Skip to main content

Делчево украсено за Нова година

Општина Делчево вечерва организираше предновогодишен хепенинг во пресрет на Новогодишните празници. По тој повод, во рамки на настанот во Градскиот парк беше поставена новогодишна елка, која како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски ќе го воведе градот во уште една новогодишна еуфорија. 

-Почитувани сограѓани денес го означуваме почетокот на најмагичниот период во годината, време кога сите заедно се подготвуваме да ја славиме радоста и заедништвото. Новогодишната елка е повеќе од обичен украс. Таа е симбол на надежта, светлината и новите почетоци. Оваа година ќе ни донесе нови предизвици, но исто така ќе не научи, дека кога сме со позиитвна енергија, можеме да постигнеме многу повеќе, рече Трајковски.

Тој ја искористи приликата да се заблагодари на општествено одговорната компанија од Делчево, со чија помош Новогодишната елка е осветлена со oколу 7000 светилки.

-Со овој свечен момент да ги дочекаме празниците со насмевка и желба за подобра иднина. Нека радоста кај дечињата се прелее кај возрасните и во овие радосни моменти да размислуваме позитивно и заедно да го градиме нашето Делчево. Изразувам благодарност до сите кои работеа на нејзиното украсување и помогнаа да биде украсена, а тоа е фирмата Брегал, односно сопствениците Игор и Драган, кои вложија максимални напори за ова денес да биде реалност, додаде Трајковски.

На настанот му претходеа изведба на новогодишни песни со настап на локални изведувачи, а предновогодишниот хепенинг продолжи со заедничко фотографирање со новогодишната елка на најмалите, кои со своите родители го исполнија градскиот парк во Делчево