Skip to main content

Борисов: Многу процеси за Македонија се одвиваа без учество на Бугарија

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека преговорите за мнозинство и за формирање бугарска влада се одвиваат добро, а колку помалку се зборува, толку се поголеми шансите за успех.

Борисов додаде дека откако ќе се подготви основната рамка за програмата, во разговорите ќе биде вклучена и партијата Има таков народ (ИТН).

Според лидерот на ГЕРБ, Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.

Борисов најави и дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и при разговорот стана јасно дека во последните 2-3 години и во ЕУ и во НАТО има процеси кои се однесуваат на Република Македонија, кои се развиваат без учество на Бугарија.

Вчера имав долг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, добар пријател. Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Македонија и се изгуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Значи ние сме должни да формираме влада и да застанеме цврсто на нашите позиции – изјави поранешниот бугарски премиер во изјава за бугарските медиуми.

Македонската влада, пак, смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада и да се лобира за евентурално ново решение. Челници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ неколкупати претходно изјавуваа дека планот за одложени уставни измени звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom