обука Archives - Република https://republika.mk/tema/obuka/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 18:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обука Archives - Република https://republika.mk/tema/obuka/ 32 32 Клековски: Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци https://republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-so-odgovorno-i-domakinsko-rabotene-do-poveke-zdravstveni-uslugi-doma-za-znachajno-pomali-troshotsi/ Mon, 02 Sep 2024 18:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=812462

Обука во ТОАРИЛУЦ за комплексни операции, пишува на својот фејсбук профил Сашо Клековски.

Центарот за спинална хирургија, при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ја обнови обуката за лекари и среден персонал. Во рамките на таа обука пет врвни светски хирурзи и професори ќе доаѓаат и заедно со македонските доктори ќе вршат комплексни операции на болести на рбетниот столб. Тоа е подржано од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Деновиве Проф. Д-р Уфук Ајдинли, трауматолог/ортопед од Бурса, Турција и Д-р Бобан Јоксимовиќ, неурофизиолог од Белград, Србија, заедно со македонскиот тим ќе извршат пет операции на рбетен столб. Имав можност и лично да им посакам добредојде, заедно со Д-р Игор Мерџаноски, Проф. Д-р Марија Срцева и Игор Николов. Според Д-р Уфук Ајдинли, со 2-3 години континуирана обука во Скопје би можело да се оперираат најголем дел од комплексните операции, со многу ретки исклучоци.

Обуката има двојна вредност, прво се врши едукација на македонски лекари кои во иднина треба самостојно да вршат комплексни операции, второ веднаш се заштедуваат значајни средства бидејќи овие пациенти би биле упатени на лекување во странство. Овие пет операции во странство би чинеле вкупно околу 250.000 евра, а сега ќе се извршат дома во Македонија за мал дел од тој износ. Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци.

The post Клековски: Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци appeared first on Република.

]]>

Европски сертифицирана обука за дигитализација во Кинотека https://republika.mk/scena/film/evropski-sertifitsirana-obuka-za-digitalizatsija-vo-kinoteka/ Mon, 19 Feb 2024 16:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=745793

НУ Кинотека на Македонија во соработка со Р. Бугарија ( SCAS и Народна библиотека „П. Р. Славејков“ ) , Германија (Zeutschel) и Холандија (ERfgoedcentrum De Domijnen) како дел од проектот Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови „МобиРеел“ во рамките на ЕРАСМУС+ програмата известува дека платформата Mobireel.eu е веќе достапна за сите граѓани.

Со оглед на тоа што првата проектна година заврши, со задоволство можеме да објавиме дека веб- платформата за проектот MobiReel е подготвена да се користи во сите пет јазични верзии: македонски, англиски, германски, холандски и бугарски јазик. Платформата нуди обука за дигитализација на таканаречените домашни филмови, снимени на ВХС, СВХС, 8мм, 9,5мм, 16мм итн.

Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката, а со успешно завршување на обуката се добива европски акредитиран сертификат, соопштуваат од Кинотека.

Активен е и YouTube каналот на проектот и сите можете да ги видите кратките видеа снимени од партнерските земји, направени за потребите на проектот: пет видеа за различните единици/модули што ги произведоа проектните партнери. Видеата се кратки објаснувања за темите на модулот. На каналот исто така можат да се видат и неколку кратки веќе дигитализирани филмови.

Како дел од проектот во моментот се работи и на снимање и на ново видео, а се подготвува и прирачник кој ќе биде достапен и онлајн.

Линк до платформата: hWps://mobireel.eu/

Линк до Youtube каналот: hWps://www.youtube.com/@MobiReel

The post Европски сертифицирана обука за дигитализација во Кинотека appeared first on Република.

Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 https://republika.mk/vesti/svet/zapadot-ne-mozhe-da-se-dogovori-za-obuka-na-ukrainski-piloti-na-f-16/ Wed, 26 Jul 2023 17:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=665606

Планот за обука на украински пилоти да управуваат со западните борбени авиони Ф-16 допрва треба да биде договорен, и покрај најавите на САД дека обуките би можеле да почнат во наредните недели.

Како што пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори, идејата за испраќање украински војници и пилоти во воената воздухопловна база во Аризона не добила голема поддршка.

Според соговорниците на весникот, самите авиони ќе пристигнат во Украина не порано од идната пролет.

Веројатно ќе научиме некои пилоти да летаат до крајот на годината, но тешко дека вистински Ф-16 во украински бои ќе се појави пред пролетта, вели изворот на „Политико“.

The post Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Планот за обука на украински пилоти да управуваат со западните борбени авиони Ф-16 допрва треба да биде договорен, и покрај најавите на САД дека обуките би можеле да почнат во наредните недели. Како што пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори, идејата за испраќање украински војници и пилоти во воената воздухопловна база во Аризона не добила голема поддршка. Според соговорниците на весникот, самите авиони ќе пристигнат во Украина не порано од идната пролет.
Веројатно ќе научиме некои пилоти да летаат до крајот на годината, но тешко дека вистински Ф-16 во украински бои ќе се појави пред пролетта, вели изворот на „Политико“.

The post Западот не може да се договори за обука на украински пилоти на Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули https://republika.mk/vesti/makedonija/objaven-povik-za-obuka-na-neguvateli-nevrabotenite-mozhe-da-se-prijavat-do-21-juli/ Fri, 14 Jul 2023 20:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=661516

Во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, Општинската Организација на Црвен крст Велес објави оглас за невработени лица за обука за негуватели.

Пријавувањето е до 21 јули во канцелариите на Агенцијата за вработување во Велес и останатите 29 градови во земјава со едноставно пополнување на пријавата, а тримесечната обука ќе започне кон крајот на август. Услов за пријавување на невработените лица е да имаат завршено минимум основно образование.

Како што за МИА појасни Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, со овој проект 150 невработените лица од земјава меѓу кои и од Велес, ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негуватели и асистенти, реализирани на локално ниво. Со тоа тие ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани.

Николов воедно ги повика сите заинтересирани невработени за детални информации за обуката да се јават во просториите на Општинскиот Црвен крст Велес најдоцна до 20 јули.

Инаку, повикот е дел од „Економија на грижа“ - програма во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување „Шанса за сите 2023“.

Во рамките на програмата „Економија на грижа“ во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица од земјава ја поминаа стручната обука, а 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани, како даватели на социјални услуги на локално ниво.

Општинскиот Црвен крст Велес во разни програми досега има спроведено две обуки за лична асистенција за лица со попреченост и слепи лица и една обука за негуватели на стари лица, со што за негуватели обучени се вкупно 41 лице.

The post Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули appeared first on Република.

]]>

Во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, Општинската Организација на Црвен крст Велес објави оглас за невработени лица за обука за негуватели. Пријавувањето е до 21 јули во канцелариите на Агенцијата за вработување во Велес и останатите 29 градови во земјава со едноставно пополнување на пријавата, а тримесечната обука ќе започне кон крајот на август. Услов за пријавување на невработените лица е да имаат завршено минимум основно образование. Како што за МИА појасни Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, со овој проект 150 невработените лица од земјава меѓу кои и од Велес, ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негуватели и асистенти, реализирани на локално ниво. Со тоа тие ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани. Николов воедно ги повика сите заинтересирани невработени за детални информации за обуката да се јават во просториите на Општинскиот Црвен крст Велес најдоцна до 20 јули. Инаку, повикот е дел од „Економија на грижа“ - програма во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување „Шанса за сите 2023“. Во рамките на програмата „Економија на грижа“ во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица од земјава ја поминаа стручната обука, а 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани, како даватели на социјални услуги на локално ниво. Општинскиот Црвен крст Велес во разни програми досега има спроведено две обуки за лична асистенција за лица со попреченост и слепи лица и една обука за негуватели на стари лица, со што за негуватели обучени се вкупно 41 лице.

The post Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули appeared first on Република.

]]>
Три еднодневни обуки за 90 кандидати кои ја посетуваат програма за почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-ednodnevni-obuki-za-90-kandidati-koi-ja-posetuvaat-programa-za-pochetna-obuka-vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-pavel-shatev/ Wed, 28 Jun 2023 16:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=656154

Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев, организира три еднодневни обуки за 90 кандидати кои ја посетуваат програма за почетна обука во Академијата.

Со цел да се подготват идните судии и јавни обвинители за извршувањето на пресудите изречени од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), нашата Мисија, во координација со Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), организираше три еднодневни обуки за 90 кандидати кои ја посетуваат програма за почетна обука во Академијата, соопштија оттаму.

Оваа активност произлегува од ангажираноста на Мисијата во развојниот процес на три ресурси за теми поврзани со извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

The post Три еднодневни обуки за 90 кандидати кои ја посетуваат програма за почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев appeared first on Република.

Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 https://republika.mk/vesti/svet/otkako-sad-odobrija-danska-ke-obuchuva-ukrainski-piloti-za-avionite-f-16/ Fri, 19 May 2023 19:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=642799

Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство.

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, соопшти дека таквата одлука доаѓа откако официјален Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.

Нашата земја сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави Поулсен, кој е вршител на должноста министер за одбрана на Данска.

Претходно Велика Британија го поздрави потегот на САД за дозвола на обука на пилоти за тој тип авиони.

Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер

Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.

The post Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство. Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, соопшти дека таквата одлука доаѓа откако официјален Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.
Нашата земја сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави Поулсен, кој е вршител на должноста министер за одбрана на Данска.
Претходно Велика Британија го поздрави потегот на САД за дозвола на обука на пилоти за тој тип авиони. Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер
Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.

The post Откако САД одобрија: Данска ќе обучува украински пилоти за авионите Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Танкоска: Студентите од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје преку програмата Спинакер се стекнаа со практични вештини https://republika.mk/zivot/kariera/tankoska-studentite-od-fakultetot-za-veterinarna-meditsina-skopje-preku-programata-spinaker-se-steknaa-so-praktichni-veshtini/ Mon, 13 Mar 2023 08:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=618967

Внатрешни болести кај коњи, од страна на врвни специјалисти од наведената област е работилницата која се одржа работилница на Факултетот за ветеринарна медицина (Veterinary Medicine Faculty of the Wroclaw, University of Environmental and Life Sciences) во Вроцлав, Полска во рамките на програмата Спинакер. Благодарение на споделениот повик, на обуката земаа учество група на студенти од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Македонија.

Програмата е финансирана од Национална агенција за академско усовршување и истата е воведена на Универзитетот за природни науки во Вроцлав, преку која се овозможува стипендирање на 30 интернационални студенти, од кои 20 студенти студираат на Универзитетот во Вроцлав, а останатите студенти се од други странски Универзитети.

- Ова патување претставуваше ретка можност за унапредување и осознавање на нови вештини и откритија кои ги пружи науката, напредната технологија како и вложувањето во клиничкиот пристап кон коњите, кои важат за уникатни животни со потреба од посебен пристап и третман, вели Тамара Танкоска претседателката на Сојузот на студенти при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје.

Таа додава дека темите на предавањата ги опфатиле најчестите проблеми поврзани со внатрешните болести на коњите поврзани со гастро-интестиналниот систем, како и ортопедски заболувања и основни хируршки процедури.

- Во однос на практичната работа, предвидените часови беа исполнети со директна практична работа врз пациенти, а беа употребувани и модели – коњи чии анатомски структури овозможуваат детално изучување и лесно стекнување на практични вештини, појаснува претседателката на студентите од ветеринарна медицина.

Проектот се заснова на подобрување на клиничката пракса чија цел е да се доближи извонредноста на клиничката наука преку предавања, со најголем осврт кон практичниот дел.

Од Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје учествуваа пет студенти од трета, четврта и петта година, кои веќе се во допир со претклиничките и клиничките предмети, а оваа обука беше одржана од специјалисти во ветеринарната медицина кои доаѓаа од врвни универзитети во Европа.

Покрај обуката, организирани беа и тури на избрани локации со културно наследство во Вроцлав и Шлезија, замокот Ксаиз и зоолошката градина. Особено важно за едно студентско патување е и дружбата со студентите кои беа вклучени во програмата од различни земји како Германија, Шведска, Норвешка, Турција, Албанија, како и студентите од Полска кои организираа дружење со локалната ИВСА (Интернационална Ветеринарна Студентска Асоцијација).

The post Танкоска: Студентите од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје преку програмата Спинакер се стекнаа со практични вештини appeared first on Република.

]]>

Внатрешни болести кај коњи, од страна на врвни специјалисти од наведената област е работилницата која се одржа работилница на Факултетот за ветеринарна медицина (Veterinary Medicine Faculty of the Wroclaw, University of Environmental and Life Sciences) во Вроцлав, Полска во рамките на програмата Спинакер. Благодарение на споделениот повик, на обуката земаа учество група на студенти од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Македонија. Програмата е финансирана од Национална агенција за академско усовршување и истата е воведена на Универзитетот за природни науки во Вроцлав, преку која се овозможува стипендирање на 30 интернационални студенти, од кои 20 студенти студираат на Универзитетот во Вроцлав, а останатите студенти се од други странски Универзитети. - Ова патување претставуваше ретка можност за унапредување и осознавање на нови вештини и откритија кои ги пружи науката, напредната технологија како и вложувањето во клиничкиот пристап кон коњите, кои важат за уникатни животни со потреба од посебен пристап и третман, вели Тамара Танкоска претседателката на Сојузот на студенти при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје. Таа додава дека темите на предавањата ги опфатиле најчестите проблеми поврзани со внатрешните болести на коњите поврзани со гастро-интестиналниот систем, како и ортопедски заболувања и основни хируршки процедури. - Во однос на практичната работа, предвидените часови беа исполнети со директна практична работа врз пациенти, а беа употребувани и модели – коњи чии анатомски структури овозможуваат детално изучување и лесно стекнување на практични вештини, појаснува претседателката на студентите од ветеринарна медицина. Проектот се заснова на подобрување на клиничката пракса чија цел е да се доближи извонредноста на клиничката наука преку предавања, со најголем осврт кон практичниот дел. Од Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје учествуваа пет студенти од трета, четврта и петта година, кои веќе се во допир со претклиничките и клиничките предмети, а оваа обука беше одржана од специјалисти во ветеринарната медицина кои доаѓаа од врвни универзитети во Европа. Покрај обуката, организирани беа и тури на избрани локации со културно наследство во Вроцлав и Шлезија, замокот Ксаиз и зоолошката градина. Особено важно за едно студентско патување е и дружбата со студентите кои беа вклучени во програмата од различни земји како Германија, Шведска, Норвешка, Турција, Албанија, како и студентите од Полска кои организираа дружење со локалната ИВСА (Интернационална Ветеринарна Студентска Асоцијација).

The post Танкоска: Студентите од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје преку програмата Спинакер се стекнаа со практични вештини appeared first on Република.

]]>
Русија ја заврши обуката на својата дивизија во Белорусија, ја испраќа во Украина https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-zavrshi-obukata-na-svojata-divizija-vo-belorusija-ja-ispraka-vo-ukraina/ Thu, 26 Jan 2023 08:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=601164

Британското Министерство за одбрана објави дневен извештај за ситуацијата во Украина, во кој се вели дека Русија најверојатно во Белорусија ја завршила обуката за Втората гардиска стрелачка дивизија (ГМРД), која таму се обучува од есента 2022 година.

Министерството, кое извештајот го базира на разузнавачки податоци, додава дека поголемиот дел од Втората ГМРД сега е префрлен назад во Русија и речиси сигурно ќе биде испратен во Украина.

