претстава Archives - Република https://republika.mk/tema/pretstava/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:06:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претстава Archives - Република https://republika.mk/tema/pretstava/ 32 32 Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“ https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-se-navredija-deka-dhon-malkovich-vo-pretstava-gi-prikazha-kako-orda-od-nechisti-i-nepismeni-kukavitsi-so-tsrni-klintsi/ Fri, 08 Nov 2024 10:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=835427

Премиерата на, како што ја нарекуваат медиумите во Софија „идиотската“ антибугарска претстава „Оружјето и човекот“ според Бернард Шо, која директорот на Народниот театар Василев  ја смета за сосема „прикладна“,  пропадна!, објави весникот „Труд“

 

Во корпоративните медиуми има бесна пропаганда против луѓето на кои вчера протестиравме пред театарот. Главната поткрепа е што не сме ја прочитале претставата и сме „заведени“. Де факто сме будали, па дури и еден од актерите не нарече „стадо“!, пишува „Труд“.

Во „Оружјето и човекот“, со сарказам и иронија, победниците на Сливница, оние кои во далечната 1885 година според бугаркиот наратив ја спасиле Бугарија, се претставени како орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци.

 

Ги повикувам сите кои се чувствуваат Бугарин и сеуште ја носат Бугарија во душата и срцето да се приклучат на протестот против ова понижување на кое се обидува да го подложи нашиот театар неговиот директор Васил Василев-пишува Страхил Ангелов.

 

https://republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/

The post Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“ appeared first on Република.

]]>

Премиерата на, како што ја нарекуваат медиумите во Софија „идиотската“ антибугарска претстава „Оружјето и човекот“ според Бернард Шо, која директорот на Народниот театар Василев  ја смета за сосема „прикладна“,  пропадна!, објави весникот „Труд“  
Во корпоративните медиуми има бесна пропаганда против луѓето на кои вчера протестиравме пред театарот. Главната поткрепа е што не сме ја прочитале претставата и сме „заведени“. Де факто сме будали, па дури и еден од актерите не нарече „стадо“!, пишува „Труд“.
Во „Оружјето и човекот“, со сарказам и иронија, победниците на Сливница, оние кои во далечната 1885 година според бугаркиот наратив ја спасиле Бугарија, се претставени како орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци.  
Ги повикувам сите кои се чувствуваат Бугарин и сеуште ја носат Бугарија во душата и срцето да се приклучат на протестот против ова понижување на кое се обидува да го подложи нашиот театар неговиот директор Васил Василев-пишува Страхил Ангелов.
  https://republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/

The post Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“ appeared first on Република.

]]>
Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович https://republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/ Thu, 07 Nov 2024 21:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=835312

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС.

Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев.

https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm

Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија.

Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка.

Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики.

https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd-

Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).

Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС. Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев. https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија. Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка. Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики. https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd- Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).
Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>
„Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/moj-termin-vecherva-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-na-mnt/ Thu, 19 Sep 2024 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=817747

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов.
Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски.

Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.

 

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски. Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.  

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>
„Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње https://republika.mk/vesti/kultura/zlatna-maska-za-dvajtsa-makedonski-akteri-na-festivalot-vo-trebine/ Tue, 30 Jul 2024 08:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=801533

Драмското студио Летечка театарска трупа од Тетово информира дека вчера по завршувањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње, Босна и Херцеговина добиле три награди од стручното жири.

Меѓу наградените на фестивалот стручното жири одлучи награда „Златни маска“  за најдобра машка и најдобра женска улога“ да добијат Владимир Јованоски и Мелиса Ценовска Серафимовска за улогите на Франц и Елса Вајсман во „Момчето со пругасти пижами“ која драмското студио Летечка Театарска Трупа од Тетово ја изведе на 22 јули.

Специјална диплома „Влог во иднината“ стручното жири му додели на Никола Стојаноски за улогата на Бруно Вајсман.

Владимир Јованоски вели дека наградата доаѓа во момент се изминува три децении на  театарската сцена.

-Сепак, наградата не е привилегија, туку обврска. Од денес сите добитници се врзани и обврзани да бидеме уште подобри луѓе и квалитетни уметници, бидејќи успесите не се крај, туку залог за иднината. И покрај индивидуалната награда, колективниот напор во раѓање на една заедничка успешна и убава приказна е тоа што ја донесе наградата, изјави Јованоски.

-Конечно признание на мојот труд, посветеност, а пред сè огромна љубов кон театарот за 15 години активно аматерисување по даските. Моите откажувања од многу друго во досегашниот живот за сметка на театарот, конечно ја добија својата награда. Се надевам вечно да ме краси епитетот – глумица, некако ми е најдраг, а сега и меѓународно признат. Оваа награда исто ми значи и признание дека во моментот мајчинството како животна улога најдобро ми прилега, таа емоција ја пренесов на сцената, чиста, неодглумено – одглумена“, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска.

По изведбата на претставата на 22 јули Владимир Јовановски со диплома беше награден како најдобар актер во рамки драмското студио.

The post „Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње appeared first on Република.

]]>

Драмското студио Летечка театарска трупа од Тетово информира дека вчера по завршувањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње, Босна и Херцеговина добиле три награди од стручното жири. Меѓу наградените на фестивалот стручното жири одлучи награда „Златни маска“  за најдобра машка и најдобра женска улога“ да добијат Владимир Јованоски и Мелиса Ценовска Серафимовска за улогите на Франц и Елса Вајсман во „Момчето со пругасти пижами“ која драмското студио Летечка Театарска Трупа од Тетово ја изведе на 22 јули. Специјална диплома „Влог во иднината“ стручното жири му додели на Никола Стојаноски за улогата на Бруно Вајсман. Владимир Јованоски вели дека наградата доаѓа во момент се изминува три децении на  театарската сцена. -Сепак, наградата не е привилегија, туку обврска. Од денес сите добитници се врзани и обврзани да бидеме уште подобри луѓе и квалитетни уметници, бидејќи успесите не се крај, туку залог за иднината. И покрај индивидуалната награда, колективниот напор во раѓање на една заедничка успешна и убава приказна е тоа што ја донесе наградата, изјави Јованоски. -Конечно признание на мојот труд, посветеност, а пред сè огромна љубов кон театарот за 15 години активно аматерисување по даските. Моите откажувања од многу друго во досегашниот живот за сметка на театарот, конечно ја добија својата награда. Се надевам вечно да ме краси епитетот – глумица, некако ми е најдраг, а сега и меѓународно признат. Оваа награда исто ми значи и признание дека во моментот мајчинството како животна улога најдобро ми прилега, таа емоција ја пренесов на сцената, чиста, неодглумено – одглумена“, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска. По изведбата на претставата на 22 јули Владимир Јовановски со диплома беше награден како најдобар актер во рамки драмското студио.

