комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 09:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/komisija/ 32 32 Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-izmenite-vo-sostavot-na-istoriskata-komisija-ima-nekoi-idei-ke-pominat-na-vladina-sednitsa/ Wed, 04 Sep 2024 09:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=812999

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.

Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен“, рече Мицкоски одгоаварајќи на новинарско прашање.

Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

The post Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.
Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен“, рече Мицкоски одгоаварајќи на новинарско прашање.
Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси. Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

The post Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница appeared first on Република.

]]>
Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-formirana-e-komisija-koja-raboti-na-sluchajot-so-zloupotrebite-od-sluzhbenata-kartichka-zloupotrebi-ima-i-kaj-kapitalnite-investitsii/ Tue, 27 Aug 2024 11:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=810573

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.

Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.

Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.

Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.

Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.

Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.

ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.

По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.
Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.
Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.
Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.
Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.
Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.
ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели. По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура бара веднаш да се свика Комисијата за култура и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-za-kultura-bara-vednash-da-se-svika-komisijata-za-kultura-i-da-se-usvoi-predlog-zakonot-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 21 Dec 2023 08:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=725104

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска јавно упати повик веднаш да се свика Комисијата за култура во Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, порачувајќи дека македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси.

Упатувам јавен апел до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.Секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество. Јазиците се средство за комуникација, но и културно наследство и идентитетско обележје, а македонскиот јазик е прв официјален јазик на нашата држава. Неговата заштита, промоција и употреба е приоритет кој мора да биде обезбеден и испочитуван“, напиша на својата Фејсбук страница министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна јавност. Носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност амандмански да учествуваат во неговата финализиција.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на крај пишува:„Уште еднаш апелирам до претседателот на собраниската Комисија за култура, Кастриот Реџепи да покаже политичка одговорност кон македонските граѓани за важноста од донесувањето на овој закон“.

The post Министерката за култура бара веднаш да се свика Комисијата за култура и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска јавно упати повик веднаш да се свика Комисијата за култура во Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, порачувајќи дека македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси.
Упатувам јавен апел до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.Секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество. Јазиците се средство за комуникација, но и културно наследство и идентитетско обележје, а македонскиот јазик е прв официјален јазик на нашата држава. Неговата заштита, промоција и употреба е приоритет кој мора да биде обезбеден и испочитуван“, напиша на својата Фејсбук страница министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.
Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна јавност. Носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност амандмански да учествуваат во неговата финализиција. Министерката Костадиновска-Стојчевска на крај пишува:„Уште еднаш апелирам до претседателот на собраниската Комисија за култура, Кастриот Реџепи да покаже политичка одговорност кон македонските граѓани за важноста од донесувањето на овој закон“.

The post Министерката за култура бара веднаш да се свика Комисијата за култура и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-komisija-ke-go-istrazhuva-sluchajot-so-prinudnoto-sletuvane-na-armiskiot-helikopter/ Thu, 14 Dec 2023 13:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=722949

Ќе се формира комисија која ќе треба во детали да го истражи случајот со хеликоптерот на АРМ, којшто вчера принудно слета во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, Скопско, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Не се работи за паднат хеликоптер, туку за принудно слетување на хеликоптер во околината на Петровец, значи не е слетан на самиот аеродром, туку на една ледина. Настанат е дефект којшто е регистриран при редовен тренажен лет на пилотите кои се дел од Армијата. Иако на почетокот пред да се започне летањето била спроведена соодветната процедура за проверка во која состојба е хеликоптерот, не се покажал каков било дефект, меѓутоа сепак во текот на летањето системите за предупредување дале сигнал дека се појавува дефект на моторот, првично како што сум известена, рече Петровска, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.

Таа додаде дека иако станува збор за млад пилот, сепак тој постапил согласно стандардните оперативни процедури, ја известил контролата, пристапил кон принудно слетување на хеликоптерот и ги известил и претпоставените. Хеликоптерот, додаде министерката, се уште се наоѓа на таа локација и во текот на деноноќието е обезбеден од страна на армиските сили.

Петровска нагласи дека комисијата ќе треба во детали да истражи како дошло до тој дефект, дали можеби станало збор за некој пропуст или едноставно во текот на летањето се појавил дефект што се случувало и претходно. Според неа, проверка на леталата се прави редовно за да не дојде во ваков случај.

-Секогаш и редовно заради тоа што тоа е една од стандардните оперативни процедури кои не смеат да бидат пропуштени и без разлика дали хеликоптерот ќе биде употребен за транспорт на војници, транспорт понекогаш и на некој од раководството со кои одиме на Криволак итн. или се работи за тренажен лет како во овој случај, проверката на состојбата на хеликоптерите и на сите воздухопловни летала е стандардна оперативна процедура која не смее да биде пропуштена за да може да се спречат несреќи од поголем карактер, рече министерката за одбрана.

Хеликоптер на АРМ вчера околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираа од Армијата. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и екипажот безбедно слета, наведоа од АРМ.

The post Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Ќе се формира комисија која ќе треба во детали да го истражи случајот со хеликоптерот на АРМ, којшто вчера принудно слета во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, Скопско, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Не се работи за паднат хеликоптер, туку за принудно слетување на хеликоптер во околината на Петровец, значи не е слетан на самиот аеродром, туку на една ледина. Настанат е дефект којшто е регистриран при редовен тренажен лет на пилотите кои се дел од Армијата. Иако на почетокот пред да се започне летањето била спроведена соодветната процедура за проверка во која состојба е хеликоптерот, не се покажал каков било дефект, меѓутоа сепак во текот на летањето системите за предупредување дале сигнал дека се појавува дефект на моторот, првично како што сум известена, рече Петровска, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ во организација на Центарот на истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан.
Таа додаде дека иако станува збор за млад пилот, сепак тој постапил согласно стандардните оперативни процедури, ја известил контролата, пристапил кон принудно слетување на хеликоптерот и ги известил и претпоставените. Хеликоптерот, додаде министерката, се уште се наоѓа на таа локација и во текот на деноноќието е обезбеден од страна на армиските сили. Петровска нагласи дека комисијата ќе треба во детали да истражи како дошло до тој дефект, дали можеби станало збор за некој пропуст или едноставно во текот на летањето се појавил дефект што се случувало и претходно. Според неа, проверка на леталата се прави редовно за да не дојде во ваков случај.
-Секогаш и редовно заради тоа што тоа е една од стандардните оперативни процедури кои не смеат да бидат пропуштени и без разлика дали хеликоптерот ќе биде употребен за транспорт на војници, транспорт понекогаш и на некој од раководството со кои одиме на Криволак итн. или се работи за тренажен лет како во овој случај, проверката на состојбата на хеликоптерите и на сите воздухопловни летала е стандардна оперативна процедура која не смее да биде пропуштена за да може да се спречат несреќи од поголем карактер, рече министерката за одбрана.
Хеликоптер на АРМ вчера околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, информираа од Армијата. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и екипажот безбедно слета, наведоа од АРМ.  

The post Петровска: Комисија ќе го истражува случајот со принудното слетување на армискиот хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Пругите се распаѓаат, железницата е во колапс, министерот Бочварски нигде го нема https://republika.mk/vesti/makedonija/prugite-se-raspagaat-zheleznitsata-e-vo-kolaps-ministerot-bochvarski-nigde-go-nema/ Wed, 15 Nov 2023 09:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=701732

ИЗБЕГНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА!
ПРУГИТЕ СЕ РАСПАЃААТ, МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ НИГДЕ ГО НЕМА!
Денес на железничкиот мост на Црна Река, кај Стоби, избегната е железничка несреќа од посериозни размери.
Благодарение на присебноста на машиновозачот, товарниот воз навремено запрел и избегната е катастрофа.
Поради попуштање на мостот, пругата е пропадната и целосно нефункционална. Ова е истиот мост кој во 2018 година исто така попушти, но од тогаш најверојатно не бил целосно ревитализиран, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
Како комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати реагиравме и предупредувавме дека прашање на време е кога за жал ќе се случат вакви инциденти.
Владата на СДСМ и ДУИ има несериозен и расипнички однос кон железниците во нашата држава кој резултира со вакви настани.
Не одржувањето на пругите и железничките мостови доведуваат до вакви настани, кои освен финансиски може да имаат и човечки загуби.
Колкава ќе беше трагедијата ако наместо товарниот воз се најдеше патнички воз кој собраќа на релација Скопје-Гевгелија-Скопје, полн со 200 патници и истиот се најдеше во водите на Црна река?
Се укинуваат линии, се распаѓаат пругите, се уништуваат локомотивите, железницата е во колапс, а министерот Бочварски нигде го нема.

The post Пругите се распаѓаат, железницата е во колапс, министерот Бочварски нигде го нема appeared first on Република.

]]>

ИЗБЕГНАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА! ПРУГИТЕ СЕ РАСПАЃААТ, МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ НИГДЕ ГО НЕМА! Денес на железничкиот мост на Црна Река, кај Стоби, избегната е железничка несреќа од посериозни размери. Благодарение на присебноста на машиновозачот, товарниот воз навремено запрел и избегната е катастрофа. Поради попуштање на мостот, пругата е пропадната и целосно нефункционална. Ова е истиот мост кој во 2018 година исто така попушти, но од тогаш најверојатно не бил целосно ревитализиран, тврдат од ВМРО ДПМНЕ. Како комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати реагиравме и предупредувавме дека прашање на време е кога за жал ќе се случат вакви инциденти. Владата на СДСМ и ДУИ има несериозен и расипнички однос кон железниците во нашата држава кој резултира со вакви настани. Не одржувањето на пругите и железничките мостови доведуваат до вакви настани, кои освен финансиски може да имаат и човечки загуби. Колкава ќе беше трагедијата ако наместо товарниот воз се најдеше патнички воз кој собраќа на релација Скопје-Гевгелија-Скопје, полн со 200 патници и истиот се најдеше во водите на Црна река? Се укинуваат линии, се распаѓаат пругите, се уништуваат локомотивите, железницата е во колапс, а министерот Бочварски нигде го нема.

The post Пругите се распаѓаат, железницата е во колапс, министерот Бочварски нигде го нема appeared first on Република.

]]>
Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-soslushuvaneto-na-svedotsite-i-ekspertite-za-skandalot-na-klinikata-za-onkologija/ Fri, 03 Nov 2023 21:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=697979

Со сослушување на поранешниот медицински директор на ЈЗУ Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски заврши последниот ден од сослушувањето на сведоците и експертите во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Повеќе прашања пратениците упатија кон Васев, кој беше повикан повторно, особено во врска со набавката на лековите и нефункционалноста на Като системот.

Пратеникот Ненад Коциќ, го праша Васев во врска со нефункционалноста на Като системот. Васев одговори дека системот бил некомплетен и немал изолатор.

Като системот е купен 2014 година, мислам дека авансно е платен и монтиран е во ноември 2014 година. Не е извршено технички прием од техничко лице, туку е со потпис на тогашното раководство. Пуштен е во 2017 година, два месеца пред јас да дојдам на функција. Како директор бев известен дека системот е некомплетен, тој нема изолатор. Целиот тендер за Като системот го нема во институтот, целиот тендер е исчезнат, имавме контрола од Фондот и е воочено во таа контрола во 2017 година, дека недостасуваат четири тендерски постапки. Значи ја немаше цела документација, рече Васев.

Освен тоа, тој објасни дека по бројни консултации со српската компанија како и француската компанија како производител на системот, во соработка со наши претставници од министерството се обидувале да го вклучат барем за основните норми, но софтверот што бил купен во посебна тендерска постапка никогаш не проработел.

Значи, Като системот не е исклучен од струја, а и да е оставен во подрум, тој е на истото место каде што е направен. Софтверот ден денес не е направен. Проблемите со Като системот требаше да ги открие некоја повисока институција, тој и сега не е вклучен, ниту може да се вклучи без комплетно сервисирање на сите делови, затоа што сервисот и гаранцијата поминаа истата година кога беше ставен, односно ставен е во ноември 2014 година, а гаранцијата помина веќе во јуни 2015 година, додаде Васев.

Во врска со прашањето на пратеникот Љупчо Пренџов околу доцнењето на лековите, Васев одговори дека се реагирало на доцнењето од помалите фирми, но за поголемите фирми, како што посочи, требало да има институционална реакција затоа што не било можно да се затвори соработката со нив бидејќи тоа би значело и прекин на добавувањето и на другите лекови кои доаѓале од истите тие компании.

Во однос на прашањето на пратеникот Зоран Коцевски поврзано со сумите и набавките на лековите, поранешниот директор на Онкологија кажа дека на почеток откако станал директор на Клиниката за онкологија, за една година го намалил долгот од 115 милиони денари на 12 милиони денари, 2020 година имало 52 милиони долг, но тој долг нагло се искачил на 250 милиони во 2020 година, а во 2021 година на 655 милиони денари, што, како што рече, било исклучиво од биолошката терапија и на крај во 2021 година даден е финансиски извештај на Фондот.

Не смеевме да прекинеме со биолошката терапија поради „ребаунд“ ефект. Ако прекинете имунолошка терапија повеќе од три недели, се враќа болеста, и не само што се враќа, туку се враќа многу полошо назад. Тој феномен е многу опасен кај биолошката терапија и не смее да се застане, три години, кај плуќа е две години, кај дојка е три години минимум мора да трае терапијата кај метастатската болест, рече Васев.

По сослушувањето на поранешниот економски директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи најави дека комисијата ќе продолжи со разгледување на акти и документи поврзани со овој скандал. Продолжението ќе биде дополнително закажано.

The post Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>

Со сослушување на поранешниот медицински директор на ЈЗУ Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски заврши последниот ден од сослушувањето на сведоците и експертите во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Повеќе прашања пратениците упатија кон Васев, кој беше повикан повторно, особено во врска со набавката на лековите и нефункционалноста на Като системот. Пратеникот Ненад Коциќ, го праша Васев во врска со нефункционалноста на Като системот. Васев одговори дека системот бил некомплетен и немал изолатор.
Като системот е купен 2014 година, мислам дека авансно е платен и монтиран е во ноември 2014 година. Не е извршено технички прием од техничко лице, туку е со потпис на тогашното раководство. Пуштен е во 2017 година, два месеца пред јас да дојдам на функција. Како директор бев известен дека системот е некомплетен, тој нема изолатор. Целиот тендер за Като системот го нема во институтот, целиот тендер е исчезнат, имавме контрола од Фондот и е воочено во таа контрола во 2017 година, дека недостасуваат четири тендерски постапки. Значи ја немаше цела документација, рече Васев.
Освен тоа, тој објасни дека по бројни консултации со српската компанија како и француската компанија како производител на системот, во соработка со наши претставници од министерството се обидувале да го вклучат барем за основните норми, но софтверот што бил купен во посебна тендерска постапка никогаш не проработел.
Значи, Като системот не е исклучен од струја, а и да е оставен во подрум, тој е на истото место каде што е направен. Софтверот ден денес не е направен. Проблемите со Като системот требаше да ги открие некоја повисока институција, тој и сега не е вклучен, ниту може да се вклучи без комплетно сервисирање на сите делови, затоа што сервисот и гаранцијата поминаа истата година кога беше ставен, односно ставен е во ноември 2014 година, а гаранцијата помина веќе во јуни 2015 година, додаде Васев.
Во врска со прашањето на пратеникот Љупчо Пренџов околу доцнењето на лековите, Васев одговори дека се реагирало на доцнењето од помалите фирми, но за поголемите фирми, како што посочи, требало да има институционална реакција затоа што не било можно да се затвори соработката со нив бидејќи тоа би значело и прекин на добавувањето и на другите лекови кои доаѓале од истите тие компании. Во однос на прашањето на пратеникот Зоран Коцевски поврзано со сумите и набавките на лековите, поранешниот директор на Онкологија кажа дека на почеток откако станал директор на Клиниката за онкологија, за една година го намалил долгот од 115 милиони денари на 12 милиони денари, 2020 година имало 52 милиони долг, но тој долг нагло се искачил на 250 милиони во 2020 година, а во 2021 година на 655 милиони денари, што, како што рече, било исклучиво од биолошката терапија и на крај во 2021 година даден е финансиски извештај на Фондот.
Не смеевме да прекинеме со биолошката терапија поради „ребаунд“ ефект. Ако прекинете имунолошка терапија повеќе од три недели, се враќа болеста, и не само што се враќа, туку се враќа многу полошо назад. Тој феномен е многу опасен кај биолошката терапија и не смее да се застане, три години, кај плуќа е две години, кај дојка е три години минимум мора да трае терапијата кај метастатската болест, рече Васев.
По сослушувањето на поранешниот економски директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи најави дека комисијата ќе продолжи со разгледување на акти и документи поврзани со овој скандал. Продолжението ќе биде дополнително закажано.

The post Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>
Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-direktorka-na-dszi-svedocheshe-pred-anketna-komisija-za-raboteneto-na-onkologija/ Sat, 28 Oct 2023 11:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=695785

Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија.

Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текој на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година.

Кога Инспекторот оди во надзор, најпрвин врши контрола на хигиена, каде спаѓаат повеќе параметри, како што се дезинфекција, дезинсекција, динамика на чистење и одржување на хигиена, однос кон панциентите, поплака и издавање на соодветни решенија. Во текот на мојот мандат стасани се четири претставки од пациенти и тие влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Извршени се четири вонредни инспекциски надзори и на сите подносители за барање на надзор им е одговорено -рече Сотирова Бухова.

Таа појасни дека сите потребни документи ги има во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сотирова Бухова потврди дека во текот на нејзиното директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден надзор за Клиниката за онкологија.

Секој надзор, редовен или вонреден, завршува со записник. Записникот го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и одговорното лице, кое задолжително е присутно на тој надзор. Сите записници се потпишани од двете страни. Во ДСЗИ постои секој документ архивиран за кој било редовен или вонреден надзор. Јас можам да ви доставам тоа што го имам од вонредните инспекциски надзори кои сум ги добила на мое барање, но имајќи во предвид дека поканата за присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мислев дека мене ми е потребно, за да бидам исрцпна и да ги задоволам одоговорите на вашите прашања - посочи Сотирова Бухова.

Како што информираше, во ДСЗИ постои сериозна архива која го има секој вонреден и редовен инспекциски надзор, секој записник и секое издадено решение. Решението, како што рече, е со архивски број и го има доставено до секоја Клиника, па и до Онкологија. Додаде дека четирите инспекциски надзори се на барање на пациентите.

Во главно, трите барања за надзор се за незадоволство од однесувањето на одредени доктори, а едниот заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. Јас немам информација дека Државниот завод за ревизија има забелешки во однос на надзорите и дека ДСЗИ дал решенија, кои потоа ги нотира Државниот завод за ревизија - додаде Сотирова Бухова.

На прашањето од страна на пратеничката Иванка Василевска, дали како професионалец би поднела оставка доколку сега е директорка, Сотирова Бухова одговори дека не сака да зборува шпекулативно. Но, посочи, кога уште би раководела со таа институција, не би дозволила вакво прашање да дојде на дневен ред.

Обично не сакам да зборувам шпекулативно. Се уште се работи на тоа да се увиди дали постоела или не постоела таква постапка на Клиниката на Онкологија. Најпрвин треба да се докаже, а потоа да се преземат одредени санкции. Лично јас кога би раководела со таа институција, не би дозволела вакво прашање да дојде на дневен ред - рече Сотирова Бухова.

Пратеникот Љупчо Пренџов на седницата праша дали има морална одговорност, на што Сотирова Бухова одговори дека за време на нејзиното директорување, со извонредни напори се справувале со пандемијата и не го разбира прашањето за морална одговорност.

Во мое време немаше никаква претставка од ваков вид, за да можам да одговорам. На хипотетички прашања не можам да одговарам. Зборувам за времето на моето директорување. Тогаш немаше вакви надзори и немаше потреба од вакви надзори. Не можам да одговорам на хипотетички прашања. ДЗСИ застана исправено пред предизвикот на пандемијата - додаде Сотирова Бухова.

Пратеникот Зоран Коцески на седницата и постави неколку прашања. Тој потсети дека првата кражба на лекови од медицинска сестра се случила во 2020 година и ја праша Сотирова Бухова дали бил извршен вонреден надзор во тој период. На ова, Сотирова Бухова одговори дека во тој период, до ДСЗИ не стигнало барање за вршење на инспекциски надзор ниту од Јавното обвинителство, ниту од МВР, ниту пак од министерот за здравство.

Во 2020 година до ДСЗИ нема стасано барање од никој, ниту пак претставка, за да може да постапува. Второ, за да се работи за кражба на лекови не постапува ДСЗИ, постапуваат другите институции. Ниту МВР ниту Јавното обвинителство не побарале надзор за овој случај во 2020 година. Нема побарано вонреден надзор ниту министерот за здравство - рече Сотирова Бухова.

Прашана дали и колку извештаи доставиле во тој период и што содржат тие извештаи, Сотирова Бухова одговори дека извештаите по извршени редовни инспекциски надзори на квартално ниво ги има во ДСЗИ. Како што додаде, редовните надзори не се вршени во 2020 и 2021 година заради пандемија и пандемиските услови.

Во врска со Като системот, Сотирова Бухова рече дека тој не е во ингеренции на ДСЗИ, затоа што е апаратура која се користи за лекување на пациентите.

Во однос на опремата, доколку ДСЗИ е повикан со инициран надзор, тогаш ја запишува во записник опремата со која располага одредена клиника. Но, во редовните надзори не е опфатено опремата да биде забележувана. Постои протокол за редовни надзори, во тој протокол не е опфатена опремата која ја има институцијата, додаде Сотирова Бухова.

The post Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија. Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текој на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година.
Кога Инспекторот оди во надзор, најпрвин врши контрола на хигиена, каде спаѓаат повеќе параметри, како што се дезинфекција, дезинсекција, динамика на чистење и одржување на хигиена, однос кон панциентите, поплака и издавање на соодветни решенија. Во текот на мојот мандат стасани се четири претставки од пациенти и тие влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Извршени се четири вонредни инспекциски надзори и на сите подносители за барање на надзор им е одговорено -рече Сотирова Бухова.
Таа појасни дека сите потребни документи ги има во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сотирова Бухова потврди дека во текот на нејзиното директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден надзор за Клиниката за онкологија.
Секој надзор, редовен или вонреден, завршува со записник. Записникот го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и одговорното лице, кое задолжително е присутно на тој надзор. Сите записници се потпишани од двете страни. Во ДСЗИ постои секој документ архивиран за кој било редовен или вонреден надзор. Јас можам да ви доставам тоа што го имам од вонредните инспекциски надзори кои сум ги добила на мое барање, но имајќи во предвид дека поканата за присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мислев дека мене ми е потребно, за да бидам исрцпна и да ги задоволам одоговорите на вашите прашања - посочи Сотирова Бухова.
Како што информираше, во ДСЗИ постои сериозна архива која го има секој вонреден и редовен инспекциски надзор, секој записник и секое издадено решение. Решението, како што рече, е со архивски број и го има доставено до секоја Клиника, па и до Онкологија. Додаде дека четирите инспекциски надзори се на барање на пациентите.
Во главно, трите барања за надзор се за незадоволство од однесувањето на одредени доктори, а едниот заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. Јас немам информација дека Државниот завод за ревизија има забелешки во однос на надзорите и дека ДСЗИ дал решенија, кои потоа ги нотира Државниот завод за ревизија - додаде Сотирова Бухова.
На прашањето од страна на пратеничката Иванка Василевска, дали како професионалец би поднела оставка доколку сега е директорка, Сотирова Бухова одговори дека не сака да зборува шпекулативно. Но, посочи, кога уште би раководела со таа институција, не би дозволила вакво прашање да дојде на дневен ред.
Обично не сакам да зборувам шпекулативно. Се уште се работи на тоа да се увиди дали постоела или не постоела таква постапка на Клиниката на Онкологија. Најпрвин треба да се докаже, а потоа да се преземат одредени санкции. Лично јас кога би раководела со таа институција, не би дозволела вакво прашање да дојде на дневен ред - рече Сотирова Бухова.
Пратеникот Љупчо Пренџов на седницата праша дали има морална одговорност, на што Сотирова Бухова одговори дека за време на нејзиното директорување, со извонредни напори се справувале со пандемијата и не го разбира прашањето за морална одговорност.
Во мое време немаше никаква претставка од ваков вид, за да можам да одговорам. На хипотетички прашања не можам да одговарам. Зборувам за времето на моето директорување. Тогаш немаше вакви надзори и немаше потреба од вакви надзори. Не можам да одговорам на хипотетички прашања. ДЗСИ застана исправено пред предизвикот на пандемијата - додаде Сотирова Бухова.
Пратеникот Зоран Коцески на седницата и постави неколку прашања. Тој потсети дека првата кражба на лекови од медицинска сестра се случила во 2020 година и ја праша Сотирова Бухова дали бил извршен вонреден надзор во тој период. На ова, Сотирова Бухова одговори дека во тој период, до ДСЗИ не стигнало барање за вршење на инспекциски надзор ниту од Јавното обвинителство, ниту од МВР, ниту пак од министерот за здравство.
Во 2020 година до ДСЗИ нема стасано барање од никој, ниту пак претставка, за да може да постапува. Второ, за да се работи за кражба на лекови не постапува ДСЗИ, постапуваат другите институции. Ниту МВР ниту Јавното обвинителство не побарале надзор за овој случај во 2020 година. Нема побарано вонреден надзор ниту министерот за здравство - рече Сотирова Бухова.
Прашана дали и колку извештаи доставиле во тој период и што содржат тие извештаи, Сотирова Бухова одговори дека извештаите по извршени редовни инспекциски надзори на квартално ниво ги има во ДСЗИ. Како што додаде, редовните надзори не се вршени во 2020 и 2021 година заради пандемија и пандемиските услови. Во врска со Като системот, Сотирова Бухова рече дека тој не е во ингеренции на ДСЗИ, затоа што е апаратура која се користи за лекување на пациентите. Во однос на опремата, доколку ДСЗИ е повикан со инициран надзор, тогаш ја запишува во записник опремата со која располага одредена клиника. Но, во редовните надзори не е опфатено опремата да биде забележувана. Постои протокол за редовни надзори, во тој протокол не е опфатена опремата која ја има институцијата, додаде Сотирова Бухова.

The post Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Има целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-ima-tselosna-suspenzija-na-kontrolnite-mehanizmi-shto-bile-povrzani-so-rabotata-na-klinikata-za-radioterapija-i-onkologija/ Wed, 11 Oct 2023 18:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=690282

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи вечерва изјави дека она што неа ја загрижува и што може да утврди од досегашната работа на комисијата е целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

-ВМРО-ДПМНЕ веќе достави листа на луѓе кои што сакаме да дојдат и да разговараат со Анкетната комисија и да ги дадат своите изјави. Тоа е листа од 44 поранешни и сегашни функционери и раководители на различни степени во самите институции, кои што ќе треба да посведочат. СДСМ даде листа од 27 сведоци, Левица чинам дека предложи еден сведок. А, исто така ВМРО-ДПМНЕ побара документација. 44 различни архивирани документации што се однесуваат на различни институции и од нив ќе утврдиме што се случувало, рече Мизрахи за ТВ Сител.

Пратеничката потсети дека Анкетната комисија почнала со повикување на сведоци и оти на седница беа поранешниот министер за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни рбаоти Оливер Спасовски.

Мизрахи рече дека Сали кажал дека има многу оскудни информации за КАТО системот и останатите системи што би требало да бидат контролни механизми на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

-Она што повеќе ме загрижи мене од изјавата од него беше поврзано и баш со Извештајот на ДСЗР каде што тој видел односно се приметило абнормалности во однос на финансиските извештаи на самата клиника и баш заради тоа го викнал директорот и разговарал со него за да види како можат да се надминат тие ситуации. Барал и вонредна расправа односно вонредна инспекција од страна на Фондот за здравствено осигурување меѓутоа тука и му завршил мандатот, рече Мизрахи.

Таа посочи дека Извештајот на ДСЗР е доста детален и првата работа што се забележува е дека немало никаков одговор од самата Клиника за онкологија. 

The post Мизрахи: Има целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи вечерва изјави дека она што неа ја загрижува и што може да утврди од досегашната работа на комисијата е целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. -ВМРО-ДПМНЕ веќе достави листа на луѓе кои што сакаме да дојдат и да разговараат со Анкетната комисија и да ги дадат своите изјави. Тоа е листа од 44 поранешни и сегашни функционери и раководители на различни степени во самите институции, кои што ќе треба да посведочат. СДСМ даде листа од 27 сведоци, Левица чинам дека предложи еден сведок. А, исто така ВМРО-ДПМНЕ побара документација. 44 различни архивирани документации што се однесуваат на различни институции и од нив ќе утврдиме што се случувало, рече Мизрахи за ТВ Сител. Пратеничката потсети дека Анкетната комисија почнала со повикување на сведоци и оти на седница беа поранешниот министер за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни рбаоти Оливер Спасовски. Мизрахи рече дека Сали кажал дека има многу оскудни информации за КАТО системот и останатите системи што би требало да бидат контролни механизми на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија. -Она што повеќе ме загрижи мене од изјавата од него беше поврзано и баш со Извештајот на ДСЗР каде што тој видел односно се приметило абнормалности во однос на финансиските извештаи на самата клиника и баш заради тоа го викнал директорот и разговарал со него за да види како можат да се надминат тие ситуации. Барал и вонредна расправа односно вонредна инспекција од страна на Фондот за здравствено осигурување меѓутоа тука и му завршил мандатот, рече Мизрахи. Таа посочи дека Извештајот на ДСЗР е доста детален и првата работа што се забележува е дека немало никаков одговор од самата Клиника за онкологија. 

The post Мизрахи: Има целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-istorijata-na-makedonija-ne-mozhe-da-bide-predmet-na-dogovor-na-nekoja-komisija/ Wed, 11 Oct 2023 12:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=690153

Ова е значаен датум, бидејќи на 11 октомври 1941 година партизанскиот одред од 16 луѓе во Прилеп ја нападна полициската станица, го нападна затворот, ги нападна и ги прекина телефонските и електричните врски и со тоа нанесе силен удар на бугарскиот фашистички окупатор и со тоа фактички во Македонија се одбележува денот кога започна македонското народно востание, востанието за самостојност, за посебност, востанието кое беше континуитет на долгата борба на македонскиот народ уште од периодот на формирањето на македонската револуционерна организација, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Затоа, додаде Сајкоски, ова е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава.

Овој датум е значаен зошто ни е и вековен и милениумски аманет за да ги споменуваме борците, жртвите, и за да се потсетуваме како сме ја добиле слободата, државата и како треба да ја браниме и градиме државата сега. И нашето Кичево е револуционерен град. Кичево е град кој е прв ослободен на 11 септември во 1943 година, Кичево е најпркосен град и во Илинден и во НОБ, кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека историјата не може да биде предмет на било какви преговори и договори во комисии и слично.

Денес кога зборуваме за историјата сакаме да кажеме дека историјата не може да биде предмет на договор на некоја комисија. Историјата се фактите, историјата се жртвите, историјата се сведоштвата, историјата ни е културниот идентитет со кој се поистоветуваме. Ние кога зборуваме за историја зборуваме за археологијата, фактите, документите, затоа ние не можеме да се откажеме од историјата“, изјави Сајкоски.

Според Сајкоски многу е јасно дека не може други да ни ја креираат историјата, затоа што историјата е исцртана и во светски рамки.

Нашиот народ се дефинираше во 1941 година, и нашата страна е да имаме слободна, суверена Македонија, да имаме Македонија каде суверенитетот нема да биде нападнат од комисија која ни ги креира учебниците, треба ние сами да си работиме на учебници, да си го дефинираме образовниот процес и како што ја почнавме битката така денес треба да се бориме за посебноста на Македонија, заклучи Сајкоски.

https://www.youtube.com/live/Rm6SATKLpJs?si=XR_5EjWDOHgKXSgB

The post Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија appeared first on Република.

]]>

Ова е значаен датум, бидејќи на 11 октомври 1941 година партизанскиот одред од 16 луѓе во Прилеп ја нападна полициската станица, го нападна затворот, ги нападна и ги прекина телефонските и електричните врски и со тоа нанесе силен удар на бугарскиот фашистички окупатор и со тоа фактички во Македонија се одбележува денот кога започна македонското народно востание, востанието за самостојност, за посебност, востанието кое беше континуитет на долгата борба на македонскиот народ уште од периодот на формирањето на македонската револуционерна организација, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“. Затоа, додаде Сајкоски, ова е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава.
Овој датум е значаен зошто ни е и вековен и милениумски аманет за да ги споменуваме борците, жртвите, и за да се потсетуваме како сме ја добиле слободата, државата и како треба да ја браниме и градиме државата сега. И нашето Кичево е револуционерен град. Кичево е град кој е прв ослободен на 11 септември во 1943 година, Кичево е најпркосен град и во Илинден и во НОБ, кажа Сајкоски.
Сајкоски укажа дека историјата не може да биде предмет на било какви преговори и договори во комисии и слично.
Денес кога зборуваме за историјата сакаме да кажеме дека историјата не може да биде предмет на договор на некоја комисија. Историјата се фактите, историјата се жртвите, историјата се сведоштвата, историјата ни е културниот идентитет со кој се поистоветуваме. Ние кога зборуваме за историја зборуваме за археологијата, фактите, документите, затоа ние не можеме да се откажеме од историјата“, изјави Сајкоски.
Според Сајкоски многу е јасно дека не може други да ни ја креираат историјата, затоа што историјата е исцртана и во светски рамки.
Нашиот народ се дефинираше во 1941 година, и нашата страна е да имаме слободна, суверена Македонија, да имаме Македонија каде суверенитетот нема да биде нападнат од комисија која ни ги креира учебниците, треба ние сами да си работиме на учебници, да си го дефинираме образовниот процес и како што ја почнавме битката така денес треба да се бориме за посебноста на Македонија, заклучи Сајкоски.
https://www.youtube.com/live/Rm6SATKLpJs?si=XR_5EjWDOHgKXSgB

The post Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија appeared first on Република.

]]>
Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/komisiska-rasprava-po-predlog-odlukata-za-formirane-anketna-komisija-za-sluchajot-so-onkologija/ Fri, 15 Sep 2023 12:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=682166

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ја разгледува Предлог одлуката за формирање на анкетна комисија за случајот на клиниката за онкологија.

Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на Одлуката во своето излагање посочи дека скандалот кој се случи на клиниката го загрозува членот 39 каде е запишано дека секој граѓанин има право на здравствена заштита.

- Со ова се гледа дека правото не само што не било испочитувани, туку било и злоупотребувано, истакна Милошоски.

Додаде дека овој скандал доведува до пад на довербата во здравството. Според него треба во најбрз можен рок да се утврди политичка одговорност.

- Политичката одговорност ќе има дополнителна корист, оти во овој момент има паушално жигосување на здравствените работници кои немаат врска со случајот, а се грижат за своите пациенти. Не би требало другите здравствени работници да бидат жртви на ваков скандал, истакна Милошоски.

Предложи Комисијата да биде составена од 13 членови од кои мнозинството да биде од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ шест членови, четири од СДСМ, два члена од ДУИ и еден од Алијанса.

The post Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ја разгледува Предлог одлуката за формирање на анкетна комисија за случајот на клиниката за онкологија. Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на Одлуката во своето излагање посочи дека скандалот кој се случи на клиниката го загрозува членот 39 каде е запишано дека секој граѓанин има право на здравствена заштита. - Со ова се гледа дека правото не само што не било испочитувани, туку било и злоупотребувано, истакна Милошоски. Додаде дека овој скандал доведува до пад на довербата во здравството. Според него треба во најбрз можен рок да се утврди политичка одговорност. - Политичката одговорност ќе има дополнителна корист, оти во овој момент има паушално жигосување на здравствените работници кои немаат врска со случајот, а се грижат за своите пациенти. Не би требало другите здравствени работници да бидат жртви на ваков скандал, истакна Милошоски. Предложи Комисијата да биде составена од 13 членови од кои мнозинството да биде од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ шест членови, четири од СДСМ, два члена од ДУИ и еден од Алијанса.

The post Комисиска расправа по предлог Одлуката за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија appeared first on Република.

]]>
Во петок собраниска комисија за разгледување на предлог одлуката за анкетната за онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-petok-sobraniska-komisija-za-razgleduvane-na-predlog-odlukata-za-anketnata-za-onkologija/ Wed, 13 Sep 2023 16:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=681666

ВМРО ДПМНЕ поднесе во Собранието иницијатива за да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за морбидниот профит на Онкологија.

„Тоа што можеме да го видиме денес во здравството по скандалот на Онкологија е дека немало ниту стручност ниту хуманост. На Онкологија доминирал принципот за профит, пациентите биле натерани да купуваат лекарства, а истите лекарства, наместо да им бидат дадени, биле препродавани на црниот пазар. И ова е заклучок на Државниот завод за ревизија. Затоа, за да има одговорноста име и презиме, за да нема паушални нагаѓања кој е одговорен, предложивме формирање анкетна комисија за да се утврди политичката одговорност на тие што дозволиле ваков морбиден профит на сметка на здравјето и животот на пациентите на Онкологија. Се сомневаме дека тоа бил директорот од СДСМ, господинот Васев, и директорот од ДУИ, господинот Нухи. Тие двајца заедно со една веледрогерија, која е голем спонзор на СДСМ, веледрогеријата ‘Пановски’, чиј сопственик има и ќерка директор на една од клиниките, наместо да им бидат лекари на пациентите од канцер, директорите на СДСМ и ДУИ и сопственикот на веледрогеријата ‘Пановски’ биле канцерот во македонското здравство. Во нивно време не знаеме ни колку е бројот на пациенти што го загубиле животот од канцер, ова е дел од извештаите за кои вие не сакате да бидат разгледани на оваа собраниска седница“, нагласи Милошоски.

Комисијата за разгледување на предлог одлуката за анкетната за онкологија е закажана за петок 15 септември.

The post Во петок собраниска комисија за разгледување на предлог одлуката за анкетната за онкологија appeared first on Република.

Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-evropski-prashana-go-odbi-baraneto-na-vmro-dpmne-za-javna-rasprava-po-predlog-na-zakonot-za-danokot-na-solidarnost/ Mon, 24 Jul 2023 12:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=664736

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка - Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.

Јавната расправа да се одржи на 28 јули во петок. Ова е разумен рок и сосема доволно од четири дена стручните служби на Собранието да организираат, да се поканат сите заинтересирани физички и правни лица и да се дискутира и да се изнесат сите недостатоци за законот. Ова го барам поради бројните и бурни реакции на јавноста на овој предлог-закон, а и поради потребата за вклучување на стручната фела во образложување на истиот овој закон. Потребно е да се спроведе јавна расправа по истиот по кој што ќе се донесат заклучоци кои ќе придонесат кон подобрување на законската регулатива и кон едноставно можноста да се види што значи ова законско решение - рече тој.

Кога министерот за финансии, Фатмир Бесими излезе на говорницата да го образложи законското решение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваше од место барајќи од потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели да го стави на гласање нивното барање за јавна расправа. Мицевски побара од Биљали-Зендели нивната иницијатива да го стави на гласање и да се произнесат пратениците. Потенцира дека додека не се утврди дневен ред, министер или било кој не смее да земе збор и да објаснува.

Мицевски истакна дека жали што пратениците од владејачкото мнозинство немаат храброст за едно вакво суштествено и чувствително прашање за кое што реагира Клубот 100 од Стопанската комора на Македонија да не се најде можност да им се даде еден ден да се дискутира за ова законско прашање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и точката Предлог на закон за данокот на солидарност да се тргне комплетно од дневниот ред на денешната Комисија за европски прашања, која исто така беше одбиена од членовите на Комисијата.

Попретседателката Биљали-Зендели соопшти дека за Предлог на законот за данокот на солидарност се доставени амандмани и даде пауза додека се архивираат до собраниските служби.

Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

The post Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка - Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.
Јавната расправа да се одржи на 28 јули во петок. Ова е разумен рок и сосема доволно од четири дена стручните служби на Собранието да организираат, да се поканат сите заинтересирани физички и правни лица и да се дискутира и да се изнесат сите недостатоци за законот. Ова го барам поради бројните и бурни реакции на јавноста на овој предлог-закон, а и поради потребата за вклучување на стручната фела во образложување на истиот овој закон. Потребно е да се спроведе јавна расправа по истиот по кој што ќе се донесат заклучоци кои ќе придонесат кон подобрување на законската регулатива и кон едноставно можноста да се види што значи ова законско решение - рече тој.
Кога министерот за финансии, Фатмир Бесими излезе на говорницата да го образложи законското решение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваше од место барајќи од потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели да го стави на гласање нивното барање за јавна расправа. Мицевски побара од Биљали-Зендели нивната иницијатива да го стави на гласање и да се произнесат пратениците. Потенцира дека додека не се утврди дневен ред, министер или било кој не смее да земе збор и да објаснува. Мицевски истакна дека жали што пратениците од владејачкото мнозинство немаат храброст за едно вакво суштествено и чувствително прашање за кое што реагира Клубот 100 од Стопанската комора на Македонија да не се најде можност да им се даде еден ден да се дискутира за ова законско прашање. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и точката Предлог на закон за данокот на солидарност да се тргне комплетно од дневниот ред на денешната Комисија за европски прашања, која исто така беше одбиена од членовите на Комисијата. Попретседателката Биљали-Зендели соопшти дека за Предлог на законот за данокот на солидарност се доставени амандмани и даде пауза додека се архивираат до собраниските служби. Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

The post Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ Fri, 21 Jul 2023 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=663869

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.

После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.

Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.

Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.
После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.
Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>
Прекината седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ за случајот Онишченко https://republika.mk/vesti/makedonija/prekinata-sednicata-na-komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-za-sluchajot-onishchenko/ Thu, 15 Dec 2022 13:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=585997

На денешната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање присуствуваа пратениците и од опозицијата и од власта со цел да се продолжи работата, но од страна на АНБ немаше ниту еден претставник кој ќе продолжеше да реферира за тоа како лицето Олександр Онишченко добило македонско државјанство и позитивни мислења, изјави претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, откако ја прекина седницата поради немање услови за работа.

Пренџов посочи дека денеска не направиле надзор зашто претставници од АНБ не присуствувале на заседанието, но најави дека за кратко време повторно ќе ја свика оваа седница на чиј дневен ред единствена точка е случајот Онишченко.

Ќе разговараме, ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог - рече Пренџов, посочувајќи дека ќе побараат одговори и од новиот директор на АНБ.

Пренџов го оцени како неодговорно однесувањето на вработените во АНБ, поради неприсуство на нивни претставник на седницата.

The post Прекината седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ за случајот Онишченко appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање присуствуваа пратениците и од опозицијата и од власта со цел да се продолжи работата, но од страна на АНБ немаше ниту еден претставник кој ќе продолжеше да реферира за тоа како лицето Олександр Онишченко добило македонско државјанство и позитивни мислења, изјави претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, откако ја прекина седницата поради немање услови за работа. Пренџов посочи дека денеска не направиле надзор зашто претставници од АНБ не присуствувале на заседанието, но најави дека за кратко време повторно ќе ја свика оваа седница на чиј дневен ред единствена точка е случајот Онишченко.
Ќе разговараме, ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог - рече Пренџов, посочувајќи дека ќе побараат одговори и од новиот директор на АНБ.
Пренџов го оцени како неодговорно однесувањето на вработените во АНБ, поради неприсуство на нивни претставник на седницата.

The post Прекината седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ за случајот Онишченко appeared first on Република.

]]>
Заврши средбата на мешовитата историска комисија, ама без договор https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-sredbata-na-meshovitata-istoriska-komisija-ama-bez-dogovor/ Thu, 24 Nov 2022 18:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=577947

Заврши средбата на мешовитата Комисија Комисија за историски и образовни прашања, но без конкретен договор во однос на содржината на учебниците за 7 одделение во Македонија

Првиот човек на македонската страна од Комисијата, Драги Ѓорѓиев во изјава за медиумите средбата ја оцени како позитивна, но откри дека немало никаков конкретен заклучок во врска со дискутираната тема.

Дискутиравме отворено, имаше конструктивна атмосфера. Дискутиравме за учебниците од 7 одделение во македонскиот образовен систем и забелешките на колегите од Бугарија во однос на тие учебници. Разговаравме за дневниот ред кој веќе две три седници наназад се провлекува и мислам дека имавме една позитивна атмосфера во разговорите. Продолжуваме утре во 9:30 часот. Денеска дискутиравме само за учебниците, но се уште нема никаков конкретен резултат или конкретен заклуччок. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема -  изјави Драги Ѓорѓиев за 360 степени.

The post Заврши средбата на мешовитата историска комисија, ама без договор appeared first on Република.

]]>

Заврши средбата на мешовитата Комисија Комисија за историски и образовни прашања, но без конкретен договор во однос на содржината на учебниците за 7 одделение во Македонија Првиот човек на македонската страна од Комисијата, Драги Ѓорѓиев во изјава за медиумите средбата ја оцени како позитивна, но откри дека немало никаков конкретен заклучок во врска со дискутираната тема.
Дискутиравме отворено, имаше конструктивна атмосфера. Дискутиравме за учебниците од 7 одделение во македонскиот образовен систем и забелешките на колегите од Бугарија во однос на тие учебници. Разговаравме за дневниот ред кој веќе две три седници наназад се провлекува и мислам дека имавме една позитивна атмосфера во разговорите. Продолжуваме утре во 9:30 часот. Денеска дискутиравме само за учебниците, но се уште нема никаков конкретен резултат или конкретен заклуччок. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема -  изјави Драги Ѓорѓиев за 360 степени.

The post Заврши средбата на мешовитата историска комисија, ама без договор appeared first on Република.

]]>
В среда комисиска расправа за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко https://republika.mk/vesti/makedonija/v-sreda-komisiska-rasprava-za-ulogata-na-anb-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/ Mon, 14 Nov 2022 16:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=573796

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во среда ќе одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов денеска изјави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на АНБ го пропуштиле низ безбедносниот филтер, Онишченко кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на црната американска листа.

Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.

The post В среда комисиска расправа за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во среда ќе одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов денеска изјави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на АНБ го пропуштиле низ безбедносниот филтер, Онишченко кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на црната американска листа.
Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.
Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. И премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.  

The post В среда комисиска расправа за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко appeared first on Република.

