бугарски фашистички окупатор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-fashistichki-okupator/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 21:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски фашистички окупатор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-fashistichki-okupator/ 32 32 Џамбаски: Изјавата на Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“ https://republika.mk/vesti/balkan/dhambaski-izjavata-na-pendarovski-e-skandalozna-i-antibugarska/ Sun, 12 Mar 2023 21:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=618896

Изјавата на претседателот Стево Пендаровски за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е „скандалозна и антибугарска“ и побара итна реакција од бугарското МНР.

Нашето Министерство за надворешни работи мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти, пишува Џамбаски.

Според него, „лагите на Пендаровски“ се тешка навреда за бугарскиот народ и оти имаат за цел понижување и негирање на историската улога и заслуга на бугарскиот цар, црквата, политичарие и народот кои единствени во Европа ги спасиле од депортација и смрт.

Дрскоста на ксенофобната, антибугарска, антиевропска власт во Скопје оди до тоа да се обиде да ја негира оваа неспорна историска заслуга на нашата нација, која, ќе повторам, единствена во Европа, од која сега разни политички бескичметници се обидуваат да нè научат на ум и разум, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/

The post Џамбаски: Изјавата на Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“ appeared first on Република.

]]>

Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците https://republika.mk/vesti/makedonija/vekje-ne-e-sluchajnost-vlasta-po-vtor-pat-cenzuira-stihovi-od-pesni-a-himnata-se-pochesto-se-pee-bez-delot-so-goce-delchev-i-ilindencite/ Wed, 12 Oct 2022 11:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=560082

Она што можеше да се насети од  потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари...

Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите.

Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник.

Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово.

Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката.

Последниот стих во оргиналот гласи:

Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!

Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“.

Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево.

Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.

Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“.

Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.

The post Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците appeared first on Република.

]]>

Она што можеше да се насети од  потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари... Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите. Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник. Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово. Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката. Последниот стих во оргиналот гласи:
Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!
Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“. Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево. Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“. Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“. Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.  

The post Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците appeared first on Република.

]]>
Спасовски го осудува отворањето на клубот „Цар Борис Трети“: По идеологија сум антифашист https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-go-osuduva-otvoranjeto-na-klubot-car-boris-treti-po-ideologija-sum-antifashist/ Fri, 07 Oct 2022 17:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=558532

Денешниот протест во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид заврши без посебни нарушувања на јавниот ред и мир, а наспроти шпекулациите, немало никакви обиди за судир со полицијата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Јас го разбирам протестот кој го изразуваат граѓаните како најсилно право да го искажат тоа што го размислуваат. Лично јас, осудувам отворање на таков клуб во Република Македонија, посебно во Охрид. Зошто, заради тоа што ние сме држава која е родена на придобивките на НОБ. Тие придобивки ги чуваме, ги негуваме, поради тоа што на тој начин ја чуваме државата. Во идеолошка смисла јас сум следбеник на тие политики и мислам дека е апсолутно неприфатливо да биде промовиран начинот на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот, порача Спасовски во денешното интервју за Макфакс.

Запрашан какво влијание врз безбедносната состојба ќе имаат актуелните случувања и константното провоцирање од бугарска страна со за нас контроверзни имиња од бугарската историја, министерот рече дека во смисла на безбедноста не може да има сериозни нарушувања, бидејќи тоа се маргинални групи, кои заради некакви лични интереси, финансиски интереси, успеваат да ги ангажираат и да бидат дел од некакви процеси овде.

-Најголемото мнозинство од македонските граѓани не ги поддржуваат тие придобивки, туку придобивките кои се база, темел на македонската држава. Затоа е и мојот став таков, личен став, но и став на градот од кој доаѓам. Куманово е град кој жестоко се спротивставил на фашизмот и тоа го направиле плејада на македонски граѓани кои заеднички се бореле против фашизмот, рече Спасовски.

Тој додава дека е многу нелогично тоа што од една страна барањата на Бугарија се дека не треба да се нарекуваат фашисти, наспроти историските факти дека во одреден период на историјата биле на страна на фашизмот, што од друга страна, воопшто не кореспондира со овие настани кои сакаат да ги промовираат во Македонија.

„Едно со друго не оди! Едноставно, мора да се определиме кон иднината, мора да имаме визија за иднината на државата, на граѓаните. Ретроградните процеси нема да придонесат за ништо добро за било кој што живее во Република Македонија“, рече министерот Спасовски.

The post Спасовски го осудува отворањето на клубот „Цар Борис Трети“: По идеологија сум антифашист appeared first on Република.

Гоце Делчев во сенката на „Цар Борис Трети“ https://republika.mk/vesti/makedonija/goce-delchev-vo-senkata-na-car-boris-treti/ Mon, 03 Oct 2022 06:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=556629

Во политиката немало случајности, ниту пак ќе има. Исто како што не е случајно отворањето на охридското здружение „Цар Борис Трети“ на т.н. македонски Бугари токму на 7 октомври, само четири дена пред чествувањето на 11 Октомври, Денот на востанито на македонскиот народ против бугарската, германската и италијанската наци-фашистичка окупација на Вардарска Македонија, анализира Пресинг ТВ.

Ваквиот потег на т.н. македонски Бугари и на филантропот Милан Врабевски, зад кои несомнено стои официјалната бугарска политика кон Република Македонија, има повеќе значења. Тоа е истиот Врабевски, кој стои и зад клубот „Иван Ванчо Михајлов“ во Битола, зад бесплатното школување на децата на неговите членови во Бугарија, зад реставрацијата на воените гробишта во струмичко Ново Село, зад „бесплатното“ вакцинирање со „фајзер“ за македонските граѓани во неговите болници во Бугарија..., стои во текстот на Пресинг ТВ објавен во пресрет на 7 октомври.

На прво место ја исфрла на површина немоќта на македонските власти да се справат со настанатата ситуација. И тука може дури и да се полемизира дали станува збор за немоќ или за свесно и намерно отворено кокетирање со македонскиот неоврховизам и бугарскиот неофашизам! Зашто, ако власта на СДСМ и ДУИ навистина сакаше решение за отворањето бугарски клубови со неприфатливи имиња, до сега ќе го најдеше, а бегајќи од тоа остава широк простор за сомнеж за постоење „непринципиелна албанско-бугарска коалиција“, што би рекол Васил Циле Тупурковски, на сметка на Македонците. Дотолку повеќе, што молчењето значи одобрување, а „оставањето на историјата на историчарите“ само гола фраза и ништо повеќе од тоа.

