Skip to main content

Калас, по средбата со Вучиќ и Курти, ја поздрави подготвеноста за соработка во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас денеска, по одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со косовскиот премиер Албин Курти, во Брисел, соопшти дека ја поздравила подготвеноста за целосна соработка во откривањето на сторителите на, како што рече, терористичкиот напад, во кој беше оштетен каналот Ибар-Лепенец, во близина на Зубин Поток, во Косово.

Во објава на социјалната мрежа Х, Калас нагласи дека извршителите на нападот мора да се соочат со правдата.

„Денеска се сретнав со Вучиќ и Курти. Единствениот пат за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор. Ја поздравив подготвеноста за целосна соработка по неодамнешниот терористички напад. Извршителите мора да се соочат со правдата“, напиша Калас.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort