Фабрика Треска Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-treska/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 08:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фабрика Треска Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-treska/ 32 32 Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/ Thu, 20 Jul 2023 08:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=663398

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК.

Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.

По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

The post Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект, пишува СДК. Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.
По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

The post Летово ќе почне со изградба првата зграда во кругот на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-ako-ne-se-izmeni-dup-ot-kje-mora-da-se-izdavaat-gradezni-dozvoli-za-treska/ Wed, 24 Aug 2022 10:06:27 +0000 https://republika.mk/?p=543563

Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот.

Според очекувањата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот.

Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“.

До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен.

Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.

Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.

Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.

Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи.

Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени.

Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола.

The post Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот. Според очекувањата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот. Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“. До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен.
Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.
Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.
Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.
Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи. Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени. Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола.

The post Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Почнуваат активностите за расчистување на локацијата кај „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/pochnuvaat-aktivnostite-za-raschistuvanje-na-lokacijata-kaj-treska/ Wed, 24 Aug 2022 06:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=543458

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на прес-конференција ќе информира за почетокот на активностите за расчистување на локацијата кај поранешна фабрика „Треска“.

Неодамна, во магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“ избувна пожар. Огнот зафати пластични материјали, дрва, грмушки и отпад.

The post Почнуваат активностите за расчистување на локацијата кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на прес-конференција ќе информира за почетокот на активностите за расчистување на локацијата кај поранешна фабрика „Треска“. Неодамна, во магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“ избувна пожар. Огнот зафати пластични материјали, дрва, грмушки и отпад.

The post Почнуваат активностите за расчистување на локацијата кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Рускоска ќе ја повика Данела Арсовска за „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/ruskoska-kje-ja-povika-danela-arsovska-za-treska/ Sat, 16 Apr 2022 20:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=489431

Обвинителката Вилма Русковска во предистражната постапка која ја водат ќе се земе во предвид се што е врзано со поранешна фабрика „Треска“ од отворањето, па се до процесот на денационализација. Неофицијално, ТВ24 дознава дека во Обвинителството ќе биде повикана и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата дека постојат индиции дека пожарот во кругот на атрактивната локација е подметнат. Рускоска верува дека сепак пожарот настанал на местото кое било собиралиште на бездомници.

Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство, вели обвинителката Рускоска.

Увидните екипи на општина Центар се уште се активни во фабриката „Треска“, а градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се прави реконструкција на случајот и се испитува од која хала започнале пламените јазици.

Општинската комисија за урбанизам ќе види кои хали се запалени. Информациите ми се дека халите се во приватна сопственост., додека земјиштето е во државна, рече Герасимовски.

Општинскиот кризен штаб в понеделник ќе расправа што да се прави со старите резервоари на нафта и бензин, кој го става населението во опасност.

Од она што досега е познато е дека инспекторите направиле само визуелни проверки. За настанатата шетата, таа треба да се утврди од вешти лица.

Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, рече дека се што било вредно било изнесено во псоледните 15 години од стечајните управници и дека азбестот не може да гори.

Азбестот е на покривот на самиот објект. Кога ќе завршат сите активности таму, ќе ги задолжиме фирмите кои ќе го расчистуваат теренот да го селектираат азбестот и да го предадат. Азбестот не гори, изјави денеска Стојковски.

