македонско малцинство Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Apr 2023 20:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско малцинство Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo/ 32 32 Во Србија има сѐ помалку Македонци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-srbija-ima-s-pomalku-makedontsi/ Mon, 01 May 2023 15:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=635647

Според резултатите од пописот одржан во 2022 година, објавени деновиве на сајтот на Републичкиот завод за статистика (РЗС), во Србија живеат 6.647.003 лица, од кои како Македонци по националност се декларирале 14.767 лица.

Доколку се споредат податоците од пописите во Србија, во 2011 година како Македонци се изјасниле 22.755 лица, на пописот во 2002 имало 25.847 Македонци, а во 1991 имало 45.068 нашинци. Тоа укажува дека континуирано се намалува број на граѓани во Србија кои се изјаснуваат како припадници на македонското малцинство.

Кај резултатите од пописот, бројната состојба на секој народ надвор од својата матична држава во друга држава, се важни за секоја заедница, па така и за македонската заедница во Србија. Неофицијалните податоци со кои располагаат Македонците во Србија, но и неофицијалните податоци од ОБСЕ, говорат дека во Србија живеат околу 150.000 до 200.000 Македонци.

Македонците во Србија ги имаат сите права, дури и поголеми права во однос на Македонците од остатите републики на Балканот, при што може да се истакнат остварените резултати во образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото, како и дека Македонците можат слободно да се изјаснат за својата национална припадност. Затоа загрижува опаѓањето на нивниот број, за безмалку половина за десет години.

На ова состојба треба да се посочи дека во Србија на последниот попис за првпат како Горанци (област Гора на Шар Планина-Косово) се изјасниле 7.700 лица.

Ако се имаат предвид повеќе реални фактори што влијаат на изјаснувањата на пописот, миграциите на младите Македонци како и сите други млади, природната смртност, „постојаната тивка“ асимилација која ја има во Србија, слогата односно неслогата, делбите помеѓу Македонците во Србија за кои најголема вина има Националниот совет, без оглед на изјавите од советот колку и што е сработено, дека ги имаме сите права, немањето на КИЦ и Лекотрат, не е никакво изненадување, што за овој попис бројот на Македонци во Србија е 14.767, вели за МИА Славе Груевски од Здружението на Македонците „Даме Груев“ во Србија.

Тој оценува дека резултатите од пописот се битни за финансирањето на Националниот совет на Македонците во Србија и над 50-те здруженија.

Од вкупните средства што државата ги издвојува за Националните совети, 30 проценти се распоредуваат подеднакво за сите совети, а останатите 70 проценти се делат на советите, сразмерно на бројот на секое малцинство по последниот попис. Бројките од пописот, се битни и за нашата матица земја, не само заради гласањата во амбасада, туку и заради грижата за нас, кои сме надвор од нашата матица и кои треба да бидеме мост на поврзување во многу области, вели Груевски.

Според резултатите од пописот, објавени на веб-страницата на РЗС, во Србија има вкупно 6.647.003 граѓани, од кои најмногу, како и на претходните пописи, се Србите, 5.360.239. Според резултатите , Албанци има 61.687, Бошњаци 153.801, Бугари има 12.918, Буњеваци 11.104, 21.013 Власи, 7.700 Горанци и 27.143 граѓани кои се идентификувале како Југословени.

На пописот имало и 184.442 Унгарци, 14.767 Македонци, 39.107 Хрвати, 20.238 Црногорци 2.829 Словенци, 13.011 муслимани, 2.573 Германци и 131.936 Роми.

Според објавените податоци, во Србија има 23.044 Романци, 10.486 Руси и 11.483 Русини, 41.730 Словаци, и 3.969 Украинци.

Како „останати“ според објавените податоци има 21.643 лица, а од оние што се изјасниле за регионална припадност 11.929.

Не се изјасниле 136.198 лица, а како „непознати“ се запишани 322.013 граѓани.

The post Во Србија има сѐ помалку Македонци appeared first on Република.

]]>

Според резултатите од пописот одржан во 2022 година, објавени деновиве на сајтот на Републичкиот завод за статистика (РЗС), во Србија живеат 6.647.003 лица, од кои како Македонци по националност се декларирале 14.767 лица. Доколку се споредат податоците од пописите во Србија, во 2011 година како Македонци се изјасниле 22.755 лица, на пописот во 2002 имало 25.847 Македонци, а во 1991 имало 45.068 нашинци. Тоа укажува дека континуирано се намалува број на граѓани во Србија кои се изјаснуваат како припадници на македонското малцинство. Кај резултатите од пописот, бројната состојба на секој народ надвор од својата матична држава во друга држава, се важни за секоја заедница, па така и за македонската заедница во Србија. Неофицијалните податоци со кои располагаат Македонците во Србија, но и неофицијалните податоци од ОБСЕ, говорат дека во Србија живеат околу 150.000 до 200.000 Македонци. Македонците во Србија ги имаат сите права, дури и поголеми права во однос на Македонците од остатите републики на Балканот, при што може да се истакнат остварените резултати во образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото, како и дека Македонците можат слободно да се изјаснат за својата национална припадност. Затоа загрижува опаѓањето на нивниот број, за безмалку половина за десет години. На ова состојба треба да се посочи дека во Србија на последниот попис за првпат како Горанци (област Гора на Шар Планина-Косово) се изјасниле 7.700 лица.
Ако се имаат предвид повеќе реални фактори што влијаат на изјаснувањата на пописот, миграциите на младите Македонци како и сите други млади, природната смртност, „постојаната тивка“ асимилација која ја има во Србија, слогата односно неслогата, делбите помеѓу Македонците во Србија за кои најголема вина има Националниот совет, без оглед на изјавите од советот колку и што е сработено, дека ги имаме сите права, немањето на КИЦ и Лекотрат, не е никакво изненадување, што за овој попис бројот на Македонци во Србија е 14.767, вели за МИА Славе Груевски од Здружението на Македонците „Даме Груев“ во Србија.
Тој оценува дека резултатите од пописот се битни за финансирањето на Националниот совет на Македонците во Србија и над 50-те здруженија.
Од вкупните средства што државата ги издвојува за Националните совети, 30 проценти се распоредуваат подеднакво за сите совети, а останатите 70 проценти се делат на советите, сразмерно на бројот на секое малцинство по последниот попис. Бројките од пописот, се битни и за нашата матица земја, не само заради гласањата во амбасада, туку и заради грижата за нас, кои сме надвор од нашата матица и кои треба да бидеме мост на поврзување во многу области, вели Груевски.
Според резултатите од пописот, објавени на веб-страницата на РЗС, во Србија има вкупно 6.647.003 граѓани, од кои најмногу, како и на претходните пописи, се Србите, 5.360.239. Според резултатите , Албанци има 61.687, Бошњаци 153.801, Бугари има 12.918, Буњеваци 11.104, 21.013 Власи, 7.700 Горанци и 27.143 граѓани кои се идентификувале како Југословени. На пописот имало и 184.442 Унгарци, 14.767 Македонци, 39.107 Хрвати, 20.238 Црногорци 2.829 Словенци, 13.011 муслимани, 2.573 Германци и 131.936 Роми. Според објавените податоци, во Србија има 23.044 Романци, 10.486 Руси и 11.483 Русини, 41.730 Словаци, и 3.969 Украинци. Како „останати“ според објавените податоци има 21.643 лица, а од оние што се изјасниле за регионална припадност 11.929. Не се изјасниле 136.198 лица, а како „непознати“ се запишани 322.013 граѓани.

The post Во Србија има сѐ помалку Македонци appeared first on Република.

]]>
Павле Трајанов: Ќе ги поддржиме уставните измени ако Бугарија го признае македонското малцинство https://republika.mk/vesti/makedonija/pavle-trajanov-kje-gi-poddrzime-ustavnite-izmeni-ako-bugarija-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Mon, 07 Nov 2022 11:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=570905

Признавање на македонското малцинство во Бугарија ќе биде една од темите која на лидерската средба ќе ја отвори претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој како што рече нема ништо против тоа Бугарите да се внесат во Уставот но тоа според него треба да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да го признае македонското малцинство, тие таму да можат да отвораат здруженија и да формираат партии.

Лидерот на ДС најави дека ќе побара и во скрининг процесот да биде вклучен целиот конструктивен и компетентен потенцијал во општеството како и тоа дека тој на денешната средба ќе ја отвори темата за целосната реформа на изборното законодавство како што бара и Еврпската комисија од нас.

