Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков преку Фејбук го праша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дали може да им го даде под кирија, како што вели, неговиот стан во Благоевград за таму да го сместат Македонскиот клуб, додека не се отвори Клубот што го најави премиерот Димитар Ковачевски.

По отварањето на бугарски клуб со името на контраверзниот Ванчо Михајлов во Битола, пред Велигден, премиерот Димитар Ковачевски и вети на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи дека „во Благоевград ќе отвори врати Македонски културен информативен центар и тоа до крајот на годината“. Ние, етничките Македонци и Македонки од Благоевград, таа изjава на премиерот Ковачевски можеме само да ја поздравиме со големи аплаузи, затоа што со години чекаме да има наш Македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи на зборот.

 

Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер Љубчо Георгиевски. Дали Господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград во кој стан ние, Македонците од Благоевград, ќе држиме  состаноци, додека отвори врати Македонскиот клуб најавен од премиерот Димитар Ковачевски – се наведува во обраќањето на Кирјаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.