Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Како што посочи, затекнал сериозна финансиска состојба во Министерството за одбрана заради тужби во вредност од преку 17,6 милиони евра од 2021 година наваму на име судски и адвокатски трошоци, а само годинава за таа намена се исплатени 6,2 милиони евра.
Многу средства се одлеани по основ на судски трошоци, а најголем проблем е што не биле исплаќани вишокот на работни часови согласно Колективниот договор. Наместо да се исплаќаат 32 се исплаќале 8 часа прекувремена работа и по разни други основи. Се работи за илјадници пресуди од кои дел се уште пристигнуваат - рече Мисајловски во одговор на прашање на денешниот отчет за 100 дена Влада.
Иако имало тужби по разни основни судови, првата позитивна пресуда ја донел судот во Кичево и од тогаш има судска пракса за нивно исплаќање.
Препорака на Влада е да направиме спогодби за да не се плаќаат за побарување од 3.000 денари судски трошоци од 90.000 денари. Досега потрошените 17 милиони евра се одлични средства за набавка на лична опрема за сите во војската. Затоа еден од приоритетите е навреме да се исплаќаат сите додатоци на плата предвидени со Колективниот договор за да не ни се случи такво нешто во иднина - посочи Мисајловски.
Го повика Јавното обвинителство докрај да ги истражи причините за настанатата ситуација.
The post Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци appeared first on Република.
]]>Многу средства се одлеани по основ на судски трошоци, а најголем проблем е што не биле исплаќани вишокот на работни часови согласно Колективниот договор. Наместо да се исплаќаат 32 се исплаќале 8 часа прекувремена работа и по разни други основи. Се работи за илјадници пресуди од кои дел се уште пристигнуваат - рече Мисајловски во одговор на прашање на денешниот отчет за 100 дена Влада.Иако имало тужби по разни основни судови, првата позитивна пресуда ја донел судот во Кичево и од тогаш има судска пракса за нивно исплаќање.
Препорака на Влада е да направиме спогодби за да не се плаќаат за побарување од 3.000 денари судски трошоци од 90.000 денари. Досега потрошените 17 милиони евра се одлични средства за набавка на лична опрема за сите во војската. Затоа еден од приоритетите е навреме да се исплаќаат сите додатоци на плата предвидени со Колективниот договор за да не ни се случи такво нешто во иднина - посочи Мисајловски.Го повика Јавното обвинителство докрај да ги истражи причините за настанатата ситуација.
The post Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци appeared first on Република.
]]>Отчетноста и транспарентноста се одлики на добра управувачка практика и владеење на демократијата во една земја. Тоа значи јасно и отворено информирање на граѓаните за сработеното, за она што е во тек и плановите на среден и долг рок.
Како Влада и ресорни министерства, ја имаме одговорноста од носењето на одлуките до нивната реализација. Затоа што вие, граѓаните, ни ја дадовте вашата доверба, која ние носителите на државни функции треба да ја оправдаме.
Како министер за социјална политика, демографија и млади, денеска ќе ја исполнам мојата должност да дадам отчет за 100 дена Влада, во областите кои се во надлежност на министерството кое го предводам.
100 дена Влада, значеа 100% посветеност. Затекнавме закочени проекти, недостаток односно неиспланирани средства за тековни плаќања, незадоволни и демотивирани вработени во институциите, но пред се разочарани граѓани од целокупната состојба во државата.
Од првиот ден почнавме со анализа на состојбата и огромна посветеност во изнаоѓањето на решенија за предизвиците со кои се соочивме. За овие 100 дена, можеби не направивме многу, но направивме значајни чекори кои го олеснуваат понатамошниот живот на граѓаните.
Се обврзавме дека ќе работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните и тоа го правиме.
Првото нешто кое го реализиравме, а од кое имаат бенефит голем број на граѓани е насочено кон нашата највозрасна категорија на граѓани, а тие се пензионерите.
Ветивме и исполнивме. Околу 340.000 пензионери на 1 октомври добија за 2500 денари повисоки пензии. На 1 април , со мартовската пензија тие ќе добијат уште 2500 денари, согласно измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, која гарантира 5000 денари повисоки пензии за секој пензионер.
Општините најдобро ги знаат потребите на своите жители. Затоа добрата соработка со нив е од клучно значење и во интерес на граѓаните.
Владата обезбеди 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Пристигнати се 357 проекти од околу 80 општини. Дел од нив се и за детски градинки и центри од областа на социјалната заштита.
Во изминативе 100 дена поставивме камен темелник на две нови детски градинки и тоа во Општина Бутел, во вредност од 100 милиони денари и во Општина Гази Баба, населено место Трубарево во вредност од 19 милиони денари.
Започнавме со градежни активности за доградба на објектот „Изворче” при градинката “Срничка”, Општина Аеродром, инвестиција вредна за 120 милиони денари.
Исто така пуштена во употреба е доградбата на Градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.
За овие 100 дена завршени се и градинките во населените места Јегуновце, Теарце, Тетово, Липково и Шуто Оризари.
Во последна, завршна фаза се и градинките во Општина Чаир, Прилеп, Битола и Св.Николе - с.Ерџелија.
Градежните работи течат во уште 13 детски градинки.
Покрај инвестициите во детски градинки, инвестираме и во центри за лица со попреченост, како и домови и центри за највозрасните лица.
Започнато е со изградба на Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Општина Кавадарци, проект вреден над 40 милиони денари, а тече и процесот на реконструкција и адаптација на крило во „Дом за стари лица д-р Иван Влашки“, во Берово, во вредност од 11 милиони денари.
Започнавме постапки за нови четири објекти и во тек е комплетирање на документација и склучување на договор за изведба.
Два од нив се за вон семејна заштита на повозрасни лица во Крива Паланка и Кавадарци, и два за лица со попреченост во Боговиње и Македонски Брод.
Како што можете да видите, опфатени се сите делови на земјата, се инвестира онаму каде што општините изразиле интерес за потребите на своите жители.
Важно е да напоменеме дека тука нема да застанеме, планираме зголемување на бројот на центри за социјална работа, за лица со попреченост, за повозрасни лица, за рехабилитација од различни зависности и прифатилишта.
Во завршна фаза е реконструкцијата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Топанско Поле. Истиот се трансформира во Ресурсен центар за социјални услуги. Проект на ИПА 2, Програма за инклузија во вредност од 1.6 мил. евра.
Во изминативе 100 дена, склучени се нови 10 договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги односно услуги во домот и услуги во заедницата. Министерството обезбедува средства за услугите по завршувањето на финансиската поддршка со грантот од Светска Банка.
Во рамките на Јавни установи за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение со финансиска помош од Светска банка и Европската унија направен е предлог проект за реконструкција за дел од установата за отворање на Советувалиштен центар за деца во ризик.
Активно работевме на Измените на Законот за детска заштита, кој е во завршна фаза и претставува унапредување во процесот на доделување ЛИЦЕНЦИ за негуватели и воспитувачи, процес кој бил намерно блокиран за околу една и пол година. Со овие измени ќе се отвори процесот на вработување во градинките и тоа за над 800 лица негуватели, воспитувачи, стручни работници и соработници.
Одобрена од Европска Комисија е ИПА 3 Оперативна програма „Човечки капитал“, каде влегуваат „Гаранција за млади“, вработувања на ранливи категории, социјално претприемништво, социјален дијалог, социјални услуги, социјално домување. Грант од ЕУ вреден 40 милиони евра.
Можеби 100 дена не се многу за да им покажеме на граѓаните дека сме сериозно посветени на исполнување на нашите ветувања и заложби. Но, за овие 100 дена направивме значајни промени кои го подобрија квалитетот на живот на граѓаните.
Ова е само почеток, граѓаните заслужуваат многу повеќе. Затоа периодот пред нас, посветено ќе работиме на демографскиот развој и политиките за младите.
Планот за демографија предвидува мерки за поттикнување на наталитетот и поддршка за секое новородено дете и неговите родители, односно зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе.
Ќе воведеме финансиска поддршка за мајките кои се вратени по завршување на породилното отсуство, Ин витро постапка со можност секоја жена да добие до 6 бесплатни оплодувања, Дом за млади - купи куќа за младите, поддршка на фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и Програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство и стимулирање на останувањето во државата, односно спречување на одливот на мозоци.
Грижата за младите ја потврдуваме со поставување на неколку стратешки цели. Зголемено младинско учество во носење на одлуки на локално и централно ниво, младинска работа преку подготовка и донесување на Закон за младинска работа и зголемување на бројот на отворени сервиси за млади во општините, поддршка на млади талентирани лица, поддршка на младите во дeлот на нивното вработување, и на ангажман во насока на целосно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики.
Да ги задржиме младите дома, да ги поддржиме семејствата, да обезбедиме достојна старост за највозрасните сограѓани и да обезбедиме поддршка за ранливите, за помошта да пристигне онаму, каде што вистински е потребна.
Продолжуваме 100 % посветени за сите граѓани!
The post Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани appeared first on Република.
]]>The post Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани appeared first on Република.
]]>Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава. Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко – излетнички места, се само дел од проектните стратегии кои ги имплементиравме за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните - истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната презентација на активностите и проектите од неговиот ресор во изминативе 100 дена од новата Влада.
Тој посочи дека уште првиот ден откако стапил на функцијата, настапил со силна посветеност, голем елан и искрена желба за подобрување на функционирањето на системот на локалната самоуправа, на секој регион, секоја општина, за подобрување на квалитетот на живот на секој еден граѓанин.
Дел од проектите, информираше Перински, се имплементираат преку Бирото за регионален развој, некои во соработка со општините, а има и проекти кое се резултат на партнерските односи на Министерството за локална самоуправа со Швајцарската агенција за обнова и развој, како и со проектните партнери на локалната самоуправа како УНДП, ОБСЕ мисијата и Националниот Демократски Институт – НДИ.
Важен сегмент од инвестицискиот план, посочи министерот, се и проектите од ИПА Програмата, во соработка со сите пет соседни земји кои заеднички придонесуваат за развој на пограничните региони.
Овие 100 дена беа период на интензивна работа, во кој успеавме да ги надминеме наследените предизвици и да разработиме систем кој максимално ги искористува сите капацитети и ресурси за постигнување на нашите зацртани цели. Со максимална посветеност и ангажман, започнавме со реализација на поставените приоритети. Успеавме да детектираме и адресираме многу од пропустите со кои до неодамна се соочуваа општините, што резултираше со подобрување на квалитетот на испорачаните јавни услуги и подобрување на секојдневието на граѓаните - истакна Перински, кој посочи дека преку Бирото за рамномерен регионален развој, во тековната година се реализираат 129 проекти во области како енергетска ефикасност, инфраструктура, заштита на животната средина и развој на туризмот.
Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, посочи министерот, активно се спроведуваат и 12 дополнителни проекти кои вклучуваат реконструкција и проширување на локални патишта, пешачки и велосипедски патеки, се реализираат проекти за изградба на канализациона мрежа, а дополнително, се спроведува истражување за паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион и опремување на „Ѓаконикон” во манастирот Св. Јован Бигорски“.
Во својот отчет, Перински ги наведе и десетте проекти кои Министерството за локална самоуправа ги имплементира во сите осум плански региони со поддршка на Швајцарската агенција за обнова и развој и Владата на Швајцарија, меѓу кои се проектите за подобрување на здравствените услуги во Југозападниот регион преку опремување на современ Центар за физикална терапија во „Св. Еразмо“ во Охрид, реконструкција на охридската специјализирана болница за срцеви заболувања и реконструкција на ЈЗУ „Нефрологија“ во Струга, изградба на Регионален центар за бездомни миленици наменет за деветте општини од Вардарскиот регион, како и зголемување на капацитетноста и условите за престој во Дом за стари лица во Берово и зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари во микро регионот на Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.
Во периодот што следува, со поддршка на канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, ставаме фокус на примената на Законот за локалната самоуправа. Овој исклучително важен и во основа добар закон, веруваме дека има простор уште повеќе да се подобри преку системска анализа на одредени слабости кои ги воочуваме во нашиот систем и преку предлагање на соодветни решенија во согласност со најдобрите европски искуства. Во оваа смисла, со поддршка на УНДП, во периодот што следува ќе се формира група од домашни и од меѓународни експерти која ќе ги истражи најдобрите практики кои треба да овозможат уште поголема функционалност на општините, во интерес на испорачување на поквалитетни услуги на граѓаните. Правиме маскимални напори да целата оваа процедура се заврши до локалните избори, за да може новите општински власти да работат согласно измените и дополнувањата на овој важен фундаментален акт - најави Перински, кој потенцираше дека подготовката на новото законско решение ќе се крои преку широки јавни дебати.
