Мадрид Archives - Република https://republika.mk/tema/madrid/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мадрид Archives - Република https://republika.mk/tema/madrid/ 32 32 Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид https://republika.mk/vesti/balkan/mazh-ja-napadnal-srpskata-ambasadorka-vo-madrid/ Mon, 09 Sep 2024 07:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=814525

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага.

Амбасадорката била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.

Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи.

Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција.

Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски.

Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.

Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја, изјави шефот на српската дипломатија.

 

The post Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага. Амбасадорката била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло. Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи. Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција. Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски. Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.
Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја, изјави шефот на српската дипломатија.
 

The post Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид appeared first on Република.

]]>
По Париз и Мадрид ќе забрани изнајмување на електрични тротинети https://republika.mk/vesti/svet/po-pariz-i-madrid-ke-zabrani-iznajmuvane-na-elektrichni-trotineti/ Fri, 06 Sep 2024 15:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=813895

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични тротинети, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што ја презема таа мерка поради зголемениот број несреќи во кои најчести жртви се пешаците.

Градската власт на Мадрид соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври.

Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-тротинети на улиците на градот“, напиша на мрежата Икс конзервативниот градоначалник на Мадрид, Луис Мартинез Алмеида.

Тој рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните на Мадрид.

Три компании кои имаат лиценца за изнајмување 6.000 електрични скутери ќе мора да ги отстранат од улиците бидејќи не го испочитуваа условот што го поставивме – да ја гарантираат безбедност на пешаците, пред се на старите лица, напиша градоначалникот.

 

The post По Париз и Мадрид ќе забрани изнајмување на електрични тротинети appeared first on Република.

]]>

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични тротинети, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што ја презема таа мерка поради зголемениот број несреќи во кои најчести жртви се пешаците. Градската власт на Мадрид соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври.
Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-тротинети на улиците на градот“, напиша на мрежата Икс конзервативниот градоначалник на Мадрид, Луис Мартинез Алмеида.
Тој рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните на Мадрид.
Три компании кои имаат лиценца за изнајмување 6.000 електрични скутери ќе мора да ги отстранат од улиците бидејќи не го испочитуваа условот што го поставивме – да ја гарантираат безбедност на пешаците, пред се на старите лица, напиша градоначалникот.
 

The post По Париз и Мадрид ќе забрани изнајмување на електрични тротинети appeared first on Република.

]]>
Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид https://republika.mk/vesti/ekonomija/prv-charter-let-na-shpanska-iberia-na-skopskiot-aerodrom-se-istrazhuvaat-mozhnostite-za-aviolinija-so-madrid/ Sun, 12 May 2024 17:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=777371

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.

-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина, појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.

-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.

Извор: МИА

The post Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид appeared first on Република.

]]>

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.
-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина, појаснуваат од ТАВ во објавата.
За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.
-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.
Извор: МИА

The post Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид appeared first on Република.

]]>
„Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе биде домаќин на НФЛ натпревар во 2025 година https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/santijago-bernabeu-vo-madrid-ke-bide-domakin-na-nfl-natprevar-vo-2025-godina/ Sat, 10 Feb 2024 13:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=742488

Шпанската престолнина Мадрид ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ). Натпреварот ќе се игра во 2025 година на стадионот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар стана Лондон уште во 2007 година. Деценија и пол подоцна првиот НФЛ натпревар во Германија се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека оваа година на листата се најде и Франкфурт.

Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги закајне двата наши брендови, а ќе биде ентузијастички поздравена од милиони луѓе на сите континенти“, изјави претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез.

Освен во Европа, натпревари од НФЛ лигата досега се играле и на стадионот „Ацтека“ во Сидуад Мексико, а за 2024 година е договорен и првиот натпревар во Јужна Америка, на 6 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Коринтијанс во Сао Паоло.

The post „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе биде домаќин на НФЛ натпревар во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Шпанската престолнина Мадрид ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ). Натпреварот ќе се игра во 2025 година на стадионот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“. Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар стана Лондон уште во 2007 година. Деценија и пол подоцна првиот НФЛ натпревар во Германија се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека оваа година на листата се најде и Франкфурт.
Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги закајне двата наши брендови, а ќе биде ентузијастички поздравена од милиони луѓе на сите континенти“, изјави претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез.
Освен во Европа, натпревари од НФЛ лигата досега се играле и на стадионот „Ацтека“ во Сидуад Мексико, а за 2024 година е договорен и првиот натпревар во Јужна Америка, на 6 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Коринтијанс во Сао Паоло.

The post „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе биде домаќин на НФЛ натпревар во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-mehmeti-noviot-direktor-na-m-nav-koga-bil-prv-chovek-na-upravata-za-tsivilna-i-vozdushna-plovidba-na-drzhaven-troshok-ja-shetal-soprugata-vo-madrid-a-privatno-patuval-i-vo-singapur/ Tue, 09 Jan 2024 15:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=731224

Илир Мехмеди, член на ДУИ е новоназначениот директор на М-НАВ од страна на Владата. Како поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба (УЦВП) бил заедно со сопруга на патување во Мадрид на државна сметка. Приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија Мехмеди незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законските прописи, а на име на средства за градежно одржување и интервенции во објекти на УЦВП на фирмата „Промонтинг“ и биле исплатени повеќе од 60.000 евра.

Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки.

„Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во УЦВП повеќе пати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми. Ревизорите во извештајот запишале дека во изминатиот период против УЦВП поднесени се тужби од одделни субјекти со барања за наплата на парични побарувања или за надомест на штета по донесени одлуки од претходното раководство. Оттаму информираа дека постапките се во тек и дека не се знае какви и колкави обврски ќе произлезат од ваквите спорови во иднина, имајќи го предвид времетраењето на спорот и каматата која би се платила. Ревизијата предлага да се преиспита целиот случај во врска со исплатата на надоместот на штета на МАТ кој уште од 2001 година на суд побарува отштета од 43 милиони долари за случајот „редовен авиопревозник“. За исплатата се чека судска одлука. Ревизорите бараат да се утврди одговорноста на сите инволвирани страни во наведениот случај заради преземање на соодветни мерки против одговорните лица.

 

The post Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур appeared first on Република.

]]>

Илир Мехмеди, член на ДУИ е новоназначениот директор на М-НАВ од страна на Владата. Како поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба (УЦВП) бил заедно со сопруга на патување во Мадрид на државна сметка. Приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија. Според извештајот на Државниот завод за ревизија Мехмеди незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата. Ревизорите утврдиле дека спротивно на законските прописи, а на име на средства за градежно одржување и интервенции во објекти на УЦВП на фирмата „Промонтинг“ и биле исплатени повеќе од 60.000 евра. Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки. „Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот. Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во УЦВП повеќе пати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми. Ревизорите во извештајот запишале дека во изминатиот период против УЦВП поднесени се тужби од одделни субјекти со барања за наплата на парични побарувања или за надомест на штета по донесени одлуки од претходното раководство. Оттаму информираа дека постапките се во тек и дека не се знае какви и колкави обврски ќе произлезат од ваквите спорови во иднина, имајќи го предвид времетраењето на спорот и каматата која би се платила. Ревизијата предлага да се преиспита целиот случај во врска со исплатата на надоместот на штета на МАТ кој уште од 2001 година на суд побарува отштета од 43 милиони долари за случајот „редовен авиопревозник“. За исплатата се чека судска одлука. Ревизорите бараат да се утврди одговорноста на сите инволвирани страни во наведениот случај заради преземање на соодветни мерки против одговорните лица.  

The post Илир Мехмети, новиот директор на М-НАВ, кога бил прв човек на Управата за цивилна и воздушна пловидба на државен трошок ја шетал сопругата во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур appeared first on Република.

]]>
Мадрид протера двајца вработени во американската амбасада за поткуп на разузнавачи https://republika.mk/vesti/svet/madrid-protera-dvajtsa-vraboteni-vo-amerikanskata-ambasada-za-potkup-na-razuznavachi/ Thu, 07 Dec 2023 18:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=720841

Шпанија дискретно протерала најмалку двајца вработени во американската амбасада обвинети дека подмитувале шпански разузнавачи во замена за државни тајни, објави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи владини извори.

Ниту една земја веднаш не го потврди протерувањето, но шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, на прашањето за случајот, го омаловажи неговото значење за односите меѓу двете земји. Таа потврди дека во тек е судска истрага за „нерегуларно однесување“ во шпанската разузнавачка служба ЦНИ.

-Шпанија и САД се пријатели, сојузници и партнери. Кога има потешкотии кои би можеле да влијаат на нас, се разговара и се работи на нив, но тоа на никаков начин не влијае на односите што ги имаме, изјави таа.

Американски официјален претставник во Шпанија рече дека американската амбасадорка Џулиса Рејносо нема да го коментира инцидентот.

Резултатите од истрагата покажале дека двајца шпански разузнавачи дале информации за „голема сума“.

The post Мадрид протера двајца вработени во американската амбасада за поткуп на разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Шпанија дискретно протерала најмалку двајца вработени во американската амбасада обвинети дека подмитувале шпански разузнавачи во замена за државни тајни, објави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи владини извори. Ниту една земја веднаш не го потврди протерувањето, но шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, на прашањето за случајот, го омаловажи неговото значење за односите меѓу двете земји. Таа потврди дека во тек е судска истрага за „нерегуларно однесување“ во шпанската разузнавачка служба ЦНИ. -Шпанија и САД се пријатели, сојузници и партнери. Кога има потешкотии кои би можеле да влијаат на нас, се разговара и се работи на нив, но тоа на никаков начин не влијае на односите што ги имаме, изјави таа. Американски официјален претставник во Шпанија рече дека американската амбасадорка Џулиса Рејносо нема да го коментира инцидентот. Резултатите од истрагата покажале дека двајца шпански разузнавачи дале информации за „голема сума“.

The post Мадрид протера двајца вработени во американската амбасада за поткуп на разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Масовни протести во Мадрид против договорот меѓу социјалистите и каталонските сепаратисти https://republika.mk/vesti/svet/masovni-protesti-vo-madrid-protiv-dogovorot-megu-sotsijalistite-i-katalonskite-separatisti/ Fri, 10 Nov 2023 09:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=700166

Илјадници демонстранти вчеравечер се собраа пред седиштето на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) во Мадрид поради договорот со каталонската сепаратистичка партија за давање амнестија на луѓето вклучени во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, јави Хина.

Лидерот на социјалистите и шпански премиер, Педро Санчез, од демонстрантите беше наречен предавник, откако тој со договорот за владина соработка му ветил амнестија на поранешниот каталонски премиер во егзил Карлос Пуџдемонт.

Санчез и Пуџдемон се договорија да донесат закон за амнестија за организаторите на забранетиот референдум за независност во 2017 година, што шпанскиот Парламент треба да го усвои во наредните денови.

Седма вечер по ред против овој закон се организираат протести пред седиштето на ПСОЕ, а на протест излезе и Сантијаго Абаскал, лидерот на десничарската партија Вокс, која е трета партија според бројот на пратеници во шпанскиот Парламент.

Санчез и Пуџдемон се договорија да донесат закон за амнестија за организаторите на забранетиот референдум за независност во 2017 година, што шпанскиот Парламент треба да го усвои во наредните денови.

Седма вечер по ред против овој закон се организираат протести пред седиштето на ПСОЕ, а на протест излезе и Сантијаго Абаскал, лидерот на десничарската партија Вокс, која е трета партија според бројот на пратеници во шпанскиот Парламент.

Демонстрантите носеа шпански знамиња, а некои фрлаа шишиња и други предмети кон седиштето на партијата. Полицијата реагираше и уапси шестмина демонстранти.

Регионалната влада извести дека 8.000 демонстранти се собрале пред седиштето на ПСОЕ, а протести се одржале и во Барселона, Валенсија и други градови.

 

The post Масовни протести во Мадрид против договорот меѓу социјалистите и каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>

Илјадници демонстранти вчеравечер се собраа пред седиштето на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) во Мадрид поради договорот со каталонската сепаратистичка партија за давање амнестија на луѓето вклучени во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, јави Хина. Лидерот на социјалистите и шпански премиер, Педро Санчез, од демонстрантите беше наречен предавник, откако тој со договорот за владина соработка му ветил амнестија на поранешниот каталонски премиер во егзил Карлос Пуџдемонт. Санчез и Пуџдемон се договорија да донесат закон за амнестија за организаторите на забранетиот референдум за независност во 2017 година, што шпанскиот Парламент треба да го усвои во наредните денови. Седма вечер по ред против овој закон се организираат протести пред седиштето на ПСОЕ, а на протест излезе и Сантијаго Абаскал, лидерот на десничарската партија Вокс, која е трета партија според бројот на пратеници во шпанскиот Парламент. Санчез и Пуџдемон се договорија да донесат закон за амнестија за организаторите на забранетиот референдум за независност во 2017 година, што шпанскиот Парламент треба да го усвои во наредните денови. Седма вечер по ред против овој закон се организираат протести пред седиштето на ПСОЕ, а на протест излезе и Сантијаго Абаскал, лидерот на десничарската партија Вокс, која е трета партија според бројот на пратеници во шпанскиот Парламент. Демонстрантите носеа шпански знамиња, а некои фрлаа шишиња и други предмети кон седиштето на партијата. Полицијата реагираше и уапси шестмина демонстранти. Регионалната влада извести дека 8.000 демонстранти се собрале пред седиштето на ПСОЕ, а протести се одржале и во Барселона, Валенсија и други градови.  

The post Масовни протести во Мадрид против договорот меѓу социјалистите и каталонските сепаратисти appeared first on Република.

]]>
Прошверцувани од Украина: Во Мадрид запленета историска колекција на златни предмети проценети на повеќе од 60 милиони евра https://republika.mk/vesti/svet/proshvertsuvani-od-ukraina-vo-madrid-zapleneta-istoriska-kolektsija-na-zlatni-predmeti-protseneti-na-poveke-od-60-milioni-evra/ Wed, 25 Oct 2023 06:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=694319

Шпанската полиција открила збирка „скитиско злато“ во вкупна вредност од 60 милиони евра, која претходно била складирана во еден од музеите во Киев. Како што објави шпанскиот весник „Ла расон“, станува збор за најнов случај на нелегален извоз на накит и уметнички предмети од територијата на Украина, под контрола на украинските власти.

Службениците за спроведување на законот уапсиле луѓе кои се обидувале на црниот пазар да продадат 11 парчиња накит кои датираат од периодот на 9 до 8 век п.н.е. Криминалната група, која се занимавала со шверц на културни добра од Украина, ја сочинувале двајца Украинци и тројца Шпанци.

Важен детал е дека колекцијата на „скитиското злато“ што се појавила на цр е всушност украдена во 2016 година, кога земјата сè уште имаше некаков привид на надзор над антиквитети.

Може само да се замисли колку мошти беа извадени и завршија во приватни колекции по почетокот на СМО.

The post Прошверцувани од Украина: Во Мадрид запленета историска колекција на златни предмети проценети на повеќе од 60 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција открила збирка „скитиско злато“ во вкупна вредност од 60 милиони евра, која претходно била складирана во еден од музеите во Киев. Како што објави шпанскиот весник „Ла расон“, станува збор за најнов случај на нелегален извоз на накит и уметнички предмети од територијата на Украина, под контрола на украинските власти. Службениците за спроведување на законот уапсиле луѓе кои се обидувале на црниот пазар да продадат 11 парчиња накит кои датираат од периодот на 9 до 8 век п.н.е. Криминалната група, која се занимавала со шверц на културни добра од Украина, ја сочинувале двајца Украинци и тројца Шпанци. Важен детал е дека колекцијата на „скитиското злато“ што се појавила на цр е всушност украдена во 2016 година, кога земјата сè уште имаше некаков привид на надзор над антиквитети. Може само да се замисли колку мошти беа извадени и завршија во приватни колекции по почетокот на СМО.

The post Прошверцувани од Украина: Во Мадрид запленета историска колекција на златни предмети проценети на повеќе од 60 милиони евра appeared first on Република.

]]>
МНР: Двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид во добра здравствена состојба https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-dvajtsa-nashi-drzhavjani-koi-se-naogaa-vo-kamp-vo-marakesh-pristignati-se-vo-madrid-vo-dobra-zdravstvena-sostojba/ Mon, 11 Sep 2023 10:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=680844

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време, соопштија од МНР.

Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732. 

The post МНР: Двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време, соопштија од МНР.

Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732. 

The post МНР: Двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Шпанија, во Мадрид се измерени 45 степени https://republika.mk/vesti/svet/toploten-bran-vo-shpanija-vo-madrid-se-izmereni-45-stepeni/ Mon, 26 Jun 2023 20:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=655491

Во последните денови Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои и денеска надминаа 40 степени Целзиусови.

Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба.

Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија.

Тимовите за цивилна заштита во регионот на Андалузија на југот на земјата, каде температурите исто така достигнуваат до 44 степени, се во состојба на готовност.

Вчера највисока дневна температура од 43,8 степени Целзиусови беше измерена во Ел Гранада, област во провинцијата Хуелва во Андалузија.

Шпанија, која лани ја доживеа најтополата година во историјата, би можела да стане една од земјите на Европската Унија кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени, предупредуваат експертите.

„Во последната деценија, фреквенцијата на овие топли епизоди е три пати поголема отколку во претходните години“, истакна портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо. ссм/

 

The post Топлотен бран во Шпанија, во Мадрид се измерени 45 степени appeared first on Република.

]]>

Во последните денови Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои и денеска надминаа 40 степени Целзиусови. Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба. Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија. Тимовите за цивилна заштита во регионот на Андалузија на југот на земјата, каде температурите исто така достигнуваат до 44 степени, се во состојба на готовност. Вчера највисока дневна температура од 43,8 степени Целзиусови беше измерена во Ел Гранада, област во провинцијата Хуелва во Андалузија. Шпанија, која лани ја доживеа најтополата година во историјата, би можела да стане една од земјите на Европската Унија кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени, предупредуваат експертите. „Во последната деценија, фреквенцијата на овие топли епизоди е три пати поголема отколку во претходните години“, истакна портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо. ссм/  

The post Топлотен бран во Шпанија, во Мадрид се измерени 45 степени appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Мадрид https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-nema-da-nastapi-na-mastersot-vo-madrid/ Sat, 22 Apr 2023 16:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=633052

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид (Шпанија), соопшти прес-службата на турнирот.

Причините за откажувањето на тенисерот не се прецизирани. Во главната ждрепка Ѓоковиќ ќе биде заменет со Американецот Мајкл Мо.

Ѓоковиќ претходно неочекувано загуби од сонародникот Душан Лајовиќ во четвртфиналето на АТП турнирот „Српска Опен“ во Бања Лука (Босна и Херцеговина) со резултат 4:6, 6:7 (6:8).

Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 26 април до 7 мај.

The post Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид (Шпанија), соопшти прес-службата на турнирот. Причините за откажувањето на тенисерот не се прецизирани. Во главната ждрепка Ѓоковиќ ќе биде заменет со Американецот Мајкл Мо. Ѓоковиќ претходно неочекувано загуби од сонародникот Душан Лајовиќ во четвртфиналето на АТП турнирот „Српска Опен“ во Бања Лука (Босна и Херцеговина) со резултат 4:6, 6:7 (6:8). Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 26 април до 7 мај.

The post Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Инциденти во Мадрид: Мароканци пренагласено ја славеа победата над Шпанија https://republika.mk/sport/fudbal/incidenti-vo-madrid-marokanci-prenaglaseno-ja-slavea-pobedata-nad-shpanija/ Tue, 06 Dec 2022 20:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=582738

По натпреварот меѓу Шпанија и Мароко, во осминафиналето на Светското првенство во Катар, во кој Шпанците беа елиминирани, имаше прослави на марокански навивачи во голем број шпански градови.

Повеќето од тие прослави беа мирни, но не беше така на еден од најголемите плоштади во Мадрид, Пуерта дел Сол, каде што избија инциденти.

Во моментите додека мароканските навивачи славеа, група млади луѓе реагираа и влегоа во конфликт со нив, сметајќи дека прославата е пренагласена и провокативна.

https://www.youtube.com/watch?v=3NGO29fzfRk

 

The post Инциденти во Мадрид: Мароканци пренагласено ја славеа победата над Шпанија appeared first on Република.

