Skip to main content

„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонска традиционална храна

Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“ ќе се одржи денеска од 10:00 до 19:00 часот во Сити мол во Скопје.

Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Сити мол, со поддршка од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Оваа уникатна можност, како што велат организаторите, ќе не поврзе со автентичните вкусови на нашите рурални заедници, претставени од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

На штандовите ќе има најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала.

Овој саем е повеќе од изложба – тој е место за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, и вистинска шанса да дознаете повеќе за важноста на локалната храна. За најмладите, организираме и детска работилница со наслов „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно искуство што ќе инспирира грижа за околината, велат од Национална федерација на фармери. 

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom