Пецаков Archives - Република https://republika.mk/tema/pecakov/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 11:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пецаков Archives - Република https://republika.mk/tema/pecakov/ 32 32 Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vo-ohrid-se-sluchuva-investitsiski-bum-prodolzhuvame-da-gi-realizirame-proektite-koi-shto-gi-vetivme-pred-graganite/ Mon, 15 Jul 2024 11:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=797035

Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.

Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи.

Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а  се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.

Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.

Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив“.

The post Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните appeared first on Република.

]]>

Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.
Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи. Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а  се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно. Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат. Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив“.    

The post Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните appeared first on Република.

]]>
Пецаков на „Охрид трчаТ“ за поддршка на ретките болести https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/petsakov-na-ohrid-trchat-za-poddrshka-na-retkite-bolesti/ Sun, 04 Jun 2023 18:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=647735

И оваа година трчавме за поддршка на Ги Запознаваме Ретките Болести .

Одлично издание на Охрид трчаТ . Премногу позитивна енергија и премногу потрошени калории.

Честитки до организаторите за успешното издание, а пред се честитки до сите учесници, напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

The post Пецаков на „Охрид трчаТ“ за поддршка на ретките болести appeared first on Република.

Пецаков: Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/petsakov-posakuvam-zaedno-da-prodolzhime-da-ja-neguvame-tolerantsijata-da-gi-nadminuvame-predrasudite-i-da-obezbedime-ednakvost-i-sotsijalna-pravda-za-site/ Sat, 08 Apr 2023 10:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=628656

Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации, вели во честитката упатена до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков.

Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија. Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите. Во мое лично име и во името на Општина Охрид примете искрени честитки за овој значаен празник со желби за добро здравје и големи успеси на секое поле, додава градоначалникот Пецаков во честитката по повод Меѓународниот ден на Ромите.

The post Пецаков: Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите appeared first on Република.

Пецаков: За оваа една година мандат, два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба за објектот во Лагадин https://republika.mk/vesti/kultura/petsakov-za-ovaa-edna-godina-mandat-dva-pati-sum-dal-negativno-mislene-za-prethodno-dadenoto-odobrenie-za-gradba-za-objektot-vo-lagadin/ Fri, 10 Mar 2023 08:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=617986

За изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење и го одбиваат по еден основ и сите шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид, а за оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба, вели во реакцијата градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски, вели Пецаков.

Градоначалникот најави и дека јавноста ќе биде детално запознаена со предметот и целосната документација.

The post Пецаков: За оваа една година мандат, два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба за објектот во Лагадин appeared first on Република.

Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација https://republika.mk/vesti/makedonija/ponishteno-reshenieto-na-petsakov-za-prekin-na-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-veti-legalizatsija/ Mon, 06 Mar 2023 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=616590

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин .

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење.

Заев најави дека хотелот ќе се легализира.

https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s

На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса.

https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA

извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин . Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење. Заев најави дека хотелот ќе се легализира. https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса. https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Охрид промовиран на саемот за туризам во Белград https://republika.mk/zivot/patuvanja/petsakov-ohrid-promoviran-na-saemot-za-turizam-vo-belgrad/ Sat, 25 Feb 2023 16:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=613144

Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари.

Заедно со претставниците Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираме туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставариме средби со туроператори од регионот.

На саемот за туризам во Белград кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.

The post Пецаков: Охрид промовиран на саемот за туризам во Белград appeared first on Република.

Пецаков: Охрид блесна во сиот свој сјај! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/petsakov-ohrid-blesna-vo-siot-svoj-sjaj/ Tue, 27 Dec 2022 10:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=590463

Охрид блесна во сиот свој сјај!, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил.

Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера се добредојдени во Охрид!

За новогодишната ноќ се потрудивме да обезбедиме забава за сечиј вкус, а за тоа ќе се погрижат веќе докажани македонски естрадни уметници.

Денска забава на Градскиот плоштад ќе има и наредниот ден.

Ве очекуваме!

