Оперативните служби од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување најпрво на критичните точки во градот. Расчистувањето на снежните наноси започна од Велестово, односно се даде приоритет на повисоките места.

Како што информираше градоначалникот Кирил Пецаков, на располагање е ставена целокупната соодветна механизација со цел побрзо расчистување на снегот и зголемување на безбедноста и на граѓаните, како и во сообраќајот. Тој апелираше да се почитуваат пропишаните мерки за одвивање на сообраќајот во зимски услови за поголема безбедност на сите.

Со цел да се избегнат несакани последици, службите апелираат до граѓаните да не се движат на повисоките места, освен во случај кога истото е неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.