]]>

По натпреварот меѓу Шпанија и Мароко, во осминафиналето на Светското првенство во Катар, во кој Шпанците беа елиминирани, имаше прослави на марокански навивачи во голем број шпански градови. Повеќето од тие прослави беа мирни, но не беше така на еден од најголемите плоштади во Мадрид, Пуерта дел Сол, каде што избија инциденти. Во моментите додека мароканските навивачи славеа, група млади луѓе реагираа и влегоа во конфликт со нив, сметајќи дека прославата е пренагласена и провокативна. https://www.youtube.com/watch?v=3NGO29fzfRk  

The post Инциденти во Мадрид: Мароканци пренагласено ја славеа победата над Шпанија appeared first on Република.

]]>
Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци https://republika.mk/vesti/svet/vakvo-beshe-menito-za-vechera-na-nato-samitot-vo-kralskata-palata-vo-madrid-ova-se-site-jadenja-i-pijaloci/ Wed, 29 Jun 2022 08:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=520975

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро.

Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос.

Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје.

Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.

 

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро. Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос. Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје. Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.  

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>
Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид https://republika.mk/vesti/svet/anti-nato-i-antivoen-protest-pred-gernika-slikata-na-pikaso-vo-muzej-vo-madrid/ Mon, 27 Jun 2022 21:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=520461

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.

Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војната во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје - се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.

На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна.

https://twitter.com/xrmadrid_/status/1541368988797730821

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“ и „Војната е смрт за уметноста“.

Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги исфрли демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот.

За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

The post Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.
Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војната во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје - се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.
На сликите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна. https://twitter.com/xrmadrid_/status/1541368988797730821 Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“ и „Војната е смрт за уметноста“. Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги исфрли демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот. За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

The post Анти-НАТО и антивоен протест пред Герника, сликата на Пикасо во музеј во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Анти-НАТО протест во Мадрид https://republika.mk/vesti/svet/anti-nato-protest-vo-madrid/ Sun, 26 Jun 2022 16:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=519965

Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради одржување на Самитот на НАТО следната недела во главниот град на Шпанија.

Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.

– Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје, изјави демонстрантката Конча Хојој.

– Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

Самитот на НАТО е закажан на 29 и 30 јуни, а ќе се одржи под сеопфатни безбедносни мерки.

Главни теми ќе бидат предизвиците без преседан, што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и барањето за членство на Финска и Шведска, на што се спротивставува Турција.

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес изјави дека на Самитот ќе се разговара и за заканата што доаѓа од јужното крило на Европа, Африка. Според него Русија претставува закана и за тоа јужно крило на Европа.

The post Анти-НАТО протест во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради одржување на Самитот на НАТО следната недела во главниот град на Шпанија. Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.
– Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје, изјави демонстрантката Конча Хојој.
– Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе. Самитот на НАТО е закажан на 29 и 30 јуни, а ќе се одржи под сеопфатни безбедносни мерки. Главни теми ќе бидат предизвиците без преседан, што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и барањето за членство на Финска и Шведска, на што се спротивставува Турција. Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес изјави дека на Самитот ќе се разговара и за заканата што доаѓа од јужното крило на Европа, Африка. Според него Русија претставува закана и за тоа јужно крило на Европа.

The post Анти-НАТО протест во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Шпанецот Алкараз го елиминира Ѓоковиќ од турнирот во Мадрид https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shpanecot-alkaraz-go-eliminira-gjokovikj-od-turnirot-vo-madrid/ Sat, 07 May 2022 19:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=499244

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7).

Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот Алкараз четири пати сервираше ас, имаше исто толку двојни сервис грешки и искористи две шанси за брејк.

Вториот финалист ќе биде познат доцна вечер по одигрување на мечот Стефанос Циципас (Грција) – Александар Зверев (Германија).

 

The post Шпанецот Алкараз го елиминира Ѓоковиќ од турнирот во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7). Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот Алкараз четири пати сервираше ас, имаше исто толку двојни сервис грешки и искористи две шанси за брејк. Вториот финалист ќе биде познат доцна вечер по одигрување на мечот Стефанос Циципас (Грција) – Александар Зверев (Германија).  

The post Шпанецот Алкараз го елиминира Ѓоковиќ од турнирот во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Силна експлозија во зграда во Мадрид, најмалку 17 повредени лица https://republika.mk/vesti/svet/silna-eksplozija-vo-zgrada-vo-madrid-najmalku-17-povredeni-lica/ Fri, 06 May 2022 17:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=498733

Во силна експлозија што денеска одекна во четирикатна станбена зграда во центарот на Мадрид се повредени најмалку 17 лица, а како што соопштија службите за итни случаи, се трага по уште две исчезнати лица.

Видеото објавено од градот Мадрид покажува како болничарите ги третираат повредените на местото на настанот во луксузната населба Саламанка, додека полицијата и пожарникарите ги опколува улиците преполни со стакло и отпад.

Четворица од повредените се пренесени во болница, меѓу кои и едно лице во тешка состојба, откако експлозијата создаде облаци од чад над областа.

Екипите за итни случаи ја чешлаа зградата за да ја проверат структурата и да видат дали внатре има некој заробен, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида.

Запрашан за наводите дека истекување на гас ја предизвикало експлозијата, градоначалникот изјави дека се уште е рано за да се утврдат причините.

The post Силна експлозија во зграда во Мадрид, најмалку 17 повредени лица appeared first on Република.

]]>

Во силна експлозија што денеска одекна во четирикатна станбена зграда во центарот на Мадрид се повредени најмалку 17 лица, а како што соопштија службите за итни случаи, се трага по уште две исчезнати лица. Видеото објавено од градот Мадрид покажува како болничарите ги третираат повредените на местото на настанот во луксузната населба Саламанка, додека полицијата и пожарникарите ги опколува улиците преполни со стакло и отпад. Четворица од повредените се пренесени во болница, меѓу кои и едно лице во тешка состојба, откако експлозијата создаде облаци од чад над областа. Екипите за итни случаи ја чешлаа зградата за да ја проверат структурата и да видат дали внатре има некој заробен, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида. Запрашан за наводите дека истекување на гас ја предизвикало експлозијата, градоначалникот изјави дека се уште е рано за да се утврдат причините.

The post Силна експлозија во зграда во Мадрид, најмалку 17 повредени лица appeared first on Република.

]]>
Експлозија во центарот на Мадрид: Оштетена зграда во близина на училишта, срчи и рушевини насекаде, не се знае дали има жртви https://republika.mk/vesti/svet/eksplozija-vo-centarot-na-madrid-oshtetena-zgrada-vo-blizina-na-uchilishta-srchi-i-rushevini-nasekade-ne-se-znae-dali-ima-zrtvi/ Fri, 06 May 2022 12:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=498603

Силна експлозија го потресла центарот на Мадрид, при што се оштетени три ката од зграда во луксузениот дел од градот - Саламанка.

Засега не се знае дали има повредени или настрадани, а локалните медиуми наведуваат дека меѓу урнатините има затрупани луѓе.

Во близина на местото на експлозијата има две училишта.

https://twitter.com/10alberto10_/status/1522545130233909251?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522545130233909251%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3927701%2Feksplozija-u-centru-madrida

Во јануари минатата година, во една зграда во Мадрид се случи експлозија во која загинаа четири лица, а 10 беа повредени, а дел од зградата се урна.

The post Експлозија во центарот на Мадрид: Оштетена зграда во близина на училишта, срчи и рушевини насекаде, не се знае дали има жртви appeared first on Република.

]]>

Силна експлозија го потресла центарот на Мадрид, при што се оштетени три ката од зграда во луксузениот дел од градот - Саламанка. Засега не се знае дали има повредени или настрадани, а локалните медиуми наведуваат дека меѓу урнатините има затрупани луѓе. Во близина на местото на експлозијата има две училишта. https://twitter.com/10alberto10_/status/1522545130233909251?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522545130233909251%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3927701%2Feksplozija-u-centru-madrida Во јануари минатата година, во една зграда во Мадрид се случи експлозија во која загинаа четири лица, а 10 беа повредени, а дел од зградата се урна.

The post Експлозија во центарот на Мадрид: Оштетена зграда во близина на училишта, срчи и рушевини насекаде, не се знае дали има жртви appeared first on Република.

]]>