отпад Archives - Република https://republika.mk/tema/otpad/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 14:18:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отпад Archives - Република https://republika.mk/tema/otpad/ 32 32 „Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ https://republika.mk/vesti/skopje/retsikliraj-doniraj-podobri-vo-ou-aleksandar-makedonski/ Fri, 25 Oct 2024 14:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=831030

Во Основното училиште „Александар Македонски“ денеска под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и придонес кон проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“.

Како што соопшти Општина Аеродром, на оваа музичко-едукативна журка настапи групата „ДНК“, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Тие ги споделија своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива и заедно со в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески им порачаа на учениците дека сите треба заеднички да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење.

Митески, како што се наведува, објасни дека преку вакви настани учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, со кој се стремиме да ја подигнеме свеста за одговорност кон животната средина.

Панчо од ДНК, пак, ги повика учениците да рециклираат пластични шишиња во специјалната машина поставена во училишниот двор и на тој начин индиректно да учествуваат во самофинансирањето на училиштето.

The post „Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ appeared first on Република.

]]>

Во Основното училиште „Александар Македонски“ денеска под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и придонес кон проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“. Како што соопшти Општина Аеродром, на оваа музичко-едукативна журка настапи групата „ДНК“, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Тие ги споделија своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива и заедно со в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески им порачаа на учениците дека сите треба заеднички да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење. Митески, како што се наведува, објасни дека преку вакви настани учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, со кој се стремиме да ја подигнеме свеста за одговорност кон животната средина. Панчо од ДНК, пак, ги повика учениците да рециклираат пластични шишиња во специјалната машина поставена во училишниот двор и на тој начин индиректно да учествуваат во самофинансирањето на училиштето.

The post „Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ appeared first on Република.

]]>
ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој https://republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-so-demant-komunalniot-otpad-vo-opshtinata-kisela-voda-se-sobira-i-transportira-kontinuirano-i-sekojdnevno-bez-nikakov-zastoj/ Wed, 10 Jul 2024 12:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=795354

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.
Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.
Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.
Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.
ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието. Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители. Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини. Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>
Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-bez-gram-graganska-kultura-gubreto-go-frlaat-kade-shto-ke-stignat/ Tue, 25 Jun 2024 14:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=790697

Премногу ѓубре расфрлано околку контењерите. Ваква е секојдневната слика во главниот град Скопје.

viber_image_2024-06-22_10-28-01-259 (1).jpg

Доколку излезете од дома и поминете покрај контењетите треба да ги заобиколите затоа што ќе се соочите со непријатна миризба и купишта отпад околу кантите за ѓубре. За момент ќе се почувствувате дека сте на некоја депонија, а не во главниот град, пренесува порталот „страна.мк“.

viber_image_2024-06-22_23-57-43-227 (1).jpg

Од градското претпријатие Комунална хигиена секојдневно информираат дека тие се постојано на терен, но дека се соочуваат со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

viber_image_2024-06-24_15-25-50-151 (1).jpg

Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, информираат пд претпријатите.

viber_image_2024-06-25_00-11-56-215 (1).jpg

Но, ѓубрето е тука и треба да се најде решение кое засега го нема, односно нема доволно волја да се реши проблемот. Во изминатиот период се споменуваше поимот комунална полиција која треба да стави ред да не се расфрла ѓубрето на сите страни, но засега нема ништо од тоа.

viber_image_2024-06-25_00-20-51-953 (1).jpg

Искуството кажува дека свеста на граѓаните е на најниско можно ниво, па затоа треба да се изнајде некое решение за Скопје да заличи како метропола.

The post Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат appeared first on Република.

]]>

Премногу ѓубре расфрлано околку контењерите. Ваква е секојдневната слика во главниот град Скопје. viber_image_2024-06-22_10-28-01-259 (1).jpg Доколку излезете од дома и поминете покрај контењетите треба да ги заобиколите затоа што ќе се соочите со непријатна миризба и купишта отпад околу кантите за ѓубре. За момент ќе се почувствувате дека сте на некоја депонија, а не во главниот град, пренесува порталот „страна.мк“. viber_image_2024-06-22_23-57-43-227 (1).jpg Од градското претпријатие Комунална хигиена секојдневно информираат дека тие се постојано на терен, но дека се соочуваат со зачестена појава на непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. viber_image_2024-06-24_15-25-50-151 (1).jpg Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии – вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии, а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје, информираат пд претпријатите. viber_image_2024-06-25_00-11-56-215 (1).jpg Но, ѓубрето е тука и треба да се најде решение кое засега го нема, односно нема доволно волја да се реши проблемот. Во изминатиот период се споменуваше поимот комунална полиција која треба да стави ред да не се расфрла ѓубрето на сите страни, но засега нема ништо од тоа. viber_image_2024-06-25_00-20-51-953 (1).jpg Искуството кажува дека свеста на граѓаните е на најниско можно ниво, па затоа треба да се изнајде некое решение за Скопје да заличи како метропола.

The post Скопјани без грам граѓанска култура: Ѓубрето го фрлаат каде што ќе стигнат appeared first on Република.

]]>
Луѓето од Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров го исчистија просторот во Стопански Двор https://republika.mk/vesti/skopje/lugeto-od-komunalen-punkt-na-opshtina-gorche-petrov-go-ischistija-prostorot-vo-stopanski-dvor/ Sat, 23 Mar 2024 12:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=757765

ОГРОМНО БРАВО !!!

Луѓето од Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров решија еден огромен проблем кој се јавуваше постојано во Стопански Двор веднаш на клучката кај Обиколница.
Несовесни граѓани постојано депонираат отпад и се создаваше минидепонија
Вработените во Пунктот и инспекторите при општината го исчистија овој простор и поставија заштитна ограда со што ќе се спречи депонирање на отпад.
Ќе продолжат вака и на неколку дополнителни локации.
АПЕЛ ДО СОВЕСНИТЕ ГРАЃАНИ:
ДОКОЛКУ ВИДИТЕ НЕКОЈНДА ДЕПОНИРА ОТПАД НА НЕОВЛАСТЕНО МЕСТО, СЛИКНЕТЕ И ВЕДНАШ ПРАТЕТЕ НА СТРАНАТА НА КОМУНАЛНИОТ ПУНКТ ИЛИ НА ИНСПЕКТОРИТЕ !

Тоа мора да го спречиме !

The post Луѓето од Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров го исчистија просторот во Стопански Двор appeared first on Република.

Стојкоски: Почна расчистувањето на опасниот отпад во село Орман https://republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-pochna-raschistuvaneto-na-opasniot-otpad-vo-selo-orman/ Thu, 07 Mar 2024 16:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=752359

Стартувавме со процесот за целосна дислокација на опасниот отпад од акумулаторски батерии-оловна згура во селото Орман кој неодамна беше откриен од страна на инспекциската служба на Општина Ѓорче Петров во координација со Државен инспекторат за заштита на животна средина, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Јавно сакам да се заблагодарам на Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина за одличната комуникација и координација на активностите.

Здравјето на граѓаните ни е најважно и нема да дозволиме ништо да ни застане на патот кон елиминирање на штетните влијанија и кон создавањето на здрава, квалитетна и еколошки одржлива животна средина.
Опасниот отпад ќе биде дислоциран по сите стандарди на друга локација која е предвидена за таков вид отпад. За таа намена, посебно е изработен и басен со бетонска подлога го геотекстил и геомембрана.

Очекувам за околу две недели целосно расчистување на локацијата. Наш приоритет остануваат исклучиво интересите на жителите на Ѓорче Петров, напиша Стојкоски на својот фејсбук профил.

The post Стојкоски: Почна расчистувањето на опасниот отпад во село Орман appeared first on Република.

Скопјанец во Чаир тргувал со отпад без да има дозвола, доби кривична пријава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-vo-chair-trguval-so-otpad-bez-da-ima-dozvola-dobi-krivichna-prijava/ Thu, 16 Nov 2023 18:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=702307

Кривична пријава добил 53-годишниот М.Ј. од Скопје поради тргување со отпад без поседување дозвола од страна Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејноста.

На 27.07.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир го затекнале пријавениот како тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејноста издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје има поднесено кривична пријава против него поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

The post Скопјанец во Чаир тргувал со отпад без да има дозвола, доби кривична пријава appeared first on Република.

Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор https://republika.mk/vesti/skopje/aerodrom-so-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor/ Thu, 02 Nov 2023 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=697375

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител, соопштија од општината, објаснувајќи дека кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од страна на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територијата на општината.

Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа. Со оглед на фактот дека станува збор за кривично дело свесно сторено од страна на непознат сторител и на територија на друга општина, Општина Аеродром смета дека целосно се исполнети условите за кривичен прогон за конкретното кривично дело, а притоа очекуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство согласно своите законски надлежности да постапат по доставената кривична пријава и истата во најкраток рок да ја процесираат до надлежните судски органи. Грижата за здравјето на граѓаните, како и одржувањето на здрава и чиста животна средина останува приоритет на Општина Аеродром. Апелираме за почитување на законите и одговорност кон околината, а нашите служби и во иднина ќе преземаат активности кои се во согласност со законот, велат од Општина Аеродром.

The post Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор appeared first on Република.

Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец https://republika.mk/vesti/skopje/vo-vtornik-ke-se-znae-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-otpadot-vo-skopsko-orman-blizu-lepenets/ Sat, 28 Oct 2023 09:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=695758

Колку е штетен по здравјето отпадот од оловна згура околу 500 –тини тони складиран на приватен имот во скопско Орман близу реката Лепенец ќе се знае најдоцна во вторник. Во тек се хемиските анализи на примероците земени од топените акумулатори и батерии пред неколку дена од страна на Инспекторатот за животна средина.

Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

За опасниот отпад алармираше овластен инспектор за животна средина од Ѓорче Петров кој ја лоцирал големата количина на оловна згура на посочената локација на 10-ти месецов.

Од Општината посочија дека на нивна територија не постоиу фирма со А –интегрирана дозвола што преработува ваков тип отпад.

Дека спаѓа во класата опасен потврдија и од Инспекторатот за животна средина.

The post Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец appeared first on Република.

]]>

Колку е штетен по здравјето отпадот од оловна згура околу 500 –тини тони складиран на приватен имот во скопско Орман близу реката Лепенец ќе се знае најдоцна во вторник. Во тек се хемиските анализи на примероците земени од топените акумулатори и батерии пред неколку дена од страна на Инспекторатот за животна средина.
Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
За опасниот отпад алармираше овластен инспектор за животна средина од Ѓорче Петров кој ја лоцирал големата количина на оловна згура на посочената локација на 10-ти месецов. Од Општината посочија дека на нивна територија не постоиу фирма со А –интегрирана дозвола што преработува ваков тип отпад. Дека спаѓа во класата опасен потврдија и од Инспекторатот за животна средина.

The post Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец appeared first on Република.

]]>
Кривична за 23-годишна скопјанка која нелегално тргувала со отпад https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-23-godishna-skopjanka-koja-nelegalno-trguvala-so-otpad/ Tue, 24 Oct 2023 09:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=694478

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад" по член 230 ст.3 од КЗ, затоа што при извршена контрола на 27.07.2023 од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир.

На лице место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

The post Кривична за 23-годишна скопјанка која нелегално тргувала со отпад appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад" по член 230 ст.3 од КЗ, затоа што при извршена контрола на 27.07.2023 од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир. На лице место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.  

The post Кривична за 23-годишна скопјанка која нелегално тргувала со отпад appeared first on Република.

]]>
Д-р Чибишев: Отпадот кај Ѓорче е сериозна закана по здравјето на скопјани https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-chibishev-otpadot-kaj-gorche-e-seriozna-zakana-po-zdravjeto-na-skopjani/ Mon, 23 Oct 2023 07:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=694063

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

По оваа вест се огласи и познатиот доктор токсиколог Андон Чибишев.

Тој вели дека, бидејќи се работи за отпад кој е продукт од преработка на акумулатори кои содржат тешки метали како олово, кадмиум, и жива кои на краток и долг рок, можат сериозно да ја загадат животната средина заради загадување на почвата и подземните води. Преку нив можат да стигнат во земјоделските производи кои граѓаните секојдневно ги користат за исхрана.

Инаку, оловото спаѓа во групата на тешки метали и внесен во човечкиот организам има исклучителен афинитет кон еритроцитите и коскената срж и во нив може да се задржи од 45 дена во крвта до 30 години во коскената срж. Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем. Овие неповолни ефекти на оловото и неговите соединенија особено се опасни кога на нив се изложени деца и млади до 20 годишна возраст. Ова веќе станува многу сериозно и загрижувачки, вели д-р Чибишев во својата фејсбук објава и ги повикува институциите под итно да утврдат кој ги труе граѓаните и да преземат мерки за обезбедување на загаденото подрачје.

The post Д-р Чибишев: Отпадот кај Ѓорче е сериозна закана по здравјето на скопјани appeared first on Република.

]]>

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони. По оваа вест се огласи и познатиот доктор токсиколог Андон Чибишев. Тој вели дека, бидејќи се работи за отпад кој е продукт од преработка на акумулатори кои содржат тешки метали како олово, кадмиум, и жива кои на краток и долг рок, можат сериозно да ја загадат животната средина заради загадување на почвата и подземните води. Преку нив можат да стигнат во земјоделските производи кои граѓаните секојдневно ги користат за исхрана.
Инаку, оловото спаѓа во групата на тешки метали и внесен во човечкиот организам има исклучителен афинитет кон еритроцитите и коскената срж и во нив може да се задржи од 45 дена во крвта до 30 години во коскената срж. Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем. Овие неповолни ефекти на оловото и неговите соединенија особено се опасни кога на нив се изложени деца и млади до 20 годишна возраст. Ова веќе станува многу сериозно и загрижувачки, вели д-р Чибишев во својата фејсбук објава и ги повикува институциите под итно да утврдат кој ги труе граѓаните и да преземат мерки за обезбедување на загаденото подрачје.
 
The post Д-р Чибишев: Отпадот кај Ѓорче е сериозна закана по здравјето на скопјани appeared first on Република.

]]>
Детектиран опасен отпад во близина на скопското село Орман https://republika.mk/vesti/makedonija/detektiran-opasen-otpad-vo-blizina-na-skopskoto-selo-orman/ Sun, 22 Oct 2023 12:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=693867

При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.
Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина, отпадот бил лоциран минатата недела.

– Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.

Од таму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и при тоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

The post Детектиран опасен отпад во близина на скопското село Орман appeared first on Република.

]]>

При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони. Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина, отпадот бил лоциран минатата недела. – Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот. Од таму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и при тоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

The post Детектиран опасен отпад во близина на скопското село Орман appeared first on Република.

]]>
Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини https://republika.mk/vesti/skopje/podignati-300-toni-otpad-od-divi-deponii-vo-nekolku-skopski-opshtini/ Thu, 17 Aug 2023 08:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=672898

Приближно 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад, подигнати се и транспортирани во текот на изминатите два дена, во рамки на акција на ЈП Комунална хигиена-Скопје за отстранување диви депонии.

Како што информираат од Јавното претпријатие, активностите се одвиваа во Општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во Општината Ѓорче Петров, како и во Општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето.

Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата „Максут Садик“ во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни, наведуваат од ЈП Комунална хигиена.

The post Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини appeared first on Република.

]]>

Приближно 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад, подигнати се и транспортирани во текот на изминатите два дена, во рамки на акција на ЈП Комунална хигиена-Скопје за отстранување диви депонии. Како што информираат од Јавното претпријатие, активностите се одвиваа во Општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во Општината Ѓорче Петров, како и во Општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето. Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата „Максут Садик“ во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни, наведуваат од ЈП Комунална хигиена.  

The post Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Мицкоски е најголемото ѓубре, ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-mitskoski-e-najgolemoto-gubre-vmro-dpmne-da-se-preispita-delovnata-sposobnost-na-arsovska/ Sun, 09 Jul 2023 22:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=659484

Два дена и требаше на грдоначалничката Данела Арсовска да реагира на сметот во Скопје. Откако Скопје на температури над 30 степени целзиусови се затрупа вечерва заседаваше Кризниот штаб на Град Скопје кој поради штрајкот во ЈП Комунална хигиена и одбивањето на работниците да го собираат ѓубрето. По состанокот градоначалничката Данела Арсовска изјави дека ѓубрето ќе биде исчистено, иако општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе го собраа сметот со помош на механизација од други општини.

Арсовска пак се занимаваше со напади, обвинувања и навреди. Вели мафијашки структури два дена го блокираат претпријатието. Причините биле лични интереси, а се работело за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена што било спротивно на закон. Арсовска вели дека поголем дел од нив воопшто не доаѓале на работа. Според неа директорката Мазнева била во право дека ќе се појават стаорци низ градот, притоа навредувајќи ги градоначалниците од скопските општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа и се случи. Погледнете ги овие стаорци од политичките елити како инструирано веднаш отскокнаа и ја користат оваа состојба која самата ја креираат за ситни политички поени - вели Арсовска.

Воедно Данела Арсовска на прес конференција вечерва му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е разобличен.

Разобличен е затоа што со бескрупулозност, за евтини политички поени, сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа сака да се претставува дека ги решава и дека ги расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое што овој град го видел и ние вечерва ќе почнеме со чистење на ѓубрето да ги чистиме и нив, порача Арсовска.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ

Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски.

Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престани да го измачува Скопје.

The post Арсовска: Мицкоски е најголемото ѓубре, ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска appeared first on Република.

]]>

Два дена и требаше на грдоначалничката Данела Арсовска да реагира на сметот во Скопје. Откако Скопје на температури над 30 степени целзиусови се затрупа вечерва заседаваше Кризниот штаб на Град Скопје кој поради штрајкот во ЈП Комунална хигиена и одбивањето на работниците да го собираат ѓубрето. По состанокот градоначалничката Данела Арсовска изјави дека ѓубрето ќе биде исчистено, иако општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе го собраа сметот со помош на механизација од други општини. Арсовска пак се занимаваше со напади, обвинувања и навреди. Вели мафијашки структури два дена го блокираат претпријатието. Причините биле лични интереси, а се работело за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена што било спротивно на закон. Арсовска вели дека поголем дел од нив воопшто не доаѓале на работа. Според неа директорката Мазнева била во право дека ќе се појават стаорци низ градот, притоа навредувајќи ги градоначалниците од скопските општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа и се случи. Погледнете ги овие стаорци од политичките елити како инструирано веднаш отскокнаа и ја користат оваа состојба која самата ја креираат за ситни политички поени - вели Арсовска.
Воедно Данела Арсовска на прес конференција вечерва му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е разобличен.
Разобличен е затоа што со бескрупулозност, за евтини политички поени, сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа сака да се претставува дека ги решава и дека ги расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое што овој град го видел и ние вечерва ќе почнеме со чистење на ѓубрето да ги чистиме и нив, порача Арсовска.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ
Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски. Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престани да го измачува Скопје.

The post Арсовска: Мицкоски е најголемото ѓубре, ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го чистат Скопје пред да се појави зараза, апелирам надлежните да ги надминат недоразбирањата и да пружат услуга која скопјани ја плаќаат https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-go-chistat-skopje-pred-da-se-pojavi-zaraza-apeliram-nadlezhnite-da-gi-nadminat-nedorazbiranata-i-da-pruzhat-usluga-koja-skopjani-ja-plakaat/ Sun, 09 Jul 2023 21:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=659478

Тука сум со Дарко Костовски со градоначалникот на Бутел, но исто така заедно со сите градоначалници на скопските општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба. навистина жалосно е ова што се случува да во 21 век во главниот град на Македонија сме пред, би рекол, зараза која може да ги зафати скопјани и главниот град. Жалам што сето ова се случува и она кое можат да го направат градоначалниците од скопските општини, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прават заедно со помош и поддршка од страна на градоначалниците од другите општини во Македонија - изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека градоначалникот на Бутел Дарко Костовски побарал помош и механизација од градоначалникот на општина Велес, Марко Колев. Колев изпратил и механизација во општина Ѓорче Петров, благодарност до Марко.

Градоначалниците на Сопиште и Кавадарци, Стефче Трпковски и Митко Јанчев помагаат во општина Кисела Вода да може да се исчисти сметот што се акумулирал изминативе денови поради веќе познатите состојби во ЈП Комунална Хигиена Скопје. Борче Митевски од Петровец и Александар Ѓорѓиевски од Илинден помагаат во општина Гази Баба. Исто така градоначалникот на Штип Иван Јорданов помага во општина Аеродром со механизација за да може да се исчисти сметот кој изминативе денови е одложен, а за жал поради настанатата ситуација во ЈП Комунална Хигиена не е собран - рече Мицкоски.

