Во силна експлозија што денеска одекна во четирикатна станбена зграда во центарот на Мадрид се повредени најмалку 17 лица, а како што соопштија службите за итни случаи, се трага по уште две исчезнати лица.

Видеото објавено од градот Мадрид покажува како болничарите ги третираат повредените на местото на настанот во луксузната населба Саламанка, додека полицијата и пожарникарите ги опколува улиците преполни со стакло и отпад.

Четворица од повредените се пренесени во болница, меѓу кои и едно лице во тешка состојба, откако експлозијата создаде облаци од чад над областа.

Екипите за итни случаи ја чешлаа зградата за да ја проверат структурата и да видат дали внатре има некој заробен, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида.

Запрашан за наводите дека истекување на гас ја предизвикало експлозијата, градоначалникот изјави дека се уште е рано за да се утврдат причините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.