Трајанов потети дека тема на денешниот состанок ќе биде и неговото барање а тоа е Макеоднија да биде една изборна единица. Можно е Трајанов да го постави прашањето и за предвремени парламентарни избори или пак за формирање на широка владина коалиција која треба да се справи со сите предизици во земјава почнувајќи од енергетска криза па се до измените на Уставот.

The post Павле Трајанов: Ќе ги поддржиме уставните измени ако Бугарија го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>

Признавање на македонското малцинство во Бугарија ќе биде една од темите која на лидерската средба ќе ја отвори претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој како што рече нема ништо против тоа Бугарите да се внесат во Уставот но тоа според него треба да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да го признае македонското малцинство, тие таму да можат да отвораат здруженија и да формираат партии. Лидерот на ДС најави дека ќе побара и во скрининг процесот да биде вклучен целиот конструктивен и компетентен потенцијал во општеството како и тоа дека тој на денешната средба ќе ја отвори темата за целосната реформа на изборното законодавство како што бара и Еврпската комисија од нас. Трајанов потети дека тема на денешниот состанок ќе биде и неговото барање а тоа е Макеоднија да биде една изборна единица. Можно е Трајанов да го постави прашањето и за предвремени парламентарни избори или пак за формирање на широка владина коалиција која треба да се справи со сите предизици во земјава почнувајќи од енергетска криза па се до измените на Уставот.

The post Павле Трајанов: Ќе ги поддржиме уставните измени ако Бугарија го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>
Македонците во Србија на 13 ноември на избори за свој Национален совет https://republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-vo-srbija-na-13-noemvri-na-izbori-za-svoj-nacionalen-sovet/ Mon, 05 Sep 2022 12:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=547628

Министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, денеска распиша избори за членови на Националните совети на националните малцинства (НСНМ) во Србија за 13 ноември, меѓу кои и на НСНМ на македонското малцинство, јави допсиникот на МИА од Белград.

Членовите на Советот, како што рече Чомиќ на прес-конференцијата, ќе се избираат директно или преку електорско собрание.

Како што кажа, Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на 3 септември привремено склучи, согласно законот, посебни избирачки списоци кои се водат за 23 национални малцинства кои имаат свои права во Србија, со цел да се утврди кои национални малцинствата одат на непосредни, а кои поради недоволен број на доброволно запишани гласачи ќе гласаат преку електорско собрание.

Во недела, на 13 ноември, на непосредни избори ќе се избираат членови на советот на 19 национални малцинства, додека четири малцинства, македонското, горанското, хрватското и црногорското ќе се избираат преку електорско собрание, рече Чомиќ.

Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура ќе се пријават и ќе ги исполнат законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на свој НСНМ.

Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – припадници на националното малцинство.

Националните совети во Србија, меѓу кои е и Македонскиот национален совет, е државна институција, финансирана од буџетот на Србија, преку која националните малцинства во Србија ја остваруваат својата со Уставот загарантирана самоуправа во образованието, културата, информирањето, употребата на јазикот и писмото, но не и во политиката.

Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно.

Но, на повеќе досегашни средби на македонците во Србија, како и на средбите со преставници на македонските власти, беа искажани големи проблеми и неслога, со обвинувања на работата на постоечкиот Национален совет и распределбата на финасиски сретства меѓу нив.

Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.

Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци.

The post Македонците во Србија на 13 ноември на избори за свој Национален совет appeared first on Република.

]]>

Министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, денеска распиша избори за членови на Националните совети на националните малцинства (НСНМ) во Србија за 13 ноември, меѓу кои и на НСНМ на македонското малцинство, јави допсиникот на МИА од Белград. Членовите на Советот, како што рече Чомиќ на прес-конференцијата, ќе се избираат директно или преку електорско собрание. Како што кажа, Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на 3 септември привремено склучи, согласно законот, посебни избирачки списоци кои се водат за 23 национални малцинства кои имаат свои права во Србија, со цел да се утврди кои национални малцинствата одат на непосредни, а кои поради недоволен број на доброволно запишани гласачи ќе гласаат преку електорско собрание.
Во недела, на 13 ноември, на непосредни избори ќе се избираат членови на советот на 19 национални малцинства, додека четири малцинства, македонското, горанското, хрватското и црногорското ќе се избираат преку електорско собрание, рече Чомиќ.
Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура ќе се пријават и ќе ги исполнат законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на свој НСНМ. Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – припадници на националното малцинство. Националните совети во Србија, меѓу кои е и Македонскиот национален совет, е државна институција, финансирана од буџетот на Србија, преку која националните малцинства во Србија ја остваруваат својата со Уставот загарантирана самоуправа во образованието, културата, информирањето, употребата на јазикот и писмото, но не и во политиката. Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно. Но, на повеќе досегашни средби на македонците во Србија, како и на средбите со преставници на македонските власти, беа искажани големи проблеми и неслога, со обвинувања на работата на постоечкиот Национален совет и распределбата на финасиски сретства меѓу нив. Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија. Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци.

The post Македонците во Србија на 13 ноември на избори за свој Национален совет appeared first on Република.

]]>
Промена на режимот на работа на ГП „Џепиште Требиште“ побарале Македонците од Голо Брдо од Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/promena-na-rezimot-na-rabota-na-gp-dzepishte-trebishte-pobarale-makedoncite-od-golo-brdo-od-osmani/ Sun, 28 Aug 2022 11:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=544910

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на неговиот фејсбук профил за денешната посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија.

-Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во посета на месноста Голо Брдо во Албанија, на средба со Македонците од овој крај.

-Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, оцени Османи.

Според Османи, има одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија.

The post Промена на режимот на работа на ГП „Џепиште Требиште“ побарале Македонците од Голо Брдо од Османи appeared first on Република.

]]>

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на неговиот фејсбук профил за денешната посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија.
-Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во посета на месноста Голо Брдо во Албанија, на средба со Македонците од овој крај. -Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, оцени Османи.
Според Османи, има одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за македонското национално малцинство во Албанија.

The post Промена на режимот на работа на ГП „Џепиште Требиште“ побарале Македонците од Голо Брдо од Османи appeared first on Република.

]]>
Османи оди кај Македонците во Албанија откако се засили пропагандата дека се Бугари https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-odi-kaj-makedoncite-vo-albanija-otkako-se-zasili-propagandata-deka-se-bugari/ Sat, 27 Aug 2022 17:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=544757

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе ги посети претставниците на македонската заедница во Албанија за да разговара со нив по последните притисоци од Бугарија пред претстојниот попис и тврдењата дека во Албанија живее бугарско малцинство алудирајќи на населението во Пустец, Голо Брдо и Гора.

„Ние работиме со македонското малцинство во Албанија подолго време во различни форми и преку комуникација и преку асистенција“, вели министерот Бујар Османи по информациите од македонските здруженија кои алармираа дека Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација, а Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис.

„Утре ќе ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште-Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Во договор со нашите таму ќе ги посетам општините и училиштето и ќе се сретнам со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што ние можеме да помогнеме во комуникација со Република Албанија“, изјави тој денеска.

Шефот на дипломатијата денеска го презентираше сработеното во изминатите две години откако тој е на чело на министерството за надворешни работи. Најголем предизвик во работењето биле односите со Бугарија а клучни постигнувања се усвојувањето на преговарачката рамка, безусловната прва меѓувладина конференција за почеток на преговорите со Европската унија и историските прашања кои не влегоа во преговарачката рамка како и напуштањето на како што кажа озогласената рамковна позиција на Република Бугарија и Декларацијата на бугарското собрание кое резултираше со вето.

The post Османи оди кај Македонците во Албанија откако се засили пропагандата дека се Бугари appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе ги посети претставниците на македонската заедница во Албанија за да разговара со нив по последните притисоци од Бугарија пред претстојниот попис и тврдењата дека во Албанија живее бугарско малцинство алудирајќи на населението во Пустец, Голо Брдо и Гора.
„Ние работиме со македонското малцинство во Албанија подолго време во различни форми и преку комуникација и преку асистенција“, вели министерот Бујар Османи по информациите од македонските здруженија кои алармираа дека Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација, а Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис. „Утре ќе ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште-Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Во договор со нашите таму ќе ги посетам општините и училиштето и ќе се сретнам со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што ние можеме да помогнеме во комуникација со Република Албанија“, изјави тој денеска.
Шефот на дипломатијата денеска го презентираше сработеното во изминатите две години откако тој е на чело на министерството за надворешни работи. Најголем предизвик во работењето биле односите со Бугарија а клучни постигнувања се усвојувањето на преговарачката рамка, безусловната прва меѓувладина конференција за почеток на преговорите со Европската унија и историските прашања кои не влегоа во преговарачката рамка како и напуштањето на како што кажа озогласената рамковна позиција на Република Бугарија и Декларацијата на бугарското собрание кое резултираше со вето.

