed-koj-se-smeta-za-prv-animiran-film-vo-istorijata-na-filmskata-umetnost-i-kontsertna-izvedba-vo-zhivo-na-originalnata-muzika-vo-kinoteka/ Wed, 08 Feb 2023 14:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=606558

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, утревечер ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката на Македонија.

Овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија.

На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на Принц Ахмед“ кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот.

Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на Принцот Ахмед.

Како дел од проектот минатата година се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од Маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика во Сплит, раководени од Маестро Тимоти Редмонд.

The post „Авантурите на Принц Ахмед“, кој се смета за прв анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, утревечер ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката на Македонија. Овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија. На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на Принц Ахмед“ кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот. Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на Принцот Ахмед. Како дел од проектот минатата година се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од Маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика во Сплит, раководени од Маестро Тимоти Редмонд.

The post „Авантурите на Принц Ахмед“, кој се смета за прв анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/pogolemiot-del-od-ekipata-na-filmot-snezana-na-krajot-umira-utre-vo-kinoteka/ Wed, 16 Nov 2022 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=574367

На проекцијата на филмот „Снежана на крајот умира“ на 17 ноември во 20 часот, една од десетте проекции на овој филм закажани на ноемврискиот репертоар во Кинотеката, ќе присуствува поголемиот дел од екипата.

Публиката ќе има можност да разговара со режисерот и сценарист Кристијан Ристески, и со актерите Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Проекциите на филмот може да се проследат на :
14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.
17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.
21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.
28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
Влезница: 100 денари

The post Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На проекцијата на филмот „Снежана на крајот умира“ на 17 ноември во 20 часот, една од десетте проекции на овој филм закажани на ноемврискиот репертоар во Кинотеката, ќе присуствува поголемиот дел од екипата. Публиката ќе има можност да разговара со режисерот и сценарист Кристијан Ристески, и со актерите Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев. Проекциите на филмот може да се проследат на : 14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч. 15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч. 16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч. 17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. 18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч. 21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. 22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. 23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч. 28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. 29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. Влезница: 100 денари

The post Поголемиот дел од екипата на филмот „Снежана на крајот умира“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-filmot-kade-si-adame-za-zivotot-na-monasite-na-sveta-gora-deneska-vo-ohrid/ Tue, 08 Nov 2022 08:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=571241

Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже на репертоарот на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во Светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

Филмот Каде си Адаме“ учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков и Зајечар, Република Србија.

The post Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>

Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже на репертоарот на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век. Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во Светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста… Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението. Филмот Каде си Адаме“ учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков и Зајечар, Република Србија.

The post Проекција на филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора денеска во Охрид appeared first on Република.

]]>
Проекции на „Фабијан“ и „Ема“ утре во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-fabijan-i-ema-utre-vo-kinoteka/ Sun, 14 Aug 2022 13:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=540229

Со проекции на германскиот филм „Фабијан“ и чилеанскиот „Ема“ во Кинотека, утре продолжува августовската програма.

„Фабијан“ во режија на Доминик Граф беше претходно прикажан, на 8 август, а „Ема“ исто така се прикажуваше на 8 август, но ќе биде репризирана и на 30 август.

На програмата до крајот на месецов се и „Планина на смртта“, „Јалда, ноќ за прошка“, „Кадифена кралица“, „Светот после нас“, „Се помина добро“, „Ноќ на кралевите“, „Ѕвезден човек“, „Голема слобода“, „Деца“, „Титан“, „Пот“ и „Мајка“.

На 31 август програмата завршува со Фестивал на нем и класичен филм во чии рамки ќе биде прикажан црно-белиот култен „Носферату, симфонија на стртавот“ од режисерот Фридрих Вилхелм Мурнау.

The post Проекции на „Фабијан“ и „Ема“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Со проекции на германскиот филм „Фабијан“ и чилеанскиот „Ема“ во Кинотека, утре продолжува августовската програма. „Фабијан“ во режија на Доминик Граф беше претходно прикажан, на 8 август, а „Ема“ исто така се прикажуваше на 8 август, но ќе биде репризирана и на 30 август. На програмата до крајот на месецов се и „Планина на смртта“, „Јалда, ноќ за прошка“, „Кадифена кралица“, „Светот после нас“, „Се помина добро“, „Ноќ на кралевите“, „Ѕвезден човек“, „Голема слобода“, „Деца“, „Титан“, „Пот“ и „Мајка“. На 31 август програмата завршува со Фестивал на нем и класичен филм во чии рамки ќе биде прикажан црно-белиот култен „Носферату, симфонија на стртавот“ од режисерот Фридрих Вилхелм Мурнау.

