Skip to main content

Кос: Ќе направам се билатералните спорови да не стојат на патот на проширувањето

Ќе направам се да обезбедам билатералните спорови од минатото да не можат постојано да стојат на патот кон нашата заедничка цел – приближување на земјите од Западниот Балкан кон Европска Унија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“.

 – Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот, изјави Кос, додавајќи дека со отстранувањето на физичките бариери на раздвојување, многу историски тензии ќе се тргаат на страна.

 Според неа, ЕУ за првпат има реален пристап со кој до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија „до линијата на целта“ би можеле да бидат донесени една или повеќе земји кандидати за членство.

 – Надежта, можностите и визијата не движат сите нас сите овие години кон мирољубива и просперитетна иднина, рече Кос.

 Според неа, денес мирот, слободата и просперитетот во голема мерка зависат од посилна и пообединета Европа.

 Таа нагласи дека на средбите со лидерите од земјите од Западен Балкан претходните два дена им порачала дека може да сметаат на неа како на член на тимовите што ќе работат на нивното приближување кон ЕУ.

 Кос нагласи дека не е само прашањето кога ЕУ ќе прими нови членки, туку и што можат да направат кандидатите за членство за посилна и побезбедна Европа, нагласувајќи дека процесот на проширување ќе остане базиран на заслуги и остварување, пред се во однос на владеењето на правото.

 – Но, ако кандидатите за членство испорачаат, тогаш сакам да бидат наградени за тоа, додаде Кос, потенцирајќи дека новата Европска комисија е Комисија на проширување.

 Според неа, во Брисел постои единство кога станува збор за изградбата на поголема и посилна Европа, но потребно е такво единство и посетеност да покажат и земјите кандидати за членство, за што е потребно соработка меѓу властите, опозицијата, граѓанскиот сектор и сите сегменти на општествата.

 – Ќе биде потребна многу техничка работа што ќе треба да ја завршиме заедно, но сакам да ве уверам дека проширувањето не е технички процес, рече Кос, додавајќи дека сето она што се прави во процесот на проширување е во интерес на луѓето и за повторно обединување на Европа.

 Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пак, во водното обраќање нагласи дека во Брисел сега преовладува нов момент во однос на проширувањето и посебно е важно што тој процес е меѓу седумте приоритети на новата Европска комисија.

 Според него, има четири можни сценарија во врска со проширувањето во следните години.

Првото би било најнепожелно и тоа би било ситуација во која ниту кандидати за членство нема да бидат подготвени за членство, ниту пак Европската унија ќе биде расположена да ги вклучи во своето семејство.

 Второто сценарио, како што нагласи Милатовиќ, би било земјите да ги исполнат поставените услови, а ЕУ сепак поради некои свои причини да реши да не ги прими во членство.

Најдобар пример за ваквото сценарио, според него, е случајот со Македонија, која, како што рече, направила многу на својот пат кон ЕУ, а за возврат не го доби тоа што го заслужи.

 Според Милатовиќ, третото сценарио би било земјите да не се подготвени за членство, а Унијата сепак да реши да ги прими, варијанта која ја оцени како најскапа.

 Четвртото сценарио, како што истакна Милатовиќ, би било „вин-вин“ варијанта, односно тоа би било кога и кандидати за членство ќе ги спроведат реформите за изградба да демократски и функционални институции и кога и ЕУ ќе донесе одлука да ги прими во блокот.

 Генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговорите за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, пак, оцени дека кога станува збор за процесот на проширување во ЕУ се враќа „духот на 2004 година“, кога во Унијата беа примени 10 нови член, процес кој стана познат како „големо проширување“.

 Според него, во такви услови и со новата Европска комисија, следната година во голема мерка ќе биде посветена на проширувањето. 

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort