општина Охрид Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-ohrid/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 12:40:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина Охрид Archives - Република https://republika.mk/tema/opshtina-ohrid/ 32 32 Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raskazot-nie-ja-imame-sudbinata-na-jozefa-k-najdobar-na-godinashniot-konkurs-zhivko-chingo/ Tue, 08 Aug 2023 12:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=670008

Oпштина Охрид објави дека е избран најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет“, стои во соопштението на Општина Охрид.

На Конкурсот пристигнале 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“.

Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за  култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата има и парична вредност од 30.000 денари и на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.

The post Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Oпштина Охрид објави дека е избран најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.
Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет“, стои во соопштението на Општина Охрид.
На Конкурсот пристигнале 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за  култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата има и парична вредност од 30.000 денари и на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.

The post Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/ Thu, 09 Mar 2023 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=617680

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин. Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.
За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.
https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ „Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков. Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења. Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>
Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-ohrid-ke-subventsionira-smetki-za-komunalni-uslugi-na-graganite-od-ranlivite-kategorii/ Thu, 02 Feb 2023 13:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=603886

Општина Охрид со средства од буџетот ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги на граѓаните изложени на социјални ризици.

Како што се посочува во денеска објавениот Јавен повик, предвидено е субвенционирање на трошоците за комунални услуги за тековната година за што преку Програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,5 милиони денари.

Вкупниот износ по субвенција ќе изнесува 703 денари месечно за секој корисник, средства за покривање на трошоците за потрошена вода до 320 денари, за спроведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари, како и 83 денари за покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина.

Субвенционирање од средствата на буџетот на Општина Охрид ќе можат да користат лицата кои имаат статус на корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош, невработено лице подолго од 12 месеци. За лицата коис е во брак услов е и неговиот брачен другар да е невработен, како и лица кои имаат најмалку 70-постотен инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70 отсто има тешка болест и истото исклучиво е утврдено од надлежен орган или комисија.

Мерката за субвенционирање не се однесува на инвалидизираните лица кои се во работен однос.

 

The post Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид со средства од буџетот ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги на граѓаните изложени на социјални ризици. Како што се посочува во денеска објавениот Јавен повик, предвидено е субвенционирање на трошоците за комунални услуги за тековната година за што преку Програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,5 милиони денари. Вкупниот износ по субвенција ќе изнесува 703 денари месечно за секој корисник, средства за покривање на трошоците за потрошена вода до 320 денари, за спроведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари, како и 83 денари за покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина. Субвенционирање од средствата на буџетот на Општина Охрид ќе можат да користат лицата кои имаат статус на корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош, невработено лице подолго од 12 месеци. За лицата коис е во брак услов е и неговиот брачен другар да е невработен, како и лица кои имаат најмалку 70-постотен инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70 отсто има тешка болест и истото исклучиво е утврдено од надлежен орган или комисија. Мерката за субвенционирање не се однесува на инвалидизираните лица кои се во работен однос.  

The post Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории appeared first on Република.

]]>
Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-nagradata-zivko-chingo/ Wed, 06 Jul 2022 11:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=524773

Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ.

Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава.

Заинтересираните своите трудови треба да ги достават најдоцна до 29 јули годинава, во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, стои во информацијата на Општина Охрид.

Жири – комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 5 август оваа година. Нарадата изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

The post Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ. Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава.
Заинтересираните своите трудови треба да ги достават најдоцна до 29 јули годинава, во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, стои во информацијата на Општина Охрид.
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 5 август оваа година. Нарадата изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

The post Распишан конкурсот за наградата „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
„Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски https://republika.mk/vesti/kultura/kniga-za-svetite-brakja-kiril-i-metodij-od-dimitar-pandev-i-slave-gjorgjo-dimoski/ Tue, 24 May 2022 08:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=505842

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност.

Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност. Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>
Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни https://republika.mk/zivot/patuvanja/opshtina-ohrid-i-klubot-mountain-madness-po-tret-pat-organiziraat-iskachuvanje-na-magaro-na-19-juni/ Mon, 04 Apr 2022 08:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=483156

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness, поддржан од Општина Охрид по трет пат организира планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Авантурата започнува во сабота на 18 јуни(сабота) со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. После завршувањето ке се организира забава на една од охридските плажи.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.

За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност.
За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко, велат организаторите.

The post Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни appeared first on Република.

]]>

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness, поддржан од Општина Охрид по трет пат организира планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Авантурата започнува во сабота на 18 јуни(сабота) со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. После завршувањето ке се организира забава на една од охридските плажи. Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.
За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност. За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко, велат организаторите.

The post Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни appeared first on Република.

]]>