еврозона Archives - Република https://republika.mk/tema/evrozona/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 11:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еврозона Archives - Република https://republika.mk/tema/evrozona/ 32 32 Зголемен јавниот долг на еврозоната, Грција е најзадолжена https://republika.mk/vesti/svet/zgolemen-javniot-dolg-na-evrozonata-grtsija-e-najzadolzhena/ Tue, 22 Oct 2024 11:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=829823

На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат.

Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137 отсто од БДП, како и Франција со долг од 112,1 отсто од БДП.

За разлика од нив, најмалку задолжена земја во еврозоната е Бугарија со долг од 22,1 отсто од БДП, потоа Естонија со 23,8 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.

Податоците за задолженоста на еврозоната и Европската унија на крајот на третиот квартал од 2024 година ќе бидат објавени на 22 јануари 2025 година, се додава во соопштението.

The post Зголемен јавниот долг на еврозоната, Грција е најзадолжена appeared first on Република.

]]>

На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал. Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137 отсто од БДП, како и Франција со долг од 112,1 отсто од БДП. За разлика од нив, најмалку задолжена земја во еврозоната е Бугарија со долг од 22,1 отсто од БДП, потоа Естонија со 23,8 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП. Податоците за задолженоста на еврозоната и Европската унија на крајот на третиот квартал од 2024 година ќе бидат објавени на 22 јануари 2025 година, се додава во соопштението.

The post Зголемен јавниот долг на еврозоната, Грција е најзадолжена appeared first on Република.

]]>
Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво https://republika.mk/vesti/svet/gradezhnishtvoto-vo-eu-ima-pad-na-prometot-za-nad-dva-otsto-na-godishno-nivo/ Sat, 19 Oct 2024 07:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=828678

Прометот во градежништвото во ЕУ во август 2024 година во споредба со истиот месец лани бележи пад од 2,4 отсто, додека во рамки на Еврозоната тој е намален за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат.

На месечно ниво (август – јули 2024) градежништвото бележи раст од 0,4 отсто во ЕУ и зголемување од 0,1 проценти во Еврозоната.

По сектори, на годишно ниво во август годинава во ЕУ се бележи пад од 2,5 проценти на изградбата на објекти, намалување за 3,9 отсто во нискоградбата и за 2,7 проценти кај специјализираните градежни дејности.

Кога станува збор пак за Еврозоната, таму се бележи годишен пад од 2,1 отсто во изградбата на објекти, од 3,2 проценти во нискоградба и од 3,0 отсто во специјализираните градежни дејности.

Меѓу земјите членки на ЕУ за кои има достапни податоци, најголемо годишно намалување на прометот во градежништвото е забележано во Словенија од 17,1 отсто, во Словачка од 10,9 и во Унгарија од 6,0 проценти. Од друга страна најголем годишен раст бележани градежништвото во Бугарија и тоа од 5,5 отсто, пред Холандија со 2,5 и Португалија со 2,0 проценти.

Прометот во градежништвото во ЕУ по сектори во август 2024 споредено со претходниот месец бележи раст од 1,8 отсто за изградбата на објекти и 0,4 проценти во специјализирани градежни дејности, но и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата.

Во Еврозоната, пак, на месечно ниво се бележи раст на прометот од 0,9 отсто за изградбата на објекти и 0,3 проценти во специјализирани градежни дејности, како и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата.

Меѓу земјите членки, најголем раст на градежништвото на месечно ниво има во Шведска од 7,2 отсто, пред Холандија со 6,3 и Романија со 4,7 проценти. Словачка од друга страна е „лидер“ во падот на градежниот промет со 4,3 проценти, пред Белгија со 3,2 и Словенија со 3,1 отсто.

The post Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>

Прометот во градежништвото во ЕУ во август 2024 година во споредба со истиот месец лани бележи пад од 2,4 отсто, додека во рамки на Еврозоната тој е намален за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат. На месечно ниво (август – јули 2024) градежништвото бележи раст од 0,4 отсто во ЕУ и зголемување од 0,1 проценти во Еврозоната. По сектори, на годишно ниво во август годинава во ЕУ се бележи пад од 2,5 проценти на изградбата на објекти, намалување за 3,9 отсто во нискоградбата и за 2,7 проценти кај специјализираните градежни дејности. Кога станува збор пак за Еврозоната, таму се бележи годишен пад од 2,1 отсто во изградбата на објекти, од 3,2 проценти во нискоградба и од 3,0 отсто во специјализираните градежни дејности. Меѓу земјите членки на ЕУ за кои има достапни податоци, најголемо годишно намалување на прометот во градежништвото е забележано во Словенија од 17,1 отсто, во Словачка од 10,9 и во Унгарија од 6,0 проценти. Од друга страна најголем годишен раст бележани градежништвото во Бугарија и тоа од 5,5 отсто, пред Холандија со 2,5 и Португалија со 2,0 проценти. Прометот во градежништвото во ЕУ по сектори во август 2024 споредено со претходниот месец бележи раст од 1,8 отсто за изградбата на објекти и 0,4 проценти во специјализирани градежни дејности, но и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата. Во Еврозоната, пак, на месечно ниво се бележи раст на прометот од 0,9 отсто за изградбата на објекти и 0,3 проценти во специјализирани градежни дејности, како и намалување од 2,1 отсто во нискоградбата. Меѓу земјите членки, најголем раст на градежништвото на месечно ниво има во Шведска од 7,2 отсто, пред Холандија со 6,3 и Романија со 4,7 проценти. Словачка од друга страна е „лидер“ во падот на градежниот промет со 4,3 проценти, пред Белгија со 3,2 и Словенија со 3,1 отсто.

The post Градежништвото во ЕУ има пад на прометот за над два отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>
Падот на активноста во индустријата во еврозоната продлабочен и во април https://republika.mk/vesti/svet/padot-na-aktivnosta-vo-industrijata-vo-evrozonata-prodlabochen-i-vo-april/ Thu, 02 May 2024 12:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=773438

Падот на производствената активност во еврозоната се продлабочил во април, бидејќи побарувачката продолжи да слабее, покажа извештајот на S&P Global во четвртокот, одразувајќи остар контраст во темпото на активност меѓу групата на „големите“.

Индексот на менаџерите за набавки во еврозоната (PMI) паднал во април за 0,4 поени во однос на март, лизгајќи се на 45,7 поени, што е најниско ниво во последните четири месеци, објави Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која го составува извештајот за S&P Global.

Вредноста на индексот на тој начин останува под нивото од 50 поени 22-ри месец со ред, што сигнализира речиси двегодишен пад на активноста.

Во групата водечки економии на еврозоната, Шпанија бележи најдобри резултати, според вредноста на PMI над 50 поени. Пад забележаа Франција, Италија и Германија.

Темпото на шпанската економија се разликува од динамиката на еврозоната како целина, со оглед на континуираниот раст на индустриската активност трет месец со ред и забрзувањето во април. Позитивната (шпанска) динамика е во остар контраст со лошите резултати во Германија, Франција и Италија, истакнува економистот на HCOB, Сирус де ла Рубија.

Разликата може постепено да се намалува во наредните месеци, поддржана од поволното глобално опкружување, забележува тој.

Континуираниот пад на новите нарачки сигнализира дека не треба да се очекува пресврт во блиска иднина. Индексот што ја мери побарувачката на индустриски стоки во еврозоната падна во април на најниско ниво во последните четири месеци.

Што ќе ја спаси економијата на еврозоната? Тоа е тешко прашање, јасно е само дека тоа сигурно нема да биде производствениот сектор, заклучи Де ла Рубија.

The post Падот на активноста во индустријата во еврозоната продлабочен и во април appeared first on Република.

]]>

Падот на производствената активност во еврозоната се продлабочил во април, бидејќи побарувачката продолжи да слабее, покажа извештајот на S&P Global во четвртокот, одразувајќи остар контраст во темпото на активност меѓу групата на „големите“. Индексот на менаџерите за набавки во еврозоната (PMI) паднал во април за 0,4 поени во однос на март, лизгајќи се на 45,7 поени, што е најниско ниво во последните четири месеци, објави Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која го составува извештајот за S&P Global. Вредноста на индексот на тој начин останува под нивото од 50 поени 22-ри месец со ред, што сигнализира речиси двегодишен пад на активноста. Во групата водечки економии на еврозоната, Шпанија бележи најдобри резултати, според вредноста на PMI над 50 поени. Пад забележаа Франција, Италија и Германија. Темпото на шпанската економија се разликува од динамиката на еврозоната како целина, со оглед на континуираниот раст на индустриската активност трет месец со ред и забрзувањето во април. Позитивната (шпанска) динамика е во остар контраст со лошите резултати во Германија, Франција и Италија, истакнува економистот на HCOB, Сирус де ла Рубија. Разликата може постепено да се намалува во наредните месеци, поддржана од поволното глобално опкружување, забележува тој. Континуираниот пад на новите нарачки сигнализира дека не треба да се очекува пресврт во блиска иднина. Индексот што ја мери побарувачката на индустриски стоки во еврозоната падна во април на најниско ниво во последните четири месеци. Што ќе ја спаси економијата на еврозоната? Тоа е тешко прашање, јасно е само дека тоа сигурно нема да биде производствениот сектор, заклучи Де ла Рубија.

The post Падот на активноста во индустријата во еврозоната продлабочен и во април appeared first on Република.

]]>
Европа е на работ на рецесија поради антируските санкции https://republika.mk/vesti/svet/evropa-e-na-rabot-na-retsesija-poradi-antiruskite-sanktsii/ Wed, 13 Mar 2024 07:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=754193

Економијата на еврозоната ќе падне за -0,1% во 2024 година. Во исто време, најголемите земји во Европа - Германија и Велика Британија, ќе ја завршат тековната година со уште послаби резултати: -0,2% и -0,4%. БДП на Франција, исто така, ќе падне за -0,2%, а Финска и Естонија може дури и да паднат за -1,5%, анализира британски „Оксфрод економикс“.

Истовремено, Според ММФ, руската економија оваа година би можела да достигне раст од +2,6%. И тоа, покрај тоа што е под голем притисок од западните санкции

Западот, пак, кој воведува се поголем број санкции, страда од нив повеќе отколку Русија, честопати молчејќи за лошата состојба на нејзините економии. Германија ги проценува своите загуби од санкциите за 2022-2023 година на 200 милијарди евра. Другите земји сè уште не даваат слични податоци

Економските загуби ги принудуваат европските претставници да размислуваат за тоа како меѓународната конкурентност на Европа опаѓа во споредба со Кина и САД. Исто така, и за оправданоста на натамошниот притисок на санкциите врз Русија.

The post Европа е на работ на рецесија поради антируските санкции appeared first on Република.

]]>

Економијата на еврозоната ќе падне за -0,1% во 2024 година. Во исто време, најголемите земји во Европа - Германија и Велика Британија, ќе ја завршат тековната година со уште послаби резултати: -0,2% и -0,4%. БДП на Франција, исто така, ќе падне за -0,2%, а Финска и Естонија може дури и да паднат за -1,5%, анализира британски „Оксфрод економикс“. Истовремено, Според ММФ, руската економија оваа година би можела да достигне раст од +2,6%. И тоа, покрај тоа што е под голем притисок од западните санкции Западот, пак, кој воведува се поголем број санкции, страда од нив повеќе отколку Русија, честопати молчејќи за лошата состојба на нејзините економии. Германија ги проценува своите загуби од санкциите за 2022-2023 година на 200 милијарди евра. Другите земји сè уште не даваат слични податоци Економските загуби ги принудуваат европските претставници да размислуваат за тоа како меѓународната конкурентност на Европа опаѓа во споредба со Кина и САД. Исто така, и за оправданоста на натамошниот притисок на санкциите врз Русија.

The post Европа е на работ на рецесија поради антируските санкции appeared first on Република.

]]>
Седум членки на ЕУ сè уште не го прифатиле Еврото – ова се причините https://republika.mk/vesti/svet/sedum-chlenki-na-eu-se-ushte-ne-go-prifatile-evroto-ova-se-prichinite/ Sun, 11 Feb 2024 08:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=742678

Дваесет години по влезот во ЕУ, Чешката Република се уште ја користи сопствената национална валута, Круната, наместо Еврото. Сепак, владата најави дека сега е отворена за дискусија за можноста да се префрли на монетарната единица на ЕУ.

Покрај Чешката република, во моментов има шест членки на ЕУ кои сè уште не го усвоиле Еврото, а ова се причините зошто „се воздржуваат“ од прифаќањето на Еврото како нивна официјална валута.

🔸 Бугарија: Минатата година, министерот за финансии објави дека земјата се откажала од целта да го усвои еврото во јануари 2024 година. Бугарија не ги исполни критериумите од Мастрихт за инфлација и не ги направи потребните законски измени.

🔸 Данска: Во 2000 година, данската влада одржа референдум за воведување на Еврото. Сепак, 53,2% од гласачите ја отфрлија иницијативата, а 46,8% ја одобрија.

🔸 Унгарија: Оваа централноевропска земја првично планираше да го усвои еврото до крајот на 2009 година. Сепак, тогаш Унгарците не беа во можност да ги исполнат критериумите од Мастрихт поради претерано високиот буџетски дефицит, инфлацијата и јавниот долг.

🔸 Полска: Оваа источноевропска земја не ги исполнува критериумите од Мастрихт за стабилноста на девизниот курс и долгорочните каматни стапки. Дополнително, нивните закони не се целосно компатибилни со договорите на ЕУ.

🔸 Романија: Европската комисија заклучи дека законодавството на Романија не е целосно компатибилно со правилата на еврозоната. Земјата, исто така, прекршува критериуми потребни за прифаќање на Еврото, вклучувајќи проблеми со инфлацијата, стабилноста на јавните финансии, девизните курсеви и приближувањето на долгорочните каматни стапки.

🔸 Шведска: Во септември 2003 година, скандинавската нација одржа референдум, при што 55,9 отсто од Швеѓаните гласаа против усвојувањето на валутата на ЕУ.

The post Седум членки на ЕУ сè уште не го прифатиле Еврото – ова се причините appeared first on Република.

]]>

Дваесет години по влезот во ЕУ, Чешката Република се уште ја користи сопствената национална валута, Круната, наместо Еврото. Сепак, владата најави дека сега е отворена за дискусија за можноста да се префрли на монетарната единица на ЕУ. Покрај Чешката република, во моментов има шест членки на ЕУ кои сè уште не го усвоиле Еврото, а ова се причините зошто „се воздржуваат“ од прифаќањето на Еврото како нивна официјална валута. 🔸 Бугарија: Минатата година, министерот за финансии објави дека земјата се откажала од целта да го усвои еврото во јануари 2024 година. Бугарија не ги исполни критериумите од Мастрихт за инфлација и не ги направи потребните законски измени. 🔸 Данска: Во 2000 година, данската влада одржа референдум за воведување на Еврото. Сепак, 53,2% од гласачите ја отфрлија иницијативата, а 46,8% ја одобрија. 🔸 Унгарија: Оваа централноевропска земја првично планираше да го усвои еврото до крајот на 2009 година. Сепак, тогаш Унгарците не беа во можност да ги исполнат критериумите од Мастрихт поради претерано високиот буџетски дефицит, инфлацијата и јавниот долг. 🔸 Полска: Оваа источноевропска земја не ги исполнува критериумите од Мастрихт за стабилноста на девизниот курс и долгорочните каматни стапки. Дополнително, нивните закони не се целосно компатибилни со договорите на ЕУ. 🔸 Романија: Европската комисија заклучи дека законодавството на Романија не е целосно компатибилно со правилата на еврозоната. Земјата, исто така, прекршува критериуми потребни за прифаќање на Еврото, вклучувајќи проблеми со инфлацијата, стабилноста на јавните финансии, девизните курсеви и приближувањето на долгорочните каматни стапки. 🔸 Шведска: Во септември 2003 година, скандинавската нација одржа референдум, при што 55,9 отсто од Швеѓаните гласаа против усвојувањето на валутата на ЕУ.

The post Седум членки на ЕУ сè уште не го прифатиле Еврото – ова се причините appeared first on Република.

]]>
Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година https://republika.mk/vesti/svet/brisel-gi-namali-prognozite-za-rast-na-evrozonata-za-2023-i-2024-godina/ Wed, 15 Nov 2023 12:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=701820

Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“.

Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај - ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември.

Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките цени останува проблематичен, констатира Комисијата.

Брисел очекува дека следната година цените ќе паднат помалку од очекуваното и ќе бидат 3,2 отсто во однос на досегашните прогнози од 2,9 отсто, а прогнозата за раст на цените за 2023 година останува непроменета на 5,6 отсто.

The post Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го користат еврото како валута, а за следната година на 1,2 отсто од 1,3 отсто, објави денеска Европската комисија во својот есенски економски извештај - ревидирани се бројките од претходната прогноза од септември. Иако растот на цените е најнизок во последните две години, растот на потрошувачките цени останува проблематичен, констатира Комисијата. Брисел очекува дека следната година цените ќе паднат помалку од очекуваното и ќе бидат 3,2 отсто во однос на досегашните прогнози од 2,9 отсто, а прогнозата за раст на цените за 2023 година останува непроменета на 5,6 отсто.

The post Брисел ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година appeared first on Република.

]]>
Еврозоната забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра во јули https://republika.mk/vesti/svet/evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-6-5-milijardi-evra-vo-juli/ Mon, 18 Sep 2023 10:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=682839

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јули забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра, објави Евростат.

Наведениот резултат значително се разликува од ситуацијата во јули 2022 година, кога еврозоната забележа трговски дефицит од 36,3 милијарди евра.

Во јули, еврозоната извезла стоки во светот за 227,8 милијарди евра, што е за 2,7 отсто помалку од јули 2022 година, а увезе стоки за 221,3 милијарди евра – 18,2 отсто помалку од јули минатата година.

The post Еврозоната забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра во јули appeared first on Република.

]]>

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јули забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра, објави Евростат. Наведениот резултат значително се разликува од ситуацијата во јули 2022 година, кога еврозоната забележа трговски дефицит од 36,3 милијарди евра. Во јули, еврозоната извезла стоки во светот за 227,8 милијарди евра, што е за 2,7 отсто помалку од јули 2022 година, а увезе стоки за 221,3 милијарди евра – 18,2 отсто помалку од јули минатата година.

The post Еврозоната забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра во јули appeared first on Република.

]]>
Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра https://republika.mk/vesti/svet/vo-juni-evrozonata-zabelezha-trgovski-sufitsit-od-23-milijardi-evra/ Thu, 17 Aug 2023 14:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=673113

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат.

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година.

Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.

The post Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.

The post Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3 отсто https://republika.mk/vesti/svet/rast-na-bdp-vo-evrozonata-vo-vtoriot-kavrtal-od-2023-julskata-inflatsija-5-3-otsto/ Mon, 31 Jul 2023 11:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=667240

Сезонски прилагодениот БДП во второто тримесечје од годинава порасна за 0,3 отсто на квартално ниво во Еврозоната и остана непроменет на ниво на цела ЕУ, додека стапката на инфлација во зоната не еврото во јули се намали на 5,3 од јунските 5,5 проценти, соопшти денеска Статистичката служба на ЕУ – Евростат.

Според прелиминарните податоци на Евростат, на годишно ниво во вториот квартал од 2023 година економскиот раст изнесува 0,6 отсто во еврозоната и 0,5 проценти на ниво на цела ЕУ.

Во првиот овогодишен квартал, БДП во Еврозоната остана непроменет, а на ниво на цела ЕУ забележа раст од 0,2 отсто. Годишниот економски раст во првото тримесечје од 2023 година изнесуваше по 1,1 проценти и во Еврозоната и во цела ЕУ.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, од Евростат посочуваат дека овие прелиминарни проценки за растот на БДП се нецелосни и ќе бидат предмет на дополнителни ревизии.

Одделно по секоја земја, според досега добиените и расположливи податоци, најголем квартален раст на БДП во второто тримесечје бележи Ирска со 3,3 проценти, пред Литванија со 2,8 отсто, Франција 0,5, Шпанија 0,4, Белгија 0,2 и Чешка со 0,1 проценти.

Од друга страна, најголем пад на БДП има Шведска од 1,5 отсто на квартално ниво, Летонија 0,6, Австрија 0,4 и Италија од 0,3 проценти. Во Германија и Португалија БДП остана непроменет во однос на првото тримесечје.

Ирска е „шампион“ во растот на БДП и на годишно ниво од 2,8 проценти, пред Португалија со 2,3 и Шпанија 1,8 отсто. Белгија, Литванија и Франција бележат раст на БДП во вториот квартал од 0,9 отсто споредено со истиот период лани, а Италија од 0,6 проценти.

Најголем пад на БДП во периодот април-јуни 2023 година на годишно ниво е забележан во Шведска од 2,4 проценти, Чешка од 0,6, Летонија 0,5, Австрија од 0,3 и Германија од 0,1 отсто.

Кога станува збор, пак, за инфлацијата во Еврозоната, таа на годишно ниво во јули е проценета на 5,3 отсто, што е намалување од јунските 5,5 проценти и е во рамки на претходните предвидување на Евростат.

Највисока проценета стапка на инфлација во јули има Словачка од 10,2 отсто, пред Хрватска со 8,1, Литванија 7,1 и Австрија 7,0 проценти. Најмала јулска инфлација од 1,6 отсто има Белгија, пред Луксембург од 2, Шпанија од 2,1 и Кипар од 2,4 проценти.

Ваквата стапка на инфлација најмногу се должи на проценетиот раст на цените на храната, алкохолот и тутунот во јули од 10,8 отсто, кои во јуни поскапеа за 11,6 проценти. Јулските проценети трошоци за услугите се зголемиле за 5,6 отсто (во јуни изнесуваа 5,4 проценти), а на неенергетски индустриски стоки за 5 проценти (во јуни за 5,5 отсто).

Од друга страна, трошоците за енергија во јули се намалиле за 6,1 проценти, за разлика од јунското намалување од 5,6 отсто.

The post Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3 отсто appeared first on Република.

]]>

Сезонски прилагодениот БДП во второто тримесечје од годинава порасна за 0,3 отсто на квартално ниво во Еврозоната и остана непроменет на ниво на цела ЕУ, додека стапката на инфлација во зоната не еврото во јули се намали на 5,3 од јунските 5,5 проценти, соопшти денеска Статистичката служба на ЕУ – Евростат. Според прелиминарните податоци на Евростат, на годишно ниво во вториот квартал од 2023 година економскиот раст изнесува 0,6 отсто во еврозоната и 0,5 проценти на ниво на цела ЕУ. Во првиот овогодишен квартал, БДП во Еврозоната остана непроменет, а на ниво на цела ЕУ забележа раст од 0,2 отсто. Годишниот економски раст во првото тримесечје од 2023 година изнесуваше по 1,1 проценти и во Еврозоната и во цела ЕУ. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, од Евростат посочуваат дека овие прелиминарни проценки за растот на БДП се нецелосни и ќе бидат предмет на дополнителни ревизии. Одделно по секоја земја, според досега добиените и расположливи податоци, најголем квартален раст на БДП во второто тримесечје бележи Ирска со 3,3 проценти, пред Литванија со 2,8 отсто, Франција 0,5, Шпанија 0,4, Белгија 0,2 и Чешка со 0,1 проценти. Од друга страна, најголем пад на БДП има Шведска од 1,5 отсто на квартално ниво, Летонија 0,6, Австрија 0,4 и Италија од 0,3 проценти. Во Германија и Португалија БДП остана непроменет во однос на првото тримесечје. Ирска е „шампион“ во растот на БДП и на годишно ниво од 2,8 проценти, пред Португалија со 2,3 и Шпанија 1,8 отсто. Белгија, Литванија и Франција бележат раст на БДП во вториот квартал од 0,9 отсто споредено со истиот период лани, а Италија од 0,6 проценти. Најголем пад на БДП во периодот април-јуни 2023 година на годишно ниво е забележан во Шведска од 2,4 проценти, Чешка од 0,6, Летонија 0,5, Австрија од 0,3 и Германија од 0,1 отсто. Кога станува збор, пак, за инфлацијата во Еврозоната, таа на годишно ниво во јули е проценета на 5,3 отсто, што е намалување од јунските 5,5 проценти и е во рамки на претходните предвидување на Евростат. Највисока проценета стапка на инфлација во јули има Словачка од 10,2 отсто, пред Хрватска со 8,1, Литванија 7,1 и Австрија 7,0 проценти. Најмала јулска инфлација од 1,6 отсто има Белгија, пред Луксембург од 2, Шпанија од 2,1 и Кипар од 2,4 проценти. Ваквата стапка на инфлација најмногу се должи на проценетиот раст на цените на храната, алкохолот и тутунот во јули од 10,8 отсто, кои во јуни поскапеа за 11,6 проценти. Јулските проценети трошоци за услугите се зголемиле за 5,6 отсто (во јуни изнесуваа 5,4 проценти), а на неенергетски индустриски стоки за 5 проценти (во јуни за 5,5 отсто). Од друга страна, трошоците за енергија во јули се намалиле за 6,1 проценти, за разлика од јунското намалување од 5,6 отсто.

The post Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3 отсто appeared first on Република.

]]>
Лагард: Еврозоната се доближива до проектираната инфлација од два отсто https://republika.mk/vesti/svet/lagard-evrozonata-se-doblizhiva-do-proektiranata-inflatsija-od-dva-otsto/ Mon, 31 Jul 2023 06:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=667109

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.

„Очигледно е дека монетарната политика почна да влијае врз намалувањето на инфлацијата. Тоа може да се види од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од обемот на кредити кои се во пад, како и од побарувачката на компаниите за кредити“, наведе таа во интервју за парискиот весник „Фигаро“.

Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите.

Говорејќи за шпекулациите дека ќе има пауза во зголемувањето на каматните стапки од септември, претседателката на ЕЦБ беше нејасна, кажувајќи дека „може да има уште едно зголемување на каматните стапки, или можеби пауза“.

„Паузата, без оглед на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде дефинитивна“, рече таа и потсети дека ќе бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта од два проценти“.

Растот на цените секако е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ неколку пати ги зголеми каматните стапки со цел да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишна основа.

The post Лагард: Еврозоната се доближива до проектираната инфлација од два отсто appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.
„Очигледно е дека монетарната политика почна да влијае врз намалувањето на инфлацијата. Тоа може да се види од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од обемот на кредити кои се во пад, како и од побарувачката на компаниите за кредити“, наведе таа во интервју за парискиот весник „Фигаро“.
Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите. Говорејќи за шпекулациите дека ќе има пауза во зголемувањето на каматните стапки од септември, претседателката на ЕЦБ беше нејасна, кажувајќи дека „може да има уште едно зголемување на каматните стапки, или можеби пауза“.
„Паузата, без оглед на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде дефинитивна“, рече таа и потсети дека ќе бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта од два проценти“.
Растот на цените секако е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ неколку пати ги зголеми каматните стапки со цел да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишна основа.

The post Лагард: Еврозоната се доближива до проектираната инфлација од два отсто appeared first on Република.

]]>
Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот https://republika.mk/vesti/svet/ekonomskiot-rast-na-evrozonata-ke-bide-pomal-od-prethodno-prognoziraniot/ Sun, 30 Jul 2023 07:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=666814

По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст.

Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка.

Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина.

Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи.

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември.

Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво.

Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата.

Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство.

Референдум за усвојување на еврото би претставувал гласање за излез на Бугарија од ЕУ, смета поранешниот бугарски заменик министер за финансии, Љубомир Дацов.

Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени.

Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа.

Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност.

Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“.

The post Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот appeared first on Република.

]]>

По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст. Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка. Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина. Банките во еврозоната можат да очекуваат поголеми загуби доколку климатските ризици не се ублажат, а најголеми ќе бидат во земјите со чести природни катастрофи. Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември. Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво. Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата. Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство. Референдум за усвојување на еврото би претставувал гласање за излез на Бугарија од ЕУ, смета поранешниот бугарски заменик министер за финансии, Љубомир Дацов. Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени. Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа. Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност. Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“.

The post Економскиот раст на Еврозоната ќе биде помал од претходно прогнозираниот appeared first on Република.

]]>
Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП https://republika.mk/vesti/svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/ Mon, 24 Jul 2023 09:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=664651

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат.

Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП.

Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.

The post Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП. Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.

The post Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП appeared first on Република.

]]>
Еврозоната и официјално влезе во рецесија https://republika.mk/vesti/ekonomija/evrozonata-i-ofitsijalno-vleze-vo-retsesija/ Thu, 08 Jun 2023 10:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=649186

Еврозоната падна во рецесија, покажуваат новите податоци, пренесува британски Гардијан.

БДП низ еврозоната се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа година, што е пониско од претходната проценка.

Тоа уследи по намалувањето на БДП од 0,1 отсто во четвртиот квартал од минатата година, што значи дека еврозоната се намалува два квартали по ред - стандардна дефиниција за рецесија.

Тоа беше повлечено од Ирска, каде БДП падна за 4,6 отсто во првиот квартал од оваа година.

Економијата на Литванија се намали за 2,1 отсто, додека на Холандија за 0,7 отсто.

Германија, најголемата европска економија, падна за 0,3 отсто и исто така е во рецесија.

Европската економија е погодена од нарушувањето предизвикано од војната во Украина, што го поттикна растот на цените на енергијата и храната.

Инфлацијата во еврозоната во март беше најниска во последните 13 месеци. Тоа предизвика серија зголемувања на каматните стапки додека Европската централна банка се обидуваше да се справи со зголемената инфлација.

Највисок раст на БДП во однос на претходниот квартал забележа Полска (+3,8 отсто), потоа Луксембург (+2,0 отсто) и Португалија (+1,6 отсто).

The post Еврозоната и официјално влезе во рецесија appeared first on Република.

]]>

Еврозоната падна во рецесија, покажуваат новите податоци, пренесува британски Гардијан. БДП низ еврозоната се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа година, што е пониско од претходната проценка. Тоа уследи по намалувањето на БДП од 0,1 отсто во четвртиот квартал од минатата година, што значи дека еврозоната се намалува два квартали по ред - стандардна дефиниција за рецесија. Тоа беше повлечено од Ирска, каде БДП падна за 4,6 отсто во првиот квартал од оваа година. Економијата на Литванија се намали за 2,1 отсто, додека на Холандија за 0,7 отсто. Германија, најголемата европска економија, падна за 0,3 отсто и исто така е во рецесија. Европската економија е погодена од нарушувањето предизвикано од војната во Украина, што го поттикна растот на цените на енергијата и храната. Инфлацијата во еврозоната во март беше најниска во последните 13 месеци. Тоа предизвика серија зголемувања на каматните стапки додека Европската централна банка се обидуваше да се справи со зголемената инфлација. Највисок раст на БДП во однос на претходниот квартал забележа Полска (+3,8 отсто), потоа Луксембург (+2,0 отсто) и Португалија (+1,6 отсто).