The post Рускоска ќе ја повика Данела Арсовска за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Вилма Русковска во предистражната постапка која ја водат ќе се земе во предвид се што е врзано со поранешна фабрика „Треска“ од отворањето, па се до процесот на денационализација. Неофицијално, ТВ24 дознава дека во Обвинителството ќе биде повикана и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата дека постојат индиции дека пожарот во кругот на атрактивната локација е подметнат. Рускоска верува дека сепак пожарот настанал на местото кое било собиралиште на бездомници.
Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство, вели обвинителката Рускоска.
Увидните екипи на општина Центар се уште се активни во фабриката „Треска“, а градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се прави реконструкција на случајот и се испитува од која хала започнале пламените јазици.
Општинската комисија за урбанизам ќе види кои хали се запалени. Информациите ми се дека халите се во приватна сопственост., додека земјиштето е во државна, рече Герасимовски.
Општинскиот кризен штаб в понеделник ќе расправа што да се прави со старите резервоари на нафта и бензин, кој го става населението во опасност. Од она што досега е познато е дека инспекторите направиле само визуелни проверки. За настанатата шетата, таа треба да се утврди од вешти лица. Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, рече дека се што било вредно било изнесено во псоледните 15 години од стечајните управници и дека азбестот не може да гори.
Азбестот е на покривот на самиот објект. Кога ќе завршат сите активности таму, ќе ги задолжиме фирмите кои ќе го расчистуваат теренот да го селектираат азбестот и да го предадат. Азбестот не гори, изјави денеска Стојковски.

The post Рускоска ќе ја повика Данела Арсовска за „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? https://republika.mk/vesti/skopje/koj-kje-gi-obeshteti-gragjanite-koi-se-iznadishaa-azbestni-vlakna-dodeka-goreshe-treska/ Sat, 16 Apr 2022 08:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=489224

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови, велат од О2 иницијатива.

Азбестот е на листата на опасен отпад. Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме. Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош.

Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?

Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?, се вели во објавата.

The post Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? appeared first on Република.

]]>

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови, велат од О2 иницијатива.
Азбестот е на листата на опасен отпад. Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме. Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош. Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест? Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?, се вели во објавата.

The post Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Вчера првпат влегов во „Треска“, личеше на Чернобил има глувци големи ко мачки https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-vchera-prvpat-vlegov-vo-treska-licheshe-na-chernobil-ima-gluvci-golemi-ko-machki/ Fri, 15 Apr 2022 16:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=489099

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Треска“, за медиумите изјави дека негова препорака е што побрзо да почне отстранувањето на сите објекти во индустрискиот капацитет.

Моја информација е дека во „Треска“ има 35 000 до 40 000 метри квадаратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти, изјави Герасимовски за медиумите.

Герасимовски извести дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на земјиштето и за тоа колку се тие штетни за граѓаните.

Во Општина Центар до овој момент има пристигнато 28 барања за отстранување на објекти, но за начинот при нивно отстранување, градоначалникот ќе побара и институционална помош.

Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Ние нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од „Треска“, изјави Герасимовски.

Во однос на шпекулациите за наводното подметнување на пожарот, градоначалникот на Општина Центар изјави дека не сака предвреме да коментира. Неговите сознанија се дека до моментов сѐ уште не е направен увид поради небезбедноста на теренот. Но. според информации од жителите во локалитетот, секојдневно се краде железо и бакар од каблите, кои потоа се палат.

Дали ова е вистина ќе покаже истрагата, изјави Герасимовски.

По однос на актуелните теми за новите градби во „Треска“, Герасимовски порача дека како општина не можат да ги сопрат, но тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.

Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите, регулативите кои мораме да ги почитуваме, изјави Герасимовски.

The post Герасимовски: Вчера првпат влегов во „Треска“, личеше на Чернобил има глувци големи ко мачки appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Треска“, за медиумите изјави дека негова препорака е што побрзо да почне отстранувањето на сите објекти во индустрискиот капацитет.
Моја информација е дека во „Треска“ има 35 000 до 40 000 метри квадаратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти, изјави Герасимовски за медиумите.
Герасимовски извести дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на земјиштето и за тоа колку се тие штетни за граѓаните. Во Општина Центар до овој момент има пристигнато 28 барања за отстранување на објекти, но за начинот при нивно отстранување, градоначалникот ќе побара и институционална помош.
Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Ние нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од „Треска“, изјави Герасимовски.
Во однос на шпекулациите за наводното подметнување на пожарот, градоначалникот на Општина Центар изјави дека не сака предвреме да коментира. Неговите сознанија се дека до моментов сѐ уште не е направен увид поради небезбедноста на теренот. Но. според информации од жителите во локалитетот, секојдневно се краде железо и бакар од каблите, кои потоа се палат.
Дали ова е вистина ќе покаже истрагата, изјави Герасимовски.
По однос на актуелните теми за новите градби во „Треска“, Герасимовски порача дека како општина не можат да ги сопрат, но тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.
Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите, регулативите кои мораме да ги почитуваме, изјави Герасимовски.

The post Герасимовски: Вчера првпат влегов во „Треска“, личеше на Чернобил има глувци големи ко мачки appeared first on Република.

]]>
„Шанса за Центар“: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-instituciite-da-gi-raschistat-somnezite-za-pozarot-kaj-treska/ Fri, 15 Apr 2022 14:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=489068

„Шанса за Центар“ пред неколку недели предупреди дека е можен развој на настаните околу поранешната фабрика „Треска“ со цел да се реши урбанистичкото планирање на подрачјето на начин кој нема да го штити јавниот интерес, велат од граѓанското здружение, додавајќи дека за жал развој има, но дури и полош од оној кој го претпоставувале.

Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму со „Треска“, а се шират и сомнежи дека пожарите се подметнати. Ги очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и Град Скопје детално и брзо да се изјаснат за тврдењата дали последниот пожар е подметнат. Ги повикуваме надлежните институции и Државниот инспекторат за животна средина да утврдат какви материи се чуваат во кругот на поранешната фабрика и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето кои живеат во околината на „Треска“, па и во целата општина. Бараме институциите да ја информираат јавноста дали сопствениците на објектите и на земјиштето имаат обврска да го расчистат отпадниот материјал од нивните имоти со цел да се намали опасноста за граѓаните. Шанса за Центар смета дека одолговлекувањето на постапката за носење нов урбанистички план за подрачјето на „Треска“, придонесува за продолжување на неизвесноста и ја зголемува можноста за нови несакани случувања. Бараме општината да не тактизира со објавувањето на конкурсните решенија, туку во согласност со одлуката на Советот да организира јавна презентација на трудовите со кои се нуди поквалитетно решение за подрачјето и подобри услови за достоинствен живот на сегашните и идните жители, велат од „Шанса за Центар“.

The post „Шанса за Центар“: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција на пожарот во „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/nagrada-za-skopskite-pozarnikari-za-brzata-i-efikasna-reakcija-na-pozarot-vo-treska/ Fri, 15 Apr 2022 14:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=489056

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика „Треска“.

Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните ви се благодарни, истакна Арсовска.

The post Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција на пожарот во „Треска“ appeared first on Република.

Арсовска пристигна кај пожарот во „Треска“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/arsovska-pristigna-kaj-pozarot-vo-treska/ Thu, 14 Apr 2022 13:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=488551

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пристигна кај фабриката „Треска“ во Центар и помага во координацијата на екипите присутни на местото на пожарот.

На терен се голем број противпожарни екипи на градот Скопје кои се обидуваат да го заштитат имотот и здравјето на граѓаните од околните згради.

The post Арсовска пристигна кај пожарот во „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пристигна кај фабриката „Треска“ во Центар и помага во координацијата на екипите присутни на местото на пожарот. На терен се голем број противпожарни екипи на градот Скопје кои се обидуваат да го заштитат имотот и здравјето на граѓаните од околните згради.

The post Арсовска пристигна кај пожарот во „Треска“ appeared first on Република.

]]>
За ваше добро денеска носете маска! https://republika.mk/tvitovi/za-vashe-dobro-deneska-nosete-maska/ Thu, 14 Apr 2022 13:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=488547

The post За ваше добро денеска носете маска! appeared first on Република.

]]>

The post За ваше добро денеска носете маска! appeared first on Република.

]]>
Детали за пожарот кај „Треска“ – црниот чад беснее од запалена пластика во магацин https://republika.mk/vesti/makedonija/detali-za-pozarot-kaj-treska-crniot-chad-besnee-od-zapalena-plastika-vo-magacin/ Thu, 14 Apr 2022 13:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=488508

Густиот црн чад што попладнево се издига во центарот на Скопје, е од пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Станува збор за пожар во магацин, на чие гаснење веќе работат противпожарни екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.

