
Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговата сопруга Фетина станаа родители!
Барди на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави дека на свет дошла нивната ќерка, Аја.
Во кратката, но емотивна објава, Барди се заблагодари на Алах за овој благослов, изразувајќи неизмерна среќа и благодарност за новиот член на семејството.