Дополнително, со партнерство со УНДП, како што информираше министерот, ќе продолжи зајакнувањето на капацитетите на општините во насока на нивна поголема транспарентност и отчетност и за таа цел предвидено е во наредниот период да бидат опфатени 40 општини во рамки на соодветниот проект.
Делуваме и во насока за ажурирање на општинските бази на податоци на даночни обврзници за поефикасно собирање на средствата од данок на имот и од комунални такси. Продолжуваме со дигитализација на општините. Во моментов има 23 општини плус Градот Скопје кои својот систем го имаат поврзано со ЛоГес системот, а планот е во текот на наредната година кон системот да се вклучат уште 29 општини, а во 2026 година уште 28 општини. Доколку ја реализираме оваа динамика, за две години ќе имаме целосно дигитализирани општини во државата - најави министерот, кој периодов, меѓудругото, е фокусиран на јавниот повик до општините за доделување средства за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет.
На повикот пристигнати се вкупно 358 апликативни формулари од вкупно 80 општини.
Деновиве, посочи Перински, се очекува ресорните министерства да ги достават подготвените извештаи со предлог проекти за финансирање до Владата и истите да бидат предмет на разгледување на некоја од следните владини седници на која ќе се донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година.
Во петнаесетминутниот детален отчет за сработеното во изминативе 100 дена, министерот го презентираше и својот личен проект, т.н. платформа „сподели“ преку која граѓаните можат да му се обратат со било каков проблем, предлог, критика, идеја.
„[email protected] претставува моја лична заложба, ветување и посебен фокус. Целта е во улога на медијатор да се обидам да посредувам во решавање на нивните проблеми. Преку сите реализирани проекти во овие 100 дена, сакам да покажеме и верувам дека успеавме да ставиме крај на селективниот пристап, односно дека започнуваме нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини. И скопски Центар, и Чаир, и Куманово, и Гевгелија, но и Струмица и Дебар – за нас сите општини и граѓани се исти, подеднакво важни и се дел од нашата визија за пофункционални општини за подобар и поквалитетен живот за сите, истакна министерот Перински, според кого изминативе 100 дена не биле лесни, а претставуваат почеток на еден долгорочен пат.
Ќе продолжиме уште понапорно, уште попосветено и уште порешително во периодот што следува. Ова го правиме не само за да ги исполниме ветувањата, туку првенствено затоа што сакаме да создадеме трајни промени кои ќе имаат позитивен импакт подеднакво врз секој граѓанин и врз секоја општина во нашата земја. Денес, нашата цел е кристално јасна: со 100% посветеност ќе ја продолжиме реализацијата на проектите и ќе ја оправдаме довербата што граѓаните ни ја дадоа. Довербата на граѓаните е нашиот најсилен мотив и ние сме обврзани да ја оправдаме со конкретни дела - резимираше министерот во отчетот пред новинарите.
The post Перински: Сто дена посветени за секој граѓанин и секоја општина, инвестирани над 1 милијарда денари и 200 проекти за развој на сите региони appeared first on Република.
]]>Овие 100 дена беа период на интензивна работа, во кој успеавме да ги надминеме наследените предизвици и да разработиме систем кој максимално ги искористува сите капацитети и ресурси за постигнување на нашите зацртани цели. Со максимална посветеност и ангажман, започнавме со реализација на поставените приоритети. Успеавме да детектираме и адресираме многу од пропустите со кои до неодамна се соочуваа општините, што резултираше со подобрување на квалитетот на испорачаните јавни услуги и подобрување на секојдневието на граѓаните - истакна Перински, кој посочи дека преку Бирото за рамномерен регионален развој, во тековната година се реализираат 129 проекти во области како енергетска ефикасност, инфраструктура, заштита на животната средина и развој на туризмот.Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, посочи министерот, активно се спроведуваат и 12 дополнителни проекти кои вклучуваат реконструкција и проширување на локални патишта, пешачки и велосипедски патеки, се реализираат проекти за изградба на канализациона мрежа, а дополнително, се спроведува истражување за паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион и опремување на „Ѓаконикон” во манастирот Св. Јован Бигорски“. Во својот отчет, Перински ги наведе и десетте проекти кои Министерството за локална самоуправа ги имплементира во сите осум плански региони со поддршка на Швајцарската агенција за обнова и развој и Владата на Швајцарија, меѓу кои се проектите за подобрување на здравствените услуги во Југозападниот регион преку опремување на современ Центар за физикална терапија во „Св. Еразмо“ во Охрид, реконструкција на охридската специјализирана болница за срцеви заболувања и реконструкција на ЈЗУ „Нефрологија“ во Струга, изградба на Регионален центар за бездомни миленици наменет за деветте општини од Вардарскиот регион, како и зголемување на капацитетноста и условите за престој во Дом за стари лица во Берово и зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари во микро регионот на Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.
Во периодот што следува, со поддршка на канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, ставаме фокус на примената на Законот за локалната самоуправа. Овој исклучително важен и во основа добар закон, веруваме дека има простор уште повеќе да се подобри преку системска анализа на одредени слабости кои ги воочуваме во нашиот систем и преку предлагање на соодветни решенија во согласност со најдобрите европски искуства. Во оваа смисла, со поддршка на УНДП, во периодот што следува ќе се формира група од домашни и од меѓународни експерти која ќе ги истражи најдобрите практики кои треба да овозможат уште поголема функционалност на општините, во интерес на испорачување на поквалитетни услуги на граѓаните. Правиме маскимални напори да целата оваа процедура се заврши до локалните избори, за да може новите општински власти да работат согласно измените и дополнувањата на овој важен фундаментален акт - најави Перински, кој потенцираше дека подготовката на новото законско решение ќе се крои преку широки јавни дебати.Дополнително, со партнерство со УНДП, како што информираше министерот, ќе продолжи зајакнувањето на капацитетите на општините во насока на нивна поголема транспарентност и отчетност и за таа цел предвидено е во наредниот период да бидат опфатени 40 општини во рамки на соодветниот проект.
Делуваме и во насока за ажурирање на општинските бази на податоци на даночни обврзници за поефикасно собирање на средствата од данок на имот и од комунални такси. Продолжуваме со дигитализација на општините. Во моментов има 23 општини плус Градот Скопје кои својот систем го имаат поврзано со ЛоГес системот, а планот е во текот на наредната година кон системот да се вклучат уште 29 општини, а во 2026 година уште 28 општини. Доколку ја реализираме оваа динамика, за две години ќе имаме целосно дигитализирани општини во државата - најави министерот, кој периодов, меѓудругото, е фокусиран на јавниот повик до општините за доделување средства за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет.На повикот пристигнати се вкупно 358 апликативни формулари од вкупно 80 општини. Деновиве, посочи Перински, се очекува ресорните министерства да ги достават подготвените извештаи со предлог проекти за финансирање до Владата и истите да бидат предмет на разгледување на некоја од следните владини седници на која ќе се донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година. Во петнаесетминутниот детален отчет за сработеното во изминативе 100 дена, министерот го презентираше и својот личен проект, т.н. платформа „сподели“ преку која граѓаните можат да му се обратат со било каков проблем, предлог, критика, идеја. „[email protected] претставува моја лична заложба, ветување и посебен фокус. Целта е во улога на медијатор да се обидам да посредувам во решавање на нивните проблеми. Преку сите реализирани проекти во овие 100 дена, сакам да покажеме и верувам дека успеавме да ставиме крај на селективниот пристап, односно дека започнуваме нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини. И скопски Центар, и Чаир, и Куманово, и Гевгелија, но и Струмица и Дебар – за нас сите општини и граѓани се исти, подеднакво важни и се дел од нашата визија за пофункционални општини за подобар и поквалитетен живот за сите, истакна министерот Перински, според кого изминативе 100 дена не биле лесни, а претставуваат почеток на еден долгорочен пат.
Ќе продолжиме уште понапорно, уште попосветено и уште порешително во периодот што следува. Ова го правиме не само за да ги исполниме ветувањата, туку првенствено затоа што сакаме да создадеме трајни промени кои ќе имаат позитивен импакт подеднакво врз секој граѓанин и врз секоја општина во нашата земја. Денес, нашата цел е кристално јасна: со 100% посветеност ќе ја продолжиме реализацијата на проектите и ќе ја оправдаме довербата што граѓаните ни ја дадоа. Довербата на граѓаните е нашиот најсилен мотив и ние сме обврзани да ја оправдаме со конкретни дела - резимираше министерот во отчетот пред новинарите.
The post Перински: Сто дена посветени за секој граѓанин и секоја општина, инвестирани над 1 милијарда денари и 200 проекти за развој на сите региони appeared first on Република.
]]>Македонија бележи благо опаѓање во рангирањето за буџетска транспарентност, според Анкетата за отворени буџети на Меѓународното буџетско партнерство за 2023 година од 36 поени во 2021 година на 35 поени за 2023 година.
Истражувањето, како што стои во соопштението на ЦЕА, е единствена споредбена, независна и редовна проценка во светот за транспарентноста, надзорот и учеството на јавноста во националните буџети. Во овој круг на истражување, оценките за глобална транспарентност беа 45 од 100 можни поени, учеството на јавноста беше 15 од 100 можни поени, законодавниот надзор беше 45 од 100 можни поени и ревизорскиот надзор беше 62 од 100 можни поени.
Треба да се изработи и објави фискалната стратегија навреме и да биде достапна за пратениците во Собранието пред да биде поднесен предлог-буџетот од Владата, рече Марјан Николов, претседател на ЦЕА, која го спроведе истражувањето за Македонија.
Дополнително, се додава, Владата и Министерството за финансии не покажаа дисциплина и решителност при изготвување и објавување навреме на Граѓанскиот буџет.
Се посочува дека последно, но не и најмалку важно, Министерството за финансии продолжува да не прави соодветен Полугодишен извештај.
Полошиот резултат на Македонија е во позадина на скромни подобрувања на глобално ниво и е втор најлош во регионот само после Босна и Херцеговина. Глобалниот просек на буџетска транспарентност се зголеми за еден поен, а учеството на јавноста се зголеми за два поени. Сепак, и покрај овие скромни придобивки, забележан е загрижувачки пад на јавната достапност на граѓанските буџети – пропуштена можност од страна на владите да користат клучна алатка за да ги направат нивните буџети подостапни за секојдневните луѓе. За прв пат од 2017 година, помалку влади ги ставаат на располагање на јавноста своите извештаи за извршување на буџетот во текот на годината. „Продолжуваме да гледаме скромни придобивки во истражувањето - рече Дејвид Робинс, раководител на Истражувањето за отворени буџети.
Анкетата за отворени буџети опфаќа 125 земји во кои живеат 7,5 милијарди луѓе и ја проценува отвореноста и отчетноста на буџетите кои изнесуваа повеќе од 33,5 трилиони американски долари во фискалната 2022 година. Транспарентноста и помага на јавноста да ги разбере буџетските приоритети на владата; механизмите за учество на јавноста им овозможуваат да придонесат кон овие приоритети; и формален надзор на буџетот од законодавниот дом ги води и ги проверува буџетските избори додека ревизорските институции ја оценуваат законитоста, ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка.
The post Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност appeared first on Република.
]]>Полошиот резултат на Македонија е во позадина на скромни подобрувања на глобално ниво и е втор најлош во регионот само после Босна и Херцеговина. Глобалниот просек на буџетска транспарентност се зголеми за еден поен, а учеството на јавноста се зголеми за два поени. Сепак, и покрај овие скромни придобивки, забележан е загрижувачки пад на јавната достапност на граѓанските буџети – пропуштена можност од страна на владите да користат клучна алатка за да ги направат нивните буџети подостапни за секојдневните луѓе. За прв пат од 2017 година, помалку влади ги ставаат на располагање на јавноста своите извештаи за извршување на буџетот во текот на годината. „Продолжуваме да гледаме скромни придобивки во истражувањето - рече Дејвид Робинс, раководител на Истражувањето за отворени буџети.Анкетата за отворени буџети опфаќа 125 земји во кои живеат 7,5 милијарди луѓе и ја проценува отвореноста и отчетноста на буџетите кои изнесуваа повеќе од 33,5 трилиони американски долари во фискалната 2022 година. Транспарентноста и помага на јавноста да ги разбере буџетските приоритети на владата; механизмите за учество на јавноста им овозможуваат да придонесат кон овие приоритети; и формален надзор на буџетот од законодавниот дом ги води и ги проверува буџетските избори додека ревизорските институции ја оценуваат законитоста, ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка.
The post Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност appeared first on Република.
]]>Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Вели, задоволен е од досега сработеното, а со уште посилно темпо за промените што носат иднина!
Уште во првата година се успеа:
➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2;
➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;
➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;
➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;
➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;
➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;
➡️ Ново комунално возило за зимско одржување;
➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ "Страшо Пинџур";
➡️ Започна изградбата на мега паркот "Даме Груев", на површина од 31000 м2 - прв мега парк во Скопје.
The post Стојкоски даде отчет пред ѓорчепетровци: Исчистени депонии, асфалтирани улици, намалени трошоци… appeared first on Република.
]]>Уште во првата година се успеа: ➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2; ➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација; ➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково; ➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација; ➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село; ➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%; ➡️ Ново комунално возило за зимско одржување; ➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ "Страшо Пинџур"; ➡️ Започна изградбата на мега паркот "Даме Груев", на површина од 31000 м2 - прв мега парк во Скопје.
The post Стојкоски даде отчет пред ѓорчепетровци: Исчистени депонии, асфалтирани улици, намалени трошоци… appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за утре, 23 ноември во Домот на културата во 19,30 часот ја најави презентацијата на отчетот за сработеното во изминатата година.
Започнуваме со нова пракса на работењето во Општина Ѓорче Петров, транспарентност, отчетност, одговорност за сработеното пред жителите.
Ве повикувам утре, среда 23 ноември, со почеток во 19:30 часот, да присуствувате во Дом на културата Ѓорче Петров, на презентација на отчетот за сработеното во изминатата година, објави Стојкоски на својот профил на Фејсбук.
The post Во Домот на културата Ѓорче Петров градоначалникот Стојкоски ќе има отчет пред граѓаните appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за утре, 23 ноември во Домот на културата во 19,30 часот ја најави презентацијата на отчетот за сработеното во изминатата година. Започнуваме со нова пракса на работењето во Општина Ѓорче Петров, транспарентност, отчетност, одговорност за сработеното пред жителите. Ве повикувам утре, среда 23 ноември, со почеток во 19:30 часот, да присуствувате во Дом на културата Ѓорче Петров, на презентација на отчетот за сработеното во изминатата година, објави Стојкоски на својот профил на Фејсбук.
The post Во Домот на културата Ѓорче Петров градоначалникот Стојкоски ќе има отчет пред граѓаните appeared first on Република.
]]>Прекин во снабдувањето со струја го одложи отчетот кој градоначалникот на Тетово, Биљал Касами го планираше за денеска
Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во централното градско подрачје, каде е сместена и зградата на општина Тетово, пресот на градоначалникот Билал Касами, за една година локална власт се одложува за утре 11.11.2022 година ( петок) во 10:30 часот.“ – информираа од општина Тетово.
The post Снема струја за отчетот на Билал Касами во Тетово appeared first on Република.
]]>Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во централното градско подрачје, каде е сместена и зградата на општина Тетово, пресот на градоначалникот Билал Касами, за една година локална власт се одложува за утре 11.11.2022 година ( петок) во 10:30 часот.“ – информираа од општина Тетово.
The post Снема струја за отчетот на Билал Касами во Тетово appeared first on Република.
]]>Во лоши политички услови, економски и енергетски кризи Општина Прилеп видно напредува и отскокнува од досегашните години и се промени во сите сфери на општественото живеење. Прилеп од град на сивило и безнадежност премина веќе во град каде самодовербата и надежта дека за негова иднина граѓаните ја увидоа уште во првата година, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот отчет даден на Саемот на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека се вложиле максимално, со активна работа во реализирање на проектите и подобрувањето на квалитетот кој дојде до израз во општината.
Сето ова ни беше наш поттик и мотив да водиме секојдневна борба, сите препреки со кои се соочивме не да ги прескокнеме, туку да ги решиме и да ги минимализираме. Со тоа докажавме во што се разликуваме од претходната локална власт. Во таа насока со голема упорност и многу работа ги направивме потребните чекори за изнаоѓање на решение кои нашите граѓани го увидоа, рече Јовчески.
Јовчески посочи дека за прв пат е доведено во завршна фаза и водоснабдувањето во нашиот град со проектот Пашовски ливади каде реконструиран е огромен дел од незавршените траси и приклучоци. Потоа самата реконструкција и уредување на нов плоштад е во висина од 3,500м квадратни со нов инфраструктурен изглед на плоштадот. Како и за прв пат се одвоени средства во висина од околу 30 милиони денари за подобрување на условите во сите училишта.
Реализиравме многу проекти од витално значење на градот и населените места. Од општинскиот буџет асфалтиравме голем број на улици, реконструиравме, саниравме оштетувања. Создадовме услови за почиста животна средина, исчистивме огромен број на депонии, потенцираше Јовчески.
Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола нагласи дека за 365 дена се сработи многу. Тој нагласи дека кога се кандидирал за градоначалник на граѓаните на општина Битола им ветил транспарентност, отчетност и континуитет во работењето.
Во делот на инфраструктурата би почнал со можеби најкапиталниот дел , проект кој што го нарековме „23 улици“ од кои 19 се веќе завршени, со должина над 10 километри. Тоа се работи за реконструкција, обнова, нови улици, зависи во која фаза и според планската документација секој од овие проекти е засебно значаен. Да кажам дека Битола е градилиште оваа цела година, заклучи Коњановски.
Градоначалникот на општина Битола посочи дека се започна и со еден процес на одглавување на делот на легализација. Една просторија во локалната самоуправа беше затрупана со пакети, таму имаше илјадници нерешени предмети на граѓаните, а за нив живот значат. Во првите денови стотина веднаш се решија, односно се одговори на барањата на граѓаните. Досега околу 1.700 предмети на легализации се завршени.
Сакам да кажам дека веќе се спремни за идната година 65 проекти кои што се во завршна фаза, дали со проектна документација или со дозвола за градење, одобрение за градба. Значи идната година ќе биде уште пожестока тоа им го ветувам на граѓаните, вети тој.
Тој рече дека од средствата за подобрување на животна средина преку 26 милиони се реализирани од развојната програма уште седум милиони. Инвестицијата за „23 улици“ чини преку 265 милиони денари.
Во делот на капиталните инвестиции годинава ќе ја завршиме со над 75% реализација и над 85% реализиран извршен буџет. Оваа ситуација никогаш досега не била во Битола. Од многуте проекти се и колекторот до село Брутник, колектор и пречистителна станица за националниот парк Пелистер. Еден од поголемите проекти кој идната година ќе го реализираме и во соработка со Светска Банка тоа е индустриската улица, тоа е улица од 2.4 километри која фактички е нова заобиколница, која ќе реши многу проблеми од сообраќајот во градот, денешна улица „Бурса“ таму егзистираат преку 50-тина субјекти од стопански на чие задоволство навистина ќе се направи оваа заобиколница. Исто така комплетиран е потегот на пристапот од Ресен, улицата „Довлеџик“ и пред реализација сме на мостот кој што треба да се направи. Бевме затекнати со ситуацијата, па правиме уште еден мост, уште една девијација која некој за жал не ја предвидел. Од делот на влезот што се однесува до – од Скопје, едната од болни точки на Битола, изготвуваме проектна документација, тоа е огромен проект за кој што ќе почекаме нашата централна власт да учествува во делот до влезот на таблата за Битола, а она што е другото наше ние ќе си го сработиме, појасни градоначалникот на општина Битола.
„А, во делот на проектите поголеми, готов е проектот за нова единица на зградата за територијална противпожарна единица, имаме стар објект, кој веќе е руиниран и не ги исполнува стандардите за еден град како што е Битола, така да ќе направиме нова зграда, а во текот на идната година тоа го отпочнуваме. А, во меѓувреме со нашите пријатели од странство набавивме три теренски возила и уште едно ново, значи четири теренски возила, со комплетна опрема за спасување од големи елементарни непогоди“, заклучи тој.
Тој го посочи и новиот парк во Битола кој го вети на граѓаните, со огромна површина над 25.000 квадратни метри е во реализација. Тука се вклучени сите претпријатија како што се ЈП „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“. Зелените површини се приоритет на градот Битола.
Во индустриската зона „Жабени“ се продадени 13 парцели, после еден застој од цели четири години. Тоа е една голема површина, заклучи Коњановски.
„Туризмот, културата тоа се една сфера која заедно оди сама по себе. Огромна поддршка имаме за спортот, не само професионалниот, туку и училишниот. И сите оние спортски друштва кои ја имаат огромната поддршка на Општина Битола. Можам да кажам дека општина Битола можеби најмногу од сите издвојува и тоа над еден милион евра за спорт, како поддршка за спортот“, укажа градоначалникот на општина Битола.
Тој додаде дека во делот на социјалната заштита, реконструирана е салата во Центарот за социјална заштита, тука е поддршката за над 800 првоодделенци за кои се издвои по 3.000 денари. Значајна е поддршката која ќе се даде и на сите наградени на средношколски, регионални и државни првенства и манифестации во делот на чествувањето на Св. Нектариј празникот на Битола.
Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила на денешната трибина „Промени што носат иднина во пелагонискиот регион“ на политичкиот саем кој го организира ВМРО-ДПМНЕ зборуваше како ја затекнал општина Могила каде ги посочи долгот од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата и така натаму.
За прв пат во општина Могила ќе се изгради детска градинка со капацитет од 40 дечиња, долгоочекуван проект за жителите на општина Могила, каде ќе се реши проблемот на родителите кои имаат таква потреба .Општина Могила ја преземав со преголем долг каде и денес ја отежнува нормалната работа на општината. Општинскиот буџет го наследив со 600 илјади денари на сметка и со долг од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата. Но сепак еве по една година успеавме да ја одблокираме сметките на училиштата, да ги исплатиме задоцнетите плати во јавното комунално претпријатие и да одобриме средства за нови мерки, тоа беше еднократна парична помош за првачињата. Освен првачињата парична помош добија и социјално загрозените семејства и дечињата со попреченост.
Саботковски во текот на своето обраќање се осврна и на проектите кој тој ги има спроведено откако е градоначалник каде ги спомена проектите во културата, спортот како и во инфраструктурата.
Имавме богати културно лето „Могила 2022“, многу настани кои ги поддржавме финансиски. Исто така и спортот и културата, каде за спортот зголемивме финансиската помош кон сите спортски клубови каде имавме и меѓународен турнир во јуниори кој доста добро одекна во Пелагонискиот регион и ќе се потрудиме да стане традиционален. Имавме 45 години од традиционалниот мал фудбал кој е бренд на општината. Исто така изградивме фитнес зона во склоп на фудбалското игралиште во Могила, кој е проект поттикнат од младите. Изградена е главната улица во Могила, изградивме тротоари, кружен тек и со тоа општина Могила ќе добие ден модерен, урбан лик. Морам да ја споменам индустриска зона, тоа е зона која се планира десетина години, и за прв пат во оваа зона изградивме водовод, наредниот период ќе ја доопремиме и следната година ќе ја имаме првата инвестиција во индустриска зона, додаде Саботковски.
Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски пред присутните потенцираше дека ако се направи анализа и ретроспектива на програмата со која што настапил на локалните избори од 130 проекти, за само една година реализирал 58 проекти.
Ако направиме една ретроспектива и анализа на програмата која што ја ветивме пред граѓаните пред точно една година, во програмата имавме 130 проекти, и од нив реализиравме 58 проекти. Значи може да се пофалиме дека го исполнуваме ветеното пред нашите жители, рече Стеваноски.
Реализиравме еден крупен инфраструктурен проект оваа година во село Зовиќ асфалтиравме улица од околу 6 милиони денари, во Мариовскиот дел асфалтиравме улица до манастирот Св. Илија, таму ќе се вложат 5 милиони денари, од инфраструктурните проекти можам да се пофалам дека оваа година асфалтиравме улици во скоро сите села. Исто така изградба на водовод за три населени места Бач, Живојно и Добровени кои што до сега се снабдуваа со приватни извори на водоснабдување кои што не ги задоволуваа основните услови на квалитетна вода за пиење, сега со вредност на проектот од околу 27 милиони денари овие три населени места во општината ќе добијат квалитетна вода за пиење, изјави тој.
Градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски се осврна пред се проекти од патната инфраструктура.
Изграден е пат до манастирот Свети Том кој е одличен потенцијал за развој на туризмот скоро 11 милиони денари чини овој проект, пат до село Слоештица во должина од 2 километри во висина од 15 милиони денари, се реконструира крак од улицата 11 Октомври во должина од 300 метри“, рече Најдовски.
Најдовски истакна дека преку Пелагонискиот плански регион има два проекти важни за градот изградба на 1600 метри тротоари и целосна реконструкција на улицата 11 Октомври. Тој информираше дека општината има подготвено два капитални проекти со кои ќе аплицира за средства за комплетно нов парк во Демир Хисар и реконструкција на шеталиштето во градот.
Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски истакна дека општината со сопствени средства успеа да реализира премногу, затоа што најголемиот дел од проектите беа финансирани од сопствениот буџет.
