Холокауст Archives - Република https://republika.mk/tema/holokaust/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 11:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Холокауст Archives - Република https://republika.mk/tema/holokaust/ 32 32 Пендаровски положи цвеќе по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи https://republika.mk/zivot/pendarovski-polozhi-tsveke-po-povod-81-godishnina-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ Mon, 11 Mar 2024 11:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=753595

Претседателот Стево Пендаровски по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, денеска положи цвеќе пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи, во дворот на поранешниот скопски Монопол, од каде на 11 март 1943 македонските Евреи биле однесени во логорот Треблинка.

Претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе и на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци на НОБ.

The post Пендаровски положи цвеќе по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Костадиновска-Стојчевска: Го чуваме споменот на холокаустот https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-go-chuvame-spomenot-na-holokaustot/ Sun, 10 Mar 2024 19:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=753422

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа бројни битолчани, членови на Еврејската заедница, гости од Израел. Тие ја изодеа последната патека на своите сограѓани, 3 500 битолски Евреи, жртви на холокаустот, од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до Железничката станица од каде што беа депортирани во логорите на смртта.

„Имаме морална обврска постојано да се бориме за соживот и напредок за да успееме да го зачуваме споменот за жртвите на Втората светска војна, потврдувајќи ја нашата истрајност во борбата за мир, слобода и демократија“, напиша на својот фејсбук профил министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека одбележувањето на Денот на холокаустот е поттик да ја потврдиме нашата посветеност кон принципите и целите на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човековите права, затоа што, како што вели, денес се актуелни нови форми на геноцид и фашизам.

„Холокаустот беше мрачна епоха која нѐ задолжува да градиме заеднички свет за да ги спречиме таквите злосторства“, пишува министерката за култура.

Битола секогаш ќе се сеќава на ова зло од пред 81 година, за никогаш да не се повтори, вели Костадиновска-Стојчевска, која денеска беше дел од поворката која молкум им оддаде почит на битолските Евреи и положи цвеќе со порака, „никогаш да не се повтори“.

Денот на холокаустот во Битола денеска беше одбележан на Еврејстките грибишта во Битола во присуство на голема делегација од Израел. Беше положено цвеќе и каменчиња по еврејските обичаи, а Денот беше одбележан и пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара.

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи.

Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје. Ќе започнат со оддавање почит пред Споменикот на 7 144-те депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол, а ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

The post Костадиновска-Стојчевска: Го чуваме споменот на холокаустот appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа бројни битолчани, членови на Еврејската заедница, гости од Израел. Тие ја изодеа последната патека на своите сограѓани, 3 500 битолски Евреи, жртви на холокаустот, од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до Железничката станица од каде што беа депортирани во логорите на смртта.
„Имаме морална обврска постојано да се бориме за соживот и напредок за да успееме да го зачуваме споменот за жртвите на Втората светска војна, потврдувајќи ја нашата истрајност во борбата за мир, слобода и демократија“, напиша на својот фејсбук профил министерката Костадиновска-Стојчевска.
Таа додава дека одбележувањето на Денот на холокаустот е поттик да ја потврдиме нашата посветеност кон принципите и целите на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човековите права, затоа што, како што вели, денес се актуелни нови форми на геноцид и фашизам.
„Холокаустот беше мрачна епоха која нѐ задолжува да градиме заеднички свет за да ги спречиме таквите злосторства“, пишува министерката за култура.
Битола секогаш ќе се сеќава на ова зло од пред 81 година, за никогаш да не се повтори, вели Костадиновска-Стојчевска, која денеска беше дел од поворката која молкум им оддаде почит на битолските Евреи и положи цвеќе со порака, „никогаш да не се повтори“. Денот на холокаустот во Битола денеска беше одбележан на Еврејстките грибишта во Битола во присуство на голема делегација од Израел. Беше положено цвеќе и каменчиња по еврејските обичаи, а Денот беше одбележан и пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара. Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје. Ќе започнат со оддавање почит пред Споменикот на 7 144-те депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол, а ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

The post Костадиновска-Стојчевска: Го чуваме споменот на холокаустот appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Го чуваме споменот на холокаустот и покажуваме истрајност во борбата за мир, слобода и демократија https://republika.mk/zivot/kostadinovska-stojchevska-go-chuvame-spomenot-na-holokaustot-i-pokazhuvame-istrajnost-vo-borbata-za-mir-sloboda-i-demokratija/ Sun, 10 Mar 2024 14:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=753342

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот  на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и  беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа бројни битолчани, членови на Еврејската заедница, гости од Израел. Тие ја изодеа последната патека на своите сограѓани,  3 500 битолски Евреи, жртви на холокаустот, од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до Железничката станица од каде што беа депортирани во логорите на смртта.

„Имаме морална обврска  постојано да се бориме за соживот и напредок за да успееме да го зачуваме споменот за жртвите на Втората светска војна,  потврдувајќи ја нашата истрајност во борбата за мир, слобода и демократија“, напиша на својот фејсбук профил министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека одбележувањето на Денот на холокаустот е поттик да ја потврдиме нашата посветеност кон принципите и целите на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човековите права, затоа што, како што вели, денес се актуелни нови форми на геноцид и фашизам.

„Холокаустот беше мрачна епоха која нѐ задолжува да градиме заеднички свет за да ги спречиме таквите злосторства“, пишува министерката за култура.

Битола секогаш ќе се сеќава на ова зло од пред 81 година, за никогаш да не се повтори, вели Костадиновска-Стојчевска, која денеска беше дел од поворката која молкум им оддаде почит на битолските Евреи и положи цвеќе со порака, „никогаш да не се повтори“.

Денот на холокаустот во Битола денеска беше одбележан на Еврејстките грибишта во Битола во присуство на голема делегација од Израел. Беше положено цвеќе и каменчиња по еврејските обичаи, а Денот беше одбележан и пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара.

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи.

Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје. Ќе започнат со оддавање почит пред Споменикот на 7 144-те депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол, а ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на ХФолокаустот на Евреите од Македонија.

The post Костадиновска-Стојчевска: Го чуваме споменот на холокаустот и покажуваме истрајност во борбата за мир, слобода и демократија appeared first on Република.

Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи https://republika.mk/vesti/makedonija/komemorativni-aktivnosti-vo-shtip-i-bitola-po-povod-81-godina-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Sun, 10 Mar 2024 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=753185

Во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи, во Штип денеска ќе се реализираат повеќе активности. Во Советот на Градот ќе се одржи комеморативна програма на која ќе се обрати градоначалникот Иван Јорданов, а потоа следува „Поворката на живите“ - од Општина Штип до Споменикот на депортираните Евреи каде ќе биде положено цвеќе. Почит пред Споменикот со положување венец ќе оддадат и пратениците Никола Мицевски и Емилија Рамбабова. Програмата звршува со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Штип.

Во Битола ќе продолжат активностите за оддавање почит кои почнаа вчера. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара ќе биде положено цвеќе, а потоа следува „Поворка на живите“ од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола.

Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол. Обраќање ќе имаат претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви, претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и амбасадорката на Израел Симона Франкел. Потоа ќе се оддаде почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на градските гробишта „Бутел“. Цвеќе на Споменикот кај поранешен скопски Монопол ќе положи и собраниска делегација, предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во делегацијата се пратеничките Марија Георгиевска, Бети Стаменковска Трајковска и Рашела Мизрахи. Тие ќе положат венци и на Споменикот на депортираните Евреи во „Бутел“.

