Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Вели, задоволен е од досега сработеното, а со уште посилно темпо за промените што носат иднина!

Уште во првата година се успеа:
➡️ Асфалтирани локални улици со површина од 22000 м2;
➡️ Изградени над 2500 метри атмосферска и фекална канализација;
➡️ Во завршна фаза е решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во с.Кучково;
➡️ Четирикратно се зголеми реализацијата на решавање на предметите за легализација;
➡️ Исчистена најголемата дива депонија во Ново Село;
➡️ Се намалија вкупните обврски на општината за 24 милиони денари и непродуктивните трошоци за 75%;
➡️ Ново комунално возило за зимско одржување;
➡️ Се замени азбестниот кров на училишната сала во ООУ “Страшо Пинџур”;
➡️ Започна изградбата на мега паркот “Даме Груев”, на површина од 31000 м2 – прв мега парк во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.