]]>
Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ во Штип, главна тема – нов клинички центар https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-vo-shtip-glavna-tema-nov-klinichki-centar/ Sat, 01 Oct 2022 14:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=556363

Сѐ уште неизградениот клинички центар во Штип беше тема на Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот Игор Николов, истакна дека било дискутирано за важноста на оваа болница за целиот регион, како и за штетноста од раскинувањето на договорот со Европската банка.

Да се заблагодариме на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за целокупната негова активност за подобрување на здравствената инфраструктура и да го потенцираме значењето на сегментот штипска болница, како и да апелираме до здравствените власти - рече Николов.

Освен за Клиничкиот центар во Штип, на средбата со централната здравствена комисија се дискутирало и за други теми коишто ги опфаќаат условите во коишто работат и функционираат здравствените работници во Штип.

Во отворената дискусија беа темите за деблокирање на процесот на изградбата на Клиничкиот центар во Штип, дефицит на медицински кадар и дефицит на апаратура во Клиничката болница Штип - истакна Никола Костадинов, претседател на локалната Комисија за здравство при ОК ВМРО – ДПМНЕ Штип.

Како Комисија и здравствени работници, особено од Источниот Регион, истакнаа дека ќе продолжат со потенцирањето на важноста на овој проект.

The post Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ во Штип, главна тема – нов клинички центар appeared first on Република.

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата договорила заедничко чествување на Гоце https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-antimakedonskata-sds-ne-prestanuvaat-so-rasprodavanje-na-istorijata-komisijata-dogovorila-zaednichko-chestvuvanje-na-goce/ Fri, 16 Sep 2022 07:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=551241

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце. Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира.

Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија.

Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ.

Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.

Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце.

Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори, стои во партиското соопштение.

The post Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата договорила заедничко чествување на Гоце appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија договорила заедничко чествување на Гоце. Се што Заев најави сега Ковачевски го реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира. Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија. Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ. Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ. Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце. Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори, стои во партиското соопштение.

The post Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата договорила заедничко чествување на Гоце appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Османи да реферира пред пратеницитe колку Бесмира Ејупи е квалификувана да работи во МНР https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-osmani-da-referira-pred-pratenicite-kolku-besmira-ejupi-e-kvalifikuvana-da-raboti-vo-mnr/ Tue, 06 Sep 2022 11:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=547933

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски упати апел до министерот за надворешни работи Бујар Османи  да размисли кога и дали е потребно да се класифицираат информации коишто ги претставуваат амбасадорите, и до пратениците на ДУИ секој да поднесе најитно барање за добивање национален безбедносен сертификат за да може да си ја исполнува улогата на пратеник во секоја ситуација.

Оваа седница ја почнавме пред одреден период и по барање на МНР за истата мнозинството донесе одлука да биде затворена заради доверливост на одредени материјали што се доставени од МНР, а поврзани со амбасадорите и тогаш владејачкото мнозинство изгласа одлука седницата да биде од затворен карактер за јавноста.  Денеска имавме прв обид да ја продолжиме седницата во форма во која што работевме, односно затворена седница, но констатирам со жалење дека голем дел од пратениците од владејачкото мнозинство особено од партијата ДУИ немаа национални безбедносни сертификати и не можат да присуствуваат на таква седница, ниту пак да направиме кворум за да продолжи и да работи во тој формат, рече Милошоски на прес – конференција во Собранието.

Седницата продолжи откако амбасадорката која беше следна за излагање на тези Евгенија Илиева која е кандидат за амбасадор во Братислава во името на МНР побара седницата да биде од отворен карактер.

На новинарско прашање, Милошоски појасни дека седницата кога беше испратен амбасадорот во САД беше затворена на барање на МНР, но на почетокот присуствувале сите пратеници и мнозинството одлучило да биде затворена, а при тоа гласале и оние пратеници кои немале безбедносен сертификат да учествуваат во работа на затворена седница. Според него, по однос на амбасадорите треба да имаме отворени седници за јавноста, но вели,  мнозинството на крајот ја носи одлуката.

Оваа седница не оди ништо побрзо и ништо поспоро од седницата за избор на уставните судии која што е десеткратно побитна за институциите во државата, па и за владејачкото мнозинство, но гледаме дека тактизираат и веројатно немаат некој договор.  Затоа министерот Османи не би требало да биде селективен ако станува збор за ефикасност или неефикасност на Собранието или за различно толкување на Деловникот. Сметам дека владејачкото мнозинство и комисиите со коишто раководи е прилично неефикасно, но тука министерот Османи не ги забележува тие работи, веројатно намерно, рече Милошоски прашан за прозивките од страна на шефот на дипломатијата дека тој тактизирал со закажувањето на седниците за испраќање на амбасадорите.

Во однос на тоа дали ќе поднесе иницијатива за обраќање на Османи пред оваа собраниска Комисија поради нетранспарентност во однос на кадровската политика на МНР и конкретно за вработувањето на лицето Бесмира Ејупи, Милошоски рече дека министерот за надворешни работи согласно законот е должен најмалку двапати годишно да има излагање, обраќање, прашања и одговори пред Комисијата за надворешна политика, но тоа не значи дека не може да биде и почесто и најави дека ќе се обидат тоа да го предложат.

Ова прашање предизвика големо внимание, ние како Комисија за надворешна политика ќе направиме напор министерот Османи да реферира пред пратениците за случајот на Бесмира Ејупи колку е квалификувана да работи во МНР, дали има трговија со влијание за нејзиното вработување и дали била негов предлог за конзул што потоа бил повлечен, но дали била формално предложена да биде конзул во Њујорк како претставник на Македонија. Тоа ќе го направиме и се надевам дека пратениците од мнозинството ќе не поддржат за еден ваков надзорен, би рекол, состанок каде што министерот би информирал за овој случај, рече Милошоски.

За презентацијата на тезите на амбасадорот во САД Зоран Попов зад затворени врати, потврди дека имаше три такви информации од посензитивен карактер во тоа излагање на амбасадорот и веројатно тоа беше причинатa зошто МНР побара таа седница да биде затворена. 

Тој на прашање изјави дека ВМРО-ДПМНЕ најверојатно собраните потписи за иницијативата за референдум во однос на Договорот за доброседство со Бугарија ќе ги поднесе во Собранието следната недела.

The post Милошоски: Османи да реферира пред пратеницитe колку Бесмира Ејупи е квалификувана да работи во МНР appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-agencijata-za-vrabotuvanje-sdsm-dui-objavuva-oglas-za-obrazovni-asistenti-sprotivno-na-zakon/ Tue, 09 Aug 2022 10:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=538299

Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници – образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“. Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава, реагираат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот.

Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци?

Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците.

Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело.

Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира.

После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува“ – порачуваат тие.

The post ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон appeared first on Република.

]]>

Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници – образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“. Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава, реагираат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот. Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци? Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците. Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело. Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира. После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува“ – порачуваат тие.

The post ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон appeared first on Република.

]]>