The post „Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње appeared first on Република.

]]>
Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-ratsin-vo-rezhija-na-dejan-projkovski-i-kontsert-na-mmm-sasha-nikolovski-gumar-vecherva-na-ohridsko-leto/ Tue, 30 Jul 2024 08:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=801519

Два настани вечерва ќе може да проследи публиката на Охридско лето со почеток во 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи премиерата на „Рацин“, според Кочо Рацин, во режија на Дејан Пројковски, а продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Драматург е Сашо Димоски, улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Раде Василев и Елена Вангеловска. Музиката е дело на Сашко Костов.

Претставата „Рацин“ нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре.

Во истиот час во Света Софија, камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“, ќе одржи концерт, под диригентство на Иван Еминовиќ. Како солисти ќе настапат Енис Аљи, виолончело и Симеон Гошев, виолина.

Роден во Скопје, во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многу други концерти.

Енис Аљи е роден во Скопје. Учествува на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и Франција каде што бил наградуван со први и специјални награди. По завршувањето на средното образование, ги продолжува студиите на Академијата за уметности во Тирана, Албанија, под менторство на проф. Дорина Ларо, а мастер студиите исто така ги завршува со највисока оцена на истата академија со истоимениот професор. Учествувал и свирел на повеќе семинари земајќи препораки од реномирани виолончелисти како што се: Анси Картунен, Анатоли Крастев, Карел Брендерхорст, Астрит Селита, Јоана Сахрин, Диего Суарез Фернандез и др. Како оркестарски музичар соработува со значајни диригенти и солисти. Настапува како водач со ансамбли како што се Албанската филхармонија (Албанија) „Ансамбл XXI” (Финска), Музичка младина на Македонија (МММ), ансамблот „АРКО”, гудачкиот оркестар на Скадар „Скендербег”, гудачкиот оркестар „Таденус”. Дел е од состави како што се: гудачките оркестри „Профундис” и „Ајга”, оркестарот „Young Musicians European Orchestra” (Италија) како и националните институции на Филхармонија и Опера и Балет во Македонија и Албанија

Симеон Гошев, роден е во 2003 година во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето, а во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетува семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,… Има одржано многу рецитали низ повеќе градови во земјава, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Свирел како солист со оркестарот на Филхармонија на Р.Македонија и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е и прва виолина на квартетот „Лаит“ и горд член е на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и нашата Филхармонија.

Камерниот оркестар на МММ постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска.

The post Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Два настани вечерва ќе може да проследи публиката на Охридско лето со почеток во 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи премиерата на „Рацин“, според Кочо Рацин, во режија на Дејан Пројковски, а продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Драматург е Сашо Димоски, улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Раде Василев и Елена Вангеловска. Музиката е дело на Сашко Костов. Претставата „Рацин“ нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре. Во истиот час во Света Софија, камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“, ќе одржи концерт, под диригентство на Иван Еминовиќ. Како солисти ќе настапат Енис Аљи, виолончело и Симеон Гошев, виолина. Роден во Скопје, во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многу други концерти. Енис Аљи е роден во Скопје. Учествува на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и Франција каде што бил наградуван со први и специјални награди. По завршувањето на средното образование, ги продолжува студиите на Академијата за уметности во Тирана, Албанија, под менторство на проф. Дорина Ларо, а мастер студиите исто така ги завршува со највисока оцена на истата академија со истоимениот професор. Учествувал и свирел на повеќе семинари земајќи препораки од реномирани виолончелисти како што се: Анси Картунен, Анатоли Крастев, Карел Брендерхорст, Астрит Селита, Јоана Сахрин, Диего Суарез Фернандез и др. Како оркестарски музичар соработува со значајни диригенти и солисти. Настапува како водач со ансамбли како што се Албанската филхармонија (Албанија) „Ансамбл XXI” (Финска), Музичка младина на Македонија (МММ), ансамблот „АРКО”, гудачкиот оркестар на Скадар „Скендербег”, гудачкиот оркестар „Таденус”. Дел е од состави како што се: гудачките оркестри „Профундис” и „Ајга”, оркестарот „Young Musicians European Orchestra” (Италија) како и националните институции на Филхармонија и Опера и Балет во Македонија и Албанија Симеон Гошев, роден е во 2003 година во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето, а во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетува семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,… Има одржано многу рецитали низ повеќе градови во земјава, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Свирел како солист со оркестарот на Филхармонија на Р.Македонија и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е и прва виолина на квартетот „Лаит“ и горд член е на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и нашата Филхармонија. Камерниот оркестар на МММ постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска.

The post Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-nas-pochnuva-zhivot-vecherva-na-vevchansko-leto-2024/ Wed, 24 Jul 2024 14:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=799900

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности.

„За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски.

Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“.

Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

“Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски.

По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>

Претставата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра во среда на 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен. Оваа традиционална манифестација под покровителство на општината Вевчани има за цел да го збогати културното живеење на жителите и посетителите на овој значаен туристички регион во земјава. „Вевчанско лето“ 2024 што започна на 25 јуни и ќе трае до 31 август ќе понуди многу содржини со драмска и музичка програма, неколку изложби, промоции и повеќе спортски активности. „За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски. Авророт Ѓерѓ Шпиро е еден од најпознатите современи унгарски писатели. Тој е професор на Академијата за драмска и филмска уметност во Будимпешта и член на Унгарската академија за книжевност и уметност. За неговите драми тој е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.  Ѓерѓ Шпиро повеќе пати ја освојувал и главната награда за „Најдобра унгарска драма на годината“. Во програмската белешка режисерот Дејан Пројковски упатува дека претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. „Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот“- истакнува режисерот. “За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото. “Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму...Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски. По летните гостувања театарската публика претставата “За нас почнува живот” од септември ќе може да следи на сцената на Драмски театар Скопје.

