дојава за бомби Archives - Република https://republika.mk/tema/dojava-za-bombi/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 08:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дојава за бомби Archives - Република https://republika.mk/tema/dojava-za-bombi/ 32 32 Дојави за бомби во училишта и градинки во Црна Гора https://republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-i-gradinki-vo-tsrna-gora/ Thu, 07 Nov 2024 08:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=834975

Утрово неколку образовни институции во Црна Гора повторно добиле дојави за бомби, јавува порталот РТЦГ.

Во тек е евакуација на децата од неколку градинки, основни и средни училишта.

Повикувајќи се на информациите добиени од местото на настанот, медимот наведува дека учениците и вработените веќе го напуштиле училиштето „Сергиј Станиќ“ за средно и високо стручно образование.

Од Полициската управа за порталот изјавиле дека во тек е увид и дека наставата ќе продолжи кога ќе се прегледаат објектите и ќе се утврди нивната безбедност.

The post Дојави за бомби во училишта и градинки во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Утрово неколку образовни институции во Црна Гора повторно добиле дојави за бомби, јавува порталот РТЦГ. Во тек е евакуација на децата од неколку градинки, основни и средни училишта. Повикувајќи се на информациите добиени од местото на настанот, медимот наведува дека учениците и вработените веќе го напуштиле училиштето „Сергиј Станиќ“ за средно и високо стручно образование. Од Полициската управа за порталот изјавиле дека во тек е увид и дека наставата ќе продолжи кога ќе се прегледаат објектите и ќе се утврди нивната безбедност.

The post Дојави за бомби во училишта и градинки во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/lazhni-povitsi-za-bombi-vo-sud-i-televizija-vo-atina/ Mon, 11 Mar 2024 10:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=753581

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина.

И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.

Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина. И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани. Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>
Утрински дојави за бомби во 18 училишта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/utrinski-dojavi-za-bombi-vo-18-uchilishta/ Thu, 02 Mar 2023 07:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=614909

Дојави за бомби утринава повторно биле испратени на електронските адреси на училишта.

Од МВР информираат дека до 08.20 часот e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаит, велат од МВР.

Вчера дојава за поставена експлозивна направа добиле 120 училишта во Скопје, а по извршените проверки полицијата утврди дека се работи за лажни пријави.

The post Утрински дојави за бомби во 18 училишта appeared first on Република.

]]>

Дојави за бомби утринава повторно биле испратени на електронските адреси на училишта. Од МВР информираат дека до 08.20 часот e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаит, велат од МВР.
Вчера дојава за поставена експлозивна направа добиле 120 училишта во Скопје, а по извршените проверки полицијата утврди дека се работи за лажни пријави.

The post Утрински дојави за бомби во 18 училишта appeared first on Република.

]]>
Лажни се денешните пријави за бомби во 120 скопски училишта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-deneshnite-prijavi-za-bombi-vo-120-skopski-uchilishta/ Wed, 01 Mar 2023 21:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=614865

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се денешните пријави за бомби во 120 скопски училишта appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се денешните пријави за бомби во 120 скопски училишта appeared first on Република.

]]>
Јалова е истрагата на Спасовски: Полицаец влезе во училницата и ни рече „Ајде, одиме, бомба!“ https://republika.mk/vesti/makedonija/jalova-e-istragata-na-spasovski-politsaets-vleze-vo-uchilnitsata-i-ni-reche-ajde-odime-bomba/ Wed, 01 Mar 2023 09:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=614465

Големите врз малите, сите девет одделенија низ една врата, раскажува една мајка која денеска се затекнала во училиштето на своето дете во Центар кога пристигнала дојавата за поставена бомба.

Беше време за појадок, децата се редеа кога влета друга наставничка и повика „Облечете јакни ќе одиме да си поиграме“. Децата почнаа да викаат „бомба, бомба“..., раскажува мајката, која не успеала да им помогне на наставничките да воспостават ред.

Само што ги отворивме учебниците по македонски јазик, во училницата влезе полицаец и рече „Ајде одиме, бомба!“. Наставничката ни покажа со прстот пст, да не викаме, зашто ние кога излегуваме си викаме „Аааа, бомбааа, така ни е интересно.“, раскажува ученичка од трето одделение.

На некои деца им е интересно, бидејќи не се свесни за опасноста што ги демне, некои се исплашени, па преку фантазијата се обидуваат да се заштитат, други се во паничен грч... децата различно го доживуваат овој стрес на кој тие и наставниците се изложени цели пет месеци.

https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-situacija-na-neizvesnost-kaj-decata-i-plachot-i-fantazijata-se-odbranbeni-mehanizmi/

Однеси ги на училиште - земи ги, однеси ги - земи ги и така од октомври децата се шетаат по улиците наместо да стакнуваат знаења во училниците. Влегуваме во шестиот месец како нашите деца секојдневно се изложени на психичка тортура со дојави за поставени бомби. Бомби нема, а нема ни настава. Нема на повидок ниту разрешница на ситуацијата.

Протоколите немоќни - децата знаат што се случува

Во декември во училиштата се одржа и показна вежба за евакуација.

Дојавата пристигнува на службените имејл-адреси на училиштата, до кои пристап имаат директорите. Веднаш штом ќе го прочитаат мејлот, започнува евакуацијата по протокол.

Наставниците имаат задача да ги информираат учениците дека треба да излезат надвор поради некоја причина, која е резултат на имагинацијата и инвентивноста на наставникот. На децата не им се кажува дека се евакуираат поради поставена бомба. Треба да се фатат за рака, да не се избираат, туку онака како што се затекнале во моментот, смирено во колона да го напуштат уличиштето. Ги земаат само јакните и ранците. Потоа чуварот прави проверка за да се увери дека сите излегле од објектот. Родителите се известуваат преку вибер дека треба да дојдат да си ги земат помалите деца, а поголемите си одат сами.

Повеќе од јасно е дека наставниците и вработените во училиштата даваат се од себе за да ги однесат децата на безбедно. Сепак, признаваат дека е невозможно да се запазат протоколите бидејќи и помалите деца веќе знаат што се случува. Полиција постојано се вртка околу училиштата и во училишните дворови, па дури и полицајци ги информираат наставниците дека треба да излезат по децата.

Кога го прашав син ми зошто трчате на излегување и викате кога имавте вежба како треба да се однесувате, ми рече тоа беше вежба, а сега е бомба, вели мајка на втораче од скопско училиште.

Од 27 октомври кога во 8 скопски училишта пристигнаа првите дојави за бомби до денес страв, немир и паника се шири во речиси 40 наврати, на безмалку 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки во земјава.

Државата е неспособна да  ги исполни своите обврски кон граѓаните – да им гарантира безбедност и да им обезбеди образование на децата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/

Додека децата и наставниците се трауматизираат, додека родителите ги истураат фрустрациите по социјалните мрежи, што прават најодговорните?

Даваат изјави.

Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 27 октомври 2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје пристигнаа лажни закани за поставени бомби.

Од првата изјава на Оливер Спасовски дадена на 27 октомври до денес се изнаслушавме се и сешто, но не видовме резултат. Спасовски прво знаеше, па потоа не знаеше од каде пристигнуваат заканите.

Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем, рече Спасовски за „Слободен печат ТВ“ на 9 ноември.

Еден месец подоцна, веќе размислуваше во друг правец, па на училиштата им понуди обезбедување.

Треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба, изјави министерот за внатрешни работи на 2 декември.

По зимскиот распуст кога продолжија дојавите, Спасовски констатира дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби.

Премиерот смируваше дека безбедноста на нашите деца е во рацете на врвни експерти додека и тој не се помири со констатицијата епа тоа е, не е само кај нас.

Формиравме тело кое што го сочинуваат најголемите експерти од сите овие институции што ги набројав. Со телото ќе координира Бирото за јавна безбедност, односно Министерството за надворешни работи во делот на обезбедување на сајбер безбедност и заштита од хибридни закани и дополнително дијагностика на системот во делот на неговата отпорност кој што ќе биде направен на врвно професионално ниво“, рече Ковачвски во интервју во декември.

Никаква утеха не е смирувачкиот тон со кој премиерот и министерот за внатрешни работи ни кажуваат дека дојави за поставени бомби пристигнуваат и во регионот. Премногу страдаме од сопствената неспособна влада за да остане грам емпатија во нас да им  го береме гајлето и на соседите. Нека извинат, ама бомбата што нас нè убива кај нас е поставена на „Илинденска“ бб.

The post Јалова е истрагата на Спасовски: Полицаец влезе во училницата и ни рече „Ајде, одиме, бомба!“ appeared first on Република.

]]>

Големите врз малите, сите девет одделенија низ една врата, раскажува една мајка која денеска се затекнала во училиштето на своето дете во Центар кога пристигнала дојавата за поставена бомба.
Беше време за појадок, децата се редеа кога влета друга наставничка и повика „Облечете јакни ќе одиме да си поиграме“. Децата почнаа да викаат „бомба, бомба“..., раскажува мајката, која не успеала да им помогне на наставничките да воспостават ред. Само што ги отворивме учебниците по македонски јазик, во училницата влезе полицаец и рече „Ајде одиме, бомба!“. Наставничката ни покажа со прстот пст, да не викаме, зашто ние кога излегуваме си викаме „Аааа, бомбааа, така ни е интересно.“, раскажува ученичка од трето одделение.
На некои деца им е интересно, бидејќи не се свесни за опасноста што ги демне, некои се исплашени, па преку фантазијата се обидуваат да се заштитат, други се во паничен грч... децата различно го доживуваат овој стрес на кој тие и наставниците се изложени цели пет месеци. https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-situacija-na-neizvesnost-kaj-decata-i-plachot-i-fantazijata-se-odbranbeni-mehanizmi/ Однеси ги на училиште - земи ги, однеси ги - земи ги и така од октомври децата се шетаат по улиците наместо да стакнуваат знаења во училниците. Влегуваме во шестиот месец како нашите деца секојдневно се изложени на психичка тортура со дојави за поставени бомби. Бомби нема, а нема ни настава. Нема на повидок ниту разрешница на ситуацијата.

Протоколите немоќни - децата знаат што се случува

Во декември во училиштата се одржа и показна вежба за евакуација. Дојавата пристигнува на службените имејл-адреси на училиштата, до кои пристап имаат директорите. Веднаш штом ќе го прочитаат мејлот, започнува евакуацијата по протокол. Наставниците имаат задача да ги информираат учениците дека треба да излезат надвор поради некоја причина, која е резултат на имагинацијата и инвентивноста на наставникот. На децата не им се кажува дека се евакуираат поради поставена бомба. Треба да се фатат за рака, да не се избираат, туку онака како што се затекнале во моментот, смирено во колона да го напуштат уличиштето. Ги земаат само јакните и ранците. Потоа чуварот прави проверка за да се увери дека сите излегле од објектот. Родителите се известуваат преку вибер дека треба да дојдат да си ги земат помалите деца, а поголемите си одат сами. Повеќе од јасно е дека наставниците и вработените во училиштата даваат се од себе за да ги однесат децата на безбедно. Сепак, признаваат дека е невозможно да се запазат протоколите бидејќи и помалите деца веќе знаат што се случува. Полиција постојано се вртка околу училиштата и во училишните дворови, па дури и полицајци ги информираат наставниците дека треба да излезат по децата.
Кога го прашав син ми зошто трчате на излегување и викате кога имавте вежба како треба да се однесувате, ми рече тоа беше вежба, а сега е бомба, вели мајка на втораче од скопско училиште.
Од 27 октомври кога во 8 скопски училишта пристигнаа првите дојави за бомби до денес страв, немир и паника се шири во речиси 40 наврати, на безмалку 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки во земјава. Државата е неспособна да  ги исполни своите обврски кон граѓаните – да им гарантира безбедност и да им обезбеди образование на децата. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/ Додека децата и наставниците се трауматизираат, додека родителите ги истураат фрустрациите по социјалните мрежи, што прават најодговорните? Даваат изјави.
Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 27 октомври 2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје пристигнаа лажни закани за поставени бомби.
Од првата изјава на Оливер Спасовски дадена на 27 октомври до денес се изнаслушавме се и сешто, но не видовме резултат. Спасовски прво знаеше, па потоа не знаеше од каде пристигнуваат заканите.
Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем, рече Спасовски за „Слободен печат ТВ“ на 9 ноември.
Еден месец подоцна, веќе размислуваше во друг правец, па на училиштата им понуди обезбедување.
Треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба, изјави министерот за внатрешни работи на 2 декември.
По зимскиот распуст кога продолжија дојавите, Спасовски констатира дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби. Премиерот смируваше дека безбедноста на нашите деца е во рацете на врвни експерти додека и тој не се помири со констатицијата епа тоа е, не е само кај нас.
Формиравме тело кое што го сочинуваат најголемите експерти од сите овие институции што ги набројав. Со телото ќе координира Бирото за јавна безбедност, односно Министерството за надворешни работи во делот на обезбедување на сајбер безбедност и заштита од хибридни закани и дополнително дијагностика на системот во делот на неговата отпорност кој што ќе биде направен на врвно професионално ниво“, рече Ковачвски во интервју во декември.
Никаква утеха не е смирувачкиот тон со кој премиерот и министерот за внатрешни работи ни кажуваат дека дојави за поставени бомби пристигнуваат и во регионот. Премногу страдаме од сопствената неспособна влада за да остане грам емпатија во нас да им  го береме гајлето и на соседите. Нека извинат, ама бомбата што нас нè убива кај нас е поставена на „Илинденска“ бб.

The post Јалова е истрагата на Спасовски: Полицаец влезе во училницата и ни рече „Ајде, одиме, бомба!“ appeared first on Република.

]]>
Евакуирани учениците од скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ https://republika.mk/vesti/skopje/evakuirani-uchenitsite-od-skopskite-gimnazii-georgi-dimitrov-i-nikola-karev/ Wed, 28 Dec 2022 14:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=591075

Во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ нешто пред 15 часот стигнале закани за наводни поставени бомби. Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитерористичка проверка.

И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови. Вчера имаше дојави во 19 училишта.

The post Евакуирани учениците од скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ appeared first on Република.

Османи: Државата е стабилна, а заканата доаѓа од надвор, не е игра на тинејџери https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-drzavata-e-stabilna-a-zakanata-doagja-od-nadvor-ne-e-igra-na-tinejdzeri/ Sat, 17 Dec 2022 16:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=586939

Државата е стабилна, нема ризик од дестабилизација, смирува министерот Османи по серијата лажни дојави за поставени бомби и апелот на германското МНР до нивните државјани да бидат внимателни ако патуваат во Македонија.

За проблемот со дојавите е информирана НАТО Алијансата, а процесот го води МВР од каде побарале помош од партнерските земји кои се соочуваат со истиот проблем. Османи оценува – заканата доаѓа од надвор, и како што рече – не е игра на тинејџери.

Прашан за укинувањето на пресудата за екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, Османи на брифингот со новинарите истакна дека Апелацискиот суд ќе мора да им образложи на граѓаните зошто донел ваква одлука, посебно што случаите како „Таргет- Тврдина“ се мониторираат од Европската унија и може да се рефлектираат на наредниот извештај за напредокот на земјата.

Министерот очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе биде новиот амбасадор во Франција, по случајот со државјанството на бизнисменот Онишченко.

The post Османи: Државата е стабилна, а заканата доаѓа од надвор, не е игра на тинејџери appeared first on Република.

]]>

Државата е стабилна, нема ризик од дестабилизација, смирува министерот Османи по серијата лажни дојави за поставени бомби и апелот на германското МНР до нивните државјани да бидат внимателни ако патуваат во Македонија.
За проблемот со дојавите е информирана НАТО Алијансата, а процесот го води МВР од каде побарале помош од партнерските земји кои се соочуваат со истиот проблем. Османи оценува – заканата доаѓа од надвор, и како што рече – не е игра на тинејџери. Прашан за укинувањето на пресудата за екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, Османи на брифингот со новинарите истакна дека Апелацискиот суд ќе мора да им образложи на граѓаните зошто донел ваква одлука, посебно што случаите како „Таргет- Тврдина“ се мониторираат од Европската унија и може да се рефлектираат на наредниот извештај за напредокот на земјата. Министерот очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе биде новиот амбасадор во Франција, по случајот со државјанството на бизнисменот Онишченко.

The post Османи: Државата е стабилна, а заканата доаѓа од надвор, не е игра на тинејџери appeared first on Република.

]]>
НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб https://republika.mk/vesti/makedonija/nato-informiran-za-dojavite-za-bombi-vo-mvr-formiran-poseben-shtab-2/ Sat, 17 Dec 2022 16:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=586925

Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност.

Во текот на вчерашниот ден цел на дојави за бомби беа десет скопски и пет битолски училишта, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Националната арена „Тоше Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели.

Од објектот на хотелот „Александар палас“ беше откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека за да се работи на случајот со дојавите за бомби формиран е посебен штаб во МВР.

Очекувам да се свика и Советот за координација на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата, потенцираше Спасовски.

Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.

Според премиерот Димитар Ковачевски, интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во државава, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информира дека се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава. И Османи е на ставот дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.

The post НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб appeared first on Република.

]]>

Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност. Во текот на вчерашниот ден цел на дојави за бомби беа десет скопски и пет битолски училишта, Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Националната арена „Тоше Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели. Од објектот на хотелот „Александар палас“ беше откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера истакна дека за да се работи на случајот со дојавите за бомби формиран е посебен штаб во МВР.
Очекувам да се свика и Советот за координација на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата, потенцираше Спасовски.
Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот. Според премиерот Димитар Ковачевски, интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во државава, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информира дека се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава. И Османи е на ставот дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.

The post НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб appeared first on Република.

]]>
Родителите лути на Спасовски: Немате индиции за нарушена безбедност?! А имате индиции за трауматизирани деца и вознемирени и преплашени граѓани?!! https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-luti-na-spasovski-nemate-indicii-za-narushena-bezbednost-a-imate-indicii-za-traumatizirani-deca-i-voznemireni-i-preplasheni-gragjani/ Thu, 15 Dec 2022 13:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=585953

Во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба - смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ваквата изјава на Спасовски, по повторната дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово предизвика револт кај родителите и наставниците. Велат граѓаните не се чувствуваат безбедно. Тоа е доволно Спасовски да се замисли пред да дава вакви, непромислени изјави.

Како не е нарушена безбедноста? Треба да пукне во некое училиште па тогаш да биде нарушена? Денеска бев повикана да си го земам детето од училиште поради дојава на бомба. Првооделенче. Прво јас самата не знам како возев до таму, избезумена целата. Не знам од то повеќе се плашев - стравот овојпат дека можеби не се работи за лажна бомба, или пак бев загрижена за стресот кој го поминуваат децата. Кога стигнав беа стуткани во еден агол карши училиштето, придружувани од двете наставнички. Наставничките, чија паника, колку и да се трудеа, се забележуваше, се обидуваа да им направат приказна дека се работи за вежба на полицајците и дека тие сега гледаат и учат како изгледа една полициска акција. Неко деца веројатно веруваа во приказната. Но имаше и такви кои исплашено гледаа, особено кога сфатија дека сите родители доаѓаат да ги земат. Немало индиции за нарушена безбедност?! А има ли Спасовски индиции за трауматизирани деца и испаничени родители? - раскажува мајка чие дете оди во прво одделение во скопско училиште во кое имаше дојава за бомба.

Вели родителите во вибер група се организирале за земање на децата. Оние ко не можеле да пристигнат брзо биле услужени од родители кои веќе биле пристигнати. Имало родители кои земале по две-три деца за да не останат надвор на ладното и да ја гледаат драмата која се одвива. Дел од децата, особено оние кои имаат постари братчиња и сестрички во училиштето, дознале дека се работи за дојава за бомба, што било дополнителна причина за паника меѓу учениците.

Како што веќе објави „Република“ децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците.

Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.

Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.

Паниката кај децата била очигледна.

Кога го земав сим ми од училиште беше смирен иако се забележуваше страв кај него. Кога дојдовме дома беше раздразлив и нервозен. За се бурно реагираше. Се обидпв да разговарам со него. Тогаш само кажа ми се плаче мамо, многу ми се плаче. И почна да липа. Секогаш сме го советувале дека со плачење не се решаваат проблемите, поради што се обидел да биде смирен. Ова е преголем стрес за децата. Се работи за деца од 6 години нагоре. Ова со бомбите го слушаме со месеци. И некој најде да ни каже дека не е загрозена безбедноста. Загрозена е безбедноста! Како може некој да ми каже дека не е зарозена безбедностната состојба која јас како луда возев до училиштето да го зеам детето. Денеска истото го доживеаа уште стотици родители во Скопје. Слушам и во Куманово. Не, нема да го пуштам детето во училиште додека надлежните институции не ја разрешат оваа агонија која трае. Уште МОН барал да се надополнат часовите. За што? Заради нечија неспособност? Не, јас нема да дозволам моето дете да оди на ниту еден дополнителен час - коментира мајка од чие дете учи во ОУ „Браќа Миладиновци“.

За последните дојави во основните училишта реагираше и инфлуенсерката и водителка Миа Костова. Таа коментира дека децата се трауматизирани од сѐ што им се случува изминатиот период.

Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mia-kostova-kje-priznaete-ne-sme-ziveele-vo-polosho-vreme-so-kompletno-sakato-rakovodstvo/

И наставниците се револтирани од ова што се случува. Велат пораката која пристигнала на меил пораките во училиштата била со морбидна содржина.

Во моментов кога ни рекоа да ги изнесеме децата надвор, смирено излеговме. Ги тргнавме подалеку од училиштето и ги известивме родителите да дојдат да си ги земат. Откако си отиде и последното детенце паниката и стравот ме совладаа. Тогаш како да станав свесна што може да се деси, не дај боже. Имам одговорност за сите деца - вели вознемирено наставничка од основно училиште.

Директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска посочи дела мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.

Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-gi-ubieme-site-voznemiruvachka-poraka-vo-elektronskata-poshta-do-kumanovskite-uchilishta/

The post Родителите лути на Спасовски: Немате индиции за нарушена безбедност?! А имате индиции за трауматизирани деца и вознемирени и преплашени граѓани?!! appeared first on Република.

]]>

Во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба - смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ваквата изјава на Спасовски, по повторната дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово предизвика револт кај родителите и наставниците. Велат граѓаните не се чувствуваат безбедно. Тоа е доволно Спасовски да се замисли пред да дава вакви, непромислени изјави.
Како не е нарушена безбедноста? Треба да пукне во некое училиште па тогаш да биде нарушена? Денеска бев повикана да си го земам детето од училиште поради дојава на бомба. Првооделенче. Прво јас самата не знам како возев до таму, избезумена целата. Не знам од то повеќе се плашев - стравот овојпат дека можеби не се работи за лажна бомба, или пак бев загрижена за стресот кој го поминуваат децата. Кога стигнав беа стуткани во еден агол карши училиштето, придружувани од двете наставнички. Наставничките, чија паника, колку и да се трудеа, се забележуваше, се обидуваа да им направат приказна дека се работи за вежба на полицајците и дека тие сега гледаат и учат како изгледа една полициска акција. Неко деца веројатно веруваа во приказната. Но имаше и такви кои исплашено гледаа, особено кога сфатија дека сите родители доаѓаат да ги земат. Немало индиции за нарушена безбедност?! А има ли Спасовски индиции за трауматизирани деца и испаничени родители? - раскажува мајка чие дете оди во прво одделение во скопско училиште во кое имаше дојава за бомба.
Вели родителите во вибер група се организирале за земање на децата. Оние ко не можеле да пристигнат брзо биле услужени од родители кои веќе биле пристигнати. Имало родители кои земале по две-три деца за да не останат надвор на ладното и да ја гледаат драмата која се одвива. Дел од децата, особено оние кои имаат постари братчиња и сестрички во училиштето, дознале дека се работи за дојава за бомба, што било дополнителна причина за паника меѓу учениците. Како што веќе објави „Република“ децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците. Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.
Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.
Паниката кај децата била очигледна.
Кога го земав сим ми од училиште беше смирен иако се забележуваше страв кај него. Кога дојдовме дома беше раздразлив и нервозен. За се бурно реагираше. Се обидпв да разговарам со него. Тогаш само кажа ми се плаче мамо, многу ми се плаче. И почна да липа. Секогаш сме го советувале дека со плачење не се решаваат проблемите, поради што се обидел да биде смирен. Ова е преголем стрес за децата. Се работи за деца од 6 години нагоре. Ова со бомбите го слушаме со месеци. И некој најде да ни каже дека не е загрозена безбедноста. Загрозена е безбедноста! Како може некој да ми каже дека не е зарозена безбедностната состојба која јас како луда возев до училиштето да го зеам детето. Денеска истото го доживеаа уште стотици родители во Скопје. Слушам и во Куманово. Не, нема да го пуштам детето во училиште додека надлежните институции не ја разрешат оваа агонија која трае. Уште МОН барал да се надополнат часовите. За што? Заради нечија неспособност? Не, јас нема да дозволам моето дете да оди на ниту еден дополнителен час - коментира мајка од чие дете учи во ОУ „Браќа Миладиновци“.
За последните дојави во основните училишта реагираше и инфлуенсерката и водителка Миа Костова. Таа коментира дека децата се трауматизирани од сѐ што им се случува изминатиот период.
Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mia-kostova-kje-priznaete-ne-sme-ziveele-vo-polosho-vreme-so-kompletno-sakato-rakovodstvo/ И наставниците се револтирани од ова што се случува. Велат пораката која пристигнала на меил пораките во училиштата била со морбидна содржина.
Во моментов кога ни рекоа да ги изнесеме децата надвор, смирено излеговме. Ги тргнавме подалеку од училиштето и ги известивме родителите да дојдат да си ги земат. Откако си отиде и последното детенце паниката и стравот ме совладаа. Тогаш како да станав свесна што може да се деси, не дај боже. Имам одговорност за сите деца - вели вознемирено наставничка од основно училиште.
Директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска посочи дела мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.
Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-gi-ubieme-site-voznemiruvachka-poraka-vo-elektronskata-poshta-do-kumanovskite-uchilishta/

The post Родителите лути на Спасовски: Немате индиции за нарушена безбедност?! А имате индиции за трауматизирани деца и вознемирени и преплашени граѓани?!! appeared first on Република.