The post Еврозоната и официјално влезе во рецесија appeared first on Република.

]]>
Инфлацијата во еврозоната во април изнесува седум отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/inflatsijata-vo-evrozonata-vo-april-iznesuva-sedum-otsto/ Tue, 02 May 2023 10:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=636019

Инфлацијата во еврозоната во еврозоната маргинално пораснала во април на годишно ниво и изнесува 7 отсто, покажуваат во вторникот прoцени на Eurostat.

Во март годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) во 20-члената еврозона изнесуваше 6,9 отсто. На месечно ниво, цените во април во еврозоната пораснале за 0,7 отсто, според табелата на Eurostat.

Од главните фактори на хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, најмногу на годишно ниво поскапеле храната, алкохолните пијалаци, како и тутунот и тутунските производи, за 13,6 отсто.

Следат индустриските стоки, без енергијата чијашто цена пораснала за 6,2 отсто. Поскапеле и услугите, за 5,2 отсто во однос на истиот минатогодишен период, според прелиминарните процени.

Енергијата, исто така, поскапела, и тоа за 2,5 отсто во споредна со април 2022 година. Во март беше поевтина за 0,9 отсто во однос на една година порано, според споредбената табела.

Кога ќе се исклучат цените на свежата храна и на енергијата, стапката на инфлацијата изнесувала 7,3 отсто. Во март изнесуваше 7,5 отсто.

Во април двоцифрена инфлација бележеле само балтичките земји и Словачка. Највисоката ја имала Латвија од 15 отсто, а следи Словачка со 14 проценти, а близу се и Литванија и Естонија со годишна стапка на инфлацијата од 13,3 односно 13,2 отсто.

Најскромно на годишно ниво потрошувачките цени пораснале во Луксембург и Белгија, за 2,7 односно за 3,3 отсто, според првичните процени на европското биро за статистика.

 

The post Инфлацијата во еврозоната во април изнесува седум отсто appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата во еврозоната во еврозоната маргинално пораснала во април на годишно ниво и изнесува 7 отсто, покажуваат во вторникот прoцени на Eurostat. Во март годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) во 20-члената еврозона изнесуваше 6,9 отсто. На месечно ниво, цените во април во еврозоната пораснале за 0,7 отсто, според табелата на Eurostat. Од главните фактори на хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, најмногу на годишно ниво поскапеле храната, алкохолните пијалаци, како и тутунот и тутунските производи, за 13,6 отсто. Следат индустриските стоки, без енергијата чијашто цена пораснала за 6,2 отсто. Поскапеле и услугите, за 5,2 отсто во однос на истиот минатогодишен период, според прелиминарните процени. Енергијата, исто така, поскапела, и тоа за 2,5 отсто во споредна со април 2022 година. Во март беше поевтина за 0,9 отсто во однос на една година порано, според споредбената табела. Кога ќе се исклучат цените на свежата храна и на енергијата, стапката на инфлацијата изнесувала 7,3 отсто. Во март изнесуваше 7,5 отсто. Во април двоцифрена инфлација бележеле само балтичките земји и Словачка. Највисоката ја имала Латвија од 15 отсто, а следи Словачка со 14 проценти, а близу се и Литванија и Естонија со годишна стапка на инфлацијата од 13,3 односно 13,2 отсто. Најскромно на годишно ниво потрошувачките цени пораснале во Луксембург и Белгија, за 2,7 односно за 3,3 отсто, според првичните процени на европското биро за статистика.  

The post Инфлацијата во еврозоната во април изнесува седум отсто appeared first on Република.

]]>
Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 https://republika.mk/vesti/balkan/ne-si-go-zavrshile-domashnoto-bugarija-nema-da-vovede-evro-vo-januari-2024/ Fri, 17 Feb 2023 21:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=610366

Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано.

Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени.

Заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.

The post Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 appeared first on Република.

]]>

Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано. Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени. Заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.

The post Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 appeared first on Република.

]]>
Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatite-ke-treba-da-se-strpat-plenkovik-najavi-vidlivi-rezultati-od-vlezot-vo-shengen-i-evrozonata-kon-krajot-na-godinava/ Tue, 24 Jan 2023 22:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=600652

Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска - 20. членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Од 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 18. земја-членка на Европската Унија која е целосно интегрирана по истовременото пристапување во Еврозоната и Шенген.

Пленковиќ во своето обраќање истакна дека Хрватска е единствената земја во историјата на Европската Унија која во ист ден влегла во Шенген зоната и во Еврозоната. Тој додаде дека Хрватска е меѓу 15-те земји кои се членки на Европската Унија, НАТО алијансата, Шенген зоната и Еврозоната.

Ние сме меѓу петте проценти од населението што ја користи втората најсилна валута, изјави Пленковиќ.

Тој додаде дека целиот процес за воведување на еврото во Хрватска почнал во 2017 година со партнерство на Владата и Хрватската народна банка, која ги спровела неопходните реформски процеси во соработка со централноевропските институции, Европската централна банка и Европската комисија.

Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели, потенцираше Пленковиќ.

Тој изјави дека годинава преку соработка со Европската централна банка ќе се направат напори за намалување на инфлацијата со цел до 2025 година нивото на инфлација во Еврозоната да се врати на два отсто.

Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во Еврозоната станал важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво.

Домбровскис потсети дека европскиот и светскиот мир во моментов се загрозени од војната во Украина, како и финансиската и енергетската стабилност, и додаде дека влезот на Хрватска во Еврозоната се совпаѓа со високата инфлација во Европа и на глобално ниво, со која другите земји не мораа да се соочат при спроведувањето на сопственото членство во Еврозоната.