Огнот зафатил и пластични материјали, што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

Досега нема пријава за повредени лица. Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува.

Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира.

На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.

https://republika.mk/vesti/skopje/e-pa-aj-so-srekja-nov-stanben-blok/

The post Детали за пожарот кај „Треска“ – црниот чад беснее од запалена пластика во магацин appeared first on Република.

]]>

Густиот црн чад што попладнево се издига во центарот на Скопје, е од пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Станува збор за пожар во магацин, на чие гаснење веќе работат противпожарни екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.   Огнот зафатил и пластични материјали, што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје. Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано. Досега нема пријава за повредени лица. Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува. Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба. https://republika.mk/vesti/skopje/e-pa-aj-so-srekja-nov-stanben-blok/  

The post Детали за пожарот кај „Треска“ – црниот чад беснее од запалена пластика во магацин appeared first on Република.

]]>
Е, па, ај со среќа нов станбен блок https://republika.mk/vesti/skopje/e-pa-aj-so-srekja-nov-stanben-blok/ Thu, 14 Apr 2022 13:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=488504

Во моментов силен пожар беснее во кругот на поранешната фабрика „Треска“, место за кое со години трае борбата меѓу активистите и градежниците. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.

The post Е, па, ај со среќа нов станбен блок appeared first on Република.

Се вадат моторите од салонот на „Рузвелтова“, пожарот е токму позади објектот https://republika.mk/vesti/skopje/se-vadat-motorite-od-salonot-na-ruzveltova-pozarot-e-tokmu-pozadi-objektot/ Thu, 14 Apr 2022 12:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=488494

Засега нема инфомации што точно гори и од што е предизвикан пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“.

Од скопската противпожарна единица соопштија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.

Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија.

Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachka-snimka-od-pozarot-kaj-treska/

The post Се вадат моторите од салонот на „Рузвелтова“, пожарот е токму позади објектот appeared first on Република.

]]>

Засега нема инфомации што точно гори и од што е предизвикан пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Од скопската противпожарна единица соопштија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје. Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија. Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachka-snimka-od-pozarot-kaj-treska/

The post Се вадат моторите од салонот на „Рузвелтова“, пожарот е токму позади објектот appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачка снимка од пожарот кај „Треска“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachka-snimka-od-pozarot-kaj-treska/ Thu, 14 Apr 2022 12:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=488462

Екипи на скопската противпожарна бригада се обидуваат да го скротат силниот оган кој зафати една од бараките во кругот на поранешна „Треска“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-kaj-treska-se-evakuiraat-okolnite-zgradi/

The post Вознемирувачка снимка од пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Екипи на скопската противпожарна бригада се обидуваат да го скротат силниот оган кој зафати една од бараките во кругот на поранешна „Треска“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-kaj-treska-se-evakuiraat-okolnite-zgradi/

The post Вознемирувачка снимка од пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Гори кај „Треска“, се евакуираат околните згради https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-kaj-treska-se-evakuiraat-okolnite-zgradi/ Thu, 14 Apr 2022 12:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=488445

Голем облак од црн чад е надвиснат над „Рузвелтова“ во центарот на Скопје. Противпожарните екипи веќе се упатени на местото.

Според информациите на „Република“, станува збор за голем пожар во барака на местото на старата фабрика „Треска“.

На жителите од локалните згради им е кажано да ги напуштат домовите.

Повеќе инфромации наскоро.

The post Гори кај „Треска“, се евакуираат околните згради appeared first on Република.

]]>

Голем облак од црн чад е надвиснат над „Рузвелтова“ во центарот на Скопје. Противпожарните екипи веќе се упатени на местото. Според информациите на „Република“, станува збор за голем пожар во барака на местото на старата фабрика „Треска“. На жителите од локалните згради им е кажано да ги напуштат домовите. Повеќе инфромации наскоро.

The post Гори кај „Треска“, се евакуираат околните згради appeared first on Република.

]]>