Плоштад Archives - Република https://republika.mk/tema/ploshtad/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 22:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Плоштад Archives - Република https://republika.mk/tema/ploshtad/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ слави на плоштад https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-slavi-na-ploshtad/ Wed, 08 May 2024 22:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=776052

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се обрати на насобраните поддржувачи кои ја прославуваа изборната победа на Плоштадот Македонија во Скопје.

„Нема време за чекање. Го свикувам првиот работен состанок за утре претпладне, а оваа вечер да прославиме достоинствено, како што нам само ни доликува“, им порача Мицкоски на поддржувачите.

Тој им се заблагодари на гласачите затоа што ја „ослободиле Македонија“.

„И кога секој еден од вас ќе го прашаат каде бевте кога се бореше за Македонија, бидете горди, вие бевте во првите редови и бидете горди затоа што ја ослободивте нашата Македонија“, рече Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ слави на плоштад appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се обрати на насобраните поддржувачи кои ја прославуваа изборната победа на Плоштадот Македонија во Скопје. „Нема време за чекање. Го свикувам првиот работен состанок за утре претпладне, а оваа вечер да прославиме достоинствено, како што нам само ни доликува“, им порача Мицкоски на поддржувачите. Тој им се заблагодари на гласачите затоа што ја „ослободиле Македонија“. „И кога секој еден од вас ќе го прашаат каде бевте кога се бореше за Македонија, бидете горди, вие бевте во првите редови и бидете горди затоа што ја ослободивте нашата Македонија“, рече Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ слави на плоштад appeared first on Република.

]]>
500 млади танчери играа на скопскиот Плоштад по повод Светскиот ден на танцот https://republika.mk/scena/muzika/500-mladi-tancheri-igraa-na-skopskiot-ploshtad-po-povod-svetskiot-den-na-tantsot/ Tue, 30 Apr 2024 12:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=772591

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад „Македонија“ се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден. Повеќе од 500 млади танчери играа на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer и заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот.

На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.

Скопје се подготвува за домаќин на претстојното Светско првенство во хип хоп 2024.  Шампионатот ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври.

Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот.

Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски.

https://youtu.be/OEg8j9WspbI?si=2HAfVbO0noWalIgx

The post 500 млади танчери играа на скопскиот Плоштад по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад „Македонија“ се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден. Повеќе од 500 млади танчери играа на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer и заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот. На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“. Скопје се подготвува за домаќин на претстојното Светско првенство во хип хоп 2024.  Шампионатот ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври. Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски. https://youtu.be/OEg8j9WspbI?si=2HAfVbO0noWalIgx

The post 500 млади танчери играа на скопскиот Плоштад по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>
Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-ploshtad-ke-ja-chekaat-novata-godina-so-slatkar-dario-merak-meana-so-suzana-gavazova-stojne-nikolova-blaga-petreska/ Fri, 22 Dec 2023 13:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=725695

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија во Скопје ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации.

Од понедленик, 25 декември започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до седми јануари 2024.

Планирана е на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Водители на празничниот базар ќе бидат Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

The post Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… appeared first on Република.

]]>

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија во Скопје ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски. Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од понедленик, 25 декември започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до седми јануари 2024. Планирана е на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања. Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд. Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм. Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци. Водители на празничниот базар ќе бидат Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

The post Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… appeared first on Република.

]]>
Со тревата на Шилегов на Плоштад, можеше да се обнови Националниот стадион https://republika.mk/vesti/makedonija/so-trevata-na-shilegov-na-ploshtad-mozheshe-da-se-obnovi-natsionalniot-stadion/ Sat, 09 Sep 2023 20:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=680410

Стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград, познат како “Маракана“ е голем 110 х 73 метри, што е еднакво на 8.030 м2. За Овие околу 8 илјади метри квадратни, владата на Србија издвои 650.000 евра.

Значи, платиле најскапа хибридна трева која расте во три брзини, полека, среден раст и брз раст, односно послале тревни теписи кои чинат 81 евро за метар квадратен.

И таа акција за обнова на сите стадиони во земјата ја спроведуваат.

Само за компарација, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, плати 560.000 евра за тревната коцка на плоштад Македонија и 700.000 евра за тревниот кров на Мавровка. Плус ГТЦ зеленот кров, не влегува во оваа математика.

„Вкупната инвестиција е 33 милиони денари со вклучен ДДВ, односно 104 евра за метар квадратен“, рече тогаш Шилегов. (А тогаш уште немавме ниту корона криза, ниту инфлација, што значи дека ги билдал цените до плафон)

Целиот тој дел од плоштадот, е на површина од околу 1.800 метри квадратни, пишува  “Независен“

Да направиме проста математика:

560.000 евра за трева за 1.800 метри квадратни = 311,11 евра за м2.

Тоа значи дека Шилегов лажел дека ќе чини 104 евра за метар квадратен

Одиме на Мавровка

Шилегов плати 700.000 евра за зелен кров на зграда.

Терасата која никогаш не ја озелени според неговите плакати, има 4.000 м2.

Тоа значи дека за метар квадратен платил 175 евра за трева, која никогаш не ја видовме.

Одиме на Арена Тоше Проески

Националниот стадион има површина за задење трева од 105 x 68 метри = 7.140 м2.

По цената за српска Маракана (81 евро за м2) ќе чинеше 578.350 евра.

А таа на Маракана, е најскапата и стандард за стадиони, секаде во свет.

Заклучок: Колку квадрати и стотици илјади евра материјал работа има за одделението за организиран криминал при ОЈО има во набавките на Петре Шилегов?

П.С. Колку плаќате трева за во двор во земјоделска аптека или во Хубо маркет? 5-10 за нормален раст, до 15 евра за среден и до 20 евра за брз раст?

Колку кеширал Петре Шилегов само од трева? 

 

The post Со тревата на Шилегов на Плоштад, можеше да се обнови Националниот стадион appeared first on Република.

]]>

Стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград, познат како “Маракана“ е голем 110 х 73 метри, што е еднакво на 8.030 м2. За Овие околу 8 илјади метри квадратни, владата на Србија издвои 650.000 евра. Значи, платиле најскапа хибридна трева која расте во три брзини, полека, среден раст и брз раст, односно послале тревни теписи кои чинат 81 евро за метар квадратен. И таа акција за обнова на сите стадиони во земјата ја спроведуваат. Само за компарација, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, плати 560.000 евра за тревната коцка на плоштад Македонија и 700.000 евра за тревниот кров на Мавровка. Плус ГТЦ зеленот кров, не влегува во оваа математика. „Вкупната инвестиција е 33 милиони денари со вклучен ДДВ, односно 104 евра за метар квадратен“, рече тогаш Шилегов. (А тогаш уште немавме ниту корона криза, ниту инфлација, што значи дека ги билдал цените до плафон) Целиот тој дел од плоштадот, е на површина од околу 1.800 метри квадратни, пишува  “Независен“ Да направиме проста математика: 560.000 евра за трева за 1.800 метри квадратни = 311,11 евра за м2. Тоа значи дека Шилегов лажел дека ќе чини 104 евра за метар квадратен Одиме на Мавровка Шилегов плати 700.000 евра за зелен кров на зграда. Терасата која никогаш не ја озелени според неговите плакати, има 4.000 м2. Тоа значи дека за метар квадратен платил 175 евра за трева, која никогаш не ја видовме. Одиме на Арена Тоше Проески Националниот стадион има површина за задење трева од 105 x 68 метри = 7.140 м2. По цената за српска Маракана (81 евро за м2) ќе чинеше 578.350 евра. А таа на Маракана, е најскапата и стандард за стадиони, секаде во свет. Заклучок: Колку квадрати и стотици илјади евра материјал работа има за одделението за организиран криминал при ОЈО има во набавките на Петре Шилегов? П.С. Колку плаќате трева за во двор во земјоделска аптека или во Хубо маркет? 5-10 за нормален раст, до 15 евра за среден и до 20 евра за брз раст? Колку кеширал Петре Шилегов само од трева?   

The post Со тревата на Шилегов на Плоштад, можеше да се обнови Националниот стадион appeared first on Република.

]]>
Плоштадот во Скопје е во магла, се запали оџак од градската кафеана https://republika.mk/vesti/skopje/ploshtadot-vo-skopje-e-vo-magla-se-zapali-odhak-od-gradskata-kafeana/ Tue, 08 Aug 2023 18:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=670120

Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје е во магла, смрди на изгорено, јавуваат читатели на „Република“.

[caption id="attachment_670122" align="alignnone" width="2048"] фото: Република[/caption]

Според нивните кажаувања, се запалил оџакот на градската кафеана „Пелистер“, така што цел плоштад е зачаден.

[caption id="attachment_670123" align="alignnone" width="2048"] фото: Република[/caption]

Станарите од околните згради велат дека не е првпат да горат оџаците на кафеаните на Плоштад.

 

The post Плоштадот во Скопје е во магла, се запали оџак од градската кафеана appeared first on Република.

]]>

Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје е во магла, смрди на изгорено, јавуваат читатели на „Република“. [caption id="attachment_670122" align="alignnone" width="2048"] фото: Република[/caption] Според нивните кажаувања, се запалил оџакот на градската кафеана „Пелистер“, така што цел плоштад е зачаден. [caption id="attachment_670123" align="alignnone" width="2048"] фото: Република[/caption] Станарите од околните згради велат дека не е првпат да горат оџаците на кафеаните на Плоштад.  

The post Плоштадот во Скопје е во магла, се запали оџак од градската кафеана appeared first on Република.

]]>
Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар https://republika.mk/zivot/patuvanja/vo-rim-otvoren-za-posetiteli-ploshtadot-na-koj-beshe-ubien-tsezar/ Sat, 24 Jun 2023 08:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=654617

Ларго ди Торе Аргентина, римскиот плоштад и историски локалитет каде, според легендата, бил предаден и убиен римскиот генерал и државник Јулиј Цезар во 44 година п.н.е., по неколку години реновирање повторно е отворен за туристите.

Местото на ископување, познато и како „Ареа Сакра“, се смета за едно од најважните историски локалитети во Рим и се наоѓа недалеку од познатиот Римски форум.

Ларго ди Торе Аргентина се состои од остатоци од четири храмови кои датираат од периодот на Римската република до четвртиот век пред нашата ера и сите се обновени, објави туристичкиот одбор на градот.

Гај Јулиј Цезар бил освојувач на Галија, а по граѓанската војна против римскиот генерал Гнеј Помпеј Велики, тој станал доживотен диктатор, со што започнал трансформацијата на Рим од република во империја.

Цезар, наводно, бил убиен од група сенатори во Сенатот набргу откако бил прогласен за доживотен диктатор.

Сите четири храмови се наоѓаат под површината и до неодамна можеа да се видат само зад бариери во близина на блискиот пат.

Беше обновен и портикот на средновековниот Торе дел Папито, како и сите простории под нивото на улицата во соседната Виа ди Сан Никола де Цезарини.

На овие простори се пронајдени бројни вредни артефакти. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, го нарече местото „вистински скапоцен камен на историјата, уметноста и културата во срцето на вечниот град“.

Отсега за прв пат ќе може да се истражат остатоците од храмовите одблиску, истакна Гуалтиери.

Целата област е опремена со панели со текстови на италијански и англиски јазик, а достапна е и за луѓе во инвалидски колички.

Работите ги финансираше италијанската модна куќа „Булгари“, а плоштадот и остатоците од храмовите првпат беа ископани при градежни работи во дваесеттите години на минатиот век.

Туристите и посетителите кои не живеат во Рим ќе треба да потрошат пет евра за влез.

The post Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар appeared first on Република.

]]>

Ларго ди Торе Аргентина, римскиот плоштад и историски локалитет каде, според легендата, бил предаден и убиен римскиот генерал и државник Јулиј Цезар во 44 година п.н.е., по неколку години реновирање повторно е отворен за туристите. Местото на ископување, познато и како „Ареа Сакра“, се смета за едно од најважните историски локалитети во Рим и се наоѓа недалеку од познатиот Римски форум. Ларго ди Торе Аргентина се состои од остатоци од четири храмови кои датираат од периодот на Римската република до четвртиот век пред нашата ера и сите се обновени, објави туристичкиот одбор на градот. Гај Јулиј Цезар бил освојувач на Галија, а по граѓанската војна против римскиот генерал Гнеј Помпеј Велики, тој станал доживотен диктатор, со што започнал трансформацијата на Рим од република во империја. Цезар, наводно, бил убиен од група сенатори во Сенатот набргу откако бил прогласен за доживотен диктатор. Сите четири храмови се наоѓаат под површината и до неодамна можеа да се видат само зад бариери во близина на блискиот пат. Беше обновен и портикот на средновековниот Торе дел Папито, како и сите простории под нивото на улицата во соседната Виа ди Сан Никола де Цезарини. На овие простори се пронајдени бројни вредни артефакти. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, го нарече местото „вистински скапоцен камен на историјата, уметноста и културата во срцето на вечниот град“. Отсега за прв пат ќе може да се истражат остатоците од храмовите одблиску, истакна Гуалтиери. Целата област е опремена со панели со текстови на италијански и англиски јазик, а достапна е и за луѓе во инвалидски колички. Работите ги финансираше италијанската модна куќа „Булгари“, а плоштадот и остатоците од храмовите првпат беа ископани при градежни работи во дваесеттите години на минатиот век. Туристите и посетителите кои не живеат во Рим ќе треба да потрошат пет евра за влез.