The post Пецаков: Охрид блесна во сиот свој сјај! appeared first on Република.

Мицкоски: Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mickoski-ohridskiot-maraton-e-sochuvan-i-kje-prodolzi-da-trae/ Sat, 10 Sep 2022 16:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=549525

Кирил Пецаков ја одржа традицијата и покрај тоа што власта и Пендаровски направија сè за таа да престане, напиша Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае. Денес на мое задоволство, како и многубројни други добронамерници, присуствував на маратонот кој се одржа и ќе продолжи да се одржува.

The post Мицкоски: Охридскиот маратон е сочуван и ќе продолжи да трае appeared first on Република.

Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата https://republika.mk/vesti/kultura/promoviran-digitalen-spomenik-na-grigor-prlichev-vo-ohrid-pecakov-vakvite-inovacii-ja-pottiknuvaat-promocijata-na-gradot-i-drzavata/ Wed, 10 Aug 2022 08:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=538621

Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.

„Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.

Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.

За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.

Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место“, вели Пецаков.

The post Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата appeared first on Република.

]]>

Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.
„Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер. Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот. За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта. Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место“, вели Пецаков.

The post Промовиран дигитален споменик на Григор Прличев во Охрид, Пецаков: Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ https://republika.mk/zivot/zdravje/gradonachalnikot-pecakov-i-pretsedatelot-na-sovetot-donev-bea-del-od-timbildingot-na-retkite-bolesti-na-ohrid-trchat/ Sun, 05 Jun 2022 17:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=511513

Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, сме дел од тимбилдингот на ретките болести кој по шестти пат трча на Охрид ТрчаТ, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.

За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ трчаат учесници меѓу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки, нивни семејства, но и нивни поддржувачи.

На Охрид Трчат трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности на лицата со ретки болести, напиша градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ appeared first on Република.

]]>

Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, сме дел од тимбилдингот на ретките болести кој по шестти пат трча на Охрид ТрчаТ, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.
За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ трчаат учесници меѓу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки, нивни семејства, но и нивни поддржувачи. На Охрид Трчат трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности на лицата со ретки болести, напиша градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Започна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pecakov-zapochna-asfaltiranjeto-na-trite-kraci-od-ulicata-dame-gruev/ Tue, 17 May 2022 20:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=503541

Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“.

Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри.

Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.

The post Пецаков: Започна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ appeared first on Република.

]]>

Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“. Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри. Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.

The post Пецаков: Започна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Нова фекална канализација во Лескоец, продолжува трета фаза од изградбата на булеварот „Македонски Просветители“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pecakov-nova-fekalna-kanalizacija-vo-leskoec-prodolzuva-treta-faza-od-izgradbata-na-bulevarot-makedonski-prosvetiteli/ Sat, 07 May 2022 12:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=499026

Во текот на денешниот ден ќе презентираме и ќе посетиме неколку локации каде што се одвиваат градежни активности. Првата веќе ја поминавме се работи за дел од селото Лескоец каде што околу 40 семејства ќе имаат можност да бидат приклучени на фекална канализација, а со тоа ќе го решиме нивниот децениски проблем. Ова е втората локација која што заедно како улица „Момчило Јорданоски“, и трите краци од Даме Груев заедно со паркингот од населбата Даме Груев се проект кој што е кофинансиран од општина Охрид заедно со Бирото за регионален развој, односно Југозападниот Плански регион, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Третиот проект, ќе го посетиме булеварот „Македонски Просветители“ каде што како локална самоуправа ја започнавме третата фаза. Тој дел кој што дополнително го правиме е финансиран лично од општина Охрид со дополнителни средства, настрана од проектот кој што беше предвиден и за тој проект рокот за завршување е први јуни и од Светска Банка е проектот. Наредната локација која што ќе ја посетиме веќе завршивме со она што требаше да претставува наново поставување на коцките кои што беа во дворот на Црквата Перивлепта, а тековно уште четири улици во старото градско подрачје ги решивме, и заедно со потпорен ѕид кај Црквата Челница во стариот дел на градот. И како завршен проект, односно завршена активност од општина Охрид исто така финансиран од општина Охрид ќе ја презентираме во текот на денешниот ден, вели Пецаков.

Тој додава дека при крај е и економското училиште, или она кое што го добивме по однос на енергетски ефикасни фасади секако реновирање на кров и менување на електрична инсталација.

Така да плоден ден, почеток на неколку и финиширање на исто так неколку проекти кои што ги започнавме изминатиот период. Тековно ќе следат дополнителни активности и проекти за кои што ќе бидете информирани. И секако дека оваа година, генерално кога ќе земеме од самиот почеток на годината до крај, ќе измине со сериозно добри проекти за кои што долг период одредени граѓани имале проблем, а сега ние го решаваме нивниот проблем, истакна Пецаков.

https://www.youtube.com/watch?v=MZ0OhmGRz3k

The post Пецаков: Нова фекална канализација во Лескоец, продолжува трета фаза од изградбата на булеварот „Македонски Просветители“ appeared first on Република.

Следете во живо: Отчет на градоначалникот Пецаков за сработеното во првите 100 дена од мандатот https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-otchet-na-gradonachalnikot-pecakov-za-srabotenoto-vo-prvite-100-dena-od-mandatot/ Wed, 23 Feb 2022 11:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=462334

На регионалниот настан „Промени што носат иднина -100 дена локална власт отчет на ВМРО ДПМНЕ“ што ќе се одржи денес во Охрид, отчет за сработеното по првите 100 дена ќе даде градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

На настанот најавено е обраќање на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и на градоначалниците од општините Вевчани, Македонски Брод, Јегуновце, Демир Хисар.

Отчетот на градоначалникот Пецаков следете го во живо во 12.30 часот, на следниов линк.

The post Следете во живо: Отчет на градоначалникот Пецаков за сработеното во првите 100 дена од мандатот appeared first on Република.

]]>

На регионалниот настан „Промени што носат иднина -100 дена локална власт отчет на ВМРО ДПМНЕ“ што ќе се одржи денес во Охрид, отчет за сработеното по првите 100 дена ќе даде градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. На настанот најавено е обраќање на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и на градоначалниците од општините Вевчани, Македонски Брод, Јегуновце, Демир Хисар. Отчетот на градоначалникот Пецаков следете го во живо во 12.30 часот, на следниов линк.

The post Следете во живо: Отчет на градоначалникот Пецаков за сработеното во првите 100 дена од мандатот appeared first on Република.

]]>
Пецаков на Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pecakov-na-aleksandar-kjulukoski-chlen-na-makedonskata-kanter-strajk-reprezentacija-mu-vrachi-ednokratna-parichna-pomosh-od-30-000-denari/ Thu, 10 Feb 2022 14:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=456850

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охриѓанец Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација, која го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, во ноември минатата година.

На средбата се разговараше за условите за развој на електронскиот спорт (е-спортот) во Охрид, како една нова спортска дисциплина која веќе доби и официјално признание од Агенцијата за млади и спорт, на ниво на нашата држава.

Градоначалникот Кирил Пецаков во името на Општина Охрид на младиот Ќулукоски му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари како поддршка и мотив за поголеми успеси на понатамошните натпреварувања.

Александар Ќулукоски се натпреварува под псевдонимот „CacaNito“ и заедно со македонска репрезентација се очекува да се натпреварува на Европското првенство и на Меѓународниот турнир од светски ранг во Дубаи.

The post Пецаков на Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охриѓанец Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација, која го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, во ноември минатата година. На средбата се разговараше за условите за развој на електронскиот спорт (е-спортот) во Охрид, како една нова спортска дисциплина која веќе доби и официјално признание од Агенцијата за млади и спорт, на ниво на нашата држава. Градоначалникот Кирил Пецаков во името на Општина Охрид на младиот Ќулукоски му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари како поддршка и мотив за поголеми успеси на понатамошните натпреварувања. Александар Ќулукоски се натпреварува под псевдонимот „CacaNito“ и заедно со македонска репрезентација се очекува да се натпреварува на Европското првенство и на Меѓународниот турнир од светски ранг во Дубаи.

