македонски клуб Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-klub/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 10:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски клуб Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-klub/ 32 32 Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/odbiena-registratsijata-na-makedonskiot-klub-klub-nikola-vaptsarov-vo-blagoevgrad/ Sun, 12 Feb 2023 10:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=607951

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ соопшти дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград, Бугарија, ги доставиле основните документи на истоименото здружение.

Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката потпишана од Атанас Мазнев.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври лани, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот.

Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, додаваат од клубот.

The post Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ соопшти дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград, Бугарија, ги доставиле основните документи на истоименото здружение.
Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката потпишана од Атанас Мазнев.
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври лани, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.
Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, додаваат од клубот.

The post Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Уште се силат: Пуштени од притвор, нема ни пријава за лицата кои го искршија македонскиот клуб во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-se-silat-pushteni-od-pritvor-nema-ni-prijava-za-litsata-koi-go-iskrshija-makedonskiot-klub-vo-bugarija/ Thu, 09 Feb 2023 08:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=606764

Пуштени се од притвор двајцата општински службеници во Благоевград и нивните сопруги кои го вандализираа македонскиот клуб во градот. Притоа не е поднесена пријава, јавува бугарската телевизија Нова.

Јас сум иницијаторка за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Ја покажавме нашата длабока огорченост и незадоволство од случувањата на бугарско-македонската граница. Нашата држава беше понижена од РМ – изјавила за телевизијата Људмила Костадинова, една од сторителите.

Костадинова била кандидатка за градоначалничка на Благоевград на последните два циклуси локални избори.

Двајцата мажи пак, вработени во јавното претпријатие „Озеленување“ во општината Благоевград велат дека го делат мислењето на иницијаторката Костадинова и дека се приклучиле на чинот.

Требаше да се покаже дека сè уште има будни Бугари кои се заинтересирани за нашата земја – рекол Николај Иванов, еден од нив.

Вчера градоначалникот на Благоевград изјави дека ќе ги казни сторителите за вандализирањето кога ќе бидат казнети цариниците во Македонија, кои, според него, „предизвикале ментално и физичко насилство врз многу Бугари“.

The post Уште се силат: Пуштени од притвор, нема ни пријава за лицата кои го искршија македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Пуштени се од притвор двајцата општински службеници во Благоевград и нивните сопруги кои го вандализираа македонскиот клуб во градот. Притоа не е поднесена пријава, јавува бугарската телевизија Нова.
Јас сум иницијаторка за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Ја покажавме нашата длабока огорченост и незадоволство од случувањата на бугарско-македонската граница. Нашата држава беше понижена од РМ – изјавила за телевизијата Људмила Костадинова, една од сторителите.
Костадинова била кандидатка за градоначалничка на Благоевград на последните два циклуси локални избори. Двајцата мажи пак, вработени во јавното претпријатие „Озеленување“ во општината Благоевград велат дека го делат мислењето на иницијаторката Костадинова и дека се приклучиле на чинот.
Требаше да се покаже дека сè уште има будни Бугари кои се заинтересирани за нашата земја – рекол Николај Иванов, еден од нив.
Вчера градоначалникот на Благоевград изјави дека ќе ги казни сторителите за вандализирањето кога ќе бидат казнети цариниците во Македонија, кои, според него, „предизвикале ментално и физичко насилство врз многу Бугари“.

The post Уште се силат: Пуштени од притвор, нема ни пријава за лицата кои го искршија македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Двајца мажи и две жени приведени во Бугарија за оштетувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/dvajtsa-mazhi-i-dve-zheni-privedeni-vo-bugarija-za-oshtetuvaneto-na-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-vo-blagoevgrad/ Tue, 07 Feb 2023 18:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=606176

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Како што пишуваат бугарските медиуми, тие го признале делото за кое се обвинети.

Според медиумите, бугарскиот министер за внатрешни работи го информирал својот македонски колега за приведувањето на четворите лица и побарал и властите во Скопје да ја завршат истрагата и да ги приведат напаѓачите на Христијан Пендиков.