Би почнал со патната инфраструктура. Во отчетот имаме 18 улици, но од вчера и завчера се веќе 20, а ако биде добро времето наредната недела ќе бидат 21 со вкупна вредност од над 20 милиони денари. За основен буџет од 120 милиони денари, 20 милиони се многу. Најголем дел од тие улици се во места кои што се тешко пристапни и во минатото се одбегнувани, а некои дури по педесетина години за прв пат виделе градежна машина. Заедно со тимот од јавното претпријатие и со општината успеавме инсталираме подземна инфраструктура од околу еден километар водоводи и канализации, атмосферска и фекална. Продолжуваме понатаму, во тој дел ја имаме и веќе завршена физибилити студијата за води заедно со професорите од Градежен факултет која што во иднина многу ќе ни олесни да можеме да ги реализираме проектите за водоснабдувањето. Бевме ангажирани да постигнеме во сите полиња, така да во образование ја реконструиравме старата детска градинка „11-ти Септември“, а исто така реконструиравме и три кабинети, инсталација на водоводна и канализациона мрежа и електрична инсталација во училиштето во Подмочани, продолжуваме во истото училиште и веќе склучуваме договори УСАИД за да продолжиме да го средуваме. Во делот на социјалната заштита, поделивме на 105 првачиња по 2 илјади денари парична помош, поделивме на 100 социјално загрозени лица 3 илјади денари и на 60 новородени бебиња од 5 илјади зголемивме на 7 илјади денари. Помагаме на секое поле колку што можеме, но морам да напоменам дека исклучително е важна соработката на Преспа како регион со свои специфики, бидејќи имаме два гранични премини, национални паркови, езерото и слично, затоа имаме многу соработници од Европската Унија и од соседството. Така со нашата партнер општина Преспа од Грција ги завршивме два големи проекти, а тоа е поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда со моќност од 20 киловати, две возила за потребите на општината“, истакна Тозиевски и додаде:
„Друг многу важен проект кој го промовиравме со претседателот се патеките на светите води кои ги поврзуваат манастирите, под пелистерските манастири во должина од 12 километри и двата проекти се во вредност од по 8 милиони денари. Продолжуваме и понатаму со соработката и за наредната година веќе сме во преговори за тоа кои нови проекти би ги аплицирале“.
The post Се градат улици, канализации, се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион appeared first on Република.
]]>Во делот на инфраструктурата би почнал со можеби најкапиталниот дел , проект кој што го нарековме „23 улици“ од кои 19 се веќе завршени, со должина над 10 километри. Тоа се работи за реконструкција, обнова, нови улици, зависи во која фаза и според планската документација секој од овие проекти е засебно значаен. Да кажам дека Битола е градилиште оваа цела година, заклучи Коњановски.Градоначалникот на општина Битола посочи дека се започна и со еден процес на одглавување на делот на легализација. Една просторија во локалната самоуправа беше затрупана со пакети, таму имаше илјадници нерешени предмети на граѓаните, а за нив живот значат. Во првите денови стотина веднаш се решија, односно се одговори на барањата на граѓаните. Досега околу 1.700 предмети на легализации се завршени.
Сакам да кажам дека веќе се спремни за идната година 65 проекти кои што се во завршна фаза, дали со проектна документација или со дозвола за градење, одобрение за градба. Значи идната година ќе биде уште пожестока тоа им го ветувам на граѓаните, вети тој.Тој рече дека од средствата за подобрување на животна средина преку 26 милиони се реализирани од развојната програма уште седум милиони. Инвестицијата за „23 улици“ чини преку 265 милиони денари.
Во делот на капиталните инвестиции годинава ќе ја завршиме со над 75% реализација и над 85% реализиран извршен буџет. Оваа ситуација никогаш досега не била во Битола. Од многуте проекти се и колекторот до село Брутник, колектор и пречистителна станица за националниот парк Пелистер. Еден од поголемите проекти кој идната година ќе го реализираме и во соработка со Светска Банка тоа е индустриската улица, тоа е улица од 2.4 километри која фактички е нова заобиколница, која ќе реши многу проблеми од сообраќајот во градот, денешна улица „Бурса“ таму егзистираат преку 50-тина субјекти од стопански на чие задоволство навистина ќе се направи оваа заобиколница. Исто така комплетиран е потегот на пристапот од Ресен, улицата „Довлеџик“ и пред реализација сме на мостот кој што треба да се направи. Бевме затекнати со ситуацијата, па правиме уште еден мост, уште една девијација која некој за жал не ја предвидел. Од делот на влезот што се однесува до – од Скопје, едната од болни точки на Битола, изготвуваме проектна документација, тоа е огромен проект за кој што ќе почекаме нашата централна власт да учествува во делот до влезот на таблата за Битола, а она што е другото наше ние ќе си го сработиме, појасни градоначалникот на општина Битола.„А, во делот на проектите поголеми, готов е проектот за нова единица на зградата за територијална противпожарна единица, имаме стар објект, кој веќе е руиниран и не ги исполнува стандардите за еден град како што е Битола, така да ќе направиме нова зграда, а во текот на идната година тоа го отпочнуваме. А, во меѓувреме со нашите пријатели од странство набавивме три теренски возила и уште едно ново, значи четири теренски возила, со комплетна опрема за спасување од големи елементарни непогоди“, заклучи тој. Тој го посочи и новиот парк во Битола кој го вети на граѓаните, со огромна површина над 25.000 квадратни метри е во реализација. Тука се вклучени сите претпријатија како што се ЈП „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“. Зелените површини се приоритет на градот Битола.
Во индустриската зона „Жабени“ се продадени 13 парцели, после еден застој од цели четири години. Тоа е една голема површина, заклучи Коњановски.„Туризмот, културата тоа се една сфера која заедно оди сама по себе. Огромна поддршка имаме за спортот, не само професионалниот, туку и училишниот. И сите оние спортски друштва кои ја имаат огромната поддршка на Општина Битола. Можам да кажам дека општина Битола можеби најмногу од сите издвојува и тоа над еден милион евра за спорт, како поддршка за спортот“, укажа градоначалникот на општина Битола. Тој додаде дека во делот на социјалната заштита, реконструирана е салата во Центарот за социјална заштита, тука е поддршката за над 800 првоодделенци за кои се издвои по 3.000 денари. Значајна е поддршката која ќе се даде и на сите наградени на средношколски, регионални и државни првенства и манифестации во делот на чествувањето на Св. Нектариј празникот на Битола. Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила на денешната трибина „Промени што носат иднина во пелагонискиот регион“ на политичкиот саем кој го организира ВМРО-ДПМНЕ зборуваше како ја затекнал општина Могила каде ги посочи долгот од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата и така натаму. За прв пат во општина Могила ќе се изгради детска градинка со капацитет од 40 дечиња, долгоочекуван проект за жителите на општина Могила, каде ќе се реши проблемот на родителите кои имаат таква потреба .Општина Могила ја преземав со преголем долг каде и денес ја отежнува нормалната работа на општината. Општинскиот буџет го наследив со 600 илјади денари на сметка и со долг од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата. Но сепак еве по една година успеавме да ја одблокираме сметките на училиштата, да ги исплатиме задоцнетите плати во јавното комунално претпријатие и да одобриме средства за нови мерки, тоа беше еднократна парична помош за првачињата. Освен првачињата парична помош добија и социјално загрозените семејства и дечињата со попреченост. Саботковски во текот на своето обраќање се осврна и на проектите кој тој ги има спроведено откако е градоначалник каде ги спомена проектите во културата, спортот како и во инфраструктурата.
Имавме богати културно лето „Могила 2022“, многу настани кои ги поддржавме финансиски. Исто така и спортот и културата, каде за спортот зголемивме финансиската помош кон сите спортски клубови каде имавме и меѓународен турнир во јуниори кој доста добро одекна во Пелагонискиот регион и ќе се потрудиме да стане традиционален. Имавме 45 години од традиционалниот мал фудбал кој е бренд на општината. Исто така изградивме фитнес зона во склоп на фудбалското игралиште во Могила, кој е проект поттикнат од младите. Изградена е главната улица во Могила, изградивме тротоари, кружен тек и со тоа општина Могила ќе добие ден модерен, урбан лик. Морам да ја споменам индустриска зона, тоа е зона која се планира десетина години, и за прв пат во оваа зона изградивме водовод, наредниот период ќе ја доопремиме и следната година ќе ја имаме првата инвестиција во индустриска зона, додаде Саботковски.Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски пред присутните потенцираше дека ако се направи анализа и ретроспектива на програмата со која што настапил на локалните избори од 130 проекти, за само една година реализирал 58 проекти. Ако направиме една ретроспектива и анализа на програмата која што ја ветивме пред граѓаните пред точно една година, во програмата имавме 130 проекти, и од нив реализиравме 58 проекти. Значи може да се пофалиме дека го исполнуваме ветеното пред нашите жители, рече Стеваноски.
Реализиравме еден крупен инфраструктурен проект оваа година во село Зовиќ асфалтиравме улица од околу 6 милиони денари, во Мариовскиот дел асфалтиравме улица до манастирот Св. Илија, таму ќе се вложат 5 милиони денари, од инфраструктурните проекти можам да се пофалам дека оваа година асфалтиравме улици во скоро сите села. Исто така изградба на водовод за три населени места Бач, Живојно и Добровени кои што до сега се снабдуваа со приватни извори на водоснабдување кои што не ги задоволуваа основните услови на квалитетна вода за пиење, сега со вредност на проектот од околу 27 милиони денари овие три населени места во општината ќе добијат квалитетна вода за пиење, изјави тој.Градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски се осврна пред се проекти од патната инфраструктура.
Изграден е пат до манастирот Свети Том кој е одличен потенцијал за развој на туризмот скоро 11 милиони денари чини овој проект, пат до село Слоештица во должина од 2 километри во висина од 15 милиони денари, се реконструира крак од улицата 11 Октомври во должина од 300 метри“, рече Најдовски.Најдовски истакна дека преку Пелагонискиот плански регион има два проекти важни за градот изградба на 1600 метри тротоари и целосна реконструкција на улицата 11 Октомври. Тој информираше дека општината има подготвено два капитални проекти со кои ќе аплицира за средства за комплетно нов парк во Демир Хисар и реконструкција на шеталиштето во градот. Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски истакна дека општината со сопствени средства успеа да реализира премногу, затоа што најголемиот дел од проектите беа финансирани од сопствениот буџет.
Би почнал со патната инфраструктура. Во отчетот имаме 18 улици, но од вчера и завчера се веќе 20, а ако биде добро времето наредната недела ќе бидат 21 со вкупна вредност од над 20 милиони денари. За основен буџет од 120 милиони денари, 20 милиони се многу. Најголем дел од тие улици се во места кои што се тешко пристапни и во минатото се одбегнувани, а некои дури по педесетина години за прв пат виделе градежна машина. Заедно со тимот од јавното претпријатие и со општината успеавме инсталираме подземна инфраструктура од околу еден километар водоводи и канализации, атмосферска и фекална. Продолжуваме понатаму, во тој дел ја имаме и веќе завршена физибилити студијата за води заедно со професорите од Градежен факултет која што во иднина многу ќе ни олесни да можеме да ги реализираме проектите за водоснабдувањето. Бевме ангажирани да постигнеме во сите полиња, така да во образование ја реконструиравме старата детска градинка „11-ти Септември“, а исто така реконструиравме и три кабинети, инсталација на водоводна и канализациона мрежа и електрична инсталација во училиштето во Подмочани, продолжуваме во истото училиште и веќе склучуваме договори УСАИД за да продолжиме да го средуваме. Во делот на социјалната заштита, поделивме на 105 првачиња по 2 илјади денари парична помош, поделивме на 100 социјално загрозени лица 3 илјади денари и на 60 новородени бебиња од 5 илјади зголемивме на 7 илјади денари. Помагаме на секое поле колку што можеме, но морам да напоменам дека исклучително е важна соработката на Преспа како регион со свои специфики, бидејќи имаме два гранични премини, национални паркови, езерото и слично, затоа имаме многу соработници од Европската Унија и од соседството. Така со нашата партнер општина Преспа од Грција ги завршивме два големи проекти, а тоа е поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда со моќност од 20 киловати, две возила за потребите на општината“, истакна Тозиевски и додаде:„Друг многу важен проект кој го промовиравме со претседателот се патеките на светите води кои ги поврзуваат манастирите, под пелистерските манастири во должина од 12 километри и двата проекти се во вредност од по 8 милиони денари. Продолжуваме и понатаму со соработката и за наредната година веќе сме во преговори за тоа кои нови проекти би ги аплицирале“.
The post Се градат улици, канализации, се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион appeared first on Република.
]]>На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје.
За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл., рече Андоновска.
„Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува“, заклучи таа.
Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат.
Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.
Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.
Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните.
Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина", истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните.
Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.
Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.
„Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво“, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.
Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.
Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.
Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, веданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.
Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.
Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.
Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести.
Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.
Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.
Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“.
Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.
Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ“, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.
https://youtu.be/94sQBvaWc5Y
The post 10 месеци додека директорите на јавните претпријатија под Град Скопје беа од ВМРО-ДПМНЕ градот беше отворен за граѓаните и се реализираа проекти appeared first on Република.
]]>За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл., рече Андоновска.„Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува“, заклучи таа. Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат. Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.
Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните. Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина", истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните. Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.
Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.„Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво“, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.
Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, веданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем. Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.
Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести. Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.
Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“. Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.
Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ“, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.https://youtu.be/94sQBvaWc5Y
The post 10 месеци додека директорите на јавните претпријатија под Град Скопје беа од ВМРО-ДПМНЕ градот беше отворен за граѓаните и се реализираа проекти appeared first on Република.
]]>Промените се гледаат во резултатите и во делата на градоначалниците на општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ. На отворањето на првиот политички саем во Македонија, претседателот на партијата Христијан Мицкоски го резимира сработеното во секоја општина.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 година од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 120 милиони евра (7.458.790.588 денари). Значи 125 милиони евра тежат проектите за нови булевари, паркови, нови градинки, училишта и редица други проекти. Од најголемата до најмалата општина, рече Мицкоски.
Тој објасни каде и како се инвестирани тие пари.
Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра (2.246.110.874 денари). За градба или реконструкција на водоводни и канализациски мрежи за една година се отпочна со инвестициски циклус вреден од над 20 милиони евра (1.278.181.531 денари).
Во едни тешки околности на сеопшта криза се започна со решавање на проблемот со недостиг на детски градинки. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра (560.303.732 денари). И свесен сум дека ова не е доволно, но е добар почеток на решавање на еден децениски проблем. И образованието е наш приоритет. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестира над 19 милиони евра (1.182.138.188 денари).
За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра (234.506.064 денари), додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра (118.055.948 денари).
Се инвестира и во културата. За нови културни домови, за реконструкција на културни знаменитости и инвестиции во културата се вложуваат речиси 2.5 милиони евра (148.933.374 денари), додека пак за спорт и спортски објекти за најмладите се инвестира над 7 милиони евра ( 435.749.593 денари).
Не се заборавени и ранливите категории граѓани, за кои низ различни програми и намени се даваат речиси 1.5 милиони евра (91.780.030 денари).
Мицкоски рече дека иако е задоволен од постигнатото, секогаш може повеќе.
Ова е одличен резултат кој е гаранција дека промените ќе бидат уште поголеми и уште позначајни. Овие резултати се однесуваат на над 40 општини во кои победата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој.
Прашањето за одбрана на принципите и нашето стојалиште да не ја изиграме довербата на граѓаните кога тоа веќе многу лесно го прави првиот човек на Градот, продолжува да биде границата од која нема да се повлечеме и моралот и вредностите што ги браниме. Одбраната на тие принципи се нашето право и должност, затоа што ветивме работа, наместо неспособност, ветивме резултати наместо стагнација, кусо се осврна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на состојбите во Град Скопје.
The post 125 милиони евра тежат проектите реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 година од мандатот отпочнаа со градба или реализираа проекти во вредност од 120 милиони евра (7.458.790.588 денари). Значи 125 милиони евра тежат проектите за нови булевари, паркови, нови градинки, училишта и редица други проекти. Од најголемата до најмалата општина, рече Мицкоски.Тој објасни каде и како се инвестирани тие пари.
Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра (2.246.110.874 денари). За градба или реконструкција на водоводни и канализациски мрежи за една година се отпочна со инвестициски циклус вреден од над 20 милиони евра (1.278.181.531 денари).
Во едни тешки околности на сеопшта криза се започна со решавање на проблемот со недостиг на детски градинки. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра (560.303.732 денари). И свесен сум дека ова не е доволно, но е добар почеток на решавање на еден децениски проблем. И образованието е наш приоритет. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестира над 19 милиони евра (1.182.138.188 денари).
За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра (234.506.064 денари), додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра (118.055.948 денари).
Се инвестира и во културата. За нови културни домови, за реконструкција на културни знаменитости и инвестиции во културата се вложуваат речиси 2.5 милиони евра (148.933.374 денари), додека пак за спорт и спортски објекти за најмладите се инвестира над 7 милиони евра ( 435.749.593 денари).
Не се заборавени и ранливите категории граѓани, за кои низ различни програми и намени се даваат речиси 1.5 милиони евра (91.780.030 денари).Мицкоски рече дека иако е задоволен од постигнатото, секогаш може повеќе.
Ова е одличен резултат кој е гаранција дека промените ќе бидат уште поголеми и уште позначајни. Овие резултати се однесуваат на над 40 општини во кои победата ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој. Прашањето за одбрана на принципите и нашето стојалиште да не ја изиграме довербата на граѓаните кога тоа веќе многу лесно го прави првиот човек на Градот, продолжува да биде границата од која нема да се повлечеме и моралот и вредностите што ги браниме. Одбраната на тие принципи се нашето право и должност, затоа што ветивме работа, наместо неспособност, ветивме резултати наместо стагнација, кусо се осврна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на состојбите во Град Скопје.
The post 125 милиони евра тежат проектите реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>Овој политички саем треба да биде резиме на тоа што затекнавме, но и што направивме за овие 365 дена како локална власт. Обврската добиена од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на првиот политички саем во Македонија.
Под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори, Мицкоски уште на почетокот истакна дека е задоволен од работата на градоначалниците и од постигнатите резултати.
Дванаесет месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно. Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате, рече Мицкоски.
Тој не пропушти да нагласи дека овие резултати во локалната самоуправа се постигнати во услови на тешка економска и политичка криза и грчевита борба со централната власт.
И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да 2 решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме, додаде тој.
Односот на Владата кон општините Мицкоски го оцени како отворен непријателски. Се пожали дека општините со кои раководат градоначалници од ВМРО-Д-МНЕ се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми.
Ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и попостојано. А тоа го потврдуваат резултатите.
Мицкоски одговори и на прозивките дека е „најистурениот градоначалник“, но и на забелешките што оди со градоначалниците при реализација на проектите
Ако е главната забелешка зошто заедно со градоначалниците работам да се реализираат проекти за народот, ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела. Секој збор од овие програми ветени пред граѓаните го бранев на изборите лично јас, со моето име и мојот кредибилитет. И немам намера да избегам ниту милиметар од тоа што го ветив и затоа сум најмногу заинтересиран да не го разочараме народот и затоа и тие малкумина загрижени кои ги даваат ваквите забелешки треба да знаат, заедно со градоначалниците ќе ме гледаат уште многу на отворања и градба на нови улици, паркови, водоводи, нови канализации и училишта, на многу нови проекти и реализирани ветувања. Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Задоволен сум од постигнатото, а најмногу од тоа што го одржавме зборот appeared first on Република.
]]>Дванаесет месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно. Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате, рече Мицкоски.Тој не пропушти да нагласи дека овие резултати во локалната самоуправа се постигнати во услови на тешка економска и политичка криза и грчевита борба со централната власт.
И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да 2 решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме, додаде тој.Односот на Владата кон општините Мицкоски го оцени како отворен непријателски. Се пожали дека општините со кои раководат градоначалници од ВМРО-Д-МНЕ се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми.
Ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и попостојано. А тоа го потврдуваат резултатите.Мицкоски одговори и на прозивките дека е „најистурениот градоначалник“, но и на забелешките што оди со градоначалниците при реализација на проектите
Ако е главната забелешка зошто заедно со градоначалниците работам да се реализираат проекти за народот, ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела. Секој збор од овие програми ветени пред граѓаните го бранев на изборите лично јас, со моето име и мојот кредибилитет. И немам намера да избегам ниту милиметар од тоа што го ветив и затоа сум најмногу заинтересиран да не го разочараме народот и затоа и тие малкумина загрижени кои ги даваат ваквите забелешки треба да знаат, заедно со градоначалниците ќе ме гледаат уште многу на отворања и градба на нови улици, паркови, водоводи, нови канализации и училишта, на многу нови проекти и реализирани ветувања. Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Задоволен сум од постигнатото, а најмногу од тоа што го одржавме зборот appeared first on Република.
]]>365 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, во сабота и недела, Саем на промените што носат иднина.ВМРО-ДПМНЕ прави прв политички саем во Македонија. Саемот ќе трае два дена. Преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите кои што во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните.
Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните- велат од партијата.
The post ВМРО-ДПМНЕ утре прави прв саем за отчет на сработеното во првата година на градоначалниците appeared first on Република.
]]>Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните- велат од партијата.
The post ВМРО-ДПМНЕ утре прави прв саем за отчет на сработеното во првата година на градоначалниците appeared first on Република.
]]>ВМРО-ДПМНЕ во сабота и недела ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.
Новина е тоа што самиот настан ќе трае 2 дена, и нема да биде класичен отчет туку политички саем каде ќе се презентира сработеното во секоја општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот кој инаку за прв пат го организира било која политичка партија е "Саем на промените што носат иднина".
Ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица редица други теми.
Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси. Воедно саемот покрај на главната бина ќе се одвива и на 6 други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. Настанот ќе биде отворен во саботата со воведен говор на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа интерактивниот дел ќе продолжи дента во наредните 8 часа и неделата со нови содржини. ВМРО ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза.
Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме. Настанот ќе се оддржи во Холидеј Ин Скопје со почеток во сабота во 11 часот.
The post ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното од градоначалниците: „Саем на промените што носат иднина” appeared first on Република.
]]>The post ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното од градоначалниците: „Саем на промените што носат иднина” appeared first on Република.
]]>ВМРО-ДПМНЕ во сабота и недела ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.
Новина е тоа што самиот настан ќе трае 2 дена, и нема да биде класичен отчет туку политички саем каде ќе се презентира сработеното во секоја општина. Слоганот под кој ќе се одвива настанот кој инаку за прв пат го организира било која политичка партија е "Саем на промените што носат иднина".
Ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица редица други теми.
Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси. Воедно саемот покрај на главната бина ќе се одвива и на 6 други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија. Настанот ќе биде отворен во саботата со воведен говор на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа интерактивниот дел ќе продолжи дента во наредните 8 часа и неделата со нови содржини. ВМРО ДПМНЕ е задоволна од сработеното на градоначалниците кои овие резултати ги оставаруваат во едни тешки услови на економска, политичка и енергетска криза.
Промените се видливи и е забележлив поинаков и отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми, а промените носат иднина во која заеднички веруваме. Настанот ќе се оддржи во Холидеј Ин Скопје со почеток во сабота во 11 часот.
The post ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното од градоначалниците: „Саем на промените што носат иднина” appeared first on Република.
]]>The post ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното од градоначалниците: „Саем на промените што носат иднина” appeared first on Република.
]]>Во првите 100 дена раководење со општината, спроведовме низа мерки, активности и проекти кои значат директен бенефит за жителите на Општина Илинден. Иако наследивме исклучително тешка финансиска состојба како резултат на недомаќинско работење во минатото, со долг од над 4.300.000 милиони евра од страна на Општината и општинските претпријатија, во изминативе три месеци Општина Илинден и новиот тим започнаа енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги предвид потребите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот, истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“
Започнавме со капитален проект за изградба на фекална канализација во локалитет „Јака“ во вредност од речиси 20 милиони денари со кој се опфаќаат околу 300 домаќинства, Продолживме со реконструкцијата на главната улица 532 која ги поврзува населените места Марино и Кадино во должина од 2 километри, посочи Георгиевски.
Тој кажа дека дека следува изградба на ново основно училиште во Илинден каде ќе се воведе и целодневна настава, а ќе има и сензорска соба за децата со попреченост.
Георгиевски кажа дека со цел подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите е воведена ноќна автобуска линија во Општина Илинден во соработка со ЈСП Скопје. За прв пат се воведува еднократна парична помош од 5.000 ден. за секое новороденче во Општина Илинден.
Тој додаде дека се исчистени над 13,000 метри канали со цел заштита од поплави во сите населени места. Исчистени се и многу диви депонии на територија на општина Илинден во соработка со ЈКП Илинден и со општествено одговорни фирми.
Во рамки на проектот „Светла Општина Илинден” во соработка со јавното претпријатие Илинден сменети се над 300 парчиња ЛЕД светилки како и нови со поставување на нови столбови во сите населени места, рече Георгиевски.
Георгиевски изјави дека силно се вложува во образованието и училиштата преку низа активности кои ќе го подобрат секојдневието на учениците, како опремување на кабинетите со соодветен инвентар, уредување на школските дворови, замена на старата компјутерска инсталација со нова, донирани се нови електронски уреди-таблети за реализација на наставната програма по Новата концепција за четврто одделение.
Изготвена и доставена апликација до МОН за изградба на училишна спортска сала во населба Илинден. Изготвена е и проект за проширување на просторни капацитети на постоечката детска градинка Гоце Делчев во населба Илинден. Изготвена и доставена апликација до Јапонската амбасада во Република Македонија за промена на кровната конструкција на Основното општинско училиште Ристо Крле во Кадино, посочи Георгиевски.
Градоначалникот потенцираше дека е потпишан и меморадум помеѓу Општина Илинден и општествено одговорни компании од бизнис заедницата во Илинден за подобрување на образовниот процес, како една од најзначајните области за развој, подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во СОСУ Илинден.
Општина Илинден и нејзините жители заслушуваат многу повеќе од она што досега го добивале. Затоа Ви ветувам дека заедно со Вас и мојот тим ќе се вложиме максимално за реализација на нашата заедничка програма, која Вие ја верификувавте на последните локални избори.Ова нема да е лесна задача, но Ве уверувам дека со голема посветеност и многу работа истата ќе ја реализираме, кажа Георгиевски пред присутните.
https://youtu.be/XapsFo9YdFc
The post Георгиевски: Се гради ново основно училиште, се инвестира во фекална канализација, се чистата одводни канали и се инвестира во развој на општина Илинден appeared first on Република.
]]>Започнавме со капитален проект за изградба на фекална канализација во локалитет „Јака“ во вредност од речиси 20 милиони денари со кој се опфаќаат околу 300 домаќинства, Продолживме со реконструкцијата на главната улица 532 која ги поврзува населените места Марино и Кадино во должина од 2 километри, посочи Георгиевски.Тој кажа дека дека следува изградба на ново основно училиште во Илинден каде ќе се воведе и целодневна настава, а ќе има и сензорска соба за децата со попреченост. Георгиевски кажа дека со цел подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите е воведена ноќна автобуска линија во Општина Илинден во соработка со ЈСП Скопје. За прв пат се воведува еднократна парична помош од 5.000 ден. за секое новороденче во Општина Илинден. Тој додаде дека се исчистени над 13,000 метри канали со цел заштита од поплави во сите населени места. Исчистени се и многу диви депонии на територија на општина Илинден во соработка со ЈКП Илинден и со општествено одговорни фирми.
Во рамки на проектот „Светла Општина Илинден” во соработка со јавното претпријатие Илинден сменети се над 300 парчиња ЛЕД светилки како и нови со поставување на нови столбови во сите населени места, рече Георгиевски.Георгиевски изјави дека силно се вложува во образованието и училиштата преку низа активности кои ќе го подобрат секојдневието на учениците, како опремување на кабинетите со соодветен инвентар, уредување на школските дворови, замена на старата компјутерска инсталација со нова, донирани се нови електронски уреди-таблети за реализација на наставната програма по Новата концепција за четврто одделение.
Изготвена и доставена апликација до МОН за изградба на училишна спортска сала во населба Илинден. Изготвена е и проект за проширување на просторни капацитети на постоечката детска градинка Гоце Делчев во населба Илинден. Изготвена и доставена апликација до Јапонската амбасада во Република Македонија за промена на кровната конструкција на Основното општинско училиште Ристо Крле во Кадино, посочи Георгиевски.Градоначалникот потенцираше дека е потпишан и меморадум помеѓу Општина Илинден и општествено одговорни компании од бизнис заедницата во Илинден за подобрување на образовниот процес, како една од најзначајните области за развој, подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во СОСУ Илинден.
Општина Илинден и нејзините жители заслушуваат многу повеќе од она што досега го добивале. Затоа Ви ветувам дека заедно со Вас и мојот тим ќе се вложиме максимално за реализација на нашата заедничка програма, која Вие ја верификувавте на последните локални избори.Ова нема да е лесна задача, но Ве уверувам дека со голема посветеност и многу работа истата ќе ја реализираме, кажа Георгиевски пред присутните.https://youtu.be/XapsFo9YdFc
The post Георгиевски: Се гради ново основно училиште, се инвестира во фекална канализација, се чистата одводни канали и се инвестира во развој на општина Илинден appeared first on Република.
]]>Во населеното место Петровец на ул.22 по завршувањето на канализационата мрежа извршивме целосно асфалтирање на истата, во должина од 280 метри. На трите краци на ул.22 поставена е нова канализациона мрежа со вкупна должина од 280 метри и извршивме приклучување на домаќинствата на канализационата мрежа. Во населено место Петровец на крак од ул.1 е направено канализациона мрежа од 300 метри и истата ја поплочивме со бекатон плочки, а извршивме и темелна реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица, изјави градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски на денешниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Митевски додаде дека се исчистени 4 диви депонии во населените места во општината.
Извршивме чистење на четири диви депонии. Ја исчистивме дивата депонија на излезот од населеното место Петровец - на патот кон населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај црквата Св. Илија во населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај местото викано Кисела Вода и депонијата во населеното место Петровец кај православните гробишта. Извршивме расчистување и тампонирање на дворното место на амбулантата од здравствениот дом Скопје, со што обезбедивме паркинг простор за повеќе возила, рече тој.
Тој додаде дека е извршена реконструкција на детскиот забавен парк во Долно Коњари, а изготвена е и документација за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟.
Извршивме докомплетирање на помошните простории на спортската сала во Средно Коњари, како и уредување на дворното место пред спортската сала на ОУ „Братство единство‟ во Средно Коњари. Изработивме проект за нова општинска зграда .Изработивме проект за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟ во Петровец. Го реконструиравме детскиот забавен парк во Долно Коњари. Почитувани мои сограѓани сите овие реализирани проекти финансиските средства во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец, порача Митевски.
Митевски нагласи дека голем број на проекти ќе се реализираат и во следниот период во општина Петровец меѓу кои и нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино, доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари, изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци, како и Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа.
Нова општинска зграда од 800m². Нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино. Продолжуваме со изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци. Ќе извршиме доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари. Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа. Во населено место Ржаничино пред културниот дом ќе изградиме нов детски забавен парк. Во населено место Катланово ќе ја до изградиме и опремиме со инвентар просторијата за пензионери. Во училишниот двор на ООУ “Кочо Рацин” Петровец ќе изградиме нова детска градинка. Ќе асфалтираме и поплочиме со бекатон плочки локални улици во населените места, кажа градоначалникот Митевски.
https://youtu.be/XapsFo9YdFc
The post Митевски: Обезбеден е паркинг за амбулантата во Петровец, во изработен е проект за изградба на нова детска градинка appeared first on Република.
]]>Извршивме чистење на четири диви депонии. Ја исчистивме дивата депонија на излезот од населеното место Петровец - на патот кон населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај црквата Св. Илија во населеното место Огњанци. Исчистена е дивата депонија кај местото викано Кисела Вода и депонијата во населеното место Петровец кај православните гробишта. Извршивме расчистување и тампонирање на дворното место на амбулантата од здравствениот дом Скопје, со што обезбедивме паркинг простор за повеќе возила, рече тој.Тој додаде дека е извршена реконструкција на детскиот забавен парк во Долно Коњари, а изготвена е и документација за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟.
Извршивме докомплетирање на помошните простории на спортската сала во Средно Коњари, како и уредување на дворното место пред спортската сала на ОУ „Братство единство‟ во Средно Коњари. Изработивме проект за нова општинска зграда .Изработивме проект за нова детска градинка која треба да се изгради во училишниот двор во ООУ „Кочо Рацин‟ во Петровец. Го реконструиравме детскиот забавен парк во Долно Коњари. Почитувани мои сограѓани сите овие реализирани проекти финансиските средства во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец, порача Митевски.Митевски нагласи дека голем број на проекти ќе се реализираат и во следниот период во општина Петровец меѓу кои и нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино, доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари, изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци, како и Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа.
Нова општинска зграда од 800m². Нова пешачко-велосипедска патека од центарот на Петровец до центарот на Р′жаничино. Продолжуваме со изградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци. Ќе извршиме доизградба на спортската соблекувална на фудбалскиот клуб од Долно Коњари. Изградба на пешачка патека во населеното место Горно Коњари од центарот на населеното место до бензинската пумпа. Во населено место Ржаничино пред културниот дом ќе изградиме нов детски забавен парк. Во населено место Катланово ќе ја до изградиме и опремиме со инвентар просторијата за пензионери. Во училишниот двор на ООУ “Кочо Рацин” Петровец ќе изградиме нова детска градинка. Ќе асфалтираме и поплочиме со бекатон плочки локални улици во населените места, кажа градоначалникот Митевски.https://youtu.be/XapsFo9YdFc
The post Митевски: Обезбеден е паркинг за амбулантата во Петровец, во изработен е проект за изградба на нова детска градинка appeared first on Република.
]]>„Морам да кажам, а и да си признаеме дека, главната водилка овие први 100 дена беше, е и остана да не го разочараме народот. И не го разочаравме, и нема да го разочараме, и затоа седам овде пред вас, но и пред целата јавност и кажуваме дека во едни тешки околности постигнавме многу. А, најзначајната придобивка овие 100 дена е што конечно општините ги вративме на оние на кои им припаѓаат, а тоа е народот“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Мицкоски посочи дека денес и Тимчо од Аеродром, и Александар од Ѓорче, и Дарко од Бутел, Орце од Кисела Вода, и Боби од Гази Баба, и Александар од Илинден, Коста од Зелениково, а за Стевче од Сопиште и Борче Митевски од Петровец е потврдено и проверено дека тоа е така – и сето тоа може да се согледа и по улиците, маалата, парковите, со народот, работат за народот. Општините се со отворени врати за решавање на сите проблеми, за наоѓање на решенија, за поддршка и промена на тешката реалност.
„Тоа е нешто што е сосема различно со претходното време, сега повеќето нови и проверени кадри се тие кои прават силни чекори напред. Оваа нова генерација на политичари во политиката полека, но сигурно се вградува во она што треба да биде силен виор на промени кој мора да се пресликува и подоцна и во владата. И она на што сум особено задоволен е фактот што имаме први 100 дена без ниту една темна дамка, ниту една афера за било кој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. И така мора да се продолжи, чесно и посветено, незаборавајќи дека немаме опција со која би го разочарале дополнително и така разочараниот народ и дека мора да се вложи целата енергија за промените кои што носат иднина“, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека се работи според план кој го соддржи клучот – РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА.
„Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнати со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија. Голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој нивните градоначалници детално ќе говорат после моето обраќање. Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии.“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека е потребно и повеќе и подобро. И тука нема да се застане. Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации и ќе се борат за иднина.
„И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти“, порача Мицкоски.
The post Мицкоски: Покажавме разлика, сто дена без ниту една афера на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и започнати над 1.000 проекти appeared first on Република.
]]>„Морам да кажам, а и да си признаеме дека, главната водилка овие први 100 дена беше, е и остана да не го разочараме народот. И не го разочаравме, и нема да го разочараме, и затоа седам овде пред вас, но и пред целата јавност и кажуваме дека во едни тешки околности постигнавме многу. А, најзначајната придобивка овие 100 дена е што конечно општините ги вративме на оние на кои им припаѓаат, а тоа е народот“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.Мицкоски посочи дека денес и Тимчо од Аеродром, и Александар од Ѓорче, и Дарко од Бутел, Орце од Кисела Вода, и Боби од Гази Баба, и Александар од Илинден, Коста од Зелениково, а за Стевче од Сопиште и Борче Митевски од Петровец е потврдено и проверено дека тоа е така – и сето тоа може да се согледа и по улиците, маалата, парковите, со народот, работат за народот. Општините се со отворени врати за решавање на сите проблеми, за наоѓање на решенија, за поддршка и промена на тешката реалност.
„Тоа е нешто што е сосема различно со претходното време, сега повеќето нови и проверени кадри се тие кои прават силни чекори напред. Оваа нова генерација на политичари во политиката полека, но сигурно се вградува во она што треба да биде силен виор на промени кој мора да се пресликува и подоцна и во владата. И она на што сум особено задоволен е фактот што имаме први 100 дена без ниту една темна дамка, ниту една афера за било кој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. И така мора да се продолжи, чесно и посветено, незаборавајќи дека немаме опција со која би го разочарале дополнително и така разочараниот народ и дека мора да се вложи целата енергија за промените кои што носат иднина“, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека се работи според план кој го соддржи клучот – РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. „Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнати со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија. Голем дел од овие проекти се реализирани токму и во општините кои денес даваат отчет, а за кој нивните градоначалници детално ќе говорат после моето обраќање. Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии.“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека е потребно и повеќе и подобро. И тука нема да се застане. Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации и ќе се борат за иднина.
„И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти“, порача Мицкоски.
The post Мицкоски: Покажавме разлика, сто дена без ниту една афера на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и започнати над 1.000 проекти appeared first on Република.
]]>
The post Отчет на скопските градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>The post Отчет на скопските градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.
]]>Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт - истакна градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Ристов додаде при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар.
Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени.
Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница - изјави Ристов.
Тој посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.
Веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, почнавме со изградба на новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, како и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците.
Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат:
- Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“;
- Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата;
- Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место;
- Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9;
- Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9;
- Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово;
- Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш;
- Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица;
- Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“;
- Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија - нагласи Ристов.
Тој појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш.
Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на моста на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево.
Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.
- Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години;
- Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти
- И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина - нагласи Ристов меѓу другото.
Ристов додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугата и кон останатите објекти и станбени згради.
https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU
The post Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана за акумулирање вода за наводнување и сточарство во с. Злеово appeared first on Република.
]]>Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области, а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш. Но, за жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт - истакна градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.Ристов додаде при своето стапување на функцијата градоначалник затекнал сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар.
Благодарение на сериозниот и практичен пристап, се успеа да се набави потребна количина на наставни помагала и опрема од средства кои доколку не реагирал ќе беа повлечени како неискористени. Веднаш започнавме со нова иницијатива за нова законска концесиска надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет, а која итекако ја заслужуваат граѓаните на општина Радовиш. Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница - изјави Ристов.Тој посочи дека покренал иницијатива преку Министерството за труд и социјална политика за трајно решевање на статутот на вработените во детските градинки согласно закон, а со цел намалување на обврските на општинскиот буџет и превземање на истите од страна на централната власт.
Веднаш по преземањето на одговорноста прв човек на општина Радовиш, почнавме со изградба на новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, како и изградба на нов градски пазар со што ќе го решат проблемот на граѓаните, особено на земјоделците. Ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во првите 100 дена од мојот мандат: - Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“; - Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата; - Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место; - Изградба на водовод и канализација на ул. кејска и ул 3 во УБ 9; - Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9; - Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово; - Исчистено речното корито на река Ступница во Подареш; - Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица; - Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Кирил и Методиј“; - Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија - нагласи Ристов.Тој појасни дека исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш.
Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија, изградба на улица Кејска и ул бр. 3 во урбан блок 9.2, изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9, изградба на моста на река Марлада, избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево. Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град. - Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад, ново после 30 години; - Воведуваме субвенции за користење на велосипед и изградба на мали фотоволтаични проекти - И она што е најважно, склучивме договор во износ од скоро милион евра за реализација на проектот зелена топлина - нагласи Ристов меѓу другото.Ристов додаде дека за прв пат во Македонија воведуваат централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш, со можност за проширување на услугата и кон останатите објекти и станбени згради. https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU
The post Ристов: За 100 дена во Радовиш се изгради мини брана за акумулирање вода за наводнување и сточарство во с. Злеово appeared first on Република.
]]>Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше во Гевгелија, каде што во општинскиот комитет, градоначалниците од Гевгелија, Радовиш, Конче, Босилово, Василево и Ново Село јавно даваа отчет пред граѓаните за сработеното во првите 100 дена од нивните градоначалнички мандати.
Во таа пригода Мицкоски им порача на градоначланиците дека очекува од нив во добро светло да ги престават сите оние зафати кои што ги направија изминатиов период, односно во првите 100 дена по завршување на локалните избори.
Ние продолжуваме со отчетот за сработеното во општините, градовите и местата кои се управувани и менаџирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина ми преставува чест и голема обврска да се излезе пред граѓаните со чист образ и со полн список на проекти кои започнаа да се реализираат, затоа што нашата работа се гледа, а тоа се промените кои започнаа да се случуваат низ селата и градовите низ цела Македонија.
По 100 дена работа и после секој отчет кој го направивме за жал се уште нема ниту еден отчет од власта на СДСМ и ДУИ, во ниту една општина каде оваа дружина е на власт. И тоа е поради две причини, прво, не се навикнати на отчет пред граѓаните, и второ и тоа што е уште поболно а тоа е немаат ништо сработено. Токму затоа се и нападите на централната власт кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалници, затоа што така сакаат да одвлечат внимание од нивната неработа и сакаат да ги демотивираат градоначалниците преку силните опструкции кои ги прават од централно кон локално ниво. Но, ние не само што работиме на локално ниво, туку ќе направиме се за да ја промениме оваа реалност од владата односно да ја промениме оваа дружина на СДСМ и ДУИ во Владата. Затоа што се некадарни, и затоа што народот буквално едногласно бара промени - порача Мицкоски.
Тој истакна дека тие промени веќе се почнати, а доказ за тоа се повеќе од 1.000 проекти кои почнаа да се реализираат, како и многу повеќе кои допрва ќе почнат да се реализираат.
Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, и знаење. А, вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но се чувствува дека носиме ПРОМЕНИ ШТО ЈА МЕНУВААТ СЕГАШНОСТА, ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА и промени за кои заедно се бориме.
Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го содржи клучот - РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА.
Од овие од повеќе 1.000 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија.
Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта, тие улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. И расчистени се повеќе од 200 депонии.
Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека потребно е повеќе и потребно е подобро. Но, ние тука немаме намера да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Бевме заедно кога имаше и поплави, и кога имаше пожари, и кога тутунот не се откупуваше и кога власта затвораше врати за народот. Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се боревме за иднина.
Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И ПРОМЕНИ КОИ ШТО МОРА ДА БИДАТ ПОШИРОКИ!
И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која вие ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме.
ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти.
И ДА ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ, ќе се избориме за многу нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА за секој човек! - порача Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се борат за секоја општина, а така мора да се борат и за Македонија, за да ги надминат предизвиците, да станеме посилни како земја и многу поодговорни за нашата заедничка иднина.
Мицкоски се осврна и на бројните неодговорни изјави на претставници од власта впо однос на случувањата во Украина, со кои го делат народот на тие коишто се Украина и тие коишто се Русија.
Дозволете да кажам збор два и за ова би рекол изминативе денови неодговорно однесување на Пендаровски и неговата СДСМ кои јавно на отворена сцена бројат кој бил за Русија, а кој бил за Украина, па згора на тоа овој првиот кажа и дека огромно мнозинство на македонскиот народ бил според него проруски. И ваквата делба на Украина - Русија која ја му ја прават на народот е само кога станува збор за теснополитичките и теснопартиските интереси, но и не кога ќе треба да стане збор за тендери или набавки од фирми кои се наоѓаат на црниот список на нашите сојузници. Тука нема проблем и Русија ја признаваат само криминалот и пљачката да си тече.
Ваквата поделба на народот значи внесување на дополнителен раздор и на така поделеното ткиво во општеството, каде впрочем најдоа уште една тема да го разделат Македонецот и сето ова од истите тие кои треба да демонстрираат безпоговорно обединување. Но и што да очекуваме од луѓето кои не се надминаа себеси да се обединиме околу постигнување на консензус за прашањето со Бугарија, а не пак за Украина каде на креирањето на поделби гледаат како на редовна операција со која се гордеат.
Ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, а тој значи поддршка за мирот во Украина и на територијалниот интегритет на оваа независна и суверена држава.
Но, и на Ковачевски, и на Пендаровски, како и на оние кои се платени позади тастатурата да делат би им порачал дека народот не ни е проруски, ниту проукраински, нашиот народ е промакедонски, затоа што ние, а и тие кои го делат народот треба да работат исклучиво и само за еден интерес, а тоа емакедонскиот интерес.
И ако не си го знаат својот народ еве добро ќе им го објаснам супстратот на македонскиот интерес кој пред се е љубовта кон слободата, жедта за правдини, кој низ пркосен виор на жестоки борби, востанија, откажувања и жртви создаде своја држава Македонија. А сонот за Македонија е држава на напредни граѓани каде се споделуваат цивилизациските вредности темелени на принципите и вредностите, на стандардите и правилата на Европската Унија, и почита на меѓународното право.
Затоа, сакам овде од Гевгелија да рпедупредам на еден инженеринг кој денеска се почесто е присутен во јавноста, кој што оваа власт на заминување предводена од дружината СДСМ и ДУИ сака да го спроеведе.
Прво, за нешто што се случува неколку илјади километри далеку од Македонија сакаат да го поделат народот, да не мисли народот на сиромаштијата која тоне, да не мисли за поскапите горива, да не мисли за поскапата струја, да не мисли за поскапиот леб, земјоделецот да не мисли на родот кој остана ненабран и непродаден, да не мисли за катастрофата во здравството, хаосот во образованието, туку да мисли некаде таму далеку нешто што се случува. Наместо да бидеме фокусирани на тоа што е наш проблем и тоа што треба да биде наша домашна грижа, да се грижиме за Македонецот, да се грижиме за граѓанинот на Македонија, тие прават одвлекување на вниеманието и дефокус на теми коишто ниту еден од вас не ги засега. Тоа е инженерингот кој го започна Пендаровски делејќи го анродот на проукраински и проруски.
Господа од власта, се додека Ковачевски и Заев, Пендаровски, Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи пишуваат статуси со поддршка на едната страна, овој народ е револтиран од вас бидејќи немате никаков авторитет кај овој народ и ќе биде против вас. Се што ќе кажете народот ќе биде против вас, затоа што сте нелигитимни и ве води нелегитимиен премиер кој е поставен таму само за да ги продолжи политките на заевизмот кои беа жестоко поразени на последните локални избори и во првиот круг и во вториот круг во нашата Македонија. Затоа колку повеќе вие го делите народот, толку тој посилно се обединува, а својот последен збор ќе ви го каже на предвремените парламентарни избори, а после тоа одговорност и за поделбите и за криминалот и за корупцијата и за сета неправда која ја донесовте во Македонија.
Кога се делеше Македонија, после Сан стефанскиот договор, кога се делеше Македонија после Букурешкиот договор, на Јалта никој не водеше сметка за интересите на македонскиот народ, ниту пак за интересите за македонската држава. Сите тие си ги гледаа своите интереси, интересите на своите народи, на своите држави, а македонскиот народ и неговиот интерес беа на дното на нивните приоритетит. Денеска македонскиот народ е посвесен од било кога и пообединет од било кога и си го гледа својот македонски, промакедонски, слободарски интерес и интересот на Македонија како суверена независна држава. Нема веќе поделби и не прифачаме било какви поделби.
А промакедонските ставови се затоа што ова е наша земја и пред се ние имаме право да одлучуваме за нашата иднина. И знам дека и СДСМ, и Ковачевски, и Пендаровски сакаат делби, сакаат да го прикажат Македонецот за слаб, да ја разнишаат самодовербата со што ќе го карактеризираат за русофилски или било како друго, за да може полесно да им поминуваат штетните политики, но ова сега драги пријатели е друго време, народот е свесен за тоа што е, што имаме и што треба да смениме.
И да не се претеруваат во улогата која себе си ја препишува водството на Македонија. Да престанат да летаат и живеат со филмовите дека Славјанка ќе освојувала на истокот, да бидеме приземни, на чело на државата се луѓе кои не знаат да водат куќен совет, а не пак држава. Толку е нивниот капацитет. Толку е нивниот поглед кон светот.
И да престанат со демагогија и лекциите за демократија затоа што најдобро практикуваат автократија. Ако не им е јасно нека се сетат на еден спикер во Собранието кој се однесува како да Законодавниот дом му е гостилница од Форино. Негова самопрогласена автократска автономија. Па кога сака да си крши процедури, закажува седници, узурпира процедури, именува и разрешува членови на комисии. Сме гледале многумина кои мислеле дека светот се врти околу нив, ама тие лошо завршувале, без образ и со вечен срам. И овој автократот од Форино треба да знае дека не е над законите, а Собранието му припаѓа на народот. Можеби негова е гостилницата, ама на народот е Собранието. И не може кога ќе му текне преку грубо фалсификување и кршење на процедурите да дозволува разрешување и именување на членови на комисијата за мандатно имунитетни прашања за да полесно може без компромис, еднострано да го спроведи пусулчето дадено од Заев за нови судии во Уставниот суд и десетина други партијашки решенија. И не дека не може да направи ново кршење на процедурите ама треба да знае и тој, и оној ученикот на Зае, слепиот следбеник на политиките на заевизмот, Ковачевски, дека од народ не се посилни. И не е прашање дали туку кога на народот ќе му прекипе, а ќе чукне и тој час многу скоро денес.
Затоа што вистинската тема што го мачи овој народ е што живее во сиромаштија и константно дополнително осиромашување. Што за две години струјата се покачи за повеќе од 30%. Што бензините секоја недела уриваат нови рекорди и за две години се покачија повеќе од 70 проценти. Ги гледа ли владата оние исплашени луѓе кои купуваат зејтин, брашно, квасец и празнат рафтови затоа што тие можеби од денес или утре ќе се покачат за нови 10 проценти. Тоа значи дека народот живее во сиромаштија, а владата не прави ништо. Сериозна е и состојбата со стоковите резерви, никој не знае дали тие кои што ја содржат количина во нив е доволна, а ако е така зошто владата не ослободи дел од тие количини за да го заштити народот од ценовните удари? Кој е планот во однос на стагфлацијата која покажува дека Македонија е се посиромашна држава. Народот бара промени и тие промени ќе се случат.
И предупредувам власта во иднина да не пушта измислени големи националистички теми кои треба да го одвлечат вниманието од реалниот живот.
ВМРО-ДПМНЕ нема да паѓа во стапиците на големите измислени теми кои се параван за да продолжат криминалот и пљачката на народот. Новиот патриотизам подразбира да се обединиме сите заедно и леви и десни, христијани, муслимани и атеисти во идејата за една заедничка иднина.
Време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговориме на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во името на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред.
И затоа велам дека не смееме да губиме време, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина.
Да сте ми живи и здрави! Да ни е вечна и вековита нашата Македонија! - порача Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU
The post Мицкоски: Покажавме дека умееме и можеме, за 100 дена се реализирани 1090 проекти и покрај сите опструкции од централната власт врз градоначалниците appeared first on Република.
]]>Ние продолжуваме со отчетот за сработеното во општините, градовите и местата кои се управувани и менаџирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина ми преставува чест и голема обврска да се излезе пред граѓаните со чист образ и со полн список на проекти кои започнаа да се реализираат, затоа што нашата работа се гледа, а тоа се промените кои започнаа да се случуваат низ селата и градовите низ цела Македонија. По 100 дена работа и после секој отчет кој го направивме за жал се уште нема ниту еден отчет од власта на СДСМ и ДУИ, во ниту една општина каде оваа дружина е на власт. И тоа е поради две причини, прво, не се навикнати на отчет пред граѓаните, и второ и тоа што е уште поболно а тоа е немаат ништо сработено. Токму затоа се и нападите на централната власт кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалници, затоа што така сакаат да одвлечат внимание од нивната неработа и сакаат да ги демотивираат градоначалниците преку силните опструкции кои ги прават од централно кон локално ниво. Но, ние не само што работиме на локално ниво, туку ќе направиме се за да ја промениме оваа реалност од владата односно да ја промениме оваа дружина на СДСМ и ДУИ во Владата. Затоа што се некадарни, и затоа што народот буквално едногласно бара промени - порача Мицкоски.Тој истакна дека тие промени веќе се почнати, а доказ за тоа се повеќе од 1.000 проекти кои почнаа да се реализираат, како и многу повеќе кои допрва ќе почнат да се реализираат.
Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, и знаење. А, вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но се чувствува дека носиме ПРОМЕНИ ШТО ЈА МЕНУВААТ СЕГАШНОСТА, ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА и промени за кои заедно се бориме. Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го содржи клучот - РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. Од овие од повеќе 1.000 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија. Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта, тие улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. И расчистени се повеќе од 200 депонии. Секој си го поставува прашањето дали сето ова е доволно? Секако дека потребно е повеќе и потребно е подобро. Но, ние тука немаме намера да застанеме. И ние НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ! Бевме заедно кога имаше и поплави, и кога имаше пожари, и кога тутунот не се откупуваше и кога власта затвораше врати за народот. Ние заедно со народот, со луѓето на Македонија од сите вери и нации се боревме за иднина. Затоа продолжуваме да работиме за ПРОМЕНИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОДЛАБОКИ И ПРОМЕНИ КОИ ШТО МОРА ДА БИДАТ ПОШИРОКИ! И ова е почетокот за нашата заедничка визија за иднината за која се бориме и иднината која вие ја заслужувате, за градоначалници кои се вашиот глас во институциите и државата, за политичари кои се вашата сила во општеството кое мораме да го менуваме. ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА. Заедно во нови успеси и проекти. И ДА ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ, ќе се избориме за многу нови победи. Надежта е родена и таа ќе победи. Затоа што наша задача и наша обврска се ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА за секој човек! - порача МицкоскиЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се борат за секоја општина, а така мора да се борат и за Македонија, за да ги надминат предизвиците, да станеме посилни како земја и многу поодговорни за нашата заедничка иднина. Мицкоски се осврна и на бројните неодговорни изјави на претставници од власта впо однос на случувањата во Украина, со кои го делат народот на тие коишто се Украина и тие коишто се Русија.
Дозволете да кажам збор два и за ова би рекол изминативе денови неодговорно однесување на Пендаровски и неговата СДСМ кои јавно на отворена сцена бројат кој бил за Русија, а кој бил за Украина, па згора на тоа овој првиот кажа и дека огромно мнозинство на македонскиот народ бил според него проруски. И ваквата делба на Украина - Русија која ја му ја прават на народот е само кога станува збор за теснополитичките и теснопартиските интереси, но и не кога ќе треба да стане збор за тендери или набавки од фирми кои се наоѓаат на црниот список на нашите сојузници. Тука нема проблем и Русија ја признаваат само криминалот и пљачката да си тече. Ваквата поделба на народот значи внесување на дополнителен раздор и на така поделеното ткиво во општеството, каде впрочем најдоа уште една тема да го разделат Македонецот и сето ова од истите тие кои треба да демонстрираат безпоговорно обединување. Но и што да очекуваме од луѓето кои не се надминаа себеси да се обединиме околу постигнување на консензус за прашањето со Бугарија, а не пак за Украина каде на креирањето на поделби гледаат како на редовна операција со која се гордеат. Ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, а тој значи поддршка за мирот во Украина и на територијалниот интегритет на оваа независна и суверена држава. Но, и на Ковачевски, и на Пендаровски, како и на оние кои се платени позади тастатурата да делат би им порачал дека народот не ни е проруски, ниту проукраински, нашиот народ е промакедонски, затоа што ние, а и тие кои го делат народот треба да работат исклучиво и само за еден интерес, а тоа емакедонскиот интерес. И ако не си го знаат својот народ еве добро ќе им го објаснам супстратот на македонскиот интерес кој пред се е љубовта кон слободата, жедта за правдини, кој низ пркосен виор на жестоки борби, востанија, откажувања и жртви создаде своја држава Македонија. А сонот за Македонија е држава на напредни граѓани каде се споделуваат цивилизациските вредности темелени на принципите и вредностите, на стандардите и правилата на Европската Унија, и почита на меѓународното право. Затоа, сакам овде од Гевгелија да рпедупредам на еден инженеринг кој денеска се почесто е присутен во јавноста, кој што оваа власт на заминување предводена од дружината СДСМ и ДУИ сака да го спроеведе. Прво, за нешто што се случува неколку илјади километри далеку од Македонија сакаат да го поделат народот, да не мисли народот на сиромаштијата која тоне, да не мисли за поскапите горива, да не мисли за поскапата струја, да не мисли за поскапиот леб, земјоделецот да не мисли на родот кој остана ненабран и непродаден, да не мисли за катастрофата во здравството, хаосот во образованието, туку да мисли некаде таму далеку нешто што се случува. Наместо да бидеме фокусирани на тоа што е наш проблем и тоа што треба да биде наша домашна грижа, да се грижиме за Македонецот, да се грижиме за граѓанинот на Македонија, тие прават одвлекување на вниеманието и дефокус на теми коишто ниту еден од вас не ги засега. Тоа е инженерингот кој го започна Пендаровски делејќи го анродот на проукраински и проруски. Господа од власта, се додека Ковачевски и Заев, Пендаровски, Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи пишуваат статуси со поддршка на едната страна, овој народ е револтиран од вас бидејќи немате никаков авторитет кај овој народ и ќе биде против вас. Се што ќе кажете народот ќе биде против вас, затоа што сте нелигитимни и ве води нелегитимиен премиер кој е поставен таму само за да ги продолжи политките на заевизмот кои беа жестоко поразени на последните локални избори и во првиот круг и во вториот круг во нашата Македонија. Затоа колку повеќе вие го делите народот, толку тој посилно се обединува, а својот последен збор ќе ви го каже на предвремените парламентарни избори, а после тоа одговорност и за поделбите и за криминалот и за корупцијата и за сета неправда која ја донесовте во Македонија. Кога се делеше Македонија, после Сан стефанскиот договор, кога се делеше Македонија после Букурешкиот договор, на Јалта никој не водеше сметка за интересите на македонскиот народ, ниту пак за интересите за македонската држава. Сите тие си ги гледаа своите интереси, интересите на своите народи, на своите држави, а македонскиот народ и неговиот интерес беа на дното на нивните приоритетит. Денеска македонскиот народ е посвесен од било кога и пообединет од било кога и си го гледа својот македонски, промакедонски, слободарски интерес и интересот на Македонија како суверена независна држава. Нема веќе поделби и не прифачаме било какви поделби. А промакедонските ставови се затоа што ова е наша земја и пред се ние имаме право да одлучуваме за нашата иднина. И знам дека и СДСМ, и Ковачевски, и Пендаровски сакаат делби, сакаат да го прикажат Македонецот за слаб, да ја разнишаат самодовербата со што ќе го карактеризираат за русофилски или било како друго, за да може полесно да им поминуваат штетните политики, но ова сега драги пријатели е друго време, народот е свесен за тоа што е, што имаме и што треба да смениме. И да не се претеруваат во улогата која себе си ја препишува водството на Македонија. Да престанат да летаат и живеат со филмовите дека Славјанка ќе освојувала на истокот, да бидеме приземни, на чело на државата се луѓе кои не знаат да водат куќен совет, а не пак држава. Толку е нивниот капацитет. Толку е нивниот поглед кон светот. И да престанат со демагогија и лекциите за демократија затоа што најдобро практикуваат автократија. Ако не им е јасно нека се сетат на еден спикер во Собранието кој се однесува како да Законодавниот дом му е гостилница од Форино. Негова самопрогласена автократска автономија. Па кога сака да си крши процедури, закажува седници, узурпира процедури, именува и разрешува членови на комисии. Сме гледале многумина кои мислеле дека светот се врти околу нив, ама тие лошо завршувале, без образ и со вечен срам. И овој автократот од Форино треба да знае дека не е над законите, а Собранието му припаѓа на народот. Можеби негова е гостилницата, ама на народот е Собранието. И не може кога ќе му текне преку грубо фалсификување и кршење на процедурите да дозволува разрешување и именување на членови на комисијата за мандатно имунитетни прашања за да полесно може без компромис, еднострано да го спроведи пусулчето дадено од Заев за нови судии во Уставниот суд и десетина други партијашки решенија. И не дека не може да направи ново кршење на процедурите ама треба да знае и тој, и оној ученикот на Зае, слепиот следбеник на политиките на заевизмот, Ковачевски, дека од народ не се посилни. И не е прашање дали туку кога на народот ќе му прекипе, а ќе чукне и тој час многу скоро денес. Затоа што вистинската тема што го мачи овој народ е што живее во сиромаштија и константно дополнително осиромашување. Што за две години струјата се покачи за повеќе од 30%. Што бензините секоја недела уриваат нови рекорди и за две години се покачија повеќе од 70 проценти. Ги гледа ли владата оние исплашени луѓе кои купуваат зејтин, брашно, квасец и празнат рафтови затоа што тие можеби од денес или утре ќе се покачат за нови 10 проценти. Тоа значи дека народот живее во сиромаштија, а владата не прави ништо. Сериозна е и состојбата со стоковите резерви, никој не знае дали тие кои што ја содржат количина во нив е доволна, а ако е така зошто владата не ослободи дел од тие количини за да го заштити народот од ценовните удари? Кој е планот во однос на стагфлацијата која покажува дека Македонија е се посиромашна држава. Народот бара промени и тие промени ќе се случат. И предупредувам власта во иднина да не пушта измислени големи националистички теми кои треба да го одвлечат вниманието од реалниот живот. ВМРО-ДПМНЕ нема да паѓа во стапиците на големите измислени теми кои се параван за да продолжат криминалот и пљачката на народот. Новиот патриотизам подразбира да се обединиме сите заедно и леви и десни, христијани, муслимани и атеисти во идејата за една заедничка иднина. Време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговориме на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во името на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред. И затоа велам дека не смееме да губиме време, туку заеднички и сложно да градиме иднина. Да создаваме промени што носат иднина. Да сте ми живи и здрави! Да ни е вечна и вековита нашата Македонија! - порача Мицкоски.https://www.youtube.com/watch?v=i99hT0vtaQU
The post Мицкоски: Покажавме дека умееме и можеме, за 100 дена се реализирани 1090 проекти и покрај сите опструкции од централната власт врз градоначалниците appeared first on Република.
]]>