Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неговите поддржувачи во салата на Централниот воен клуб, јави дописникот на МИА од Софија.

Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна.

Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.

Пријателството се гради низ дијалог – категоричен беше тој во кратката изјава за дописникот на МИА од Софија и група бугарски медиуми, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.