Втората ГМРД е дел од Првата гардиска тенковска армија и претрпе големи загуби во почетната фаза на конфликтот. Сега се состои првенствено од мобилизиран персонал кој работи со постара опрема од складиштата. Борбената ефикасност на оваа дивизија веројатно ќе биде ограничена и покрај неколкунеделната обука.

Постои реална можност други руски единици да бидат ротирани во Белорусија за слична обука и дека Русија ќе продолжи со овој модел на регенерација и подготовка на единици за одржување на своите сили во Украина, се наведува во извештајот на британското разузнавање.

The post Русија ја заврши обуката на својата дивизија во Белорусија, ја испраќа во Украина appeared first on Република.

]]>

Британското Министерство за одбрана објави дневен извештај за ситуацијата во Украина, во кој се вели дека Русија најверојатно во Белорусија ја завршила обуката за Втората гардиска стрелачка дивизија (ГМРД), која таму се обучува од есента 2022 година. Министерството, кое извештајот го базира на разузнавачки податоци, додава дека поголемиот дел од Втората ГМРД сега е префрлен назад во Русија и речиси сигурно ќе биде испратен во Украина. Втората ГМРД е дел од Првата гардиска тенковска армија и претрпе големи загуби во почетната фаза на конфликтот. Сега се состои првенствено од мобилизиран персонал кој работи со постара опрема од складиштата. Борбената ефикасност на оваа дивизија веројатно ќе биде ограничена и покрај неколкунеделната обука. Постои реална можност други руски единици да бидат ротирани во Белорусија за слична обука и дека Русија ќе продолжи со овој модел на регенерација и подготовка на единици за одржување на своите сили во Украина, се наведува во извештајот на британското разузнавање.

The post Русија ја заврши обуката на својата дивизија во Белорусија, ја испраќа во Украина appeared first on Република.

]]>
М-НАВ го прифати изборот на кандидати за обука на контролори на летање: Ќе ги вработи на определено време и ќе ги прати на обука https://republika.mk/vesti/makedonija/m-nav-go-prifati-izborot-na-kandidati-za-obuka-na-kontrolori-na-letanje-kje-gi-vraboti-na-opredeleno-vreme-i-kje-gi-prati-na-obuka/ Fri, 11 Nov 2022 14:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=572825

Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Го задолжи претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката.

Од М-НАВ во соопштение истакнуваат дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.

Ве известуваме дека согласно доставената дополнителна документација на ден 10.11.2022 година, – Извештај со резултати од тестирањата со FEAST тестот во печатена форма од 13 кандидати кои успешно ги положија сите тестови спроведени од страна на GATE Aviation Training ApS, Данска и во соработка со комисијата на М-НАВ АД Скопје, а во врска со Огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време, објавен на 28.07.2022 година , Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје во текот на денешниот ден ја разгледа целокупната документација и донесе Одлука за потврда и прифаќање на изборот предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и следствено даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување.Едновремено го задолжи претседателот на комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката, стои во соопштението од М-НАВ.

Изразуваат, како што велат, длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околу огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање.

Потенцираме дека во ниеден момент немаше ниту размислување, а уште помалку преземање на дејствија за прекинување на или поништување на постапката односно Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи. Единствено точно е дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти, како тие законски но и внатрешни на самата институција, со едниствена цел, избор на најквалитетните кандидати за нови кадри во М-НАВ АД Скопје. Сето ова беше во рамки на строгите меѓународни и национални норми и временските рокови согласно акционен план на М-НАВ АД Скопје, велат од М-НАВ.

Дополнуваат дека како и досега, така и во иднина ќе продолжат со професионално вршење на својата дејност.

Никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво, потенцираат од М-НАВ.

За постапките околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање изминатите два дена имаше реакции и тврдења за наводни намери на раководството да го поништи огласот и за оспорување на кандидатите што ја поминале селекцијата. Синдикатот на контролори на летање побара раководството на М-НАВ да ги испрати на обука селектираните кандидати, односно целиот процес да го спроведе според регулативите, а во знак на револт од состојбите околу огласот, раководни лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… побараа да бидат разрешени.

Од Владата, пак, порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но оти е обврзана да ги следи строгите правила во воздушниот сообраќај.

Во однос на вашите прашања според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на обука на кандидати за контролори на летање е се уште во тек. Согласно со меѓународните стандарди, М-НАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка, истакнаа вчера од Владата.

The post М-НАВ го прифати изборот на кандидати за обука на контролори на летање: Ќе ги вработи на определено време и ќе ги прати на обука appeared first on Република.

]]>

Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Го задолжи претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката. Од М-НАВ во соопштение истакнуваат дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.
Ве известуваме дека согласно доставената дополнителна документација на ден 10.11.2022 година, – Извештај со резултати од тестирањата со FEAST тестот во печатена форма од 13 кандидати кои успешно ги положија сите тестови спроведени од страна на GATE Aviation Training ApS, Данска и во соработка со комисијата на М-НАВ АД Скопје, а во врска со Огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време, објавен на 28.07.2022 година , Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје во текот на денешниот ден ја разгледа целокупната документација и донесе Одлука за потврда и прифаќање на изборот предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и следствено даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување.Едновремено го задолжи претседателот на комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката, стои во соопштението од М-НАВ.
Изразуваат, како што велат, длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околу огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање.
Потенцираме дека во ниеден момент немаше ниту размислување, а уште помалку преземање на дејствија за прекинување на или поништување на постапката односно Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи. Единствено точно е дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти, како тие законски но и внатрешни на самата институција, со едниствена цел, избор на најквалитетните кандидати за нови кадри во М-НАВ АД Скопје. Сето ова беше во рамки на строгите меѓународни и национални норми и временските рокови согласно акционен план на М-НАВ АД Скопје, велат од М-НАВ.
Дополнуваат дека како и досега, така и во иднина ќе продолжат со професионално вршење на својата дејност.
Никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво, потенцираат од М-НАВ.
За постапките околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање изминатите два дена имаше реакции и тврдења за наводни намери на раководството да го поништи огласот и за оспорување на кандидатите што ја поминале селекцијата. Синдикатот на контролори на летање побара раководството на М-НАВ да ги испрати на обука селектираните кандидати, односно целиот процес да го спроведе според регулативите, а во знак на револт од состојбите околу огласот, раководни лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… побараа да бидат разрешени. Од Владата, пак, порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но оти е обврзана да ги следи строгите правила во воздушниот сообраќај.
Во однос на вашите прашања според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на обука на кандидати за контролори на летање е се уште во тек. Согласно со меѓународните стандарди, М-НАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка, истакнаа вчера од Владата.
 
The post М-НАВ го прифати изборот на кандидати за обука на контролори на летање: Ќе ги вработи на определено време и ќе ги прати на обука appeared first on Република.

]]>
Нови 500 милиони и обука на 12.000 војници: ЕУ ќе одобри дополнителна воена помош за Украина https://republika.mk/vesti/svet/novi-500-milioni-i-obuka-na-12-000-vojnici-eu-kje-odobri-dopolnitelna-voena-pomosh-za-ukraina/ Mon, 17 Oct 2022 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=561921

Европската Унија ја засилува својата воена поддршка за Украина, со мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и доделување нови 500 милиони евра за набавка на оружје.

Toа е голем чекор и прв од ваков вид за ЕУ, забележува европски функционер, според кој, „никогаш не е извршена мисија од такви размери“.

Се очекува министрите за надворешни работи на 27-те земји членки на состанок во Луксембург да ги одобрат тие две одлуки и мисијата веднаш да почне да функционира - додава дипломатски извор.

Министрите, исто така, треба да поддржат уште 500 милиони евра воена помош, со што вкупниот износ доделен од почетокот на руската инвазија во февруари, ќе достигне 3,1 милијарди евра.