The post Османи оди кај Македонците во Албанија откако се засили пропагандата дека се Бугари appeared first on Република.

]]>
ЦИА во своите документи го забележува постоењето на македонското малцинство! https://republika.mk/vesti/makedonija/cia-vo-svoite-dokumenti-go-zabelezuva-postoenjeto-na-makedonskoto-malcinstvo/ Sat, 27 Aug 2022 09:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=544652

Архивата на американската разузнавачка организација ЦИА изобилува со голем број документи, извештаи и анализи што го нотираат постоењето на македонското малцинство во Бугарија, Србија, Албанија и во Грција, но и на Македонците во некои други европски држави. Документите и извештаите потекнуваат од втората половина на 20 век. Тие се пишувани врз основа на добиени податоци од терен, односно од соработниците и информаторите на американската тајна служба. Благодарение на декласификацијата, овие документи сега ѝ се достапни на јавноста, објави Нова Македонија.

„Нова Македонија“, истражувајќи во огромната декласифицирана архива на ЦИА, пронајде неколку документи и извештаи што јасно го посочуваат на постоењето на Македонците надвор од границите на матичната македонска држава. Од денешна перспектива, документите се особено значајни ако се земат предвид последните активности на бугарската држава, која се обидува да го негира постоењето на македонското малцинство, како во Бугарија така и во околните балкански држави. Споменатите документи го докажуваат постоењето на Македонците надвор од матичната држава, но и ги разобличуваат бугарските апсурдни активности.

Документ на ЦИА од февруари 1950 година посочува дека „македонските националисти во Пиринска Македонија“ станале активни и извршиле поголем број саботажи на железничката пруга. Исто така во овој документ се вели дека „Бугарија спроведува политика на денационализација на Македонците во Пиринска Македонија“. Во овој контекст е и извештајот од јули 1953 година, во кој се констатира постоењето на затвори и концентрациони логори на територијата на Бугарија, меѓу кои и оној во Ќустендил, кој бил наменет за „локалното население од Пиринска Македонија“. Постоењето на затвори и концентрациони логори во кои биле затворени Македонци се забележува и во документот на ЦИА што се однесува на 1952 и 1953 година. Во овој документ се вели дека покрај „бугарските затвореници имало и многу странци, особено Југословени, Грци, Турци и Македонци“. Во однос на Македонците се вели дека биле затворени во концентрационен логор и нивната бројка изнесувала околу 400 лица. Затворениците биле принудувани да работат од 8 до 10 часа физичка работа, да сечат дрва и да градат патишта.

Целиот текст тука

The post ЦИА во своите документи го забележува постоењето на македонското малцинство! appeared first on Република.

]]>

Архивата на американската разузнавачка организација ЦИА изобилува со голем број документи, извештаи и анализи што го нотираат постоењето на македонското малцинство во Бугарија, Србија, Албанија и во Грција, но и на Македонците во некои други европски држави. Документите и извештаите потекнуваат од втората половина на 20 век. Тие се пишувани врз основа на добиени податоци од терен, односно од соработниците и информаторите на американската тајна служба. Благодарение на декласификацијата, овие документи сега ѝ се достапни на јавноста, објави Нова Македонија. „Нова Македонија“, истражувајќи во огромната декласифицирана архива на ЦИА, пронајде неколку документи и извештаи што јасно го посочуваат на постоењето на Македонците надвор од границите на матичната македонска држава. Од денешна перспектива, документите се особено значајни ако се земат предвид последните активности на бугарската држава, која се обидува да го негира постоењето на македонското малцинство, како во Бугарија така и во околните балкански држави. Споменатите документи го докажуваат постоењето на Македонците надвор од матичната држава, но и ги разобличуваат бугарските апсурдни активности. Документ на ЦИА од февруари 1950 година посочува дека „македонските националисти во Пиринска Македонија“ станале активни и извршиле поголем број саботажи на железничката пруга. Исто така во овој документ се вели дека „Бугарија спроведува политика на денационализација на Македонците во Пиринска Македонија“. Во овој контекст е и извештајот од јули 1953 година, во кој се констатира постоењето на затвори и концентрациони логори на територијата на Бугарија, меѓу кои и оној во Ќустендил, кој бил наменет за „локалното население од Пиринска Македонија“. Постоењето на затвори и концентрациони логори во кои биле затворени Македонци се забележува и во документот на ЦИА што се однесува на 1952 и 1953 година. Во овој документ се вели дека покрај „бугарските затвореници имало и многу странци, особено Југословени, Грци, Турци и Македонци“. Во однос на Македонците се вели дека биле затворени во концентрационен логор и нивната бројка изнесувала околу 400 лица. Затворениците биле принудувани да работат од 8 до 10 часа физичка работа, да сечат дрва и да градат патишта. Целиот текст тука

The post ЦИА во своите документи го забележува постоењето на македонското малцинство! appeared first on Република.

]]>
Села: Бугарија да го признае македонското малцинство https://republika.mk/vesti/makedonija/sela-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Mon, 18 Apr 2022 18:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=490210

Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинството обострано, во Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието.

Во поглед на проблемот кој постои меѓу Македонија и Бугарија, Села смета дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ.

Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис. Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села.

Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење.

На новинарско прашање околу штрајкот на просветните работници, Села рече дека ова не би се случило доколку беше прифатен амандманот на Алијансата за Албанците за раст за минималната плата, за линерен раст на платите во сите сектори.

Мене ми изгледа апсурдно и лицемерно од страна на Владата што сега одигруваат улога на жртва бидејќи СОНК не ја прифатила понудата од 2.500 денари пораст на платите, додека Владата во времето кога се зголемуваше минималната плата, еднострано, бескрупулозно го отфрли амандманот на Алијансата за Албанците со кој се предвидуваше линеарно зголемување на платите и на наставниците, на администрацијата и на сите други вработени, рече Села.

 

The post Села: Бугарија да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>

Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинството обострано, во Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието. Во поглед на проблемот кој постои меѓу Македонија и Бугарија, Села смета дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ.
Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис. Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села.
Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење. На новинарско прашање околу штрајкот на просветните работници, Села рече дека ова не би се случило доколку беше прифатен амандманот на Алијансата за Албанците за раст за минималната плата, за линерен раст на платите во сите сектори.
Мене ми изгледа апсурдно и лицемерно од страна на Владата што сега одигруваат улога на жртва бидејќи СОНК не ја прифатила понудата од 2.500 денари пораст на платите, додека Владата во времето кога се зголемуваше минималната плата, еднострано, бескрупулозно го отфрли амандманот на Алијансата за Албанците со кој се предвидуваше линеарно зголемување на платите и на наставниците, на администрацијата и на сите други вработени, рече Села.
 

The post Села: Бугарија да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>
Непризнатото турско малцинство во Бугарија се сретна со непризнатото македонско малцинство во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/nepriznatoto-tursko-malcinstvo-vo-bugarija-se-sretna-so-nepriznatoto-makedonsko-malcinstvo-vo-grcija/ Fri, 04 Feb 2022 21:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=454379

Претседателот на Првата и единствена политичка партија на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, Чигдем Асафоглу се сретна со претставниците на македонското малцинство Евгенија Нацулиду и Архимандритот Никодим Царкњас, основачите на „Крсте Мисирков“ на „Движењето за промоција на македонскиот мајчин јазик“, кое делува на македонското малцинство во областа Воден.

На средбата, која ја одржаа во пријателска атмосфера, се разговараше за актуелните проблеми на двете малцинства, како и за идната соработка и работа на овие две малцинства.

Би сакале да им се заблагодариме на припадниците на македонското малцинство во Егејска Македонија на македонското малцинство што не примија како гости и да ја информираме јавноста дека нашите контакти ќе продолжат, имајќи го предвид фактот дека во мултикултурна земја со различно етничко потекло, се оценуваат за доброто на земјата ќе донесе богатство и демократија еднаквост на општеството во секоја смисла

The post Непризнатото турско малцинство во Бугарија се сретна со непризнатото македонско малцинство во Грција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Првата и единствена политичка партија на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, Чигдем Асафоглу се сретна со претставниците на македонското малцинство Евгенија Нацулиду и Архимандритот Никодим Царкњас, основачите на „Крсте Мисирков“ на „Движењето за промоција на македонскиот мајчин јазик“, кое делува на македонското малцинство во областа Воден. На средбата, која ја одржаа во пријателска атмосфера, се разговараше за актуелните проблеми на двете малцинства, како и за идната соработка и работа на овие две малцинства. Би сакале да им се заблагодариме на припадниците на македонското малцинство во Егејска Македонија на македонското малцинство што не примија како гости и да ја информираме јавноста дека нашите контакти ќе продолжат, имајќи го предвид фактот дека во мултикултурна земја со различно етничко потекло, се оценуваат за доброто на земјата ќе донесе богатство и демократија еднаквост на општеството во секоја смисла

The post Непризнатото турско малцинство во Бугарија се сретна со непризнатото македонско малцинство во Грција appeared first on Република.

]]>
Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/posetata-na-petkov-ne-dade-odgovor-dali-koga-i-pod-kakvi-uslovi-bugarija-kje-go-trgne-vetoto-za-makedonija/ Tue, 18 Jan 2022 15:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=446430

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков не донесе ништо во односите меѓу двете земји. Македонија се уште е заглавена од ветото а преговорите со ЕУ сега изледаат уште подалечни.

Петков не даде одговор на ниту едно важно прашање туку на дипломатски начин се обидуваше да избегне префрлајќи ја топката кон комисијата за историја или пак се повикуваше на содржината на Договорот за добрососедство во делот за јазикот.

Петков немаше храброст да каже како се вика јазикот и народот кој му пружи гостопримство велејќи дека точната формулација е наведена во договорот меѓу двете земји.

Нејасно е и под какви услови и состав ќе работи историската комисија која практично е блокирана и дали има услови за напредок ако се знаат максималистичките барања во однос на јазикот, идентитетот и нацијата.

Единствено по што ќе остане запаметена оваа средба е дека Бугарија го прифатила краткото име „Cеверна Македонија“, но тоа е нивен проблем бидејќи новото име  и онака не беше прифатено од мнозинството македонски граѓани.

Јасно е дека Петков оваа посета ја искористи за себепромоција пред официјален Брисел и пред своите поддржувачи дома за да  прикаже контруктивност.

Отсапките и компромисот секако ќе биде оставен за Ковачевски и новата влада кои и онака се кооперативни и подготвени за договор по секоја цена како што призна довчерашниот вицепремиер Никола Димитров.

The post Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков не донесе ништо во односите меѓу двете земји. Македонија се уште е заглавена од ветото а преговорите со ЕУ сега изледаат уште подалечни. Петков не даде одговор на ниту едно важно прашање туку на дипломатски начин се обидуваше да избегне префрлајќи ја топката кон комисијата за историја или пак се повикуваше на содржината на Договорот за добрососедство во делот за јазикот. Петков немаше храброст да каже како се вика јазикот и народот кој му пружи гостопримство велејќи дека точната формулација е наведена во договорот меѓу двете земји. Нејасно е и под какви услови и состав ќе работи историската комисија која практично е блокирана и дали има услови за напредок ако се знаат максималистичките барања во однос на јазикот, идентитетот и нацијата. Единствено по што ќе остане запаметена оваа средба е дека Бугарија го прифатила краткото име „Cеверна Македонија“, но тоа е нивен проблем бидејќи новото име  и онака не беше прифатено од мнозинството македонски граѓани. Јасно е дека Петков оваа посета ја искористи за себепромоција пред официјален Брисел и пред своите поддржувачи дома за да  прикаже контруктивност. Отсапките и компромисот секако ќе биде оставен за Ковачевски и новата влада кои и онака се кооперативни и подготвени за договор по секоја цена како што призна довчерашниот вицепремиер Никола Димитров.

The post Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>
Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство https://republika.mk/vesti/makedonija/rot-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Tue, 18 Jan 2022 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=446396

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.

Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

The post Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.
Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.
Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.
Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

The post Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

]]>