Да биде парадоксот поголем, правдањето со, исто така фразата „нова провокација“ веќе не држи вода. Може еднаш да биде провокација, двапати намера, а третпат веќе е тенденција и зацртана бугарска национал-шовинистичка политика.

Второто значење на 7 октомври и отворањето на здружението „Цар Борис Трети“ е во тоа што токму на тој ден 1946 година од Софија за Скопје тргна траорната поворка со која започна префрлањето на моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев, согласно неговиот завет дека сака да почива во столицата на слободна Македонија. Ден пртходно, пак, бил потпишан македонско-бугарскиот протокол за самиот чин.

https://www.youtube.com/watch?v=TNVIVEx6qvM&t=1s

Еве краток дел од извештајот на „Нова Македонија“ за настанот:

„...Вчера во Софија стана свечено предавање на моштите на Гоце Делчев од Илинденската организација на делегацијата на НРМ. Моштите на Гоце Делчев досега се чуваа во просториите на Илинднската организација во Софиј, со завет да бидат предадени на првата народна влада на Македонија. Сега, кога идалот на Гоце е остварен, кога македонскиот народ е слободен и има своја вистинска народна влада, Илинденската организација во Народна Рпублика Бугарија реши да ги предаде моштите на голмиот револуционер, син на македонскиот народ, за да се чуваат  во слободната столица на Македонија-Скопје.

Во специјален саркофаг моштите на великиот син на нашиот народ беа изложени на сенародно поклонение во салата на Македонскиот дом во Софија. Пред саркофагот, покрај кој стоеја четири борци на Југословенската армија и младинци Македонци-емигранти, вчера се поклонија и положија венец делегатите од Македонското братство во Бугарија како и над 5.000 македонски емигранти кои живат во Софија. Меѓу многубројните организации и лица, венци положија и Илинденската организација, Македонскиот национален комитет, делегацијата од Пиринска Македонија, од Бугарската народна армија, од ЦК БРП, од Бугарскиот земјоделски национален сојуз, роднините на Гоце Делчев, смејството на Христо Смирненски и многу други...

...Потоа со траурна почит саркофагот беше пренесен во Народниот театар каде се изврши свечното предавање на моштите...Во 17 часот почна свечената академија...Од името на Комитетот за предавање на моштите, академијата ј отвори Михаил Сматракалев, претседател на Градскиот комитет на Македонското братство во Софија. По избирањето на почесно претседателство, за животот и делото на Гоце Делчев зборуваше академик Тодор Павлов (родум од Штип, претседател на БАН н.з.) често прекинуван со долги аплаузи.

По него Стефан Аврамов, претседател на Илинденската емиграција и на Комитетот за предавање на земните останки, изнесувајќи накратко како Илинденската организација ги запазила моштите на Гоце Делчев, давајќи завет дека ќе ги предаде на првата македонска народна влада, предложи да се состави протокол за нивното предавање на делегацијата ополномоштена од владата на НРМ. Предлогот беше примен и потпишан од делегацијата на НРМ и претставниците на Комитетот. Од нашата делегација потпишаа Кирил Петрушев, Лазар Танев и Д. Бојановски. Потпишувањето на протоколот присутните го следеа со стоење, и потоа го поздравија со аплауз и извици. Предавајќи го саркофагот, Стефан Аврамов ја истакна радоста на Илинденската организација дека земните останки на незаборавниот учител и борец ќе бидат поставени во македонскиот Пантеон на вечно чување од младите орли на Република Македонија. Примајќи го саркофагот, одговори водачот на делегацијата на НРМ, Киро Петрушев...“.

Само за потсетување, кога почна со работа заедничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците, нашата страна предложи токму на 7 октомври заеднички да се чествува Гоце Делчев. Но, бугарската страна тоа веднаш го отфрли.

-Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври, изјави на 10 јуни 2019 година тогашната бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по срдбата со својот тогашен македонски колега, Никола Димитров, во Софија.

Значи, една од целите за одредувањето на 7 октомври како ден за свечено отворање на здружението „Цар Борис Трети“ е целосно дезавуирање на предавањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје, минимизирање и ставање на неговиот лик и дело во сенка на бугарскиот Цар.

И тука се доаѓа до клучниот момент. Зашто, токму ликот и делото на Гоце Делчев и неговите идеали служат како инспирација за вооружениот отпор на партизанските единици во Вардарска Македонија за време на Втората светска војна. Минимизирањето на Делчев и ставањето на Царот Борис Трети „ослободителот“ во центарот на вниманието значи и минимизирање на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. А, минимизирањето на Денот на востанието значи и минимизирање на антифашизмот и антифашистичката борба на Македонците, со што се доаѓа до целосно прифаќање на бугарскиот историски наратив дека Бугарите биле ослободители на овие простори, додека партизаните, односно „шумкарите“, да не речеме комунистите, биле само една страна во „бугарската граѓанска војна“!

Со други зборови, вооружената бугарска наци-фашистичка окупација во периодот од 1941-1944 година, со отворањето на бугарските клубови и здруженија со имиња на најблиски наци-фашистички соработници претставува еден вид втора, овојпат чисто политичка бугарска окупација на Република Македонија! Што секако нема никаква врска ни со човекови права и слободи, ни со европски вредности, ни со добрососедство и пријателство. Напротив, ова значи дефинитивно обзнанување на бугарската наци-фашистичка реокупација на Република Македонија!!!

А, со молчење, со не преземање никакви чекори и мерки, со подвиткување на опашката, актуелната власт на СДСМ и ДУИ дефинитивно се претвора во квислиншка, му се допаѓало тоа некому или не!!!

The post Гоце Делчев во сенката на „Цар Борис Трети“ appeared first on Република.

]]>

Во политиката немало случајности, ниту пак ќе има. Исто како што не е случајно отворањето на охридското здружение „Цар Борис Трети“ на т.н. македонски Бугари токму на 7 октомври, само четири дена пред чествувањето на 11 Октомври, Денот на востанито на македонскиот народ против бугарската, германската и италијанската наци-фашистичка окупација на Вардарска Македонија, анализира Пресинг ТВ. Ваквиот потег на т.н. македонски Бугари и на филантропот Милан Врабевски, зад кои несомнено стои официјалната бугарска политика кон Република Македонија, има повеќе значења. Тоа е истиот Врабевски, кој стои и зад клубот „Иван Ванчо Михајлов“ во Битола, зад бесплатното школување на децата на неговите членови во Бугарија, зад реставрацијата на воените гробишта во струмичко Ново Село, зад „бесплатното“ вакцинирање со „фајзер“ за македонските граѓани во неговите болници во Бугарија..., стои во текстот на Пресинг ТВ објавен во пресрет на 7 октомври. На прво место ја исфрла на површина немоќта на македонските власти да се справат со настанатата ситуација. И тука може дури и да се полемизира дали станува збор за немоќ или за свесно и намерно отворено кокетирање со македонскиот неоврховизам и бугарскиот неофашизам! Зашто, ако власта на СДСМ и ДУИ навистина сакаше решение за отворањето бугарски клубови со неприфатливи имиња, до сега ќе го најдеше, а бегајќи од тоа остава широк простор за сомнеж за постоење „непринципиелна албанско-бугарска коалиција“, што би рекол Васил Циле Тупурковски, на сметка на Македонците. Дотолку повеќе, што молчењето значи одобрување, а „оставањето на историјата на историчарите“ само гола фраза и ништо повеќе од тоа. Да биде парадоксот поголем, правдањето со, исто така фразата „нова провокација“ веќе не држи вода. Може еднаш да биде провокација, двапати намера, а третпат веќе е тенденција и зацртана бугарска национал-шовинистичка политика. Второто значење на 7 октомври и отворањето на здружението „Цар Борис Трети“ е во тоа што токму на тој ден 1946 година од Софија за Скопје тргна траорната поворка со која започна префрлањето на моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев, согласно неговиот завет дека сака да почива во столицата на слободна Македонија. Ден пртходно, пак, бил потпишан македонско-бугарскиот протокол за самиот чин. https://www.youtube.com/watch?v=TNVIVEx6qvM&t=1s Еве краток дел од извештајот на „Нова Македонија“ за настанот:
„...Вчера во Софија стана свечено предавање на моштите на Гоце Делчев од Илинденската организација на делегацијата на НРМ. Моштите на Гоце Делчев досега се чуваа во просториите на Илинднската организација во Софиј, со завет да бидат предадени на првата народна влада на Македонија. Сега, кога идалот на Гоце е остварен, кога македонскиот народ е слободен и има своја вистинска народна влада, Илинденската организација во Народна Рпублика Бугарија реши да ги предаде моштите на голмиот револуционер, син на македонскиот народ, за да се чуваат  во слободната столица на Македонија-Скопје. Во специјален саркофаг моштите на великиот син на нашиот народ беа изложени на сенародно поклонение во салата на Македонскиот дом во Софија. Пред саркофагот, покрај кој стоеја четири борци на Југословенската армија и младинци Македонци-емигранти, вчера се поклонија и положија венец делегатите од Македонското братство во Бугарија како и над 5.000 македонски емигранти кои живат во Софија. Меѓу многубројните организации и лица, венци положија и Илинденската организација, Македонскиот национален комитет, делегацијата од Пиринска Македонија, од Бугарската народна армија, од ЦК БРП, од Бугарскиот земјоделски национален сојуз, роднините на Гоце Делчев, смејството на Христо Смирненски и многу други... ...Потоа со траурна почит саркофагот беше пренесен во Народниот театар каде се изврши свечното предавање на моштите...Во 17 часот почна свечената академија...Од името на Комитетот за предавање на моштите, академијата ј отвори Михаил Сматракалев, претседател на Градскиот комитет на Македонското братство во Софија. По избирањето на почесно претседателство, за животот и делото на Гоце Делчев зборуваше академик Тодор Павлов (родум од Штип, претседател на БАН н.з.) често прекинуван со долги аплаузи.
По него Стефан Аврамов, претседател на Илинденската емиграција и на Комитетот за предавање на земните останки, изнесувајќи накратко како Илинденската организација ги запазила моштите на Гоце Делчев, давајќи завет дека ќе ги предаде на првата македонска народна влада, предложи да се состави протокол за нивното предавање на делегацијата ополномоштена од владата на НРМ. Предлогот беше примен и потпишан од делегацијата на НРМ и претставниците на Комитетот. Од нашата делегација потпишаа Кирил Петрушев, Лазар Танев и Д. Бојановски. Потпишувањето на протоколот присутните го следеа со стоење, и потоа го поздравија со аплауз и извици. Предавајќи го саркофагот, Стефан Аврамов ја истакна радоста на Илинденската организација дека земните останки на незаборавниот учител и борец ќе бидат поставени во македонскиот Пантеон на вечно чување од младите орли на Република Македонија. Примајќи го саркофагот, одговори водачот на делегацијата на НРМ, Киро Петрушев...“.
Само за потсетување, кога почна со работа заедничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците, нашата страна предложи токму на 7 октомври заеднички да се чествува Гоце Делчев. Но, бугарската страна тоа веднаш го отфрли.
-Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври, изјави на 10 јуни 2019 година тогашната бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по срдбата со својот тогашен македонски колега, Никола Димитров, во Софија.
Значи, една од целите за одредувањето на 7 октомври како ден за свечено отворање на здружението „Цар Борис Трети“ е целосно дезавуирање на предавањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје, минимизирање и ставање на неговиот лик и дело во сенка на бугарскиот Цар. И тука се доаѓа до клучниот момент. Зашто, токму ликот и делото на Гоце Делчев и неговите идеали служат како инспирација за вооружениот отпор на партизанските единици во Вардарска Македонија за време на Втората светска војна. Минимизирањето на Делчев и ставањето на Царот Борис Трети „ослободителот“ во центарот на вниманието значи и минимизирање на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. А, минимизирањето на Денот на востанието значи и минимизирање на антифашизмот и антифашистичката борба на Македонците, со што се доаѓа до целосно прифаќање на бугарскиот историски наратив дека Бугарите биле ослободители на овие простори, додека партизаните, односно „шумкарите“, да не речеме комунистите, биле само една страна во „бугарската граѓанска војна“! Со други зборови, вооружената бугарска наци-фашистичка окупација во периодот од 1941-1944 година, со отворањето на бугарските клубови и здруженија со имиња на најблиски наци-фашистички соработници претставува еден вид втора, овојпат чисто политичка бугарска окупација на Република Македонија! Што секако нема никаква врска ни со човекови права и слободи, ни со европски вредности, ни со добрососедство и пријателство. Напротив, ова значи дефинитивно обзнанување на бугарската наци-фашистичка реокупација на Република Македонија!!! А, со молчење, со не преземање никакви чекори и мерки, со подвиткување на опашката, актуелната власт на СДСМ и ДУИ дефинитивно се претвора во квислиншка, му се допаѓало тоа некому или не!!!    

