Марко Пејчиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-pejchinovski/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Sep 2022 09:53:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Пејчиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-pejchinovski/ 32 32 Стипендија од 200.000 денари за Марко Пејчиновски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/stipendija-od-200-000-denari-za-marko-pejchinovski/ Wed, 28 Sep 2022 09:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=555141

Премиерот Ковачевски денеска во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Ковачевски срдечно му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата.

Како знак на признание на Пејчиновски, кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.

Со ова на овој млад спортист му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.

Неговиот последен спортски успех кој предизвика восхит, е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид - Струга - Св. Наум - Охрид.

На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.

The post Стипендија од 200.000 денари за Марко Пејчиновски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски денеска во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски. Ковачевски срдечно му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата. Како знак на признание на Пејчиновски, кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”. Со ова на овој млад спортист му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести. Неговиот последен спортски успех кој предизвика восхит, е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид - Струга - Св. Наум - Охрид. На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.

The post Стипендија од 200.000 денари за Марко Пејчиновски appeared first on Република.

]]>
Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-kje-gi-pomogne-idnite-plivachki-podvizi-na-marko-pejchinoski/ Mon, 05 Sep 2022 17:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=547759

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридскиот пливачки херој Пејчиноски.

АМС е подготвена да помогне во подготовките за следниот подвиг. На Марко му останува да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Мојсоски искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко“, се наведува во информацијата од АМС.

За реализирање на годинашната цел да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиноски кажал дека со подготовки почнал на 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри.

Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања. Завршил со делницата Охрид – Струга каде од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 километри.

The post Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридскиот пливачки херој Пејчиноски.
АМС е подготвена да помогне во подготовките за следниот подвиг. На Марко му останува да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Мојсоски искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко“, се наведува во информацијата од АМС.
За реализирање на годинашната цел да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиноски кажал дека со подготовки почнал на 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри. Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања. Завршил со делницата Охрид – Струга каде од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 километри.  

The post Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски appeared first on Република.

]]>
Титанот Марко вистински син македонски https://republika.mk/kolumni/titanot-marko-vistinski-sin-makedonski/ Sun, 28 Aug 2022 14:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=544969

Ламбе Арнаудов

Голем Човеку МАРКО, ТИ благодарам што денес ме направи да се чувствувам горд и среќен и да се радувам искрено на вистинските вредности со кои сите нé научи, дека животот е убав затоа што од време на време ќе се роди ЧОВЕК. Проштевај МАРКО што, иако си дете те нарекувам ЧОВЕК зошто ТИ си многу повреден од илјадници и илјадници луѓе заедно, и уште многу кои никогаш нема никој од нас да израсни во ТИТАН-ЧОВЕК ни приближно рамен на ТЕБЕ.

Денес кога доплива во пристаништето во Охрид после 64 км препливана најдолга делница во историјата на маратонското пливање во еден здив, солзи радосници ни навреа на сите кои бевме таму, клечиме пред ТЕБЕ и длабоко ТИ се поклонуваме и од срце ТИ БЛАГОДАРИМЕ наш, на сите СИН со кој се ГОРДЕЕМЕ.

Почитуван мој МАРКО, ТИ денес и изминативе денови и години на сите нас ни залепи по една жешка шлаканица од која додека сме живи ќе ни црвенеат образите (оние кои имаат образ).

Нé научи што е челична волја, екстремно висока издржливост, жилавост и трето што е најважно, импресивно и восхитувачки кај ТЕБЕ, тоа што секој збор што го даде и го исполни, одржа.

Четврто, сигурно и неповторливо, тоа што го правиш го правиш со невидена скромност и кога поминуваше мирно достоинствено меѓу ТВОИТЕ почитувачи кои скаменети се чудевме, но искрено, топло и со благодарност се радуваме на светски постигнатиот резултат, ТИ МИЛИНА наша како да ни кажуваше: “Ова е моја должност“ и нормално без никаква задршка ТВОЕТО постигнување им го подари на својот македонски народ и на твојата татковина МАКЕДОНИЈА, порачувајќи ни дека сите овие генијални дела и натчовечки залагања никогаш не се доволни за да се оддолжам на мојот народ и мојата татковина.

Права е среќа што сам, веројатно по Божја промисла тргна во остварување на овие највисоки дострели што еден човек може да ги достигне.

Ако ТЕ земаа под свое разни матрапаси, ти ќе победуваше, ќе соборуваше рекорди, а други ќе се китеа.

ТИ Благодарам ТЕБЕ лично и на ТВОИТЕ најблиски што на импресивен и зачудувачки начин ТЕ сочуваа од ситните патуласти човечиња, а ТИ КОЛОС безвремен.

ТИ докажа дека вистинските вредности се кај обичниот, мирен и трудољубив народ, а не во  вештачки градени митови и елити бели мермери од надвор, а скапани и мувлосани одвнатре.

64 километри е растојание од твојот, мојот и од сите сакан Охрид до Битола.

Тие кои денес најмногу црвенеат посрамотени од твоето епохално дело, со црни и сиви мерцедеси придружувани од десетина горили и стопиран сообраќај мачно им е и негодуваат додека ги извозат нивните скапо платени возачи еднакво како што тие го возат својот народ.

Марш на власта, истајте се сите. Претседател, премиер, министри, обвинители, судии, директори, академици, свештени лица, претседатели на разни комисии предавнички, владини, невладини организации, институти, корумпирани полицајци, заведени, војни старешини, хорор дипломати и други антимакедонски елементи.

МАРШ НА СИТЕ !

НЕ НИ ТРЕБАТЕ !

НИЕ  ГО  ИМАМЕ  МАРКО !!!

The post Титанот Марко вистински син македонски appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Голем Човеку МАРКО, ТИ благодарам што денес ме направи да се чувствувам горд и среќен и да се радувам искрено на вистинските вредности со кои сите нé научи, дека животот е убав затоа што од време на време ќе се роди ЧОВЕК. Проштевај МАРКО што, иако си дете те нарекувам ЧОВЕК зошто ТИ си многу повреден од илјадници и илјадници луѓе заедно, и уште многу кои никогаш нема никој од нас да израсни во ТИТАН-ЧОВЕК ни приближно рамен на ТЕБЕ. Денес кога доплива во пристаништето во Охрид после 64 км препливана најдолга делница во историјата на маратонското пливање во еден здив, солзи радосници ни навреа на сите кои бевме таму, клечиме пред ТЕБЕ и длабоко ТИ се поклонуваме и од срце ТИ БЛАГОДАРИМЕ наш, на сите СИН со кој се ГОРДЕЕМЕ. Почитуван мој МАРКО, ТИ денес и изминативе денови и години на сите нас ни залепи по една жешка шлаканица од која додека сме живи ќе ни црвенеат образите (оние кои имаат образ). Нé научи што е челична волја, екстремно висока издржливост, жилавост и трето што е најважно, импресивно и восхитувачки кај ТЕБЕ, тоа што секој збор што го даде и го исполни, одржа. Четврто, сигурно и неповторливо, тоа што го правиш го правиш со невидена скромност и кога поминуваше мирно достоинствено меѓу ТВОИТЕ почитувачи кои скаменети се чудевме, но искрено, топло и со благодарност се радуваме на светски постигнатиот резултат, ТИ МИЛИНА наша како да ни кажуваше: “Ова е моја должност“ и нормално без никаква задршка ТВОЕТО постигнување им го подари на својот македонски народ и на твојата татковина МАКЕДОНИЈА, порачувајќи ни дека сите овие генијални дела и натчовечки залагања никогаш не се доволни за да се оддолжам на мојот народ и мојата татковина. Права е среќа што сам, веројатно по Божја промисла тргна во остварување на овие највисоки дострели што еден човек може да ги достигне. Ако ТЕ земаа под свое разни матрапаси, ти ќе победуваше, ќе соборуваше рекорди, а други ќе се китеа. ТИ Благодарам ТЕБЕ лично и на ТВОИТЕ најблиски што на импресивен и зачудувачки начин ТЕ сочуваа од ситните патуласти човечиња, а ТИ КОЛОС безвремен. ТИ докажа дека вистинските вредности се кај обичниот, мирен и трудољубив народ, а не во  вештачки градени митови и елити бели мермери од надвор, а скапани и мувлосани одвнатре. 64 километри е растојание од твојот, мојот и од сите сакан Охрид до Битола. Тие кои денес најмногу црвенеат посрамотени од твоето епохално дело, со црни и сиви мерцедеси придружувани од десетина горили и стопиран сообраќај мачно им е и негодуваат додека ги извозат нивните скапо платени возачи еднакво како што тие го возат својот народ. Марш на власта, истајте се сите. Претседател, премиер, министри, обвинители, судии, директори, академици, свештени лица, претседатели на разни комисии предавнички, владини, невладини организации, институти, корумпирани полицајци, заведени, војни старешини, хорор дипломати и други антимакедонски елементи. МАРШ НА СИТЕ ! НЕ НИ ТРЕБАТЕ ! НИЕ  ГО  ИМАМЕ  МАРКО !!!

The post Титанот Марко вистински син македонски appeared first on Република.

]]>
Подвиг за вечност: Марко Пејчиновски исплива 64 километри од Охрид кон Свети Наум преку Струга https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/podvig-za-vechnost-marko-pejchinovski-ispliva-64-kilometri-od-ohrid-kon-sveti-naum-preku-struga/ Sun, 28 Aug 2022 09:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=544870

Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски утринава успеа да преплува неверојатни 64 километри во Охридското езеро, а охриѓани го пречекаа на пристаништето, пишува ОхридПрес.

По повод празникот Голема Богородица тој вчера во 11 часот и 56 минути тргна на пат од Охрид кон Струга, па до Свети Наум. Со ова, Марко ги исполни ветувањето дека десет пати ќе го преплива езерото. Летово тој вкупно испливал околу 250 километри.

Претходното, деветто од десетте препливувања ова лето, беше на релација Градиште-Трпејца-Охрид, со должина од 20 километри. Пред тоа, Марко успешно ја преплива релација Заум-Охрид, на патека со должина од 18 километри. Една недела пред тоа, тој го оствари седмиот подвиг кога ја преплива релацијата Радожда-Трпејца-Градиште, само седум дена откако успешно ја преплива релацијата Струга-Градиште.

The post Подвиг за вечност: Марко Пејчиновски исплива 64 километри од Охрид кон Свети Наум преку Струга appeared first on Република.

]]>

Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски утринава успеа да преплува неверојатни 64 километри во Охридското езеро, а охриѓани го пречекаа на пристаништето, пишува ОхридПрес. По повод празникот Голема Богородица тој вчера во 11 часот и 56 минути тргна на пат од Охрид кон Струга, па до Свети Наум. Со ова, Марко ги исполни ветувањето дека десет пати ќе го преплива езерото. Летово тој вкупно испливал околу 250 километри. Претходното, деветто од десетте препливувања ова лето, беше на релација Градиште-Трпејца-Охрид, со должина од 20 километри. Пред тоа, Марко успешно ја преплива релација Заум-Охрид, на патека со должина од 18 километри. Една недела пред тоа, тој го оствари седмиот подвиг кога ја преплива релацијата Радожда-Трпејца-Градиште, само седум дена откако успешно ја преплива релацијата Струга-Градиште.

The post Подвиг за вечност: Марко Пејчиновски исплива 64 километри од Охрид кон Свети Наум преку Струга appeared first on Република.

]]>
Марко на Голема Богородица ќе се обиде да го оствари сонот, да исплива 64 километри https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/marko-na-golema-bogorodica-kje-se-obide-da-go-ostvari-sonot-da-ispliva-64-kilometri/ Fri, 19 Aug 2022 09:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=541910

Младиот спортски херој, охриѓанецот Марко Пејчиновски, на христијанскиот празник Голема Богородица на 28 август ќе ја заврши својата мисија летово, а тоа е десет пати да го преплива Охридското езеро.

Сега веќе 16-годишниот маратонец со години наназад покажува дека и со некроза на ногата, поради која одреден период не смееше да плива, може да се оствари зацртаното.