The post Двајца мажи и две жени приведени во Бугарија за оштетувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Како што пишуваат бугарските медиуми, тие го признале делото за кое се обвинети. Според медиумите, бугарскиот министер за внатрешни работи го информирал својот македонски колега за приведувањето на четворите лица и побарал и властите во Скопје да ја завршат истрагата и да ги приведат напаѓачите на Христијан Пендиков.

The post Двајца мажи и две жени приведени во Бугарија за оштетувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го осуди вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-osudi-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Sun, 05 Feb 2023 19:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=605112

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.

Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски го осуди вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

Испокршени се стаклата на македонскиот клуб во Благоевград https://republika.mk/vesti/balkan/ispokrsheni-se-staklata-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ Sun, 05 Feb 2023 07:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=604933

Испокршено е стаклото од влезот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Информацијата дека е каменуван излогот на клубот ја потврди и бугарската полиција која извршила увид. Каменувањето се случило синоќа околу 21 часот.

Овој инцидент се случи по вчерашните случување на граничниот премин Деве Баир кога беа приведени тројца Бугари кои навредуваа полицајци и не ги почитуваа наредбите од униформирани лица и вербално ги напаѓаа. Синоќа тие беа протерани од Македонија и казнети по 300 евра.
Македонскиот клуб беше отворен лани во октомври.

The post Испокршени се стаклата на македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Испокршено е стаклото од влезот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Информацијата дека е каменуван излогот на клубот ја потврди и бугарската полиција која извршила увид. Каменувањето се случило синоќа околу 21 часот. Овој инцидент се случи по вчерашните случување на граничниот премин Деве Баир кога беа приведени тројца Бугари кои навредуваа полицајци и не ги почитуваа наредбите од униформирани лица и вербално ги напаѓаа. Синоќа тие беа протерани од Македонија и казнети по 300 евра. Македонскиот клуб беше отворен лани во октомври.

The post Испокршени се стаклата на македонскиот клуб во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Mакедонскиот клуб во Бугарија чека нова влада во Бугарија, подобри времиња… https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-klub-vo-bugarija-cheka-nova-vlada-vo-bugarija-podobri-vremina/ Wed, 25 Jan 2023 13:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=600883

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.

Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија.

За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски.

The post Mакедонскиот клуб во Бугарија чека нова влада во Бугарија, подобри времиња… appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.
Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање.
Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија.
За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски.

The post Mакедонскиот клуб во Бугарија чека нова влада во Бугарија, подобри времиња… appeared first on Република.

]]>
Османи: Тие што собираа политички поени во Благоевград сега нека им објаснат на Македонците таму зошто останаа без здружение https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-tie-shto-sobiraa-politichki-poeni-vo-blagoevgrad-sega-neka-im-objasnat-na-makedoncite-tamu-zoshto-ostanaa-bez-zdruzenie/ Tue, 01 Nov 2022 15:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=568366

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги повика политичките партии кои во неделата присуствуваа на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград сега да им објаснат на Македонците во Бугарија зошто е укинато здружението што го отвори клубот.

Османи истакна дека како Министерство за надворешни работи претпоставувале дека целиот настан ќе предизвика верижна реакција од која на крај најоштетени ќе излезат граѓаните, односно Македонците во Бугарија.

Ние воопшто не знаевме што ќе биде, но претпоставуваме дека тоа ќе предизвика верижна реакција на еден негативен фидбек, еден негативен натпревар од кој на крај најоштетени ќе излезат токму граѓаните, Македонците во Бугарија. И сега нека излезат тие што отидоа таму да ги охрабрат, тие политичари што отидоа да ловат политички поени нека им објаснат на луѓето зошто им е укинато здружението, изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со потпретседателот на влада и министер за надворешни работи на Казахстан, Мукхтар Тилеуберди, кој е во посета на земјава.

Османи повторно ги посочи неговите пораки дека станува збор за „погрешен пат и дека треба поинаку да се прави“, притоа нагласувајќи ги финансиерите на клубот, како што изјави Османи, сомнителното здружение од Канада со антидржавни ставови.

Не може здружение на двајца од Канада, пет илјади километри одовде, да ја знаат нашата ситуација подобро. Ако има некој да помогне, да финансира, да охрабрува има луѓе кои подобро ја разбираат проблематиката. Меѓутоа едно сомнително здружение од Канада кое што има антидржавни ставови да финансира токму во ова време отворање на клуб на Македонците како одговор на отворањето на клубот во Охрид тоа не е наша политика, тоа не е начин на кој ние би ги промовирале интересите на граѓаните. Ние знаевме дека тоа е само саботирање на интересите на заедницата и рековме дека на крај тоа ќе заврши на штета на тие граѓани. Мислам дека е време да се прашаат тие политичари што отидоа да ловат одредени политички поени, како сега ќе се оправдаат, како ќе им објаснат на Македонците таму зошто им е укинато здружението, изјави Османи.

За комплицираната ситуација во Бугарија околу формирањето на политичка влада во земјата и како тоа се одразува на билатералните обврски преземени од двете земји, Османи хипотетички се осврна на прашањето поставувајќи ситуација во која Македонија не ја донела одлуката за склучување на договорот со Бугарија.

Сега ќе ги чекавме резултатите од формирањето на институциите во Бугарија и ќе бевме се уште во исчекување кога таму ќе има одредена предвидливост за да може евентуално да се најде решение. Така да тоа беше добра одлука, вели Османи.

Тој истакна дека во моментов земјава нема „некој отворен дијалог со Република Бугарија за отворени прашања, туку во делот на имплементација на обврските“.

Ние ги имплементираме нашиот дел од обврските, Република Бугарија својот дел. Последно беше ова со Фронтекс. Тоа беше обврска на Република Бугарија преземен од протоколот потпишан на 12 јули, изјави Османи.

Како што информираше шефот на дипломатијата, тој следната недела планира да оди во работна посета на Бугарија, каде покрај со претставници на службената Влада планира да се сретне и со политичките партии за да разговара, како што рече , отворено за сите аспекти.

Мислам дека сега е време за да се воспостави таа комуникација и со политичките партии во Република Бугарија, истакна Османи.

The post Османи: Тие што собираа политички поени во Благоевград сега нека им објаснат на Македонците таму зошто останаа без здружение appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги повика политичките партии кои во неделата присуствуваа на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград сега да им објаснат на Македонците во Бугарија зошто е укинато здружението што го отвори клубот. Османи истакна дека како Министерство за надворешни работи претпоставувале дека целиот настан ќе предизвика верижна реакција од која на крај најоштетени ќе излезат граѓаните, односно Македонците во Бугарија.
Ние воопшто не знаевме што ќе биде, но претпоставуваме дека тоа ќе предизвика верижна реакција на еден негативен фидбек, еден негативен натпревар од кој на крај најоштетени ќе излезат токму граѓаните, Македонците во Бугарија. И сега нека излезат тие што отидоа таму да ги охрабрат, тие политичари што отидоа да ловат политички поени нека им објаснат на луѓето зошто им е укинато здружението, изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со потпретседателот на влада и министер за надворешни работи на Казахстан, Мукхтар Тилеуберди, кој е во посета на земјава.
Османи повторно ги посочи неговите пораки дека станува збор за „погрешен пат и дека треба поинаку да се прави“, притоа нагласувајќи ги финансиерите на клубот, како што изјави Османи, сомнителното здружение од Канада со антидржавни ставови.
Не може здружение на двајца од Канада, пет илјади километри одовде, да ја знаат нашата ситуација подобро. Ако има некој да помогне, да финансира, да охрабрува има луѓе кои подобро ја разбираат проблематиката. Меѓутоа едно сомнително здружение од Канада кое што има антидржавни ставови да финансира токму во ова време отворање на клуб на Македонците како одговор на отворањето на клубот во Охрид тоа не е наша политика, тоа не е начин на кој ние би ги промовирале интересите на граѓаните. Ние знаевме дека тоа е само саботирање на интересите на заедницата и рековме дека на крај тоа ќе заврши на штета на тие граѓани. Мислам дека е време да се прашаат тие политичари што отидоа да ловат одредени политички поени, како сега ќе се оправдаат, како ќе им објаснат на Македонците таму зошто им е укинато здружението, изјави Османи.
За комплицираната ситуација во Бугарија околу формирањето на политичка влада во земјата и како тоа се одразува на билатералните обврски преземени од двете земји, Османи хипотетички се осврна на прашањето поставувајќи ситуација во која Македонија не ја донела одлуката за склучување на договорот со Бугарија.
Сега ќе ги чекавме резултатите од формирањето на институциите во Бугарија и ќе бевме се уште во исчекување кога таму ќе има одредена предвидливост за да може евентуално да се најде решение. Така да тоа беше добра одлука, вели Османи.
Тој истакна дека во моментов земјава нема „некој отворен дијалог со Република Бугарија за отворени прашања, туку во делот на имплементација на обврските“.
Ние ги имплементираме нашиот дел од обврските, Република Бугарија својот дел. Последно беше ова со Фронтекс. Тоа беше обврска на Република Бугарија преземен од протоколот потпишан на 12 јули, изјави Османи.
Како што информираше шефот на дипломатијата, тој следната недела планира да оди во работна посета на Бугарија, каде покрај со претставници на службената Влада планира да се сретне и со политичките партии за да разговара, како што рече , отворено за сите аспекти.
Мислам дека сега е време за да се воспостави таа комуникација и со политичките партии во Република Бугарија, истакна Османи.

The post Османи: Тие што собираа политички поени во Благоевград сега нека им објаснат на Македонците таму зошто останаа без здружение appeared first on Република.

]]>
Денеска во Благоевград се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/ Sun, 30 Oct 2022 08:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=567303

Во Благоевград за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“.

Од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува. На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува.

-Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, информираа од Кабинетот на претседателот.

Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.

И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската Влада. Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствува и македонската Влада, рече Ковачевски.

И вчера во изјава за медиумите Ковачевски го повтори својот став и додаде дека на бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград.

Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, рече Ковачевски, порачувајќи дека меѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат државите.

На иста линија со Ковачевски е и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој рече дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ниту, пак, дека ќе има владина делегација и делегација од СДСМ.

Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива, рече Маричиќ за „Студио 10“ на ТВ24.

Тој појасни дека се уште немаат информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро е институционално да се водат работите.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот на брифинг со новинарите во Скопје потврди дека нема да оди на отворањето на клубот, бидејќи смета дека ниту тој клуб, ниту пак бугарските што се отвораат тука им одат во корист на македонската заедница во Бугарија или на бугарската заедница во земјава.

Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград, не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави. Додаде дека ова негово мислење, било поткрепено и со податокот, кој го финансира клубот во Благоевград и дека тој факт го доведува до заклучок дека тој процес не може да биде во функција на промовирање на македонската заедница, на интересите на граѓаните Македонци таму, на односите меѓу двете држави, на добрососедството.

Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интетреси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји. Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи.

На изјавата на Османи реагираше ОМО Илинден Пирин, посочувајќи дека никој не крие кој стои зад културниот центар.

Во објавата насловена „Отворена порака до Османи“, ОМО „Илинден“ – ПИРИН наведува дека било познато кој стои зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ и дека тоа никој не го крие.

Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, наведува организацијата во реакцијата на изјавата на Османи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе оди на отворањето во Благоевград за, како што вели, да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои зад нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси.

Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата - рече Мицкоски во четвртокот.

Коментирајќи ја одлуката на државниот врв да не присуствува на отварањето на македонскиот клуб во Бугарија, Мицкоски оцени дека нивното присуство би било одлична можност да се покаже национално единство.

Ова беше одлична можност државниот врв да дојде, за да покажеме национално единство. Да дојдат сите таму и да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија. Жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси наместо на интерсите на својот народ. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград - рече Мицкоски.

Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг во петокот изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров.

Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во  Македонија.

Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот - рече Коџабашев.

Во пресрет на отворањето на македонскиот клуб, ВМРО – Бугарско национално движење најави протест.

Советот на Општина Благоевград неодамна излезе со декларација со која се изразува противење на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град, со оценка дека таквиот чин претставува провокација.

Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“.

Потенцирајќи дека „Никола Јонков Вапцаров е бугарски поет“, општинските советници на Благоевград оценуваат дека формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“.

Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата.

Веднаш потоа уследи реакција од македонското МНР, кое ги осуди „непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ“.

Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението.

Од МНР уште еднаш потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството. – Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, стоеше во реакцијата на МНР.

The post Денеска во Благоевград се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Во Благоевград за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“. Од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува. На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува.
-Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, информираа од Кабинетот на претседателот.
Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.
И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската Влада. Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствува и македонската Влада, рече Ковачевски.
И вчера во изјава за медиумите Ковачевски го повтори својот став и додаде дека на бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград. Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, рече Ковачевски, порачувајќи дека меѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат државите. На иста линија со Ковачевски е и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој рече дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ниту, пак, дека ќе има владина делегација и делегација од СДСМ.
Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива, рече Маричиќ за „Студио 10“ на ТВ24.
Тој појасни дека се уште немаат информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро е институционално да се водат работите. И министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот на брифинг со новинарите во Скопје потврди дека нема да оди на отворањето на клубот, бидејќи смета дека ниту тој клуб, ниту пак бугарските што се отвораат тука им одат во корист на македонската заедница во Бугарија или на бугарската заедница во земјава. Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград, не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави. Додаде дека ова негово мислење, било поткрепено и со податокот, кој го финансира клубот во Благоевград и дека тој факт го доведува до заклучок дека тој процес не може да биде во функција на промовирање на македонската заедница, на интересите на граѓаните Македонци таму, на односите меѓу двете држави, на добрососедството.
Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интетреси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји. Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи.
На изјавата на Османи реагираше ОМО Илинден Пирин, посочувајќи дека никој не крие кој стои зад културниот центар. Во објавата насловена „Отворена порака до Османи“, ОМО „Илинден“ – ПИРИН наведува дека било познато кој стои зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ и дека тоа никој не го крие. Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, наведува организацијата во реакцијата на изјавата на Османи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе оди на отворањето во Благоевград за, како што вели, да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои зад нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси.
Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата - рече Мицкоски во четвртокот.
Коментирајќи ја одлуката на државниот врв да не присуствува на отварањето на македонскиот клуб во Бугарија, Мицкоски оцени дека нивното присуство би било одлична можност да се покаже национално единство.
Ова беше одлична можност државниот врв да дојде, за да покажеме национално единство. Да дојдат сите таму и да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија. Жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси наместо на интерсите на својот народ. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград - рече Мицкоски.
Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг во петокот изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров. Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во  Македонија.
Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот - рече Коџабашев.
Во пресрет на отворањето на македонскиот клуб, ВМРО – Бугарско национално движење најави протест. Советот на Општина Благоевград неодамна излезе со декларација со која се изразува противење на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град, со оценка дека таквиот чин претставува провокација. Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“. Потенцирајќи дека „Никола Јонков Вапцаров е бугарски поет“, општинските советници на Благоевград оценуваат дека формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“.
Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата.
Веднаш потоа уследи реакција од македонското МНР, кое ги осуди „непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ“. Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението. Од МНР уште еднаш потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството. – Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, стоеше во реакцијата на МНР.

The post Денеска во Благоевград се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
БНТ: Наследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име https://republika.mk/vesti/makedonija/bnt-naslednicite-na-vapcarov-ne-se-soglasuvaat-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-da-go-nosi-negovoto-ime/ Thu, 27 Oct 2022 12:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=566341

Секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин, вели внукот на Вапцаров

Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград, кој треба да се отвори на 30 октомври, да го носи неговото име, пишува Бугарската национална телевизија (БНT).

Тврдењата што ги имаат браќата од Македонија не се оправдани бидејќи сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност, вели Никола Вапцаров, внук на поетот.

БНТ во текстот пренесува и изјави од иницијаторите за отворањето на македонскиот клуб наведувајќи дека нивната главна цел е тој да биде културен мост меѓу Бугарија и Македонија.

Ние се чувствуваме Македонци и сакаме да формираме, преку нашите идеи и иницијативи, нов културен простор за интеракција меѓу бугарската и македонската држава, меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Нашата друга цел е Бугарија конечно да го признае постоењето на македонското малцинство, што е аномалија без преседан во Европа, вели Атанас Мазнев, според кого Вапцаров бил дел од македонскиот кулутрен круг.

Советот на Општина Благоевград, пак, претходно остро се спротивстави на отворањето на клубот и советниците изгласаа декларација со која македонскиот клуб го нарекоа антибугарска провокација. Меѓутоа, клубот се наоѓа на приватен имот и не е потребна дозвола од локалната власт.

На отворањето што треба да се случи во недела, нема да присуствува премиерот Димитар Ковачевски, како ниту претставници на бугарската влада иако добиле покани. Присуство најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post БНТ: Наследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име appeared first on Република.

]]>

Секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин, вели внукот на Вапцаров Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград, кој треба да се отвори на 30 октомври, да го носи неговото име, пишува Бугарската национална телевизија (БНT).
Тврдењата што ги имаат браќата од Македонија не се оправдани бидејќи сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност, вели Никола Вапцаров, внук на поетот.
БНТ во текстот пренесува и изјави од иницијаторите за отворањето на македонскиот клуб наведувајќи дека нивната главна цел е тој да биде културен мост меѓу Бугарија и Македонија.
Ние се чувствуваме Македонци и сакаме да формираме, преку нашите идеи и иницијативи, нов културен простор за интеракција меѓу бугарската и македонската држава, меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Нашата друга цел е Бугарија конечно да го признае постоењето на македонското малцинство, што е аномалија без преседан во Европа, вели Атанас Мазнев, според кого Вапцаров бил дел од македонскиот кулутрен круг.
Советот на Општина Благоевград, пак, претходно остро се спротивстави на отворањето на клубот и советниците изгласаа декларација со која македонскиот клуб го нарекоа антибугарска провокација. Меѓутоа, клубот се наоѓа на приватен имот и не е потребна дозвола од локалната власт. На отворањето што треба да се случи во недела, нема да присуствува премиерот Димитар Ковачевски, како ниту претставници на бугарската влада иако добиле покани. Присуство најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post БНТ: Наследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во Благоевград одам да им дадам поддршка на Македонците во Бугарија, жалам што претседателот и премиерот решија да бидат слуги за туѓи интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-blagoevgrad-odam-da-im-dadam-poddrshka-na-makedoncite-vo-bugarija-zalam-shto-pretsedatelot-i-premierot-reshija-da-bidat-slugi-za-tugji-interesi/ Thu, 27 Oct 2022 10:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=566247

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешниот настан во хотел Хилтон „Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот“ одговарајќи на новинарско прашање изјави дека на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград ќе оди да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да им даде до знаење дека Македонија стои позади нив и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и ќе ги штити нивните интереси.

- Немаме ние антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои зад нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски.

Во врска со тоа што премиерот Ковачевски нема да оди, а претседателот Пендаровски вели дека не бил поканет, Мицкоски истакна дека не верува во тоа што го кажуваат и дека ова беше можност да се покаже политичко единство, но тие одлучиле да служат на туѓи интереси.

- Ова беше можност да се покаже политичко единство, но за жал тие кои имаат полна уста за единство за обединување требаше со нас да одат таму и да ги стегнат рацете на Македонците во Бугарија кои се одважија и ги поканија политичарите во Македонија. Ако сум бил јас поканет сигурно е и тој поканет, но навикнати сме на такво однесување, жалам што не се надминаа себе се, жалам што остануваат да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ. Јас сум убеден дека македонскиот народ знае на следните избор гласно да зборува на кому да ја даде довербата, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Во Благоевград одам да им дадам поддршка на Македонците во Бугарија, жалам што претседателот и премиерот решија да бидат слуги за туѓи интереси appeared first on Република.

Македонскиот клуб во Благоевград ќе ги отвори вратите на 30 октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-kje-gi-otvori-vratite-na-30-oktomvri/ Fri, 21 Oct 2022 18:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=564141

Основачите на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград најавија дека клубот ќе биде отворен на 30 октомври.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.

На 30 октомври нашиот скромен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ свечено ќе ги отвори вратите во Благоевград.

Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.

Основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30.08.2019 година. со EIK 205801406.

Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград.

Поканети се премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград.

Поканети се медиумите од двете страни на границата.

Поканети се пријатели и гости од земјава и странство.

Поканети се сите добронамерници.

Сите кои ги споделуваат и поддржуваат нашите цели – добредојдени сте!

Заповедајте!

Скромната прослава ќе се одржи со следната програма:

- отворање со поздрав кон присутните

- осветување според христијанските обичаи

- поздрави од официјалните гости на прославата

- положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.

Од организаторите: Атанас Мазнев

The post Македонскиот клуб во Благоевград ќе ги отвори вратите на 30 октомври appeared first on Република.

]]>

Основачите на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград најавија дека клубот ќе биде отворен на 30 октомври. Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.
На 30 октомври нашиот скромен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ свечено ќе ги отвори вратите во Благоевград.   Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.   Основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30.08.2019 година. со EIK 205801406.   Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград.   Поканети се премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград.   Поканети се медиумите од двете страни на границата.   Поканети се пријатели и гости од земјава и странство.   Поканети се сите добронамерници.   Сите кои ги споделуваат и поддржуваат нашите цели – добредојдени сте!   Заповедајте!   Скромната прослава ќе се одржи со следната програма:   - отворање со поздрав кон присутните   - осветување според христијанските обичаи   - поздрави од официјалните гости на прославата   - положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.   Од организаторите: Атанас Мазнев

The post Македонскиот клуб во Благоевград ќе ги отвори вратите на 30 октомври appeared first on Република.

]]>
Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ https://republika.mk/vesti/makedonija/blagoevgrad-go-zabrani-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/ Tue, 18 Oct 2022 08:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=562433

Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации, се вели во образложението на декларацијата изгласано од Советот на овој бугарски град.

Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

The post Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

Вандализиран македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/vandaliziran-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad/ Wed, 05 Oct 2022 13:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=557644

Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград денеска беше предмет на вандализам од страна на непознати сторители. Во текот на вчерашниот ден била извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, соопшти Нов АСНОМ според информации добиени од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права.

„Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваквиот вандалски чин. Од друга страна, нашата Влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“, додаваат од Нов АСНОМ.

Нов АСНОМ смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Бугарија.

The post Вандализиран македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград денеска беше предмет на вандализам од страна на непознати сторители. Во текот на вчерашниот ден била извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, соопшти Нов АСНОМ според информации добиени од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права. „Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваквиот вандалски чин. Од друга страна, нашата Влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“, додаваат од Нов АСНОМ. Нов АСНОМ смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Бугарија.  

The post Вандализиран македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Македонците во Бугарија сакаат да отворат клуб „Никола Вапцаров“, бараат поддршка од македонската влада https://republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-vo-bugarija-sakaat-da-otvorat-klub-nikola-vapcarov-baraat-poddrshka-od-makedonskata-vlada/ Thu, 16 Jun 2022 21:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=516163

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.

Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.

Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, велат од ОМО Илинден.

Во Битола претходно бугарскиот државен врв присуствуваше на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста.
Откако во земјава, пејачот Ламбе Алабаковски го запали влезот на клубот во Битола, и потоа ја признал вината откако полицијата го приведе, Македонците во Бугарија кажаа дека и нивниот клуб бил вандализиран, но бидејќи немало поголема штета, полицијата не преземала мерки.

The post Македонците во Бугарија сакаат да отворат клуб „Никола Вапцаров“, бараат поддршка од македонската влада appeared first on Република.

]]>

Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград. Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.
Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот, велат од ОМО Илинден.
Во Битола претходно бугарскиот државен врв присуствуваше на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста. Откако во земјава, пејачот Ламбе Алабаковски го запали влезот на клубот во Битола, и потоа ја признал вината откако полицијата го приведе, Македонците во Бугарија кажаа дека и нивниот клуб бил вандализиран, но бидејќи немало поголема штета, полицијата не преземала мерки.

The post Македонците во Бугарија сакаат да отворат клуб „Никола Вапцаров“, бараат поддршка од македонската влада appeared first on Република.

]]>
Ангел Џамбаски упадна на предавањето на Љубчо Георгиевски во Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/angel-dzambaski-upadna-na-predavanjeto-na-ljubcho-georgievski-vo-sofija/ Mon, 16 May 2022 17:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=503049

Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија.

Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.

Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.

Пријателството се гради низ дијалог – категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.

The post Ангел Џамбаски упадна на предавањето на Љубчо Георгиевски во Софија appeared first on Република.

]]>

Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија. Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна. Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.
Пријателството се гради низ дијалог – категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.
 
The post Ангел Џамбаски упадна на предавањето на Љубчо Георгиевски во Софија appeared first on Република.

]]>
Кирјаков до Георгиевски: Дај ни го под кирија станот во Благоевград за Македонски клуб https://republika.mk/vesti/makedonija/kirjakov-do-georgievski-daj-ni-go-pod-kirija-stanot-vo-blagoevgrad-za-makedonski-klub/ Mon, 02 May 2022 18:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=496509

Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков преку Фејбук го праша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дали може да им го даде под кирија, како што вели, неговиот стан во Благоевград за таму да го сместат Македонскиот клуб, додека не се отвори Клубот што го најави премиерот Димитар Ковачевски.

По отварањето на бугарски клуб со името на контраверзниот Ванчо Михајлов во Битола, пред Велигден, премиерот Димитар Ковачевски и вети на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи дека „во Благоевград ќе отвори врати Македонски културен информативен центар и тоа до крајот на годината“. Ние, етничките Македонци и Македонки од Благоевград, таа изjава на премиерот Ковачевски можеме само да ја поздравиме со големи аплаузи, затоа што со години чекаме да има наш Македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи на зборот.

Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер Љубчо Георгиевски. Дали Господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград во кој стан ние, Македонците од Благоевград, ќе држиме  состаноци, додека отвори врати Македонскиот клуб најавен од премиерот Димитар Ковачевски - се наведува во обраќањето на Кирјаков.

The post Кирјаков до Георгиевски: Дај ни го под кирија станот во Благоевград за Македонски клуб appeared first on Република.

]]>

Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков преку Фејбук го праша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дали може да им го даде под кирија, како што вели, неговиот стан во Благоевград за таму да го сместат Македонскиот клуб, додека не се отвори Клубот што го најави премиерот Димитар Ковачевски.
По отварањето на бугарски клуб со името на контраверзниот Ванчо Михајлов во Битола, пред Велигден, премиерот Димитар Ковачевски и вети на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи дека „во Благоевград ќе отвори врати Македонски културен информативен центар и тоа до крајот на годината“. Ние, етничките Македонци и Македонки од Благоевград, таа изjава на премиерот Ковачевски можеме само да ја поздравиме со големи аплаузи, затоа што со години чекаме да има наш Македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи на зборот.   Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер Љубчо Георгиевски. Дали Господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград во кој стан ние, Македонците од Благоевград, ќе држиме  состаноци, додека отвори врати Македонскиот клуб најавен од премиерот Димитар Ковачевски - се наведува во обраќањето на Кирјаков.

The post Кирјаков до Георгиевски: Дај ни го под кирија станот во Благоевград за Македонски клуб appeared first on Република.

]]>