Во моментов, во различни земји на ЕУ, особено во Германија и Франција, се одржуваат курсеви за обука на украинските војници, кои се обучуваат да користат оружје, ракетни фрлачи и системи за противвоздушна одбрана, доставени од Европа.

Франција во саботата соопшти дека ќе обучи „до 2.000 украински војници“ на нејзина територија.

Севкупно, целта е да се обезбеди „основна обука“ за 12.000 украински војници и „специјализирана обука“ за 2.800 други, тврди европски извор.

The post Нови 500 милиони и обука на 12.000 војници: ЕУ ќе одобри дополнителна воена помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Европската Унија ја засилува својата воена поддршка за Украина, со мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и доделување нови 500 милиони евра за набавка на оружје. Toа е голем чекор и прв од ваков вид за ЕУ, забележува европски функционер, според кој, „никогаш не е извршена мисија од такви размери“.
Се очекува министрите за надворешни работи на 27-те земји членки на состанок во Луксембург да ги одобрат тие две одлуки и мисијата веднаш да почне да функционира - додава дипломатски извор.
Министрите, исто така, треба да поддржат уште 500 милиони евра воена помош, со што вкупниот износ доделен од почетокот на руската инвазија во февруари, ќе достигне 3,1 милијарди евра. Во моментов, во различни земји на ЕУ, особено во Германија и Франција, се одржуваат курсеви за обука на украинските војници, кои се обучуваат да користат оружје, ракетни фрлачи и системи за противвоздушна одбрана, доставени од Европа. Франција во саботата соопшти дека ќе обучи „до 2.000 украински војници“ на нејзина територија. Севкупно, целта е да се обезбеди „основна обука“ за 12.000 украински војници и „специјализирана обука“ за 2.800 други, тврди европски извор.

The post Нови 500 милиони и обука на 12.000 војници: ЕУ ќе одобри дополнителна воена помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници https://republika.mk/vesti/svet/francija-na-svoja-teritorija-kje-obuchi-okolu-2-000-ukrainski-vojnici/ Sun, 16 Oct 2022 06:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=561596

Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien).

-Украински војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема.

Лекорни додаде дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна.

-Помагаме на земја која е во војна по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер и додаде дека на Украина ќе и бидат доставени системи за воздушна одбрана „Кротал“ (Crotale), што неодамна ги најави францускиот претседател Емануел Макрон.

The post Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници appeared first on Република.

]]>

Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien). -Украински војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема. Лекорни додаде дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна. -Помагаме на земја која е во војна по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер и додаде дека на Украина ќе и бидат доставени системи за воздушна одбрана „Кротал“ (Crotale), што неодамна ги најави францускиот претседател Емануел Макрон.

The post Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници appeared first on Република.

]]>
Почна борбената обука на мобилизираните граѓани https://republika.mk/vesti/svet/pochna-borbenata-obuka-na-mobiliziranite-gragjani/ Sun, 02 Oct 2022 10:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=556495

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација ја минуваат борбената обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони.

Московскиот весник „Известија” јави дека обуката се одвива во еден од центрите за обука на Јужниот воен округ.

Мобилизираните граѓани минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка зашти а.

Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников”, лесни митралези „Калашников” и фрлачи на гранати RPG-7V.

Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршување на обуката, на сите единици со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии”, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица.

The post Почна борбената обука на мобилизираните граѓани appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација ја минуваат борбената обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони. Московскиот весник „Известија” јави дека обуката се одвива во еден од центрите за обука на Јужниот воен округ. Мобилизираните граѓани минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка зашти а. Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников”, лесни митралези „Калашников” и фрлачи на гранати RPG-7V. Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршување на обуката, на сите единици со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии”, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола. Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица.

The post Почна борбената обука на мобилизираните граѓани appeared first on Република.