Тој упати апел до надлежните да ги надминат недоразбирањата.

Упатувам апел надлежните да ги надминат сите оние проблеми кои се случуваат и навистина да им дадат услуга на скопјани онаква каква што заслужуваат, бидејќи на крајот од денот тие за ова издвојуваат од скромниот Буџет, плаќаат за да можат да добијат хигиена онаква барем каква што треба да има еден главен град во 21-век. Апелирам и до Владата да се вклучи да помогне, исто така апелирам и до останатите градоначалници во Скопје кој не се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат и да се вклучат во чистење на овој смет и да можат да го одложат.

Не далеку од Скопје е депонијата „Дрисла“ се надевам дека ќе се наиде на разбирање од надлежните во депонијата „Дрисла“ да се одложи овој смет бидејќи тоа им е потребно во овој момент на скопјани, а акцијата ќе продолжи во текот на целата вечер и се надевам дека утре веќе овој проблем ќе биде надминат, оваа алармантна состојба ќе биде надмината и ќе може непречено да се одвива работата и на ЈП „Комунална Хигиена“ но и на останатите општини во Град Скопје - додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го чистат Скопје пред да се појави зараза, апелирам надлежните да ги надминат недоразбирањата и да пружат услуга која скопјани ја плаќаат appeared first on Република.

]]>

Тука сум со Дарко Костовски со градоначалникот на Бутел, но исто така заедно со сите градоначалници на скопските општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба. навистина жалосно е ова што се случува да во 21 век во главниот град на Македонија сме пред, би рекол, зараза која може да ги зафати скопјани и главниот град. Жалам што сето ова се случува и она кое можат да го направат градоначалниците од скопските општини, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прават заедно со помош и поддршка од страна на градоначалниците од другите општини во Македонија - изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека градоначалникот на Бутел Дарко Костовски побарал помош и механизација од градоначалникот на општина Велес, Марко Колев. Колев изпратил и механизација во општина Ѓорче Петров, благодарност до Марко.
Градоначалниците на Сопиште и Кавадарци, Стефче Трпковски и Митко Јанчев помагаат во општина Кисела Вода да може да се исчисти сметот што се акумулирал изминативе денови поради веќе познатите состојби во ЈП Комунална Хигиена Скопје. Борче Митевски од Петровец и Александар Ѓорѓиевски од Илинден помагаат во општина Гази Баба. Исто така градоначалникот на Штип Иван Јорданов помага во општина Аеродром со механизација за да може да се исчисти сметот кој изминативе денови е одложен, а за жал поради настанатата ситуација во ЈП Комунална Хигиена не е собран - рече Мицкоски.
Тој упати апел до надлежните да ги надминат недоразбирањата.
Упатувам апел надлежните да ги надминат сите оние проблеми кои се случуваат и навистина да им дадат услуга на скопјани онаква каква што заслужуваат, бидејќи на крајот од денот тие за ова издвојуваат од скромниот Буџет, плаќаат за да можат да добијат хигиена онаква барем каква што треба да има еден главен град во 21-век. Апелирам и до Владата да се вклучи да помогне, исто така апелирам и до останатите градоначалници во Скопје кој не се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат и да се вклучат во чистење на овој смет и да можат да го одложат. Не далеку од Скопје е депонијата „Дрисла“ се надевам дека ќе се наиде на разбирање од надлежните во депонијата „Дрисла“ да се одложи овој смет бидејќи тоа им е потребно во овој момент на скопјани, а акцијата ќе продолжи во текот на целата вечер и се надевам дека утре веќе овој проблем ќе биде надминат, оваа алармантна состојба ќе биде надмината и ќе може непречено да се одвива работата и на ЈП „Комунална Хигиена“ но и на останатите општини во Град Скопје - додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го чистат Скопје пред да се појави зараза, апелирам надлежните да ги надминат недоразбирањата и да пружат услуга која скопјани ја плаќаат appeared first on Република.

]]>
Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција https://republika.mk/zivot/servisi/ushte-80-toni-opasen-otpad-od-ohis-isprateni-na-unishtuvane-vo-frantsija/ Thu, 06 Jul 2023 09:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=658613

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спакувани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани и спакувани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа, информираа од МЖСПП.

Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.

The post Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спакувани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани и спакувани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција. Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа, информираа од МЖСПП. Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.

The post Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>
Четири отпади во Карпош работеле нерегуларно https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-otpadi-vo-karposh-rabotele-neregularno/ Fri, 02 Jun 2023 17:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=647196

На 01.06.2023 од полициски службеници Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица - отпади на подрачјето на Карпош во Скопје.

Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.

The post Четири отпади во Карпош работеле нерегуларно appeared first on Република.

]]>

На 01.06.2023 од полициски службеници Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица - отпади на подрачјето на Карпош во Скопје. Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад. За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.

The post Четири отпади во Карпош работеле нерегуларно appeared first on Република.

]]>
Секој од нас тежи 467 килограми отпад https://republika.mk/vesti/ekonomija/sekoj-od-nas-tezhi-467-kilogrami-otpad/ Fri, 21 Apr 2023 10:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=632717

Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република
Македонија во 2022 година изнесува 605 638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на
собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 %.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од
вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506 257 тони или 84 % се од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494 693 тони или
81.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 487 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален
отпад.

The post Секој од нас тежи 467 килограми отпад appeared first on Република.

]]>

Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2022 година изнесува 605 638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 %. Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506 257 тони или 84 % се од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494 693 тони или 81.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 487 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.

The post Секој од нас тежи 467 килограми отпад appeared first on Република.

]]>
„Комунална хигиена“ собрала 170 кубни метри отпад околу комплексот факултети при УКИМ https://republika.mk/vesti/skopje/komunalna-higiena-sobrala-170-kubni-metri-otpad-okolu-kompleksot-fakulteti-pri-ukim/ Sat, 25 Feb 2023 13:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=613099

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска ја завршија акцијата за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата, како што соопштија од претпријатието, беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“, „Никола Карев“ и „Александар Македонски“.

Од претпријатието соопштија дека беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во реонот на Карадак Маало - во непосредна близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“, како и на булеварот „Александар Македонски“, на потегот кон хотелот Континентал.

Во акцијата учествуваа и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

The post „Комунална хигиена“ собрала 170 кубни метри отпад околу комплексот факултети при УКИМ appeared first on Република.

]]>

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска ја завршија акцијата за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата, како што соопштија од претпријатието, беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“, „Никола Карев“ и „Александар Македонски“. Од претпријатието соопштија дека беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во реонот на Карадак Маало - во непосредна близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“, како и на булеварот „Александар Македонски“, на потегот кон хотелот Континентал. Во акцијата учествуваа и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.  

The post „Комунална хигиена“ собрала 170 кубни метри отпад околу комплексот факултети при УКИМ appeared first on Република.

]]>
Нецаринети возила затекнати на отпади во Визбегово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/netsarineti-vozila-zateknati-na-otpadi-vo-vizbegovo/ Thu, 16 Feb 2023 20:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=609942

Денеска (16.02.2023) во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од с.Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од с.Визбегово.

При контролата било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло.

За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Нецаринети возила затекнати на отпади во Визбегово appeared first on Република.

]]>

Денеска (16.02.2023) во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од с.Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од с.Визбегово. При контролата било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло. За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Нецаринети возила затекнати на отпади во Визбегово appeared first on Република.

]]>
Големите крузери го користат брегот на Алјасака како голема тоалетна школка https://republika.mk/vesti/svet/golemite-kruzeri-go-koristat-bregot-na-aljasaka-kako-golema-toaletna-shkolka/ Wed, 20 Jul 2022 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=531373

Канадскиот брег стана депонија за фекалии и други штетни отпадни води што ги исфрлаат туристичките бродови што носат патници до Алјаска.

Крузерите се еден од најудобните начини за гледање и посета на националните паркови и глечерите на Алјаска, што го прави исклучително популарен тип на одмор за туристите од САД, но и од другите делови на светот. Сепак, патувањето до овие недопрени места вклучува и два или три дена пловење по западниот брег на Канада, каде што бродовите оставаат отпадни води и отпад, често во заштитени подрачја.

