чиле Archives - Република https://republika.mk/tema/chile/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 07:37:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чиле Archives - Република https://republika.mk/tema/chile/ 32 32 Земјотрес од 4,5 по Рихтер го погоди Чиле https://republika.mk/vesti/svet/zemjotres-od-4-5-po-rihter-go-pogodi-chile/ Thu, 20 Jun 2024 07:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=789205

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле.

Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри јужно од градот Ла Серена, кој има 154.000 жители. Засега нема информации за штети или жртви. зш/

 

The post Земјотрес од 4,5 по Рихтер го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле. Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри јужно од градот Ла Серена, кој има 154.000 жители. Засега нема информации за штети или жртви. зш/  

The post Земјотрес од 4,5 по Рихтер го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле https://republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-5-stepeni-go-pogodi-chile/ Sat, 01 Jun 2024 12:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=783862

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 118 километри, додава ЕМСЦ.

Епицентарот бил на 190 километри од градот Икике, кој има 227.000 жители.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

 

The post Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 118 километри, додава ЕМСЦ. Епицентарот бил на 190 километри од градот Икике, кој има 227.000 жители. Засега нема информации за материјална штета или жртви.  

The post Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>
Суд во Чиле повторно ja отвора истрагата за смртта на поетот Пабло Неруда https://republika.mk/vesti/svet/sud-vo-chile-povtorno-ja-otvora-istragata-za-smrtta-na-poetot-pablo-neruda/ Tue, 20 Feb 2024 21:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=746303

Чилеански суд повторно ја отвори истрагата за смртта на поетот и нобеловец, Пабло Неруда, за кој некои веруваат дека бил отруен од поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, јави чилеанското радио.

Официјално, Неруда почина од срцев удар во клиника во Сантијаго во 1973 година, но веднаш по неговата смрт имаше сомнежи дека поетот е убиен. Експертска студија објавена во февруари минатата година потврди дека Неруда бил отруен.

Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20-от век, а неговите дела се преведени на многу јазици. Својот псевдоним, што подоцна му станува негово легално и официјално име, го презел од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда.

The post Суд во Чиле повторно ja отвора истрагата за смртта на поетот Пабло Неруда appeared first on Република.

]]>

Чилеански суд повторно ја отвори истрагата за смртта на поетот и нобеловец, Пабло Неруда, за кој некои веруваат дека бил отруен од поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, јави чилеанското радио. Официјално, Неруда почина од срцев удар во клиника во Сантијаго во 1973 година, но веднаш по неговата смрт имаше сомнежи дека поетот е убиен. Експертска студија објавена во февруари минатата година потврди дека Неруда бил отруен. Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20-от век, а неговите дела се преведени на многу јазици. Својот псевдоним, што подоцна му станува негово легално и официјално име, го презел од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда.

The post Суд во Чиле повторно ja отвора истрагата за смртта на поетот Пабло Неруда appeared first on Република.

]]>
Пожарите во Чиле излегуваат од контрола https://republika.mk/vesti/svet/pozharite-vo-chile-izleguvaat-od-kontrola/ Sun, 04 Feb 2024 18:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=740244

Бројот на жртвите од шумските пожари во Чиле се зголеми на 51, а како исчезнати се водат над 370 лица. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен. Во делови од земјата е прогласена вонредна состојба и полициски час.

Чилеанските власти оценуваат дека ова е најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година кога загинаа 500 лица. Според полицијата, има индиции дека дел од пожарите се подметнати.

 

;

Претседателот на Чиле Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во најтешко погодените провинции Марга Марга и Валпараисо.

Ситуацијата е навистина многу тешка. Бројот на жртвите ќе расте, а материјалната штета ќе биде голема, рече Бориќ во обраќањето до нацијата.

Постои опасност огнената стихија да зафати и некои од поголемите градови, а војската е распоредена во најзагрозените подрачја.

Бројни противпожарни екипи се обидуваат да ги локализираат пожарите кои ги загрозуваат и урбаните средини, а во повеќе општини е воведен полициски час за полесен транспорт и логистичка поддршка.

Црн и густ чад се издига над многу делови од регионот Валпараисо во централно Чиле, каде живеат речиси милион луѓе, а пожарникарите користат хеликоптери за гаснење на пожарот. Градоначалникот на овој град соопшти дека повеќе од 370 жители се водат како исчезнати, а оштетени се повеќе од 1.100 домови.

Помеѓу петокот и саботата, површината зафатена со шумски пожари се зголеми за 30.000 до 43.000 хектари, а во моментов гори на 92 локации.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатото лето земајта беше зафатена од рекорден топлотен бран во кој настрадаа 27 луѓе, а беа уништени повеќе од 400.000 хектари земјиште

The post Пожарите во Чиле излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите од шумските пожари во Чиле се зголеми на 51, а како исчезнати се водат над 370 лица. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен. Во делови од земјата е прогласена вонредна состојба и полициски час. Чилеанските власти оценуваат дека ова е најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година кога загинаа 500 лица. Според полицијата, има индиции дека дел од пожарите се подметнати.   ; Претседателот на Чиле Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во најтешко погодените провинции Марга Марга и Валпараисо.
Ситуацијата е навистина многу тешка. Бројот на жртвите ќе расте, а материјалната штета ќе биде голема, рече Бориќ во обраќањето до нацијата.
Постои опасност огнената стихија да зафати и некои од поголемите градови, а војската е распоредена во најзагрозените подрачја. Бројни противпожарни екипи се обидуваат да ги локализираат пожарите кои ги загрозуваат и урбаните средини, а во повеќе општини е воведен полициски час за полесен транспорт и логистичка поддршка. Црн и густ чад се издига над многу делови од регионот Валпараисо во централно Чиле, каде живеат речиси милион луѓе, а пожарникарите користат хеликоптери за гаснење на пожарот. Градоначалникот на овој град соопшти дека повеќе од 370 жители се водат како исчезнати, а оштетени се повеќе од 1.100 домови. Помеѓу петокот и саботата, површината зафатена со шумски пожари се зголеми за 30.000 до 43.000 хектари, а во моментов гори на 92 локации. Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатото лето земајта беше зафатена од рекорден топлотен бран во кој настрадаа 27 луѓе, а беа уништени повеќе од 400.000 хектари земјиште

The post Пожарите во Чиле излегуваат од контрола appeared first on Република.

]]>
Гори и небото и земјата: Апокалиптични сцени, шумски пожари беснеат во Чиле, над 50 лица загинаа https://republika.mk/vesti/svet/gori-i-neboto-i-zemjata-apokaliptichni-stseni-shumski-pozhari-besneat-vo-chile-nad-50-litsa-zaginaa/ Sun, 04 Feb 2024 09:23:39 +0000 https://republika.mk/?p=740140

Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА.

Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области.

Црн чад се издига од многу места во централниот регион на Валпараисо, со население од еден милион. Пожарникарите го гаснат пожарот со помош на хеликоптери и камиони.

Областите околу крајбрежниот туристички град Виња дел Мар беа меѓу најтешко погодените, а спасувачките тимови се борат да стигнат до сите погодени области, соопштија властите.

Министерката за внатрешни работи Каролина Моралес предупреди дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми.

-Ситуацијата е најсериозна во Валпараисо, рече Моралес, која рече дека земјата се соочува со најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе.

Министерката рече дека властите се загрижени што некои од активните пожари беснеат во непосредна близина на урбаните области, „со многу висок потенцијал да ги погодат луѓето, становите и инфраструктурата“.

Ситуацијата, според претседателот Габриел Борич, е навистина многу сериозна.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатогодишниот рекорден топлотен бран однесе 27 животи, а подрачјата погодени од пожарите беа повеќе од 400 илјади хектари.

The post Гори и небото и земјата: Апокалиптични сцени, шумски пожари беснеат во Чиле, над 50 лица загинаа appeared first on Република.

]]>

Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА. Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области. Црн чад се издига од многу места во централниот регион на Валпараисо, со население од еден милион. Пожарникарите го гаснат пожарот со помош на хеликоптери и камиони. Областите околу крајбрежниот туристички град Виња дел Мар беа меѓу најтешко погодените, а спасувачките тимови се борат да стигнат до сите погодени области, соопштија властите. Министерката за внатрешни работи Каролина Моралес предупреди дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми. -Ситуацијата е најсериозна во Валпараисо, рече Моралес, која рече дека земјата се соочува со најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе. Министерката рече дека властите се загрижени што некои од активните пожари беснеат во непосредна близина на урбаните области, „со многу висок потенцијал да ги погодат луѓето, становите и инфраструктурата“. Ситуацијата, според претседателот Габриел Борич, е навистина многу сериозна. Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатогодишниот рекорден топлотен бран однесе 27 животи, а подрачјата погодени од пожарите беа повеќе од 400 илјади хектари.

The post Гори и небото и земјата: Апокалиптични сцени, шумски пожари беснеат во Чиле, над 50 лица загинаа appeared first on Република.

]]>
Земјотрес од 6,6 степени го погоди Чиле https://republika.mk/vesti/svet/zemjotres-od-6-6-stepeni-go-pogodi-chile/ Tue, 31 Oct 2023 14:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=696721

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле.

Епицентарот бил во морето на околу 80 километри од Ваљенар. Жителите велат дека земјотресот бил многу силен.

Во моментов се проценува дали постои опасност од цунами.