Комеморативните активности по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на која ќе се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Активностите почнаа вчера во Битола, со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народниот театар.

На 11.03.1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во „логорот на смртта“ - Треблинка што е и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот според бројот на население (98 отсто).

The post Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи, во Штип денеска ќе се реализираат повеќе активности. Во Советот на Градот ќе се одржи комеморативна програма на која ќе се обрати градоначалникот Иван Јорданов, а потоа следува „Поворката на живите“ - од Општина Штип до Споменикот на депортираните Евреи каде ќе биде положено цвеќе. Почит пред Споменикот со положување венец ќе оддадат и пратениците Никола Мицевски и Емилија Рамбабова. Програмата звршува со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Штип. Во Битола ќе продолжат активностите за оддавање почит кои почнаа вчера. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара ќе биде положено цвеќе, а потоа следува „Поворка на живите“ од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола. Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол. Обраќање ќе имаат претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви, претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и амбасадорката на Израел Симона Франкел. Потоа ќе се оддаде почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на градските гробишта „Бутел“. Цвеќе на Споменикот кај поранешен скопски Монопол ќе положи и собраниска делегација, предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во делегацијата се пратеничките Марија Георгиевска, Бети Стаменковска Трајковска и Рашела Мизрахи. Тие ќе положат венци и на Споменикот на депортираните Евреи во „Бутел“. Комеморативните активности по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на која ќе се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин. Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Активностите почнаа вчера во Битола, со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народниот театар. На 11.03.1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во „логорот на смртта“ - Треблинка што е и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот според бројот на население (98 отсто).

The post Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател ја спореди војната во Газа со Холокаустот, Израел гневен https://republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-ja-sporedi-vojnata-vo-gaza-so-holokaustot-izrael-gneven/ Sun, 18 Feb 2024 18:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=745437

Израел го обвини бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за тривијализирање на холокаустот и навреда на еврејскиот народ, откако ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со нацистичкиот геноцид во Втората светска војна.

„Она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ нема споредба со другите историски моменти. Всушност, тоа постоело кога Хитлер одлучил да ги убие Евреите“, изјави Лула за новинарите на 37. самит на Африканската унија во Адис Абеба.

Министерството за надворешни работи во Ерусалим соопшти дека ќе го повика бразилскиот амбасадор на разговор и ќе го опомени за изјавите кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги опиша како „срамни и сериозни“.

„Ова е банализирање на холокаустот и обид за напад на еврејскиот народ и правото на Израел на самоодбрана. Споредувањето на Израел со нацистите и Хитлер значи преминување на црвената линија“, наведе Нетанјаху во изјавата.

The post Бразилскиот претседател ја спореди војната во Газа со Холокаустот, Израел гневен appeared first on Република.

Ковачевски: Да останеме обединети и повторно на вистинската страна од историјата, никогаш повеќе антисемитизам, ксенофобија и фашизам https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-ostaneme-obedineti-i-povtorno-na-vistinskata-strana-od-istorijata-nikogash-poveke-antisemitizam-ksenofobija-i-fashizam/ Sun, 12 Mar 2023 20:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=618886

Одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, под покровителство на Владата на Република Македонија а во организација на Еврејската заедница на РМ и Фондот на Холокаустот на македонските Евреи, заврши со вечерен комеморативен настан во Националната опера и балет.

На настанот се обратија претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателот на Еврејската заедница РМ - Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Оваа јасна и категорична порака премиерот посочи дека ја упатува, бидејќи историјата исто како и сегашноста на Република Македонија докажуваат дека е секогаш на вистинската страна на историјата како демократи, за кои никој не е и не може да биде повеќе или помалку важен.

И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротивставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолеранција. Светот има потреба од гласноста на секој од нас, како народи, како држави, како луѓе- што поддржуваме, а што не поддржуваме. Што е правилно, а што погрешно. Тоа определува во каков свет ќе живееме понатаму. Тоа ја определува нашата заедничка иднина, нагласи премиерот Ковачевски.

Затоа што, како што посочи премиерот Ковачевски и Холокаустот не почнал со концентрационите логори, туку почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Премиерот Ковачевски потсети дека на 11 март 1943 година, започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, кога 7.144 деца, жени, мажи, биле ограбени, избркани од нивните домови и насилно собрани во тогашниот, таканаречен скопски Монопол, за да бидат депортирани во логорот на смртта во Треблинка, како дел од над шесте милиони Евреи кои биле убиени во нацистичките логори во светот.

За да осигураме безбедна иднина за генерацијата после нашата, сите денес мораме да покажуваме дека сме извлекле поуки од минатото. А тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеолигии, коишто водат кон фанатизам. Индиферентноста кон есктремизмот е соучесништво и е неприфатлива.

Овие вистини посебно, не смеат да подлежат на ревизионизам, тоа е рецепт за повторување на ужасните трагедии како Холокаустот.

А ние кои се сеќаваме сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас, за никогаш повеќе да не се повтори. Да не биде прекинат, со ужасно зло, ниту еден детски сон, повика премиерот Ковачевски.

На вечерачниот настан во Националната опера и балет, се обратија и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, амбасадорка на Израел, Симоне Франкел, директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет - рабин Ендру Бејкер.

Жртвите на Аушвиц-Биркенау, Треблинка и многуте други логори на смрта, не смеат да бидат залудни, тие невини еврејски животи нека бидат залог на подобар живот на лугето во целиот свет. Сите луѓе во светот имаат право да живеат во мир“, повика претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет - рабин Ендру Бејкер рече дека биле потребни децении за демократските држави од Западна Европа да ја признаат сопствената улога во Холокаустот, а денес, оние кои ја искривуваат историјата на Холокаустот, тоа го прават свесно и доброволно, за политичка целисходност. „Мора да ставиме крај на ова негирање и искривување, порача рабинот Бејкер, посочувајки дека светот тоа го должи на жртвите на Холокаустот, но, уште повеќе на идните генерации.

Амбасадорката на Државата Израел во земјава, Симоне Франкел, нагласи дека Евреите во земјава, живееле мирен, заеднички живот со другите заедници во земјава, богат со култура, традиција и слобода да ја практикуваат својата религија, што и денес се случува.

Денес, иако заедницата е мала, ужива во истата почит и соработка со Владата. Овој одлично организиран настан е пример за тоа. Сакам да изразам благодарност до Владата на Република Македонија и до македонскиот народ за тоа што во секоја прилика изразуваат пријателски однос кон мојот народ и држава, рече израелската амбасадорка Франкел

Обраќањата ги следеа пратеници во Кнесетот на државата Израел, претставници на еврејски заедници од странство, министри и други претставници на Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници од Канцеларијата на претседателот на државата, претставници на дипломатскиот кор во земјава, претставници од универзитетите, од МАНУ, од правосудството, од други иституции во државата, претставници од парламентарни политички партии, други гости.

По обраќањата следуваше комеморативен филм за депортацијата на Евреите, а потоа и Комеморативен концерт изведен од Хорот на Националната опера и балет и од Филхармонијата на Република Македонија.

Вечерашниот настан во Националната опера и балет е заокружување на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка со низа настани во коишто претставници на владиниот и државниот врв положија цвеќе и се обратија во сеќавање на жртвите од Холокаустот, со пораката да не се повтори „Никогаш повеќе“.

The post Ковачевски: Да останеме обединети и повторно на вистинската страна од историјата, никогаш повеќе антисемитизам, ксенофобија и фашизам appeared first on Република.

]]>

Одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, под покровителство на Владата на Република Македонија а во организација на Еврејската заедница на РМ и Фондот на Холокаустот на македонските Евреи, заврши со вечерен комеморативен настан во Националната опера и балет. На настанот се обратија претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателот на Еврејската заедница РМ - Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. Оваа јасна и категорична порака премиерот посочи дека ја упатува, бидејќи историјата исто како и сегашноста на Република Македонија докажуваат дека е секогаш на вистинската страна на историјата како демократи, за кои никој не е и не може да биде повеќе или помалку важен.
И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротивставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолеранција. Светот има потреба од гласноста на секој од нас, како народи, како држави, како луѓе- што поддржуваме, а што не поддржуваме. Што е правилно, а што погрешно. Тоа определува во каков свет ќе живееме понатаму. Тоа ја определува нашата заедничка иднина, нагласи премиерот Ковачевски.
Затоа што, како што посочи премиерот Ковачевски и Холокаустот не почнал со концентрационите логори, туку почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Премиерот Ковачевски потсети дека на 11 март 1943 година, започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, кога 7.144 деца, жени, мажи, биле ограбени, избркани од нивните домови и насилно собрани во тогашниот, таканаречен скопски Монопол, за да бидат депортирани во логорот на смртта во Треблинка, како дел од над шесте милиони Евреи кои биле убиени во нацистичките логори во светот.
За да осигураме безбедна иднина за генерацијата после нашата, сите денес мораме да покажуваме дека сме извлекле поуки од минатото. А тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеолигии, коишто водат кон фанатизам. Индиферентноста кон есктремизмот е соучесништво и е неприфатлива. Овие вистини посебно, не смеат да подлежат на ревизионизам, тоа е рецепт за повторување на ужасните трагедии како Холокаустот. А ние кои се сеќаваме сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас, за никогаш повеќе да не се повтори. Да не биде прекинат, со ужасно зло, ниту еден детски сон, повика премиерот Ковачевски.
На вечерачниот настан во Националната опера и балет, се обратија и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, амбасадорка на Израел, Симоне Франкел, директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет - рабин Ендру Бејкер.
Жртвите на Аушвиц-Биркенау, Треблинка и многуте други логори на смрта, не смеат да бидат залудни, тие невини еврејски животи нека бидат залог на подобар живот на лугето во целиот свет. Сите луѓе во светот имаат право да живеат во мир“, повика претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.
Директорот за меѓународни односи на Американскиот Еврејски Комитет - рабин Ендру Бејкер рече дека биле потребни децении за демократските држави од Западна Европа да ја признаат сопствената улога во Холокаустот, а денес, оние кои ја искривуваат историјата на Холокаустот, тоа го прават свесно и доброволно, за политичка целисходност. „Мора да ставиме крај на ова негирање и искривување, порача рабинот Бејкер, посочувајки дека светот тоа го должи на жртвите на Холокаустот, но, уште повеќе на идните генерации.
Амбасадорката на Државата Израел во земјава, Симоне Франкел, нагласи дека Евреите во земјава, живееле мирен, заеднички живот со другите заедници во земјава, богат со култура, традиција и слобода да ја практикуваат својата религија, што и денес се случува.
Денес, иако заедницата е мала, ужива во истата почит и соработка со Владата. Овој одлично организиран настан е пример за тоа. Сакам да изразам благодарност до Владата на Република Македонија и до македонскиот народ за тоа што во секоја прилика изразуваат пријателски однос кон мојот народ и држава, рече израелската амбасадорка Франкел
Обраќањата ги следеа пратеници во Кнесетот на државата Израел, претставници на еврејски заедници од странство, министри и други претставници на Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, претставници од Канцеларијата на претседателот на државата, претставници на дипломатскиот кор во земјава, претставници од универзитетите, од МАНУ, од правосудството, од други иституции во државата, претставници од парламентарни политички партии, други гости. По обраќањата следуваше комеморативен филм за депортацијата на Евреите, а потоа и Комеморативен концерт изведен од Хорот на Националната опера и балет и од Филхармонијата на Република Македонија. Вечерашниот настан во Националната опера и балет е заокружување на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка со низа настани во коишто претставници на владиниот и државниот врв положија цвеќе и се обратија во сеќавање на жртвите од Холокаустот, со пораката да не се повтори „Никогаш повеќе“.

The post Ковачевски: Да останеме обединети и повторно на вистинската страна од историјата, никогаш повеќе антисемитизам, ксенофобија и фашизам appeared first on Република.

]]>
Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://republika.mk/vesti/makedonija/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-makedonija-ja-odbelezhuva-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ Sun, 12 Mar 2023 09:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=618660

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што го организираат Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе“.

Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел - Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.

Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

The post Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што го организираат Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе“. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел - Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

The post Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” https://republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei-11-mart-1943-nikogash-poveke/ Sat, 11 Mar 2023 21:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=618579

Владата на Република Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, а во организација на Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето.

Настаните ќе се одржат утре, 12.03.2023 година (недела) на неколку локации:

Поворка на живите која ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол - Империал Тобако ТКС.

По поворката, предвидени се свечени обраќања на Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Македонија, Ернест Херцог - Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова - Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.

Одбележувањето продолжува во 11:30 часот на Градски гробишта Бутел - Скопје со положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ - Градски гробишта Бутел – Скопје и со обраќања на Радојка Хелман Денковска потпретседател на ЕЗРМ и Цега Мелаху, пратеник во Кнесетот на државата Израел.

Одбележувањето се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20:00 часот.

На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на Еврејската заедница РМ - Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Комеморативниот настан ќе се пренесува во живо на НРТВ.

The post Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, а во организација на Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето. Настаните ќе се одржат утре, 12.03.2023 година (недела) на неколку локации: Поворка на живите која ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол - Империал Тобако ТКС. По поворката, предвидени се свечени обраќања на Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Македонија, Ернест Херцог - Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова - Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ. Одбележувањето продолжува во 11:30 часот на Градски гробишта Бутел - Скопје со положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ - Градски гробишта Бутел – Скопје и со обраќања на Радојка Хелман Денковска потпретседател на ЕЗРМ и Цега Мелаху, пратеник во Кнесетот на државата Израел. Одбележувањето се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20:00 часот. На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски. На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на Еврејската заедница РМ - Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. Комеморативниот настан ќе се пренесува во живо на НРТВ.

The post Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” appeared first on Република.

]]>
Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-sekava-osumdeset-godini-od-pogromot-i-deportatsijata-na-bitolskite-evrei-od-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Sat, 11 Mar 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=618383

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/

Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/

Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит. таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.
Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/
Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-odbelezha-80-godini-od-spasuvaneto-na-bugarskite-evrei/ Fri, 10 Mar 2023 20:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=618299

На 10 март се навршуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи. Денот на спасувањето на бугарските Евреи и жртвите на холокаустот и злосторствата против човештвото се одбележува од 2003 година, со одлука на Советот на министри од 13 февруари 2003 година, се вели во извештајот на одделот „Директориум“ на БТА. Определувањето на датумот е поврзано со декларацијата усвоена на 18 октомври 2002 година од министрите за образование на земјите членки на Советот на Европа, според која секоја земја одбележува ден во спомен на жртвите на холокаустот и на настраданите во злосторства против човештвото, согласно својата национална историја.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

На 17 март 1943 година, потпретседателот на 25. Народно собрание Димитар Пешев испратил изјава до премиерот, поддржана од 43 народни претставници, против депортацијата на бугарските Евреи. Со активното дејствување на пловдивскиот митрополит Кирил, софискиот егзарх Стефан, со интервенција на јавноста, од депортација се спасени близу 50.000 бугарски Евреи.

Од 2006 година се одбележува и Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, согласно резолуција на Генералното собрание на ОН.

Во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, претседателот Румен Радев ја отвори документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“. Почесен гостин на настанот беше познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар. Изложбата опфаќа експонати од колекцијата на Националната библиотека, документарни докази за животот на Евреите во бугарските земји, вклучително и и за време на Втората светска војна, како и наградите што му беа доделени постхумно на цар Борис III од меѓународните еврејски организации, вклучително и Светскиот еврејски конгрес и Лигата против клеветата.

По преживеани две национални катастрофи, Бугарија прави се што е можно за да не биде вовлечена во нова војна на Стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија врз бугарските институции, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и сам, распарчен и прогонет, го бара патот за дијалог, за мирна ревизија на неправедниот Нејски диктат. Вака рече претседателот Румен Радев на отворањето на изложбата во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“.

Меѓу гостите на церемонијата беа техничкиот премиер Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешен премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавен деец од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар, јавни личности, свештеници и граѓани.

За мене е чест да ја отворам оваа изложба во присуство на нашите израелски пријатели и почитуваниот, драг почесен гостин проф. Бар-Зоар - јавна личност, историчар, верен пријател на Бугарија. Неговата извонредна книга „Спас“ на уникатен начин му ги открива на светот настаните од пролетта 1943 година, кои доведоа до спасување на бугарските Евреи“, рече Радев. „Проф. Бар-Зоар ја открива и толеранцијата, пријателските чувства и хуманизмот на бугарскиот народ во еден од најтемните периоди во историјата на човештвото, кога Европа беше здробена од чизмата на Хитлер“, додаде шефот на државата.

Според него, изолирана и загрозена од окупација, Бугарија била принудена да се приклучи на Тројниот пакт.

Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, соседи, соученици и колеги, рече Радев.

Шефот на државата изјави дека Бугарите не ја изневериле својата толеранција и емпатија кон оние што страдаат.

Бугарските институции продолжија да издаваат транзитни визи за илјадници Евреи кои бегаа од окупирана Европа. Нашите дипломати нагласуваат дека антиеврејското законодавство наметнато однадвор во Бугарија ќе биде спроведено на таков начин што ќе го замолчи секој обид за насилен антисемитизам.

Во деновите на највисоко искушение, бугарската држава и народ поминаа тест со огромна историска вредност со тоа што не дозволија ниту еден бугарски Евреин да загине во логорите на смртта или да биде убиен во Бугарија“, рече Радев.

Тој додаде дека спасувањето на бугарските Евреи продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на една праведна кауза.

Во нашата историја засекогаш ќе остане лекцијата за државништво на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание, кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните духовни водачи на Бугарската православна црква, која во тоа време беше дел на државата, на активната јавна позиција, на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита, која остана верна на традициите на својот народ и земја. Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор“, нагласи Радев.

Румен Радев додаде дека 80 години по настаните, невидениот чин на спасување на бугарските Евреи останува „наша силна морална основа во борбата против омразата, ксенофобијата и современите манифестации на антисемитизмот“.

По отворањето на изложбата од Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ до спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи, започна поворка во која учествуваа претседателот Румен Радев, премиерот Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешниот премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Бар-Зоар, јавни личности, свештени лица и граѓани.

Пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи беа поставени венци од името на претседателот Румен Радев, неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод на Бугарската православна црква, како и од царското семејство. Цвеќе пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи положија техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министерот за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за иновации и развој Александар Пулев, техничкиот министер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Валчев, дипломати и граѓани.

Извор: МИА/БТА

The post Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ appeared first on Република.

]]>

На 10 март се навршуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи. Денот на спасувањето на бугарските Евреи и жртвите на холокаустот и злосторствата против човештвото се одбележува од 2003 година, со одлука на Советот на министри од 13 февруари 2003 година, се вели во извештајот на одделот „Директориум“ на БТА. Определувањето на датумот е поврзано со декларацијата усвоена на 18 октомври 2002 година од министрите за образование на земјите членки на Советот на Европа, според која секоја земја одбележува ден во спомен на жртвите на холокаустот и на настраданите во злосторства против човештвото, согласно својата национална историја. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. На 17 март 1943 година, потпретседателот на 25. Народно собрание Димитар Пешев испратил изјава до премиерот, поддржана од 43 народни претставници, против депортацијата на бугарските Евреи. Со активното дејствување на пловдивскиот митрополит Кирил, софискиот егзарх Стефан, со интервенција на јавноста, од депортација се спасени близу 50.000 бугарски Евреи. Од 2006 година се одбележува и Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, согласно резолуција на Генералното собрание на ОН. Во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, претседателот Румен Радев ја отвори документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“. Почесен гостин на настанот беше познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар. Изложбата опфаќа експонати од колекцијата на Националната библиотека, документарни докази за животот на Евреите во бугарските земји, вклучително и и за време на Втората светска војна, како и наградите што му беа доделени постхумно на цар Борис III од меѓународните еврејски организации, вклучително и Светскиот еврејски конгрес и Лигата против клеветата. По преживеани две национални катастрофи, Бугарија прави се што е можно за да не биде вовлечена во нова војна на Стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија врз бугарските институции, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и сам, распарчен и прогонет, го бара патот за дијалог, за мирна ревизија на неправедниот Нејски диктат. Вака рече претседателот Румен Радев на отворањето на изложбата во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“. Меѓу гостите на церемонијата беа техничкиот премиер Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешен премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавен деец од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар, јавни личности, свештеници и граѓани.
За мене е чест да ја отворам оваа изложба во присуство на нашите израелски пријатели и почитуваниот, драг почесен гостин проф. Бар-Зоар - јавна личност, историчар, верен пријател на Бугарија. Неговата извонредна книга „Спас“ на уникатен начин му ги открива на светот настаните од пролетта 1943 година, кои доведоа до спасување на бугарските Евреи“, рече Радев. „Проф. Бар-Зоар ја открива и толеранцијата, пријателските чувства и хуманизмот на бугарскиот народ во еден од најтемните периоди во историјата на човештвото, кога Европа беше здробена од чизмата на Хитлер“, додаде шефот на државата.
Според него, изолирана и загрозена од окупација, Бугарија била принудена да се приклучи на Тројниот пакт. Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, соседи, соученици и колеги, рече Радев. Шефот на државата изјави дека Бугарите не ја изневериле својата толеранција и емпатија кон оние што страдаат.
Бугарските институции продолжија да издаваат транзитни визи за илјадници Евреи кои бегаа од окупирана Европа. Нашите дипломати нагласуваат дека антиеврејското законодавство наметнато однадвор во Бугарија ќе биде спроведено на таков начин што ќе го замолчи секој обид за насилен антисемитизам. Во деновите на највисоко искушение, бугарската држава и народ поминаа тест со огромна историска вредност со тоа што не дозволија ниту еден бугарски Евреин да загине во логорите на смртта или да биде убиен во Бугарија“, рече Радев.
Тој додаде дека спасувањето на бугарските Евреи продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на една праведна кауза.
Во нашата историја засекогаш ќе остане лекцијата за државништво на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание, кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните духовни водачи на Бугарската православна црква, која во тоа време беше дел на државата, на активната јавна позиција, на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита, која остана верна на традициите на својот народ и земја. Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор“, нагласи Радев.
Румен Радев додаде дека 80 години по настаните, невидениот чин на спасување на бугарските Евреи останува „наша силна морална основа во борбата против омразата, ксенофобијата и современите манифестации на антисемитизмот“. По отворањето на изложбата од Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ до спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи, започна поворка во која учествуваа претседателот Румен Радев, премиерот Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешниот премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Бар-Зоар, јавни личности, свештени лица и граѓани. Пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи беа поставени венци од името на претседателот Румен Радев, неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод на Бугарската православна црква, како и од царското семејство. Цвеќе пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи положија техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министерот за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за иновации и развој Александар Пулев, техничкиот министер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Валчев, дипломати и граѓани. Извор: МИА/БТА

The post Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ appeared first on Република.

]]>
Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivite-potomtsi-na-deportiranite-evrei-ne-gi-zaboravaat-zlostorstvata/ Thu, 09 Mar 2023 17:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=617841

Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот.

И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот Ванчо Михајлов, ги „сопна“ потомците на битолските Евреи.

Директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио преживеам од холокаустот и претседателот на Фондот на хололаустот Иван Николиќ, правнук на последниот битолски Рабин Аврам Романо, не забораваат и порачуваат дека без сеќавање нема иднина.

The post Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата appeared first on Република.

]]>

Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот. И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот Ванчо Михајлов, ги „сопна“ потомците на битолските Евреи. Директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио преживеам од холокаустот и претседателот на Фондот на хололаустот Иван Николиќ, правнук на последниот битолски Рабин Аврам Романо, не забораваат и порачуваат дека без сеќавање нема иднина.  

The post Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-bitola-80-godini-go-chuva-spomenot-za-svoite-sogragani-evreite-deprotirani-vo-treblinka/ Thu, 09 Mar 2023 15:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=617811

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, се обрати на комеморацијата по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Офицерскиот дом во Битола.

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3 350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори.

И денеска, ќе бидеме дел од Поворката на живите, минувајќи го молкум патот што го врвеа оние што не се вратија. На пругата ќе оставиме каменчиња како симбол на вечно паметење и молитва за почит кон оние што неповратно беа одведени. Зашто драгите луѓе никогаш не ги погребуваме, нив ги испраќаме. Нека им е вечен споменот“, рече министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови. Истиот ден, со 14 сточни вагони почнала депортацијата на битолските Евреи. Првата станица бил логорот кај Скопскиот монопола, а следната и последна логорот Треблинка.

Денеска не им судиме на злосторниците и на нивните слуги. Денеска го чуваме од заборав нивното злосторство, за никогаш да не се повтори. Споменот за направеното злосторство е најголемиот кошмар за злосторниците и за нивните поколенија.

Ќе му оддадемe почит на доктор Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист кој Битола го памети како врвен професионалец и голем човек, човек кој го подигна Здравствениот дом во Битола. Денеска ќе ѝ оддадеме почит и на храбрата Естреја Овадија, со партизанско име Мара. Загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор. Прогласена е за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои им се приклучиле на партизанските одреди.

И покрај сите материјални сведоштва“, додаде Костадиновска-Стојчевска, „некои и по 8 децении го негираат Холокаустот, затоа ним и денеска, од антифашистичка Битола, ќе им порачаме – Никогаш повеќе!“, изјави Костадиновска-Стојчевска

По завршувањето на комеморативната програма, беше положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола - Здравствен дом „Хаим Абраванел“, од каде што тргна и Поворката на живите, сѐ до Железничката станица, по истиот пат од каде беа депортирани битолските Евреи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, се обрати на комеморацијата по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Офицерскиот дом во Битола. Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3 350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори.
И денеска, ќе бидеме дел од Поворката на живите, минувајќи го молкум патот што го врвеа оние што не се вратија. На пругата ќе оставиме каменчиња како симбол на вечно паметење и молитва за почит кон оние што неповратно беа одведени. Зашто драгите луѓе никогаш не ги погребуваме, нив ги испраќаме. Нека им е вечен споменот“, рече министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови. Истиот ден, со 14 сточни вагони почнала депортацијата на битолските Евреи. Првата станица бил логорот кај Скопскиот монопола, а следната и последна логорот Треблинка.
Денеска не им судиме на злосторниците и на нивните слуги. Денеска го чуваме од заборав нивното злосторство, за никогаш да не се повтори. Споменот за направеното злосторство е најголемиот кошмар за злосторниците и за нивните поколенија.   Ќе му оддадемe почит на доктор Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист кој Битола го памети како врвен професионалец и голем човек, човек кој го подигна Здравствениот дом во Битола. Денеска ќе ѝ оддадеме почит и на храбрата Естреја Овадија, со партизанско име Мара. Загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор. Прогласена е за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои им се приклучиле на партизанските одреди.   И покрај сите материјални сведоштва“, додаде Костадиновска-Стојчевска, „некои и по 8 децении го негираат Холокаустот, затоа ним и денеска, од антифашистичка Битола, ќе им порачаме – Никогаш повеќе!“, изјави Костадиновска-Стојчевска
По завршувањето на комеморативната програма, беше положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола - Здравствен дом „Хаим Абраванел“, од каде што тргна и Поворката на живите, сѐ до Железничката станица, по истиот пат од каде беа депортирани битолските Евреи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка appeared first on Република.

]]>
Мекачи: Зголемен е бројот на политичари кои го користат холокаустот за политички поени https://republika.mk/vesti/makedonija/mekachi-zgolemen-e-brojot-na-politichari-koi-go-koristat-holokaustot-za-politichki-poeni/ Mon, 06 Feb 2023 17:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=605610

Постојат различни историски мислења за холокаустот во различни земји, а можевме да посведочиме и на зголемување на бројот на политичари кои го користат холокаустот за свои политички поени. Не сум тука да коментирам што кажала една или друга држава, но важно е да се проценат фактите и она што се случувало во минатото, рече на денешната прес-конференција директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, во одговор на новинарско прашање.

Прашан за став во врска со изјавите на денешни политичари, на држава која денес негира дека воопшто испратила Евреи во логорите во Германија и Полска, Мекачи одговори дека ОДИХР не е историска институција, но целта е на конструктивен начин да се придонесе за заедничко разбирање на она што се случувало и да се избегне учество во вакви политички дискусии.

Овде сме за да зборуваме за борбата против антисемитизмот. Пред само неколку дена бев во Аушвиц по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на жртвите од холокаустот, каде со свои очи можев да видам колку многу Евреи од сите места од Европа биле депортирани. Мислам дека е важно за нас да се обидеме да продолжиме да го шириме знаењето за тоа што се случило тогаш, и да продолжиме да соработуваме на конструктивен начин со сите соговорници, за да се справиме со ова. Како што споменав, образованието е клучна алатка за да се направи тоа, рече Мекачи.

The post Мекачи: Зголемен е бројот на политичари кои го користат холокаустот за политички поени appeared first on Република.