The post Во Рим отворен за посетители плоштадот на кој беше убиен Цезар appeared first on Република.

]]>
Данела Арсовска побарала чистка, плоштадот во Скопје и личел на депонија, на волонтерите им рекла да ги нема до утре https://republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-pobarala-chistka-ploshtadot-vo-skopje-i-lichel-na-deponija-na-volonterite-im-rekla-da-gi-nema-do-utre/ Sat, 11 Feb 2023 21:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=607888

Човек, кој се претставил како инспектор, во име на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска од волонтерите кои собираат помош за настраданите во Турција на плоштадот им рекол до утре да ги нема, да исчистат и да се спакуваат, бидејќи местото личело на депонија. Наводниот инспектор на покажал никаква легитимација, рекол дека го испратил генералниот секретар на Град Скопје, објави Јоци.

За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје, коментираат волонтерите.

Од Град Скопје демантираат дека испратиле инспектор кој „ги бркал“ луѓето кои собираат хуманитарна помош.

Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија“ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија.

Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони евра, велат од Град Скопје.

 

The post Данела Арсовска побарала чистка, плоштадот во Скопје и личел на депонија, на волонтерите им рекла да ги нема до утре appeared first on Република.

]]>

Човек, кој се претставил како инспектор, во име на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска од волонтерите кои собираат помош за настраданите во Турција на плоштадот им рекол до утре да ги нема, да исчистат и да се спакуваат, бидејќи местото личело на депонија. Наводниот инспектор на покажал никаква легитимација, рекол дека го испратил генералниот секретар на Град Скопје, објави Јоци.
За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје, коментираат волонтерите.
Од Град Скопје демантираат дека испратиле инспектор кој „ги бркал“ луѓето кои собираат хуманитарна помош.
Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија“ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија. Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони евра, велат од Град Скопје.  

The post Данела Арсовска побарала чистка, плоштадот во Скопје и личел на депонија, на волонтерите им рекла да ги нема до утре appeared first on Република.

]]>
Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-vozachot-na-kamionot-shto-propadna-vo-fontanata-na-ploshtad/ Wed, 23 Nov 2022 11:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=577320

Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија, чиј камион изутринава пропадна со тркалата на плоштадот „Македонија”, немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд.

Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок.

Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.

https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад appeared first on Република.

]]>

Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија, чиј камион изутринава пропадна со тркалата на плоштадот „Македонија”, немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд. Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок. Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава. https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад appeared first on Република.

]]>
Камиончето што падна во фонтаната имало дозвола за влез издадена од Град Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kamioncheto-shto-padna-vo-fontanata-imalo-dozvola-za-vlez-izdadena-od-grad-skopje/ Wed, 23 Nov 2022 11:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=577291

Возилото кое утрово падна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“ имало дозвола за движење низ пешачката зона на плоштадот издадена од Град Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштадот „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т. (31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од Град Скопје, за снимање на емисија пред Камениот мост. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Камиончето што падна во фонтаната имало дозвола за влез издадена од Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Возилото кое утрово падна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“ имало дозвола за движење низ пешачката зона на плоштадот издадена од Град Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштадот „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т. (31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од Град Скопје, за снимање на емисија пред Камениот мост. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР. https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Камиончето што падна во фонтаната имало дозвола за влез издадена од Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Позади „Капитол мол“ во Аердром ќе се гради нов плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/pozadi-kapitol-mol-vo-aerdrom-kje-se-gradi-nov-ploshtad/ Wed, 26 Oct 2022 10:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=565839

Нов плоштад ќе се гради позади „Капитол мол“ во скопската општина Аеродром, објави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на просторот зад „Капитол мол“, со што аеродромци ќе добијат уште еден нов плоштад во срцето на Аеродром. Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамките на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема, вели Муцунски.

The post Позади „Капитол мол“ во Аердром ќе се гради нов плоштад appeared first on Република.

]]>

Нов плоштад ќе се гради позади „Капитол мол“ во скопската општина Аеродром, објави градоначалникот Тимчо Муцунски.
Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на просторот зад „Капитол мол“, со што аеродромци ќе добијат уште еден нов плоштад во срцето на Аеродром. Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамките на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема, вели Муцунски.

The post Позади „Капитол мол“ во Аердром ќе се гради нов плоштад appeared first on Република.

]]>
Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/povtorno-otvorena-dupka-na-ploshtad-makedonija/ Sun, 25 Sep 2022 16:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=554131

Попладнево на плоштадот „Македонија“ повторно може да се забележи отворена дупка во дел на површинската фонтана.

Засега не е познато како пропаднала плочката.

Инаку, на ова место досега забележани се три случаи каде возила имаат пропаднато.

The post Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Попладнево на плоштадот „Македонија“ повторно може да се забележи отворена дупка во дел на површинската фонтана. Засега не е познато како пропаднала плочката. Инаку, на ова место досега забележани се три случаи каде возила имаат пропаднато.

The post Повторно отворена дупка на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Камион пропадна во фонтаната на Плоштад Македонија https://republika.mk/vesti/skopje/kamion-propadna-vo-fontanata-na-ploshtad-makedonija/ Tue, 30 Aug 2022 10:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=545584

Камион пропадна во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје.

Од 31 август по 4 септември на скопскиот плоштад ќе се одржи „Пиволенд“, а камионот што пропаднал носел опрема која требала да биде поставена за Фестивалот на пивото.

Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.

 

The post Камион пропадна во фонтаната на Плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>

Камион пропадна во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од 31 август по 4 септември на скопскиот плоштад ќе се одржи „Пиволенд“, а камионот што пропаднал носел опрема која требала да биде поставена за Фестивалот на пивото. Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.  

The post Камион пропадна во фонтаната на Плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Ако ова е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-ako-ova-e-istoriski-den-neka-odat-na-ploshtad-i-neka-go-povikaat-narodot-na-zaednichka-proslava/ Tue, 19 Jul 2022 11:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=531025

Доколку ова денеска е историски ден, откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава, а не да одат во Клубот на пратеници на затворена прослава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Според Милошоски, се гледа дека тие се срамат од ова што го прават, но, како што рече, се обидуваат преку пиар пропаганда да го претстават денот како некој голем успешен историски ден.

Во Брисел денеска имаме две држави, од коишто едната Албанија реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш по година, две или покасно да ги започне преговорите со ЕУ, изјави Милошоски.

Државата, според Милошоски, од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ.

Затоа сметам дека фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние коишто во соседството се способни. И фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници, изјави Милошоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски, рече дека Уставот по однос на прашањето со Бугарија нема да се смени.

Тоа значи дека онаа прогноза што ја даде претседателот Пендаровски, оваа превземена обврска која што не може да се реализира, веројатно е дека ќе доведе до политика криза и истата ќе резултира порано или покасно со предвремени избори, изјави Милошоски.

The post Милошоски: Ако ова е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава appeared first on Република.

]]>

Доколку ова денеска е историски ден, откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава, а не да одат во Клубот на пратеници на затворена прослава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Според Милошоски, се гледа дека тие се срамат од ова што го прават, но, како што рече, се обидуваат преку пиар пропаганда да го претстават денот како некој голем успешен историски ден.
Во Брисел денеска имаме две држави, од коишто едната Албанија реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш по година, две или покасно да ги започне преговорите со ЕУ, изјави Милошоски.
Државата, според Милошоски, од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ.
Затоа сметам дека фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние коишто во соседството се способни. И фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници, изјави Милошоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски, рече дека Уставот по однос на прашањето со Бугарија нема да се смени.
Тоа значи дека онаа прогноза што ја даде претседателот Пендаровски, оваа превземена обврска која што не може да се реализира, веројатно е дека ќе доведе до политика криза и истата ќе резултира порано или покасно со предвремени избори, изјави Милошоски.

The post Милошоски: Ако ова е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава appeared first on Република.

]]>
Апсење на плоштад „Македонија“, 20-годишно момче носело пиштол пред казино https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-na-ploshtad-makedonija-20-godishno-momche-noselo-pishtol-pred-kazino/ Sat, 21 May 2022 12:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=505179

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера синоќа околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри.

Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Апсење на плоштад „Македонија“, 20-годишно момче носело пиштол пред казино appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера синоќа околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци. При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри. Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Апсење на плоштад „Македонија“, 20-годишно момче носело пиштол пред казино appeared first on Република.

]]>
Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/skopskite-maturanti-igraa-kvadril-i-salsa-na-ploshtad-makedonija/ Fri, 20 May 2022 15:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=504909

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“.

Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.

Ова е само крајот на вашето средно образование, почетокот на остатокот од вашиот живот и ви следат навистина најубавите години. Се надевам дека сите вие својата иднина ќе ја најдете во државата. Сигурна сум дека меѓу вас има многу млади кои ќе ги гледаме многу често во голем број на професии коишто ќе бидат гордост за сите нас, им порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На настанот присуствуваше и заменик евроамбасадорот, Џулијан Васало кој на матурантите им порача дека пред нив ги имаат најубавите години и оти ќе имаат можност да си ги остварат соништата, да го сменат светот, но пред сè да се забавуваат.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – квадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

 

The post Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“. Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“. Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.
Ова е само крајот на вашето средно образование, почетокот на остатокот од вашиот живот и ви следат навистина најубавите години. Се надевам дека сите вие својата иднина ќе ја најдете во државата. Сигурна сум дека меѓу вас има многу млади кои ќе ги гледаме многу често во голем број на професии коишто ќе бидат гордост за сите нас, им порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
На настанот присуствуваше и заменик евроамбасадорот, Џулијан Васало кој на матурантите им порача дека пред нив ги имаат најубавите години и оти ќе имаат можност да си ги остварат соништата, да го сменат светот, но пред сè да се забавуваат. Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска во седум наврати поставија гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – квадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.  

The post Скопските матуранти играа квадрил и салса на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
И вечерва ќе се слави на плоштад Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/i-vecherva-kje-se-slavi-na-ploshtad-makedonija/ Fri, 25 Mar 2022 13:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=478455

Сензационалниот триумф над Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе ја прослават заедно со навивачите вечерва на скопскиот плоштад „Македонија“.

Како што попладнево објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), националниот тим се очекува да ги поздрави присутните навивачи на плоштадот во Скопје околу 18:30 часот.

Пристигнувањето на фудбалската експедиција на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо е најавено за 17:30 часот.

Илјадници македонски навивачи синоќа спонтано ја славеа големата победа низ скопските улици, по што масовно се собраа на плоштадот „Македонија“, а триумфот се славеше и низ други градови во државата.

The post И вечерва ќе се слави на плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>

Сензационалниот триумф над Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе ја прослават заедно со навивачите вечерва на скопскиот плоштад „Македонија“. Како што попладнево објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), националниот тим се очекува да ги поздрави присутните навивачи на плоштадот во Скопје околу 18:30 часот. Пристигнувањето на фудбалската експедиција на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо е најавено за 17:30 часот. Илјадници македонски навивачи синоќа спонтано ја славеа големата победа низ скопските улици, по што масовно се собраа на плоштадот „Македонија“, а триумфот се славеше и низ други градови во државата.

The post И вечерва ќе се слави на плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија https://republika.mk/scena/muzika/utre-kje-se-palat-svekji-za-aki-rahimovski-na-ploshtadot-makedonija/ Tue, 25 Jan 2022 17:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=449387

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски.

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа.

Главното собирање се планира од 18 до 19:30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

The post Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа. Главното собирање се планира од 18 до 19:30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

The post Утре ќе се палат свеќи за Аки Рахимовски на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>
Перо Камиказа го озвучувал концертот на Плоштад за Нова година: Ни 8 отсто не чинеше од сумата на Шилегов оваа Нова Година, 14 илјади спрема 165 илјади евра https://republika.mk/vesti/skopje/pero-kamikaza-go-ozvuchuval-koncertot-na-ploshtad-za-nova-godina-ni-8-otsto-ne-chineshe-od-sumata-na-shilegov-ovaa-nova-godina-14-iljadi-sprema-165-iljadi-evra/ Tue, 04 Jan 2022 11:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=440417

Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.

Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ....Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.

Од СДСМ реагираат дека Георгиевски преку статус на Фејсбук признал дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра.

Инаку вчера СДСМ упати јавно прашање до Камиказа дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, по што самиот Георгиевски синоќа се огласи на Фејсбук со бројка.

The post Перо Камиказа го озвучувал концертот на Плоштад за Нова година: Ни 8 отсто не чинеше од сумата на Шилегов оваа Нова Година, 14 илјади спрема 165 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.
Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ....Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.
Од СДСМ реагираат дека Георгиевски преку статус на Фејсбук признал дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра. Инаку вчера СДСМ упати јавно прашање до Камиказа дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, по што самиот Георгиевски синоќа се огласи на Фејсбук со бројка.

The post Перо Камиказа го озвучувал концертот на Плоштад за Нова година: Ни 8 отсто не чинеше од сумата на Шилегов оваа Нова Година, 14 илјади спрема 165 илјади евра appeared first on Република.

]]>