Цврсто верувам дека еврото ќе донесе придобивки за граѓаните и деловните субјекти за Хрватска и дека, исто како и во Летонија, ќе биде стабилизирачка сила, рече Домбровскис.

Тој оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече инвеститори.

Гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, хрватскиот министер за финансии Марко Приморац и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони учествуваа на конференцијата и тркалезната маса „Еврото како гарант на издржливоста“, а претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се обрати преку видео врска.

The post Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска - 20. членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис. Од 1 јануари 2023 година, Хрватска стана 18. земја-членка на Европската Унија која е целосно интегрирана по истовременото пристапување во Еврозоната и Шенген. Пленковиќ во своето обраќање истакна дека Хрватска е единствената земја во историјата на Европската Унија која во ист ден влегла во Шенген зоната и во Еврозоната. Тој додаде дека Хрватска е меѓу 15-те земји кои се членки на Европската Унија, НАТО алијансата, Шенген зоната и Еврозоната.
Ние сме меѓу петте проценти од населението што ја користи втората најсилна валута, изјави Пленковиќ.
Тој додаде дека целиот процес за воведување на еврото во Хрватска почнал во 2017 година со партнерство на Владата и Хрватската народна банка, која ги спровела неопходните реформски процеси во соработка со централноевропските институции, Европската централна банка и Европската комисија.
Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели, потенцираше Пленковиќ.
Тој изјави дека годинава преку соработка со Европската централна банка ќе се направат напори за намалување на инфлацијата со цел до 2025 година нивото на инфлација во Еврозоната да се врати на два отсто. Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во Еврозоната станал важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво. Домбровскис потсети дека европскиот и светскиот мир во моментов се загрозени од војната во Украина, како и финансиската и енергетската стабилност, и додаде дека влезот на Хрватска во Еврозоната се совпаѓа со високата инфлација во Европа и на глобално ниво, со која другите земји не мораа да се соочат при спроведувањето на сопственото членство во Еврозоната.
Цврсто верувам дека еврото ќе донесе придобивки за граѓаните и деловните субјекти за Хрватска и дека, исто како и во Летонија, ќе биде стабилизирачка сила, рече Домбровскис.
Тој оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече инвеститори. Гувернерот на ХНБ Борис Вујчиќ, хрватскиот министер за финансии Марко Приморац и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони учествуваа на конференцијата и тркалезната маса „Еврото како гарант на издржливоста“, а претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се обрати преку видео врска.

The post Хрватите ќе треба да се стрпат: Пленковиќ најави видливи резултати од влезот во Шенген и Еврозоната кон крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната https://republika.mk/vesti/svet/se-pogolem-rizik-od-recesija-vo-evrozonata/ Mon, 19 Sep 2022 10:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=552198

Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули 2020 година, затоа што расте загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности.

Економистите кои ги анкетираше Блумберг, сега ја проценуваат веројатноста за контракција во два последователни квартали на 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во претходното истражување. Најголемата економија во блокот и онаа меѓу најизложените на намалување на испораките на гас, германската, веројатно ќе падне уште во овој квартал.

Домаќинствата и компаниите во Европа се подготвуваат за можноста на рационализација на енергијата откако Русија ги исклучи испораките гас и веќе се борат со рекордно високата стапка на инфлација и други тесни грла во снабдувањето. Според анкети, активноста се намалува од јули, со неколку добри знаци во блиска иднина.

Се очекува инфлацијата да достигне врв од 9,6 отсто во последните три месеци годинава. Тоа е речиси петпати повеќе од целта на Европската централна банка (ЕЦБ). Испитаниците не гледаат дека се приближува до целта од два отсто до 2024 година.

Иако претставниците на ЕЦБ предвидуваа дека економијата на еврозоната само ќе стагнира, а не и да се намали, кога ги ажурираа ставовите месецов ја зголемија загриженоста околу порастот и изгледите за инфлацијата во регионот. Претседателката Кристин Лагард и нејзините колеги ги оправдаа големите зголемувања на каматните стапки со решеност да го скротат растот на цените, иако економистите сметаат дека им истекува времето за преземање такви дејствија.

Испитаниците сега сметаат дека ЕЦБ порано ќе го паузира циклусот на зголемување на каматните стапки, но до февруари ќе ги подигне каматните стапки на највисоко ниво од два отсто за депозитната стапка. Повеќе од половина очекуваат зголемување од 75 базични поени на следниот состанок на ЕЦБ во октомври.

Главниот економист Филип Лејн минатата недела изјави дека невообичаеното големо зголемување на каматните стапки на ЕЦБ месецов било соодветно, истовремено сигнализирајќи дека идните чекори веројатно ќе бидат помали. По најновата одлука, други претставници на ЕЦБ за Блумберг кажаа дека не исклучуваат понатамошно зголемување од 75 базични поени.

The post Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната appeared first on Република.

]]>

Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули 2020 година, затоа што расте загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности. Економистите кои ги анкетираше Блумберг, сега ја проценуваат веројатноста за контракција во два последователни квартали на 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во претходното истражување. Најголемата економија во блокот и онаа меѓу најизложените на намалување на испораките на гас, германската, веројатно ќе падне уште во овој квартал. Домаќинствата и компаниите во Европа се подготвуваат за можноста на рационализација на енергијата откако Русија ги исклучи испораките гас и веќе се борат со рекордно високата стапка на инфлација и други тесни грла во снабдувањето. Според анкети, активноста се намалува од јули, со неколку добри знаци во блиска иднина. Се очекува инфлацијата да достигне врв од 9,6 отсто во последните три месеци годинава. Тоа е речиси петпати повеќе од целта на Европската централна банка (ЕЦБ). Испитаниците не гледаат дека се приближува до целта од два отсто до 2024 година. Иако претставниците на ЕЦБ предвидуваа дека економијата на еврозоната само ќе стагнира, а не и да се намали, кога ги ажурираа ставовите месецов ја зголемија загриженоста околу порастот и изгледите за инфлацијата во регионот. Претседателката Кристин Лагард и нејзините колеги ги оправдаа големите зголемувања на каматните стапки со решеност да го скротат растот на цените, иако економистите сметаат дека им истекува времето за преземање такви дејствија. Испитаниците сега сметаат дека ЕЦБ порано ќе го паузира циклусот на зголемување на каматните стапки, но до февруари ќе ги подигне каматните стапки на највисоко ниво од два отсто за депозитната стапка. Повеќе од половина очекуваат зголемување од 75 базични поени на следниот состанок на ЕЦБ во октомври. Главниот економист Филип Лејн минатата недела изјави дека невообичаеното големо зголемување на каматните стапки на ЕЦБ месецов било соодветно, истовремено сигнализирајќи дека идните чекори веројатно ќе бидат помали. По најновата одлука, други претставници на ЕЦБ за Блумберг кажаа дека не исклучуваат понатамошно зголемување од 75 базични поени.