The post Пецаков на Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>
Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун https://republika.mk/vesti/kultura/pecakov-za-nas-grigor-prlichev-bil-i-kje-ostane-ne-samo-vrvna-knizevna-prerodbenichka-figura-tuku-i-naroden-tribun/ Mon, 07 Feb 2022 17:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=455252

Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, во НУЦК “Григор Прличев“ викендов беа заокружени свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“. За животниот пат и творештвото на Кацаров, пред присутните зборуваше драматургот Зоран Пејковски, а свое обраќање имаше и градоначалникот Кирил Пецаков.

Почитувани дами и господа, почитувани гости, драги охриѓани. Ми претставува особена чест, најискрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски поет, есеист, раскажувач и драмски автор, Трајче Кацаровза поемата „ЦВЕТКО“ и да му посакамкрепко здравје и долги, долги години инспирација во создавањето на нови литературни дела.

Годинашното чествување на делото на македонскиот и светски книжевен великан и преродбеник, овенчаниот со Лаворов венец во Атина, Григор Прличев збогатено е со уште една поема, со која се продолжува традицијата на Прличевата “Сердарот“. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност.

За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун, човек кој влевал надеж за национално будење и културно самоидентификување. Во тој дух се и идеите на  “Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените.

Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Македонија. На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев  – истакна градоначалникот Пецаков.

Претставувањето на  наградената поема “ЦВЕТКО“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.

Заблагодарувајќи се на наградата, лауреатот Кацаров, истакна дека во своето творештво секогаш се потпира на делата на големите писатели, поети и философи, прибележувајќи одредени мисли, кои понатака во процесот на творечката имагинација секогаш ја имаат во себе потребата да си биде љубен, зошто поетот не постои без љубовта.

Во продолжение на денешната програма, беше промовирана монографијата “Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан“ од авторите Гордана Змејкоска и Милчо Јованоски.

The post Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун appeared first on Република.

]]>

Со доделувањето на наградата за најдобра поема на лауреатот Трајче Кацаров, во НУЦК “Григор Прличев“ викендов беа заокружени свеченостите на годинашните “Прличеви Беседи“. Програмата започна со изведбата на “1762 Лето“ и претставување на наградениот поет и поемата “ЦВЕТКО“. За животниот пат и творештвото на Кацаров, пред присутните зборуваше драматургот Зоран Пејковски, а свое обраќање имаше и градоначалникот Кирил Пецаков.
Почитувани дами и господа, почитувани гости, драги охриѓани. Ми претставува особена чест, најискрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски поет, есеист, раскажувач и драмски автор, Трајче Кацаровза поемата „ЦВЕТКО“ и да му посакамкрепко здравје и долги, долги години инспирација во создавањето на нови литературни дела. Годинашното чествување на делото на македонскиот и светски книжевен великан и преродбеник, овенчаниот со Лаворов венец во Атина, Григор Прличев збогатено е со уште една поема, со која се продолжува традицијата на Прличевата “Сердарот“. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност. За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун, човек кој влевал надеж за национално будење и културно самоидентификување. Во тој дух се и идеите на  “Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените. Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Македонија. На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев  – истакна градоначалникот Пецаков. Претставувањето на  наградената поема “ЦВЕТКО“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.
Заблагодарувајќи се на наградата, лауреатот Кацаров, истакна дека во своето творештво секогаш се потпира на делата на големите писатели, поети и философи, прибележувајќи одредени мисли, кои понатака во процесот на творечката имагинација секогаш ја имаат во себе потребата да си биде љубен, зошто поетот не постои без љубовта. Во продолжение на денешната програма, беше промовирана монографијата “Прличеви беседи (1952-2022) Хроника на еден културен настан“ од авторите Гордана Змејкоска и Милчо Јованоски.