The post Проекции на „Фабијан“ и „Ема“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Проекција на македонскиот филм „Хомо“ вечерва на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ https://republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-makedonskiot-film-homo-vecherva-na-manifestacijata-deset-dena-krushevska-republika/ Wed, 03 Aug 2022 07:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=536300

Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечер од 21 часот продолжува богатата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Филмот ќе се прикажува на летната сцена  од спомен куќата „Тодор Тоше Проески“ на Гумење во Крушево. Филмот е во режија на Игор Иванов Изи, кој заедно со Сашо Кокаланов се потпишува како автор на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев.

Утре, на 4 август е впечатливата изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал „Star Wars“ и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Излоѓбата е на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

The post Проекција на македонскиот филм „Хомо“ вечерва на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ appeared first on Република.

]]>

Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечер од 21 часот продолжува богатата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Филмот ќе се прикажува на летната сцена  од спомен куќата „Тодор Тоше Проески“ на Гумење во Крушево. Филмот е во режија на Игор Иванов Изи, кој заедно со Сашо Кокаланов се потпишува како автор на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев. Утре, на 4 август е впечатливата изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал „Star Wars“ и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Излоѓбата е на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

The post Проекција на македонскиот филм „Хомо“ вечерва на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Џипси квин“ на отворено во Градскиот парк во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-dzipsi-kvin-na-otvoreno-vo-gradskiot-park-vo-skopje/ Fri, 22 Jul 2022 09:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=532090

Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Џипси квин“ (Gipsy Queen).

Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Нетфликс, е прва премиера во земјава.

Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната э лога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“.

На настанот предвидена е и донаторска акција каде што секој од присутните ќе има можност доброволно да донира за две одделни акции.

The post Проекција на „Џипси квин“ на отворено во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Џипси квин“ (Gipsy Queen). Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Нетфликс, е прва премиера во земјава. Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната э лога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“. На настанот предвидена е и донаторска акција каде што секој од присутните ќе има можност доброволно да донира за две одделни акции.

The post Проекција на „Џипси квин“ на отворено во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
Швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели денеска во 15 часот ќе има истовремена премиера во киното „Милениум“ и Кинотека https://republika.mk/scena/film/shvajcarskata-drama-atlas-vo-rezija-na-nikolo-kasteli-deneska-vo-15-chasot-kje-ima-istovremena-premiera-vo-kinoto-milenium-i-kinoteka/ Thu, 05 May 2022 11:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=498019

Швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели, денеска ќе има истовремена премиера во киното „Милениум“ и Кинотеката на Македонија во терминот од 15 часот. Филмот наскоро ќе биде прикажан и во другите градови низ републиката.

Станува збор за потресна елегија на една изгубена генерација поради насилство засновано на екстремистички вредности. Драмата, која има форма на серија нелинеарни моменти од животот на главниот лик, нè води низ сцени кои ја прикажуваат борбата на младата Алегра да се асимилира назад во општеството додека ја прогонуваат ужасни сеќавања од минатото. Тоа е ефективен и моќен приказ на животот по настан без преседан, раскажан и со потресни емоции и со брутална искреност.

Алегра е млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога ќе експлодира бомба во кафуле и нејзините тројца пријатели ќе загинат во нападот. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град. Таму ќе го запознае Арад, млад бегалец од Блискиот Исток, кој ќе ѝ помогне да се соочи со реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани.

 

 

The post Швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели денеска во 15 часот ќе има истовремена премиера во киното „Милениум“ и Кинотека appeared first on Република.

]]>

Швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели, денеска ќе има истовремена премиера во киното „Милениум“ и Кинотеката на Македонија во терминот од 15 часот. Филмот наскоро ќе биде прикажан и во другите градови низ републиката. Станува збор за потресна елегија на една изгубена генерација поради насилство засновано на екстремистички вредности. Драмата, која има форма на серија нелинеарни моменти од животот на главниот лик, нè води низ сцени кои ја прикажуваат борбата на младата Алегра да се асимилира назад во општеството додека ја прогонуваат ужасни сеќавања од минатото. Тоа е ефективен и моќен приказ на животот по настан без преседан, раскажан и со потресни емоции и со брутална искреност. Алегра е млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога ќе експлодира бомба во кафуле и нејзините тројца пријатели ќе загинат во нападот. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град. Таму ќе го запознае Арад, млад бегалец од Блискиот Исток, кој ќе ѝ помогне да се соочи со реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани.    

The post Швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели денеска во 15 часот ќе има истовремена премиера во киното „Милениум“ и Кинотека appeared first on Република.

]]>