The post Земјотрес од 6,6 степени го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле. Епицентарот бил во морето на околу 80 километри од Ваљенар. Жителите велат дека земјотресот бил многу силен. Во моментов се проценува дали постои опасност од цунами.

The post Земјотрес од 6,6 степени го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>
Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри https://republika.mk/vesti/svet/vo-chile-se-otvori-ogromna-dupka-vo-zemjata-shiroka-e-25-metri/ Tue, 02 Aug 2022 10:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=536050

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата.

Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан.

Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.

The post Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри appeared first on Република.

]]>

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата. Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Lundin Mining, пишува Гардијан. Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.

The post Во Чиле се отвори огромна дупка во земјата, широка е 25 метри appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес го погоди Чиле https://republika.mk/vesti/silen-zemjotres-go-pogodi-chile/ Wed, 27 Jul 2022 20:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=534018

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Антофагаста во северниот дел на Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 200 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации дали има повредени или материјална штета.

The post Силен земјотрес го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Антофагаста во северниот дел на Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 200 километри, пренесува Ројтерс. Засега нема информации дали има повредени или материјална штета.

The post Силен земјотрес го погоди Чиле appeared first on Република.

]]>
Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша https://republika.mk/vesti/svet/trinaeset-sushni-godini-chile-prinuden-na-restrikcii-na-vodata-poradi-nevidena-susha/ Mon, 18 Apr 2022 11:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=489897

Главниот град на Чиле, Сантијаго, објави план за рационализација на употребата на водата бидејќи земјата влегува во 13-та година на суша.

Градот со речиси шест милиони жители е во „невидена ситуација“, објасни на прес-конференцијата Клаудио Орего, гувернерот на градскиот регион Сантијаго.

Градот не може да живее без вода и ние сме во невидена ситуација во 491-годишната историја на Сантијаго каде што треба да се подготвиме дека нема да има доволно вода за сите што живеат овде - порача Орего.

Планот за рационализација на водата содржи систем за предупредување со четири слоја кој се движи од зелено до црвено и почнува со најави, продолжува со ограничување на притисокот на водата и завршува со ротирачко исклучување на водата до 24 часа. Овој систем ќе влијае на околу 1,7 милиони луѓе.

Системот за предупредување се заснова на капацитетот на реките Мајпо и Мапочо, кои го снабдуваат главниот град со најголем дел од неговата вода. Нивото на водата и двете реки континуирано паѓа.

Според владините проценки, количината на расположлива вода во земјата е намалена за 10 отсто на 37 отсто во последните три децении. Постои загриженост дека може да падне за дополнителни 50 отсто во северните и централните делови на земјата до 2060 година.

Зачестеноста на исклучувањата ќе се одредува според дефицитот на вода во реките, измерен во литри во секунда. Може да се организира на секои 12, шест или четири дена и во секој случај, различно подрачје ќе се соочува со загуба на вода секој ден.

Иако интензивните суши, кои може да траат неколку години, не се невообичаени во Чиле, во изминатата деценија врнежите во центарот на земјата беа и до 45 проценти под просекот. Во главниот град врнежите се околу 10 до 20 отсто од нормалата. Сегашната суша е најлошата во модерната историја, а научниците припишуваат околу 25 отсто од нејзината сериозност на климатските промени.

The post Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша appeared first on Република.

]]>

Главниот град на Чиле, Сантијаго, објави план за рационализација на употребата на водата бидејќи земјата влегува во 13-та година на суша. Градот со речиси шест милиони жители е во „невидена ситуација“, објасни на прес-конференцијата Клаудио Орего, гувернерот на градскиот регион Сантијаго.
Градот не може да живее без вода и ние сме во невидена ситуација во 491-годишната историја на Сантијаго каде што треба да се подготвиме дека нема да има доволно вода за сите што живеат овде - порача Орего.
Планот за рационализација на водата содржи систем за предупредување со четири слоја кој се движи од зелено до црвено и почнува со најави, продолжува со ограничување на притисокот на водата и завршува со ротирачко исклучување на водата до 24 часа. Овој систем ќе влијае на околу 1,7 милиони луѓе. Системот за предупредување се заснова на капацитетот на реките Мајпо и Мапочо, кои го снабдуваат главниот град со најголем дел од неговата вода. Нивото на водата и двете реки континуирано паѓа. Според владините проценки, количината на расположлива вода во земјата е намалена за 10 отсто на 37 отсто во последните три децении. Постои загриженост дека може да падне за дополнителни 50 отсто во северните и централните делови на земјата до 2060 година. Зачестеноста на исклучувањата ќе се одредува според дефицитот на вода во реките, измерен во литри во секунда. Може да се организира на секои 12, шест или четири дена и во секој случај, различно подрачје ќе се соочува со загуба на вода секој ден. Иако интензивните суши, кои може да траат неколку години, не се невообичаени во Чиле, во изминатата деценија врнежите во центарот на земјата беа и до 45 проценти под просекот. Во главниот град врнежите се околу 10 до 20 отсто од нормалата. Сегашната суша е најлошата во модерната историја, а научниците припишуваат околу 25 отсто од нејзината сериозност на климатските промени.

The post Тринаесет сушни години: Чиле принуден на рестрикции на водата поради невидена суша appeared first on Република.

]]>
Огромен пожар во сиромашен кварт во чилеанскиот град Икике, изгореле најмалку 100 куќи https://republika.mk/vesti/svet/ogromen-pozar-vo-siromashen-kvart-vo-chileanskiot-grad-ikike-izgorele-najmalku-100-kukji/ Tue, 11 Jan 2022 18:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=443332

Во пожар во сиромашен кварт во северниот чилеански град Икике уништени се најмалку 100 куќи, а околу 400 лица се остави без покрив над главата.

Пожарникарите имале големи проблеми во снабдувањето со вода на своите камиони при гаснењето на пожарот, пишува Телеграф.

Пожарот бил изгаснат доцна синоќа.

Националното биро за вонредни состојби соопшти дека пожарникарите првично имале проблеми бидејќи водоснабдувањето во областа било прекинато, но подоцна се поврзале со камиони кои носеле вода.

Пожарникарите имале тешкотии во гаснењето и поради тесните улички кои на повеќе места ги спречувале да стигнат со нивните противпожарни возила, па пожарот тргнале да го изгаснат пешки.

Засега не се знае причината која го предизвикала пожарот.

Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени во пожарот. сд/

The post Огромен пожар во сиромашен кварт во чилеанскиот град Икике, изгореле најмалку 100 куќи appeared first on Република.

]]>

Во пожар во сиромашен кварт во северниот чилеански град Икике уништени се најмалку 100 куќи, а околу 400 лица се остави без покрив над главата.
Пожарникарите имале големи проблеми во снабдувањето со вода на своите камиони при гаснењето на пожарот, пишува Телеграф. Пожарот бил изгаснат доцна синоќа.
Националното биро за вонредни состојби соопшти дека пожарникарите првично имале проблеми бидејќи водоснабдувањето во областа било прекинато, но подоцна се поврзале со камиони кои носеле вода. Пожарникарите имале тешкотии во гаснењето и поради тесните улички кои на повеќе места ги спречувале да стигнат со нивните противпожарни возила, па пожарот тргнале да го изгаснат пешки. Засега не се знае причината која го предизвикала пожарот. Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени во пожарот. сд/

The post Огромен пожар во сиромашен кварт во чилеанскиот град Икике, изгореле најмалку 100 куќи appeared first on Република.

]]>
Чиле почнува вакцинирање со четврта доза https://republika.mk/vesti/svet/chile-pochnuva-vakciniranje-so-chetvrta-doza/ Tue, 11 Jan 2022 07:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=442909

Чиле, која е една од водечките земји во светот според степенот на вакцинација против Ковид-19, почна кампања за давање четврта доза на луѓе со нарушен имунитет.

Земјата го прави тоа прва во регионот, а причината за почнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон.

Вакцината, оваа четврта доза или втора бустер доза, ќе биде достапна за секого. Почнувајќи од денеска, ќе почнеме со луѓе со нарушен имунитет и ќе продолжиме со најбрзо темпо - изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинера за време на посетата на болница во главниот град Сантијаго.

Кампањата почнува со лица над 12 години со ослабен имунитет, кои примиле бустер доза пред септември. Од февруари процесот ќе се прошири на сите лица над 55 години.

Чиле регистрира повеќе од 4.000 нови инфекции дневно, што е двојно зголемување во однос на минатата недела и е во согласност со глобалниот тренд на зголемување на инфекциите.

The post Чиле почнува вакцинирање со четврта доза appeared first on Република.

]]>

Чиле, која е една од водечките земји во светот според степенот на вакцинација против Ковид-19, почна кампања за давање четврта доза на луѓе со нарушен имунитет. Земјата го прави тоа прва во регионот, а причината за почнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон.
Вакцината, оваа четврта доза или втора бустер доза, ќе биде достапна за секого. Почнувајќи од денеска, ќе почнеме со луѓе со нарушен имунитет и ќе продолжиме со најбрзо темпо - изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинера за време на посетата на болница во главниот град Сантијаго.
Кампањата почнува со лица над 12 години со ослабен имунитет, кои примиле бустер доза пред септември. Од февруари процесот ќе се прошири на сите лица над 55 години. Чиле регистрира повеќе од 4.000 нови инфекции дневно, што е двојно зголемување во однос на минатата недела и е во согласност со глобалниот тренд на зголемување на инфекциите.

The post Чиле почнува вакцинирање со четврта доза appeared first on Република.

]]>