]]>
Испаничени дечињата од „Браќа Миладиновци“ откако со аларми се ваделе преку прозорци по дојавата за бомба https://republika.mk/vesti/skopje/ispanicheni-dechinjata-od-brakja-miladinovci-otkako-so-alarmi-se-vadele-preku-prozorci-po-dojavata-za-bomba/ Thu, 15 Dec 2022 08:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=585812

Децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром денеска биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците.

Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.

Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.

Пораки да ги земат децата добиле и родителите од ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.

Според насоките со децата сме надвор спроти училиштето. Доколку сте во можност да си ги земете децата, ќе бидеме надвор подолго, пишува во пораките.

Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале и во основните училишта „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. И таму учениците се евакуираат, а полицијата прави антитерористички проверки.

Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“.

Заканите за бомби со недели пристигнуваа само на адересите на средните училишта, а минатата недела вакви пораки добија и автобуси, трговски центри, министерства, институции, станбени згради...

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-pred-eden-mesec-ubeduvashe-istragata-samo-shto-ne-pokazala-koj-stoi-zad-dojavite-za-bombi/

Вчера закани почнаа и во основните училишта, каде децата и постресно реагираат.

Премиерот Димитар Ковачевски на последната пресконференција уверуваше дека „безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин“, но додаде и дека „речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, кој пред точно еден месец тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, неодамна предложи и „да се размисли овие објекти да имаат обезбедување“, што за јавноста покрена сомнежи дека децата и граѓаните секојдневно се под стрес за некој да профитира.

The post Испаничени дечињата од „Браќа Миладиновци“ откако со аларми се ваделе преку прозорци по дојавата за бомба appeared first on Република.

]]>

Децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром денеска биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците. Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.
Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.
Пораки да ги земат децата добиле и родителите од ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.
Според насоките со децата сме надвор спроти училиштето. Доколку сте во можност да си ги земете децата, ќе бидеме надвор подолго, пишува во пораките.
Дојави за наводно поставени бомби утрово пристигнале и во основните училишта „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. И таму учениците се евакуираат, а полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“. Заканите за бомби со недели пристигнуваа само на адересите на средните училишта, а минатата недела вакви пораки добија и автобуси, трговски центри, министерства, институции, станбени згради... https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-pred-eden-mesec-ubeduvashe-istragata-samo-shto-ne-pokazala-koj-stoi-zad-dojavite-za-bombi/ Вчера закани почнаа и во основните училишта, каде децата и постресно реагираат. Премиерот Димитар Ковачевски на последната пресконференција уверуваше дека „безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин“, но додаде и дека „речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, кој пред точно еден месец тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, неодамна предложи и „да се размисли овие објекти да имаат обезбедување“, што за јавноста покрена сомнежи дека децата и граѓаните секојдневно се под стрес за некој да профитира.

The post Испаничени дечињата од „Браќа Миладиновци“ откако со аларми се ваделе преку прозорци по дојавата за бомба appeared first on Република.

]]>
Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-bombi-vo-uchilishta-vo-skopje-zavrshija-site-potrebni-proverki/ Wed, 14 Dec 2022 11:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=585525

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>
Лажни се пријавите за поставени бомби во Скопје и во Кавадарци, вели МВР https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lazni-se-prijavite-za-postaveni-bombi-vo-skopje-i-vo-kavadarci-veli-mvr/ Mon, 12 Dec 2022 14:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=584832

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, појаснуваат од МВР.

Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.

До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. цр/дма/

The post Лажни се пријавите за поставени бомби во Скопје и во Кавадарци, вели МВР appeared first on Република.

]]>

Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, појаснуваат од МВР.
Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци. До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа. Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. цр/дма/  

The post Лажни се пријавите за поставени бомби во Скопје и во Кавадарци, вели МВР appeared first on Република.

]]>
Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни, директорката не го видела мejлот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneshnite-dojavi-za-bombi-vo-skopje-se-vcherashni-direktorkata-ne-go-videla-mejlot/ Fri, 02 Dec 2022 14:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=580951

Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила. Бидејќи во оваа општина има три училишта со име „Кочо Рацин“, мораше да извршиме проверка кај сите нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој потврди и дека денеска има дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Крива Паланка каде што од страна на тимови за антитероризам се вршат проверки.

The post Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни, директорката не го видела мejлот appeared first on Република.

]]>

Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила. Бидејќи во оваа општина има три училишта со име „Кочо Рацин“, мораше да извршиме проверка кај сите нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потврди и дека денеска има дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Крива Паланка каде што од страна на тимови за антитероризам се вршат проверки.  

The post Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни, директорката не го видела мejлот appeared first on Република.

]]>
Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици https://republika.mk/vesti/makedonija/zakanite-za-bombi-pristigaat-na-adresi-na-profesorite-del-od-isprakjachite-se-uchenici/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=574822

Заканите за поставени бомби во средните училишта пристигнуваат на адреса на професори, тврдат извори на Република. Според нив дел од професорите добиваат пораки на нивна меил адреса дека има поставено експлозивна направа во зградата.