The post Претставата „За нас почнува живот“ вечерва на „Вевчанско лето“ 2024 appeared first on Република.

]]>
Ливија Пандур му ја посвети „Безгрешна“ на Томаж Пандур, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него https://republika.mk/vesti/kultura/livija-pandur-mu-ja-posveti-bezgreshna-na-tomazh-pandur-koj-veruvashe-deka-se-shto-vleguva-na-stsenata-se-transformira-so-nego/ Mon, 15 Jul 2024 14:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=796900

Словенечкиот народен театар од Марибор вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ за публиката на фестивалот „Охридско лето“ ја донесе монодрамата „Безгрешна“.

Претставата е адаптција на романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, на загубата, на осаменоста, на потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелуваат.

Фестивалската публика уживаше во извонредната актерска игра на Наташа Матјашец Рошкер  која ја толкуваше улогата на Марија, мајката на Исус.

Оваа  претстава е многу значајна за мене и за сите кои работеа на неа бидејќи идејата да се реазлизира беше на нашиот славен режисер Томаж Пандур кој ненадејно почина токму во Македонија. Ние веќе бевме почнати со работа, така што сега со оваа претстава која на некој начин е негова последна,  доаѓаме на местото на неговото заминување и тоа уште толку е силно за сите нас.  Клучната порака на монодрамата е дека  Марија, пред сѐ била жена и мајка која  проживеала реално искуство, губењето на синот, и тоа во однос на институционалната интерпретација на нејзиниот живот и животот на нејзиниот син за неа како жена е позначајно  од она што следувало подоцна, вели актерката Матјашец Рошкер.

Претставата ја довршила драматургот Ливија Пандур во 2016 година, по ненадејната и прерана смрт на словенечкиот режисер Томаж Пандур.

– Со неговото заминување, мојата рана е толку длабока што може да ја носи само сцената. Нему му ја посветувам „Безгрешна“, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него, вели Ливија Пандур која е и сестра на легендарниот режисер со светско реноме Томаж Пандур.

Откако студирала драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, Ливија Пандур работела како драматург во различни театри во Љубљана. Од 1991 до 1996 година е драматург на Драмата на Словенечкиот народен театар – Марибор. Меѓу другите, таа била драматург за сите продукции на Томаж Пандур (1963-2016) „Шехерезада“ во Младинскиот театар во Љубљана; „Фауст“, „Хамлет“, „Кармен“, „Божествена комедија“, „Руска мисија“, „Вавилон“ во Словенечкиот народен театар во Марибор; „Хазарски речник“, „Сто минути“, „Тесла Електрик“, „Калигула“, „Војна и мир“, „Микеланџело“ во ХНК во Загреб, „Фауст“, „Кралот Лир“ во Атина. Автор е на повеќе театарски публикации, и ја објавува и ја уредува театарската монографија „Театарот на соништата“ во 2002 година.

 

 

 

 

 

The post Ливија Пандур му ја посвети „Безгрешна“ на Томаж Пандур, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот народен театар од Марибор вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ за публиката на фестивалот „Охридско лето“ ја донесе монодрамата „Безгрешна“. Претставата е адаптција на романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, на загубата, на осаменоста, на потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелуваат. Фестивалската публика уживаше во извонредната актерска игра на Наташа Матјашец Рошкер  која ја толкуваше улогата на Марија, мајката на Исус.
Оваа  претстава е многу значајна за мене и за сите кои работеа на неа бидејќи идејата да се реазлизира беше на нашиот славен режисер Томаж Пандур кој ненадејно почина токму во Македонија. Ние веќе бевме почнати со работа, така што сега со оваа претстава која на некој начин е негова последна,  доаѓаме на местото на неговото заминување и тоа уште толку е силно за сите нас.  Клучната порака на монодрамата е дека  Марија, пред сѐ била жена и мајка која  проживеала реално искуство, губењето на синот, и тоа во однос на институционалната интерпретација на нејзиниот живот и животот на нејзиниот син за неа како жена е позначајно  од она што следувало подоцна, вели актерката Матјашец Рошкер.
Претставата ја довршила драматургот Ливија Пандур во 2016 година, по ненадејната и прерана смрт на словенечкиот режисер Томаж Пандур. – Со неговото заминување, мојата рана е толку длабока што може да ја носи само сцената. Нему му ја посветувам „Безгрешна“, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него, вели Ливија Пандур која е и сестра на легендарниот режисер со светско реноме Томаж Пандур. Откако студирала драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, Ливија Пандур работела како драматург во различни театри во Љубљана. Од 1991 до 1996 година е драматург на Драмата на Словенечкиот народен театар – Марибор. Меѓу другите, таа била драматург за сите продукции на Томаж Пандур (1963-2016) „Шехерезада“ во Младинскиот театар во Љубљана; „Фауст“, „Хамлет“, „Кармен“, „Божествена комедија“, „Руска мисија“, „Вавилон“ во Словенечкиот народен театар во Марибор; „Хазарски речник“, „Сто минути“, „Тесла Електрик“, „Калигула“, „Војна и мир“, „Микеланџело“ во ХНК во Загреб, „Фауст“, „Кралот Лир“ во Атина. Автор е на повеќе театарски публикации, и ја објавува и ја уредува театарската монографија „Театарот на соништата“ во 2002 година.          

The post Ливија Пандур му ја посвети „Безгрешна“ на Томаж Пандур, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него appeared first on Република.

]]>
Претставата „Безгрешна“ на словенечкиот театар „Марибор“ вечерва на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-bezgreshna-na-slovenechkiot-teatar-maribor-vecherva-na-ohridsko-leto/ Sun, 14 Jul 2024 08:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=796587

Првата содржина од драмскиот дел на програмата на Фестивалот „Охридско лето“ е театарската претстава „Безгрешна“, поставка на Театарот Марибор од Словенија.

„Безгрешна“ (Immaculata) бара смисла во раните кои никогаш не можат да зараснат. Марија, мајката на Исус, се обидува да се сети на некои од зборовите, лицата и деловите од приказната во врска со смртта на нејзиниот син. Сеќавајќи се на тие длабоко вознемирувачки настани, Марија смело ги предизвикува сите големи и свети идеи. Всушност, тие прашања се начинот на кој таа ги задржала. Затоа што идеите умираат, ако не се оспорат. Immaculata е жена која е повеќекратно злоупотребувана и погрешно скована во слика, догма, инструмент на верата. Тоа е исповед на жена, избришана од историјата и претворена во слика која служи за воспоставување на насилна религија.

- Ако олтарот е каде и да клекнеме, тогаш мојот олтар е сцената. Местото каде што го поминав, со Томаж, целиот мој живот во театарот, тесно испреплетен со неговата интимна визија за светот, со неговите светли и мрачни соништа, кои тој, во својот творечки порив, ги живееше страсно, притоа искажувајќи ја својата Поезија и вистина, вели за претставата Ливија Пандур, која ја заврши поставката по ненадејната и прерана смрт на словенечкиот режисер Томаж Пандур.

Како што посочува таа, Immaculata е претстава што почнале да ја адаптираат од романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, загубата, осаменоста, потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелија.

- Со неговото заминување, мојата рана е толку длабока што може да ја носи само сцената. Нему му ја посветувам Имакулата, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него, вели Ливија Пандур.

Продуцентката и режисерката Ливија Пандур студирала драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, работела како драматург во различни театри во Љубљана. Од 1991 до 1996 година е драматург на Драмата на Словенечкиот народен театар – Марибор. Меѓу другите, таа била драматург за сите продукции на Томаж Пандур (1963-2016) „Шехерезада“ во Младинскиот театар во Љубљана; „Фауст“, „Хамлет“, „Кармен“, „Божествена комедија“, „Руска мисија“, „Вавилон“ во Словенечкиот народен театар во Марибор; „Хазарски речник“, „Сто минути“, „Тесла Електрик“, „Калигула“,  „Војна и мир“, „Микеланџело“ во ХНК во Загреб, „Фауст“, „Кралот Лир“ во Атина. Автор е на повеќе театарски публикации, и ја објавува и ја уредува театарската монографија „Театарот на соништата“ во 2002 година.

Улогата на Марија ја толкува Наташа Матијашец Рошкер.

За вечерашната изведба на „Безгрешна“ е резервирана сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот.

The post Претставата „Безгрешна“ на словенечкиот театар „Марибор“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Првата содржина од драмскиот дел на програмата на Фестивалот „Охридско лето“ е театарската претстава „Безгрешна“, поставка на Театарот Марибор од Словенија. „Безгрешна“ (Immaculata) бара смисла во раните кои никогаш не можат да зараснат. Марија, мајката на Исус, се обидува да се сети на некои од зборовите, лицата и деловите од приказната во врска со смртта на нејзиниот син. Сеќавајќи се на тие длабоко вознемирувачки настани, Марија смело ги предизвикува сите големи и свети идеи. Всушност, тие прашања се начинот на кој таа ги задржала. Затоа што идеите умираат, ако не се оспорат. Immaculata е жена која е повеќекратно злоупотребувана и погрешно скована во слика, догма, инструмент на верата. Тоа е исповед на жена, избришана од историјата и претворена во слика која служи за воспоставување на насилна религија. - Ако олтарот е каде и да клекнеме, тогаш мојот олтар е сцената. Местото каде што го поминав, со Томаж, целиот мој живот во театарот, тесно испреплетен со неговата интимна визија за светот, со неговите светли и мрачни соништа, кои тој, во својот творечки порив, ги живееше страсно, притоа искажувајќи ја својата Поезија и вистина, вели за претставата Ливија Пандур, која ја заврши поставката по ненадејната и прерана смрт на словенечкиот режисер Томаж Пандур. Како што посочува таа, Immaculata е претстава што почнале да ја адаптираат од романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, загубата, осаменоста, потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелија. - Со неговото заминување, мојата рана е толку длабока што може да ја носи само сцената. Нему му ја посветувам Имакулата, кој веруваше дека сè што влегува на сцената се трансформира со него, вели Ливија Пандур. Продуцентката и режисерката Ливија Пандур студирала драматургија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, работела како драматург во различни театри во Љубљана. Од 1991 до 1996 година е драматург на Драмата на Словенечкиот народен театар – Марибор. Меѓу другите, таа била драматург за сите продукции на Томаж Пандур (1963-2016) „Шехерезада“ во Младинскиот театар во Љубљана; „Фауст“, „Хамлет“, „Кармен“, „Божествена комедија“, „Руска мисија“, „Вавилон“ во Словенечкиот народен театар во Марибор; „Хазарски речник“, „Сто минути“, „Тесла Електрик“, „Калигула“,  „Војна и мир“, „Микеланџело“ во ХНК во Загреб, „Фауст“, „Кралот Лир“ во Атина. Автор е на повеќе театарски публикации, и ја објавува и ја уредува театарската монографија „Театарот на соништата“ во 2002 година. Улогата на Марија ја толкува Наташа Матијашец Рошкер. За вечерашната изведба на „Безгрешна“ е резервирана сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот.

The post Претставата „Безгрешна“ на словенечкиот театар „Марибор“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Разгалениот принц“ и концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано денеска на „Скопско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-razgaleniot-prints-i-kontsert-na-aleksandra-kotsevska-metsosopran-i-gligor-gelebeshev-pijano-deneska-na-skopsko-leto/ Tue, 09 Jul 2024 08:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=794796

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва ќе се одигра претставата за деца „Разгалениот принц“ со почеток во 19 часот, во Куршумли ан. Претставата е во продукција на Театар ХИТ – Скопје.

Автор и режија: Сашо Ристовски

Сценографија и костими: Диди

Играат: Магдалена Ризова - Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов.

Детската театарска претстава „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ" е детска комедија која изобилува со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата.

Целото дејствие се случува во дворецот на принцот кој има исклучителен специфичен карактер и однесување кон повозрасните, врсниците и средината. Неговото однесување во дворецот и во околината е неправилно бидејќи тоа воопшто не доликува на еден принц, кој треба да биде пример за сите. Низ низата комични ситуации кои се создаваат со однесувањето на принцот кон својот татко кралот, дадилката и околината се покажува дека таквото однесување не е дозволено, а при тоа и се укажува дека секое дете има свои права, но пред сé и обврски кои мора да ги знае и исполнува. Смислувајќи мноштво на начини кралот со дадилката, а и децата од публиката ќе успеат да дојдат до целта, да го променат принцот и да го научат на неговите вистински права, но и на неговите обврски кон своите врсници, повозрасните, а и кон целата околина.

Интерактивниот момент на оваа претстава е особено запазен, бидејќи сакаме со тоа децата од публиката да ги потикнеме на целосна активност за време на претставата.

Претставата изобилува со одлична и богата сценографија, костими, како и музика која е соодветна на времето и просторот во кое се случува дејствието.

Исто така, вечерва ќе се одржи концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано, со почеток во 20:30ч. во Салон 19:19 – Културно информативен центар.

Програмата на концертот ќе опфати дела од Жорж Бизе (Ma vie a son secret, Pastorale, Reve de la bien aimee, Vielle chanson, Douce mer, Apres l’hiver, Chanson d’avril, La chanson du fou, La coccinelle) и од Жан-Батист Векерлен (Maman, dites-moi, L’amour).

Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото „Колегиум“.

Глигор Гелебешев (1969), своето музичко образование го започнува во родната Гевгелија, а основното и средното музичко образование го завршува во Скопје. Студира на Академијата за Уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ,а магистрира во 1997г. на ФМУ во Скопје. За време на своето школување, добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и учесник на голем број концерти, како и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и др.) По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист ,но и како камерен музичар,соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001г. го формира пијано дуото со својата сопруга Катерина Гелебешева Костадиновска, со кое настапува во земјава и странство. Имаат издадено две ЦД-а, настап со Македонската филхармонија, како и остварено голем број трајни снимки за Македонската радио телевизија. Во 2021г. го издава својот прв соло носач на звук со дела на Ф.Шопен, С.Рахмањинов и сопствени дела. Освен на домашна сцена (речиси во сите градови и на најзначајните фестивали: Охридско Лето, Интерфест –Битола, ДММ-Скопје, Златна Лира-Скопје...),бележи и настапи во странство. Како педагог, бележи голем број успеси со свои ученици на домашни и меѓународни натпревари и заради својата успешна работа како професор по пијано, честопати е поканет да биде член во жири. Глигор Гелебешев веќе 30 години работи во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

 Билетите за двата настана се во продажба на Скопско Лето 2024 - karti.com.mk .

The post Претставата „Разгалениот принц“ и концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва ќе се одигра претставата за деца „Разгалениот принц“ со почеток во 19 часот, во Куршумли ан. Претставата е во продукција на Театар ХИТ – Скопје.

Автор и режија: Сашо Ристовски

Сценографија и костими: Диди

Играат: Магдалена Ризова - Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов.

Детската театарска претстава „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ" е детска комедија која изобилува со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата.

Целото дејствие се случува во дворецот на принцот кој има исклучителен специфичен карактер и однесување кон повозрасните, врсниците и средината. Неговото однесување во дворецот и во околината е неправилно бидејќи тоа воопшто не доликува на еден принц, кој треба да биде пример за сите. Низ низата комични ситуации кои се создаваат со однесувањето на принцот кон својот татко кралот, дадилката и околината се покажува дека таквото однесување не е дозволено, а при тоа и се укажува дека секое дете има свои права, но пред сé и обврски кои мора да ги знае и исполнува. Смислувајќи мноштво на начини кралот со дадилката, а и децата од публиката ќе успеат да дојдат до целта, да го променат принцот и да го научат на неговите вистински права, но и на неговите обврски кон своите врсници, повозрасните, а и кон целата околина.

Интерактивниот момент на оваа претстава е особено запазен, бидејќи сакаме со тоа децата од публиката да ги потикнеме на целосна активност за време на претставата.

Претставата изобилува со одлична и богата сценографија, костими, како и музика која е соодветна на времето и просторот во кое се случува дејствието.

Исто така, вечерва ќе се одржи концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано, со почеток во 20:30ч. во Салон 19:19 – Културно информативен центар.

Програмата на концертот ќе опфати дела од Жорж Бизе (Ma vie a son secret, Pastorale, Reve de la bien aimee, Vielle chanson, Douce mer, Apres l’hiver, Chanson d’avril, La chanson du fou, La coccinelle) и од Жан-Батист Векерлен (Maman, dites-moi, L’amour).

Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото „Колегиум“.

Глигор Гелебешев (1969), своето музичко образование го започнува во родната Гевгелија, а основното и средното музичко образование го завршува во Скопје. Студира на Академијата за Уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ,а магистрира во 1997г. на ФМУ во Скопје. За време на своето школување, добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и учесник на голем број концерти, како и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и др.) По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист ,но и како камерен музичар,соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001г. го формира пијано дуото со својата сопруга Катерина Гелебешева Костадиновска, со кое настапува во земјава и странство. Имаат издадено две ЦД-а, настап со Македонската филхармонија, како и остварено голем број трајни снимки за Македонската радио телевизија. Во 2021г. го издава својот прв соло носач на звук со дела на Ф.Шопен, С.Рахмањинов и сопствени дела. Освен на домашна сцена (речиси во сите градови и на најзначајните фестивали: Охридско Лето, Интерфест –Битола, ДММ-Скопје, Златна Лира-Скопје...),бележи и настапи во странство. Како педагог, бележи голем број успеси со свои ученици на домашни и меѓународни натпревари и заради својата успешна работа како професор по пијано, честопати е поканет да биде член во жири. Глигор Гелебешев веќе 30 години работи во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

 Билетите за двата настана се во продажба на Скопско Лето 2024 - karti.com.mk .

The post Претставата „Разгалениот принц“ и концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано денеска на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ денеска премиерно во Могила и Новаци https://republika.mk/vesti/kultura/satirichnata-komedija-bardo-todor-deneska-premierno-vo-mogila-i-novatsi/ Sat, 01 Jun 2024 10:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=783760

Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, премиерно ќе се одигра денеска во општините Могила и Новаци.

Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер Сашо Миленковски.

Како што информираат од „Еко Свест“, „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец.

Таа ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата.

Од „Еко-свест“ нагласуваат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија од фосилни горива, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.

Оттаму се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните.

Претставата која на сатиричен начин носи силна порака ќе биде одиграна во општинскиот двор во Могила во 12 часот, додека, жителите на Новаци во општинскиот двор ќе имат прилика да ја проследат во 18 часот.

Оваа црна комедија е наменета за возрасната публика, а на 10 јуни ќе биде прикажана и во Битола.

The post Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ денеска премиерно во Могила и Новаци appeared first on Република.

]]>

Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, премиерно ќе се одигра денеска во општините Могила и Новаци. Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер Сашо Миленковски. Како што информираат од „Еко Свест“, „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец. Таа ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата. Од „Еко-свест“ нагласуваат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија од фосилни горива, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето. Оттаму се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните. Претставата која на сатиричен начин носи силна порака ќе биде одиграна во општинскиот двор во Могила во 12 часот, додека, жителите на Новаци во општинскиот двор ќе имат прилика да ја проследат во 18 часот. Оваа црна комедија е наменета за возрасната публика, а на 10 јуни ќе биде прикажана и во Битола.

The post Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ денеска премиерно во Могила и Новаци appeared first on Република.

]]>
Изведба на претставата „Свет без жени“ и разговор со нејзините авторки – Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/izvedba-na-pretstavata-svet-bez-zheni-i-razgovor-so-nejzinite-avtorki-olga-dimitrijevik-i-maja-pelevik/ Thu, 16 May 2024 13:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=778875

Фестивалите „Перформанс платформа“ и „Прво па женско #12“ заедно со Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и платформата „Тииииит!“ ја најавуваат изведбата на претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ.

Претставата ќе се одигра на 16 мај (четврток) на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот.

„Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија“, се вели во описот.

„Свет без жени“ ја освои наградата од публиката на Белградскиот меѓународен фестивал на театарот“ во 2022 година.

По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова, уредничка на платформата Медуза.

Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, резервација може да се направи на [email protected].

The post Изведба на претставата „Свет без жени“ и разговор со нејзините авторки – Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ appeared first on Република.

]]>

Фестивалите „Перформанс платформа“ и „Прво па женско #12“ заедно со Центарот за иновација во уметноста и културата „Локомотива“ и платформата „Тииииит!“ ја најавуваат изведбата на претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ. Претставата ќе се одигра на 16 мај (четврток) на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот. „Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици. Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија“, се вели во описот. „Свет без жени“ ја освои наградата од публиката на Белградскиот меѓународен фестивал на театарот“ во 2022 година. По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова, уредничка на платформата Медуза. Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, резервација може да се направи на [email protected].

The post Изведба на претставата „Свет без жени“ и разговор со нејзините авторки – Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ appeared first on Република.

]]>
Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/kuklenata-pretstava-rona-kerkata-na-ograbuvachot-vecherva-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-vo-skopje/ Fri, 10 May 2024 11:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=776767

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен.

Режија и драматизација:
Јакуб Максимов (Република Чешка)

Драматургија и превод:
Горјан Милошевски

Играат и изведуваат музички делови на сцена:
Матеа Јанковска- Роња и вокал
Никола Наковски- Бирк, Бампер, Сиво Џуџе и вокал
Мики Анчевски- Матис, Сиво Џуџе, окарина и вокал
Катарина Илиевска Силјановска- Ловис, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе и вокал
Ангела Димитрова- Ундис, Фјосок, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, виолина и вокал
Петар Стојанов- Пит ламбата, Борка, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, гитара и вокал

Претставата е наменета за возраст од 6+

„Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, “Пипи долгиот чорап”. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на
ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.“ – Горјан Милошевски, драматург на претставата.

„Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.“ – Јакуб Маскимов, режисер на претставата.

Сценографија, Дизајн на кукли и маски: Олга Зјебинска (Р.Полска)
Костимограф: Олга Зјебињска (Р.Полска)
Композитор и Корепетитор: Лазар Новков ( Р.Србија)
Дизајн на плакат и брошура: Олга Зјебинска (Р.Полска)

Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Светло мајстор: Мартин Митровски
Тон мајстор : Ангелe Насковски
Изработка на костим: Љубица Велкова
Шминка: Игор Петрески
Изработка на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова,
Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер, Натали Рајнишова (Р.Чешка) и Кирил Василев
Гардеробер: Мирка Ѓорѓиева
Декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими

Билетите може да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk

 

The post Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен.
Режија и драматизација: Јакуб Максимов (Република Чешка) Драматургија и превод: Горјан Милошевски Играат и изведуваат музички делови на сцена: Матеа Јанковска- Роња и вокал Никола Наковски- Бирк, Бампер, Сиво Џуџе и вокал Мики Анчевски- Матис, Сиво Џуџе, окарина и вокал Катарина Илиевска Силјановска- Ловис, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе и вокал Ангела Димитрова- Ундис, Фјосок, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, виолина и вокал Петар Стојанов- Пит ламбата, Борка, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, гитара и вокал Претставата е наменета за возраст од 6+ „Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, “Пипи долгиот чорап”. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.“ – Горјан Милошевски, драматург на претставата. „Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.“ – Јакуб Маскимов, режисер на претставата. Сценографија, Дизајн на кукли и маски: Олга Зјебинска (Р.Полска) Костимограф: Олга Зјебињска (Р.Полска) Композитор и Корепетитор: Лазар Новков ( Р.Србија) Дизајн на плакат и брошура: Олга Зјебинска (Р.Полска) Инспициент: Ѓуро Дракулоски Светло мајстор: Мартин Митровски Тон мајстор : Ангелe Насковски Изработка на костим: Љубица Велкова Шминка: Игор Петрески Изработка на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова, Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер, Натали Рајнишова (Р.Чешка) и Кирил Василев Гардеробер: Мирка Ѓорѓиева Декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими Билетите може да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk
 

The post Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје appeared first on Република.

]]>
Театарската претстава „Јагнето“ во Public Room https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-pretstava-jagneto-vo-public-room/ Mon, 22 Apr 2024 10:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=769255

На 22 април 2024 година, со почеток од 20:00 во Public Room во Скопје, ќе биде изведена театарската претстава „Јагнето“.

Претставата е во продукција на СЕАМ, сценариото е подготвено од Кирил Дончов, наш поранешен студент а во улогите настапуваат нашите студенти и стаф – ентузијасти и актери во слободно време!!!

 

По изведбата на претставата, ќе слушнеме краток говор од Катерина Колева.

Повелете на една поинаква вечер, да се потсетиме на случувањата на првиот Велигден и да се охрабриме преку веста за победата на животот над смртта, се вели во објавата од организаторот.

The post Театарската претстава „Јагнето“ во Public Room appeared first on Република.

]]>

На 22 април 2024 година, со почеток од 20:00 во Public Room во Скопје, ќе биде изведена театарската претстава „Јагнето“. Претставата е во продукција на СЕАМ, сценариото е подготвено од Кирил Дончов, наш поранешен студент а во улогите настапуваат нашите студенти и стаф – ентузијасти и актери во слободно време!!!   По изведбата на претставата, ќе слушнеме краток говор од Катерина Колева. Повелете на една поинаква вечер, да се потсетиме на случувањата на првиот Велигден и да се охрабриме преку веста за победата на животот над смртта, се вели во објавата од организаторот.

The post Театарската претстава „Јагнето“ во Public Room appeared first on Република.

]]>
Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам https://republika.mk/vesti/svet/zamislete-belets-da-go-napraveshe-ova-ogranichen-vlezot-za-beltsi-na-pretstava-za-rasizam/ Mon, 04 Mar 2024 09:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=750976

На белците им бил ограничен влезот на две изведби на претстава за расизмот и сексуалноста во лондонската населба Вест Енд. Кабинетот на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак го осуди потегот како поттик на поделби.

Претставата на авторот Џереми Харис, кој инаку е црнец, под наслов „Игра на робови“ (Slave Play) ќе се прикажува во театарот „Ноел Кауард“ во Лондон, од јуни до септември. А, двете претстави на 17 јули и 17 септември се резервирани за „припадници на црнечкото население“, според одлуката на авторот.

Замислата е дека ова е ноќ кога конкретно ги покануваме црнците да го пополнат просторот, да се чувствуваат безбедно со многу други луѓе со темна кожа на место каде што често не се чувствуваат безбедно, нагласи Харис за Би-би-си.

Тој додаде дека гледачите со темна кожа може да донесат белци - партнери или пријатели.

Следеше осудата од британските власти.

Јасно е дека ограничувањето на публиката врз основа на раса е погрешно и би значело поделба, изјави портпаролот на премиерот.

На прашањето - дали Владата ќе размисли за откажување на јавното финансирање за театрите коишто се занимаваат со таква дискриминација, портпаролот не понуди јасен одговор „да“ или „не", пренесува „Кликс“.

The post Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам appeared first on Република.

]]>

На белците им бил ограничен влезот на две изведби на претстава за расизмот и сексуалноста во лондонската населба Вест Енд. Кабинетот на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак го осуди потегот како поттик на поделби. Претставата на авторот Џереми Харис, кој инаку е црнец, под наслов „Игра на робови“ (Slave Play) ќе се прикажува во театарот „Ноел Кауард“ во Лондон, од јуни до септември. А, двете претстави на 17 јули и 17 септември се резервирани за „припадници на црнечкото население“, според одлуката на авторот.
Замислата е дека ова е ноќ кога конкретно ги покануваме црнците да го пополнат просторот, да се чувствуваат безбедно со многу други луѓе со темна кожа на место каде што често не се чувствуваат безбедно, нагласи Харис за Би-би-си.
Тој додаде дека гледачите со темна кожа може да донесат белци - партнери или пријатели. Следеше осудата од британските власти.
Јасно е дека ограничувањето на публиката врз основа на раса е погрешно и би значело поделба, изјави портпаролот на премиерот.
На прашањето - дали Владата ќе размисли за откажување на јавното финансирање за театрите коишто се занимаваат со таква дискриминација, портпаролот не понуди јасен одговор „да“ или „не", пренесува „Кликс“.

The post Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам appeared first on Република.

]]>
Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-se-sluchi-ednash-vo-zheneva-vecherva-vo-laboratorium/ Fri, 23 Feb 2024 11:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=747353

Вечерва во Едукативниот Културен Центар Лабораториум, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Се случи еднаш во Женева“, според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг,  во режија на Кристијан Атанасов.

Да мразеше човештвото војна ќе имаше милиони како нас, а само двајца војници.

Играат:
Јана Вељановска
Лазар Христов

The post Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Едукативниот Културен Центар Лабораториум, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Се случи еднаш во Женева“, според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг,  во режија на Кристијан Атанасов.
Да мразеше човештвото војна ќе имаше милиони како нас, а само двајца војници.
Играат: Јана Вељановска Лазар Христов

The post Претставата „Се случи еднаш во Женева“ вечерва во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-nora-kuka-za-kukli-vo-rezhija-na-teodora-siljanoska-vecherva-na-stsenata-na-bitef-teatar-vo-belgrad/ Tue, 20 Feb 2024 09:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=745984

На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора - Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“.

Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал - ИНТЕФ од Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Македонија.

-Целта на овој проект беше да се соберат млади уметници од регионот како прв чекор кон понатамошна соработка и културна размена, а гостувањето и гостопримството на млади уметници на таква сцена, како што е Битеф, е од огромно значење за нас, но секако и одговорност. Радосни сме што нашиот труд е препознаен, велат од тимот на претставата.

Претставата ја обработува темата на индивидуалноста, нејзината цена и нејзината убавина и тага. Исто така, говори за големата безљубовна состојба и вината како една од главните теми на драмата. Вината има моќ да го наруши мирот на секој човек, а ако мирот е голема среќа на
животот, тогаш овие ликови се несреќни. Гревот го носат на грб, во џебовите и куферите.

Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството.

Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ.
Драматизација, музичкиот избор и режијата е на Теодора Силјаноска. Костимите се на Вања Вујановиќ, сценографијата на Наталија Матракоска, а изработка на сценографија на Филип Рајковиќ. Соработник за сценски движења е Александра Вељковиќ.

The post Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград appeared first on Република.

]]>

На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора - Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“. Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал - ИНТЕФ од Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Македонија. -Целта на овој проект беше да се соберат млади уметници од регионот како прв чекор кон понатамошна соработка и културна размена, а гостувањето и гостопримството на млади уметници на таква сцена, како што е Битеф, е од огромно значење за нас, но секако и одговорност. Радосни сме што нашиот труд е препознаен, велат од тимот на претставата. Претставата ја обработува темата на индивидуалноста, нејзината цена и нејзината убавина и тага. Исто така, говори за големата безљубовна состојба и вината како една од главните теми на драмата. Вината има моќ да го наруши мирот на секој човек, а ако мирот е голема среќа на животот, тогаш овие ликови се несреќни. Гревот го носат на грб, во џебовите и куферите. Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството. Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ. Драматизација, музичкиот избор и режијата е на Теодора Силјаноска. Костимите се на Вања Вујановиќ, сценографијата на Наталија Матракоска, а изработка на сценографија на Филип Рајковиќ. Соработник за сценски движења е Александра Вељковиќ.

The post Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград appeared first on Република.

]]>
„Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/momcheto-so-prugasti-pizhami-vecherva-vo-mnt/ Fri, 16 Feb 2024 10:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=744818

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“ од Џон Бојн, а во режија на Владимир Јованоски.

Актерска екипа:

 

Бруно: Никола Стојановски

Франц Вајсман: Владимир Јованоски

 

Елса Вајсман: Мелиса Ценовска-Серафимовска

Јоди: Клара Настова

 

Павел: Зоран Јованоски

Гунтер: Марко Ристоски

Гретел: Меланија Серафимовска

Евреи: Матеј Печеновиќ, Ивана Давидовска, Сандра Ристоска, Михаела Матеска

Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призмата на интензивен психолошки судир на архетипните карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија. Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.

„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“. Претстава која нема да Ве остави рамнодушни.

The post „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“ од Џон Бојн, а во режија на Владимир Јованоски. Актерска екипа:   Бруно: Никола Стојановски Франц Вајсман: Владимир Јованоски   Елса Вајсман: Мелиса Ценовска-Серафимовска Јоди: Клара Настова   Павел: Зоран Јованоски Гунтер: Марко Ристоски Гретел: Меланија Серафимовска Евреи: Матеј Печеновиќ, Ивана Давидовска, Сандра Ристоска, Михаела Матеска Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призмата на интензивен психолошки судир на архетипните карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија. Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај. „Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“. Претстава која нема да Ве остави рамнодушни.

The post „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>
Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” https://republika.mk/vesti/kultura/pretstava-na-japonskata-akterka-shoko-ito-deneska-na-filoloshkiot-fakultet-blazhe-koneski/ Thu, 15 Feb 2024 07:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=744259

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ).

Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство.

Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“.

Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ). Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>
Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари на редовниот репертоар на МНТ https://republika.mk/scena/muzichko-teatarskata-avantura-neobichen-den-od-fevruari-na-redovniot-repertoar-na-mnt/ Mon, 12 Feb 2024 09:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=743081

Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар со закажани 4 претстави на 17 февруари во 17.30 и 19.30 часот и на 19 февруари во 17.30 и 19.30 часот.

Популарните ликови од 5+ Фамилија ве покануваат на волшебно, чудно, неверојатно, возбудливо патување во фантастичниот свет во кој царуваат детската имагинација, другарството и љубовта, свет во кој сѐ е можно и не постои нешто што е несовладливо.

Претставата е наменета за деца над 5 години и на уникатен и креативен начин, преку прекрасна сценографија, актерска игра и песничките кои се потпевнуваат долго по излегување од театарот, пренесува важна порака дека иднината зависи од тоа колку љубов имаме и даваме во сегашноста.

Децата уживаат да се дружат со Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира истовремено на едноставен и моќен начин учат дека разликите не треба да нѐ раздвојуваат, туку да нѐ сплотуваат и оти заеднички можеме да создадеме подобар свет.

Режија: Дејан Пројковски

Актери: Сања Арсовска, Ана Јовановска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Дамјан Цветановски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска и Марина Поп Панкова.

Автори: Сања Арсовска и Билјана Крајчевска

Костимограф: Maрија Пупучевска

Сценограф: Валентин Светозарев

Кореограф: Олга Панго

 

The post Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари на редовниот репертоар на МНТ appeared first on Република.

]]>

Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар со закажани 4 претстави на 17 февруари во 17.30 и 19.30 часот и на 19 февруари во 17.30 и 19.30 часот. Популарните ликови од 5+ Фамилија ве покануваат на волшебно, чудно, неверојатно, возбудливо патување во фантастичниот свет во кој царуваат детската имагинација, другарството и љубовта, свет во кој сѐ е можно и не постои нешто што е несовладливо. Претставата е наменета за деца над 5 години и на уникатен и креативен начин, преку прекрасна сценографија, актерска игра и песничките кои се потпевнуваат долго по излегување од театарот, пренесува важна порака дека иднината зависи од тоа колку љубов имаме и даваме во сегашноста. Децата уживаат да се дружат со Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира истовремено на едноставен и моќен начин учат дека разликите не треба да нѐ раздвојуваат, туку да нѐ сплотуваат и оти заеднички можеме да создадеме подобар свет. Режија: Дејан Пројковски Актери: Сања Арсовска, Ана Јовановска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Дамјан Цветановски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска и Марина Поп Панкова. Автори: Сања Арсовска и Билјана Крајчевска Костимограф: Maрија Пупучевска Сценограф: Валентин Светозарев Кореограф: Олга Панго  

The post Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари на редовниот репертоар на МНТ appeared first on Република.

]]>
Премиера на детската претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во Кино Милениум https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-detskata-pretstava-prikazna-za-familijata-mraz-vo-kino-milenium/ Sat, 23 Dec 2023 08:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=725848

Преставата „Приказна за фамилијата Мраз” ќе биде премиерно изведена денеска и утре со кино „Милениум“.

Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен „Театар за деца и младинци“, ќе се обидат на комичен, едукативен и забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.

Преставата говори за магичен свет, во кој постојат двајца „Дедо Мразовци“. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони”, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде “да се упропасти Новата Година”.

„Приказната за фамилијата Мраз“ е претстава која е ко-продукција меѓу Скопје Комеди и новоформираната екипа „Весели Ирваси“.

Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

The post Премиера на детската претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во Кино Милениум appeared first on Република.

]]>

Преставата „Приказна за фамилијата Мраз” ќе биде премиерно изведена денеска и утре со кино „Милениум“. Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен „Театар за деца и младинци“, ќе се обидат на комичен, едукативен и забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика. Преставата говори за магичен свет, во кој постојат двајца „Дедо Мразовци“. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони”, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде “да се упропасти Новата Година”. „Приказната за фамилијата Мраз“ е претстава која е ко-продукција меѓу Скопје Комеди и новоформираната екипа „Весели Ирваси“. Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

The post Премиера на детската претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во Кино Милениум appeared first on Република.

]]>