The post Пецаков: За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и народен трибун appeared first on Република.

]]>
Богдан Илиевски: Како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-kako-i-site-glupavi-euforichni-hajki-i-ovaa-e-pobedena-od-brojkite/ Mon, 24 Jan 2022 09:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=448636

Oва се бројките:

04.01.2022 - 24 нови позитивни во Охрид

05.01.2022 - 25 позитивни во Охрид

06.01.2022 - 61 позитивен во Охрид

07.01.2022 - 54 позитивни во Охрид

08.01.2022 - 35 позитивни во Охрид

09.01.2022 - 26 позитивни во Охрид

10.01.2022 - 20 позитивни во Охрид

11.01.2022 - 51 позитивен во Охрид

12.01.2022 - 49 позитивни во Охрид

13.01.2022 - 60 позитивни во Охрид

14.01.2022 - 57 позитивни во Охрид

15.01.2022 - 38 позитивни во Охрид

16.01.2022 - 47 позитивни во Охрид

17.01.2022 - 16 позитивни во Охрид

18.01.2022 - 44 позитивни во Охрид

19.01.2022 - 48 позитивни во Охрид

20.01.2022 - 53 позитивни во Охрид

21.01.2022 - 25 позитивни во Охрид

22.01.2022 - 59 позитивни во Охрид

23.01.2022 - 36 позитивни во Охрид

Ова се фактите:

-првиот тест на Пецак излезе во јавност, дополнително, излезе ЕКСПРЕСНО, од институцијата во која се тестирал. Вториот, негативниот, не излезе од истата институција Тестот дали се работи за политички мотивирано незаконско изложување на приватни податоци е многу позитивен, иако во суштина крајно негативен

-моментално започна хајката и прес-конференциите со идиотскиот наратив дека „шетал намерно за да ги заразува сограѓаните“. Денес и колумни имаме, левел ап

-добил решение за изолација исто така ЕКСПРЕСНО. Еден куп луѓе прележавме, знаеме како „регуларно“ функционира „системот“. Мене на пример ми се јавија со решение за изолација на 11-тиот ден, а имав 10 дена изолација од матичната.

-се тестирал своеволно, без симптоми, без да биде пријавен како контакт на позитивен човек, туку за потреби на патување во странство (на 18.01.2022 Бугарија воведува задолжителен негативен ПЦР за влез на нејзина територија)

-по позитивниот тест има и негативен, но останува во изолација. Нема преиспитување/истрага дали асални тестови се прават и како е ова можно, фокусот „нормално“ е на хајката кон Пецак.

-хајката е за контактите на Пецак на отворен простор (да не повторувам, без симптоми и со многу сомнителни резултати до тестирање), покрај езеро. За да зарази некој покрај езеро треба веројатно саат време фокусирано да му дува во лице.

-како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките, а ќе биде и од времето. Но, ќе остане траг дека додека им тепаат доктори по болници, додека им требаат 4 месеци да преведат документ од германски на македонски за болницата во Тетово, додека им требаат „сто години“ за обичен човек да добие третман од институциите, решенија за изолација итн итн... во случајов сите експресно се активирале бидејќи мислат дека „намирисале крв“.

-Вакви хајки се правеа и за литијата во Струга лани. Вакви хајки има на секоја причесна после велики пости. Веќе видена хистерија, веќе видени актери, улоги и наратив.

Добро здравје на сите, особено ментално на колегите од пр-секторот на СДСМ, напиша Богдан Илиевски на својот фејсбук профил.

The post Богдан Илиевски: Како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките appeared first on Република.

