
Бразил не ја гарантирала безбедноста на рускиот претседател Владимир Путин на самитот на БРИКС.
Според информциите, немало официјална гаранција од бразилските власти дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за рускиот претседател нема да биде извршен.
На самитот на БРИКС, кој се одржа на 6 и 7 јули, Русија ја претставуваше министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Путин учествуваше преку видео врска.
Од Русија го објаснуваат неприсуството на Путин со „одредени тешкотии во контекст на барањата на МКС“.
Бразил, се разбира, можеше да го обезбеди безбедниот престој на Владимир Путин на своја територија доколку јавно го објави ова. Монголската страна го направи токму тоа во 2024 година. Отворено објави однапред дека нема да го изврши налогот за апсење на МКС за Путин. Покрај тоа, Монголија е наш сосед. И разбравме дека од овие две причини посетата ќе биде безбедна“, изјави политикологот Алексеј Малинин