Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска ја завршија акцијата за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата, како што соопштија од претпријатието, беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“, „Никола Карев“ и „Александар Македонски“.

Од претпријатието соопштија дека беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во реонот на Карадак Маало – во непосредна близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“, како и на булеварот „Александар Македонски“, на потегот кон хотелот Континентал.

Во акцијата учествуваа и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.