]]>

Постојат различни историски мислења за холокаустот во различни земји, а можевме да посведочиме и на зголемување на бројот на политичари кои го користат холокаустот за свои политички поени. Не сум тука да коментирам што кажала една или друга држава, но важно е да се проценат фактите и она што се случувало во минатото, рече на денешната прес-конференција директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, во одговор на новинарско прашање. Прашан за став во врска со изјавите на денешни политичари, на држава која денес негира дека воопшто испратила Евреи во логорите во Германија и Полска, Мекачи одговори дека ОДИХР не е историска институција, но целта е на конструктивен начин да се придонесе за заедничко разбирање на она што се случувало и да се избегне учество во вакви политички дискусии.
Овде сме за да зборуваме за борбата против антисемитизмот. Пред само неколку дена бев во Аушвиц по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на жртвите од холокаустот, каде со свои очи можев да видам колку многу Евреи од сите места од Европа биле депортирани. Мислам дека е важно за нас да се обидеме да продолжиме да го шириме знаењето за тоа што се случило тогаш, и да продолжиме да соработуваме на конструктивен начин со сите соговорници, за да се справиме со ова. Како што споменав, образованието е клучна алатка за да се направи тоа, рече Мекачи.

The post Мекачи: Зголемен е бројот на политичари кои го користат холокаустот за политички поени appeared first on Република.

]]>
Ковачевски со порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-poraka-po-povod-megunarodniot-den-na-sekavaneto-na-zhrtvite-od-holokaustot/ Fri, 27 Jan 2023 12:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=601645

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција.

Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат.

Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“-порача тој.

The post Ковачевски со порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот. „На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција. Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат. Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“-порача тој.  

The post Ковачевски со порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот appeared first on Република.

]]>
Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! https://republika.mk/vesti/makedonija/evreite-od-makedonija-prashuvaat-do-koga-vladata-kje-go-tolerira-bugarskiot-fashizam-shto-e-sledno-zdruzenie-adolf-hitler/ Thu, 11 Aug 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=539271

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?! Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>
Двајца потомци на жртви на холокаустот од Македонија добија австриско државјанство https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-potomci-na-zrtvi-na-holokaustot-od-makedonija-dobija-avstrisko-drzavjanstvo/ Wed, 29 Jun 2022 11:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=521081

Австриската амбасада во Скопје соопшти дека првпат од 2019 година Амандманот на Законот за австриско државјанство е применет и во Македонија за двајца потомци на жртви на нацистичките прогонства, кои добија австриско државјанство.

Во присуство на Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница, амбасадорот на Австрија во Македонија Георг Вуцас ги предаде соодветните декрети за државјанство. Срдечно им посакуваме добредојде на овие двајца нови австриски граѓани - се наведува во соопштението од Австриската амбасада.

Како признание за историската одговорност на Австрија кон жртвите на националсоцијализмот и нивните потомци, австрискиот Парламент едногласно донесе амандман на Законот за австриско државјанство во октомври 2019 година.

Според Амандманот на Законот, лицата кои претрпеле прогон, тие самите и нивните потомци имаат право да добијат австриско државјанство со т.н. известување без да мора да се откажат од нивното сегашно државјанство, наведуваат од Амбасадата.

The post Двајца потомци на жртви на холокаустот од Македонија добија австриско државјанство appeared first on Република.

]]>

Австриската амбасада во Скопје соопшти дека првпат од 2019 година Амандманот на Законот за австриско државјанство е применет и во Македонија за двајца потомци на жртви на нацистичките прогонства, кои добија австриско државјанство.
Во присуство на Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница, амбасадорот на Австрија во Македонија Георг Вуцас ги предаде соодветните декрети за државјанство. Срдечно им посакуваме добредојде на овие двајца нови австриски граѓани - се наведува во соопштението од Австриската амбасада.
Како признание за историската одговорност на Австрија кон жртвите на националсоцијализмот и нивните потомци, австрискиот Парламент едногласно донесе амандман на Законот за австриско државјанство во октомври 2019 година. Според Амандманот на Законот, лицата кои претрпеле прогон, тие самите и нивните потомци имаат право да добијат австриско државјанство со т.н. известување без да мора да се откажат од нивното сегашно државјанство, наведуваат од Амбасадата.

The post Двајца потомци на жртви на холокаустот од Македонија добија австриско државјанство appeared first on Република.

]]>
Комеморација за македонските Евреи жртви во холокаустот https://republika.mk/vesti/makedonija/komemoracija-za-makedonskite-evrei-zrtvi-vo-holokaustot/ Thu, 10 Mar 2022 22:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=470993

Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас. Ние сме особено горди на нашите сограѓани Евреи затоа што тие сите нас нѐ потсетуваат на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот. Затоа ние одбираме да се сеќаваме за да не ни се повтори, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на комеморативната вечер за депортираните 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка пред 79 години.

На комеморацијата во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, Пендаровски рече дека на неодамнешниот Меѓународниот форум за холокаустот во Малме, Македонија се обврзала во наставната програма за основното образование да вклучи содржини што ќе го адресираат антисемитизмот и негирањето на холокаустот. Како држава се обврзавме, рече тој, да организираме и задолжителни посети на Меморијалниот центар од сите ученици од основното и средното образование.

Шефот на државата порача дека мора да се сеќаваме на жртвите на холокаустот и „да не заборавивме дека секој од тие 7144 е човек со име и презиме, со вродено и неотуѓиво човеково достоинство“.

-Со векови Евреите биле неразделен дел од македонскиот етнички, верски, јазичен и културен мозаик. Како почитувани еснафи, лекари, уметници и духовници, придонеле за развојот на општествениот,  економскиот и културниот живот. Евреите заедно со македонскиот народ ги споделувале и неговите стремежи и неговите жртви во борбата за слободна држава. Сето тоа запрело на 11 март 1943. Статистиките се запрепастувачки. Од околу 24 илјади македонски жртви во Втората светска војна, речиси една третина биле Евреи, поточно 7144 мажи, жени и деца кои биле насилно собрани во скопскиот Монопол и депортирани во логорот на смртта. Тие претставувале 98 проценти од вкупната македонска еврејска заедница, рече Пендаровски.

Тешко е да се замисли, а уште повеќе да се опише монструозноста на холокаустот, рече тој,  во ерата на разумот, во научно и технолошки најразвиениот континент на светот и меѓу дотогаш најобразованата генерација.

-Дали има надеж по холокаустот? Јас сум убеден дека има. Причина за надеж се праведните меѓу народите, кои ги ризикувале сопствените животи за да спасат Евреи. Меѓу 14-те илјади праведници запишани во „Јад Вашем“ е и Стојан Богоја Силјановски, инвалид со една нога, кој имал дуќан во центарот на Битола, веднаш спроти полициската станица, кој за време на депортацијата криел осум жени Еврејки – меѓу нив идни партизанки кои се спасија од холокаустот и станаа витален дел од антифашистичката борба, рече Пендаровски.

Амбасадорката на Израел Симона Франкел во обраќањето рече дека македонските Евреи во Битола, Штип и Скопје пред депортацијата имале мирен живот, богат со нивната култура и традиција

-Тие уживале во слободата да ја практикуваат својата религија, што им било овозможено од заемно почитување на околните заедници. За жал, на сето ова ненадејно му дошло крај. Македонија изгубила најголем дел од своите Евреи од која било земја во светот. Дури 98 проценти од нив биле сотрени во холокаустот и никогаш не се вратиле дома. Потомците на тие еврејски заедници кои живеат во Израел до ден-денес продолжуваат да го чуваат споменот на своите предци и одржувајќи ја нивната врска со Македонија тие го обезбедуваат наследството на оние што повеќе не се меѓу нас, рече Франкел.

Не може да ја игнорира, рече таа, трагедијата на милиони бегалци од војната во Украина меѓу кои има и многу Евреи на кои им помагаат повеќе од стотина израелски дипломати кои стојат на границите на пет земји околу Украина. Тие, за разлика од Евреите во холокаустот, рече Франкел, ја имаат Државата Израел и гордо може да го кажат својот идентитет.

Израелската амбасадорка го честиташе приемот на Македонија за 35-та членка на Интернационалната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), како и неодамнешниот избор на Пепо Леви за нов претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и рече дека имаат целосна поддршка од Израел.

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз порача дека борбата против негирањето и искривувањето на холокаустот бара повеќе од зборови и мисла, бара акција, не само од властите, туку и од обичните граѓани.

-Никогаш не смееме да дозволиме историјата од пред 79 години да се повтори. Сега е време да ги покажеме нашите вредности на хуманост и почит, време е да се стави крај на антисемитизмот и да се отфрли негирањето и искривувањето на холокаустот. Овие деструктивни, дрски наративи служат само сеење раздор и поделба, особено во ова време од витално значење е да се запамети дека религиите, етничките припадности и културите кои го сочинуваат ткивото, не само во Македонија, туку и на нашите пријатели и сојузници заслужуваат да се слават и почитуваат. Антисемитизмот заедно со каква било форма на расизам и ксенофобија нема место во современо општество, рече Брнз и додаде и дека и претседателот на САД Џозеф Бајден  јасно кажал дека приоритет на неговата администрација е спротивставување на изобличувањето и негирањето на холокауст, поддршка за враќање на имотите, сеќавање и образование за холокаустот.

Брнз посочи дека Американската амбасада ја поддржува годишната Регионална летна академија за едукатори за споделување добри практики за предавање за холокаустот и еврејската историја на Балканот.

Претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви рече дека во нацистичките логори биле убиени 11 милиони луѓе, од кои шест милиони Евреи, а во Треблинка 925 илјади, меѓу кои и 7144-те македонски Евреи.

-Честопати се прашувам дали современото општество даде соодветен одговор на грозомроните случувања од Втората светска војна.   Дали ја научивме лекцијата….Дали извлековме поуки, дали имаме сила да ги сопреме страдањата на милиони луѓе во целиот свет. Дали можеме да го сопреме растечкиот нацизам во срцето на Европа.   Очигледно е дека треба уште и многу поинтензивно да се работи на заедништвото и соживотот. Едукацијата на младите е есенцијална, рече Леви, посочувајќи го случајот со припадниците од еврејската религиозна група Лев Тахор дојдени во земјава и, како што рече, „неверојатниот јазик на омраза и антисемитизам на социјалните мрежи, невиден на овие простори“.

На комеморацијата вечерва се обрати и Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет и претседател на Меѓународниот советодавен совет на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и директорот на Меморијалниот центар на холокаустот Горан Садикаријо, кој ја отвори изложбата „Живот“ посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновиле заедницата и придонеле во градењето на повоената држава.

Евреите од Битола, Штип и Скопје, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол и од таму во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.  За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925 илјади луѓе, меѓу кои биле и 7144-те македонски Евреи. (МИА)

The post Комеморација за македонските Евреи жртви во холокаустот appeared first on Република.

]]>

Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас. Ние сме особено горди на нашите сограѓани Евреи затоа што тие сите нас нѐ потсетуваат на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот. Затоа ние одбираме да се сеќаваме за да не ни се повтори, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на комеморативната вечер за депортираните 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка пред 79 години. На комеморацијата во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, Пендаровски рече дека на неодамнешниот Меѓународниот форум за холокаустот во Малме, Македонија се обврзала во наставната програма за основното образование да вклучи содржини што ќе го адресираат антисемитизмот и негирањето на холокаустот. Како држава се обврзавме, рече тој, да организираме и задолжителни посети на Меморијалниот центар од сите ученици од основното и средното образование. Шефот на државата порача дека мора да се сеќаваме на жртвите на холокаустот и „да не заборавивме дека секој од тие 7144 е човек со име и презиме, со вродено и неотуѓиво човеково достоинство“.
-Со векови Евреите биле неразделен дел од македонскиот етнички, верски, јазичен и културен мозаик. Како почитувани еснафи, лекари, уметници и духовници, придонеле за развојот на општествениот,  економскиот и културниот живот. Евреите заедно со македонскиот народ ги споделувале и неговите стремежи и неговите жртви во борбата за слободна држава. Сето тоа запрело на 11 март 1943. Статистиките се запрепастувачки. Од околу 24 илјади македонски жртви во Втората светска војна, речиси една третина биле Евреи, поточно 7144 мажи, жени и деца кои биле насилно собрани во скопскиот Монопол и депортирани во логорот на смртта. Тие претставувале 98 проценти од вкупната македонска еврејска заедница, рече Пендаровски.
Тешко е да се замисли, а уште повеќе да се опише монструозноста на холокаустот, рече тој,  во ерата на разумот, во научно и технолошки најразвиениот континент на светот и меѓу дотогаш најобразованата генерација.
-Дали има надеж по холокаустот? Јас сум убеден дека има. Причина за надеж се праведните меѓу народите, кои ги ризикувале сопствените животи за да спасат Евреи. Меѓу 14-те илјади праведници запишани во „Јад Вашем“ е и Стојан Богоја Силјановски, инвалид со една нога, кој имал дуќан во центарот на Битола, веднаш спроти полициската станица, кој за време на депортацијата криел осум жени Еврејки – меѓу нив идни партизанки кои се спасија од холокаустот и станаа витален дел од антифашистичката борба, рече Пендаровски.
Амбасадорката на Израел Симона Франкел во обраќањето рече дека македонските Евреи во Битола, Штип и Скопје пред депортацијата имале мирен живот, богат со нивната култура и традиција
-Тие уживале во слободата да ја практикуваат својата религија, што им било овозможено од заемно почитување на околните заедници. За жал, на сето ова ненадејно му дошло крај. Македонија изгубила најголем дел од своите Евреи од која било земја во светот. Дури 98 проценти од нив биле сотрени во холокаустот и никогаш не се вратиле дома. Потомците на тие еврејски заедници кои живеат во Израел до ден-денес продолжуваат да го чуваат споменот на своите предци и одржувајќи ја нивната врска со Македонија тие го обезбедуваат наследството на оние што повеќе не се меѓу нас, рече Франкел.
Не може да ја игнорира, рече таа, трагедијата на милиони бегалци од војната во Украина меѓу кои има и многу Евреи на кои им помагаат повеќе од стотина израелски дипломати кои стојат на границите на пет земји околу Украина. Тие, за разлика од Евреите во холокаустот, рече Франкел, ја имаат Државата Израел и гордо може да го кажат својот идентитет. Израелската амбасадорка го честиташе приемот на Македонија за 35-та членка на Интернационалната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), како и неодамнешниот избор на Пепо Леви за нов претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и рече дека имаат целосна поддршка од Израел. Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз порача дека борбата против негирањето и искривувањето на холокаустот бара повеќе од зборови и мисла, бара акција, не само од властите, туку и од обичните граѓани.
-Никогаш не смееме да дозволиме историјата од пред 79 години да се повтори. Сега е време да ги покажеме нашите вредности на хуманост и почит, време е да се стави крај на антисемитизмот и да се отфрли негирањето и искривувањето на холокаустот. Овие деструктивни, дрски наративи служат само сеење раздор и поделба, особено во ова време од витално значење е да се запамети дека религиите, етничките припадности и културите кои го сочинуваат ткивото, не само во Македонија, туку и на нашите пријатели и сојузници заслужуваат да се слават и почитуваат. Антисемитизмот заедно со каква било форма на расизам и ксенофобија нема место во современо општество, рече Брнз и додаде и дека и претседателот на САД Џозеф Бајден  јасно кажал дека приоритет на неговата администрација е спротивставување на изобличувањето и негирањето на холокауст, поддршка за враќање на имотите, сеќавање и образование за холокаустот.
Брнз посочи дека Американската амбасада ја поддржува годишната Регионална летна академија за едукатори за споделување добри практики за предавање за холокаустот и еврејската историја на Балканот. Претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви рече дека во нацистичките логори биле убиени 11 милиони луѓе, од кои шест милиони Евреи, а во Треблинка 925 илјади, меѓу кои и 7144-те македонски Евреи. -Честопати се прашувам дали современото општество даде соодветен одговор на грозомроните случувања од Втората светска војна.   Дали ја научивме лекцијата….Дали извлековме поуки, дали имаме сила да ги сопреме страдањата на милиони луѓе во целиот свет. Дали можеме да го сопреме растечкиот нацизам во срцето на Европа.   Очигледно е дека треба уште и многу поинтензивно да се работи на заедништвото и соживотот. Едукацијата на младите е есенцијална, рече Леви, посочувајќи го случајот со припадниците од еврејската религиозна група Лев Тахор дојдени во земјава и, како што рече, „неверојатниот јазик на омраза и антисемитизам на социјалните мрежи, невиден на овие простори“. На комеморацијата вечерва се обрати и Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет и претседател на Меѓународниот советодавен совет на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и директорот на Меморијалниот центар на холокаустот Горан Садикаријо, кој ја отвори изложбата „Живот“ посветена на преживеаните Евреи кои ја возобновиле заедницата и придонеле во градењето на повоената држава. Евреите од Битола, Штип и Скопје, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол и од таму во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.  За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925 илјади луѓе, меѓу кои биле и 7144-те македонски Евреи. (МИА)

The post Комеморација за македонските Евреи жртви во холокаустот appeared first on Република.

]]>
Вупи Голдберг привремено тргната од нејзината емисија на „Еј-Би-Си“ https://republika.mk/vesti/svet/vupi-goldberg-privremeno-trgnata-od-nejzinata-emisija-na-ej-bi-si/ Wed, 02 Feb 2022 08:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=452744

Актерката Вупи Голдберг е привремено отстранета од својата емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека нацистичкиот геноцид врз повеќе од шест милиони Евреи „не бил поврзан со расата“.

И покрај извинувањето од познатата водителка и глумица, претседателката на „Еј-би-си њуз“ – Ким Годвин соопшти дека одлучила дека тоа не е доволно.

Веднаш ја суспендирам Вупи Голдберг на две недели поради нејзините неточни и навредливи коментари. Иако Вупи се извини, ја замолив да одвои малку време за да размисли за влијанието на нејзините споделени коментари - пишува Годвин во изјавата објавена на страницата на ТВ-каналот.

https://republika.mk/scena/estrada/vupi-goldberg-so-skandalozna-izjava-holokaustot-ne-e-povrzan-so-rasata-vklucheni-se-dve-grupi-beli-lugje/

The post Вупи Голдберг привремено тргната од нејзината емисија на „Еј-Би-Си“ appeared first on Република.

]]>

Актерката Вупи Голдберг е привремено отстранета од својата емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека нацистичкиот геноцид врз повеќе од шест милиони Евреи „не бил поврзан со расата“. И покрај извинувањето од познатата водителка и глумица, претседателката на „Еј-би-си њуз“ – Ким Годвин соопшти дека одлучила дека тоа не е доволно.
Веднаш ја суспендирам Вупи Голдберг на две недели поради нејзините неточни и навредливи коментари. Иако Вупи се извини, ја замолив да одвои малку време за да размисли за влијанието на нејзините споделени коментари - пишува Годвин во изјавата објавена на страницата на ТВ-каналот.
https://republika.mk/scena/estrada/vupi-goldberg-so-skandalozna-izjava-holokaustot-ne-e-povrzan-so-rasata-vklucheni-se-dve-grupi-beli-lugje/

The post Вупи Голдберг привремено тргната од нејзината емисија на „Еј-Би-Си“ appeared first on Република.

]]>
Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе https://republika.mk/scena/estrada/vupi-goldberg-so-skandalozna-izjava-holokaustot-ne-e-povrzan-so-rasata-vklucheni-se-dve-grupi-beli-lugje/ Tue, 01 Feb 2022 11:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=452397

Американската глумица и водителка, Вупи Голдберг, предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу изјави дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“.

Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа:

Мислам, тоа е холокаустот - убиството на шест милиони луѓе, но тоа не ви пречи? Тогаш ајде да бидеме искрени. Бидејќи холокаустот не е за раса. Не, не се работи за раса.

Нејзиниот кодомаќин Џои Бехар се надоврза дека нацистите ги сметаат Евреите за различна раса.

Но, се работи за надмоќ на белата раса. Се работи за прогон на Евреите и Ромите - надополни водителката Ана Наваро.

Водителката Сара Хејнс продолжи дека нив нацистите не ги сметале за бели.

Американскиот музеј на холокаустот има истакнато: „Расизмот беше средишна точка на нацистичката идеологија. Евреите беа дефинирани не според религијата, туку според расата. Нацистичките расистички уверувања поттикнаа геноцид и масовни убиства“.

Наспроти лавината критики, Голдберг подоцна се извини.

Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов - напиша Голдберг на Твитер.

https://twitter.com/WhoopiGoldberg/status/1488320164517101574?cxt=HHwWjIC-4bvTyacpAAAA

The post Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе appeared first on Република.

]]>

Американската глумица и водителка, Вупи Голдберг, предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу изјави дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“. Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа:
Мислам, тоа е холокаустот - убиството на шест милиони луѓе, но тоа не ви пречи? Тогаш ајде да бидеме искрени. Бидејќи холокаустот не е за раса. Не, не се работи за раса.
Нејзиниот кодомаќин Џои Бехар се надоврза дека нацистите ги сметаат Евреите за различна раса.
Но, се работи за надмоќ на белата раса. Се работи за прогон на Евреите и Ромите - надополни водителката Ана Наваро.
Водителката Сара Хејнс продолжи дека нив нацистите не ги сметале за бели. Американскиот музеј на холокаустот има истакнато: „Расизмот беше средишна точка на нацистичката идеологија. Евреите беа дефинирани не според религијата, туку според расата. Нацистичките расистички уверувања поттикнаа геноцид и масовни убиства“. Наспроти лавината критики, Голдберг подоцна се извини.
Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов - напиша Голдберг на Твитер.
https://twitter.com/WhoopiGoldberg/status/1488320164517101574?cxt=HHwWjIC-4bvTyacpAAAA

The post Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-bideme-glasni-protiv-antisemitizmot-rasizmot-ksenofobijata-i-drugite-oblici-na-netolerancija/ Thu, 27 Jan 2022 15:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=450373

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција.

Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас допираат судбините на сите жртви во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас, судбините на тие луѓе никогаш не треба да ги заборавиме. Наша обврска е да го одржуваме споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието. Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција, објави Ковачевски.

На овој ден, потсети Ковачевски, се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка во Полска, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.
Никогаш да не се заборави, за да не се повтори, напиша Ковачевски на Фејсбук

The post Ковачевски: Да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција appeared first on Република.