-Првата дојава кога беше, ние како професори не знаевме за што станува збор. Влегоа униформирани лица и ни рекоа дека има полициска вежба, да ја напуштиме зградата. Излеговме надвор и стоејќи пред врата запрашав еден од полицајците колку време ќе трае целата вежба, да знам дали имам време да седнам од спротива кафе да испијам. Тогаш полицаецот ми рече - ма каква вежба, дојава за бомба има, тргнете се настрана. Веќе за следната дојава се направи поголема паника меѓу професорите. Колешка, професорка, побара да се види со директорот на училиштето да разговара. Добила на меил порака за поставена бомба во зградата на училиштето. Директорот не сакал да посочи дали тоа се случува и кај други професори, или таа е единствената, по што колешката отиде во полициска станица. Оттаму ѝ кажале дека главно заканите стигаат на адреси на професори, но дека изборот очигледно е сосема случаен, дека не е намерно испратена таа закана кај неа - ни раскажа професорка од скопска гимназија која сакаше да остане анонимна.

Околу приведувањето на Никола Николовски како осомничено лице за дојавите за бомби, таа вели дека било траги-комично кога добиле порака од претпоставените дали имаат ученик со такво име и презиме, а воедно бил посочен и телефонскиот број кој бил оставен во пораката за наводно поставената бомба.

Добивме вибер порака дали имаме ученик со име и презиме Никола Николовски и притоа да го има телефонскиот број кој беше посочен во истата порака. Тоа е бројот кој бил оставен во самата порака, заедно со името и презимето. Таква комбинација на име и презиме не е ретка, но се испостави дека учениците со тоа име и презиме го немаат тој мобилен телефон. Многу набрзо слушнавме на телевизија дека е приведено лицето Никола Николовски. Имаше и порака од меил кој ги имаше податоците на еден ученик, но по направената проверка беше констатирано дека не се работи за тоа лице. Но, за него немаше фама, како што се направи за Никола Николовски - додава професорката.

Таа вели дека и меѓу професорите и меѓу учениците се создава паника.

Дел од учениците во тие денови кога имаше чести дојави за поставени бомби не доаѓаа во училиште. Некои родители не дозволуваа децата да одат на училиште, а некои пак, секако, ја користеа ситуацијата, под изговор дека им е страв за нивниот живот, не се појавуваа. Но има и професори кои се во паника. Дел имаат отворено боледувавања и не доаѓаат на работа. Реално, ова со заканите направи хаос со часовите - коментира професорката.

Помина речиси еден месец од првата дојава за поставени бомби во средни училишта во Скопје, а освен бламирањето со приведувањето на Никола Николовски, сѐ чини нема ништо конкретно. Нови дојави се случуваат секој втор ден. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека знаат од кои земји доаѓаат мејловите и дека „детално ги утврдуваат фактите“.

Има неколку карактеристики, сите се лажни, но по секоја мора да се постапува според протоколот. Сега постои и посебна европска конвенција за сајбер криминал за проценка на нивото на закана и тоа заедно го работиме. Содржините на мејловите се различни. Со терористи преговори нема, а кога има лажна најава, нема да што да разговараме и ги преземавме сите неопходни мерки. Заканата се појавува среда, четврток и петок и во една смена на училишта. Тоа се дел од работите кои се анализаираат. истагата е многу комплексна, не зошто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зошто ги утврдуваме ИП адресите. Се праќаат од надвор Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам, вели Спасовски.

The post Заканите за бомби пристигаат на адреси на професорите, дел од „испраќачите“ се ученици appeared first on Република.

Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-tri-nedeli-mvr-ne-moze-da-otkrie-koj-stoi-zad-laznite-bombi/ Thu, 17 Nov 2022 08:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=574730

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели дека Министерството за внатрешни работи не може три седмици да открие кој стој позади лажните дојави за бомби во училиштата и создава страв кај граѓаните бидејќи наместо да се занимава со тоа, се занимава со криминал и корупција.

На ист начин како што се случува во Mинистерството за одбрана се случува и во Mинистерството за внатрешни работи. Вие не можете да очекувате три недели некој лажно да пријавува и да прави хаос во училиштата, да создава немир и страв кај учениците и родителите, да го прекинува образовниот процес, а да не откриете што се случува и кој стои позади тоа. Но, тоа е така бидејќи во МВР наместо да се занимаваат со овие работи, се занима со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога, изјави Ковачки и додаде дека и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.

Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.

Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.

Тоа што се случува ваков хаос во државата во однос на безбедноста и да не можат да откријат три седмици, тогаш треба веднаш да си поднесат оставка и веднаш длабока реформа на тој сектор, заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби appeared first on Република.

]]>

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели дека Министерството за внатрешни работи не може три седмици да открие кој стој позади лажните дојави за бомби во училиштата и создава страв кај граѓаните бидејќи наместо да се занимава со тоа, се занимава со криминал и корупција. На ист начин како што се случува во Mинистерството за одбрана се случува и во Mинистерството за внатрешни работи. Вие не можете да очекувате три недели некој лажно да пријавува и да прави хаос во училиштата, да создава немир и страв кај учениците и родителите, да го прекинува образовниот процес, а да не откриете што се случува и кој стои позади тоа. Но, тоа е така бидејќи во МВР наместо да се занимаваат со овие работи, се занима со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога, изјави Ковачки и додаде дека и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.
Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.
Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор. Тоа што се случува ваков хаос во државата во однос на безбедноста и да не можат да откријат три седмици, тогаш треба веднаш да си поднесат оставка и веднаш длабока реформа на тој сектор, заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Три недели МВР не може да открие кој стои зад лажните бомби appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан https://republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-priveduvanjeto-na-nikola-e-zagrizuvachki-signal-deka-ako-si-mlad-i-educiran-te-demne-opasnost-da-bidesh-zamolchan/ Thu, 03 Nov 2022 09:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=569082

Синоќешното приведување на активистот на Конзерватив.мк Никола Николовски за градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.

Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува во реакцијата на Муцунски.

Градоначалникот, кој е правник по професија, реагира на апсењето на Николвски и на брзоплетоста на МВР, особено што, како што вели очигледно се работи за местенка.

Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.

Муцунски се надева дека колку и да е бавна правдата во Македонија, сепак ќе излезе на виделина.

Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина, напиша Муцунски на Фејсбук и пораба извинување од МВР.

После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани, напиша Муцунски на Фејсбук.

The post Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан appeared first on Република.

]]>

Синоќешното приведување на активистот на Конзерватив.мк Никола Николовски за градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.
Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува во реакцијата на Муцунски.
Градоначалникот, кој е правник по професија, реагира на апсењето на Николвски и на брзоплетоста на МВР, особено што, како што вели очигледно се работи за местенка.
Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.
Муцунски се надева дека колку и да е бавна правдата во Македонија, сепак ќе излезе на виделина.
Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина, напиша Муцунски на Фејсбук и пораба извинување од МВР. После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани, напиша Муцунски на Фејсбук.

The post Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан appeared first on Република.

]]>
Конзерватив.мк: Наш активист неправедно е уапсен за бомбашките закани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/konzervativ-mk-nash-aktivist-nepravedno-e-uapsen-za-bombashkite-zakani/ Wed, 02 Nov 2022 20:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=568945

Од идеолошкиот и аналитички центар Конзеватив.мк (Conservative.mk) пишуваат дека осомничениот во врска со анонимните закани за поставени бомби во скопски средни училишта е Никола Николовски, нивни активист, кој на веб-страницата е наведен и како уредник. Според нив, Николовски нема никаква врска со овој случај.

„Како во најцрните денови од комунизмот, со над 10 службеници е приведен повеќе од четири часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје“, се вели во објавата.

„Никола е пред сѐ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент“, велат од Conservative.mk.

„Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“, велат од центарот.

МВР попладнето соопшти дека е уапсен осомничен во врска со заканите за бомби, со иницијали Н.Н.

The post Конзерватив.мк: Наш активист неправедно е уапсен за бомбашките закани appeared first on Република.

Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-dojavite-za-bombi-ne-doagjaat-od-deca-i-osameni-masturbatori-tuku-od-odredeni-centri-na-mokj-vlasta-ili-stranski-tajni-sluzbi/ Fri, 28 Oct 2022 08:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=566672

Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.

А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција.
Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички... Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил.
Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца.
Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена.
Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план.
Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут.
Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр.
Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава.
Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање.
Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него.
Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто, порача Тасевски.

The post Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби appeared first on Република.

]]>

Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.
А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција. Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички... Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил. Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца. Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена. Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план. Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут. Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр. Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава. Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање. Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него. Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто, порача Тасевски.

The post Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби appeared first on Република.

]]>
Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/evakuacija-vo-9-skopski-uchilishta-otkako-i-deneska-stignaa-zakani-za-bombi/ Thu, 27 Oct 2022 12:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=566416

Девет училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби.

Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според првичните информации, мејлот, овојпат со различна адреса од вчерашниот, стигнал до гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин", „Орце Николов", „Никола Карев", „Јосип Броз Тито",  АСУЦ „Боро Петрушевски" и во уште 4 други училишта.

Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.

Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа вчера од МВР за МИА.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.

Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Cеверна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас.

Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Cеверна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на МТВ.

The post Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби appeared first on Република.

]]>

Девет училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби. Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Според првичните информации, мејлот, овојпат со различна адреса од вчерашниот, стигнал до гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин", „Орце Николов", „Никола Карев", „Јосип Броз Тито",  АСУЦ „Боро Петрушевски" и во уште 4 други училишта.
Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.
Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираа вчера од МВР за МИА.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.
Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Cеверна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас.
Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Cеверна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на МТВ.

The post Евакуација во 9 скопски училишта откако и денеска стигнаа закани за бомби appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во РТС, РТВ и Танјуг https://republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-rts-rtv-i-tanjug/ Sat, 02 Jul 2022 15:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=522685

Радио-телевизијата на Република Србија, Радио-телевизијата на Војводина и Танјуг добиле информации за наводно поставени експлозивни направи во работните простории.

Контра-субверзивните прегледи во РТС, РТВ и Танјуг се во тек, објави српската државна телевизија.

Дојава за бомба на адресата на РТС стигна и на 24 јуни. Со контрадиверзантско испитување било утврдено дека пријавата е лажна.

The post Дојави за бомби во РТС, РТВ и Танјуг appeared first on Република.

]]>

Радио-телевизијата на Република Србија, Радио-телевизијата на Војводина и Танјуг добиле информации за наводно поставени експлозивни направи во работните простории. Контра-субверзивните прегледи во РТС, РТВ и Танјуг се во тек, објави српската државна телевизија. Дојава за бомба на адресата на РТС стигна и на 24 јуни. Со контрадиверзантско испитување било утврдено дека пријавата е лажна.

The post Дојави за бомби во РТС, РТВ и Танјуг appeared first on Република.

]]>