Постојат различни историски мислења за холокаустот во различни земји, а можевме да посведочиме и на зголемување на бројот на политичари кои го користат холокаустот за свои политички поени. Не сум тука да коментирам што кажала една или друга држава, но важно е да се проценат фактите и она што се случувало во минатото, рече на денешната прес-конференција директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, во одговор на новинарско прашање.

Прашан за став во врска со изјавите на денешни политичари, на држава која денес негира дека воопшто испратила Евреи во логорите во Германија и Полска, Мекачи одговори дека ОДИХР не е историска институција, но целта е на конструктивен начин да се придонесе за заедничко разбирање на она што се случувало и да се избегне учество во вакви политички дискусии.

Овде сме за да зборуваме за борбата против антисемитизмот. Пред само неколку дена бев во Аушвиц по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на жртвите од холокаустот, каде со свои очи можев да видам колку многу Евреи од сите места од Европа биле депортирани. Мислам дека е важно за нас да се обидеме да продолжиме да го шириме знаењето за тоа што се случило тогаш, и да продолжиме да соработуваме на конструктивен начин со сите соговорници, за да се справиме со ова. Како што споменав, образованието е клучна алатка за да се направи тоа, рече Мекачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.