После 186 километри во девет препливувања, го најавувам моето последно препливување на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. Пред три години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се пречките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја, изјави Марко.

Пејчиновски првпат ѝ стана познат на јавноста пред четири години, кога со 12 години како најмлад во историјата го „скроти“ Охридското езеро.

The post Марко на Голема Богородица ќе се обиде да го оствари сонот, да исплива 64 километри appeared first on Република.

]]>

Младиот спортски херој, охриѓанецот Марко Пејчиновски, на христијанскиот празник Голема Богородица на 28 август ќе ја заврши својата мисија летово, а тоа е десет пати да го преплива Охридското езеро. Сега веќе 16-годишниот маратонец со години наназад покажува дека и со некроза на ногата, поради која одреден период не смееше да плива, може да се оствари зацртаното.
После 186 километри во девет препливувања, го најавувам моето последно препливување на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. Пред три години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се пречките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја, изјави Марко.
Пејчиновски првпат ѝ стана познат на јавноста пред четири години, кога со 12 години како најмлад во историјата го „скроти“ Охридското езеро.

The post Марко на Голема Богородица ќе се обиде да го оствари сонот, да исплива 64 километри appeared first on Република.

]]>
Уште еден подвиг на Марко Пејчиновски https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ushte-eden-podvig-na-marko-pejchinovski/ Sun, 14 Aug 2022 14:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=540254

Младиот Марко Пејчиновски денеска успешно го заврши деветото од планираните десет препливувања на Охридското езеро.

Релацијата Градиште – Трпејца – Охрид, која изнесува 20 километри, Марко ја преплива за 5 часа и 59 минути.

Неговото пристигнување во Охрид може да го погледнете во видеото во продолжение.

The post Уште еден подвиг на Марко Пејчиновски appeared first on Република.

]]>

Младиот Марко Пејчиновски денеска успешно го заврши деветото од планираните десет препливувања на Охридското езеро. Релацијата Градиште – Трпејца – Охрид, која изнесува 20 километри, Марко ја преплива за 5 часа и 59 минути. Неговото пристигнување во Охрид може да го погледнете во видеото во продолжение.

The post Уште еден подвиг на Марко Пејчиновски appeared first on Република.

]]>
Марко го започна седмото препливување за 2022 година на релација Радожда – Трпејца – Градиште со должина од 24 километри https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-go-zapochna-sedmoto-preplivuvanje-za-2022-godina-na-relacija-radozda-trpejca-gradishte-so-dolzina-od-24-kilometri/ Sun, 31 Jul 2022 10:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=535298

Марко го започна седмото препливување за 2022 година на релација Радожда - Трпејца - Градиште со должина од 24 километри.

The post Марко го започна седмото препливување за 2022 година на релација Радожда – Трпејца – Градиште со должина од 24 километри appeared first on Република.

Марко Пејчиновски преплива од Струга до Градиште за шест часа и 53 минути https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/marko-pejchinovski-prepliva-od-struga-do-gradishte-za-shest-chasa-i-53-minuti/ Sun, 24 Jul 2022 13:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=532667

Mладиот Марко Пејчиновски успешно преплива 22 километри на релација Струга - Градиште со време од 6 часа 53 минути 20 секунди.

Секоја чест за ова младо момче.

The post Марко Пејчиновски преплива од Струга до Градиште за шест часа и 53 минути appeared first on Република.

]]>

Mладиот Марко Пејчиновски успешно преплива 22 километри на релација Струга - Градиште со време од 6 часа 53 минути 20 секунди. Секоја чест за ова младо момче.    

The post Марко Пејчиновски преплива од Струга до Градиште за шест часа и 53 минути appeared first on Република.

]]>
Марко Пејчиновски исплива од Струга до Пештани https://republika.mk/zivot/marko-pejchinovski-ispliva-od-struga-do-peshtani/ Sun, 17 Jul 2022 16:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=530408

На Марко Пејчиновски му беа потреби 7 часа 5 минути 59 секунди да ја преплива делницата од Струга до Пештани за петти подвиг ова лето на Охридското Езеро.

The post Марко Пејчиновски исплива од Струга до Пештани appeared first on Република.

Марко Пејчиновски го заврши четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-pejchinovski-go-zavrshi-chetvrto-preplivuvanje-za-ova-leto-na-relacija-struga-sv-naum/ Sun, 03 Jul 2022 16:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=523159

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност, овојпат на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум.

Денеска го заврши своето четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум (30 километри). Препливувањето (прво во јули) успеа да го заврши со време од девет часа и 26 минути.

Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должина од околу 250 километри.

Второто препливување во јуни беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, а првото беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути.

The post Марко Пејчиновски го заврши четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум appeared first on Република.

]]>

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност, овојпат на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум. Денеска го заврши своето четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум (30 километри). Препливувањето (прво во јули) успеа да го заврши со време од девет часа и 26 минути. Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должина од околу 250 километри. Второто препливување во јуни беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, а првото беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути.

The post Марко Пејчиновски го заврши четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум appeared first on Република.

]]>
Младиот Марко Пејчиновски третпат овој месец го преплива Охридското Езеро https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mladiot-marko-pejchinovski-tretpat-ovoj-mesec-go-prepliva-ohridskoto-ezero/ Sun, 26 Jun 2022 16:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=519951

Третпат во јуни, познатиот млад пливач-маратонец Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро, овој пат на делница од Радожда до Трпејца.

Нешто повеќе од шест часа му беа потребни на Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вилата „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце. Подвигот се пренесуваше на неговата страница на Фејсбук.

The post Младиот Марко Пејчиновски третпат овој месец го преплива Охридското Езеро appeared first on Република.

Марко го започна третото препливување од лето 2022 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-go-zapochna-tretoto-preplivuvanje-od-leto-2022/ Sun, 26 Jun 2022 08:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=519805

Марко го започна третото препливување од лето 2022. Радожда - Трпејца во должина од 20 километри. 👊💪
Време на старт 09:40:26

The post Марко го започна третото препливување од лето 2022 appeared first on Република.

]]>

Марко го започна третото препливување од лето 2022. Радожда - Трпејца во должина од 20 километри. 👊💪 Време на старт 09:40:26

The post Марко го започна третото препливување од лето 2022 appeared first on Република.

]]>
Марко Пејчиновски го заврши вториот предизвик, исплива од Радожда до Градиште https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-pejchinovski-go-zavrshi-vtoriot-predizvik-ispliva-od-radozda-do-gradishte/ Sat, 18 Jun 2022 16:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=516756

Младиот Марко Пејчиновски исплива 18 километри од Радожда до Градиште, со што го заврши својот втор предизвик оваа лето. Дестинацијата ја исплива за 6 часа и 40 минути.

The post Марко Пејчиновски го заврши вториот предизвик, исплива од Радожда до Градиште appeared first on Република.

Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-pejchinovski-go-zapochna-vtoriot-podvig-deneska-pliva-od-radozda-do-gradishte/ Sat, 18 Jun 2022 10:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=516624

Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска ја препливува втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри.

Минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда – Охрид во должина од 14 километри.

Во јуни Марко ќе плива уште една делница од Радожда до Трпејца (20 км.).

The post Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште appeared first on Република.

]]>

Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска ја препливува втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри. Минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда – Охрид во должина од 14 километри. Во јуни Марко ќе плива уште една делница од Радожда до Трпејца (20 км.).    

The post Марко Пејчиновски го започна вториот подвиг, денеска плива од Радожда до Градиште appeared first on Република.

]]>
Летната одисеја за Марко започна: За пет часа исплива од Радожда до Охрид https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/letnata-odiseja-za-marko-zapochna-za-pet-chasa-ispliva-od-radozda-do-ohrid/ Sun, 12 Jun 2022 17:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=514189

Охриѓанецот Марко Пејчиновски неодамна објави дека ова лето ќе има 10 препливувања во 10 викенди и ќе исплива 250 километри. Тој денеска исплива 14 километри од Радожда до Охрид.

Летната одисеја започна. Стартуваме со првото од десетте препливувања. Радожда – Охрид (14 километри)“, објави Марко на социјалните мрежи.

По речиси пет и пол часа пливање тој повторно се огласи на социјалните мрежи каде ги извести своите следачи дека успешно ја испливал оваа релација.

После големи искушенија со ветар и бранови, Марко пристигна на Охридското пристаниште за 5:25:09 часа. 1/10“, стои во објавата на социјалните мрежи

The post Летната одисеја за Марко започна: За пет часа исплива од Радожда до Охрид appeared first on Република.

Марко Пејчиновски најави нов подвиг – 10 препливувања во 10 викенди https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/marko-pejchinovski-najavi-nov-podvig-10-preplivuvanja-vo-10-vikendi/ Thu, 12 May 2022 09:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=501390

Марко Пејчиновски најави нов подвиг – 10 препливувања во 10 викенди

Откако ја започнав својата пливачка кариера, па се до денеска, правам подвизи кои никој до сега ги нама направено. Секогаш гледам да ги кревам стандардите, да направам нешто поголемо, да направам нешто потешко, да го тргнам зборот невозможно од нашиот речник. Да докажам дека и кога нема да успееме треба да ја држиме главата горе и да пробаме пак. Да докажам дека сите можеме да успееме, без разлика на препреките кои ни стојат на патот. Ова лето јас повторно сакам да ги кренам стандардите. Затоа ова лето, јас ќе имам 10 препливувања во 10 викенди и ќе испливам 250 километри. Целта со ова ми е да докажам дека и во Македонија има таленти. И овде има деца кои чекаат да им се пружи рака за да се докажат и дека и ние имаме спортски потенцијал. Сакам да ги потикнам и другите спортисти за да имаме претставници на секој натпревар, во секој спорт. Заедно да докажеме дека нашата земја не е за потценување. Датумите на препливувањето ќе бидат објавени пред секое пливање. Од вас барам да ме поддржите, знам дека нема да е лесно, но знам дека ќе можам да го направам ова. Поддржете ме  мене, но и сите други спортисти, бидејќи ние сме тие кои ја права државата подобра, истакна Марко Пејчиновски во своето обраќање преку кое го најави својот подвид за годинава.

Видеото погледнете го следниов линк.

The post Марко Пејчиновски најави нов подвиг – 10 препливувања во 10 викенди appeared first on Република.

Голема тага: Почина мајката на младиот херој Марко, едно од пливањата ѝ го посвети нејзе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-taga-pochina-majkata-na-mladiot-heroj-marko-edno-od-plivanjata-i-go-posveti-nejze/ Sat, 22 Jan 2022 14:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=448105

Охриѓани се во тaга по веста дека почина Виолета Пејчиновска, медицинска сестра од Охрид.

Граѓаните, колегите, пријатели ја опишуваат како жена со големо срце.

Била секогаш спремна да помогне на сите, секогаш имала насмевка на лицето и била ведра.

Виолета беше мајка на нашиот херој Марко, кој пред три години го преплива езерото и покрај инфаркт на нозете.

Тој со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Едно од последните пливања го посвети токму на нејзе, неговата мајка. Во насловот на видеото на младиот Марко стои: Ова видео го поcветyвам на мојата мајка

The post Голема тага: Почина мајката на младиот херој Марко, едно од пливањата ѝ го посвети нејзе appeared first on Република.

]]>

Охриѓани се во тaга по веста дека почина Виолета Пејчиновска, медицинска сестра од Охрид. Граѓаните, колегите, пријатели ја опишуваат како жена со големо срце. Била секогаш спремна да помогне на сите, секогаш имала насмевка на лицето и била ведра. Виолета беше мајка на нашиот херој Марко, кој пред три години го преплива езерото и покрај инфаркт на нозете. Тој со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Едно од последните пливања го посвети токму на нејзе, неговата мајка. Во насловот на видеото на младиот Марко стои: Ова видео го поcветyвам на мојата мајка

The post Голема тага: Почина мајката на младиот херој Марко, едно од пливањата ѝ го посвети нејзе appeared first on Република.

]]>