Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност.

Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.