Во новиот извештај на еколошките организации „Stand.earth“ и „West Coast Environmental Law“ (WCEL) се наведува дека бродовите за крстарење на западниот брег на Канада испуштаат повеќе од 31 милијарда литри отпадни води годишно, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Тие имаат перверзна тенденција да ја третираат Канада како тоалетна школка - вели Ана Барфорд од „Stand.earth“, опишувајќи го морето кај западниот брег на Канада како „автопат за ѓубре“.

По должината на канадското крајбрежје, кое е најдолго во светот со 243.042 километри, бродовите исфрлаат 147 милијарди литри штетен отпад годишно, што е количина што би наполнила 59.000 олимписки базени. Крузерите се покажуваат како најголеми загадувачи, иако претставуваат само два отсто од поморскиот сообраќај.

Овие бродови за крстарење испуштаат големи количини отпадна вода од тоалетите, тушевите, машините за перење и машините за миење садови во морето, а најголемиот извор на загадување, според Светскиот фонд за природата (WWF), е опремата што ги отстранува гасовите како сулфурот и азотните оксиди од издувните гасови. Тие произведуваат кисела отпадна вода која содржи вистински коктел од хемикалии. Само еден патнички брод на еднонеделно патување до Алјаска и назад испушта речиси 200 милиони литри од оваа загадена вода во морето.

Но, не се виновни (само) бродовите, туку и канадското законодавство за заштита на животната средина, кое е полабаво од американското, наведува „Гардијан“. Како резултат на тоа, бродовите ја задржуваат отпадната вода додека се во територијалните води на САД, а потоа ја испуштаат во канадските води.

Кога туризмот и крстарењата привремено запреа поради пандемијата на Ковид-19, морето можеше да „дише“, но сега кога бродовите за крстарење се враќаат, локалните жители стравуваат од враќање на отровната канализација.

Луѓето одат на Алјаска за да се восхитуваат на недопрената природа, но без да сфатат дека ја уништуваат нашата недопрена природа - предупредуваат тие.

The post Големите крузери го користат брегот на Алјасака како голема тоалетна школка appeared first on Република.

]]>

Канадскиот брег стана депонија за фекалии и други штетни отпадни води што ги исфрлаат туристичките бродови што носат патници до Алјаска. Крузерите се еден од најудобните начини за гледање и посета на националните паркови и глечерите на Алјаска, што го прави исклучително популарен тип на одмор за туристите од САД, но и од другите делови на светот. Сепак, патувањето до овие недопрени места вклучува и два или три дена пловење по западниот брег на Канада, каде што бродовите оставаат отпадни води и отпад, често во заштитени подрачја. Во новиот извештај на еколошките организации „Stand.earth“ и „West Coast Environmental Law“ (WCEL) се наведува дека бродовите за крстарење на западниот брег на Канада испуштаат повеќе од 31 милијарда литри отпадни води годишно, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Тие имаат перверзна тенденција да ја третираат Канада како тоалетна школка - вели Ана Барфорд од „Stand.earth“, опишувајќи го морето кај западниот брег на Канада како „автопат за ѓубре“.
По должината на канадското крајбрежје, кое е најдолго во светот со 243.042 километри, бродовите исфрлаат 147 милијарди литри штетен отпад годишно, што е количина што би наполнила 59.000 олимписки базени. Крузерите се покажуваат како најголеми загадувачи, иако претставуваат само два отсто од поморскиот сообраќај. Овие бродови за крстарење испуштаат големи количини отпадна вода од тоалетите, тушевите, машините за перење и машините за миење садови во морето, а најголемиот извор на загадување, според Светскиот фонд за природата (WWF), е опремата што ги отстранува гасовите како сулфурот и азотните оксиди од издувните гасови. Тие произведуваат кисела отпадна вода која содржи вистински коктел од хемикалии. Само еден патнички брод на еднонеделно патување до Алјаска и назад испушта речиси 200 милиони литри од оваа загадена вода во морето. Но, не се виновни (само) бродовите, туку и канадското законодавство за заштита на животната средина, кое е полабаво од американското, наведува „Гардијан“. Како резултат на тоа, бродовите ја задржуваат отпадната вода додека се во територијалните води на САД, а потоа ја испуштаат во канадските води. Кога туризмот и крстарењата привремено запреа поради пандемијата на Ковид-19, морето можеше да „дише“, но сега кога бродовите за крстарење се враќаат, локалните жители стравуваат од враќање на отровната канализација.