Skip to main content

Бундес лигата заработи четири милијарди евра

Германската фудбалска лига ДФЛ заработи 4,484 милијарди евра со продажба на правата за пренос на Бундеслигата и другите национални дивизии од сезоната 2025/26 до 2028/29 година.

Зголемувањето од 84 милиони евра, односно за два отсто од претходната продажба на правата, договорена на тендерот во четвртокот, е спротивно на трендот во другите големи европски лиги.

Емитувањата од шпанската, италијанската и француската лига заработија многу помалку пари отколку во претходните години, така што овие бројки од Бундеслигата јасно покажуваат колку навистина е успешна во однос на продажбата на ТВ правата.

Дури и англиската Премиер лига лани заработи помалку од претходно.

-Ова е добар ден за германскиот фудбал, изјави портпаролот на ДФЛ – Ханс-Јоаким Вацке.

Осумдневниот тендер требаше да се одржи во април, но тој беше одложен со жалба на стриминг порталот „ДАЗН“.

Германската арбитража делумно ја уважи жалбата и му нареди на ДФЛ да го организира тендерот под променети околности

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortistanbul escort