Skip to main content

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Собранието денеска со 61 глас „за“ го изгласа Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2025 година, по скратена постапка, по усвојувањето на Буџетот на седницата на 10 декември.

Со Законот се определуваат начинот и условите за извршување на Буџетот за тековната фискална година.

И со овој закон се воведува обврска за реализација на 15 проценти од капиталните расходи во првиот квартал, од 40 проценти заклучно со вториот квартал, 65 проценти заклучно со третиот квартал и 70 проценти заклучно со третиот квартал, со икслучок на Програм,ата – Интеграција во ЕУ и потпрограмите Интеграција во НАТО и Инфраструктурни прокети во општините.

Со Буџетот за 2025 година вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти. Инфлацијата се очекува да се намали на 2,2 процента.

За капитални инвестиции се планирани 50,5 милијарди денари, како и 349,6 милијарди денари за тековни расходи, како исплата на плати, на пензии, социјални права, субвенции во земјоделството, поддршка на мали и средни претпријатија, на ранливи категории граѓани и за стопанството…

Расходите за плати се на ниво од 48,1 милијарда денари и бележат раст од 8 проценти, а за стоки и услуги 26,2 милијарди денари со намалување од 0,5 проценти во структурата на вкупните расходи. За исплата на пензии се планирани 105,5 милијарди денари со кои се обезбедуваат средства за најавеното зголемување на пензиите за 2.500 денари од март следната година. За надоместоци за социјална заштита околу 14,5 милијарди денари, за паричен надомест во случај на невработеност 1,6 милијарди денари, а за спроведување активни политики и мерки за вработување 2,3 милијарди денари. Повеќе средства се обезбедени за здравствена заштита, односно 52,5 милијарди денари или за 10,7 проценти повеќе. Поддршката во земјоделството е планирана на ниво од 8 милијарди денари, додека трансферите до единиците за локална самоуправа на ниво од 33,2 милијарди денари или за 2,5 милијарди денари повеќе.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort