Засега нема инфомации што точно гори и од што е предизвикан пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“.

Од скопската противпожарна единица соопштија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.

Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија.

Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.