]]>

Oва се бројките:

04.01.2022 - 24 нови позитивни во Охрид 05.01.2022 - 25 позитивни во Охрид 06.01.2022 - 61 позитивен во Охрид 07.01.2022 - 54 позитивни во Охрид 08.01.2022 - 35 позитивни во Охрид 09.01.2022 - 26 позитивни во Охрид 10.01.2022 - 20 позитивни во Охрид 11.01.2022 - 51 позитивен во Охрид 12.01.2022 - 49 позитивни во Охрид 13.01.2022 - 60 позитивни во Охрид 14.01.2022 - 57 позитивни во Охрид 15.01.2022 - 38 позитивни во Охрид 16.01.2022 - 47 позитивни во Охрид 17.01.2022 - 16 позитивни во Охрид 18.01.2022 - 44 позитивни во Охрид 19.01.2022 - 48 позитивни во Охрид 20.01.2022 - 53 позитивни во Охрид 21.01.2022 - 25 позитивни во Охрид 22.01.2022 - 59 позитивни во Охрид 23.01.2022 - 36 позитивни во Охрид   Ова се фактите:   -првиот тест на Пецак излезе во јавност, дополнително, излезе ЕКСПРЕСНО, од институцијата во која се тестирал. Вториот, негативниот, не излезе од истата институција Тестот дали се работи за политички мотивирано незаконско изложување на приватни податоци е многу позитивен, иако во суштина крајно негативен   -моментално започна хајката и прес-конференциите со идиотскиот наратив дека „шетал намерно за да ги заразува сограѓаните“. Денес и колумни имаме, левел ап   -добил решение за изолација исто така ЕКСПРЕСНО. Еден куп луѓе прележавме, знаеме како „регуларно“ функционира „системот“. Мене на пример ми се јавија со решение за изолација на 11-тиот ден, а имав 10 дена изолација од матичната.   -се тестирал своеволно, без симптоми, без да биде пријавен како контакт на позитивен човек, туку за потреби на патување во странство (на 18.01.2022 Бугарија воведува задолжителен негативен ПЦР за влез на нејзина територија)   -по позитивниот тест има и негативен, но останува во изолација. Нема преиспитување/истрага дали асални тестови се прават и како е ова можно, фокусот „нормално“ е на хајката кон Пецак.   -хајката е за контактите на Пецак на отворен простор (да не повторувам, без симптоми и со многу сомнителни резултати до тестирање), покрај езеро. За да зарази некој покрај езеро треба веројатно саат време фокусирано да му дува во лице.   -како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките, а ќе биде и од времето. Но, ќе остане траг дека додека им тепаат доктори по болници, додека им требаат 4 месеци да преведат документ од германски на македонски за болницата во Тетово, додека им требаат „сто години“ за обичен човек да добие третман од институциите, решенија за изолација итн итн... во случајов сите експресно се активирале бидејќи мислат дека „намирисале крв“.   -Вакви хајки се правеа и за литијата во Струга лани. Вакви хајки има на секоја причесна после велики пости. Веќе видена хистерија, веќе видени актери, улоги и наратив.

Добро здравје на сите, особено ментално на колегите од пр-секторот на СДСМ, напиша Богдан Илиевски на својот фејсбук профил.

The post Богдан Илиевски: Како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките appeared first on Република.

]]>
Пецаков: На располагање е ставена целокупната соодветна механизација за побрзо расчистување на снегот https://republika.mk/vesti/makedonija/pecakov-na-raspolaganje-e-stavena-celokupnata-soodvetna-mehanizacija-za-pobrzo-raschistuvanje-na-snegot/ Fri, 21 Jan 2022 13:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=447749

Оперативните служби од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување најпрво на критичните точки во градот. Расчистувањето на снежните наноси започна од Велестово, односно се даде приоритет на повисоките места.

Како што информираше градоначалникот Кирил Пецаков, на располагање е ставена целокупната соодветна механизација со цел побрзо расчистување на снегот и зголемување на безбедноста и на граѓаните, како и во сообраќајот. Тој апелираше да се почитуваат пропишаните мерки за одвивање на сообраќајот во зимски услови за поголема безбедност на сите.

Со цел да се избегнат несакани последици, службите апелираат до граѓаните да не се движат на повисоките места, освен во случај кога истото е неопходно.

The post Пецаков: На располагање е ставена целокупната соодветна механизација за побрзо расчистување на снегот appeared first on Република.

