Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков не донесе ништо во односите меѓу двете земји. Македонија се уште е заглавена од ветото а преговорите со ЕУ сега изледаат уште подалечни.

Петков не даде одговор на ниту едно важно прашање туку на дипломатски начин се обидуваше да избегне префрлајќи ја топката кон комисијата за историја или пак се повикуваше на содржината на Договорот за добрососедство во делот за јазикот.

Петков немаше храброст да каже како се вика јазикот и народот кој му пружи гостопримство велејќи дека точната формулација е наведена во договорот меѓу двете земји.

Нејасно е и под какви услови и состав ќе работи историската комисија која практично е блокирана и дали има услови за напредок ако се знаат максималистичките барања во однос на јазикот, идентитетот и нацијата.

Единствено по што ќе остане запаметена оваа средба е дека Бугарија го прифатила краткото име „Cеверна Македонија“, но тоа е нивен проблем бидејќи новото име  и онака не беше прифатено од мнозинството македонски граѓани.

Јасно е дека Петков оваа посета ја искористи за себепромоција пред официјален Брисел и пред своите поддржувачи дома за да  прикаже контруктивност.

Отсапките и компромисот секако ќе биде оставен за Ковачевски и новата влада кои и онака се кооперативни и подготвени за договор по секоја цена како што призна довчерашниот вицепремиер Никола Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.