The post Гоце Делчев во сенката на „Цар Борис Трети“ appeared first on Република.

]]>
3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор https://republika.mk/vesti/makedonija/3000-zrtvi-vo-dramskoto-vostanie-makedoncite-i-grcite-se-krenaa-protiv-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Thu, 29 Sep 2022 07:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=555385

Драмско востание — востание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција.

Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат.

Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Извори:
1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968

The post 3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Драмско востание — востание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција. Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души. По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска. Извори: 1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968

The post 3000 жртви во Драмското востание: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Игра брусилката „чалгија“ преку ноќ, „сиртаки“ преку ден https://republika.mk/vesti/makedonija/igra-brusilkata-chalgija-preku-nokj-sirtaki-preku-den/ Wed, 21 Sep 2022 06:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=552752

Брусилките стануваат автентичен македонски алат. Работат главно ноќе, а „плодовите од нивната работа“ ги береме како колективен заборав. Бруслките во рацете на власта од Cеверна имаат задача да ја обелат црната дамка од светската историја, но и да му ја „свиткаат кичмата“ на Македонецот пред Гркот. За овој од „првата страна“ да ја расипе „калимерата“ со оној од „другата страна“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/brusenjeto-si-techi-skopia-si-stoi-prodolzuva-ednostranoto-izvrshuvanje-na-dogovorot-iako-prvata-strana-ne-go-pochituva/

Она што цивилизацијата не сака да го заборави, за да биде потсетник никогаш да не се повтори, кај нас од под хируршки нож. Белеат спомениците од Втората светска бојна на местото каде што црните букви сведочат за ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор. Или администратор. Белеат и имињата на институциите, спомениците каде што пишува „Република Македонија“.

Најсвеж пример е оној од пред два дена, кога градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, пријавил во полиција дека на спомен-обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот за Богомилскиот марш.

Полициските екипи излегле на самото место и преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидентот бил пријавен во 16:45, иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за уништувањето на споменикот.

Се брусат споменици во Македонија веќе пет години, откако со доаѓање на власт Зоран Заев преку ноќ молчешкум нареди да се избруси споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-zaginal-blagoj-jankov-mucheto-zrtva-na-bugarskiot-okupator-i-na-dogovorot-so-bugarija/

Со брусилка или црна боја се обидува власта да избрише од колективната меморија дека „бугарската фашистичка рака“ им ги одзела животите и на херојот Блаже Христовски, кој загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор.

Битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор на битолскиот ат пазар, на местото каде што во 1905 година е обесен војводата од Илинденското востание Александар Турунџев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/retushiranje-na-istorijata-vlasta-ne-saka-da-se-vidi-bugarski-okupator-na-tablite/

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или ќе уништи меморијален споменик.

The post Игра брусилката „чалгија“ преку ноќ, „сиртаки“ преку ден appeared first on Република.

]]>

Брусилките стануваат автентичен македонски алат. Работат главно ноќе, а „плодовите од нивната работа“ ги береме како колективен заборав. Бруслките во рацете на власта од Cеверна имаат задача да ја обелат црната дамка од светската историја, но и да му ја „свиткаат кичмата“ на Македонецот пред Гркот. За овој од „првата страна“ да ја расипе „калимерата“ со оној од „другата страна“. https://republika.mk/vesti/makedonija/brusenjeto-si-techi-skopia-si-stoi-prodolzuva-ednostranoto-izvrshuvanje-na-dogovorot-iako-prvata-strana-ne-go-pochituva/ Она што цивилизацијата не сака да го заборави, за да биде потсетник никогаш да не се повтори, кај нас од под хируршки нож. Белеат спомениците од Втората светска бојна на местото каде што црните букви сведочат за ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор. Или администратор. Белеат и имињата на институциите, спомениците каде што пишува „Република Македонија“. Најсвеж пример е оној од пред два дена, кога градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, пријавил во полиција дека на спомен-обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот за Богомилскиот марш. Полициските екипи излегле на самото место и преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидентот бил пријавен во 16:45, иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за уништувањето на споменикот. Се брусат споменици во Македонија веќе пет години, откако со доаѓање на власт Зоран Заев преку ноќ молчешкум нареди да се избруси споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-zaginal-blagoj-jankov-mucheto-zrtva-na-bugarskiot-okupator-i-na-dogovorot-so-bugarija/ Со брусилка или црна боја се обидува власта да избрише од колективната меморија дека „бугарската фашистичка рака“ им ги одзела животите и на херојот Блаже Христовски, кој загинал во скопскиот затвор во 1942 година од бугарскиот окупатор. Битолската партизанска организација извела акција против бугарскиот фашистички окупатор на битолскиот ат пазар, на местото каде што во 1905 година е обесен војводата од Илинденското востание Александар Турунџев. https://republika.mk/vesti/makedonija/retushiranje-na-istorijata-vlasta-ne-saka-da-se-vidi-bugarski-okupator-na-tablite/   Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или ќе уништи меморијален споменик.

The post Игра брусилката „чалгија“ преку ноќ, „сиртаки“ преку ден appeared first on Република.

]]>
Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим https://republika.mk/vesti/makedonija/od-kletata-bugarska-fashistichka-raka-deneska-zagina-estreja-ovadija-mara-bitoslkata-heroina-koja-i-denes-ima-ulica-vo-erusalim/ Fri, 26 Aug 2022 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=544320

На денешен ден загина Естреја Хаим Овадија - Мара, македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-na-prviot-den-na-pesah-pompezno-se-otvora-klub-za-kulturen-deec-so-7-smrtni-presudi/

Овадија е родена на 25 декември 1923 во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.

Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.

При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.

Загинала во борба со бугарските окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.

Освен бистата во родниот град и една детска градинка, нејзиното име го носи и улица во Ерусалим во Израел.

The post Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

На денешен ден загина Естреја Хаим Овадија - Мара, македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953. https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-na-prviot-den-na-pesah-pompezno-se-otvora-klub-za-kulturen-deec-so-7-smrtni-presudi/ Овадија е родена на 25 декември 1923 во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание. Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при формирањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили, во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години. Освен бистата во родниот град и една детска градинка, нејзиното име го носи и улица во Ерусалим во Израел.

The post Од клетата бугарска фашистичка рака денеска загина Естреја Овадија – Мара, битослката хероина која и денес има улица во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-odbi-da-kaze-dali-makedonija-bila-okupirana-od-fashistichka-bugarija/ Fri, 19 Aug 2022 08:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=541893

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не одговори на прашањето на Левица во Жешко политичко лето на Канал 5 дали Мкаедонија била окупирана од фашистичка Бугарија.

Од партијата днеес реагираат дека со тоа Османи само дозволил да видиме во која насока се движиме.

Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи. По низата на скандали со т.н. "историска комисија" на која и претстои "толкување" на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите. Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската - во целост. За Владата, синтагмата "бугарската фашистичка окупација" е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија. Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата - тоа е оставено на т.н. "историска комисија", за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемтска и ревизионистичка агенда. Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше: "Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид - сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во "конечното решение" за "еврејското прашање" на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?", велат од Левица.

The post Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не одговори на прашањето на Левица во Жешко политичко лето на Канал 5 дали Мкаедонија била окупирана од фашистичка Бугарија. Од партијата днеес реагираат дека со тоа Османи само дозволил да видиме во која насока се движиме.
Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи. По низата на скандали со т.н. "историска комисија" на која и претстои "толкување" на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите. Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската - во целост. За Владата, синтагмата "бугарската фашистичка окупација" е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија. Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата - тоа е оставено на т.н. "историска комисија", за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемтска и ревизионистичка агенда. Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше: "Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид - сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во "конечното решение" за "еврејското прашање" на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?", велат од Левица.

The post Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија appeared first on Република.

]]>
Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/rodnina-na-car-boris-od-bugarija-dal-soglasnost-da-se-registrira-zdruzenieto-vo-ohrid/ Thu, 11 Aug 2022 19:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=539280

Родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид. Ова може да се протолкува од одговорт кој на барање на Канал 5 го достави Централниот регистар. Откако Министерството за правда соопшти дека здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид не доставило барање за добивање на позитивно мислење во постапката за регистрација, од Централниот регистар велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации.

„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението

Оттаму објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Иако наведуваат дека основачот на здружението доставил доказ за согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети, кој е доказот и кој гарантира за неговата законитост, подетални информации нема. Случајот повторно отвори оправдани дилеми дека секој може да регистрира здружение со име на личности кои длабоко задираат во чувствата поврзани со историјата. Од Министерството за правда најавија дека ваквата пракса ќе заврши по измените на Законот за здруженија и фондации на кои во моментот е ангажирана работна група.

The post Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид appeared first on Република.

]]>

Родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид. Ова може да се протолкува од одговорт кој на барање на Канал 5 го достави Централниот регистар. Откако Министерството за правда соопшти дека здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид не доставило барање за добивање на позитивно мислење во постапката за регистрација, од Централниот регистар велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации.
„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението
Оттаму објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда. Иако наведуваат дека основачот на здружението доставил доказ за согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети, кој е доказот и кој гарантира за неговата законитост, подетални информации нема. Случајот повторно отвори оправдани дилеми дека секој може да регистрира здружение со име на личности кои длабоко задираат во чувствата поврзани со историјата. Од Министерството за правда најавија дека ваквата пракса ќе заврши по измените на Законот за здруженија и фондации на кои во моментот е ангажирана работна група.  

The post Роднина на цар Борис од Бугарија дал согласност да се регистрира здружението во Охрид appeared first on Република.

]]>
Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! https://republika.mk/vesti/makedonija/evreite-od-makedonija-prashuvaat-do-koga-vladata-kje-go-tolerira-bugarskiot-fashizam-shto-e-sledno-zdruzenie-adolf-hitler/ Thu, 11 Aug 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=539271

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?! Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>
Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? https://republika.mk/kolumni/dali-za-pendarovski-bugarskite-vlasti-bile-fashistichki-ili-profashistichki-okupator/ Wed, 03 Aug 2022 12:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=536434

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот.

Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање.

Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание.

Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија.

А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“.

Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата.

За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори.

Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт!

Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски.

Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти.

Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини.

Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години.

Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева.

Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Во своето последно телевизиско интервју пред 2 Август, Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, меѓу другото, испрати две пораки. Првата, дека и годинава Илинден ќе се празнува како и секогаш порано и втората, дека пред секоја своја одлука, парафразирано, го слуша гласот на народот. Веројатно слушајќи го гласот на народот, шефот на државата и годинава одлучи да не се соочи директно со него, па илинденските пораки ни ги испрати од Вилата „Водно“. Колку неговата резиденција може да го замени споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, од каде годинава, според ротациониот распоред, требаше да говори, е една работа. Но, сосема друга е потсетувањето дека падот на Љупчо Георгиевски, како премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, фактички почна со неговото обраќање, дали токму за Илинден или за 11 Октомври, што не е ни толку важно, од скопското Кале. Тогашната слика за политичката елита или аристократија горе, а обичниот народ, односно плебсот долу, остана во длабоко сеќавање. Пендаровски ќе беше во право и дека и годинава Илинден ќе се чествува како и порано, ако вчера не дојдеше до целосен израз интраетничката подлба на Македонците, ако не беа силните полициски сили на Оливер и параполициските гавази на Спасовски и на владејачките СДСМ и ДУИ, ако му се дозволеше на обичниот народ да биде на Мечкин камен, ако не беа пропагандистичките пропусти од телевизискиот пренос, ако уште еднаш не се потврдеше дека секкоја идеја почнува како револуција, преминува во рекет и завршува како диктатура, и ако кај огромното мнозинство Македонци не беше присутно чувството дека македонскиот Илинден ги брои последните мигови во исчекување на додавање на бугарската додавка од “заедничката историја“ како Илинденско-Преображенско востание. Иако вчерашниот настап на шефот на државата може да се протолкува и како „Застава филм Пендаровски прикажува“ или како „Пендаровскитурс“, сепак неизбежен е впечатокот дека на годинешната негова улога претходеле сериозни подготовки и длабоки анализи низ кои, за жал, може да се почувствува и „мирисот“ на безбедносните структури. Зашто, во настапот на шефот на државата беше повеќе од очигледен обидот за ревизија на поновата македонска историја во кој, на извесен начин, се расчистува со ортодоксниот комунизам на Лазар Колишевски и во центарот на вниманието се става либералното крило на КПМ/СКМ. Ова од една страна, а од друга, пак, се воспоставува нов политички „новоговор“ во кој бугарскиот фашистички окупатор се промовира во профашистичка власт на царска Бугарија. А, како основа за се служат признанијата за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња. Внимателното следење, пак, видео-материјалот укажува на извесни недоследности, колизии во улогите што ги имале личностите како Лазар Колишевски и Киро Глигоров, па и различната терминологија во претседателскиот политички „новоговор“. Останува прашањето зошто Пендаровски не најде за сходно постхумно да одликува и некој од Илинденците, а изборот можеше да го направи отворајќи ја едицијата за носителите на илинденски пензии?! И тие имаат живи наследници, кои можеа да ги примат признанијата. За да нема никакви дилеми, ордените за Крсте Црвенковски и Невена Николова Георгиева-Дуња се повеќе од заслужени и никој, ама апсолутно никој не може и не смее да ги спори. Наспроти сите партиски и државни функции, што ќе ги извршува до средината на 70-тите години на сега веќе минатиот век, Крсте Црвенковски ќе биде жртва на пресметката на Јосип Броз Тито и неговите најблиски соработници со новите, либерални ветришта, што ќе се појават во сите поранешни југословенски републики, па и во Македонија. Но, либералите ќе бидат етикетирани како националисти! Значи, се користела истата терминологија, што сега во апсолутно негативен контекст им се прилепува и на неистомислениците на актуелната власт! Во Македонија, носител на борбата против македонските либерали, односно националисти ќе биде вечниот македонски комунистички лидер Лазар Колишевски. А, десна рака, пак, при неговото „враќање“ ќе биде Киро Глигоров, првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, кој како иронија на судбината и ќе го рехабилитира Црвенковски. Македонските либерали ќе бидат следени од репресивниот апарат во оперативна акција насловена како „Плави 9“, а кодното име на Црвенковски е „Врховни“. И сигурно не случајно сите тие на Википедија веќе се водат како македонски дисиденти. Ова е само уште една потврда дека и поблиската македонска историја, исто како и подалечната, изобилува со низа контроверзи, што мораат да бидат внимателно читани и проучувани, без двојни стандарди и аршини. Приказната со Невена Николова Георгиева-Дуња има сосема друга, би се рекло двојна димензија, едната исто така за расчистување со Колишевизмот, а другата за односите со Бугарија. Крајно дискутабилно е дека кон Дуња бил направен случаен „пропуст“, со тоа што не била прогласена за народен херој. Таа припаѓала на Скопскиот партизански одред, формиран на 22 август 1941 година, кој поради присуството на Методија Шаторов-Шарло во него ќе биде под ембарго се до почетокот на 70-тите години. Причината за тоа лежела во негативниот однос на маршалот Тито и неговиот главен експонент во Македонија, Колишевски, наводно поради пробугарскиот однос на Шаторов. Активностите и диверзантските акции на одредот ќе бидат во сенка и речиси чисто табу тема се до реакциите на Ќамуран Тахир и Вера Ацева. Грозоморното убиство на Дуња од страна на, како што рече Пендаровски, „фашистичкиот окупатор и нивните контрачети“, притоа не наведувајќи кој „фашистички окупатор“, му послужи на шефот на државата да испрати силна порака до Софија. Но, притоа ќе се послужи со мала разлика од само три букви! Тоа „фашистичка“ ќе премине во „профашистичка власт на царска Бугарија“. И тие само три букви, всушност, прават длабока разлика, наспроти првичните негативни реакции во Бугарија.

The post Дали за Пендаровски бугарските власти биле фашистички или профашистички окупатор? appeared first on Република.

]]>
Од спомениците ќе треба да избришеме дека сме биле под фашистичка окупација на Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/od-spomenicite-kje-treba-da-izbrisheme-deka-sme-bile-pod-fashistichka-okupacija-na-bugarija/ Wed, 13 Jul 2022 18:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=528281

Да, точно знам што пишува, е прецизниот одговор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарското прашање дали точно видел што пишува во францускиот предлог.

Мислите на последниот предлог? Да точно знам што пишува. Ако сакате да ви кажам? Таму има два документа едниот е General Conditions. Едниот е практично делот каде што се наоѓа преговарачката рамка, а другиот е оној документ кој што треба да биде прифатен сега од страна на нашата Влада. Во членот 11 од вториот документ, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека не биде променет уставот, а во точка 14 Европската комисија му вели добредојде на протоколот од втората меѓувладина конверенција помеѓу Македонија и Бугарија. Чисто за да знаете што е тоа, тоа е дел од билатералниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, членот 12 од тој Договор каде што државата се обврзува еднаш годишно да одржува меѓувладина конференција и на таа меѓувладина конференција се потпишува протокол. Во овој протокол, вториот содржана е историјата, ревизија на учебниците, бришење на спомениците. Ние треба од нашите споменици да избришеме дека сме биле под фашистичка окупација од страна на Бугарите односно сојузниците на фашистичка Германија овдека во Македонија. Повеќе 7.200 Евреи се депортирани од Македонија во Треблинка за време на Втората светска војна. Треба да избришеме дека овој народ, слободарски народ се борел за независна држава против фашистичкиот окупатор. Ете тоа ќе биде предлогот модифициран и затоа сме ние против, затоа што ние нема да зборуваме за владеење на право, нема да зборуваме за подобра економија, нема да зборуваме борба против криминалот и корупцијата, нема да зборуваме за посилни институции. Туку ќе зборуваме дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, дали Илинденското востание било македонско или бугарско, дали тој споменик сме го избришале, другиот споменик не сме го избришале итн. Тоа е суштината, е затоа сме против. И ние сме единствената држава, единствената држава која што во својата преговарачка рамка има вакви услови, покрај Копенхагешките услови и покрај условите дефинирани со процесот на стабилизација и асоцијација. Е, затоа сме против.

The post Од спомениците ќе треба да избришеме дека сме биле под фашистичка окупација на Бугарија appeared first on Република.

Петков потврди дека во Втората светска војна во Бугарија имало фашистички режим https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-potvrdi-deka-vo-vtorata-svetska-vojna-vo-bugarija-imalo-fashistichki-rezim/ Thu, 09 Jun 2022 15:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=513233

Унијата сака договор помеѓу двете земји да се случи до крајот на месецот, и затоа напорно работат за разјаснување и зајакнување на европската перспектива на Македонија, рече денеска на заедничката прес-конференција Оливер Вархеји.

Се надевам дека со сите овие разговори кои ги правам овде толку често но и во Скопје, конечно ќе добиеме решение и конечно ќе ја дадеме европската перспектива, не само јасна туку и зајакната за Македонија. Веќе месецот е јуни, датумот за европскиот совет во јуни барем за нас е од огромна важност, изјави Оливер Вархеји.

Бугарскиот премиер Кирил Петков пак повтори дека Бугарија има три барања за земјава пред да даде зелено светло, а тие како што кажа се почитувањето на позицијата на бугарскиот парламент, вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на договорот за добрососедство.

Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство. Кратко и јасно, вели Кирил Петков.

Петков во интервју за бугарската БТВ за прв пат сподели детали од разговорите помеѓу двете земји, а не спомна три, туку еден услов за оддржување на првата меѓувладина конференција, односно вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, а како гарант да биде Европската Унија.

Уште не е договорено, но во фаза на разговори сме Бугарите да бидат внесени во Уставот пред првата меѓувладина конференција, но тоа да биде гарантирано од Европа.

Бугарскиот премиер Кирил Петков неформално признал дека постоел фашизам во Бугарија во Втората светска војна на настан на 18 јануари годинава во клубот на пратениците наменет само за бугарските новинари, не би се определил за терминот „бугарски фашисти“, пишува Канал5. Тој индиректно потврди и дека постои македонско малцинство во Бугарија.

Во одредени делови од историјата има негативни историски факти кои не можат да се игнорираат, но од друга страна, кога се зборува за тоа, ние треба да зборуваме за фашистички режим, ако постоел таков, но не треба да зборуваме за бугарски фашисти, зошто комбинацијата меѓу двете има голема разлика, вели Кирил Петков.

Во едно друго тв-гостување годинава, новинарка го праша Петков како поминала средбата со македонскиот претседател Пендаровски и дали зборувале за фактот што Пендаровски се сретна со Македонците од ОМО Илинден.

Јас би сакала да видам во еден учебник во кој не пишува дека сме Татари, Монголи, фашисти, окупатори – му вели новинарката на Петков во интервјуто.

Можете неа (Генчовска) да ја прашате – одговори Петков, алудирајќи на министерката за надворешни работи.

Ако еден учебник се смени заедно со Уставот, работите ќе бидат многу различни – му предлага новинарката.

Притисокот врз Софија и Скопје се зголемува пред самитот на ЕУ месецов. Во сабота германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Скопје, а потоа и Софија во обид да се поместат работите.

The post Петков потврди дека во Втората светска војна во Бугарија имало фашистички режим appeared first on Република.

]]>

Унијата сака договор помеѓу двете земји да се случи до крајот на месецот, и затоа напорно работат за разјаснување и зајакнување на европската перспектива на Македонија, рече денеска на заедничката прес-конференција Оливер Вархеји.
Се надевам дека со сите овие разговори кои ги правам овде толку често но и во Скопје, конечно ќе добиеме решение и конечно ќе ја дадеме европската перспектива, не само јасна туку и зајакната за Македонија. Веќе месецот е јуни, датумот за европскиот совет во јуни барем за нас е од огромна важност, изјави Оливер Вархеји.
Бугарскиот премиер Кирил Петков пак повтори дека Бугарија има три барања за земјава пред да даде зелено светло, а тие како што кажа се почитувањето на позицијата на бугарскиот парламент, вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на договорот за добрососедство.
Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство. Кратко и јасно, вели Кирил Петков.
Петков во интервју за бугарската БТВ за прв пат сподели детали од разговорите помеѓу двете земји, а не спомна три, туку еден услов за оддржување на првата меѓувладина конференција, односно вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, а како гарант да биде Европската Унија.
Уште не е договорено, но во фаза на разговори сме Бугарите да бидат внесени во Уставот пред првата меѓувладина конференција, но тоа да биде гарантирано од Европа.
Бугарскиот премиер Кирил Петков неформално признал дека постоел фашизам во Бугарија во Втората светска војна на настан на 18 јануари годинава во клубот на пратениците наменет само за бугарските новинари, не би се определил за терминот „бугарски фашисти“, пишува Канал5. Тој индиректно потврди и дека постои македонско малцинство во Бугарија.
Во одредени делови од историјата има негативни историски факти кои не можат да се игнорираат, но од друга страна, кога се зборува за тоа, ние треба да зборуваме за фашистички режим, ако постоел таков, но не треба да зборуваме за бугарски фашисти, зошто комбинацијата меѓу двете има голема разлика, вели Кирил Петков.
Во едно друго тв-гостување годинава, новинарка го праша Петков како поминала средбата со македонскиот претседател Пендаровски и дали зборувале за фактот што Пендаровски се сретна со Македонците од ОМО Илинден.
Јас би сакала да видам во еден учебник во кој не пишува дека сме Татари, Монголи, фашисти, окупатори – му вели новинарката на Петков во интервјуто. Можете неа (Генчовска) да ја прашате – одговори Петков, алудирајќи на министерката за надворешни работи. Ако еден учебник се смени заедно со Уставот, работите ќе бидат многу различни – му предлага новинарката.
Притисокот врз Софија и Скопје се зголемува пред самитот на ЕУ месецов. Во сабота германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Скопје, а потоа и Софија во обид да се поместат работите.

The post Петков потврди дека во Втората светска војна во Бугарија имало фашистички режим appeared first on Република.

]]>
Почина Ратка Бакалиноска, која на 16 години била измачувана од бугарската окупаторска фашистичка власт https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-ratka-bakalinoska-koja-na-16-godini-bila-izmachuvana-od-bugarskata-okupatorska-fashistichka-vlast/ Wed, 26 Jan 2022 22:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=450023

Почина Ратка Бакалиноска, партизанка од Битола која како 16-годишна ученичка била измачувана во затвор од бугарската окупаторска фашистичка власт. Имаше 96 години.

Бакалиноска е родена 1926 во Битола, носителка е на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и федерално ниво. Била членка на Сојузот на комунистичката младина (СКОЈ) од 15 години.

Во декември 2020, поттикната од актуелното вето на Бугарија за влезот на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска за САКАМДАКАЖАМ.МК ја раскажа својата лична приказна за животот под бугарска окупација.

„Ме донесоа во собата за испрашување каде ме дочека главниот агент задолжен да ме испрашува… Пред да почнат со испрашувањето, ме држеа повеќе од едно деноноќие во соба на столче без седиште завртена кон ѕидот… Ме притискаа да ги предадам моите другари, и да се пријавам за Еврејка, Влаинка, а на мојот отпор и декларирање за Македонка, одговараа со дополнителни часови во затвор и изолација во соба полна со глувци. Имав само 16 години, поради што не можеа да ме осудат, како што сторија со моите другари кои добија по 15 години затворска казна… Бидејќи сето ова се случуваше во време на учебна година, откако ме пуштија во мај 1943 година, се вратив да ги завршам сите предмети на втора година гимназија. Но, три дена потоа, дома дојде писмо од управата за мое исклучување од сите училишни активности и забрана за посетување било каква настава во било кое училиште на територијата под бугарска управа. Писмото велеше: ‘Се исклучувате од сите школи на Царството Б’лгарија, како антидржавен елемент, винаги’. Засекогаш. Така, заминав во партизани, со мислата дека кога ќе ја ослободиме нашата територија, ќе можам повторно да се вратам во училишните клупи“, кажа тогаш Бакалиноска и рече дека скоро 80 години подоцна, кога Бугарија негира дека нејзината власт во Македонија во Втората светска војна била окупаторска и фашистичка, таа си го поставува истото прашање:

„Но, сите овие години се прашувам зошто нè испрашуваа, зошто нè исклучуваа и зошто не дозволуваа слободно изразување? И дали, таквата нивна политика, всушност – тогаш и денес – може да се нарече неокупаторска, ослободителна и антифашистичка?“

По војната, Бакалиноска ја завршила гимназијата и се запишала на југословенска книжевност на тогашниот Филозофски факултет, каде професор ѝ бил Блаже Конески. Факултетот го завршила со голем успех, паралелно со работни обврски и општествен ангажман во партијата и други здруженија.

Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Почина Ратка Бакалиноска, која на 16 години била измачувана од бугарската окупаторска фашистичка власт appeared first on Република.

]]>

Почина Ратка Бакалиноска, партизанка од Битола која како 16-годишна ученичка била измачувана во затвор од бугарската окупаторска фашистичка власт. Имаше 96 години. Бакалиноска е родена 1926 во Битола, носителка е на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и федерално ниво. Била членка на Сојузот на комунистичката младина (СКОЈ) од 15 години. Во декември 2020, поттикната од актуелното вето на Бугарија за влезот на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска за САКАМДАКАЖАМ.МК ја раскажа својата лична приказна за животот под бугарска окупација. „Ме донесоа во собата за испрашување каде ме дочека главниот агент задолжен да ме испрашува… Пред да почнат со испрашувањето, ме држеа повеќе од едно деноноќие во соба на столче без седиште завртена кон ѕидот… Ме притискаа да ги предадам моите другари, и да се пријавам за Еврејка, Влаинка, а на мојот отпор и декларирање за Македонка, одговараа со дополнителни часови во затвор и изолација во соба полна со глувци. Имав само 16 години, поради што не можеа да ме осудат, како што сторија со моите другари кои добија по 15 години затворска казна… Бидејќи сето ова се случуваше во време на учебна година, откако ме пуштија во мај 1943 година, се вратив да ги завршам сите предмети на втора година гимназија. Но, три дена потоа, дома дојде писмо од управата за мое исклучување од сите училишни активности и забрана за посетување било каква настава во било кое училиште на територијата под бугарска управа. Писмото велеше: ‘Се исклучувате од сите школи на Царството Б’лгарија, како антидржавен елемент, винаги’. Засекогаш. Така, заминав во партизани, со мислата дека кога ќе ја ослободиме нашата територија, ќе можам повторно да се вратам во училишните клупи“, кажа тогаш Бакалиноска и рече дека скоро 80 години подоцна, кога Бугарија негира дека нејзината власт во Македонија во Втората светска војна била окупаторска и фашистичка, таа си го поставува истото прашање: „Но, сите овие години се прашувам зошто нè испрашуваа, зошто нè исклучуваа и зошто не дозволуваа слободно изразување? И дали, таквата нивна политика, всушност – тогаш и денес – може да се нарече неокупаторска, ослободителна и антифашистичка?“ По војната, Бакалиноска ја завршила гимназијата и се запишала на југословенска книжевност на тогашниот Филозофски факултет, каде професор ѝ бил Блаже Конески. Факултетот го завршила со голем успех, паралелно со работни обврски и општествен ангажман во партијата и други здруженија. Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

The post Почина Ратка Бакалиноска, која на 16 години била измачувана од бугарската окупаторска фашистичка власт appeared first on Република.

]]>