]]>

Оперативните служби од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување најпрво на критичните точки во градот. Расчистувањето на снежните наноси започна од Велестово, односно се даде приоритет на повисоките места. Како што информираше градоначалникот Кирил Пецаков, на располагање е ставена целокупната соодветна механизација со цел побрзо расчистување на снегот и зголемување на безбедноста и на граѓаните, како и во сообраќајот. Тој апелираше да се почитуваат пропишаните мерки за одвивање на сообраќајот во зимски услови за поголема безбедност на сите. Со цел да се избегнат несакани последици, службите апелираат до граѓаните да не се движат на повисоките места, освен во случај кога истото е неопходно.

The post Пецаков: На располагање е ставена целокупната соодветна механизација за побрзо расчистување на снегот appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со честитка за Божиќ: Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-kiril-pecakov-so-chestitka-za-bozikj-da-sozdademe-grad-vo-koj-site-lugje-so-dobra-volja-kje-ziveat-vo-mir-i-blagosostojba/ Fri, 07 Jan 2022 13:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=441669

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои големиот верски празник Божиќ го слават по Јулијански календар.

– Драги христијани со православна  вероисповед и почитувано  свештенство на Mакедонската Православна Црква, ви го честитам најголемиот и најрадосниот празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог.  Во  добро здравје со чиста мисла и  ведар дух започнете го празнувањето  со кое се величаат духовните и морални вредности  кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови  онака како што налага традицијата  мирно и радосно  во кругот на семејството со најмилите. Сакајте се и не правете лошо зошто со своите постапки ќе ги потврдите најголемите вредности на Божиќ- надеж , вера и победа на доброто.

Сите ние во духот на  божиќните празнувања треба да ги прифатиме  различностите  во мислењето како  придонес  во  барањето решение,  а не како проблем. Зошто Божиќ е празник кој упатува на толеранција меѓу луѓето.

Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено  да ги победиме сите искушенија и  зла.  Бог нека ни подари верба заеднички  да создадеме  услови за подобар  и посреќен живот за нас и нашите деца. Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба.

Уште еднаш на сите православни христијани им го честитам големиот  верски празник Божиќ. Христос се роди! – Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со честитка за Божиќ: Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои големиот верски празник Божиќ го слават по Јулијански календар.
– Драги христијани со православна  вероисповед и почитувано  свештенство на Mакедонската Православна Црква, ви го честитам најголемиот и најрадосниот празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог.  Во  добро здравје со чиста мисла и  ведар дух започнете го празнувањето  со кое се величаат духовните и морални вредности  кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови  онака како што налага традицијата  мирно и радосно  во кругот на семејството со најмилите. Сакајте се и не правете лошо зошто со своите постапки ќе ги потврдите најголемите вредности на Божиќ- надеж , вера и победа на доброто. Сите ние во духот на  божиќните празнувања треба да ги прифатиме  различностите  во мислењето како  придонес  во  барањето решение,  а не како проблем. Зошто Божиќ е празник кој упатува на толеранција меѓу луѓето. Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено  да ги победиме сите искушенија и  зла.  Бог нека ни подари верба заеднички  да создадеме  услови за подобар  и посреќен живот за нас и нашите деца. Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба. Уште еднаш на сите православни христијани им го честитам големиот  верски празник Божиќ. Христос се роди! – Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со честитка за Божиќ: Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба appeared first on Република.

]]>
Првото новороденче во Охрид е машко, градоначалникот Пецаков ги посети мајката и бебето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvoto-novorodenche-vo-ohrid-e-mashko-gradonachalnikot-pecakov-gi-poseti-majkata-i-bebeto/ Sun, 02 Jan 2022 20:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=439741

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.

Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек.
Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

The post Првото новороденче во Охрид е машко, градоначалникот Пецаков ги посети мајката и бебето appeared first on Република.

]]>

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.
Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек. Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал, вели градоначалникот Кирил Пецаков.