]]>
„МакеДокс“ одржа обука за користење на документарни филмови како алатка во образовните процеси https://republika.mk/vesti/kultura/makedoks-odrza-obuka-za-koristenje-na-dokumentarni-filmovi-kako-alatka-vo-obrazovnite-procesi/ Tue, 27 Sep 2022 18:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=554966

Минатиот викенд, од 23 до 25 септемри, во НВО Инфоцентарот и во џебното кино на МКЦ, се одржа обука за користење на документарни филмови како алатка во образовните процеси. На обуката беа присутни единаесет наставници по социологија и граѓанско образование, кои предаваат на македонски, албански и турски наставен јазик во средни училишта од неколку градови од Македонија.

Обуката се одржа под водство на Сашо Н. Алушевски од „МакеДокс“ и Надица Таневска - Јанева, професорка по социологија и граѓанско образование и долгогодишна соработничка на „МакеДокс“ во образовните проекти.

Образовната програма на „МакеДокс“ долги години е присутна во формалното образование кај нас, токму со неколкуте прирачници за користење на документарен филм како современа и ангажирана алатка во образованието.

Новитет на оваа обука е тоа што наставниците самостојно креираа модел лекции соодветни на годишните наставни содржини по наведените предмети, врз основа на претходно избрани документарни филмови, кои би биле сместени во нов прирачник, како и тоа што за првпат во овој прирачник ќе бидат внесени два документарни филма изработени од „Докуникулци“ – школата за млади документаристи на „МакеДокс“.

Обуката и подготовката на прирачниците се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон (NED).

The post „МакеДокс“ одржа обука за користење на документарни филмови како алатка во образовните процеси appeared first on Република.

]]>

Минатиот викенд, од 23 до 25 септемри, во НВО Инфоцентарот и во џебното кино на МКЦ, се одржа обука за користење на документарни филмови како алатка во образовните процеси. На обуката беа присутни единаесет наставници по социологија и граѓанско образование, кои предаваат на македонски, албански и турски наставен јазик во средни училишта од неколку градови од Македонија. Обуката се одржа под водство на Сашо Н. Алушевски од „МакеДокс“ и Надица Таневска - Јанева, професорка по социологија и граѓанско образование и долгогодишна соработничка на „МакеДокс“ во образовните проекти. Образовната програма на „МакеДокс“ долги години е присутна во формалното образование кај нас, токму со неколкуте прирачници за користење на документарен филм како современа и ангажирана алатка во образованието. Новитет на оваа обука е тоа што наставниците самостојно креираа модел лекции соодветни на годишните наставни содржини по наведените предмети, врз основа на претходно избрани документарни филмови, кои би биле сместени во нов прирачник, како и тоа што за првпат во овој прирачник ќе бидат внесени два документарни филма изработени од „Докуникулци“ – школата за млади документаристи на „МакеДокс“. Обуката и подготовката на прирачниците се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон (NED).  

The post „МакеДокс“ одржа обука за користење на документарни филмови како алатка во образовните процеси appeared first on Република.

]]>
До 10.000 украински војници во Велика Британија ќе поминат обука за борба против Русите https://republika.mk/vesti/svet/do-10-000-ukrainski-vojnici-vo-velika-britanija-kje-pominat-obuka-za-borba-protiv-rusite/ Wed, 06 Jul 2022 08:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=524638

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, соопшти дека во Велика Британија пристигнала првата група украински војници кои ќе треба да поминат обука.

Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, објави „Гардијан“.

Во Велика Британија неодамна пристигна првата ротација на украински војници. Тие ќе посетуваат курсеви засновани на основна воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, патролна тактика и запознавање со законите за вооружани конфликти - се наведува во соопштението на британското Министерство.

За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди почнување голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, пишуваат британски медиуми.

The post До 10.000 украински војници во Велика Британија ќе поминат обука за борба против Русите appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, соопшти дека во Велика Британија пристигнала првата група украински војници кои ќе треба да поминат обука. Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, објави „Гардијан“.