Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро.

Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос.

Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје.

Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.