The post Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната appeared first on Република.

]]>
Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти https://republika.mk/vesti/svet/godishnata-inflacija-vo-evrozonata-ovoj-mesec-dostigna-rekordni-8-9-procenti/ Fri, 29 Jul 2022 10:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=534620

Инфлацијата во 19-те држави на Еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, поттикната од покачените цени на енергенсите што делумно растат и поради војната во Украина, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска.

Тоа е зголемување на и онака високата инфлаторна стапка која во јуни изнесуваше 8,6 проценти.

Инфлацијата во ЕУ достигнува рекордни нивоа од 1997 година кога почна статистичкото следење на податоците.

Цените на енергенсите на годишно ниво овој месец се зголемиле за 39,7 отсто, додека оние на прехранбените производи за 9,8 проценти.

The post Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата во 19-те држави на Еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, поттикната од покачените цени на енергенсите што делумно растат и поради војната во Украина, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска. Тоа е зголемување на и онака високата инфлаторна стапка која во јуни изнесуваше 8,6 проценти. Инфлацијата во ЕУ достигнува рекордни нивоа од 1997 година кога почна статистичкото следење на податоците. Цените на енергенсите на годишно ниво овој месец се зголемиле за 39,7 отсто, додека оние на прехранбените производи за 9,8 проценти.

The post Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти appeared first on Република.

]]>
Цените ќе бидат прикажани во куни и евра: Хрватска добива конечна потврда за влез во еврозоната https://republika.mk/vesti/balkan/cenite-kje-bidat-prikazani-vo-kuni-i-evra-hrvatska-dobiva-konechna-potvrda-za-vlez-vo-evrozonata/ Tue, 12 Jul 2022 09:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=527436

Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро.

Министерот за финансии, Здравко Мариќ, ваквото случување го нарече историски ден.

Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски - изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин).

Советот денеска ќе донесе три правни акти - одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка. Третиот правен акт е пропис со кој се утврдува дефинитивната стапка на конверзија на куната во евро.

Дефинитивниот курс на конверзија од куни во евра е информација чувствителна на пазарот, па таа ќе остане непозната сè додека одлуката конечно не биде усвоена.

Мариќ вели дека откако ќе се знае конечниот курс, ќе се активираат одредени одредби од хрватскиот закон за еврото, односно тој ќе почне прво со доброволно, а од 5 септември со задолжително двојно прикажување на цените во куни и евра.

Хрватскиот министер за финансии, кој минатата недела поднесе оставка и ова е негова последна средба на Екофин, повтори дека приклучувањето кон еврозоната е добра вест не само за Хрватска, туку и за самата еврозона.

The post Цените ќе бидат прикажани во куни и евра: Хрватска добива конечна потврда за влез во еврозоната appeared first on Република.

]]>

Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро. Министерот за финансии, Здравко Мариќ, ваквото случување го нарече историски ден.
Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски - изјави министерот Мариќ по пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин).
Советот денеска ќе донесе три правни акти - одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка. Третиот правен акт е пропис со кој се утврдува дефинитивната стапка на конверзија на куната во евро. Дефинитивниот курс на конверзија од куни во евра е информација чувствителна на пазарот, па таа ќе остане непозната сè додека одлуката конечно не биде усвоена. Мариќ вели дека откако ќе се знае конечниот курс, ќе се активираат одредени одредби од хрватскиот закон за еврото, односно тој ќе почне прво со доброволно, а од 5 септември со задолжително двојно прикажување на цените во куни и евра. Хрватскиот министер за финансии, кој минатата недела поднесе оставка и ова е негова последна средба на Екофин, повтори дека приклучувањето кон еврозоната е добра вест не само за Хрватска, туку и за самата еврозона.

The post Цените ќе бидат прикажани во куни и евра: Хрватска добива конечна потврда за влез во еврозоната appeared first on Република.

]]>
ЕП даде зелено светло за воведување на еврото во Хрватска https://republika.mk/vesti/svet/ep-dade-zeleno-svetlo-za-voveduvanje-na-evroto-vo-hrvatska/ Tue, 05 Jul 2022 11:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=524189

Европскиот парламент во Стразбур со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната.

Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната.

Пред приемот на членката на ЕУ, Европскиот парламент дава мислење за препораката на Комисијата, а последниот чекор ќе биде усвојување на предлогот на состанокот на Економско-финансискиот совет на ЕУ на 12 јули. Претходно, влезот на Хрватска во еврозоната беше поддржан од Европскиот совет.

Од следната година еврото ќе стане официјална хрватска валута.

Со прифаќањето на еврото, Хрватска се приклучува на Евросистемот, кој се состои од Европската централна банка и централните банки на земјите-членки на еврозоната, а гувернерот на Хрватската народна банка се приклучува на Управниот совет на Европската централна банка.

The post ЕП даде зелено светло за воведување на еврото во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент во Стразбур со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната. Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната. Пред приемот на членката на ЕУ, Европскиот парламент дава мислење за препораката на Комисијата, а последниот чекор ќе биде усвојување на предлогот на состанокот на Економско-финансискиот совет на ЕУ на 12 јули. Претходно, влезот на Хрватска во еврозоната беше поддржан од Европскиот совет. Од следната година еврото ќе стане официјална хрватска валута. Со прифаќањето на еврото, Хрватска се приклучува на Евросистемот, кој се состои од Европската централна банка и централните банки на земјите-членки на еврозоната, а гувернерот на Хрватската народна банка се приклучува на Управниот совет на Европската централна банка.

The post ЕП даде зелено светло за воведување на еврото во Хрватска appeared first on Република.

]]>